ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oou-dimitar-pop-georgiev-berovski/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 12:07:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oou-dimitar-pop-georgiev-berovski/ 32 32 Почнува изградба на спортска сала во ПОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населба Хром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pochnuva-izgradba-na-sportska-sala-vo-pou-dimitar-pop-georgiev-berovski-vo-naselba-hrom/ Tue, 24 Sep 2024 12:07:46 +0000 https://republika.mk/?p=819289

Во Подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром во општина Ѓорче Петров денеска беше поставен камен-темелник за изградба на спортска сала на површина од 476 квадратни метри.  Во градењето ќе се користат енергетски ефикасни и еколошки материјали за салата да биде функционална и одржлива на долг рок.

Со новата спортска сала, училиштето, кое има 493 ученици, ќе добие соодветен простор за часовите по физичко воспитување, како и за развој на спортски активности. Објектот ќе може да го користат  и жителите на општината  за организирање локални спортски настани и активности.

Салата ќе се гради со приближно 20 милиони денари од буџетот на Општина Ѓорче Петров. Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека сами го финансираат проектот со кој, рече, „решаваат горлив проблем“ за граѓаните на Ѓорче Петров. Очекува спортската сала да биде изградена до април.

Со овој проект конечно и 500 дечиња кои учат во ова подрачно училиште во Хром ќе добијат услови какви што заслужуваат и какви што имаат и сите други деца на територијата на Општина Ѓорче Петров. Но и сите спортисти на територија на општината ќе може да ја користат оваа спортска сала, изјави Стојкоски по поставувањето на камен-темелникот заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, советници од Општината и нејзини жители.

Посочи дека се планира и уште една доградба во ова училиште во соработка со МОН и дека ќе се насочат целосно да биде решен просторниот проблем во ова училиште.

Затоа што Хром е најбрзорастечка населба во општината, која е урбана и ова и е навистина потребно, додаде градоначалникот.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека оваа инвестиција од буџетот на Општината  „покажува дека Македонија се гради и дека граѓаните ќе ги добијат оние услови коишто се потребни за поголем квалитет во нивниот живот“.

Повторно Македонија се гради после долгогодишен застој, конечно почнуваме да го надополнуваме тоа што годините зад нас беше запустено, заборавено, а ветувано, неисполнето. Честитам за ваков тип проекти. Како Влада продолжуваме сето ова да го поддржуваме и во периодот којшто следува. Завршен е повикот за аплицирање на проекти што ќе бидат финансирани од централниот буџет, рече премиерот.

Соопшти дека Општина Ѓорче Петров доставила проекти до Министерството за локална самоуправа дека очекува следната недела да има список на проекти коишто ќе бидат финансирани и процесот, како што рече, да почне од првата недела или првата половина на октомври.

До крајот на октомври да бидат завршени тендерските процедури и веќе првата половина на ноември офанзивата да продолжи. Доколку временските услови дозволат, во текот на зимата да имаме навистина огромна теренска активност и градба на нови проекти и веќе следната година дел од нив и да ги завршуваме и да ги пуштаме во употреба. На почетокот на следната година, ќе ве потсетам, повторно ќе имаме таков повик. Во првичната верзија од Буџетот којашто се прави за 2025 година предвидени се 15 милијарди денари за ваков тип на проекти и веќе општините ќе можат уште еднаш да аплицираат со проекти коишто ќе значат поквалитетен живот на нашите сограѓани, истакна Мицкоски по поставувањето на камен-темелникот.

Додаде дека никогаш досега од независноста на државата не се случило само за една година да има повеќе од 20 односно 21 милијарда денари инвестирани од централниот буџет за општините.

The post Почнува изградба на спортска сала во ПОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населба Хром appeared first on Република.

