онколошки пациенти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/onkoloshki-patsienti/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 15:46:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png онколошки пациенти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/onkoloshki-patsienti/ 32 32 Николов: УИ за ПЕТ ќе имплементира нови радиофармацевтици за зголемување на нивото на здравствена заштита https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolov-ui-za-pet-ke-implementira-novi-radiofarmatsevtitsi-za-zgolemuvane-na-nivoto-na-zdravstvena-zashtita/ Mon, 11 Nov 2024 15:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=836421

Со директорите на ФЗОМ, Клековски и Аџигогов одржавме состанок во Универзитетскиот институт за позитроно - емисиона томографија, каде со директорката д-р Маневска разговаравме за можноста за зголемување на капацитетите на овој центар, напиша на својот фејсбук профил Игор Николов

Целта е намалување на листата на чекање, особено на највулнерабилната група на пациенти - онколошките.
Како единствен ваков центар на регионот, УИ за ПЕТ се стреми кон имплементирање на нови радиофармацевтици, со што ќе се зголеми нивото на здравствена заштита и услугите до пациентите ќе бидат подостапни.
Преку инвестиција во нова опрема нашата интенција е проширување на дијагностичките модалитети, искачување на повисока скала на нуклеарната медицина во нашата земја, на ниво како и во останатите европски и светски центри.

The post Николов: УИ за ПЕТ ќе имплементира нови радиофармацевтици за зголемување на нивото на здравствена заштита appeared first on Република.

]]>

Со директорите на ФЗОМ, Клековски и Аџигогов одржавме состанок во Универзитетскиот институт за позитроно - емисиона томографија, каде со директорката д-р Маневска разговаравме за можноста за зголемување на капацитетите на овој центар, напиша на својот фејсбук профил Игор Николов
Целта е намалување на листата на чекање, особено на највулнерабилната група на пациенти - онколошките. Како единствен ваков центар на регионот, УИ за ПЕТ се стреми кон имплементирање на нови радиофармацевтици, со што ќе се зголеми нивото на здравствена заштита и услугите до пациентите ќе бидат подостапни. Преку инвестиција во нова опрема нашата интенција е проширување на дијагностичките модалитети, искачување на повисока скала на нуклеарната медицина во нашата земја, на ниво како и во останатите европски и светски центри.

The post Николов: УИ за ПЕТ ќе имплементира нови радиофармацевтици за зголемување на нивото на здравствена заштита appeared first on Република.

]]>
МЗ: Комисијата за позитивна листа ја разгледува терапијата за онколошки пациенти https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/mz-komisijata-za-pozitivna-lista-ja-razgleduva-terapijata-za-onkoloshki-patsienti/ Wed, 23 Oct 2024 07:06:22 +0000 https://republika.mk/?p=830023

Комисијата за позитивна листа ја разгледува терапијата за онколошки пациенти, велат од Министерството за здравство за МИА. Одговарајќи на нашите прашања во однос на терапијата за онколошките пациенти, оттаму потенцираат дека и оваа категорија на лекови се разгледува од страна на комисијата, согласно пристигнатите апликации од фармацевтските компании.

- Се очекува и во делот на болничката позитивна листа да бидат воведени нови лекови што се дел од современите третмани за оваа категорија на пациенти. Современата онколошка терапија е веќе достапна за пациентите преку условните буџети што ги доделува Фондот на здравствените установи, а со нивно ставање на позитивната листа ќе се забрзаат процесите за нивна набавка, подвлекуваат од Министерството за здравство.

Во месецот посветен на борбата против рак на дојка, одговарајќи на нашите прашања, од Министерството информираат дека во 2023 година во рамки на скринингот за рано откривање рак на дојка се извршени снимања кај вкупно 4.987 жени, додека од почетокот на 2024 година досега, се прегледани вкупно 9.152 жени.

- Скринингот, годинава се одвива во вкупно 14 јавни здравствени установи и тоа на Универзитетски институт за радиологија, на Клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, во ГОБ „8 Септември“, во трите клинички болници во Тетово, Штип и Битола, поликлиника „Железара“, во поликлиниките „Букурешт“, „Јане Сандански“ и „Чаир“, како и во болниците во Кавадарци, Велес, Куманово и Струмица, појаснуваат од Министерството.

