ОМО ИЛинден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/omo-ilinden/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Nov 2022 13:40:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ОМО ИЛинден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/omo-ilinden/ 32 32 Борислав Божинов од ОМО Илинден најавува отварање на приватен македонски клуб во село кај Пловдив https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/borislav-bozinov-od-omo-ilinden-najavuva-otvaranje-na-privaten-makedonski-klub-vo-selo-kaj-plovdiv/ Sun, 06 Nov 2022 13:40:33 +0000 https://republika.mk/?p=570371

Македонците од Бугарија не се откажуваат од формирање на приватни македонски клубови, по затварањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Борислав Божинов од ОМО Илинден најавува дека во неговиот двор, гаража од 30 метри квадратни во село Крумово на пет километри од Пловдив ќе го отвори приватeн клуб.

Божинов заедно со Кирил Иванов од ОМО Илинден денеска присуствуваат на семакедонскиот собир во организација на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип.

Решив да си отворам клуб во мојот двор, имам гаража голема е околу 30 метри квадратни и напролет ќе оворам приватен клуб и да немам врска со државата и ништо. Клубот ќе се вика „Јане Сандански“ или „Македонија“, се уште немаме решено како ќе се нарекува, вели Божинов.

Тој посочува дека целта на отварањето на клубот е да се подигне самосвеста, како и признавање на Македонците во Бугарија и Пловдив.

Има многу бегалци од егејскиот дел на Македонија во Пловдив, цел кварт е, а нашите Македонци го крстиле „Мал Париз“, вели Божинов.

Тој забележа дека бугарските власти знаат за неговите намери и како што вели, Македонци се следени во сите нивни активности, но тоа не го загрижува. Што се однесува за младите, Божинов вели дека младите не се запознати ниту со историјата и немаат сознание за нивните корени и национална припадност.

Токму поради тоа и сакам да го отворам клубот да им се врати самосвеста. Во Половдив, но и низ селата има околу 100.000 бегалци од егејска Македонија, додава Божинов.

Кирил Иванов од „ОМО Илинден“ вели дека откако бугарскиот суд го затвори клубот „Никола Вапцаров“, кој беше отворен минатата недела во Благоевград под силно полициско обезбедување и провокации, сега ситуацијата е нормална.

Иванов посочи дека борбата за нивните права во Бугарија ќе продолжи, како и досега, а прашан дали ќе формираат ново здружение и клуб во Благоевград изјави дека ќе одлучат што понатаму во вторник, кога имаат средба.

The post Борислав Божинов од ОМО Илинден најавува отварање на приватен македонски клуб во село кај Пловдив appeared first on Република.

]]>

Македонците од Бугарија не се откажуваат од формирање на приватни македонски клубови, по затварањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Борислав Божинов од ОМО Илинден најавува дека во неговиот двор, гаража од 30 метри квадратни во село Крумово на пет километри од Пловдив ќе го отвори приватeн клуб. Божинов заедно со Кирил Иванов од ОМО Илинден денеска присуствуваат на семакедонскиот собир во организација на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип.
Решив да си отворам клуб во мојот двор, имам гаража голема е околу 30 метри квадратни и напролет ќе оворам приватен клуб и да немам врска со државата и ништо. Клубот ќе се вика „Јане Сандански“ или „Македонија“, се уште немаме решено како ќе се нарекува, вели Божинов.
Тој посочува дека целта на отварањето на клубот е да се подигне самосвеста, како и признавање на Македонците во Бугарија и Пловдив.
Има многу бегалци од егејскиот дел на Македонија во Пловдив, цел кварт е, а нашите Македонци го крстиле „Мал Париз“, вели Божинов.
Тој забележа дека бугарските власти знаат за неговите намери и како што вели, Македонци се следени во сите нивни активности, но тоа не го загрижува. Што се однесува за младите, Божинов вели дека младите не се запознати ниту со историјата и немаат сознание за нивните корени и национална припадност.
Токму поради тоа и сакам да го отворам клубот да им се врати самосвеста. Во Половдив, но и низ селата има околу 100.000 бегалци од егејска Македонија, додава Божинов.
Кирил Иванов од „ОМО Илинден“ вели дека откако бугарскиот суд го затвори клубот „Никола Вапцаров“, кој беше отворен минатата недела во Благоевград под силно полициско обезбедување и провокации, сега ситуацијата е нормална. Иванов посочи дека борбата за нивните права во Бугарија ќе продолжи, како и досега, а прашан дали ќе формираат ново здружение и клуб во Благоевград изјави дека ќе одлучат што понатаму во вторник, кога имаат средба.

