операции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/operacii/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jul 2024 07:49:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png операции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/operacii/ 32 32 Во Србија бетер од Македонија: 67.500 чекаат на операции, најмногу за замена на колк и колено https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-beter-od-makedonija-67-500-chekaat-na-operatsii-najmnogu-za-zamena-na-kolk-i-koleno/ Mon, 29 Jul 2024 07:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=801210

Во Србија околу 67.500 граѓани чекаат некаква хируршка интервенција, а во зависност од институцијата се чека во просек од пет месеци до четири години, покажуваат податоците на Здружението на пациенти, објваија Вечерње новости.

Најдолгите листи на чекање се за замена на колк и операција на колено.

Многумина се одлучуваат за хируршка интервенција, но остануваат без одговор на прашањето што е причината за толку долгите листи на чекање, наведува весникот. Како причина за долгогодишното чекање за импланти на колк и операција на коленото, поранешната министерка за здравство Даница Грујичиќ рече дека мисли дека намерно се прават долги листи на чекање, за луѓето кои не знаат да одат биле принудени да плаќаат за приватни операции

The post Во Србија бетер од Македонија: 67.500 чекаат на операции, најмногу за замена на колк и колено appeared first on Република.

]]>

Во Србија околу 67.500 граѓани чекаат некаква хируршка интервенција, а во зависност од институцијата се чека во просек од пет месеци до четири години, покажуваат податоците на Здружението на пациенти, објваија Вечерње новости. Најдолгите листи на чекање се за замена на колк и операција на колено. Многумина се одлучуваат за хируршка интервенција, но остануваат без одговор на прашањето што е причината за толку долгите листи на чекање, наведува весникот. Како причина за долгогодишното чекање за импланти на колк и операција на коленото, поранешната министерка за здравство Даница Грујичиќ рече дека мисли дека намерно се прават долги листи на чекање, за луѓето кои не знаат да одат биле принудени да плаќаат за приватни операции

The post Во Србија бетер од Македонија: 67.500 чекаат на операции, најмногу за замена на колк и колено appeared first on Република.

]]>
Одложени операции во ГОБ „8 Септември“ поради поплавени операциони сали https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/odlozheni-operatsii-vo-gob-8-septemvri-poradi-poplaveni-operatsioni-sali/ Thu, 27 Jun 2024 11:14:38 +0000 https://republika.mk/?p=791268

По синоќешното силно невреме во Скопје во ГОБ „8 Септември“ протекла вода во операционите сали на третиот кат, и поради тоа биле одложи операциите.

Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург во болницата „8 септември“, на својот Фејсбук профил објави дека негрижата и запоставувањето секогаш излегуваат на виделина.

Синоќешното невреме имало сериозни последици по оперативниот блок во ГОБ 8ми Септември. Време е некој способен да ги решава проблемите на оваа болница, порача Каревски.

Но, според надлежните, нема потреба за загриженост бидејќи болницата е во функција.

Директорот на болницата, проф. д-р Христијан Костов во изјава за ТВ Телма истакна дека преголемото количество на вода на кровните површини по што дренажниот систем не успеал да ја исдренира водата, и имало протекување во првата и втората операциона сала.

Меѓутоа сабајлето ние ги ставивме во функција другите две операциони сали кои што се на приземје. Имаше некои мали доцнења со започнувањето на операциите но сега тие се во надминати. Екипите за санација се веќе на терен, така што за брзо ќе бидат во функција и тие сали, вели Костов.

The post Одложени операции во ГОБ „8 Септември“ поради поплавени операциони сали appeared first on Република.

]]>

По синоќешното силно невреме во Скопје во ГОБ „8 Септември“ протекла вода во операционите сали на третиот кат, и поради тоа биле одложи операциите. Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург во болницата „8 септември“, на својот Фејсбук профил објави дека негрижата и запоставувањето секогаш излегуваат на виделина.
Синоќешното невреме имало сериозни последици по оперативниот блок во ГОБ 8ми Септември. Време е некој способен да ги решава проблемите на оваа болница, порача Каревски.
Но, според надлежните, нема потреба за загриженост бидејќи болницата е во функција. Директорот на болницата, проф. д-р Христијан Костов во изјава за ТВ Телма истакна дека преголемото количество на вода на кровните површини по што дренажниот систем не успеал да ја исдренира водата, и имало протекување во првата и втората операциона сала.
Меѓутоа сабајлето ние ги ставивме во функција другите две операциони сали кои што се на приземје. Имаше некои мали доцнења со започнувањето на операциите но сега тие се во надминати. Екипите за санација се веќе на терен, така што за брзо ќе бидат во функција и тие сали, вели Костов.

The post Одложени операции во ГОБ „8 Септември“ поради поплавени операциони сали appeared first on Република.