Инаку, додаваат оттаму, согласно новата патека за упатување на пациентките, во кабинет за дојка во системот „Мој термин“ се евидентирани вкупно 13.705 прегледи од почетокот на годинава.

- Во однос на ехо прегледи на дојка, само на Институт за радиологија во 2023 година се извршени вкупно 1.618 прегледи, а во 2024 година, досега, се реализирани вкупно 888 прегледи. На ниво на цела држава, во 2023 година се извршени вкупно 18.886 ехо прегледи и 16.421 мамографски преглед, додека годинава, досега, се извршени вкупно 11.676 ехо прегледи и 6.693 мамографии, информираат од Министерството.

Од аспект на опременоста на јавните здравствени установи со дијагностички апарати, потенцираат дека со поддршка од Европската банка за обнова и развој, изминатиот период биле обезбедени мамомати и ехо апарати за Институтот за радиологија, ГОБ „8 Септември“, Клиничка болница - Тетово и општите болници во Куманово, Струмица, Струга и Дебар. Сите апарати биле ставени во функција и станувало збор за најсовремени дијагностички апарати, од кои три, со томосинтеза и стереотаксична биопсија.

Дополнително, со средства од Министерството за здравство, била комплетно опремена нова амбуланта за мамографски скрининг во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

- Министерството почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван - Превенцијата е најдобра заштита“, што се спроведува со поддршка од СЗО, УНФПА, град Скопје, Здружение за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања „Фемина М“, како и Национална опера и балет, Факултет за музичка уметност и општествено одговорните компании „Скопје сити мол“ и „Синеплекс“, потсетија од Министерството.

Притоа, потсетија, исто така, дека главната активност на кампањата е одржувањето јавни трибини водени од панелисти стручни лица, доктори во јавните здравствени установи низ целата земја, со цел подигнување на свесноста за значењето на превенцијата и раната дијагностика на ракот на дојка.

Промена на Позитивната листа на лекови, корекција на скрининг програмата, нови протоколи на Клиниката за онкологија за да се подобрат условите за пациентите, но и да се олесни работата на докторите, ова се барањата на онколошките пациенти. Тие бараат нови терапии како што има во сите развиени европски, светски земји, бараат нови современи терапии, современ начин на скрининг и на дијагностика.

Катерина Цаневска Арсовска, новинарка и онколошки пациент, во изјава за МИА рече дека државата треба поорганизирано да настапува кон онколошките пациенти, да има доволно лекари и друг медицински персонал и лекови.

- Да има доволно доктори, медицински сестри, кревети. Мора многу поорганизирано да се настапува како држава кон онколошките пациенти, кон исполнувањето на услови за нивно лекување. Кога ќе одат да примат терапија, да не се плашат дали терапијата ќе ја има или ќе ја нема. Тешко е да нема терапија за некој од Скопје, кој ќе отиде и ќе се врати, па ќе доаѓа пак, ама замислете тоа да му се случува некому што е со километри оддалечен од главниот град. Затоа треба да се обезбедат сите, најдобрите видови на терапија и да ја примаат сите пациенти, на кои тоа им е потребно. Тоа е она што неопходно треба државата да го направи како еден од првите потези, за онколошките пациенти кои се борат со најтешката болест, како и за нивните семејства, кои заедно со нив ја водат таа битка и треба да помогнат во излекувањето, ни одговори таа.

The post МЗ: Комисијата за позитивна листа ја разгледува терапијата за онколошки пациенти appeared first on Република.

