Омо илинден-Пирин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/omo-ilinden-pirin/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 18:34:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Омо илинден-Пирин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/omo-ilinden-pirin/ 32 32 Повеќе од 18 години Бугарија не ги спроведува пресудите на ЕСЧП, Советот на Европа бара одговори до 16 декември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poveke-od-18-godini-bugarija-ne-gi-sproveduva-presudite-na-eschp-sovetot-na-evropa-bara-odgovori-do-16-dekemvri/ Sat, 21 Sep 2024 19:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=818582

Чекор напред е последниот извештај на Комитетот на министри на Советот на Европа во кој се укажува дека Бугарија се уште не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права, оценува првиот човек на ОМО Илинден Пирин Стојко Стојков.

Стојков, во изјава за Канал 5, посочува дека Бугарија од 2016 година е ставена под силен мониторинг и била принудена да прави разни мерки за избегне казни, но не успеала во тоа.

- Ова е чекор напред. Веќе од 2016 година Бугарија е ставена под засилен мониторинг и беше принудена да прави повеќе маневри за да избегне казнени одлуки. Меѓутоа во тоа Република Бугарија не успеа, напротив секоја следна одлука беше се појасна. Полека се сфати во Комитетот на министрите дека не е во прашање некои грешки од страна на македонските организации, туку случај на системска дискриминација, вели Стојков.

Повеќе години Бугарија не ги спроведува пресудите на ЕСЧП и не дозволува да се регистрираат здруженија на македонското малцинство во Бугарија.

Комитетот на министри на Советот на Европа во својота последна одлука, објавена по кварталниот состанок за мониторинг над извршувањето на пресудите и одлуките на судот во Стразбур одржана од 17 до 19 септември, на бугарските власти им дава рок до 16 декември да даде одговор на сите овие прашања и одлучува да го продолжат испитувањето на овие случаи на нивниот состанок во март 2025 година

-   Изрази жалење што, и покрај мерките усвоени од властите помеѓу 2018 и 2024 година, усвојувањето на Привремената резолуција CM/ResDH(2020)197 и последователните одлуки, повеќе од 18 години по првата правосилна пресуда во оваа група, здруженијата кои имаат за цел „да го постигнат признавање на македонското малцинство“ и понатаму рутински им се одбива регистрацијата главно поради поширокиот проблем на неодобрување на нивните цели; забележа, исто така, дека очигледно неконзистентната примена на формалните барања покренува прашања за правна сигурност за апликантот и слични здруженија, се вели во извештајот на Комитетот.

Во одлуката Комитетот потсетува дека оваа група случаи се однесува на неоправдано одбивање на судовите, во периодот од 1999 до 2015 година, да ги регистрираат здруженијата апликанти врз основа на размислувањата за националната безбедност, заштитата на јавниот ред и правата на другите (цели кои имаат за цел „признавање на македонското малцинство “ и наводни сепаратистички идеи) и за уставната забрана за здруженија кои остваруваат политички цели, како и неисполнување на формално-правните барања (повреда на член 11).

-  Силно ги повика властите да преземат решителна акција што Комитетот ја повика во своите претходни одлуки за да се осигура дека секое ново барање за регистрација на здруженијата апликанти или слични здруженија се испитува во целосна согласност со обврската од член 11 од Конвенцијата за заштита правото на слобода на здружување, се вели во извештајот.

Во меѓувреме и македонското МНР изрази задоволство од последниот годишен Извештај на Комитетот на министри на Советот на Европа за состојбата со имплементацијата на пресудите на Европскиот суд за човекови права, групата случаи “ОМО Илинден и другите против Бугарија”, во врска со одбивањето на Бугарија да ги регистрира здруженијата на Македонците во државата.

The post Повеќе од 18 години Бугарија не ги спроведува пресудите на ЕСЧП, Советот на Европа бара одговори до 16 декември appeared first on Република.

]]>

Чекор напред е последниот извештај на Комитетот на министри на Советот на Европа во кој се укажува дека Бугарија се уште не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права, оценува првиот човек на ОМО Илинден Пирин Стојко Стојков. Стојков, во изјава за Канал 5, посочува дека Бугарија од 2016 година е ставена под силен мониторинг и била принудена да прави разни мерки за избегне казни, но не успеала во тоа.
- Ова е чекор напред. Веќе од 2016 година Бугарија е ставена под засилен мониторинг и беше принудена да прави повеќе маневри за да избегне казнени одлуки. Меѓутоа во тоа Република Бугарија не успеа, напротив секоја следна одлука беше се појасна. Полека се сфати во Комитетот на министрите дека не е во прашање некои грешки од страна на македонските организации, туку случај на системска дискриминација, вели Стојков.
Повеќе години Бугарија не ги спроведува пресудите на ЕСЧП и не дозволува да се регистрираат здруженија на македонското малцинство во Бугарија. Комитетот на министри на Советот на Европа во својота последна одлука, објавена по кварталниот состанок за мониторинг над извршувањето на пресудите и одлуките на судот во Стразбур одржана од 17 до 19 септември, на бугарските власти им дава рок до 16 декември да даде одговор на сите овие прашања и одлучува да го продолжат испитувањето на овие случаи на нивниот состанок во март 2025 година
-   Изрази жалење што, и покрај мерките усвоени од властите помеѓу 2018 и 2024 година, усвојувањето на Привремената резолуција CM/ResDH(2020)197 и последователните одлуки, повеќе од 18 години по првата правосилна пресуда во оваа група, здруженијата кои имаат за цел „да го постигнат признавање на македонското малцинство“ и понатаму рутински им се одбива регистрацијата главно поради поширокиот проблем на неодобрување на нивните цели; забележа, исто така, дека очигледно неконзистентната примена на формалните барања покренува прашања за правна сигурност за апликантот и слични здруженија, се вели во извештајот на Комитетот.
Во одлуката Комитетот потсетува дека оваа група случаи се однесува на неоправдано одбивање на судовите, во периодот од 1999 до 2015 година, да ги регистрираат здруженијата апликанти врз основа на размислувањата за националната безбедност, заштитата на јавниот ред и правата на другите (цели кои имаат за цел „признавање на македонското малцинство “ и наводни сепаратистички идеи) и за уставната забрана за здруженија кои остваруваат политички цели, како и неисполнување на формално-правните барања (повреда на член 11).
-  Силно ги повика властите да преземат решителна акција што Комитетот ја повика во своите претходни одлуки за да се осигура дека секое ново барање за регистрација на здруженијата апликанти или слични здруженија се испитува во целосна согласност со обврската од член 11 од Конвенцијата за заштита правото на слобода на здружување, се вели во извештајот.
Во меѓувреме и македонското МНР изрази задоволство од последниот годишен Извештај на Комитетот на министри на Советот на Европа за состојбата со имплементацијата на пресудите на Европскиот суд за човекови права, групата случаи “ОМО Илинден и другите против Бугарија”, во врска со одбивањето на Бугарија да ги регистрира здруженијата на Македонците во државата.

The post Повеќе од 18 години Бугарија не ги спроведува пресудите на ЕСЧП, Советот на Европа бара одговори до 16 декември appeared first on Република.

]]>
Новиот извештај на Советот на Европа јасно нотира дека Бугарија 17 години не ги регистрира македонските здруженија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/noviot-izveshtaj-na-sovetot-na-evropa-jasno-notira-deka-bugarija-17-godini-ne-gi-registrira-makedonskite-zdruzhenija/ Fri, 20 Sep 2024 21:00:50 +0000 https://republika.mk/?p=818356

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија изрази задоволство од последниот извештај на Советот на Европа, во кој се нотира дека Бугарија 17 години по ред не ги регистрира македонските здруженија и не ги имплементира пресудите на Европскиот суд за човекови права поврзани со македонското малцинство.

„Придржувајќи се до принципот на задолжителност и извршност на пресудите на Европскиот суд за човекови права, водејќи се од обврската во Законот за надворешни работи за грижа за положбата и правата на припадниците на македонското малцинство, но и неотстапно следејќи го востановеното правило во меѓународното право и односи дека интересот за почитувањето на човековите права на малцинствата во другите држави не претставува мешање во внатрешните односи на односната држава, Министерството за надворешни работи изразува задоволство за последната одлука на Комитетот на министри на Советот на Европа за состојбата со имплементацијата на пресудите од групата случаи “ОМО Илинден и другите против Бугарија’“, велат извори од МНР.

Комитетот на министри на Советот на Европа во својот најнов извештај истакна дека властите во Бугарија и натаму не ги почитуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права и не дозволуваат регистрација на здруженијата кои се залагаат за признавање на македонското малцинство во Бугарија.

„Овие случаи се однесуваат на одбивањето на националните судови меѓу 1999 и 2015 година да регистрираат здруженија чија цел е да се постигне признавање и заштита на интересите на македонското малцинство во Бугарија. Одбивањата беа засновани врз заштитата на националната безбедност и јавниот ред, уставната забрана на здруженија кои остваруваат политички цели, како и врз неисполнувањето на формалните законски барања. За сето ова Европскиот суд утврди дека е неоправдано и непропорционално мешање во правото на слобода на здружување, бидејќи здруженијата кои се жалеле не се залагале за употреба на насилство или други недемократски средства за постигнување на нивните цели. Неколку од целите на здруженијата беа означени како политички, што не беше доволна основа за одбивање на регистрацијата“, се наведува во тој извештај.

Комитетот изрази жалење што и покрај мерките усвоени од бугарските власти меѓу 2018 и 2024, усвојувањето на Привремената резолуција и последователните одлуки, повеќе од 17 години по првата правосилна пресуда рутински се одбива регистрацијата на здруженијата кои имаат за цел да се постигне признавање на македонското малцинство, што се прави главно поради неодобрувањето на нивните цели.

Во извештајот се наведува дека бугарските судови во изминатите години континуирано одбивале да ги регистрираат ОМО Илинден, Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот режим, Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија и Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.