]]>
Во Грција и попладне ќе има операции во државните болници, но на трошок на пациентите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-grtsija-i-popladne-ke-ima-operatsii-vo-drzhavnite-bolnitsi-no-na-troshok-na-patsientite/ Wed, 13 Mar 2024 12:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=754376

Со цел да се намали времето на чекање на пациентите за хируршки интервенции, Грција воведе попладневни операции во државните болници кои ќе бидат на трошок на граѓаните, а за денеска во Солун се закажани првите вакви операции, што воедно е и почеток на имплементација на новата реформа во грчкиот здравствен систем, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешните операции закажани во две солунски болници, според најавите, ќе присуствуваат министерот за здравство Адонис Георгиадис и неговиот заменик Мариос Темистоклеус.

Според Георгиадис, од 125 болници во Грција, само пет пријавиле дека не е изводливо да вршат операции во попладневните часови, а од клиниките, над 150 пројавиле интерес.

Минатата седмица во Службен весник беше објавена министерската одлука за попладневните операции, а министерот за здравство на Грција тогаш истакна дека целта е од една страна да се намали времето на чекање, а од друга да се зголемат приходите на лекарите и медицинските сестри.

– Отсега илјадници пациенти кои со месеци и години чекаат да бидат оперирани, ќе можат да најдат излез во попладневните операции по цена многу пониска од приватните клиники, истакна Георгиадис.

Според министерската одлука, операциите се поделени во шест категории: многу мали, мали, средни, големи, тешки и екстремно тешки, а цените се движат од 300 евра до 2.000 евра во зависност од сложеноста на операцијата.

Заменик-министерот за здравство на Грција Мариос Темистоклеус во интервју за весникот „Врадини“ истакна дека попладневните операции во државните болници имаат многу понискицени отколку во приватниот сектор.

Како пример спомена дека една попладневна операција што во државна болница чини 500 евра, кај приватните е над 1. 800 евра.

The post Во Грција и попладне ќе има операции во државните болници, но на трошок на пациентите appeared first on Република.

]]>

Со цел да се намали времето на чекање на пациентите за хируршки интервенции, Грција воведе попладневни операции во државните болници кои ќе бидат на трошок на граѓаните, а за денеска во Солун се закажани првите вакви операции, што воедно е и почеток на имплементација на новата реформа во грчкиот здравствен систем, јави дописничката на МИА од Атина. На денешните операции закажани во две солунски болници, според најавите, ќе присуствуваат министерот за здравство Адонис Георгиадис и неговиот заменик Мариос Темистоклеус. Според Георгиадис, од 125 болници во Грција, само пет пријавиле дека не е изводливо да вршат операции во попладневните часови, а од клиниките, над 150 пројавиле интерес. Минатата седмица во Службен весник беше објавена министерската одлука за попладневните операции, а министерот за здравство на Грција тогаш истакна дека целта е од една страна да се намали времето на чекање, а од друга да се зголемат приходите на лекарите и медицинските сестри. – Отсега илјадници пациенти кои со месеци и години чекаат да бидат оперирани, ќе можат да најдат излез во попладневните операции по цена многу пониска од приватните клиники, истакна Георгиадис. Според министерската одлука, операциите се поделени во шест категории: многу мали, мали, средни, големи, тешки и екстремно тешки, а цените се движат од 300 евра до 2.000 евра во зависност од сложеноста на операцијата. Заменик-министерот за здравство на Грција Мариос Темистоклеус во интервју за весникот „Врадини“ истакна дека попладневните операции во државните болници имаат многу понискицени отколку во приватниот сектор. Како пример спомена дека една попладневна операција што во државна болница чини 500 евра, кај приватните е над 1. 800 евра.  

The post Во Грција и попладне ќе има операции во државните болници, но на трошок на пациентите appeared first on Република.

]]>
Во Газа пациенти се оперираат и без анестезија, досега загинаа над 16 здравствени работници, предупредува СЗО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-gaza-patsienti-se-operiraat-i-bez-anestezija-dosega-zaginaa-nad-16-zdravstveni-rabotnitsi-predupreduva-szo/ Tue, 07 Nov 2023 14:11:13 +0000 https://republika.mk/?p=699237

Портпаролката на Светската здравствена организација, Карла Драјсдејл изјави дека повеќе од 16 здравствени работници починале на должност во Газа.

Таа повика на укинување на ограничувањата за медицинска помош, посочувајќи дека некои лекари вршат операции, вклучително и ампутации, без анестезија.