]]>

Во Подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром во општина Ѓорче Петров денеска беше поставен камен-темелник за изградба на спортска сала на површина од 476 квадратни метри.  Во градењето ќе се користат енергетски ефикасни и еколошки материјали за салата да биде функционална и одржлива на долг рок. Со новата спортска сала, училиштето, кое има 493 ученици, ќе добие соодветен простор за часовите по физичко воспитување, како и за развој на спортски активности. Објектот ќе може да го користат  и жителите на општината  за организирање локални спортски настани и активности. Салата ќе се гради со приближно 20 милиони денари од буџетот на Општина Ѓорче Петров. Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека сами го финансираат проектот со кој, рече, „решаваат горлив проблем“ за граѓаните на Ѓорче Петров. Очекува спортската сала да биде изградена до април.
Со овој проект конечно и 500 дечиња кои учат во ова подрачно училиште во Хром ќе добијат услови какви што заслужуваат и какви што имаат и сите други деца на територијата на Општина Ѓорче Петров. Но и сите спортисти на територија на општината ќе може да ја користат оваа спортска сала, изјави Стојкоски по поставувањето на камен-темелникот заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, советници од Општината и нејзини жители.
Посочи дека се планира и уште една доградба во ова училиште во соработка со МОН и дека ќе се насочат целосно да биде решен просторниот проблем во ова училиште.
Затоа што Хром е најбрзорастечка населба во општината, која е урбана и ова и е навистина потребно, додаде градоначалникот.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека оваа инвестиција од буџетот на Општината  „покажува дека Македонија се гради и дека граѓаните ќе ги добијат оние услови коишто се потребни за поголем квалитет во нивниот живот“.
Повторно Македонија се гради после долгогодишен застој, конечно почнуваме да го надополнуваме тоа што годините зад нас беше запустено, заборавено, а ветувано, неисполнето. Честитам за ваков тип проекти. Како Влада продолжуваме сето ова да го поддржуваме и во периодот којшто следува. Завршен е повикот за аплицирање на проекти што ќе бидат финансирани од централниот буџет, рече премиерот.
Соопшти дека Општина Ѓорче Петров доставила проекти до Министерството за локална самоуправа дека очекува следната недела да има список на проекти коишто ќе бидат финансирани и процесот, како што рече, да почне од првата недела или првата половина на октомври.
До крајот на октомври да бидат завршени тендерските процедури и веќе првата половина на ноември офанзивата да продолжи. Доколку временските услови дозволат, во текот на зимата да имаме навистина огромна теренска активност и градба на нови проекти и веќе следната година дел од нив и да ги завршуваме и да ги пуштаме во употреба. На почетокот на следната година, ќе ве потсетам, повторно ќе имаме таков повик. Во првичната верзија од Буџетот којашто се прави за 2025 година предвидени се 15 милијарди денари за ваков тип на проекти и веќе општините ќе можат уште еднаш да аплицираат со проекти коишто ќе значат поквалитетен живот на нашите сограѓани, истакна Мицкоски по поставувањето на камен-темелникот.
Додаде дека никогаш досега од независноста на државата не се случило само за една година да има повеќе од 20 односно 21 милијарда денари инвестирани од централниот буџет за општините.

The post Почнува изградба на спортска сала во ПОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населба Хром appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-na-postavuvane-na-kamen-temelnik-za-izgradba-na-nova-sportska-sala-vo-oou-dimitar-pop-georgiev-berovski-vo-gorche-petrov/ Tue, 24 Sep 2024 07:23:22 +0000 https://republika.mk/?p=819142

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во Подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“, кое се наоѓа во населбата Хром, Општина Ѓорче Петров.

Оваа современа сала е дел од заложбите за подобрување на условите за образование и физичка активност на нашите најмлади и претставува важен чекор кон создавање подобри услови за развој на спортските таленти на учениците, соопшти владината прес-служба.

Новата спортска сала ќе има вкупна површина од 476 м², со димензии 27,40 x 15,6 метри и максимална височина до 12,4 метри. Оваа пространа и модерна сала ќе понуди соодветни услови за различни спортски активности. Изградбата ќе се спроведе со користење на енергетски ефикасни и еколошки материјали, што ја прави оваа сала не само функционална, туку и одржлива на долг рок.

Минатата година училиштето го доживеа својот прв чекор кон модернизација, со доградба на дополнителен дел од 774 м², што значително ги подобри условите за наставата. Со ова проширување, кое вклучуваше нови училници и простории, училиштето сега има вкупна површина од 2713 м². Оваа доградба беше суштинска за подобрување на просторот, но со изградбата на спортската сала, образовниот комплекс ќе добие целосно заокружена функционалност.

Со новата спортска сала, училиштето кое моментално има 493 ученици, ќе добие соодветен простор за часовите по физичко воспитување, како и за развој на спортски активности. Салата ќе овозможи учениците да ги развиваат своите спортски вештини, да учат за важноста на тимската работа и дисциплината, и да го зајакнуваат своето физичко здравје. Покрај тоа, овој објект ќе биде од голема корист и за жителите, бидејќи ќе може да се користи и за организирање на локални спортски настани и активности.

