Омикрон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/omikron/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Sep 2023 14:51:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Омикрон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/omikron/ 32 32 Во Црна Гора регистрирани првите случаи на подсоеви на Омикрон на коронавирусот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-tsrna-gora-registrirani-prvite-sluchai-na-podsoevi-na-omikron-na-koronavirusot/ Mon, 04 Sep 2023 18:03:10 +0000 https://republika.mk/?p=678721

Во Црна Гора се регистрирани првите случаи на зараза со подсоеви на Омикрон на корона вирусот ЕГ. 5. 1 (така наречен Ерис) и ФЛ1. 5.1 (така наречен Форникс), соопшти денеска Институтот за јавно здравје. Наведено е дека овие подсоеви имаат мутација во протеинот односно делот од вирусот што олеснува влез во клетката.

Според црногорскиот Институт, тие супстанции можат потенцијално да го избегнат имунолошкиот одговор стекнат со претходна природна инфекција или вакцинација и да предизвикаат зголемена трансмисија, односно да доведат до зголемување на бројот на пациенти.

The post Во Црна Гора регистрирани првите случаи на подсоеви на Омикрон на коронавирусот appeared first on Република.

]]>

Во Црна Гора се регистрирани првите случаи на зараза со подсоеви на Омикрон на корона вирусот ЕГ. 5. 1 (така наречен Ерис) и ФЛ1. 5.1 (така наречен Форникс), соопшти денеска Институтот за јавно здравје. Наведено е дека овие подсоеви имаат мутација во протеинот односно делот од вирусот што олеснува влез во клетката. Според црногорскиот Институт, тие супстанции можат потенцијално да го избегнат имунолошкиот одговор стекнат со претходна природна инфекција или вакцинација и да предизвикаат зголемена трансмисија, односно да доведат до зголемување на бројот на пациенти.  

The post Во Црна Гора регистрирани првите случаи на подсоеви на Омикрон на коронавирусот appeared first on Република.

]]>
Во Романија регистрирани два случаи на „кракен“, новиот најпренослив подвид на омикрон https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-romanija-registrirani-dva-sluchai-na-kraken-noviot-najprenosliv-podvid-na-omikron/ Tue, 10 Jan 2023 21:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=595594

Светската здравствена организација соопшти дека нема „непосредна закана“ за европскиот регион од појава на СОВИД-19 во Кина, но потребни се повеќе информации.

Австралија и Канада веќе воведоа правила за тестирање COVID-19 за патниците од Кина. А САД, Индија, Јапонија, Јужна Кореја и неколку европски нации, најавија построги мерки за СОВИД-19.

Во Романија веќе се регистрирани два нови случаи на „Кракен“, новиот позаразен подвид на омикрон, најопасната варијанта на корона вирусот.  Тоа е најпреносливиот и најзаразниот вид што научниците некогаш го откриле.

Значи, научно, во овој момент не постои непосредна закана за европскиот регион, врз основа на информациите што ги имаме од Кина, бидејќи варијантите што циркулираат во Кина се оние што циркулираат и во Европа. Сепак, важно е да се заштити довербата во јавното здравје кај населението, значи, како што изјавив, ние навистина признаваме дека голем број земји, врз основа на принципот на претпазливост, спроведуваат некои мерки додека очекуваме да бидат споделени повеќе информации, достапни во јавните бази на податоци. Но, многу е важно тие мерки, тие мерки на претпазливост, да се засноваат на науката, да бидат пропорционални и особено, да не бидат дискриминаторски, рече Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

