ОПЕР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oper/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 10:35:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ОПЕР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oper/ 32 32 Неждет Мустафа: Од едно општество за сите ние направивме бинационална држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nezhdet-mustafa-od-edno-opshtestvo-za-site-nie-napravivme-binatsionalna-drzhava/ Mon, 11 Mar 2024 10:19:44 +0000 https://republika.mk/?p=753557

Се заморив од големата желба да бидеме Сојуз на ромски партии и да бидеме концепт кој ќе одговори на сите случувања во земјата. Секој раздор на некоја етничка заедница е штетен за таа заедница, се зголемува сиромаштијата и нееднаквоста. Но, ете, не успеавме да го направиме тој сојуз. Ако се обединат македонските партии ќе се обединат и ромските од што сите ќе имаме корист и напредок, вели Неждет Мустафа, претседател на ОПЕР - Обединета партија за еманципација на Ромите во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Моето долгогодишно политичко искуство ме обврзува да говорам објективно во овие тешки демократски моменти во државата. Мислам дека граѓанинот е многу оптоварен. Не знам зошто не можеме да сфатиме дека гласот на демократијата и владетел на земјата е граѓанинот. Кога ги гледам овие состојби, кои се случуваат и во македонската и во ромската заедница, ние се оддалечивме од Уставот и од поредокот и од мултикултурализмот со поделбата на толку многу партии. Албанската заедница сето тоа мудро го следи и го контролира гласот на албанската заедница. Ние дојдовме во ситуација на бинационална држава, што е погубно за помалите заедници. Ромската заедница е заедница со висок капацитет на гласови и ние треба тоа да го покажеме, а тоа е можно ако се обединиме. Треба да ги гледаме интересите на заедницата и на државата, потенцираше Мустафа.

Тој истакнува дека единствената можност за политичко дејствување што им останува на помалите етнички заедници е приклучување или кон едната или кон другата голема македонска политичка партија.

Ние Ромите се што добивме кога бевме во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, загубивме во коалиција со СДСМ. Ова е единствен состав на парламентот во кој нема пратеник од ниедна ромска партија, рече Мустафа.

Според Мустафа, Ромите во Македонија имаат гласачка моќ од околу 80 илјади гласови со кои придонесуваат според Донтовиот модел некоја партија да добие пратеник плус. Но, додава тој, тоа не се цени и на Ромите не им се дава она што им било ветено.

The post Неждет Мустафа: Од едно општество за сите ние направивме бинационална држава appeared first on Република.

]]>