The post Борислав Божинов од ОМО Илинден најавува отварање на приватен македонски клуб во село кај Пловдив appeared first on Република.

]]>
ОМО „Илинден“: Бугарија се откажала од цар Самоил уште во 1947 година – што сака сега? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/omo-ilinden-bugarija-se-otkazala-od-car-samoil-ushte-vo-1947-godina-shto-saka-sega/ Sat, 04 Jun 2022 19:33:38 +0000 https://republika.mk/?p=511246

ОМО ИЛинден прашува зошто повторно се преговара за историјата со Бугарија кога тоа е веќе договорено. ОМО Илинден објави документ од 1947 година, во кој историски комисии помеѓу Македонија и Бугарија ги уредиле бугарските погледи на македонската историја.

Документите се за исправки на историските читанки во Бугарија. Во документите стои дека промените се со цел да се спречи големо-бугарскиот шовинизам и се однесуваат на различни историски периоди.

Во еден од документите стои дека Самоиловата држава не е западнобугарска држава туку типична феудална држава во која доминантно население се македонските словени.

Понатаму, во бугарската историја треба да ја пишува вистината дека Климент и Наум се сесловенски просветители, а Кнежеството на Пребонд е првиот обид на македонските словени да создадат независна држава, а браќата Миладиновци се македонски просветители!

Денес може само да заклучиме дека Бугарија не го почитува потпишаното од 22 ноември 1947 година.

Од овде произлегува прашањето зошто Македонија во моментов преговара за сопствената историја и за работи кои биле дефинирани и договорени пред речиси цел век?

И не е само овој договор, кој не е почитуван од официјалните бугарски власти, тие исто така се потписници на:
1. Договор во Блед – со кој Бугарија се залага да ги осигура правата на Македонците во Пиринска Македонија (денес Бугарија) во слободен национален, економски и културен развој и воопшто односите на Бугарија спрема Македонија.
2. Декларацијата на ООН за човековите права
3. Европската рамковна конвенција за национални малцинства
4. Меѓународниот пакт за граѓански и политички права
5. Меѓународниот пакт за економски, културни и социјални права
Нека овој документ биде пример како треба да биде претставена вистинската историја пред 1945, која дефинитивно не е бугарска.
МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ВЕДНАШ ДА ПРЕКИНЕ СЕКАКВИ ПРЕГОВОРИ ЗА ИСТОРИЈАТА СО БУГАРИЈА И ДА БАРА ОД БУГАРСКАТА СТРАНА ДА ГИ ПОЧИТУВА ПОТПИШАНИТЕ ДОКУМЕНТИ ОД 1947 ГОДИНА!!!

The post ОМО „Илинден“: Бугарија се откажала од цар Самоил уште во 1947 година – што сака сега? appeared first on Република.