The post Во Романија регистрирани два случаи на „кракен“, новиот најпренослив подвид на омикрон appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација соопшти дека нема „непосредна закана“ за европскиот регион од појава на СОВИД-19 во Кина, но потребни се повеќе информации. Австралија и Канада веќе воведоа правила за тестирање COVID-19 за патниците од Кина. А САД, Индија, Јапонија, Јужна Кореја и неколку европски нации, најавија построги мерки за СОВИД-19. Во Романија веќе се регистрирани два нови случаи на „Кракен“, новиот позаразен подвид на омикрон, најопасната варијанта на корона вирусот.  Тоа е најпреносливиот и најзаразниот вид што научниците некогаш го откриле.
Значи, научно, во овој момент не постои непосредна закана за европскиот регион, врз основа на информациите што ги имаме од Кина, бидејќи варијантите што циркулираат во Кина се оние што циркулираат и во Европа. Сепак, важно е да се заштити довербата во јавното здравје кај населението, значи, како што изјавив, ние навистина признаваме дека голем број земји, врз основа на принципот на претпазливост, спроведуваат некои мерки додека очекуваме да бидат споделени повеќе информации, достапни во јавните бази на податоци. Но, многу е важно тие мерки, тие мерки на претпазливост, да се засноваат на науката, да бидат пропорционални и особено, да не бидат дискриминаторски, рече Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

The post Во Романија регистрирани два случаи на „кракен“, новиот најпренослив подвид на омикрон appeared first on Република.

]]>
Во Грција потврдени 15 случаи на новите подваријанти на омикронот кои ќе бидат доминантни во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-grcija-potvrdeni-15-sluchai-na-novite-podvarijanti-na-omikronot-koi-kje-bidat-dominantni-vo-evropa/ Wed, 26 Oct 2022 08:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=565738

Во Грција се потврдени вкупно 15 случаи на подваријантите BQ.1 и BQ.1.1 на сојот омикрон, за кои Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) очекува до средината на ноември и почетокот на декември да станат доминантни кај повеќе од половината потврдени случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за подваријанти на варијантата ΒΑ.5 на мутацијата Омикрон, а во Грција, според податоците од Националната организација за јавно здравје, во периодот од 1 септември до 18 октомври биле потврдени десет случаи на BQ.1 и пет на BQ.1.1.

Од Европскиот центар за превенција и контрола на болести во петокот соопштија дека во некои земји на Европската унија е откриена подваријантата BQ.1, која од 20 октомври 2022 година, ЕЦДЦ ја означи како варијанта на интерес (VOI).

Согласно нивните модели, се очекува до средината на ноември и почетокот на декември над 50 отсто од заразените со Ковид-19 да се должат на BQ.1/BQ.1.1, а до почетокот на 2023 година, кај повеќе од 80 отсто од случаите да бидат доминантни овие варијанти.

Оваа варијанта (BQ.1) и нејзините подваријанти веројатно ќе придонесат за дополнително зголемување на случаите на Ковид-19 во Европската Унија и Европската економска зона во следните недели и месеци, соопштија од ЕЦДЦ во петокот и додадоа дека врз основа на ограничените достапни податоци, нема докази дека подваријантата BQ.1 е посериозна од постоечките варијанти BA.4/BA.5.

Освен новите подваријанти, во конкретниот период во Грција се потврдени и 35 случаи на подваријантата BA.2.75 на BA.2, позната како Кентаур, а во земјата има вкупно 66 случаи на ова подваријантата.

The post Во Грција потврдени 15 случаи на новите подваријанти на омикронот кои ќе бидат доминантни во Европа appeared first on Република.

]]>

Во Грција се потврдени вкупно 15 случаи на подваријантите BQ.1 и BQ.1.1 на сојот омикрон, за кои Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) очекува до средината на ноември и почетокот на декември да станат доминантни кај повеќе од половината потврдени случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за подваријанти на варијантата ΒΑ.5 на мутацијата Омикрон, а во Грција, според податоците од Националната организација за јавно здравје, во периодот од 1 септември до 18 октомври биле потврдени десет случаи на BQ.1 и пет на BQ.1.1. Од Европскиот центар за превенција и контрола на болести во петокот соопштија дека во некои земји на Европската унија е откриена подваријантата BQ.1, која од 20 октомври 2022 година, ЕЦДЦ ја означи како варијанта на интерес (VOI). Согласно нивните модели, се очекува до средината на ноември и почетокот на декември над 50 отсто од заразените со Ковид-19 да се должат на BQ.1/BQ.1.1, а до почетокот на 2023 година, кај повеќе од 80 отсто од случаите да бидат доминантни овие варијанти.
Оваа варијанта (BQ.1) и нејзините подваријанти веројатно ќе придонесат за дополнително зголемување на случаите на Ковид-19 во Европската Унија и Европската економска зона во следните недели и месеци, соопштија од ЕЦДЦ во петокот и додадоа дека врз основа на ограничените достапни податоци, нема докази дека подваријантата BQ.1 е посериозна од постоечките варијанти BA.4/BA.5.
Освен новите подваријанти, во конкретниот период во Грција се потврдени и 35 случаи на подваријантата BA.2.75 на BA.2, позната како Кентаур, а во земјата има вкупно 66 случаи на ова подваријантата.  