The post Новиот извештај на Советот на Европа јасно нотира дека Бугарија 17 години не ги регистрира македонските здруженија appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија изрази задоволство од последниот извештај на Советот на Европа, во кој се нотира дека Бугарија 17 години по ред не ги регистрира македонските здруженија и не ги имплементира пресудите на Европскиот суд за човекови права поврзани со македонското малцинство.
„Придржувајќи се до принципот на задолжителност и извршност на пресудите на Европскиот суд за човекови права, водејќи се од обврската во Законот за надворешни работи за грижа за положбата и правата на припадниците на македонското малцинство, но и неотстапно следејќи го востановеното правило во меѓународното право и односи дека интересот за почитувањето на човековите права на малцинствата во другите држави не претставува мешање во внатрешните односи на односната држава, Министерството за надворешни работи изразува задоволство за последната одлука на Комитетот на министри на Советот на Европа за состојбата со имплементацијата на пресудите од групата случаи “ОМО Илинден и другите против Бугарија’“, велат извори од МНР.
Комитетот на министри на Советот на Европа во својот најнов извештај истакна дека властите во Бугарија и натаму не ги почитуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права и не дозволуваат регистрација на здруженијата кои се залагаат за признавање на македонското малцинство во Бугарија.
„Овие случаи се однесуваат на одбивањето на националните судови меѓу 1999 и 2015 година да регистрираат здруженија чија цел е да се постигне признавање и заштита на интересите на македонското малцинство во Бугарија. Одбивањата беа засновани врз заштитата на националната безбедност и јавниот ред, уставната забрана на здруженија кои остваруваат политички цели, како и врз неисполнувањето на формалните законски барања. За сето ова Европскиот суд утврди дека е неоправдано и непропорционално мешање во правото на слобода на здружување, бидејќи здруженијата кои се жалеле не се залагале за употреба на насилство или други недемократски средства за постигнување на нивните цели. Неколку од целите на здруженијата беа означени како политички, што не беше доволна основа за одбивање на регистрацијата“, се наведува во тој извештај.
Комитетот изрази жалење што и покрај мерките усвоени од бугарските власти меѓу 2018 и 2024, усвојувањето на Привремената резолуција и последователните одлуки, повеќе од 17 години по првата правосилна пресуда рутински се одбива регистрацијата на здруженијата кои имаат за цел да се постигне признавање на македонското малцинство, што се прави главно поради неодобрувањето на нивните цели. Во извештајот се наведува дека бугарските судови во изминатите години континуирано одбивале да ги регистрираат ОМО Илинден, Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот режим, Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија и Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.

The post Новиот извештај на Советот на Европа јасно нотира дека Бугарија 17 години не ги регистрира македонските здруженија appeared first on Република.

]]>
ОМО „Илинден“ – ПИРИН реагира на изјавата на Столе Наумов: На крајот на линијата на неговите „извори“ е бугарската разузнавачка служба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/omo-ilinden-pirin-reagira-na-izjavata-na-stole-naumov-na-krajot-na-linijata-na-negovite-izvori-e-bugarskata-razuznavachka-sluzhba/ Wed, 03 Jul 2024 07:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=792900

ОМО „Илинден“ - ПИРИН со свои аргументи контра настапот на новинарот Столе Наумов

Реакцијата на ОМО „Илинден“ - ПИРИН ја пренесуваме во целост:

Во врска со изјавите на новинарот Столе Наумов во „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија (02.06.2024), дека наводно:

– пресудите во Стразбур во корист на Македонците во Бугарија, а против бугарската држава биле не 14, туку 6;

– Бугарскиот суд во последно време започнал да покажува добра волја во однос на регистрација на македонски организации , НО

– во тоа го спречиле дејствијата на ОМО „Илинден“, а имено дека таа станала членка на лига на сепаратистички движења во Европа и поради та судот се колеба да ја регистрира;

– соодветно поставува прашање дали некој и од македонска страна намерно не ја мати водата, за танго требале двајца.

Кажаното е истовремено БЕСКРАЈНО ДАЛЕКО ОД ВИСТИНАТА и претставува ЧИСТА МАНИПУЛАЦИЈА!

1️⃣ Новинарот не го познава прашањето – во прашање се навистина 14 пресуди, а не 6 како што тој мисли, а уште 20 жалби се во процедура. Ништо од кажаното од новинарот не се однесува до организацијата ОМО „Илинден“, која тој е меша со партијата ОМО „Илинден“-ПИРИН. Авторот и не знае дека се во прашање и уште неколку македонски организации кои исто не можат да се регистрираат.

2️⃣ Бугарскиот суд ни најмалку нема покажано во последно време добра волја спрема ОМО „Илинден“ или ОМО „Илинден“-ПИРИН, тоа е чиста лага. Последниот и единствен пат кога бугарскиот суд пројави добра волја спрема нашата партија беше во 1998 г.

3️⃣ ОМО „Илинден“ не е член на Европската слободна алијанса, ОМО „Илинден“-ПИРИН е и тоа од 2005 г. не од последно време, ОМО „Илинден“-ПИРИН не се обидува да се регистрира од 2008 г. наваму. Според тоа смешниот претекст дека судот наводно не можел да регистрира ОМО „Илинден“, или ОМО „Илинден“-ПИРИН во последно време поради некаков сепаратизам е очевидна лага и дезинформација.

4️⃣ Дезинформација е и карактеризацијата на Европската слободна алијанса како сепаратистичка лига каква што таа не е. Таа е доминантно составена од малцински и регионални и автономистички движења. Само една од 35 партии членки би можела да се категоризира како сепаратистичка, но не и движењето.

Сите македонски организации во Бугарија, вклучително споменатите потпишаа општа платформа за соработка во 2022 г. во која директно е посочено дека ништо во нивните заеднички цели не може да се толкува како „шовинизам, екстремизам, сепаратизам, повик кон насилство или како насочено против мирот, демократијата, правата на човекот, законите, моралот и добрите нарави“

Не само за валс требаат двајца – и за дискриминација исто требаат двајца, само што едниот е вршител а другиот жртва.

Нашето реагирање и не е толку до изјавите на дезинформираниот дезинформатор – такви секогаш ќе се случат. Тој и самиот не е свесен дека „изворите“ од кои ги добива овие информации се на крајот на линијата – соодветни бугарски служби за дезинформација, а улогата што му е доделена од нив е на „корисен идиот“.

Нашето појаснување е од една страна да не дозволиме ширење на таква дезинформација.

Од друга – да го свртиме вниманието кон застрашувачката наивност на многу македонски политичари и новинари, толку спремни да ја голтаат секоја пропагандна приказна стокмена од Софија, особено кога истата им доаѓа како правдање за да напаѓаат други Македонци или да си ги измијат рацете за својата пасивност спрема бугарската политика на асимилација. Доволно е некој „доверлив извор“ од Бугарија да им ја открие тајната или некој пореден „добронамерен“ мисионер-дезинформатор, некој Иван Динев да помине на турнеја низ македонските медиуми со торбата со лаги и полувистини. Таквите лесно ја шират легендата дека треба ние Македонците да сме виновни за се, никој друг.

Повеќе пати сме се судирале со такво стокмување на „приказна за наивни“ од Софија кои понатаму се шират преку македонски политичари и новинари кои не сакаат да си направат труд навистина да се запознаат со прашањата за кои зборуваат, а и никако да им текне да се обратат и да не прашат и нас – белки знаеме што ни се случува.

Суштината на софиските приказни од 1001 ноќ е секогаш иста: дека всушност Бугарија е 100 % добронамерна, но еве Македонците намерно прават невозможно таа да ја изрази својата братска љубов спрема нив, Македонците водат непријателска антибугарска политика и ги создаваат проблемите. Бугарија е сосема невина. Таа е жртвата во случајот.

Досега сме слушнале серија такви објаснувања:

– Дека не сме Македонци туку некој ни плаќа да лажеме за да ѝ создаваме проблеми на Бугарија (тука според потребата се ставаат: САД, Русија, Србија, Грција и Македонија).

– Дека намерно не сакаме да се регистрираме и затоа подаваме погрешни документи, за да ја компромитираме Бугарија и да печалиме од Судот во Стразбур.

– Дека сакаме да отцепиме територија и затоа судот не може да не регистрира

– Дека никој не не дискриминира, ние само си измислуваме за да ја оцрнуваме Бугарија

– Дека иако немаме малцински права и не можеме да си регистрираме организации и партии – сепак ниту едно наше човечко право не ни било нарушено.

– Дека Бугарија наводно не давала малцински права и затоа не можело да бидеме регистрирани или признаени.

– Дека не можеле да не признаат како малцинство зашто немало меѓународна дефиниција што е малцинство и дека немало практика и механизам за признавање малцинства (но очигледно има за нивно негирање и дискриминирање).

– Дека наводно сме етничка партија (каква што не сме) и затоа не било можно да не регистрираат.

– Дека иако не постоиме сепак никој не ни го нарушува правото на самоопределување.

– Дека намерно измислуваме проблеми за да ги расипеме односите меѓу Македонија и Бугарија

– Дека сакаме да го спречиме влегувањето на Македонија во Европската унија (а порано и НАТО) и слично.

Сите се до една – ЛАГА и извираат од ист валкан извор – “Македонци нема и не може да има”, значи очевидното објаснување – дека постојат и им ги нарушуваат правата не може да се прими, треба да се измисли некакво алтернативно сценарио во кое тие самите си се криви дека постојат, а Бугарија е нивната невина жртва.

И ќе продолжат да се произведуваат и шират додека има наивни луѓе кои ќе паѓаат на информации од „доверливи“ бугарски извори.

Ниту нашите поплаки кои траат веќе 62 години, ниту изнесените констатации и заклучоци во последните 25 години, во извештаите на сите набљудувачки правозаштитни институции од Стразбур, на Стејт Депатманот на САД, разни меѓународни организации, на Бугарскиот Хелсиншки комитет, пресудите на Судот во Стразбур, Одлуките на Комитетот на министрите – сето тоа не вреди ништо.

Вие само продолжете да ги слушате бајките од Софија и играјте валс со нив.

The post ОМО „Илинден“ – ПИРИН реагира на изјавата на Столе Наумов: На крајот на линијата на неговите „извори“ е бугарската разузнавачка служба appeared first on Република.

