онлајнмедиа.мк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/onlajnmedia-mk/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 20:05:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png онлајнмедиа.мк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/onlajnmedia-mk/ 32 32 Здружението Онлајнмедиа ги поддржува предлозите на Владата за измени на Законот за медиуми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zdruzhenieto-onlajnmedia-gi-poddrzhuva-predlozite-na-vladata-za-izmeni-na-zakonot-za-mediumi/ Tue, 12 Nov 2024 20:05:11 +0000 https://republika.mk/?p=836949

На годишното Собрание членовите на здружението Онлајнмедиа.мк ги прифатија предложените измени во Законот за медиуми кои Министерството за дигитална трансформација ги објави на ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи на Македонија).

Измените и дополнувањата на Законот за медиуми се во насока на усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, како и внесување на онлајн медиумите (интернет порталите) во законот.

„После повеќегодишни напори на поголем дел од професионалните онлајнмедиуми, преку нашето здружение успеавме да дојдеме до посакуваното законско решение за дефинирање и на онлајн медиумите-интернет порталите како медиуми, како што е тоа веќе дефинирано во законот за телевизиите, за дневните весници, за радио станиците… Нашите предлози станаа дел од овие измени и дополнувања, во согласност со европското законодавство. Според сите наши контакти со пратеничките групи во Собранието, очекуваме усвојување на овие измени“, информираат од здружението.

Еве ги предложените и прифатени измени: Во член 1 од Законот за медиуми, во член 2, став 1 во точката 1 после зборот „телевизијата,“ и пред зборот „телетекст“ се додаваат зборовите „онлајн медиуми – интернет портали“:

Точката 3 се менува и гласи: Издавач на медиум е правно лице кое врши дејност на издавање на печатен медиум, емитување на радио и телевизиски програми (радиодифузери) или публикување информативни содржини преку онлајн медиуми – интернет портали, како и физичко или правно лице кое врши агрерирање вести на посебни интернет страници или мониторирање на медиумите на начин што остварува приходи од давање на овие онлајн услуги.

Во член 5 по ставот (3) се додава нов став (4) кој гласи: Правно или физичко лице може во Република Македонија да врши дејност на публикување информативни содржини во вид на текст, аудио или аудиовизуелен формат преку онлајн медиум – интернет портал, доколку дејноста ја впише во Централниот регистар на Република Македонија, има седиште и уредништво во Република Македонија, има најмалку две (2) лица во редовен работен однос и поседува мк-домејн.

По ставот (5), кој станува став (6), се додава нов став (7), кој гласи: Регистарот на издавачи на онлајн медиуми – интернет портали содржи податоци за фирмата и седиштето, односно назив и адреса на издавачот на онлајн медиум – интернет портал; име и презиме на одговорното лице на издавачот на онлајн медиум – интернет портал; името на онлајн медиумот – интернет порталот; податоци за сопственикот на мк-домејнот.“

Во член 6 се додава нов став (3) кој гласи: Издавач на онлајн медиум – интернет портал е должен да преземе соодветни мерки со помош на технички средства или со адекватна заштита за ограничување, да оневозможи пристап на малолетните лица до електронски публикации со порнографска содржина, како и текстуална, вербална или визуелна содржина со која се глорифицираат физички, вербални или психолошки облици на садизам и слични видови насилство.

Во член 14 во ставот (1) зборовите во заградата „на пример примерок од печатен медиум и телевизиска емисија“ се заменуваат со зборовите „на пример примерок од печатен медиум, телевизиска емисија и во делот за импресум на онлајн медиумот – интернет порталот“.

The post Здружението Онлајнмедиа ги поддржува предлозите на Владата за измени на Законот за медиуми appeared first on Република.