The post Во Грција потврдени 15 случаи на новите подваријанти на омикронот кои ќе бидат доминантни во Европа appeared first on Република.

]]>
Во Грција ќе се ставаат нови вакцини кои штитат од омикрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-grcija-kje-se-stavaat-novi-vakcini-koi-shtitat-od-omikron/ Mon, 12 Sep 2022 17:46:52 +0000 https://republika.mk/?p=550117

Имунизацијата со ажурираните вакцини против Ковид-19 кои заштитуваат од варијантата Омикрон, во Грција ќе започне в среда, а вакцините ќе се користат само како прва или втора бустер доза, односно само за оние кои се веќе вакцинирани до две или три дози, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателката на Националната комисија за имунизација Мариа Теодориду и генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на вонредната прес конференција одржана попладнево соопштија детали за процесот на вакцинација, објаснија дека приоритет се граѓаните над 60 годишна возраст и лицата со здравствени проблеми, а платформата за закажување термин е веќе отворена.

Теодориду објасни дека станува збор за мРНА вакцини на Фајзер и Модерна и се ефикасни за варијантите Омикрон еден, Омикрон два, Омикрон 2,7 и Омикрон пет, додека пак бустер дозата треба да се прими три месеци по вакцинацијата или три месеци по прележан Ковид-19.

Потенцираше дека конкретните, ажурирани вакцини се наменети само за вакцинираните, а оние кои се невакцинирани, ќе се имунизираат со постоечките вакцини.

Генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција ги соопшти последните податоци за процесот на имунизација во земјата, според кои, досега се имплицирани 21.350.00 дози, а над 7,6 милиони граѓани се целосно вакцинирани со што Грција е на 12-то место во Европската Унија.

Додаде дека на 5.845.000 граѓани се вакцинирани со бустер доза, односно 54,8 отсто од општото население, а во просекот во ЕУ е 53,7 проценти.

Втора бустер доза, односно четврта доза, досега примиле над 555.000 граѓани

The post Во Грција ќе се ставаат нови вакцини кои штитат од омикрон appeared first on Република.

]]>

Имунизацијата со ажурираните вакцини против Ковид-19 кои заштитуваат од варијантата Омикрон, во Грција ќе започне в среда, а вакцините ќе се користат само како прва или втора бустер доза, односно само за оние кои се веќе вакцинирани до две или три дози, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателката на Националната комисија за имунизација Мариа Теодориду и генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на вонредната прес конференција одржана попладнево соопштија детали за процесот на вакцинација, објаснија дека приоритет се граѓаните над 60 годишна возраст и лицата со здравствени проблеми, а платформата за закажување термин е веќе отворена. Теодориду објасни дека станува збор за мРНА вакцини на Фајзер и Модерна и се ефикасни за варијантите Омикрон еден, Омикрон два, Омикрон 2,7 и Омикрон пет, додека пак бустер дозата треба да се прими три месеци по вакцинацијата или три месеци по прележан Ковид-19. Потенцираше дека конкретните, ажурирани вакцини се наменети само за вакцинираните, а оние кои се невакцинирани, ќе се имунизираат со постоечките вакцини. Генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција ги соопшти последните податоци за процесот на имунизација во земјата, според кои, досега се имплицирани 21.350.00 дози, а над 7,6 милиони граѓани се целосно вакцинирани со што Грција е на 12-то место во Европската Унија. Додаде дека на 5.845.000 граѓани се вакцинирани со бустер доза, односно 54,8 отсто од општото население, а во просекот во ЕУ е 53,7 проценти. Втора бустер доза, односно четврта доза, досега примиле над 555.000 граѓани

The post Во Грција ќе се ставаат нови вакцини кои штитат од омикрон appeared first on Република.