The post Во Газа пациенти се оперираат и без анестезија, досега загинаа над 16 здравствени работници, предупредува СЗО appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на Светската здравствена организација, Карла Драјсдејл изјави дека повеќе од 16 здравствени работници починале на должност во Газа. Таа повика на укинување на ограничувањата за медицинска помош, посочувајќи дека некои лекари вршат операции, вклучително и ампутации, без анестезија.  

The post Во Газа пациенти се оперираат и без анестезија, досега загинаа над 16 здравствени работници, предупредува СЗО appeared first on Република.

]]>
Министерот повика да се следи примерот од Ниш, лекарите да оперираат без пари за викенди https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-povika-da-se-sledi-primerot-od-nish-lekarite-da-operiraat-bez-pari-za-vikendi/ Thu, 01 Jun 2023 11:57:55 +0000 https://republika.mk/?p=646821

Дајте тоа што беше позитивна приказна во Ниш да ја повториме тука, повика денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, на прес-конференцијата одржана на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОУРАЛЕЦ) каде денеска првпат во јавното здравство во земјава, со асистенција на робот успешно е изведена операција на колено.

https://republika.mk/vesti/balkan/ovaa-rechenitsa-gi-naterala-nishkite-lekari-da-operiraat-besplatno-za-vreme-na-vikendite/

Да ја ревидираме таа листа на чекање, на операции. Да направиме и ние такво хумано дело со цел да не чекаат толку долго пациентите. Да покажеме дека еве, сакаме да направиме нешто повеќе за општеството, како општествена одговорност. Пред сѐ, ние сме хумани лица, вели Меџити повикувајќи ги македонските хирурзи да изведуваат операци за време на викендите без надомест, за да се намали листата на чекање за интервенции.

Одговарајќи за чекањето на термини за интервенции, директорот на ТОАРИУЛЦ, д-р Александар Трајановски рече дека има голем број на пациенти кои чекаат замена на вештачко колено и колк, но дека се трудат максимално да одговорат на нивните барања, колку што дозволуваат условите.

Наоѓаме простор колку што ни дозволуваат условите, реално имаме три операциони сали, Понекогаш остануваме да работиме и втора смена, со цел да се намали листата на чекање, листата е голема. Но, сепак еве и со консултации и договор со Министерството за здравство ќе најдеме решение за таа листа побрзо да се намалува. Мислам дека нема пациент кој чека повеќе од три до четири месеци, значи не е тоа итна патологија за да мора денес одма да се изведе операција, рече Трајановски.

The post Министерот повика да се следи примерот од Ниш, лекарите да оперираат без пари за викенди appeared first on Република.

]]>

Дајте тоа што беше позитивна приказна во Ниш да ја повториме тука, повика денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, на прес-конференцијата одржана на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОУРАЛЕЦ) каде денеска првпат во јавното здравство во земјава, со асистенција на робот успешно е изведена операција на колено. https://republika.mk/vesti/balkan/ovaa-rechenitsa-gi-naterala-nishkite-lekari-da-operiraat-besplatno-za-vreme-na-vikendite/
Да ја ревидираме таа листа на чекање, на операции. Да направиме и ние такво хумано дело со цел да не чекаат толку долго пациентите. Да покажеме дека еве, сакаме да направиме нешто повеќе за општеството, како општествена одговорност. Пред сѐ, ние сме хумани лица, вели Меџити повикувајќи ги македонските хирурзи да изведуваат операци за време на викендите без надомест, за да се намали листата на чекање за интервенции.
Одговарајќи за чекањето на термини за интервенции, директорот на ТОАРИУЛЦ, д-р Александар Трајановски рече дека има голем број на пациенти кои чекаат замена на вештачко колено и колк, но дека се трудат максимално да одговорат на нивните барања, колку што дозволуваат условите.
Наоѓаме простор колку што ни дозволуваат условите, реално имаме три операциони сали, Понекогаш остануваме да работиме и втора смена, со цел да се намали листата на чекање, листата е голема. Но, сепак еве и со консултации и договор со Министерството за здравство ќе најдеме решение за таа листа побрзо да се намалува. Мислам дека нема пациент кој чека повеќе од три до четири месеци, значи не е тоа итна патологија за да мора денес одма да се изведе операција, рече Трајановски.

The post Министерот повика да се следи примерот од Ниш, лекарите да оперираат без пари за викенди appeared first on Република.

]]>
Доктори од Ниш работеа 12 неплатени викенди за да ја укинат листата на чекање за операции https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/doktori-od-nish-rabotea-12-neplateni-vikendi-za-da-ja-ukinat-listata-na-chekane-za-operatsii/ Tue, 11 Apr 2023 07:33:16 +0000 https://republika.mk/?p=629669

По речиси 100 дена и 12 последователни викенди во текот на кои персоналот од Клиниката за кардиохирургија во Ниш работеше без парична надомест, листата на чекање за кардиоваскуларни операции во оваа клиника повеќе не постои“, соопшти директорот на клиниката, д-р Драган Милиќ.