]]>

ОМО „Илинден“ - ПИРИН со свои аргументи контра настапот на новинарот Столе Наумов Реакцијата на ОМО „Илинден“ - ПИРИН ја пренесуваме во целост: Во врска со изјавите на новинарот Столе Наумов во „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија (02.06.2024), дека наводно: – пресудите во Стразбур во корист на Македонците во Бугарија, а против бугарската држава биле не 14, туку 6; – Бугарскиот суд во последно време започнал да покажува добра волја во однос на регистрација на македонски организации , НО – во тоа го спречиле дејствијата на ОМО „Илинден“, а имено дека таа станала членка на лига на сепаратистички движења во Европа и поради та судот се колеба да ја регистрира; – соодветно поставува прашање дали некој и од македонска страна намерно не ја мати водата, за танго требале двајца. Кажаното е истовремено БЕСКРАЈНО ДАЛЕКО ОД ВИСТИНАТА и претставува ЧИСТА МАНИПУЛАЦИЈА! 1️⃣ Новинарот не го познава прашањето – во прашање се навистина 14 пресуди, а не 6 како што тој мисли, а уште 20 жалби се во процедура. Ништо од кажаното од новинарот не се однесува до организацијата ОМО „Илинден“, која тој е меша со партијата ОМО „Илинден“-ПИРИН. Авторот и не знае дека се во прашање и уште неколку македонски организации кои исто не можат да се регистрираат. 2️⃣ Бугарскиот суд ни најмалку нема покажано во последно време добра волја спрема ОМО „Илинден“ или ОМО „Илинден“-ПИРИН, тоа е чиста лага. Последниот и единствен пат кога бугарскиот суд пројави добра волја спрема нашата партија беше во 1998 г. 3️⃣ ОМО „Илинден“ не е член на Европската слободна алијанса, ОМО „Илинден“-ПИРИН е и тоа од 2005 г. не од последно време, ОМО „Илинден“-ПИРИН не се обидува да се регистрира од 2008 г. наваму. Според тоа смешниот претекст дека судот наводно не можел да регистрира ОМО „Илинден“, или ОМО „Илинден“-ПИРИН во последно време поради некаков сепаратизам е очевидна лага и дезинформација. 4️⃣ Дезинформација е и карактеризацијата на Европската слободна алијанса како сепаратистичка лига каква што таа не е. Таа е доминантно составена од малцински и регионални и автономистички движења. Само една од 35 партии членки би можела да се категоризира како сепаратистичка, но не и движењето. Сите македонски организации во Бугарија, вклучително споменатите потпишаа општа платформа за соработка во 2022 г. во која директно е посочено дека ништо во нивните заеднички цели не може да се толкува како „шовинизам, екстремизам, сепаратизам, повик кон насилство или како насочено против мирот, демократијата, правата на човекот, законите, моралот и добрите нарави“ Не само за валс требаат двајца – и за дискриминација исто требаат двајца, само што едниот е вршител а другиот жртва. Нашето реагирање и не е толку до изјавите на дезинформираниот дезинформатор – такви секогаш ќе се случат. Тој и самиот не е свесен дека „изворите“ од кои ги добива овие информации се на крајот на линијата – соодветни бугарски служби за дезинформација, а улогата што му е доделена од нив е на „корисен идиот“. Нашето појаснување е од една страна да не дозволиме ширење на таква дезинформација. Од друга – да го свртиме вниманието кон застрашувачката наивност на многу македонски политичари и новинари, толку спремни да ја голтаат секоја пропагандна приказна стокмена од Софија, особено кога истата им доаѓа како правдање за да напаѓаат други Македонци или да си ги измијат рацете за својата пасивност спрема бугарската политика на асимилација. Доволно е некој „доверлив извор“ од Бугарија да им ја открие тајната или некој пореден „добронамерен“ мисионер-дезинформатор, некој Иван Динев да помине на турнеја низ македонските медиуми со торбата со лаги и полувистини. Таквите лесно ја шират легендата дека треба ние Македонците да сме виновни за се, никој друг. Повеќе пати сме се судирале со такво стокмување на „приказна за наивни“ од Софија кои понатаму се шират преку македонски политичари и новинари кои не сакаат да си направат труд навистина да се запознаат со прашањата за кои зборуваат, а и никако да им текне да се обратат и да не прашат и нас – белки знаеме што ни се случува. Суштината на софиските приказни од 1001 ноќ е секогаш иста: дека всушност Бугарија е 100 % добронамерна, но еве Македонците намерно прават невозможно таа да ја изрази својата братска љубов спрема нив, Македонците водат непријателска антибугарска политика и ги создаваат проблемите. Бугарија е сосема невина. Таа е жртвата во случајот. Досега сме слушнале серија такви објаснувања: – Дека не сме Македонци туку некој ни плаќа да лажеме за да ѝ создаваме проблеми на Бугарија (тука според потребата се ставаат: САД, Русија, Србија, Грција и Македонија). – Дека намерно не сакаме да се регистрираме и затоа подаваме погрешни документи, за да ја компромитираме Бугарија и да печалиме од Судот во Стразбур. – Дека сакаме да отцепиме територија и затоа судот не може да не регистрира – Дека никој не не дискриминира, ние само си измислуваме за да ја оцрнуваме Бугарија – Дека иако немаме малцински права и не можеме да си регистрираме организации и партии – сепак ниту едно наше човечко право не ни било нарушено. – Дека Бугарија наводно не давала малцински права и затоа не можело да бидеме регистрирани или признаени. – Дека не можеле да не признаат како малцинство зашто немало меѓународна дефиниција што е малцинство и дека немало практика и механизам за признавање малцинства (но очигледно има за нивно негирање и дискриминирање). – Дека наводно сме етничка партија (каква што не сме) и затоа не било можно да не регистрираат. – Дека иако не постоиме сепак никој не ни го нарушува правото на самоопределување. – Дека намерно измислуваме проблеми за да ги расипеме односите меѓу Македонија и Бугарија – Дека сакаме да го спречиме влегувањето на Македонија во Европската унија (а порано и НАТО) и слично. Сите се до една – ЛАГА и извираат од ист валкан извор – “Македонци нема и не може да има”, значи очевидното објаснување – дека постојат и им ги нарушуваат правата не може да се прими, треба да се измисли некакво алтернативно сценарио во кое тие самите си се криви дека постојат, а Бугарија е нивната невина жртва. И ќе продолжат да се произведуваат и шират додека има наивни луѓе кои ќе паѓаат на информации од „доверливи“ бугарски извори. Ниту нашите поплаки кои траат веќе 62 години, ниту изнесените констатации и заклучоци во последните 25 години, во извештаите на сите набљудувачки правозаштитни институции од Стразбур, на Стејт Депатманот на САД, разни меѓународни организации, на Бугарскиот Хелсиншки комитет, пресудите на Судот во Стразбур, Одлуките на Комитетот на министрите – сето тоа не вреди ништо. Вие само продолжете да ги слушате бајките од Софија и играјте валс со нив.

The post ОМО „Илинден“ – ПИРИН реагира на изјавата на Столе Наумов: На крајот на линијата на неговите „извори“ е бугарската разузнавачка служба appeared first on Република.

]]>
Македонците од Пиринска Македонија испратија книги до Македонците во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-od-pirinska-makedonija-ispratija-knigi-do-makedontsite-vo-albanija/ Mon, 20 May 2024 17:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=780237

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, доби донација на книги од автори Македонци од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија, информираше Васил Стерјовски, претседател на партијата.

На наше големо задоволство добивме значајна донација на книги од автори Македонци од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија. Оваа мала „Пиринска библиотека“ ќе биде сместена во нашата канцеларија во Пустец и секој Македонец ќе може да се запознае со маките на македонскиот народ под Пирин, бескрајната борба за правда и слобода, како и со народната култура, традициите и животот на Македонците во Бугарија, рече Стерјовски.

Според него во оваа колекција се вклучени дела од познати имиња како поетот Никола Вапцаров, револуционерот Петар Манџуков, државникот Димитар Влахов, и писателот Борис Сандански, внук на Јане Сандански.

Исто така, додава, тука се и дела од основачот на обединетата македонска организација „Илинден“ и долгогодишен затвореник по бугарските затвори Стојан Георгиев, копретседателот на партијата ОМО Илинден-ПИРИН историчарот професор Стојко Стојков, како и делата на академиците Иван Катарџиев и Ѓорги Поп Атанасов, филозофот Стефан Влахов-Мицов и многу други.

Благодарност за донацијата на ОМО Илинден-ПИРИН поддржани од „Комити“-Скопје и BIBLIOTHECA MACEDONICA. Се надеваме дека во иднина ќе развиваме поголема културна соработка меѓу Македонците во Албанија и Македонците во Бугарија, нагласи Стерјовски.

The post Македонците од Пиринска Македонија испратија книги до Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, доби донација на книги од автори Македонци од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија, информираше Васил Стерјовски, претседател на партијата.
На наше големо задоволство добивме значајна донација на книги од автори Македонци од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија. Оваа мала „Пиринска библиотека“ ќе биде сместена во нашата канцеларија во Пустец и секој Македонец ќе може да се запознае со маките на македонскиот народ под Пирин, бескрајната борба за правда и слобода, како и со народната култура, традициите и животот на Македонците во Бугарија, рече Стерјовски.
Според него во оваа колекција се вклучени дела од познати имиња како поетот Никола Вапцаров, револуционерот Петар Манџуков, државникот Димитар Влахов, и писателот Борис Сандански, внук на Јане Сандански. Исто така, додава, тука се и дела од основачот на обединетата македонска организација „Илинден“ и долгогодишен затвореник по бугарските затвори Стојан Георгиев, копретседателот на партијата ОМО Илинден-ПИРИН историчарот професор Стојко Стојков, како и делата на академиците Иван Катарџиев и Ѓорги Поп Атанасов, филозофот Стефан Влахов-Мицов и многу други.
Благодарност за донацијата на ОМО Илинден-ПИРИН поддржани од „Комити“-Скопје и BIBLIOTHECA MACEDONICA. Се надеваме дека во иднина ќе развиваме поголема културна соработка меѓу Македонците во Албанија и Македонците во Бугарија, нагласи Стерјовски.

The post Македонците од Пиринска Македонија испратија книги до Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>
„ОМО Илинден Пирин“ реагира наместо владата на ДУИ и СДСМ: Генерации растени со лаги и фабрикувана историја многу лесно се манипулираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/omo-ilinden-pirin-reagira-namesto-vladata-na-dui-i-sdsm-generatsii-rasteni-so-lagi-i-fabrikuvana-istorija-mnogu-lesno-se-manipuliraat/ Mon, 07 Aug 2023 10:34:26 +0000 https://republika.mk/?p=669553

ОМО „Илинден“ – Пирин во објава на социјалните мрежи сподели неколку вести за, како што велат, добрососедската земја Бугарија и како таа гради добрососедски односи со Балканските држави.

„Уште нетргнати се заканија дека ќе палат знамиња на Албанија и Македонија. При пристигнувањето беше предизвикан инцидент со локалното албанско население во Скопје, при што беше прободен еден бугарски граѓанин, за потоа инцидентите да ги префрлат на стадион во судир со македонската полиција, која уапси 19 бугарски навивачи. За извиците од трибините како им посакуваат смрт на Албанците, дека Македонија е бугарска земја и слична реторика, да не ни споменуваме“, пишува ОМО „Илинден“ – ПИРИН.

Како шти објавија на социјалните мрежи, на 2 август, „во присуство на највисокото претставништво на државата, јавно на ТВ, повторно и по 150-ина години, со тешка дискриминаторна реторика, јавно искажани територијални претензии и нималку добрососедски став го обележаа Илинден како празник на бугарското востание, па и манипулирајќи го името со нивната измислица за некакво си илинденско-преображенско востание и претставувајќи го како востание на Бугарите“.