]]>
Во Хрватска почнува вакцинација со нови, адаптирани вакцини против омикрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-hrvatska-pochnuva-vakcinacija-so-novi-adaptirani-vakcini-protiv-omikron/ Mon, 12 Sep 2022 08:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=549912

Во Хрватска денеска треба да започне вакцинацијата со нови, адаптирани вакцини против корона вирусот, кои покрај оригиналниот сој од Вухан, ја покриваат и варијантата омикрон.

Како што пренесуваат медиумите во Загреб, на граѓаните прво ќе им биде достапна адаптираната вакцина Фајзер, а потоа и вакцината Модерна.

Хрватскиот завод за јавно здравје им препорача дополнителна вакцинација со нови вакцини на сите возрасни лица кои примиле две дози.

Што се однесува до оние кои досега примиле три дози, вакцинацијата се препорачува за оние 60 и помлади во ризик,пренесе Денес.рс.

The post Во Хрватска почнува вакцинација со нови, адаптирани вакцини против омикрон appeared first on Република.

]]>

Во Хрватска денеска треба да започне вакцинацијата со нови, адаптирани вакцини против корона вирусот, кои покрај оригиналниот сој од Вухан, ја покриваат и варијантата омикрон. Како што пренесуваат медиумите во Загреб, на граѓаните прво ќе им биде достапна адаптираната вакцина Фајзер, а потоа и вакцината Модерна. Хрватскиот завод за јавно здравје им препорача дополнителна вакцинација со нови вакцини на сите возрасни лица кои примиле две дози. Што се однесува до оние кои досега примиле три дози, вакцинацијата се препорачува за оние 60 и помлади во ризик,пренесе Денес.рс.  

The post Во Хрватска почнува вакцинација со нови, адаптирани вакцини против омикрон appeared first on Република.

]]>
Грција доби вакцини против Ковид-19 кои штитат и од омикрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/grcija-dobi-vakcini-protiv-kovid-19-koi-shtitat-i-od-omikron/ Wed, 07 Sep 2022 19:12:28 +0000 https://republika.mk/?p=548465

Ажурираните вакцини против Ковид-19 кои заштитуваат и од варијантата Омикрон, веќе пристигнале во Грција, а в понеделник ќе бидат објавени детали околу почетокот на процесот на имунизација со новите вакцини, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека в понеделник ќе се одржи вонредна прес конференција за планот за вакцинација, односно за денот кога ќе започне како и за упатствата на Националната комисија за имунизација.

На почетокот на април годинава во Грција започна вакцинацијата со четврта доза за граѓаните над 60-годишна возраст, а кон крајот на јуни се отвори можноста и за помладите, односно за сите над 30 години, доколку сакаат да ја примат втората бустер доза. ср/

The post Грција доби вакцини против Ковид-19 кои штитат и од омикрон appeared first on Република.

]]>

Ажурираните вакцини против Ковид-19 кои заштитуваат и од варијантата Омикрон, веќе пристигнале во Грција, а в понеделник ќе бидат објавени детали околу почетокот на процесот на имунизација со новите вакцини, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека в понеделник ќе се одржи вонредна прес конференција за планот за вакцинација, односно за денот кога ќе започне како и за упатствата на Националната комисија за имунизација. На почетокот на април годинава во Грција започна вакцинацијата со четврта доза за граѓаните над 60-годишна возраст, а кон крајот на јуни се отвори можноста и за помладите, односно за сите над 30 години, доколку сакаат да ја примат втората бустер доза. ср/

The post Грција доби вакцини против Ковид-19 кои штитат и од омикрон appeared first on Република.