Тој вели дека во оваа установа сега постојат само листи на закажување.

Листата на чекање од денеска не постои на нашата клиника и ниту еден пациент кој ќе ја помине анестезиолошката амбуланта нема да чека за операција подолго од 5 до 15 дена. Од утре клиниката се враќа во редовниот режим на работа, напиша директорот на Фејсбук.

„Листата на чекање со 149 пациенти на почетокот на оваа година премина во листа на закажување на која сега се наоѓаат 42 пациенти! Операциите кои минатата година се чекаа 3-4, а некогаш и 6 месеци повеќе нема да се чекаат“, вели д-р Милиќ.

Тој наведува дека во 100 дена биле изведени вкупно 248 операции, додека минатата година во исто време биле извршени 117.

Само во март годинава се направени неверојатни 98 операции! Бројот на хоспитализирани пациенти во првите 3 месеци од минатата година беше 145, а годинава дури 353! Бројот на амбулантски прегледи во периодот јануари-март оваа година беше 3.014, а минатата година изнесуваше 1.467“, пишува директорот.

The post Доктори од Ниш работеа 12 неплатени викенди за да ја укинат листата на чекање за операции appeared first on Република.

]]>

По речиси 100 дена и 12 последователни викенди во текот на кои персоналот од Клиниката за кардиохирургија во Ниш работеше без парична надомест, листата на чекање за кардиоваскуларни операции во оваа клиника повеќе не постои“, соопшти директорот на клиниката, д-р Драган Милиќ. Тој вели дека во оваа установа сега постојат само листи на закажување.
Листата на чекање од денеска не постои на нашата клиника и ниту еден пациент кој ќе ја помине анестезиолошката амбуланта нема да чека за операција подолго од 5 до 15 дена. Од утре клиниката се враќа во редовниот режим на работа, напиша директорот на Фејсбук.
„Листата на чекање со 149 пациенти на почетокот на оваа година премина во листа на закажување на која сега се наоѓаат 42 пациенти! Операциите кои минатата година се чекаа 3-4, а некогаш и 6 месеци повеќе нема да се чекаат“, вели д-р Милиќ. Тој наведува дека во 100 дена биле изведени вкупно 248 операции, додека минатата година во исто време биле извршени 117.
Само во март годинава се направени неверојатни 98 операции! Бројот на хоспитализирани пациенти во првите 3 месеци од минатата година беше 145, а годинава дури 353! Бројот на амбулантски прегледи во периодот јануари-март оваа година беше 3.014, а минатата година изнесуваше 1.467“, пишува директорот.

The post Доктори од Ниш работеа 12 неплатени викенди за да ја укинат листата на чекање за операции appeared first on Република.

]]>
150-те примероци од салите и персоналот се негативни, во болницата во Прилеп може да се вршат операции https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/150-te-primerotsi-od-salite-i-personalot-se-negativni-vo-bolnitsata-vo-prilep-mozhe-da-se-vrshat-operatsii/ Mon, 27 Feb 2023 14:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=613792

Од утре се отвораат операционите сали во прилепската болница и продолжуваат со оперативната програма. Одлуката ја донесе Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата.

Оттаму информираат дека добиле негативни наоди од 150-те земени примероци од салите и персоналот, но со корекција на одредени состојби.

Врз основа на добиените негативни наоди од Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Комисијата за спречување на интрахоспитални инфекции донесе одлука од утре, 28 февруари 2023 година болничките одделенија во Општата болница со проширена дејност од Прилеп да продолжат со оперативните програми притоа почитувајќи ги принципите за асепса, дезинфекција и стерилизација, стои во одлуката на Комисијата.

Салите беа затворени пред 10-тина дена по случајот со прилепската пациентка, на која по зафат во гинеколошкото одделение ѝ се искомплицира состојбата и почина на скопските клиники. Инспекторатот направи вонреден надѕор и ја задолжи болницата да врши месечен бактериолошки мониторинг и будно да се следи состојбата со интрахоспитални инфекции.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести, информираше деновиве Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Прилепското обвинителство има отворено предмет за лекувањето на тројца пациенти, а сѐ уште се чека на резултатите од обдукцијата на прилепската пациентка. ем/цр

The post 150-те примероци од салите и персоналот се негативни, во болницата во Прилеп може да се вршат операции appeared first on Република.

]]>

Од утре се отвораат операционите сали во прилепската болница и продолжуваат со оперативната програма. Одлуката ја донесе Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата. Оттаму информираат дека добиле негативни наоди од 150-те земени примероци од салите и персоналот, но со корекција на одредени состојби.