ООУ. „Видое Подгорец “ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oou-vidoe-podgorec/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jan 2022 07:59:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ООУ. „Видое Подгорец “ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oou-vidoe-podgorec/ 32 32 Во струмичкото основно училиште „Видое Подгорец“ е отворена сензорна соба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-strumichkoto-osnovno-uchilishte-vidoe-podgorec-e-otvorena-senzorna-soba/ Mon, 24 Jan 2022 14:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=448803

Во струмичкото основно училиште „Видое Подгорец“ е отворена сензорна соба со која ќе се обезбедува педагошка поддршка за учениците со образовни потешкотии.

Оваа активност се спроведува како дел од Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија, а се реализира со поддршка на Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

Тим лидерот на Регионалниот проект за социјални права на ранливите групи, Мајкл Самец истакна дека поддршката на најранливите категории е еден од приоритетите во соработката на Германија со Македонија која ја спроведува ГИЗ.

Се надеваме дека преку обезбедување на еднакви услови за образование и развој на децата со попреченост ќе придонесеме кон подобрување на инклузивноста во образовниот процес во Македонија и ќе послужиме како пример за други училишта и општини, рече Самец.

Тој додаде дека ГИЗ во соработка со Општина Струмица и една локална организација наскоро ќе започнат со социјално мапирање фокусирано на лицата со попреченост, a сѐ со цел да се помогне на општината во креирање на сензитивни политики.

Душан Томшиќ од Министерството за образование и наука истакна дека се преземаат сериозни чекори за подобрување на пристапноста и достапноста на образовниот систем за сите ученици, со посебен акцент на учениците со попреченост. Тој кажа дека во тек е реализација на Проект за непречен пристап во 14 образовни институции низ државата, шест основни училишта, четири средни и четири факултети преку Акциската програма на 2019-ИПА 2 – EU for inclusion. Градежните активности треба да започнат во февруари годинава.

Постоењето на сензорната соба во основното училиште ООУ „Видое Подгорец“ во кое се образуваат 892 ученици е од огромна важност за општина Струмица.

Сензорните соби нудат стимулација на учениците со попреченост во заштитена и контролирана средина, во која преку индивидуална работа со 25 деца, колку што имаат потреба во моментов во ова училиште ќе се овозможи развој на нивните потенцијали и активно вклучување во воспитниот и едукативниот процес, изјави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ има за цел да обезбеди рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта. Со создавање на пристапни и стимулативни средини за учење, училиштата опфатени со проектот стануваат места со еднакви можности за образование за сите деца.

Со отворањето на шестата сензорна соба придонесуваме секое дете да добие пристап до квалитетно образование. Сензорните соби ги опремуваме со разновидна опрема која им обезбедува на учениците визуелна, аудитивна и тактилна стимулација при учењето, како и подобрување на фината и грубата моторика, рече Елена Мишиќ од Фондацијата „Чекор по чекор“.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.

The post Во струмичкото основно училиште „Видое Подгорец“ е отворена сензорна соба appeared first on Република.

]]>

Во струмичкото основно училиште „Видое Подгорец“ е отворена сензорна соба со која ќе се обезбедува педагошка поддршка за учениците со образовни потешкотии. Оваа активност се спроведува како дел од Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија, а се реализира со поддршка на Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Тим лидерот на Регионалниот проект за социјални права на ранливите групи, Мајкл Самец истакна дека поддршката на најранливите категории е еден од приоритетите во соработката на Германија со Македонија која ја спроведува ГИЗ.
Се надеваме дека преку обезбедување на еднакви услови за образование и развој на децата со попреченост ќе придонесеме кон подобрување на инклузивноста во образовниот процес во Македонија и ќе послужиме како пример за други училишта и општини, рече Самец.
Тој додаде дека ГИЗ во соработка со Општина Струмица и една локална организација наскоро ќе започнат со социјално мапирање фокусирано на лицата со попреченост, a сѐ со цел да се помогне на општината во креирање на сензитивни политики. Душан Томшиќ од Министерството за образование и наука истакна дека се преземаат сериозни чекори за подобрување на пристапноста и достапноста на образовниот систем за сите ученици, со посебен акцент на учениците со попреченост. Тој кажа дека во тек е реализација на Проект за непречен пристап во 14 образовни институции низ државата, шест основни училишта, четири средни и четири факултети преку Акциската програма на 2019-ИПА 2 – EU for inclusion. Градежните активности треба да започнат во февруари годинава. Постоењето на сензорната соба во основното училиште ООУ „Видое Подгорец“ во кое се образуваат 892 ученици е од огромна важност за општина Струмица.