]]>

АВМУ да ја повлече донацијата од 5 милиони денари за ИРЛ и да ја додели во транспарентна постапка, реагира Здружението Онлајнмедиа.мк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-da-ja-povleche-donatsijata-od-5-milioni-denari-za-irl-i-da-ja-dodeli-vo-transparentna-postapka-reagira-zdruzhenieto-onlajnmedia-mk/ Mon, 29 Jan 2024 17:06:37 +0000 https://republika.mk/?p=738284

По одлуката на Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) да ѝ додели 5 милиони денари на непрофитната медиумска организација Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ), заради поддршка на „критичните гласови кои известуваат за теми кои се важни за граѓаните и ќе им помогнат да носат информирани одлуки“, како што се прецизира во одлуката, здружението Онлајнмедиа.мк бара системско решение при донирање државни пари за медиумите.

Ова е прва одлука со која АВМУ доделува донација на еден издавач на еден онлајн медиум. Бидејќи за реализацијата на оваа одлука се очекува позитивно мислење од Министерството за правда, Онлајнмедиа.мк укажува на фактот дека онлајн медиумите (интернет порталите) и нивните издавачи немаат регулиран статус во Законот за медиуми, односно во светлината на тој закон тие de jure не постојат. Трансферот на државни пари на ентитети кои Законот на медиуми не ги препознава како медиуми во основа е спорен од аспект на легалноста на таквата одлука.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bez-javen-povik-avmu-doniral-80-000-evra-drzhavni-pari-za-irl/

„Од тие причини, сметаме дека постои сериозна правна пречка за реализацијата на донацијата од АВМУ во полза на ИРЛ, со наведената намена, односно поврзана со улогата на ИРЛ како издавач на медиум и креатор на медиумски продукти.

Со цел во иднина да се отстранат ваквите пречки и да се превенираат други проблеми кои произлегуваат од нерегулираниот статус на интернет порталите во Законот за медиуми, ги повикуваме надлежното Министерство за информатичко општество и администрација и Владата итно да предложат соодветни измени и дополнувања на Законот за медиуми, какви што здружението Онлајнмедиа.мк предлага повеќе од една година.

Здружението ја повикува АВМУ да го осознае фактот дека во македонските медими, како во т.н. традиционални така и во онлајн-медиумите, постојат повеќе од еден критички гласови, повеќе медиумски организации кои известуваат за криминал, корупција и за други теми од јавен интерес, со кои на граѓаните им помагаат да носат информирани одлуки. Сите тие медиуми и медиумски организации требало да бидат информирани за намерата на АВМУ да донира државни пари со ваква намена и сите требало да добијат можност, во транспарентна постапка и врз основа на јавно објавени критериуми, да побараат ваква поддршка.

Здружението Онлајнмедиа.мк смета дека во случајов, со фаворизирање на само еден медиум, е прекршен принципот на транспарентна распределба на државни пари врз недискриминирачка основа, без оглед на претпоставката за добрите намери и на директорот на АВМУ и на Советот на оваа институција. Нагласуваме дека со арбитрерно, фаворизирачко и нетранспарентно субвенционирање на одделни собјекти со пари од даночните обврзници се создава основа за коруптивна пракса во дејноста и за дисторзија на медиумскиот пазар.

Поради тоа, Онлајнмедиа.мк ја повикува АВМУ да ја запре натамошната постапка за доделување на оваа донација, да ја повлече својата одлука и потоа јавно да ги информира сите медиуми за својата намера да додели донација со намената каква што е опишана во одлуката, како и со критериуми за аплицирање за донации. Дури потоа, во законски предвидената постапка, АВМУ би можела да донесе правилна одлука на која медиумска организација или организации ќе ја додели донацијата во висина од 5 милиони денари, доколку е оценето дека за тоа постои итна потреба.

Здружението уште еднаш сака да нагласи дека каков било трансфер на државни пари во медиуми чии основачи се приватни трговски друштва или невладини и профитни организации, мора да биде предмет на системско решение, кое ќе обезбеди високо ниво на недискриминација, трансппарентност и отчетност“, реагираат од Онлајнмедиа.мк.

The post АВМУ да ја повлече донацијата од 5 милиони денари за ИРЛ и да ја додели во транспарентна постапка, реагира Здружението Онлајнмедиа.мк appeared first on Република.