Во рамките на проектот ќе биде изграден и паркинг простор со 30 места за вработените и посетителите, а новата пешачка патека ќе обезбеди лесен и безбеден пристап до училиштето и училишниот двор.

Овој проект претставува исполнување на долгогодишната желба на жителите од Хром и е клучен за создавање на современи услови за спорт и образование во Општина Ѓорче Петров.

Средствата на овој проект се во вредност од 20.000.000 денари.

Предвидено е на настаното изјава за медиуми да даде ппремиерот Мицкоски, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

The post Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во Подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“, кое се наоѓа во населбата Хром, Општина Ѓорче Петров. Оваа современа сала е дел од заложбите за подобрување на условите за образование и физичка активност на нашите најмлади и претставува важен чекор кон создавање подобри услови за развој на спортските таленти на учениците, соопшти владината прес-служба. Новата спортска сала ќе има вкупна површина од 476 м², со димензии 27,40 x 15,6 метри и максимална височина до 12,4 метри. Оваа пространа и модерна сала ќе понуди соодветни услови за различни спортски активности. Изградбата ќе се спроведе со користење на енергетски ефикасни и еколошки материјали, што ја прави оваа сала не само функционална, туку и одржлива на долг рок. Минатата година училиштето го доживеа својот прв чекор кон модернизација, со доградба на дополнителен дел од 774 м², што значително ги подобри условите за наставата. Со ова проширување, кое вклучуваше нови училници и простории, училиштето сега има вкупна површина од 2713 м². Оваа доградба беше суштинска за подобрување на просторот, но со изградбата на спортската сала, образовниот комплекс ќе добие целосно заокружена функционалност. Со новата спортска сала, училиштето кое моментално има 493 ученици, ќе добие соодветен простор за часовите по физичко воспитување, како и за развој на спортски активности. Салата ќе овозможи учениците да ги развиваат своите спортски вештини, да учат за важноста на тимската работа и дисциплината, и да го зајакнуваат своето физичко здравје. Покрај тоа, овој објект ќе биде од голема корист и за жителите, бидејќи ќе може да се користи и за организирање на локални спортски настани и активности. Во рамките на проектот ќе биде изграден и паркинг простор со 30 места за вработените и посетителите, а новата пешачка патека ќе обезбеди лесен и безбеден пристап до училиштето и училишниот двор. Овој проект претставува исполнување на долгогодишната желба на жителите од Хром и е клучен за создавање на современи услови за спорт и образование во Општина Ѓорче Петров. Средствата на овој проект се во вредност од 20.000.000 денари. Предвидено е на настаното изјава за медиуми да даде ппремиерот Мицкоски, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

The post Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>
Дел од учениците во основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ ќе учат онлајн https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/del-od-uchenicite-vo-osnovnoto-uchilishte-dimitar-pop-georgiev-berovski-kje-uchat-onlajn/ Mon, 31 Jan 2022 14:27:06 +0000 https://republika.mk/?p=452052

Во тек се градежни зафати во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во скопската општина Ѓорче Петров.

Градоначалникот Александар Стојкоски информираше дека се врши реконструкција на подовите во ходниците на долниот кат, а следните чекори се целосно реновирање на тоалетите и изградба на тоалет за деца со посебни потреби и поставување на нова енергетски ефикасна фасада.

Дел од учениците од ова училиште настава ќе посетуваат онлајн.

Напорно работиме на подобрување на условите за изведување на воспитно-образовниот процес согласно најсовремени стандарди во училиштата и ќе продолжиме во таа насока. Поради овие зафати, наставата почнува утре со физичко присуство за децата од прво до трето одделение, додека децата од четврто до деветто одделение во ова училиште ќе имаат он лајн настава со донесена одлука од училишниот одбор, а во согласност со општина Ѓорче Петров. Оваа одлука е со времетраење од 30 дена и за истата е информирано и ресорното Министерство, инфомрираше Стојкоски.

The post Дел од учениците во основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ ќе учат онлајн appeared first on Република.

]]>

Во тек се градежни зафати во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во скопската општина Ѓорче Петров. Градоначалникот Александар Стојкоски информираше дека се врши реконструкција на подовите во ходниците на долниот кат, а следните чекори се целосно реновирање на тоалетите и изградба на тоалет за деца со посебни потреби и поставување на нова енергетски ефикасна фасада. Дел од учениците од ова училиште настава ќе посетуваат онлајн.