]]>

Комисијата за позитивна листа ја разгледува терапијата за онколошки пациенти, велат од Министерството за здравство за МИА. Одговарајќи на нашите прашања во однос на терапијата за онколошките пациенти, оттаму потенцираат дека и оваа категорија на лекови се разгледува од страна на комисијата, согласно пристигнатите апликации од фармацевтските компании. - Се очекува и во делот на болничката позитивна листа да бидат воведени нови лекови што се дел од современите третмани за оваа категорија на пациенти. Современата онколошка терапија е веќе достапна за пациентите преку условните буџети што ги доделува Фондот на здравствените установи, а со нивно ставање на позитивната листа ќе се забрзаат процесите за нивна набавка, подвлекуваат од Министерството за здравство. Во месецот посветен на борбата против рак на дојка, одговарајќи на нашите прашања, од Министерството информираат дека во 2023 година во рамки на скринингот за рано откривање рак на дојка се извршени снимања кај вкупно 4.987 жени, додека од почетокот на 2024 година досега, се прегледани вкупно 9.152 жени. - Скринингот, годинава се одвива во вкупно 14 јавни здравствени установи и тоа на Универзитетски институт за радиологија, на Клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, во ГОБ „8 Септември“, во трите клинички болници во Тетово, Штип и Битола, поликлиника „Железара“, во поликлиниките „Букурешт“, „Јане Сандански“ и „Чаир“, како и во болниците во Кавадарци, Велес, Куманово и Струмица, појаснуваат од Министерството. Инаку, додаваат оттаму, согласно новата патека за упатување на пациентките, во кабинет за дојка во системот „Мој термин“ се евидентирани вкупно 13.705 прегледи од почетокот на годинава. - Во однос на ехо прегледи на дојка, само на Институт за радиологија во 2023 година се извршени вкупно 1.618 прегледи, а во 2024 година, досега, се реализирани вкупно 888 прегледи. На ниво на цела држава, во 2023 година се извршени вкупно 18.886 ехо прегледи и 16.421 мамографски преглед, додека годинава, досега, се извршени вкупно 11.676 ехо прегледи и 6.693 мамографии, информираат од Министерството. Од аспект на опременоста на јавните здравствени установи со дијагностички апарати, потенцираат дека со поддршка од Европската банка за обнова и развој, изминатиот период биле обезбедени мамомати и ехо апарати за Институтот за радиологија, ГОБ „8 Септември“, Клиничка болница - Тетово и општите болници во Куманово, Струмица, Струга и Дебар. Сите апарати биле ставени во функција и станувало збор за најсовремени дијагностички апарати, од кои три, со томосинтеза и стереотаксична биопсија. Дополнително, со средства од Министерството за здравство, била комплетно опремена нова амбуланта за мамографски скрининг во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. - Министерството почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван - Превенцијата е најдобра заштита“, што се спроведува со поддршка од СЗО, УНФПА, град Скопје, Здружение за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања „Фемина М“, како и Национална опера и балет, Факултет за музичка уметност и општествено одговорните компании „Скопје сити мол“ и „Синеплекс“, потсетија од Министерството. Притоа, потсетија, исто така, дека главната активност на кампањата е одржувањето јавни трибини водени од панелисти стручни лица, доктори во јавните здравствени установи низ целата земја, со цел подигнување на свесноста за значењето на превенцијата и раната дијагностика на ракот на дојка. Промена на Позитивната листа на лекови, корекција на скрининг програмата, нови протоколи на Клиниката за онкологија за да се подобрат условите за пациентите, но и да се олесни работата на докторите, ова се барањата на онколошките пациенти. Тие бараат нови терапии како што има во сите развиени европски, светски земји, бараат нови современи терапии, современ начин на скрининг и на дијагностика. Катерина Цаневска Арсовска, новинарка и онколошки пациент, во изјава за МИА рече дека државата треба поорганизирано да настапува кон онколошките пациенти, да има доволно лекари и друг медицински персонал и лекови. - Да има доволно доктори, медицински сестри, кревети. Мора многу поорганизирано да се настапува како држава кон онколошките пациенти, кон исполнувањето на услови за нивно лекување. Кога ќе одат да примат терапија, да не се плашат дали терапијата ќе ја има или ќе ја нема. Тешко е да нема терапија за некој од Скопје, кој ќе отиде и ќе се врати, па ќе доаѓа пак, ама замислете тоа да му се случува некому што е со километри оддалечен од главниот град. Затоа треба да се обезбедат сите, најдобрите видови на терапија и да ја примаат сите пациенти, на кои тоа им е потребно. Тоа е она што неопходно треба државата да го направи како еден од првите потези, за онколошките пациенти кои се борат со најтешката болест, како и за нивните семејства, кои заедно со нив ја водат таа битка и треба да помогнат во излекувањето, ни одговори таа.