]]>
Во Албанија потврденa нова ковид варијанта: Ова се симптомите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-albanija-potvrdena-nova-kovid-varijanta-ova-se-simptomite/ Thu, 25 Aug 2022 19:24:50 +0000 https://republika.mk/?p=544168

Албанскиот  Институт за јавно здравје официјално потврди дека во земјата циркулира подваријантата на Омикрон БА4.

– Го потврдивме присуството и на варијантата БА4, покрај БА5 која циркулира од јуни. Во лабораторија во Германија испративме 230 примероци. Од нив над 83 отсто беа БА5 и мал процент или околу 4 отсто БА4“, изјави Еугена Томини, директорка на Институтот.

Според неа се уште во земјата има висока позитивност кај новозаразени, а незаинтересираноста за вакцинација условува поотежната клиничка слика на заразените.

– Продолжува висока позитивност на дневно ниво. Оваа позитивност се рефлектира и во зголемениот број на случаите на кои им е неопходен болнички третман. Незаинтересираноста за вакцинација ни дава поотежната клиничка слика на случаите, додаде Томини.

Таа предупреди дека коциркулацијата на двете подваријанти на Омикрон и сезонските вируси, на почетокот на есента, се очекува да ја комплицираат состојбата во земјата.

Официјалната статистика објавена попладнево потврдува дека од тестираните 1.285 позитивен резултат е добиен кај 375 или 30 отсто од тестираните. Но, бројката е многу повисока бидејќи дел се тестираат дома и се лекуваат во домашни услови, а други и не го прават тоа поради поблагите симптоми.

The post Во Албанија потврденa нова ковид варијанта: Ова се симптомите appeared first on Република.

]]>

Албанскиот  Институт за јавно здравје официјално потврди дека во земјата циркулира подваријантата на Омикрон БА4.
– Го потврдивме присуството и на варијантата БА4, покрај БА5 која циркулира од јуни. Во лабораторија во Германија испративме 230 примероци. Од нив над 83 отсто беа БА5 и мал процент или околу 4 отсто БА4“, изјави Еугена Томини, директорка на Институтот.
Според неа се уште во земјата има висока позитивност кај новозаразени, а незаинтересираноста за вакцинација условува поотежната клиничка слика на заразените.
– Продолжува висока позитивност на дневно ниво. Оваа позитивност се рефлектира и во зголемениот број на случаите на кои им е неопходен болнички третман. Незаинтересираноста за вакцинација ни дава поотежната клиничка слика на случаите, додаде Томини.
Таа предупреди дека коциркулацијата на двете подваријанти на Омикрон и сезонските вируси, на почетокот на есента, се очекува да ја комплицираат состојбата во земјата. Официјалната статистика објавена попладнево потврдува дека од тестираните 1.285 позитивен резултат е добиен кај 375 или 30 отсто од тестираните. Но, бројката е многу повисока бидејќи дел се тестираат дома и се лекуваат во домашни услови, а други и не го прават тоа поради поблагите симптоми.

The post Во Албанија потврденa нова ковид варијанта: Ова се симптомите appeared first on Република.

]]>
Невролозите укажуваат на „облак“ во меморијата и автоимуни болести како последица на Омикрон https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nevrolozite-ukazuvaat-na-oblak-vo-memorijata-i-avtoimuni-bolesti-kako-posledica-na-omikron-2/ Sat, 13 Aug 2022 18:53:04 +0000 https://republika.mk/?p=539990

Најчестите компликации се автоимуните болести - од воспаление на мозокот до мултиплекс склероза. Како пост-ковид симптоми се јавуваат и вртоглавици, главоболки и проблеми со меморијата, пишува Дојче веле.

Од појавата на вирусот до сега веќе е јасно дека станува збор за мултисистемска болест, која што не ги напаѓа само белите дробови и срцето, туку остава последици и врз бубрезите, црниот дроб, мозокот...Барбов посочува дека во периодот кога беа доминантни Алфа и Делта сојот имало зголемен број на мозочни удари, како резултат на зголемена коагулација и зголемени Д-димери кои се движеле од 5.000 до 10 илјади. Ваквите вредности укажуваат на можност за формирање тромбови, поради што на пациентите им се препорачуваше антикоагулантна терапија.