„Нивната политика на дискриминација ја свртеа кон Србија, на која исто така ѝ го дискриминираат српското малцинство во Бугарија и го декларираат како непостојно. На тоа веднаш добија одговор од Ивица Дачиќ дека и бугарското малцинство, кое изнесува само 0,29 % во Србија, нема да биде признаено“, се вели во објавата на ОМО „Илинден“ – ПИРИН.

„Генерации растени со лаги и фабрикувана историја многу лесно се манипулираат. Па, така, пред неколку дена во градот Кавала, 35-годишен Бугарин го отстранил грчкото знаме од јарбол и поставил бугарско извикувајќи: ‘Тоа е Бугарија!’ Полицијата соопштила дека сторителот ѝ е познат и од претходни прекршоци и тој бил однесен на распит во Драма“, се додава во објавата.

Од ОМО „Илинден“ – ПИРИН заклучуваат дека за 10 дена Бугарија успеала да деградира и дискриминира 4 народи, 3 земји и милиони граѓани од Македонија, Србија и од Грција.

The post „ОМО Илинден Пирин“ реагира наместо владата на ДУИ и СДСМ: Генерации растени со лаги и фабрикувана историја многу лесно се манипулираат appeared first on Република.

]]>

ОМО „Илинден“ – Пирин во објава на социјалните мрежи сподели неколку вести за, како што велат, добрососедската земја Бугарија и како таа гради добрососедски односи со Балканските држави.
„Уште нетргнати се заканија дека ќе палат знамиња на Албанија и Македонија. При пристигнувањето беше предизвикан инцидент со локалното албанско население во Скопје, при што беше прободен еден бугарски граѓанин, за потоа инцидентите да ги префрлат на стадион во судир со македонската полиција, која уапси 19 бугарски навивачи. За извиците од трибините како им посакуваат смрт на Албанците, дека Македонија е бугарска земја и слична реторика, да не ни споменуваме“, пишува ОМО „Илинден“ – ПИРИН.
Како шти објавија на социјалните мрежи, на 2 август, „во присуство на највисокото претставништво на државата, јавно на ТВ, повторно и по 150-ина години, со тешка дискриминаторна реторика, јавно искажани територијални претензии и нималку добрососедски став го обележаа Илинден како празник на бугарското востание, па и манипулирајќи го името со нивната измислица за некакво си илинденско-преображенско востание и претставувајќи го како востание на Бугарите“.
„Нивната политика на дискриминација ја свртеа кон Србија, на која исто така ѝ го дискриминираат српското малцинство во Бугарија и го декларираат како непостојно. На тоа веднаш добија одговор од Ивица Дачиќ дека и бугарското малцинство, кое изнесува само 0,29 % во Србија, нема да биде признаено“, се вели во објавата на ОМО „Илинден“ – ПИРИН.
„Генерации растени со лаги и фабрикувана историја многу лесно се манипулираат. Па, така, пред неколку дена во градот Кавала, 35-годишен Бугарин го отстранил грчкото знаме од јарбол и поставил бугарско извикувајќи: ‘Тоа е Бугарија!’ Полицијата соопштила дека сторителот ѝ е познат и од претходни прекршоци и тој бил однесен на распит во Драма“, се додава во објавата. Од ОМО „Илинден“ – ПИРИН заклучуваат дека за 10 дена Бугарија успеала да деградира и дискриминира 4 народи, 3 земји и милиони граѓани од Македонија, Србија и од Грција.

The post „ОМО Илинден Пирин“ реагира наместо владата на ДУИ и СДСМ: Генерации растени со лаги и фабрикувана историја многу лесно се манипулираат appeared first on Република.

]]>
Лога се сретна со Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-se-sretna-so-stojko-stojkov-kopretsedatel-na-omo-ilinden-pirin/ Thu, 20 Apr 2023 15:42:36 +0000 https://republika.mk/?p=632931

 Министерот Кренар Лога се сретна со Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин. На средбата Лога беше информиран за статусот и правата на Македонците во Бугарија .

Стојков изрази благодарност до Лога за неговиот интерес за правата на Македонците во Бугарија и посочи дека тој е првиот министер за правда кој ги повикал на разговор.

 Се дискутираше и за годишниот извештај на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во кој е посочено дека Република Бугарија не ја спроведува пресудата за основните човекови права на слободно здружување која  ОМО Илинден Пирин не може да ја реализира  и да се регистрира.За неспроведувањето на 14-те пресуди на судот во Стразбур во корист на македонците во Бугарија ќе бидат информирани и меѓународните фактори.

The post Лога се сретна со Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин appeared first on Република.

„Да немаме проблем ни ние ни вие“: Бугарската полиција не им дозволи на Македонците во Благоевград да развиорат знаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-nemame-problem-ni-nie-ni-vie-bugarskata-politsija-ne-im-dozvoli-na-makedontsite-vo-blagoevgrad-da-razviorat-zname/ Sat, 04 Feb 2023 17:24:05 +0000 https://republika.mk/?p=604859

Македонците од Пиринска Македонија во организација на ОМО Илинден Пирин го одбележаа раѓањето на великаните на македонската револоуционерна борба за слобода и самоопределување Гоце Делчев.

Денот бил одбележан во неколку бугарски градови и села кои со полициско присуство. Свежо цвеќе на споменикот на ГОце Делчев во Горна Џумаја, денешен Благоевград, положија членови на ОМО „Илинден“-ПИРИН, на Друштвото на угнетените Македонци во Бугарија и македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ и на други македонски организации.

Присутни беа активисти од Благоевград, Софија и Разлошко.

За значењето на Гоце Делчев пред присутните зборувал Ангел Радонов, член на Централниот совет на ОМО „Илинден“-ПИРИН.

Полицијата не им дозволи на Македонците да веат македонски знамиња во Благоевград: знамето со ѕвездата од Кутлеш, знамето на ОМО Илнден - ПИРИН, па дури и знамето на Европската алијанса за слобода.

Иако Македонците им рекле на полицијата (вклучувајќи ги и цивилите) дека тоа секогаш го правеле во последните години, полицијата не дозволила под изговор „да немаме проблеми, ниту вие, ниту ние“.

Во Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ продолжи прославата во чест на Делчев.

The post „Да немаме проблем ни ние ни вие“: Бугарската полиција не им дозволи на Македонците во Благоевград да развиорат знаме appeared first on Република.

]]>

Македонците од Пиринска Македонија во организација на ОМО Илинден Пирин го одбележаа раѓањето на великаните на македонската револоуционерна борба за слобода и самоопределување Гоце Делчев. Денот бил одбележан во неколку бугарски градови и села кои со полициско присуство. Свежо цвеќе на споменикот на ГОце Делчев во Горна Џумаја, денешен Благоевград, положија членови на ОМО „Илинден“-ПИРИН, на Друштвото на угнетените Македонци во Бугарија и македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ и на други македонски организации. Присутни беа активисти од Благоевград, Софија и Разлошко. За значењето на Гоце Делчев пред присутните зборувал Ангел Радонов, член на Централниот совет на ОМО „Илинден“-ПИРИН. Полицијата не им дозволи на Македонците да веат македонски знамиња во Благоевград: знамето со ѕвездата од Кутлеш, знамето на ОМО Илнден - ПИРИН, па дури и знамето на Европската алијанса за слобода. Иако Македонците им рекле на полицијата (вклучувајќи ги и цивилите) дека тоа секогаш го правеле во последните години, полицијата не дозволила под изговор „да немаме проблеми, ниту вие, ниту ние“. Во Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ продолжи прославата во чест на Делчев.

The post „Да немаме проблем ни ние ни вие“: Бугарската полиција не им дозволи на Македонците во Благоевград да развиорат знаме appeared first on Република.

]]>
Цела Бугарија се крена за тепаниот Бугарин во Охрид, а македонска власт молчи за смртта на Македонецот во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsela-bugarija-se-krena-za-tepaniot-bugarin-vo-ohrid-a-makedonska-vlast-molchi-za-smrtta-na-makedonetsot-vo-sofija/ Thu, 26 Jan 2023 12:51:46 +0000 https://republika.mk/?p=601276

Двојни стандарди! Која е разликата во третманот на Македонците во Бугарија и Бугарите во Македонија?- прашуваат од ОМО Илинден Пирин.

Тие потесетуваат дека на нозе се дигна цел државен врв на Бугарија за тепаниот Бугарин во Охрид, а актуелната македонска власт молчи за неодамнешната смрт на Македонец во Софија, со сомнежи за убиство.

Во Софија, македонски спортист почина под сомнение за убиство – никој не реагира цела недела. една недела подоцна тој беше речено дека починал од срцев удар. Во Македонија Бугарин бил претепан во сè уште нејасни околности (домашни, криминални или дискриминаторски) – две земји се обврзани не само да го осудат случајот, туку и да му доделат највисоки државни почести, реагираат од ОМО Илинден Пирин.

За него, се додава во објавата на Фејсбук, се грижат два здравствени системи, го пренесе државен авион на Бугарија, го посетуваат двајца министри за надворешни работи во болницата, неговото прашање влегува во бугарскиот Парламент, во највисоките кругови на Европската Унија, во изјавите на македонските земји, во медиуми на двете земји. Сè повеќе се наметнува впечаток дека додека Бугарите во Македонија имаат две земји – Македонците во Бугарија немаат ниту една, се вели во објавата на ОМО Илинден Пирин на нивниот профил на Фејсбук.

Тие за овој проблем, и за двојните стандарди, ги прозиваат претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот Бујар Османи.

The post Цела Бугарија се крена за тепаниот Бугарин во Охрид, а македонска власт молчи за смртта на Македонецот во Софија appeared first on Република.

]]>

Двојни стандарди! Која е разликата во третманот на Македонците во Бугарија и Бугарите во Македонија?- прашуваат од ОМО Илинден Пирин. Тие потесетуваат дека на нозе се дигна цел државен врв на Бугарија за тепаниот Бугарин во Охрид, а актуелната македонска власт молчи за неодамнешната смрт на Македонец во Софија, со сомнежи за убиство.
Во Софија, македонски спортист почина под сомнение за убиство – никој не реагира цела недела. една недела подоцна тој беше речено дека починал од срцев удар. Во Македонија Бугарин бил претепан во сè уште нејасни околности (домашни, криминални или дискриминаторски) – две земји се обврзани не само да го осудат случајот, туку и да му доделат највисоки државни почести, реагираат од ОМО Илинден Пирин.
За него, се додава во објавата на Фејсбук, се грижат два здравствени системи, го пренесе државен авион на Бугарија, го посетуваат двајца министри за надворешни работи во болницата, неговото прашање влегува во бугарскиот Парламент, во највисоките кругови на Европската Унија, во изјавите на македонските земји, во медиуми на двете земји. Сè повеќе се наметнува впечаток дека додека Бугарите во Македонија имаат две земји – Македонците во Бугарија немаат ниту една, се вели во објавата на ОМО Илинден Пирин на нивниот профил на Фејсбук. Тие за овој проблем, и за двојните стандарди, ги прозиваат претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот Бујар Османи.

