онлајн игри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/onlajn-igri/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 10:34:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png онлајн игри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/onlajn-igri/ 32 32 СЗО е загрижено: Една третина од адолесцентите во Европа играат онлајн секој ден, а 22 отсто од нив играат најмалку четири часа https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-e-zagrizheno-edna-tretina-od-adolestsentite-vo-evropa-igraat-onlajn-sekoj-den-a-22-otsto-od-niv-igraat-najmalku-chetiri-chasa/ Wed, 25 Sep 2024 10:34:28 +0000 https://republika.mk/?p=819522

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека проблематичното користење на социјалните мрежи е во пораст меѓу децата во Европа и дека постои ризик тие да развијат зависност од онлајн играње.

Потребна ни е итна и одржлива акција за да им помогнеме на адолесцентите да престанат со потенцијално штетната употреба на социјалните мрежи, за кои се покажа дека доведуваат до депресија, малтретирање, анксиозност и слаби училишни резултати“, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Во 2022 година, 11 проценти од адолесцентите (13 проценти од девојчињата и 9 проценти од момчињата) имале знаци на проблематично користење на социјалните мрежи, додека четири години претходно тоа било седум проценти.

Податоците се добиени во истражување кое опфатило 280.000 деца на возраст од 11, 13 и 15 години од 44 земји во Европа, Централна Азија и Канада.

Кај нив се забележани симптоми слични на оние на зависност, а тоа се неможноста да се контролира прекумерната употреба, чувството на повлекување и напуштање на другите активности во корист на социјалните мрежи и негативните последици од прекумерната употреба во секојдневниот живот.

Оваа појава е најраспространета кај романските адолесценти на возраст од 13 и 15 години, 28 отсто од нив, а најмалку е кај холандските адолесценти (три отсто).

Причината за загриженост е тоа што една третина од адолесцентите играат онлајн секој ден, а 22 отсто од нив играат најмалку четири часа, покажуваат податоците на СЗО.

Околу 12 проценти од адолесцентите имаат проблематично однесување поврзано со онлајн игрите, од кои 16 проценти се момчиња, а 7 проценти се девојчиња.

 

The post СЗО е загрижено: Една третина од адолесцентите во Европа играат онлајн секој ден, а 22 отсто од нив играат најмалку четири часа appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека проблематичното користење на социјалните мрежи е во пораст меѓу децата во Европа и дека постои ризик тие да развијат зависност од онлајн играње.
Потребна ни е итна и одржлива акција за да им помогнеме на адолесцентите да престанат со потенцијално штетната употреба на социјалните мрежи, за кои се покажа дека доведуваат до депресија, малтретирање, анксиозност и слаби училишни резултати“, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
Во 2022 година, 11 проценти од адолесцентите (13 проценти од девојчињата и 9 проценти од момчињата) имале знаци на проблематично користење на социјалните мрежи, додека четири години претходно тоа било седум проценти. Податоците се добиени во истражување кое опфатило 280.000 деца на возраст од 11, 13 и 15 години од 44 земји во Европа, Централна Азија и Канада. Кај нив се забележани симптоми слични на оние на зависност, а тоа се неможноста да се контролира прекумерната употреба, чувството на повлекување и напуштање на другите активности во корист на социјалните мрежи и негативните последици од прекумерната употреба во секојдневниот живот. Оваа појава е најраспространета кај романските адолесценти на возраст од 13 и 15 години, 28 отсто од нив, а најмалку е кај холандските адолесценти (три отсто). Причината за загриженост е тоа што една третина од адолесцентите играат онлајн секој ден, а 22 отсто од нив играат најмалку четири часа, покажуваат податоците на СЗО. Околу 12 проценти од адолесцентите имаат проблематично однесување поврзано со онлајн игрите, од кои 16 проценти се момчиња, а 7 проценти се девојчиња.  

The post СЗО е загрижено: Една третина од адолесцентите во Европа играат онлајн секој ден, а 22 отсто од нив играат најмалку четири часа appeared first on Република.

]]>