ООУ „Његош“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oou-negosh/ За подобро да се разбереме Fri, 17 Nov 2023 08:58:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ООУ „Његош“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oou-negosh/ 32 32 Утре блокада на патот кон Драчево, ќе протестираат родителите на децата од ООУ „Његош“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/utre-blokada-na-patot-kon-drachevo-ke-protestiraat-roditelite-na-detsata-od-oou-negosh/ Fri, 17 Nov 2023 08:58:28 +0000 https://republika.mk/?p=702428

Иницијативниот одбор на родители на ученици од ООУ „Његош“ од Јурумлери во знак на незадоволство од одлуката на министерот за образование и наука Јетон Шакири за одземање на надлежностите на Општина Газа Баба за училиштето, закажа граѓански протест кој ќе се одржи утре, 18 ноемри (сабота) од 11 до 12 часот.

Протестот ќе биде со блокирање на регионалниот пат на раскрсницата во населено место Јурумлери кон Драчево (кај бензинската пумпа).

Родителите велат дека ова е општ сенароден мирен протест на кој секој може да даде поддршка на сите родители чии деца учат во ООУ „Његош“ и секој е поканет да им се приклучи.

The post Утре блокада на патот кон Драчево, ќе протестираат родителите на децата од ООУ „Његош“ appeared first on Република.

]]>

Иницијативниот одбор на родители на ученици од ООУ „Његош“ од Јурумлери во знак на незадоволство од одлуката на министерот за образование и наука Јетон Шакири за одземање на надлежностите на Општина Газа Баба за училиштето, закажа граѓански протест кој ќе се одржи утре, 18 ноемри (сабота) од 11 до 12 часот. Протестот ќе биде со блокирање на регионалниот пат на раскрсницата во населено место Јурумлери кон Драчево (кај бензинската пумпа). Родителите велат дека ова е општ сенароден мирен протест на кој секој може да даде поддршка на сите родители чии деца учат во ООУ „Његош“ и секој е поканет да им се приклучи.  

The post Утре блокада на патот кон Драчево, ќе протестираат родителите на децата од ООУ „Његош“ appeared first on Република.

]]>
Министре Шакири, Ве потсетувам дека и утре има ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministre-shakiri-ve-potsetuvam-deka-i-utre-ima-den/ Wed, 15 Nov 2023 17:25:27 +0000 https://republika.mk/?p=701913

Министре Шаќири,
Ве потсетувам дека и утре има ден. Некогаш срамот е поголема казна од било која друга. Ова што го правите веќе навистина е срамно. Одземате ингеренции и поткревате етнички тензии. Сосема ми е јасно дека тоа ви користи Вам и на партиските челници, ама зарем не ви е жал да ги манипулирате децата? Каде ги водите? Под превезот на "остварување права" спроведувате процеси кои всушност ги користите само зa партиски цели, а на штета на сите.
Срамота - реагира професор д-р Весна Јаневска на својот фејсбук профил.

Ваквата реакција доаѓа по денешното писмо на Иницијативниот одбор на родители на ученици од ООУ Његош во Јурумлери откако Министерот за образование и наука Јетон Шакири вчера изјави дека започнал постапка за одземање на ингеренциите на општина Гази Баба за ООУ Његош.

https://republika.mk/vesti/skopje/od-denes-tselosen-bojkot-na-nastavata-vo-oou-negosh-a-vo-sabota-blokirane-na-regionalniot-pat/

The post Министре Шакири, Ве потсетувам дека и утре има ден appeared first on Република.