The post Цела Бугарија се крена за тепаниот Бугарин во Охрид, а македонска власт молчи за смртта на Македонецот во Софија appeared first on Република.

]]>
Вапцаров во 1938 година: Ние сме Македонци, затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vapcarov-vo-1938-godina-nie-sme-makedonci-zatoa-i-nasheto-tvoreshtvo-treba-da-bide-vo-sluzba-na-makedonskata-kauza/ Sun, 30 Oct 2022 14:46:21 +0000 https://republika.mk/?p=567452

Во октомври 1938 Никола Вапцаров заедно со Антон Попов и Михаил Сматракалев е еден од основачите на Македонскиот литературен кружок во Софија, потсетуваат од македонското друштво „Илинден Пирин“ на денот кога во Благоевград, Бугарија, се отвора македонскиот културен клуб кој ќе го носи неговото име.

По повод основањето на кружокот, Вапцаров ќе напише реферат кој ќе го прочита при основањето:

На нас, како Македонци кои пишуваат, ни е неопходна една правична емоционална сила, што ќе ни ја раздвижи крвта, ќе ни раздвижи многу претопени чувства, многу спомени...Зошто ако последните години македонската револуционерна борба тапка во место, ми се чини дека причината е во недостигот на жива творечка сила...
Ако тагуваме за својата Татковина, ако во нас има капка македонска крв, ако во нас останала капка благодарен патриотизам, сега треба да се впрегнеме, ропски да се впрегнеме, за да понесеме дел од одговорноста на едно дело и жестоко величие на една епоха...
Ние треба да ја познаваме македонската историја и најмногу историјата на национално-револуционерното движење – Илинден, Гоце, Даме...
Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза.

Април 1939 год. е донесен Статут на кружокот, во кој јасно се нагласува дека: „Кружокот е самостојна, независна група од македонски поети и писатели, обединети од заедничка цел да работат за создавање на македонска уметничка литература...“

The post Вапцаров во 1938 година: Ние сме Македонци, затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза appeared first on Република.

]]>

Во октомври 1938 Никола Вапцаров заедно со Антон Попов и Михаил Сматракалев е еден од основачите на Македонскиот литературен кружок во Софија, потсетуваат од македонското друштво „Илинден Пирин“ на денот кога во Благоевград, Бугарија, се отвора македонскиот културен клуб кој ќе го носи неговото име. По повод основањето на кружокот, Вапцаров ќе напише реферат кој ќе го прочита при основањето:
На нас, како Македонци кои пишуваат, ни е неопходна една правична емоционална сила, што ќе ни ја раздвижи крвта, ќе ни раздвижи многу претопени чувства, многу спомени...Зошто ако последните години македонската револуционерна борба тапка во место, ми се чини дека причината е во недостигот на жива творечка сила... Ако тагуваме за својата Татковина, ако во нас има капка македонска крв, ако во нас останала капка благодарен патриотизам, сега треба да се впрегнеме, ропски да се впрегнеме, за да понесеме дел од одговорноста на едно дело и жестоко величие на една епоха... Ние треба да ја познаваме македонската историја и најмногу историјата на национално-револуционерното движење – Илинден, Гоце, Даме... Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза.
Април 1939 год. е донесен Статут на кружокот, во кој јасно се нагласува дека: „Кружокот е самостојна, независна група од македонски поети и писатели, обединети од заедничка цел да работат за создавање на македонска уметничка литература...“

The post Вапцаров во 1938 година: Ние сме Македонци, затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза appeared first on Република.

]]>
ОМО Илинден-Пирин му пиша на Османи: Kаков срам – шефот на македонската дипломатија ќе проверува што граѓани на друга земја прават во својата земја и што граѓани на трета земја финансираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/omo-ilinden-pirin-mu-pisha-na-osmani-kakov-sram-shefot-na-makedonskata-diplomatija-kje-proveruva-shto-gragjani-na-druga-zemja-pravat-vo-svojata-zemja-i-shto-gragjani-na-treta-zemja-finansiraat/ Fri, 28 Oct 2022 15:11:26 +0000 https://republika.mk/?p=566918

Македонците од Бугарија денеска испратија отворена порака до министерот Бујар Османи, кој во изјава за БТВ рече дека „треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград“.

Во продолжение целата порака од ОМО Илинден Пирин до македонскиот министер Османи:

Господине Османи,

Најавувате проверка кој стоел зад отворањето на Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“?

Тоа е познато на сите и никој го нема криено.

Тоа е на право место Друштво за заштита на основни човекови права во Благоевград, друштво кое повеќе пати ја истакнува својата поддршка за евроинтеграцијата на Македонија и за добрососедството меѓу Македонија и Бугарија.

Финансиери на Клубот се двајца истакнати припадници на македонската заедница во Торонто Канада: Глигор Цанев и Минчо Остас.

Посредник е Македонско меѓународно движење за човекови права.
Но господинот Османи не се интересира ниту од тоа кои го отворат клубот, ниту кој го финансира, туку се фиксирал само врз некои искажувања на посредникот искажувани во врска со други настани.
Можеби затоа што си барате изговор зашто нема да дојдете?! Правдање, зашто надворешниот министер на Македонија не ги поддржува Македонците во Бугарија?

Така е кога првиот македонски дипломат се информира од жолти сајтови кои шират прикриено бугарска пропаганда во Македонија.
Каде не помага таму и ги напаѓа оние што ни помагаат!
И каков срам – шефот на македонската дипломатија ќе проверува што граѓани на друга земја прават во својата земја и што граѓани на трета земја финансираат.

The post ОМО Илинден-Пирин му пиша на Османи: Kаков срам – шефот на македонската дипломатија ќе проверува што граѓани на друга земја прават во својата земја и што граѓани на трета земја финансираат appeared first on Република.

]]>

Македонците од Бугарија денеска испратија отворена порака до министерот Бујар Османи, кој во изјава за БТВ рече дека „треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград“. Во продолжение целата порака од ОМО Илинден Пирин до македонскиот министер Османи: Господине Османи, Најавувате проверка кој стоел зад отворањето на Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“? Тоа е познато на сите и никој го нема криено. Тоа е на право место Друштво за заштита на основни човекови права во Благоевград, друштво кое повеќе пати ја истакнува својата поддршка за евроинтеграцијата на Македонија и за добрососедството меѓу Македонија и Бугарија. Финансиери на Клубот се двајца истакнати припадници на македонската заедница во Торонто Канада: Глигор Цанев и Минчо Остас. Посредник е Македонско меѓународно движење за човекови права. Но господинот Османи не се интересира ниту од тоа кои го отворат клубот, ниту кој го финансира, туку се фиксирал само врз некои искажувања на посредникот искажувани во врска со други настани. Можеби затоа што си барате изговор зашто нема да дојдете?! Правдање, зашто надворешниот министер на Македонија не ги поддржува Македонците во Бугарија? Така е кога првиот македонски дипломат се информира од жолти сајтови кои шират прикриено бугарска пропаганда во Македонија. Каде не помага таму и ги напаѓа оние што ни помагаат! И каков срам – шефот на македонската дипломатија ќе проверува што граѓани на друга земја прават во својата земја и што граѓани на трета земја финансираат.

The post ОМО Илинден-Пирин му пиша на Османи: Kаков срам – шефот на македонската дипломатија ќе проверува што граѓани на друга земја прават во својата земја и што граѓани на трета земја финансираат appeared first on Република.

]]>
Бугарија бара од Македонија да ја почитува Конвенцијата за заштита на малцинства, иако самата не ја почитува https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-bara-od-makedonija-da-ja-pochituva-konvencijata-za-zashtita-na-malcinstva-iako-samata-ne-ja-pochituva/ Fri, 21 Oct 2022 12:35:39 +0000 https://republika.mk/?p=564040

Бугарските власти бараат Македонија да ја почитува европска конвенција за заштита на човековите права. Ова барање од Софија доаѓа отако партиите во Македонија се сложија да се направат измени во Законот за политички партии и за здруженија  со кои имиња на личности од фашистичкиот период ќе бидат забранети.

Македонија ги загрозува основните права на Бугарите утврдени со Европската конвенција за човекови права, како што се правото на здружување, собирање, слобода и слободно изразување на убедувањето, изјави денеска бугарскиот заменик министер за надворешни работи Костадин Коџабашев.

Бугарија има потпишано и ратификувано конвенции на Советот на Европа но не ги почитува.

Иако се обврзаа да се грижат за малцинските права - со тоа што ја потпиша Рамковната конвенција за национални малцинства, Бугарија нема се' уште ратификувано неколку значајни документи: на пример, таканаречениот Протокол 12 од Европската конвенција за малцинските права и јазици.

https://republika.mk/vesti/makedonija/po-zdruzenija-bugarite-vo-makedonija-formiraat-i-partija/

The post Бугарија бара од Македонија да ја почитува Конвенцијата за заштита на малцинства, иако самата не ја почитува appeared first on Република.

За бугарските власти клубот во Благоевград е таканаречен „македонски“, Вапцаров поет од Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/za-bugarskite-vlasti-klubot-vo-blagoevgrad-e-takanarechen-makedonski-vapcarov-poet-od-bugarija/ Fri, 21 Oct 2022 07:14:47 +0000 https://republika.mk/?p=563866

Продолжуваат провокациите од Бугарија по забраната на Македонскиот клуб. Советот на  Општина Благоевград смета дека отворањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во овој град е провокација.

– Категорично се спротивставуваме на антибугарската провокација за отворањето на т.н. македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ на територијата на Општина Благоевград, се наведува во Декларацијата, во која се додава дека „македонската нација е вештачки создадена од Коминтерната“.

Оттаму велат дека „Никола Јонков Вапцаров е „бугарски поет“, и оти формирањето на центар со неговото име во нивниот град претставува „груба провокација од нелегитимни организации“.

– Сметаме дека сите дејствија за создавање на организација во која група луѓе се самоопределуваат како „малцинство“ во рамките на нашата национална држава се грубо кршење на Уставот и законите во Република Бугарија. Исто така, сметаме дека со ваквите провокативни дејствија грубо е прекршен Договорот за добрососедство и погазени се сите досегашни напори за подобрување на нашите односи со Република Македонија и е попречен нејзиниот пат кон европска интеграција и членство во Европската унија, се наведува во Декларацијата.