]]>

ОМО ИЛинден прашува зошто повторно се преговара за историјата со Бугарија кога тоа е веќе договорено. ОМО Илинден објави документ од 1947 година, во кој историски комисии помеѓу Македонија и Бугарија ги уредиле бугарските погледи на македонската историја. Документите се за исправки на историските читанки во Бугарија. Во документите стои дека промените се со цел да се спречи големо-бугарскиот шовинизам и се однесуваат на различни историски периоди. Во еден од документите стои дека Самоиловата држава не е западнобугарска држава туку типична феудална држава во која доминантно население се македонските словени. Понатаму, во бугарската историја треба да ја пишува вистината дека Климент и Наум се сесловенски просветители, а Кнежеството на Пребонд е првиот обид на македонските словени да создадат независна држава, а браќата Миладиновци се македонски просветители! Денес може само да заклучиме дека Бугарија не го почитува потпишаното од 22 ноември 1947 година. Од овде произлегува прашањето зошто Македонија во моментов преговара за сопствената историја и за работи кои биле дефинирани и договорени пред речиси цел век? И не е само овој договор, кој не е почитуван од официјалните бугарски власти, тие исто така се потписници на: 1. Договор во Блед – со кој Бугарија се залага да ги осигура правата на Македонците во Пиринска Македонија (денес Бугарија) во слободен национален, економски и културен развој и воопшто односите на Бугарија спрема Македонија. 2. Декларацијата на ООН за човековите права 3. Европската рамковна конвенција за национални малцинства 4. Меѓународниот пакт за граѓански и политички права 5. Меѓународниот пакт за економски, културни и социјални права Нека овој документ биде пример како треба да биде претставена вистинската историја пред 1945, која дефинитивно не е бугарска. МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ВЕДНАШ ДА ПРЕКИНЕ СЕКАКВИ ПРЕГОВОРИ ЗА ИСТОРИЈАТА СО БУГАРИЈА И ДА БАРА ОД БУГАРСКАТА СТРАНА ДА ГИ ПОЧИТУВА ПОТПИШАНИТЕ ДОКУМЕНТИ ОД 1947 ГОДИНА!!!

The post ОМО „Илинден“: Бугарија се откажала од цар Самоил уште во 1947 година – што сака сега? appeared first on Република.

]]>
Бугарското МНР загрижено за средбата на Пендаровски со претставници на ОМО „Илинден“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskoto-mnr-zagrizeno-za-sredbata-na-pendarovski-so-pretstavnici-na-omo-ilinden/ Sat, 29 Jan 2022 17:40:13 +0000 https://republika.mk/?p=451302

Бугарското Министерство за надворешни работи изразува загриженост за последните случувања во Република Македонија, поврзани со постапки на функционери кои изнесуваат негативни ставови во јавноста и кои се во спротивност со позитивната клима создадена од активните напори на владите на Бугарија и Македонија.

Ова се наведува во соопштението на бугарското МНР, објавено на неговата веб-страница.

Неколку дена по успешната заедничка средба на владите на двете земји, повторно сме сведоци на зголемување на тензиите во јавноста предизвикани од конкретни постапки на претседателот на Македонија, кој се обидува да ги обнови темите кои се во спротивност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Ваквите дејствија не придонесуваат за изнаоѓање решенија за политички прашања во насока на забрзување на процесот на европска интеграција на Македонија и на меѓусебна доверба, се вели во соопштението.

The post Бугарското МНР загрижено за средбата на Пендаровски со претставници на ОМО „Илинден“ appeared first on Република.

]]>

Бугарското Министерство за надворешни работи изразува загриженост за последните случувања во Република Македонија, поврзани со постапки на функционери кои изнесуваат негативни ставови во јавноста и кои се во спротивност со позитивната клима создадена од активните напори на владите на Бугарија и Македонија. Ова се наведува во соопштението на бугарското МНР, објавено на неговата веб-страница.
Неколку дена по успешната заедничка средба на владите на двете земји, повторно сме сведоци на зголемување на тензиите во јавноста предизвикани од конкретни постапки на претседателот на Македонија, кој се обидува да ги обнови темите кои се во спротивност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Ваквите дејствија не придонесуваат за изнаоѓање решенија за политички прашања во насока на забрзување на процесот на европска интеграција на Македонија и на меѓусебна доверба, се вели во соопштението.

The post Бугарското МНР загрижено за средбата на Пендаровски со претставници на ОМО „Илинден“ appeared first on Република.