The post МЗ: Комисијата за позитивна листа ја разгледува терапијата за онколошки пациенти appeared first on Република.

]]>
За шест месеци, онколошки лекови ќе има на Позитивната листа https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/za-shest-mesetsi-onkoloshki-lekovi-ke-ima-na-pozitivnata-lista/ Mon, 19 Aug 2024 13:24:53 +0000 https://republika.mk/?p=807983

За незадоволството од страна на онколошки пациенти, во врска со ревидирањето на позитивната листа на лекови,министерот Таравари вели дека тие ќе бидат вклучени во следното ревидирање, кое според него ќе се случи за шест месеци.

Секогаш треба да анализираме што се можностите и што се потребите и според тоа да ја направиме што порационална Позитивната листа. Меѓу другото, тука министерот е само како член во Комисијата. Ние ќе се обидеме повторно да бидеме рационални и ефикасни во изборот на следните лекови и јас гарантирам дека за шест месеци ќе подготвиме нови лекови со што ќе биде надополнета оваа листа-вели Таравари.

Тој смета дека недостигот од радиолози и патолози е проблем што онколошки пациенти чекаат за резултати од патологија. Таравари најави на листата на вработување приоритет ќе имаат токму овие кадри.

The post За шест месеци, онколошки лекови ќе има на Позитивната листа appeared first on Република.

Власта не презеде ништо по скандалот со Онкологија, пациентите од Битола остануваат без терапија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ne-prezede-nishto-po-skandalot-so-onkologija-patsientite-od-bitola-ostanuvaat-bez-terapija/ Wed, 07 Feb 2024 12:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=741456

Власта не презеде ништо ниту по скандалот на Клиниката за Онкологија во Скопје. Онколошките пациентите од Битола остануваат без терапија, се трошат последните залихи на Oxaliplatin i Pertuzumab во Клиничката болница во Битола, објави Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Пациентите реагираат дека оваа недела се очекува да се потрошат количините, по што ќе се препраќаат на Клиника за онкологија зашто не е планирана набавка. Со ова, пациентите од регионов како да се граѓани од втор ред и немаат можност да примат основна терапија, додека на Клиника за онкологија им се доделуваат прескапи лекaрства со ограничени индикации, на пример Fezgo кои не се на позитивна листа, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Според Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ,  само за Fezgo ќе се одвојат милионски суми, во исто време додека пациентите водат борба за основни лекарства со што заради неспособноста и негрижата на Владата на ДУИ и СДС не враќаат 20 години наназад во однос на третманот на овие пациенти.

Оттука, може да се заклучи дека неспособната власт ниту покрај сканадот на Онкологија, не ги научи лекциите и ништо не е преземено за да се подобрат состојбите, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post Власта не презеде ништо по скандалот со Онкологија, пациентите од Битола остануваат без терапија appeared first on Република.

По Нова година треба да почне со работа дневната болница за онколошки пациенти во ГОБ „8 Септември“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/po-nova-godina-treba-da-pochne-so-rabota-dnevnata-bolnitsa-za-onkoloshki-patsienti-vo-gob-8-septemvri/ Thu, 28 Dec 2023 14:48:10 +0000 https://republika.mk/?p=727575

Онколошките пациенти да бидат мирни, ќе има биолошка терапија, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има биолошка терапија за онколошките пациенти, кои треба да ја добијат идната недела.

Министерот Меџити, кој присуствуваше на промовирање на нов апарат во Општата болница „8 Септември“, беше прашан и дали следен чекор ќе биде да се унапреди статусот на болницата.

Апсолутно се што е потребно за да функционира како што заслужуваат пациентите и граѓаните, тоа што ќе биде императив и што ќе имаме основа за таква постапка, ние одма ќе постапиме. Јас како министер и мојот кабинет, тука сме за целосна поддршка и за болницата „8 Септември“, нагласи министерот за здравство.

Директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов, на новинарско прашање кога ќе почне да работи екцелераторот и од кога ќе се почне да се третираат таму онколошките пациенти, кажа дека е во процедура вработување на нов физичар, како и дека апаратот е поставен.