Инаку основач на клубот „Никола Вапцаров“ е Друштвото за заштита на основните човекови права, кое е легално регистрирано во Бугарија.

Кој е Никола Вапцаров

Никола Јонков Вапцаров е македонски писател роден во Банско. Тој самиот и во животот и преку својата поезија изјавувал дека е Македонец, и покрај тоа што создавал на бугарски јазик.

Како соработник на воената организација на Бугарската комунистичка партија, на 4 март 1942 година, Вапцаров бил уапсен и стрелан неколку месеци подоцна во една софиска касарна.

The post За бугарските власти клубот во Благоевград е таканаречен „македонски“, Вапцаров поет од Бугарија appeared first on Република.

]]>

Продолжуваат провокациите од Бугарија по забраната на Македонскиот клуб. Советот на  Општина Благоевград смета дека отворањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во овој град е провокација.
– Категорично се спротивставуваме на антибугарската провокација за отворањето на т.н. македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ на територијата на Општина Благоевград, се наведува во Декларацијата, во која се додава дека „македонската нација е вештачки создадена од Коминтерната“.
Оттаму велат дека „Никола Јонков Вапцаров е „бугарски поет“, и оти формирањето на центар со неговото име во нивниот град претставува „груба провокација од нелегитимни организации“.
– Сметаме дека сите дејствија за создавање на организација во која група луѓе се самоопределуваат како „малцинство“ во рамките на нашата национална држава се грубо кршење на Уставот и законите во Република Бугарија. Исто така, сметаме дека со ваквите провокативни дејствија грубо е прекршен Договорот за добрососедство и погазени се сите досегашни напори за подобрување на нашите односи со Република Македонија и е попречен нејзиниот пат кон европска интеграција и членство во Европската унија, се наведува во Декларацијата.
Инаку основач на клубот „Никола Вапцаров“ е Друштвото за заштита на основните човекови права, кое е легално регистрирано во Бугарија.

Кој е Никола Вапцаров

Никола Јонков Вапцаров е македонски писател роден во Банско. Тој самиот и во животот и преку својата поезија изјавувал дека е Македонец, и покрај тоа што создавал на бугарски јазик. Како соработник на воената организација на Бугарската комунистичка партија, на 4 март 1942 година, Вапцаров бил уапсен и стрелан неколку месеци подоцна во една софиска касарна.

The post За бугарските власти клубот во Благоевград е таканаречен „македонски“, Вапцаров поет од Бугарија appeared first on Република.

]]>
ОМО Илинден Пирин: Бараме македонската влада да ги затвори сите фашистички бугарски клубови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/omo-ilinden-pirin-barame-makedonskata-vlada-da-gi-zatvori-site-fashistichki-bugarski-klubovi/ Wed, 19 Oct 2022 21:06:01 +0000 https://republika.mk/?p=563326

Со Бугарите само реципроцитет, кој е основно право во цел свет, и ништо друго. Ако Бугарија не дозволи да се отвори Македонски клуб во Благоевград и било каде на друго место во Бугарија каде што ќе побараат Македонците, тогаш бараме македонската влада да ги затвори не само трите фашистички бугарски клубови, туку и таканаречените лажни „културни клубови за бугаро-македонско пријателство“, кои веќе се отворени во дваесетина града во Македонија и преку кои на големо се шири бугарска пропаганда меѓу македонската младина! - реагира Обединета македонска организација "Илинден" - Партија за економски развој и интеграција на населението (ОМО "Илинден" - ПИРИН).

Ваквата реакција доаѓа откако Советот на Општина Благоевград го забрани македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, именуван по славниот македонски поет наведувајќи дека тоа е провокација.

Или реципроцитет и дозвола за неограничен број македонски клубови во Бугарија, или во Македонија нема да постои ни еден бугарски пропаганден антимакедонски клуб! - додаваат од ОМО "Илинден" - ПИРИН.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dvojnite-standardi-na-eu-i-bugarija-fashistichki-klubovi-vo-ohrid-i-bitola-moze-makedonski-vo-blagoevgrad-ne-moze/

The post ОМО Илинден Пирин: Бараме македонската влада да ги затвори сите фашистички бугарски клубови appeared first on Република.

Неколкумина од членовите на Советот на Благоевград кои забранија отворање на клуб „Никола Вапцаров“ се Македонци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nekolkumina-od-chlenovite-na-sovetot-na-blagoevgrad-koi-zabranija-otvoranje-na-klub-nikola-vapcarov-se-makedonci/ Wed, 19 Oct 2022 09:54:09 +0000 https://republika.mk/?p=562913

Организацијата на Македонците во Бугарија излезе со реакција за одлуката за затворање на клубот „Никола Вапцаров“. Од ОМО Илинден-Пирин велат дека името на Вапцаров никако не може да биде провокација и напоменуваат дека неколкумина од советниците во Благоевград што гласале против отворање на клубот се скриени Македонци.

Ако нешто несомнено стана јасно од декларацијата на Советот на општина Благоевград против отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, тоа е дека во него има најмалку четворица достојни советници: Милена Бунцева, Мехмед Ваклиев, Исмет Узунов, Љубомира Хамбарџијска. Ова се оние кои се воздржаа од срамната декларација, беа отсутни, можеби не сакаа да учествуваат во овој националистички циркус. 29 (т.е. 64%) се понижиле себеси и Благоевград гласајќи „за“. А уште посрамно е што тоа го направија мотивирани „како Бугари“, со што го понижуваа бугарскиот народ.Некои од нив се тајно Македонци.

Многумина имаат такви родители или баби и дедовци. Останатите, ако не се „придојденци“ дојдени надвор од Пиринска Македонија (како што Антон Попов некогаш ги нарекуваше „колонисти“), имаат и македонски роднини или пријатели. ЗНААТ дека во Бугарија има Македонци и македонско малцинство. Но, сепак се чувствуваат должни да ја поддржат официјалната лага дека нема, дури и да одат дотаму да ја клеветат македонската нација и да замислуваат дека на тој начин придонесуваат за добрососедството на македонската држава.
Вистината не може да биде „антибугарска провокација“ освен ако не си ја направил лагата бугарска.

Токму тоа го направија 29-те општински советници кога лагите ги изнесуваат како „историски факт“. Македонската нација, спротивно на лагите во кои се обучени да веруваат општинските советници, постоела многу пред 1944 година, а истото важи и за оној дел од македонскиот народ кој живее како малцинство во границите на Бугарија.

Еден од нив беше Никола Вапцаров, чија македонска самосвест е многу добро документирана во неговото пишано наследство, за него е негово, а не „туѓо“. Имено, како македонски патриот и како поет кој пишува на бугарски јазик, тој е погодна личност за зближување на двата соседни народи. Вистината не е „навреда“ освен ако не сте лажго.
Колку жално ве „навредува“ вистината, и тоа „како Бугари“.
Отворањето културен клуб во име на културна личност не е провокација. Сепак, вашата реакција е.

The post Неколкумина од членовите на Советот на Благоевград кои забранија отворање на клуб „Никола Вапцаров“ се Македонци appeared first on Република.

]]>

Организацијата на Македонците во Бугарија излезе со реакција за одлуката за затворање на клубот „Никола Вапцаров“. Од ОМО Илинден-Пирин велат дека името на Вапцаров никако не може да биде провокација и напоменуваат дека неколкумина од советниците во Благоевград што гласале против отворање на клубот се скриени Македонци.
Ако нешто несомнено стана јасно од декларацијата на Советот на општина Благоевград против отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, тоа е дека во него има најмалку четворица достојни советници: Милена Бунцева, Мехмед Ваклиев, Исмет Узунов, Љубомира Хамбарџијска. Ова се оние кои се воздржаа од срамната декларација, беа отсутни, можеби не сакаа да учествуваат во овој националистички циркус. 29 (т.е. 64%) се понижиле себеси и Благоевград гласајќи „за“. А уште посрамно е што тоа го направија мотивирани „како Бугари“, со што го понижуваа бугарскиот народ.Некои од нив се тајно Македонци.
Многумина имаат такви родители или баби и дедовци. Останатите, ако не се „придојденци“ дојдени надвор од Пиринска Македонија (како што Антон Попов некогаш ги нарекуваше „колонисти“), имаат и македонски роднини или пријатели. ЗНААТ дека во Бугарија има Македонци и македонско малцинство. Но, сепак се чувствуваат должни да ја поддржат официјалната лага дека нема, дури и да одат дотаму да ја клеветат македонската нација и да замислуваат дека на тој начин придонесуваат за добрососедството на македонската држава. Вистината не може да биде „антибугарска провокација“ освен ако не си ја направил лагата бугарска. Токму тоа го направија 29-те општински советници кога лагите ги изнесуваат како „историски факт“. Македонската нација, спротивно на лагите во кои се обучени да веруваат општинските советници, постоела многу пред 1944 година, а истото важи и за оној дел од македонскиот народ кој живее како малцинство во границите на Бугарија. Еден од нив беше Никола Вапцаров, чија македонска самосвест е многу добро документирана во неговото пишано наследство, за него е негово, а не „туѓо“. Имено, како македонски патриот и како поет кој пишува на бугарски јазик, тој е погодна личност за зближување на двата соседни народи. Вистината не е „навреда“ освен ако не сте лажго. Колку жално ве „навредува“ вистината, и тоа „како Бугари“. Отворањето културен клуб во име на културна личност не е провокација. Сепак, вашата реакција е.  

The post Неколкумина од членовите на Советот на Благоевград кои забранија отворање на клуб „Никола Вапцаров“ се Македонци appeared first on Република.

]]>
Стојков за „Република“: Ќе се жалиме за затворањето на Клубот, прво во Бугарија а потоа и во Стразбур https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/stojkov-za-republika-kje-se-zalime-za-zatvoranjeto-na-klubot-prvo-vo-bugarija-a-potoa-i-vo-strazbur/ Tue, 18 Oct 2022 11:52:00 +0000 https://republika.mk/?p=562511

Стојко Стојков од ОМО Илинден-Пирин излезе со првична реакција за затворањето на клубот „Никола Вапцаров“. Неговото незадоволство доаѓа откако Советот на Општина Благоевград го забрани македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, именуван по славниот македонски поет.

Се уште не сме ја добиле ништо од Општината. Сигурно ќе се жалиме на оваа одлука. Прво во Бугарија а потоа и во Стразбур-вели Стојков за „Република“.

Образоложението на Советот на Благоеврад е дека нема да се дозволи „општината да биде центар на слични провокации.“

Македонските здруженија во Бугарија веќе имаат добиено над 10 пресуди од Судот за човекови права во Стразбур но властите во Софија не ги почитуваат.

