опасен сој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opasen-soj/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jan 2022 19:37:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png опасен сој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opasen-soj/ 32 32 Генералниот секретар на СЗО: Омикрон е опасен сој на коронавирусот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/generalniot-sekretar-na-szo-omikron-e-opasen-soj-na-koronavirusot/ Wed, 12 Jan 2022 19:37:42 +0000 https://republika.mk/?p=443915

енералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денеска предупреди дека сојот омикрон, што се шири со брзина каква што светот досега не видел од почетокот на пандемијата на коронавирусот, „останува опасен вирус“ иако предизвикува поблаги симптоми.

Иако сојот омикрон предизвикува поблаги симптоми од делта сојот (доминантната варијанта досега), тој останува опасен вирус, особено за оние кои не се вакцинирани, рече Гебрејсус за новинарите во Женева.

Омикрон, што на крајот на ноември минатата година за првпат беше идентификуван во јужниот дел на Африка, за кусо време се прошири низ целиот свет, а огромен број луѓе се заразени токму со него.

Поголемото пренесување на вирусот значи и повеќе хоспитализации, повеќе смртни случаи, повеќе луѓе неспособни за работа, вклучувајќи ги и наставниците и здравствените работници. Исто така, постои опасност од нов сој што може да биде попренослив и смртоносен од омикронот, предупреди генералниот секретар на СЗО.

Мајкл Рајан, директорот за Европа на СЗО, на истата прес-конференција изјави дека коронавирусот „не е лесна болест“, туку болест што може да се спречи со вакцини.

The post Генералниот секретар на СЗО: Омикрон е опасен сој на коронавирусот appeared first on Република.

]]>