Во процедура е вработувањето на новиот физичар, апаратот е поставен, ги имаме сите потребни додатни материјали и тоа што е потребно за да почне со работа овој акцелератор. Секако, ќе имаме помош и од некоја странска болница. Се надевам за брзо време и ќе можеме да почнеме со првите пациенти коишто ќе бидат за радиозрачење. Што се однесува до дневната болница за онколошките пациенти, веќе имавме две средби со менаџментот на Клиниката за онкологија и веќе утврдивме кои лекови ќе се даваат кај нас, рече тој.

Дневните болници, појасни директорот, се три амбуланти што ќе работат во прва смена, а од Клиниката за онкологија ќе бидат испраќани пациенти кои ќе бидат третирани во „8 Септември“.

Ние овде имаме двајца доктори онколози кои ќе се грижат за тие пациенти. Се надевам дека тоа ќе биде по Нова година, за брзо време ќе почнеме, нагласи Костов.

The post По Нова година треба да почне со работа дневната болница за онколошки пациенти во ГОБ „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>

Онколошките пациенти да бидат мирни, ќе има биолошка терапија, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има биолошка терапија за онколошките пациенти, кои треба да ја добијат идната недела. Министерот Меџити, кој присуствуваше на промовирање на нов апарат во Општата болница „8 Септември“, беше прашан и дали следен чекор ќе биде да се унапреди статусот на болницата.
Апсолутно се што е потребно за да функционира како што заслужуваат пациентите и граѓаните, тоа што ќе биде императив и што ќе имаме основа за таква постапка, ние одма ќе постапиме. Јас како министер и мојот кабинет, тука сме за целосна поддршка и за болницата „8 Септември“, нагласи министерот за здравство.
Директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов, на новинарско прашање кога ќе почне да работи екцелераторот и од кога ќе се почне да се третираат таму онколошките пациенти, кажа дека е во процедура вработување на нов физичар, како и дека апаратот е поставен.
Во процедура е вработувањето на новиот физичар, апаратот е поставен, ги имаме сите потребни додатни материјали и тоа што е потребно за да почне со работа овој акцелератор. Секако, ќе имаме помош и од некоја странска болница. Се надевам за брзо време и ќе можеме да почнеме со првите пациенти коишто ќе бидат за радиозрачење. Што се однесува до дневната болница за онколошките пациенти, веќе имавме две средби со менаџментот на Клиниката за онкологија и веќе утврдивме кои лекови ќе се даваат кај нас, рече тој.
Дневните болници, појасни директорот, се три амбуланти што ќе работат во прва смена, а од Клиниката за онкологија ќе бидат испраќани пациенти кои ќе бидат третирани во „8 Септември“.
Ние овде имаме двајца доктори онколози кои ќе се грижат за тие пациенти. Се надевам дека тоа ќе биде по Нова година, за брзо време ќе почнеме, нагласи Костов.
 
The post По Нова година треба да почне со работа дневната болница за онколошки пациенти во ГОБ „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>
Единствената болница за онколошки пациенти во Газа не работи поради недостиг на гориво, во опасност животот на 70 пациенти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/edinstvenata-bolnitsa-za-onkoloshki-patsienti-vo-gaza-ne-raboti-poradi-nedostig-na-gorivo-vo-opasnost-zhivotot-na-70-patsienti/ Wed, 01 Nov 2023 15:19:27 +0000 https://republika.mk/?p=697148

Единствената болница за лекување болни од рак во Појасот Газа престана да работи откако остана без гориво, соопштија денеска здравствените власти.

Директорот на болницата за турско-палестинско пријателство, Субхи Скаик, на прес-конференцијата што ја пренесува телевизијата Ал Џезира изјави дека болницата, во која главно се сместени болните од рак, останала без гориво и сега не работи.

Тој апелираше до светот да не ги остава болните од рак на „сигурна смрт“, бидејќи болницата не работи.

Палестинскиот министер за здравство Маи ал-Каила ги потврди овие наводи и истакна дека 16 од 35 болници во Појасот Газа моментално не работат.

Животите на 70 болни од рак во болницата се во сериозна опасност, предупреди таа.

Министерката изјави дека во Појасот Газа има околу 2.000 болни од рак кои живеат во, како што рече, „катастрофални здравствени услови“ по израелскиот напад на Појасот Газа и раселувањето на голем број луѓе.