]]>
Страницата на ОМО Илинден Пирин на Фејсбук била блокирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/stranicata-na-omo-ilinden-pirin-na-fejsbuk-bila-blokirana/ Fri, 28 Jan 2022 19:11:11 +0000 https://republika.mk/?p=450870

Страницата на ОМО Илинден на Фејсбук била блокирана за време на средбата на Македонците од Бугарија со македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Фејсбук-страницата на ОМО Илинден била блокирана речиси истовремено со средбата на претставниците на оваа организација и на неколкуте други здруженија на Македонците од Бугарија со претседателот Стево Пендаровски, потврди Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин за „Нова Македонија“. Тој објасни дека блокадата била под чудното и лажно обвинение за „спам“ (испраќање речиси идентични небарани пораки до голем број корисници).

Пендаровски денеска прими ги приме претставниците на неколку здруженија на Македонците од Бугарија, кои го информираа за нивната работа и активности.

Македонците во Бугарија постојано се жалат дека не уживаат права кај источниот сосед, не се признати и не можат слободно на попис да се изјаснат како Македонци. 

The post Страницата на ОМО Илинден Пирин на Фејсбук била блокирана appeared first on Република.

]]>

Страницата на ОМО Илинден на Фејсбук била блокирана за време на средбата на Македонците од Бугарија со македонскиот претседател Стево Пендаровски.
Фејсбук-страницата на ОМО Илинден била блокирана речиси истовремено со средбата на претставниците на оваа организација и на неколкуте други здруженија на Македонците од Бугарија со претседателот Стево Пендаровски, потврди Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин за „Нова Македонија“. Тој објасни дека блокадата била под чудното и лажно обвинение за „спам“ (испраќање речиси идентични небарани пораки до голем број корисници). Пендаровски денеска прими ги приме претставниците на неколку здруженија на Македонците од Бугарија, кои го информираа за нивната работа и активности. Македонците во Бугарија постојано се жалат дека не уживаат права кај источниот сосед, не се признати и не можат слободно на попис да се изјаснат како Македонци. 

The post Страницата на ОМО Илинден Пирин на Фејсбук била блокирана appeared first on Република.

]]>
Пендаровски се сретна со „ОМО Илинден“, но не кажа дали тие се Македонци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-se-sretna-so-omo-ilinden-no-ne-kaza-dali-tie-se-makedonci/ Fri, 28 Jan 2022 15:22:48 +0000 https://republika.mk/?p=450790

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со претставници на Македонците од Бугарија. Во коментарот по средбата, шефот на државата ниту еднаш не спомена дека тие се Македонци туку граѓани од Бугарија

The post Пендаровски се сретна со „ОМО Илинден“, но не кажа дали тие се Македонци appeared first on Република.

Македонците од Бугарија побараа средба со Пендаровски по добиените 11 пресуди пред Европскиот суд за човекови слободи и права од Стразбур https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedoncite-od-bugarija-pobaraa-sredba-so-pendarovski-po-dobienite-11-presudi-pred-evropskiot-sud-za-chovekovi-slobodi-i-prava-od-strazbur/ Thu, 13 Jan 2022 09:55:07 +0000 https://republika.mk/?p=444053

Претседателот на државата Стево Пендаровски, на барање на ОМО „Илинден Пирин“ Бугарија, ќе оствари средба со нивните претставници во својот Кабинет. Целта на посетата и темите на разговор засега не се познати.

Барањето е испратено до Кабинетот на претседателот и позитивно е одговорено, потврдија од Кабинетот на Пендаровски за МИА, но се уште не утврден точен датум кога ќе се реализира оваа средба.

Барањето е добиено и претседателот Пендаровски ќе ги прими претставници на ОМО Илинден. За точниот датум ќе информираме дополнително, информираат од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

ОМО „Илинден Пирин“ е една од организациите и здруженијата на македонското малцинство во Бугарија, која има добиено 11 од вкупно 16 пресуди пред Европскиот суд за човекови слободи и права од Стразбур за кршење на правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија.

Претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано во одговор на прашањето на МИА за неспроведувањето на 16-те пресуди за Бугарија за прекршување на човековите права и правото на здружување на македонското малцинство, на прес-конференција во Скопје на 5 ноември минатата година, рече дека општото начело е сосема јасно и дека секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот.