]]>

Министре Шаќири, Ве потсетувам дека и утре има ден. Некогаш срамот е поголема казна од било која друга. Ова што го правите веќе навистина е срамно. Одземате ингеренции и поткревате етнички тензии. Сосема ми е јасно дека тоа ви користи Вам и на партиските челници, ама зарем не ви е жал да ги манипулирате децата? Каде ги водите? Под превезот на "остварување права" спроведувате процеси кои всушност ги користите само зa партиски цели, а на штета на сите. Срамота - реагира професор д-р Весна Јаневска на својот фејсбук профил. Ваквата реакција доаѓа по денешното писмо на Иницијативниот одбор на родители на ученици од ООУ Његош во Јурумлери откако Министерот за образование и наука Јетон Шакири вчера изјави дека започнал постапка за одземање на ингеренциите на општина Гази Баба за ООУ Његош. https://republika.mk/vesti/skopje/od-denes-tselosen-bojkot-na-nastavata-vo-oou-negosh-a-vo-sabota-blokirane-na-regionalniot-pat/

The post Министре Шакири, Ве потсетувам дека и утре има ден appeared first on Република.

]]>
Oд денес целосен бојкот на наставата во ООУ „Његош“, а во сабота блокирање на регионалниот пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/od-denes-tselosen-bojkot-na-nastavata-vo-oou-negosh-a-vo-sabota-blokirane-na-regionalniot-pat/ Wed, 15 Nov 2023 08:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=701692

Иницијативниот одбор на родители на ученици од ООУ Његош по вчерашната изјава на министерот за образование и наука Јетон Шакири дека започнал постапка за одземање на ингеренциите на општина Гази Баба за ООУ „Његош“, како и индиректната најава за разрешување на директорката, оддржа итен состанок на кој се донесоа следните заклучоци:

1.    Од денес 15.11.2023 година (среда) започнува целосен бојкот на наставата!

2.    Во сабота 18.11.2023 година организираме голем граѓански протест со кој ќе го блокираме регионалниот пат во Јурумлери на клучката кон Драчево од 11:00 до 12:00 часот, соопштија родителите.

Тие потенцираат дека вчерашната изјава на министерот за образование Јетон Шакири ја сметаат за тенденциозна и истата оди во насока на создавање на нови проблеми.

Министерот за образование и наука Јетон Шакири си поигрува со нас и нашите деца. Ние како родители нема да дозволиме нашите деца да бидат експрименти во рацете на Шакири. Изразуваме целосна поддршка за директорката на ООУ „Његош“ Анита Цветкова која постапува согласно Законот и во нашето училиште за краток период реализираше проекти кои не биле реализирани години наназад. Апелираме Министерот Јетон Шакири да се вразуми! Бараме реакција од премиерот Димитар Ковачевски да не молчи и да застане на страна на родителите! Во сабота го блокираме регионалниот пат, идната недела автопатот, а потоа одиме со шатори пред Министерството за образование и наука на 24 часовна блокада! Нашите деца не се експрименти!, порачаа родителите. 

The post Oд денес целосен бојкот на наставата во ООУ „Његош“, а во сабота блокирање на регионалниот пат appeared first on Република.

]]>

Иницијативниот одбор на родители на ученици од ООУ Његош по вчерашната изјава на министерот за образование и наука Јетон Шакири дека започнал постапка за одземање на ингеренциите на општина Гази Баба за ООУ „Његош“, како и индиректната најава за разрешување на директорката, оддржа итен состанок на кој се донесоа следните заклучоци:
1.    Од денес 15.11.2023 година (среда) започнува целосен бојкот на наставата! 2.    Во сабота 18.11.2023 година организираме голем граѓански протест со кој ќе го блокираме регионалниот пат во Јурумлери на клучката кон Драчево од 11:00 до 12:00 часот, соопштија родителите.
Тие потенцираат дека вчерашната изјава на министерот за образование Јетон Шакири ја сметаат за тенденциозна и истата оди во насока на создавање на нови проблеми.
Министерот за образование и наука Јетон Шакири си поигрува со нас и нашите деца. Ние како родители нема да дозволиме нашите деца да бидат експрименти во рацете на Шакири. Изразуваме целосна поддршка за директорката на ООУ „Његош“ Анита Цветкова која постапува согласно Законот и во нашето училиште за краток период реализираше проекти кои не биле реализирани години наназад. Апелираме Министерот Јетон Шакири да се вразуми! Бараме реакција од премиерот Димитар Ковачевски да не молчи и да застане на страна на родителите! Во сабота го блокираме регионалниот пат, идната недела автопатот, а потоа одиме со шатори пред Министерството за образование и наука на 24 часовна блокада! Нашите деца не се експрименти!, порачаа родителите. 

