омраза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/omraza/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Jun 2024 08:21:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png омраза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/omraza/ 32 32 Емилија Мизо Димков номинирана за јавен обвинител за следење кривични дела од омраза и дискриминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/emilija-mizo-dimkov-nominirana-za-javen-obvinitel-za-sledene-krivichni-dela-od-omraza-i-diskriminatsija/ Sat, 08 Jun 2024 08:21:47 +0000 https://republika.mk/?p=785669

Емилија Мизо Димков е номинирана за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје за следење на предметите за кривични дела од омраза и дискриминација.

Од Јавното обвинителство денеска информираа дека одлуката за номинација е донесена врз основа на заклучоците од средбата одржана на 20 мај годинава со претставници од невладиниот сектор.

Номинирањето на јавната обвинителка Емилија Мизо Димков е на првична иницијатива од КВИР Центар Скопје – Здружението за сексуални и родови малцинства, кое најави дека во следниот период ќе иницира формирање и на мрежа од невладини организации за потесна соработка меѓу граѓанскиот сектор и Јавното обвинителство во постапувањето по предметите за кривични дела од омраза и дискриминација, за што е најавена поддршка и од Советот на Европа, велат од ЈО.

Номинираната јавна обвинителка ќе има надлежност да го следи постапувањето во предметите и да остварува контакт со пријавителите и со невладините организации кои ги претставуваат интересите на лицата кои се јавуваат во својство на оштетени во ваквите предмети.

The post Емилија Мизо Димков номинирана за јавен обвинител за следење кривични дела од омраза и дискриминација appeared first on Република.

]]>

Емилија Мизо Димков е номинирана за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје за следење на предметите за кривични дела од омраза и дискриминација. Од Јавното обвинителство денеска информираа дека одлуката за номинација е донесена врз основа на заклучоците од средбата одржана на 20 мај годинава со претставници од невладиниот сектор.
Номинирањето на јавната обвинителка Емилија Мизо Димков е на првична иницијатива од КВИР Центар Скопје – Здружението за сексуални и родови малцинства, кое најави дека во следниот период ќе иницира формирање и на мрежа од невладини организации за потесна соработка меѓу граѓанскиот сектор и Јавното обвинителство во постапувањето по предметите за кривични дела од омраза и дискриминација, за што е најавена поддршка и од Советот на Европа, велат од ЈО.
Номинираната јавна обвинителка ќе има надлежност да го следи постапувањето во предметите и да остварува контакт со пријавителите и со невладините организации кои ги претставуваат интересите на лицата кои се јавуваат во својство на оштетени во ваквите предмети.

The post Емилија Мизо Димков номинирана за јавен обвинител за следење кривични дела од омраза и дискриминација appeared first on Република.

]]>
Грковска: Не смее да се нормализира говорот кој дискриминира и поттикнува насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-ne-smee-da-se-normalizira-govorot-koj-diskriminira-i-pottiknuva-nasilstvo/ Wed, 31 May 2023 15:19:37 +0000 https://republika.mk/?p=646525

„Историјата ни дала бројни поуки за последиците од организирано ширење омраза, а во контекст на технолошките можности кои ги имаме денеска, ова прашање стана далеку посериозно“- истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната конференција „Општество без омраза: заеднички труд и заедничка цел“.

Во своето воведно обраќање, вицепремиерката Грковска посочи дека е неопходно да се градат сеопфатни и што пошироки пристапи за справување со говорот на омраза, кои ќе ги вклучуваат сите аспекти на проблемот: корените на омразата, мотивите за нејзино ширење и искористување за одредени цели, справувањето со штетите врз поединците, групите, општеството и демократските уредувања на глобално ниво, како и регулацијата и санкционирањето.

 

„Клучно е да јакне свеста за разликите помеѓу слободата на говор и злоупотребата на таа слобода за дискриминирање, омаловажување и за поттикнување насилство врз цели групи во општеството“- додаде Грковска.

Таа посочи дека проблемот со говорот на омраза не може да се реши со една мерка или закон и дека справувањето мора да биде континуирано, со вклученост за сите страни и со инкорпорирање на меѓународните практики и искуства.

 

Овие појави, кои ја рушат функционалноста и кохезијата на општеството и кои влијаат на стабилноста, мирот и развојот, не смеат да бидат игнорирани, изјави вицепремиерката, додавајќи дека не смее да се остави неограничен простор за ширење омраза, која резултира со насилство и жртви.

„ Она на што јас би сакала посебно да се осврнам е личната одговорност, особено на оние кои имаат  одредено влијание во средината, а тоа влијание го користат, па дури и го јакнат преку ширење омраза.

 

Таквото однесување и таквата реторика на политичарите и јавните личности е катализатор за негативниот набој во општеството“- потенцираше Грковска и дополни дека клучно е заедничкото, посветено и постојано работење на заедничката цел - да се обезбеди ефикасна заштита од говорот на омраза во рамките на човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Ова беше и заедничкиот заклучок од денешниот настан, кој се организира по повод промоцијата на Препораката на Комитетот на министри за борба против говор на омраза на македонски јазик, а во рамки на програмата на Европската унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

 

The post Грковска: Не смее да се нормализира говорот кој дискриминира и поттикнува насилство appeared first on Република.

]]>

„Историјата ни дала бројни поуки за последиците од организирано ширење омраза, а во контекст на технолошките можности кои ги имаме денеска, ова прашање стана далеку посериозно“- истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната конференција „Општество без омраза: заеднички труд и заедничка цел“. Во своето воведно обраќање, вицепремиерката Грковска посочи дека е неопходно да се градат сеопфатни и што пошироки пристапи за справување со говорот на омраза, кои ќе ги вклучуваат сите аспекти на проблемот: корените на омразата, мотивите за нејзино ширење и искористување за одредени цели, справувањето со штетите врз поединците, групите, општеството и демократските уредувања на глобално ниво, како и регулацијата и санкционирањето.   „Клучно е да јакне свеста за разликите помеѓу слободата на говор и злоупотребата на таа слобода за дискриминирање, омаловажување и за поттикнување насилство врз цели групи во општеството“- додаде Грковска. Таа посочи дека проблемот со говорот на омраза не може да се реши со една мерка или закон и дека справувањето мора да биде континуирано, со вклученост за сите страни и со инкорпорирање на меѓународните практики и искуства.   Овие појави, кои ја рушат функционалноста и кохезијата на општеството и кои влијаат на стабилноста, мирот и развојот, не смеат да бидат игнорирани, изјави вицепремиерката, додавајќи дека не смее да се остави неограничен простор за ширење омраза, која резултира со насилство и жртви. „ Она на што јас би сакала посебно да се осврнам е личната одговорност, особено на оние кои имаат  одредено влијание во средината, а тоа влијание го користат, па дури и го јакнат преку ширење омраза.   Таквото однесување и таквата реторика на политичарите и јавните личности е катализатор за негативниот набој во општеството“- потенцираше Грковска и дополни дека клучно е заедничкото, посветено и постојано работење на заедничката цел - да се обезбеди ефикасна заштита од говорот на омраза во рамките на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Ова беше и заедничкиот заклучок од денешниот настан, кој се организира по повод промоцијата на Препораката на Комитетот на министри за борба против говор на омраза на македонски јазик, а во рамки на програмата на Европската унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.  

The post Грковска: Не смее да се нормализира говорот кој дискриминира и поттикнува насилство appeared first on Република.

]]>