The post Единствената болница за онколошки пациенти во Газа не работи поради недостиг на гориво, во опасност животот на 70 пациенти appeared first on Република.

]]>

Единствената болница за лекување болни од рак во Појасот Газа престана да работи откако остана без гориво, соопштија денеска здравствените власти. Директорот на болницата за турско-палестинско пријателство, Субхи Скаик, на прес-конференцијата што ја пренесува телевизијата Ал Џезира изјави дека болницата, во која главно се сместени болните од рак, останала без гориво и сега не работи. Тој апелираше до светот да не ги остава болните од рак на „сигурна смрт“, бидејќи болницата не работи. Палестинскиот министер за здравство Маи ал-Каила ги потврди овие наводи и истакна дека 16 од 35 болници во Појасот Газа моментално не работат.
Животите на 70 болни од рак во болницата се во сериозна опасност, предупреди таа.
Министерката изјави дека во Појасот Газа има околу 2.000 болни од рак кои живеат во, како што рече, „катастрофални здравствени услови“ по израелскиот напад на Појасот Газа и раселувањето на голем број луѓе.  

The post Единствената болница за онколошки пациенти во Газа не работи поради недостиг на гориво, во опасност животот на 70 пациенти appeared first on Република.

]]>
Тројца онколошки пациенти ќе имаат увид во истрагата на обвинителството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trojtsa-onkoloshki-patsienti-ke-imaat-uvid-vo-istragata-na-obvinitelstvoto/ Mon, 11 Sep 2023 13:48:44 +0000 https://republika.mk/?p=680936

Имајќи го предвид фактот дека со предметот кој се води во врска со Клиниката за онкологија се испитува евентуална повреда на највисокото уставно загарантирано право на здравствена заштита, Основното јавно обвинителство Скопје ќе преземе дополнителни чекори за обезбедување максимална транспарентност и отчетност на постапката.

Врз основа на барањето на онколошките пациенти изнесено на средбата која се одржа на 7 септември, Обвинителството денеска ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејствија.

Пациентите ќе треба претходно да потпишат изјави со кои ќе се гарантира тајноста на постапката и на личните податоци во кои ќе имаат увид. Начинот на избор на пациентите е оставен на нивните претставници кои го изнесоа ваквото барање.

Претходно, Основното јавно обвинителство Скопје ги охрабри сите граѓани кои имаат сознанија во врска со овој предмет, да ги пријават на надлежните органи. Во текот на денешниот ден, надлежниот јавен обвинител телефонски го контактираа 10-тина граѓани, кои сакаат со свои сознанија да и помогнат на постапката.

Јавното обвинителство ги презема сите дејствија за обезбедување докази со цел проверка на наводите во овој предмет. Во таа насока, од самиот почеток е вклучен и лекарски и друг медицински персонал.

The post Тројца онколошки пациенти ќе имаат увид во истрагата на обвинителството appeared first on Република.

]]>

Имајќи го предвид фактот дека со предметот кој се води во врска со Клиниката за онкологија се испитува евентуална повреда на највисокото уставно загарантирано право на здравствена заштита, Основното јавно обвинителство Скопје ќе преземе дополнителни чекори за обезбедување максимална транспарентност и отчетност на постапката. Врз основа на барањето на онколошките пациенти изнесено на средбата која се одржа на 7 септември, Обвинителството денеска ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејствија. Пациентите ќе треба претходно да потпишат изјави со кои ќе се гарантира тајноста на постапката и на личните податоци во кои ќе имаат увид. Начинот на избор на пациентите е оставен на нивните претставници кои го изнесоа ваквото барање. Претходно, Основното јавно обвинителство Скопје ги охрабри сите граѓани кои имаат сознанија во врска со овој предмет, да ги пријават на надлежните органи. Во текот на денешниот ден, надлежниот јавен обвинител телефонски го контактираа 10-тина граѓани, кои сакаат со свои сознанија да и помогнат на постапката. Јавното обвинителство ги презема сите дејствија за обезбедување докази со цел проверка на наводите во овој предмет. Во таа насока, од самиот почеток е вклучен и лекарски и друг медицински персонал.

The post Тројца онколошки пациенти ќе имаат увид во истрагата на обвинителството appeared first on Република.

]]>