The post Стојков за „Република“: Ќе се жалиме за затворањето на Клубот, прво во Бугарија а потоа и во Стразбур appeared first on Република.

]]>

Стојко Стојков од ОМО Илинден-Пирин излезе со првична реакција за затворањето на клубот „Никола Вапцаров“. Неговото незадоволство доаѓа откако Советот на Општина Благоевград го забрани македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, именуван по славниот македонски поет.
Се уште не сме ја добиле ништо од Општината. Сигурно ќе се жалиме на оваа одлука. Прво во Бугарија а потоа и во Стразбур-вели Стојков за „Република“.
Образоложението на Советот на Благоеврад е дека нема да се дозволи „општината да биде центар на слични провокации.“ Македонските здруженија во Бугарија веќе имаат добиено над 10 пресуди од Судот за човекови права во Стразбур но властите во Софија не ги почитуваат.    

The post Стојков за „Република“: Ќе се жалиме за затворањето на Клубот, прво во Бугарија а потоа и во Стразбур appeared first on Република.

]]>
ОМО Илинден: Притисокот врз Македонците од Пиринска Македонија продолжува, бугарската полиција го бара претседателот од Благоевград https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/omo-ilinden-pritisokot-vrz-makedoncite-od-pirinska-makedonija-prodolzuva-bugarskata-policija-go-bara-pretsedatelot-od-blagoevgrad/ Mon, 17 Oct 2022 16:10:52 +0000 https://republika.mk/?p=562193

Продолжува дискриминацијата на етничките Македонци во Пиринска Македонија, во Бугарија, објави денеска претседателот на Градскиот комитет на ОМО Илинден од Благоевград, Атанас Кирјаков.

Тој објави дека двапати телефонски бил повикуван од инспектор на бугарската полиција без да му биде соопштено која е причината.

Во продолжение објавата на претседателот на ГК на ОМО Илинден од Благоевград:

ТОА НЕ Е НА АРНО: Продолжува дискриминацијата и протерувањето на етничките Македонци во Пиринска Македонија

Јавна тајна е дека етничките Македонци во Пиринска Македонија се предмет на репресија и дискриминација, а тоа не од вчера. Во времето на Тодор Живков, етничките Македонци и Македонките, само затоа што не се откажале од својата македонска националност, биле малтретирани на најразлични начини – закани, следења, прислушувани, отпуштани од работа, исклучени од училиште и факултет, регрутирани во милиција, испрашувани, тепани, интернирани во далечните делови на Бугарија, затворани во логори и затвори, убивани…

По 1989 г. односот на бугарските власти кон етничките Македонци во Пиринска Македонија воопшто не е променет. Етничките Македонци во Бугарија немаат никакви човекови права. Сите обиди за регистрација на културни здруженија на етничките Македонци во Бугарија се категорично одбиени од бугарскиот суд со образложение дека во Бугарија нема македонско малцинство.

Мотото на Тодор Живков од 1963 година, дека во Бугарија нема Македонци, никогаш немало и нема да има, важи за денес.

Последнава година тензијата меѓу двете земји, Република Бугарија и Република Македонија е многу висока. Од една страна, со отворањето на бугарските клубови во Охрид и Битола, како и со отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград.

Искри летаат од двете страни на границата, луѓето страдаат. Тензијата во Благоевград ја чувствуваме и ние Македонците од ОМО „Илинден“. На 14.10.2022 (во петокот) телефонски се јави Давид Кавраков инспектор во полицијата во Благоевград, да се ​​пријавам на 17.10.2022 година во 9.30 часот наутро. Прашав за што ме бараат, но не ми беше даден одговор.

Денеска 17.10.2022 година во 10.00 часот сабајле, повторно телефонски се јави инспекторот Кавраков, на кого му одговорив дека нема да одам без покана. Ми се закануваа дека ќе ме одведат насилно во полиција со лисици и полицаец, силата на законот целосно ќе се примени врз мене.

На 30.10.2022 година ќе биде отворен Македонскиот клуб во Благоевград. Вчера, на 16 октомври 2022 година, во градот Кресна беше одбележана 144-годишнината од Македонското Кресненско востание.

Атанас Кирјаков, претседател на Градскиот комитет на ОМО „Илинден“, Благоевград

The post ОМО Илинден: Притисокот врз Македонците од Пиринска Македонија продолжува, бугарската полиција го бара претседателот од Благоевград appeared first on Република.

]]>

Продолжува дискриминацијата на етничките Македонци во Пиринска Македонија, во Бугарија, објави денеска претседателот на Градскиот комитет на ОМО Илинден од Благоевград, Атанас Кирјаков. Тој објави дека двапати телефонски бил повикуван од инспектор на бугарската полиција без да му биде соопштено која е причината. Во продолжение објавата на претседателот на ГК на ОМО Илинден од Благоевград: ТОА НЕ Е НА АРНО: Продолжува дискриминацијата и протерувањето на етничките Македонци во Пиринска Македонија Јавна тајна е дека етничките Македонци во Пиринска Македонија се предмет на репресија и дискриминација, а тоа не од вчера. Во времето на Тодор Живков, етничките Македонци и Македонките, само затоа што не се откажале од својата македонска националност, биле малтретирани на најразлични начини – закани, следења, прислушувани, отпуштани од работа, исклучени од училиште и факултет, регрутирани во милиција, испрашувани, тепани, интернирани во далечните делови на Бугарија, затворани во логори и затвори, убивани… По 1989 г. односот на бугарските власти кон етничките Македонци во Пиринска Македонија воопшто не е променет. Етничките Македонци во Бугарија немаат никакви човекови права. Сите обиди за регистрација на културни здруженија на етничките Македонци во Бугарија се категорично одбиени од бугарскиот суд со образложение дека во Бугарија нема македонско малцинство. Мотото на Тодор Живков од 1963 година, дека во Бугарија нема Македонци, никогаш немало и нема да има, важи за денес. Последнава година тензијата меѓу двете земји, Република Бугарија и Република Македонија е многу висока. Од една страна, со отворањето на бугарските клубови во Охрид и Битола, како и со отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград. Искри летаат од двете страни на границата, луѓето страдаат. Тензијата во Благоевград ја чувствуваме и ние Македонците од ОМО „Илинден“. На 14.10.2022 (во петокот) телефонски се јави Давид Кавраков инспектор во полицијата во Благоевград, да се ​​пријавам на 17.10.2022 година во 9.30 часот наутро. Прашав за што ме бараат, но не ми беше даден одговор. Денеска 17.10.2022 година во 10.00 часот сабајле, повторно телефонски се јави инспекторот Кавраков, на кого му одговорив дека нема да одам без покана. Ми се закануваа дека ќе ме одведат насилно во полиција со лисици и полицаец, силата на законот целосно ќе се примени врз мене. На 30.10.2022 година ќе биде отворен Македонскиот клуб во Благоевград. Вчера, на 16 октомври 2022 година, во градот Кресна беше одбележана 144-годишнината од Македонското Кресненско востание. Атанас Кирјаков, претседател на Градскиот комитет на ОМО „Илинден“, Благоевград  

The post ОМО Илинден: Притисокот врз Македонците од Пиринска Македонија продолжува, бугарската полиција го бара претседателот од Благоевград appeared first on Република.

]]>
ОМО „Илинден“-Пирин: Тажно е што премиерот Ковачевски во ОН не ги спомена македонските малцинства во Бугарија и Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/omo-ilinden-pirin-tazno-e-shto-premierot-kovachevski-vo-on-ne-gi-spomena-makedonskite-malcinstva-vo-bugarija-i-grcija/ Thu, 22 Sep 2022 11:13:37 +0000 https://republika.mk/?p=553154

Тажно е што премиерот Димитар Ковачевски не ги спомна македонските малцинства во Бугарија и Грција во своето обраќање во Обединетите нации, реагираат од ОМО „Илинден“-ПИРИН.

-Премиерот Ковачевски зборуваше во ООН за правата на малцинствата и се разбира не кажа збор за македонските малцинства во Бугарија и Грција. Најтажното не е дека еден македонски премиер во својот говор за правата на малцинствата не ги спомна македонските малцинства во Бугарија и Грција – несомнено меѓу најонеправданите малцинства на Балканот, туку дека ниту некој од нас не очекувавме да нѐ спомне!
Може ли да има понесреќни малцинства од оние кои истовремено живеат во држави, кои ги негираат, дискриминираат и асимилираат и припаѓаат на нации чии држави ни уста за нив не отвораат, не па да ги заштитат? Како да живееме во народна приказна – несакани од мајка – мразени од маќеа. Двојно несакани – двојно сами. После толку борби на македонскиот народ за своја држава имаме држава која не ги третира сите делови од македонскиот народ како свои – реагираат од ОМО „Илинден“-ПИРИН.

The post ОМО „Илинден“-Пирин: Тажно е што премиерот Ковачевски во ОН не ги спомена македонските малцинства во Бугарија и Грција appeared first on Република.

]]>

Тажно е што премиерот Димитар Ковачевски не ги спомна македонските малцинства во Бугарија и Грција во своето обраќање во Обединетите нации, реагираат од ОМО „Илинден“-ПИРИН.
-Премиерот Ковачевски зборуваше во ООН за правата на малцинствата и се разбира не кажа збор за македонските малцинства во Бугарија и Грција. Најтажното не е дека еден македонски премиер во својот говор за правата на малцинствата не ги спомна македонските малцинства во Бугарија и Грција – несомнено меѓу најонеправданите малцинства на Балканот, туку дека ниту некој од нас не очекувавме да нѐ спомне! Може ли да има понесреќни малцинства од оние кои истовремено живеат во држави, кои ги негираат, дискриминираат и асимилираат и припаѓаат на нации чии држави ни уста за нив не отвораат, не па да ги заштитат? Како да живееме во народна приказна – несакани од мајка – мразени од маќеа. Двојно несакани – двојно сами. После толку борби на македонскиот народ за своја држава имаме држава која не ги третира сите делови од македонскиот народ како свои – реагираат од ОМО „Илинден“-ПИРИН.

The post ОМО „Илинден“-Пирин: Тажно е што премиерот Ковачевски во ОН не ги спомена македонските малцинства во Бугарија и Грција appeared first on Република.