Прашањето што го поставувате е прашање што се однесува на спроведувањето и извршувањето на судските одлуки и важно е да се потсетиме дека постои јасна разлика меѓу улогата на Судот да изрекува одлуки и посебниот оддел на Советот на Европа кој го надзира спроведувањето. Претседателот на Судот не е тој што треба јавно да дава коментари. Меѓутоа, општото начело е сосема јасно, тоа е дека секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот. Во голем број пресуди Судот потсетува на ова начело и државата мора да ги спроведе одлуките на Судот во духот на Конвенцијата, подвлече Спано.

Таа обврска, додаде тој е недвојбена и јасна.

Тоа е општата изјава што би сакал да ја дадам по тоа прашање, меѓутоа не е моја улога јас да дадам коментар за конкретни поединечни чувствителни прашања меѓу две земји во однос на спроведувањето и одредени видови пресуди, оцени Спано на заедничката прес-конференција во ноември во Скопје со министерот за правда Бојан Маричиќ.

Спано исто така додаде дека кога се работи за спроведување и извршување одлуки на Судот, одговорноста на министерскиот совет е да го следи процесот.

Во таа смисла многу е јасно дека општата легитимност е авторитетот на системот и причината за неговото постоење е кога Судот за човекови права во Стразбур ќе изрече обврзувачка пресуда на поединечна земја-членка. Таа земја-членка со тоа што е потписничка на Конвенцијата има направено еден избор дека ќе се смета за обврзана, тоа е логичкиот тек, меѓутоа како се одвиваат работите во секој конкретен случај треба министерскиот совет да ги обезбеди, а не Судот, посочи претседателот на Европскиот суд за човекови права Спано на прес-конференцијата во Скопје.

Комитетот на министрите на Советот на Европа, во јуни минатата година изрази загриженост и побара од бугарските власти да обезбедат информации за овие случаи до 1 декември 2021 година, како и да се продолжи со разгледување на спроведувањето на пресудите од ова група на предмети за време на состанокот во март 2022 година.

Во својата одлука, Комитетот на министрите на Советот на Европа, по предметите ОМО Илинден и другите против Бугарија, најпрво потсетува дека оваа група на случаи се однесува на неоправдано одбивање од страна на судовите, помеѓу 1999 и 2015 година, да регистрираат здруженија кои имаат за цел да се добие признавање на „македонското малцинство во Бугарија“, одбивања засновани врз разгледување на националната безбедност, заштитата на јавниот ред и правата на други (претпоставени сепаратистички идеи) и уставна забрана за здруженија кои извршуваат политички цели, како и непочитување на формалните законски барања (прекршувања на член 11).

Комитетот на министрите во својата одлука ја изразува својата длабока загриженост дека, и покрај усвојувањето на Привремената резолуција CM / ResDH (2020) 197 при последното испитување на овие случаи, најновите апликации за регистрација иницирани од здруженијата на апликантите откриваат нови проблеми поврзани со навидум неконзистентна апликација на формалните законски барања или се потпираат на основи поврзани со целите на здруженијата што ги бараат, пристап кој постојано беше критикуван од Европскиот суд. Во во овој контекст, КМ на СЕ ги повика бугарските власти да го разјаснат постоењето и влијанието на практиката што се состои во тоа што здруженијата се обврзуваат да се регистрираат според статутот на здруженија од јавен интерес.

