Јавното обвинителств отвори истрага за случајот со Онкологија и побара мерки за претпазливост за поранешниот директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, кој се сомничи за седум кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и за „измама во службата“, како и за организацискиот директор, Нехат Нухи, кој се сомничи за „измама во службата“. Во случајот се осомничени и тројца лекари кои се товарат за помагање во „измама во службата“.
Васев, освен забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патната исправа и забрана за издавање на нова, му е изречено и оддалечување од работното место. Додека, за Нухи е побарано само забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патната исправа. По ова барање треба да одлучи Основниот Кривичен суд Скопје.
Во текот на предистражната постапка во овој предмет работевме во тим од двајца јавни обвинители, беа преземени многу дејствија и прибавена е обемна документација. Од исклучителна важност за целата оваа постапка беа онколошките пациенти и нивните семејства на кои сакам уште еднаш јавно да им се заблагодарам и да ги охрабрам да ги пријавуваат сите евентуални незаконитости и злоупотреби на кои биле сведоци на конкретната клиника, изјави обвинителката која го води случајот, Ана Гоговска Јакимовска.
На денешниот брифинг со новинари таа рече дека медицинскиот и организацискиот директор набавиле лекови на реверс пред склучување на договор за јавна набавка, без согласност од Фондот за здравствено осигурување на Македонија во период кога постапките за јавна набавка сѐ уште не биле спроведени од Министерството за здравство.
Како што информираше, спротивно на протоколите за лекување, се препишувани лекови на пациенти каде постои недоследност во дозирањето на лековите и тајмингот на апликацијата.
Обвинителството од досегашната истрага утврдило дека е сторена имотна корист за друг во износ од 1. 817.520.000 или близу 30 милиони евра.
The post Обвинителството отвори истрага против двајца директори и тројца онколози за случајот „Онкологија“ appeared first on Република.
]]>Во текот на предистражната постапка во овој предмет работевме во тим од двајца јавни обвинители, беа преземени многу дејствија и прибавена е обемна документација. Од исклучителна важност за целата оваа постапка беа онколошките пациенти и нивните семејства на кои сакам уште еднаш јавно да им се заблагодарам и да ги охрабрам да ги пријавуваат сите евентуални незаконитости и злоупотреби на кои биле сведоци на конкретната клиника, изјави обвинителката која го води случајот, Ана Гоговска Јакимовска.На денешниот брифинг со новинари таа рече дека медицинскиот и организацискиот директор набавиле лекови на реверс пред склучување на договор за јавна набавка, без согласност од Фондот за здравствено осигурување на Македонија во период кога постапките за јавна набавка сѐ уште не биле спроведени од Министерството за здравство. Како што информираше, спротивно на протоколите за лекување, се препишувани лекови на пациенти каде постои недоследност во дозирањето на лековите и тајмингот на апликацијата. Обвинителството од досегашната истрага утврдило дека е сторена имотна корист за друг во износ од 1. 817.520.000 или близу 30 милиони евра.
The post Обвинителството отвори истрага против двајца директори и тројца онколози за случајот „Онкологија“ appeared first on Република.
]]>Универзитетската Клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално. Во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите, информира за МИА директорката на Клиниката Виолета Клисарова.
За останатите информации поврзани со претресите кај лица кои се сомничат дека се поврзани со случајот Онкологија, Клисарова упати на надлежните институции кои ги водат овие процеси.
Од утринава се вршат петреси кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот Онкологија. Претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали, надлежните институции најавуваат во текот на денот.
И од Министерството за здравство информираа дека Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално, во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите.
The post И покрај претресите, Клиниката за Онкологија функционира нормално, вели директорката д-р Клисарова appeared first on Република.
]]>The post И покрај претресите, Клиниката за Онкологија функционира нормално, вели директорката д-р Клисарова appeared first on Република.
]]>