The post Oд денес целосен бојкот на наставата во ООУ „Његош“, а во сабота блокирање на регионалниот пат appeared first on Република.

]]>
Шаќири утре ќе има средба со родителите на ученици во ООУ „Његош“ кои ја бојкотираат наставата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-utre-ke-ima-sredba-so-roditelite-na-uchenitsi-vo-oou-negosh-koi-ja-bojkotiraat-nastavata/ Tue, 26 Sep 2023 11:48:27 +0000 https://republika.mk/?p=685306

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири соопшти дека утре попладне ќе има состанок со родителите на учениците од Општинското основно училиште „Његош“ во Колонија, Општина Гази Баба – и на оние што учат на македонски и на децата од настава на албански јазик, откако едните протестираат три, а другите 26 дена.

Проблемот е настанат поради немање просторни услови. Учениците Албанци во тоа училиште имаат настава до петто одделение и со години образованието од шесто до деветто мора да го продолжат во други општини. Нивните родители протестираат од почетокот на учебната година, а пред три дена бојкотираат и родителите на учениците на македонски наставен јазик кои не се согласуваат таму да се отвори паралелка за Албанци шестооделенци. Пред училиштето порачаа дека нема можност за воведување нова паралелка. Според нив, министерот врши притисок и се подготвени, како што велат, настава да нема до крајот на учебната година.

-Три дена протестираат учениците на македонски јазик, а учениците на настава на албански јазик во истото училиште протестираат 26 дена. Се работи за 13 ученици кои завршиле петто одделение и бараат да продолжат од шесто во истото училиште. Имам редовни состаноци, и со родителите Албанци, и со родителите Македонци и утре ќе реализирам состанок со сите нив. За да се отвори нива паралелка, директорката на основното училиште доставува барање и врз основа на анализите, ние тоа барање го доставуваме во Министерството за финансии, изјави денеска Шаќири, одговарајќи на новинарски прашања.

Иницијативата на родителите кои протестираат три дена, рече, е затоа што сметаат дека нема простор во училиштето. Додаде дека и Просветниот инспекторат ја анализирал состојбата.

Никогаш нема да се донесе одлука на штета на ниту една страна. На градоначалникот на Гази Баба му кажав дека ако е потребно простории во истото училиште, барам најитно да се достави проект за да можеме да го реализираме во тој простор на училиштето. Оваа тема не се дискутира од овој септември туку 20 години. Со Општината дискутираме за долгорочно решение за изградба на училиште во Идризово и барам разбирање за краткорочно решение што треба да го најдеме што побрзо, до петок, без разлика дали се учениците Македонци или Албанци. Се работи само за една паралелка во училиштето, рече Шаќири.

The post Шаќири утре ќе има средба со родителите на ученици во ООУ „Његош“ кои ја бојкотираат наставата appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири соопшти дека утре попладне ќе има состанок со родителите на учениците од Општинското основно училиште „Његош“ во Колонија, Општина Гази Баба – и на оние што учат на македонски и на децата од настава на албански јазик, откако едните протестираат три, а другите 26 дена. Проблемот е настанат поради немање просторни услови. Учениците Албанци во тоа училиште имаат настава до петто одделение и со години образованието од шесто до деветто мора да го продолжат во други општини. Нивните родители протестираат од почетокот на учебната година, а пред три дена бојкотираат и родителите на учениците на македонски наставен јазик кои не се согласуваат таму да се отвори паралелка за Албанци шестооделенци. Пред училиштето порачаа дека нема можност за воведување нова паралелка. Според нив, министерот врши притисок и се подготвени, како што велат, настава да нема до крајот на учебната година.