The post Македонците од Бугарија побараа средба со Пендаровски по добиените 11 пресуди пред Европскиот суд за човекови слободи и права од Стразбур appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата Стево Пендаровски, на барање на ОМО „Илинден Пирин“ Бугарија, ќе оствари средба со нивните претставници во својот Кабинет. Целта на посетата и темите на разговор засега не се познати. Барањето е испратено до Кабинетот на претседателот и позитивно е одговорено, потврдија од Кабинетот на Пендаровски за МИА, но се уште не утврден точен датум кога ќе се реализира оваа средба.
Барањето е добиено и претседателот Пендаровски ќе ги прими претставници на ОМО Илинден. За точниот датум ќе информираме дополнително, информираат од Кабинетот на претседателот Пендаровски.
ОМО „Илинден Пирин“ е една од организациите и здруженијата на македонското малцинство во Бугарија, која има добиено 11 од вкупно 16 пресуди пред Европскиот суд за човекови слободи и права од Стразбур за кршење на правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија. Претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано во одговор на прашањето на МИА за неспроведувањето на 16-те пресуди за Бугарија за прекршување на човековите права и правото на здружување на македонското малцинство, на прес-конференција во Скопје на 5 ноември минатата година, рече дека општото начело е сосема јасно и дека секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот.
Прашањето што го поставувате е прашање што се однесува на спроведувањето и извршувањето на судските одлуки и важно е да се потсетиме дека постои јасна разлика меѓу улогата на Судот да изрекува одлуки и посебниот оддел на Советот на Европа кој го надзира спроведувањето. Претседателот на Судот не е тој што треба јавно да дава коментари. Меѓутоа, општото начело е сосема јасно, тоа е дека секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот. Во голем број пресуди Судот потсетува на ова начело и државата мора да ги спроведе одлуките на Судот во духот на Конвенцијата, подвлече Спано.
Таа обврска, додаде тој е недвојбена и јасна.
Тоа е општата изјава што би сакал да ја дадам по тоа прашање, меѓутоа не е моја улога јас да дадам коментар за конкретни поединечни чувствителни прашања меѓу две земји во однос на спроведувањето и одредени видови пресуди, оцени Спано на заедничката прес-конференција во ноември во Скопје со министерот за правда Бојан Маричиќ.
Спано исто така додаде дека кога се работи за спроведување и извршување одлуки на Судот, одговорноста на министерскиот совет е да го следи процесот.
Во таа смисла многу е јасно дека општата легитимност е авторитетот на системот и причината за неговото постоење е кога Судот за човекови права во Стразбур ќе изрече обврзувачка пресуда на поединечна земја-членка. Таа земја-членка со тоа што е потписничка на Конвенцијата има направено еден избор дека ќе се смета за обврзана, тоа е логичкиот тек, меѓутоа како се одвиваат работите во секој конкретен случај треба министерскиот совет да ги обезбеди, а не Судот, посочи претседателот на Европскиот суд за човекови права Спано на прес-конференцијата во Скопје.
Комитетот на министрите на Советот на Европа, во јуни минатата година изрази загриженост и побара од бугарските власти да обезбедат информации за овие случаи до 1 декември 2021 година, како и да се продолжи со разгледување на спроведувањето на пресудите од ова група на предмети за време на состанокот во март 2022 година. Во својата одлука, Комитетот на министрите на Советот на Европа, по предметите ОМО Илинден и другите против Бугарија, најпрво потсетува дека оваа група на случаи се однесува на неоправдано одбивање од страна на судовите, помеѓу 1999 и 2015 година, да регистрираат здруженија кои имаат за цел да се добие признавање на „македонското малцинство во Бугарија“, одбивања засновани врз разгледување на националната безбедност, заштитата на јавниот ред и правата на други (претпоставени сепаратистички идеи) и уставна забрана за здруженија кои извршуваат политички цели, како и непочитување на формалните законски барања (прекршувања на член 11). Комитетот на министрите во својата одлука ја изразува својата длабока загриженост дека, и покрај усвојувањето на Привремената резолуција CM / ResDH (2020) 197 при последното испитување на овие случаи, најновите апликации за регистрација иницирани од здруженијата на апликантите откриваат нови проблеми поврзани со навидум неконзистентна апликација на формалните законски барања или се потпираат на основи поврзани со целите на здруженијата што ги бараат, пристап кој постојано беше критикуван од Европскиот суд. Во во овој контекст, КМ на СЕ ги повика бугарските власти да го разјаснат постоењето и влијанието на практиката што се состои во тоа што здруженијата се обврзуваат да се регистрираат според статутот на здруженија од јавен интерес.

The post Македонците од Бугарија побараа средба со Пендаровски по добиените 11 пресуди пред Европскиот суд за човекови слободи и права од Стразбур appeared first on Република.

]]>