]]>

По одлуката на Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) да ѝ додели 5 милиони денари на непрофитната медиумска организација Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ), заради поддршка на „критичните гласови кои известуваат за теми кои се важни за граѓаните и ќе им помогнат да носат информирани одлуки“, како што се прецизира во одлуката, здружението Онлајнмедиа.мк бара системско решение при донирање државни пари за медиумите. Ова е прва одлука со која АВМУ доделува донација на еден издавач на еден онлајн медиум. Бидејќи за реализацијата на оваа одлука се очекува позитивно мислење од Министерството за правда, Онлајнмедиа.мк укажува на фактот дека онлајн медиумите (интернет порталите) и нивните издавачи немаат регулиран статус во Законот за медиуми, односно во светлината на тој закон тие de jure не постојат. Трансферот на државни пари на ентитети кои Законот на медиуми не ги препознава како медиуми во основа е спорен од аспект на легалноста на таквата одлука. https://republika.mk/vesti/makedonija/bez-javen-povik-avmu-doniral-80-000-evra-drzhavni-pari-za-irl/ „Од тие причини, сметаме дека постои сериозна правна пречка за реализацијата на донацијата од АВМУ во полза на ИРЛ, со наведената намена, односно поврзана со улогата на ИРЛ како издавач на медиум и креатор на медиумски продукти. Со цел во иднина да се отстранат ваквите пречки и да се превенираат други проблеми кои произлегуваат од нерегулираниот статус на интернет порталите во Законот за медиуми, ги повикуваме надлежното Министерство за информатичко општество и администрација и Владата итно да предложат соодветни измени и дополнувања на Законот за медиуми, какви што здружението Онлајнмедиа.мк предлага повеќе од една година. Здружението ја повикува АВМУ да го осознае фактот дека во македонските медими, како во т.н. традиционални така и во онлајн-медиумите, постојат повеќе од еден критички гласови, повеќе медиумски организации кои известуваат за криминал, корупција и за други теми од јавен интерес, со кои на граѓаните им помагаат да носат информирани одлуки. Сите тие медиуми и медиумски организации требало да бидат информирани за намерата на АВМУ да донира државни пари со ваква намена и сите требало да добијат можност, во транспарентна постапка и врз основа на јавно објавени критериуми, да побараат ваква поддршка. Здружението Онлајнмедиа.мк смета дека во случајов, со фаворизирање на само еден медиум, е прекршен принципот на транспарентна распределба на државни пари врз недискриминирачка основа, без оглед на претпоставката за добрите намери и на директорот на АВМУ и на Советот на оваа институција. Нагласуваме дека со арбитрерно, фаворизирачко и нетранспарентно субвенционирање на одделни собјекти со пари од даночните обврзници се создава основа за коруптивна пракса во дејноста и за дисторзија на медиумскиот пазар. Поради тоа, Онлајнмедиа.мк ја повикува АВМУ да ја запре натамошната постапка за доделување на оваа донација, да ја повлече својата одлука и потоа јавно да ги информира сите медиуми за својата намера да додели донација со намената каква што е опишана во одлуката, како и со критериуми за аплицирање за донации. Дури потоа, во законски предвидената постапка, АВМУ би можела да донесе правилна одлука на која медиумска организација или организации ќе ја додели донацијата во висина од 5 милиони денари, доколку е оценето дека за тоа постои итна потреба. Здружението уште еднаш сака да нагласи дека каков било трансфер на државни пари во медиуми чии основачи се приватни трговски друштва или невладини и профитни организации, мора да биде предмет на системско решение, кое ќе обезбеди високо ниво на недискриминација, трансппарентност и отчетност“, реагираат од Онлајнмедиа.мк.

The post АВМУ да ја повлече донацијата од 5 милиони денари за ИРЛ и да ја додели во транспарентна постапка, реагира Здружението Онлајнмедиа.мк appeared first on Република.

]]>