опасно лето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opasno-leto/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jul 2024 12:06:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png опасно лето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opasno-leto/ 32 32 Мицотакис: Грција ја чека опасно лето поради пожари, суша и ветрови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-grtsija-ja-cheka-opasno-leto-poradi-pozhari-susha-i-vetrovi/ Mon, 01 Jul 2024 12:06:22 +0000 https://republika.mk/?p=792421

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска на состанок со неговиот кабинет предупреди дека Грција ја чека опасно лето поради шумските пожари, продолжената суша и невообичаено силните ветрови кои придонесуваат за ширење на пожарот.

Имавме исклучително тежок јуни во однос на временските услови, со силна суша и невообичаено силен ветер за овој период од годината. Сакам да им се заблагодарам на сите што направија одлична работа во последните неколку дена, но и повторно да го свртам вниманието на сите нас на летото, за кое се предвидува дека ќе биде особено опасно“, рече Мицотакис, а пренесува порталот Катимерини.

Шумските пожари се вообичаени во Грција, а топлото, суво и ветровито време кое научниците го припишуваат на ефектите од климатските промени ја зголеми нивната фреквенција и интензитет. Само викендов десетици пожари избувнаа низ Грција, вклучително и два во близина на главниот град Атина.

Мицотакис рече дека во двата пожари изгореле околу 100.000 квадратни метри земјиште и оти штетата е ограничена поради брзата реакција на државната служба за вонредни состојби. Оваа година, како дел од подготовките за гаснење пожари, Грција ангажираше повеќе припадници на противпожарната служба и ги интензивираше процесите на професионална обука.

Сите заинтересирани ќе можат да ги поднесат своите кандидатури и да ги поминат задолжителните тестови и надвор од распоредот на редовните конкурси за прием на кандидати во противпожарната служба“, изјави грчкиот премиер.

The post Мицотакис: Грција ја чека опасно лето поради пожари, суша и ветрови appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска на состанок со неговиот кабинет предупреди дека Грција ја чека опасно лето поради шумските пожари, продолжената суша и невообичаено силните ветрови кои придонесуваат за ширење на пожарот.
Имавме исклучително тежок јуни во однос на временските услови, со силна суша и невообичаено силен ветер за овој период од годината. Сакам да им се заблагодарам на сите што направија одлична работа во последните неколку дена, но и повторно да го свртам вниманието на сите нас на летото, за кое се предвидува дека ќе биде особено опасно“, рече Мицотакис, а пренесува порталот Катимерини.
Шумските пожари се вообичаени во Грција, а топлото, суво и ветровито време кое научниците го припишуваат на ефектите од климатските промени ја зголеми нивната фреквенција и интензитет. Само викендов десетици пожари избувнаа низ Грција, вклучително и два во близина на главниот град Атина. Мицотакис рече дека во двата пожари изгореле околу 100.000 квадратни метри земјиште и оти штетата е ограничена поради брзата реакција на државната служба за вонредни состојби. Оваа година, како дел од подготовките за гаснење пожари, Грција ангажираше повеќе припадници на противпожарната служба и ги интензивираше процесите на професионална обука.