]]>
Дали ја распродава Македонија: Што правел претседателот на историската комисија Ѓоргиев сам во Софија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-ja-rasprodava-makedonija-shto-pravel-pretsedatelot-na-istoriskata-komisija-gjorgiev-sam-vo-sofija/ Tue, 16 Aug 2022 07:49:15 +0000 https://republika.mk/?p=540754

Што правеше Претседателот на историската комисија  Драги Ѓоргиев сам во Софија, без другите членови на комисијата, прашуваат од ОМО Илинден Пирин.
Зошто во јануари 2022 со делегацијата на владата на СДС во Софија отпатува само претседателот на комисијата Драги Ѓоргиев, и што разговараше зад затворени врати со претседателот на бугарската историска комисија Ангел Димитров, кој порано работел за бугарските тајни служби?!
На кој начин е убедуван Драги Ѓоргиев да прифати промена на македонските учебници и да прифати дека повеќе историски личности се заеднички со Бугарија???
Да не заборавиме дека историчарот на Заев - Драги Ѓоргиев, изјави на телевизија дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, што воопшто не е точно, и е извадено од една реченица во едно Гоцево писмо до Никола Малешевски, каде Гоце користи иронија (сарказам) и чија целосна содржина на писмото Бугарите ја кријат. Во писмото Гоце Делчев всушност пишува дека бугарофилството е болест, исто како што во продолжение на писмото Делчев ќе пише дека меѓу некои Македонци имало и втора болест - гркоманството. Најголема потврда за лагата на Ѓоргиев е што во другите негови писма каде што се споменува националноста, Гоце Делчев јасно пишува дека е Македонец и работи за македонските национални интереси!
Како утре Драги Ѓоргиев ќе излезе пред Македонците и што ќе им каже на своите најблиски, кога вака безмилосно и подло, среде летен одмор, ја продава Македонија?!, велат од ОМО Илинден Пирин.

The post Дали ја распродава Македонија: Што правел претседателот на историската комисија Ѓоргиев сам во Софија? appeared first on Република.

]]>

Што правеше Претседателот на историската комисија  Драги Ѓоргиев сам во Софија, без другите членови на комисијата, прашуваат од ОМО Илинден Пирин. Зошто во јануари 2022 со делегацијата на владата на СДС во Софија отпатува само претседателот на комисијата Драги Ѓоргиев, и што разговараше зад затворени врати со претседателот на бугарската историска комисија Ангел Димитров, кој порано работел за бугарските тајни служби?! На кој начин е убедуван Драги Ѓоргиев да прифати промена на македонските учебници и да прифати дека повеќе историски личности се заеднички со Бугарија??? Да не заборавиме дека историчарот на Заев - Драги Ѓоргиев, изјави на телевизија дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, што воопшто не е точно, и е извадено од една реченица во едно Гоцево писмо до Никола Малешевски, каде Гоце користи иронија (сарказам) и чија целосна содржина на писмото Бугарите ја кријат. Во писмото Гоце Делчев всушност пишува дека бугарофилството е болест, исто како што во продолжение на писмото Делчев ќе пише дека меѓу некои Македонци имало и втора болест - гркоманството. Најголема потврда за лагата на Ѓоргиев е што во другите негови писма каде што се споменува националноста, Гоце Делчев јасно пишува дека е Македонец и работи за македонските национални интереси! Како утре Драги Ѓоргиев ќе излезе пред Македонците и што ќе им каже на своите најблиски, кога вака безмилосно и подло, среде летен одмор, ја продава Македонија?!, велат од ОМО Илинден Пирин.

The post Дали ја распродава Македонија: Што правел претседателот на историската комисија Ѓоргиев сам во Софија? appeared first on Република.

]]>
Македонците од Бугарија: За власта никогаш сме немале вредност, би нè дале и за беспари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedoncite-od-bugarija-za-vlasta-nikogash-sme-nemale-vrednost-bi-ne-dale-i-za-bespari/ Wed, 10 Aug 2022 11:20:54 +0000 https://republika.mk/?p=538707

Македонците во Бугарија го поздравуваат барањето на Обединетите нации преку Канцеларијата за човекови права да побара нивната матична земја да признае постоењето на македонско малцинство.

Оттаму велат дека е крајно време некој да и предочи на Бугарија дека мора да ги почитува правата на граѓаните кои не се чуствуваат за Бугари и да им овозможи слободно да ги практикуваат своите образовни и национални права.

Но, нашинците од Бугарија се разочарани од односот на актуелната власт која најпрво со Договорот со Грција а потоа и со тој за пријателство со Софија практично се откажа од грижата за македонското малцинство во соседните земји.

 Владата се интересира само од влегување во Европа по секоја цена. За властите ние никогаш не сме имале некоја вредност, така што сме евтини, нешто што тие би го дале и беспари-вели за „Република“ Стојко Стојков од Омо Илинден-Пирин.

Овој извештај забележува дека Владата на Бугарија „негира постоење на етничко македонското малцинство“, тврдејќи дека припадниците на оваа заедница се всушност етнички Бугари.

Во него се вели и дека „македонскиот јазик не се признава, ниту се учи во училиштата и Македонците не се застапени во Националниот совет за соработка на етничките и интегративните прашања“.

https://republika.mk/vesti/balkan/obedineti-nacii-bara-bugarija-da-go-priznae-makedonskoto-malcinstvo-samo-vlasta-na-sdsm-se-otkaza-od-nashincite/

The post Македонците од Бугарија: За власта никогаш сме немале вредност, би нè дале и за беспари appeared first on Република.

]]>

Македонците во Бугарија го поздравуваат барањето на Обединетите нации преку Канцеларијата за човекови права да побара нивната матична земја да признае постоењето на македонско малцинство. Оттаму велат дека е крајно време некој да и предочи на Бугарија дека мора да ги почитува правата на граѓаните кои не се чуствуваат за Бугари и да им овозможи слободно да ги практикуваат своите образовни и национални права. Но, нашинците од Бугарија се разочарани од односот на актуелната власт која најпрво со Договорот со Грција а потоа и со тој за пријателство со Софија практично се откажа од грижата за македонското малцинство во соседните земји.
 Владата се интересира само од влегување во Европа по секоја цена. За властите ние никогаш не сме имале некоја вредност, така што сме евтини, нешто што тие би го дале и беспари-вели за „Република“ Стојко Стојков од Омо Илинден-Пирин.
Овој извештај забележува дека Владата на Бугарија „негира постоење на етничко македонското малцинство“, тврдејќи дека припадниците на оваа заедница се всушност етнички Бугари. Во него се вели и дека „македонскиот јазик не се признава, ниту се учи во училиштата и Македонците не се застапени во Националниот совет за соработка на етничките и интегративните прашања“. https://republika.mk/vesti/balkan/obedineti-nacii-bara-bugarija-da-go-priznae-makedonskoto-malcinstvo-samo-vlasta-na-sdsm-se-otkaza-od-nashincite/

The post Македонците од Бугарија: За власта никогаш сме немале вредност, би нè дале и за беспари appeared first on Република.

]]>
ОМО Илинден-Пирин: Согласноста дадена од македонска страна за промена на „учебникот по географија за 7 одделение е поради фактот што во Пиринска Македонија живее македонски народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/omo-ilinden-pirin-soglasnosta-dadena-od-makedonska-strana-za-promena-na-uchebnikot-po-geografija-za-7-oddelenie-e-poradi-faktot-shto-vo-pirinska-makedonija-zivee-makedonski-narod/ Mon, 18 Jul 2022 14:03:32 +0000 https://republika.mk/?p=530709

Mакедонските организации во Бугарија излегоа со реaкција  во однос на Протоколот меѓу Македонија и Бугарија потпишан на 17 јули 2022.
Според ни Протоколот не е реципрочен, ниту е рамноправен. Не ги штити интересите ниту на македонското малцинство, ниту на македонската нација, ниту на Република Македонија.
1. Содржи клаузули кои се обврзувачки за македонската страна без реципрочни такви за бугарската, како промената на два конкретни македонски учебници, без ниту еден конкретен бугарски учебник.
2. Содржи клаузули за отворање досиеја и за репресирани лица во време на комунизмот, но поново само за македонска страна, како од бугарска сѐ да е направено. Но тоа не е вистина. Македонците кои лежеле со години во бугарски затвори затоа што се Македонци и до денес не се рехабилитирани, Бугарија дури и не го признава нивното постоење, а дури и не дозволува истите да си регистрираат организација за да ги заштитат своите интереси, без разлика што за тоа се осудени во Стразбур.
3. Дури и формално реципрочните клаузули, земајќи ја во предвид како надмоќната и агресивна бугарска позиција во преговорите, така и генерално пасивната и насочена кон компромиси и избегнување конфликт по секоја цена линија на македонските влади - неизбежно ќе резултира во наметнување промени и обврски само за македонската страна или во најдобриот случај нереципрочни промени и како количество и како квалитет. Тоа ќе доведе до наметнување промени кои ќе задираат директно во македонскиот идентитет и ни најмалку не би го допреле бугарскиот антимакедонски национализам.
4. Протоколот има клаузули за заштита правата на Бугарите во Македонија, но не и за Македонците во Бугарија. Официјалните оправдувања, дека тоа било зашто бугарскиот уставен систем не оставал таква можност се чиста манипулација. Да се стават истите текстови за Македонците во Бугарија како и за Бугарите во Македонија не бара Уставни измени, тие се за заштита и казнување говор на омраза, зголемување довербата во системот, осигурување ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот. Прашува ме зашто правата на Македонците во Бугарија не се заштитени на нивото кое е дадено во Бугарија на Турците, Ромите, Евреите и сл.? Каква Уставна пречка и оправдување има македонската влада по тоа прашање? Зашто за Македонците нема ништо? Зашто единствениот начин на кој сме спомнати индиректно е гаранцијата од македонска страна дека нема да се грижи за правата на лица во Бугарија кои не се македонски државјани, т.е. нас?
5. Согласноста дадена од македонска страна за промена на „учебникот по географија за 7 одделение, заради неосновани етнички/територијални претензии“ спрема Бугарија, несомнено се однесува на фактот дека во Пиринска Македонија, во Бугарија живее дел од македонскиот народ. Фактот што македонска страна се согласила дека тоа претставува „неоснована ... етничка претензија“ претставува директно откажување од македонското малцинство во Бугарија не само правно и политички, но и во историски план.
Тажната вистина е дека не уставниот поредок на Бугарија им смета на македонските власти за да го подигнат прашањето за Македонците во Бугарија.
Тие досега и никогаш го немаат подигнато затоа што не сакаат и не се интересираат. На македонското малцинство во Бугарија од времето на Тито се гледа како на непријатен проблем, кој ги расипува односите со Бугарија. Многу македонски политичари би биле посреќни дури и од бугарските свои колеги, ако утре нас не снема. Македонците се единственото малцинство во Европа, кое иако формално не му припаѓа на бездржавен народ, де факто е без држава која да се грижи за него или да го заштитува.

The post ОМО Илинден-Пирин: Согласноста дадена од македонска страна за промена на „учебникот по географија за 7 одделение е поради фактот што во Пиринска Македонија живее македонски народ appeared first on Република.