Кај Омикрон вакви симптоми нема, но вирусот знае да предизвика автоимуни болести, вели доктор Барбов.

Целиот текст овде.

The post Невролозите укажуваат на „облак“ во меморијата и автоимуни болести како последица на Омикрон appeared first on Република.

Нова подваријанта на Омикрон од Индија веќе предизвикува хаос во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nova-podvarijanta-na-omikron-od-indija-vekje-predizvikuva-haos-vo-evropa/ Wed, 13 Jul 2022 10:09:21 +0000 https://republika.mk/?p=527995

Виролозите изразија загриженост за појавата на уште еден вид на варијантата Омикрон, кој брзо се шири во Индија и веќе пристигна во Велика Британија.

Предупредувањето дојде откако пратениците повикаа на двојно повеќе напори за да се убедат речиси 3 милиони возрасни луѓе во Англија кои сè уште не примиле ниту една доза од вакцината „Ковид-19“ да ја прифатат вакцината.

Варијантата BA.2.75 – наречена Кентаур – првпат беше откриена во Индија на почетокот на мај. Случаите овде нагло се зголемија оттогаш – и очигледно побрзо од оние на високо преносливата варијанта BA.5, која е присутна и во Индија и брзо ја заменува претходната доминантна варијанта BA.2 во многу земји, пишува Гардијан.

BA.2.75 е исто така откриен во околу 10 земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Австралија, Германија и Канада.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести го означи како „варијанта под надзор“ на 7 јули, што значи дека има некои индикации дека може да се пренесува или да е поврзана со посериозни болести, но доказите се слаби или сè уште не се откриени.

Светската здравствена организација (СЗО) исто така внимателно ја следи новата варијанта, иако нејзиниот главен научник, д-р Сумија Сваминатан, рече дека сè уште нема доволно примероци за да се процени нејзината сериозност.

Покрај неговиот очигледен брз раст и широкото географско ширење, виролозите беа вознемирени од големиот број дополнителни мутации што ги содржеше BA.2.75 во споредба со BA.2, од кои најверојатно еволуирал.

Ова може да значи дека има можност да развие предност во однос на веќе успешната варијанта на вирусот“, рече д-р Стивен Грифин, виролог од Универзитетот во Лидс.

„Не се толку многу точните мутации, туку бројот или комбинациите“, рече д-р Том Пикок, истражувач од Кралскиот колеџ во Лондон, кој прв го идентификуваше Омикрон како потенцијална закана уште во ноември 2021 година.

Тешко е да се предвиди ефектот на толку многу мутации што се појавуваат заедно – тоа му дава на вирусот малку квалитет на „дива карта“ каде збирот на делови може да биде полош од деловите поединечно, истакнува тој.

Тој забележува дека тоа е дефинитивен потенцијален кандидат за она што доаѓа по БА.5.

Ако тоа не успее, веројатно ќе ни се случи следно, односно „варијанта на варијанта. Дури и ако не се појави во други земји, нејзиниот раст во Индија сугерира дека најверојатно ќе биде проблем таму, во најмала рака, рече Пикок.

Очигледно е дека расте доста во Индија, но Индија нема многу случаи на BA.5 и сè уште е нејасно колку е добар“, рече тој.

Грифин го истакна ова како уште еден пример за импресивната способност на вирусот да ги толерира промените во неговиот протеин на шилци – делот што го користи за инфицирање на клетките и на кој се базираат повеќето вакцини против коронавирус.

Во ова време минатата година, многумина беа убедени дека Делта го претставува врвот на вирусната еволуција, но појавата на Омикрон и масовното зголемување на варијабилноста и затајувањето на антителата е знак дека како популација не можеме да следиме план сличен на грип да задржиме чекор со вирална еволуција, рече Грифин.

Покрај вакцините, долгорочните планови треба да вклучуваат варијанта-агностичка заштита за спречување на инфекции и реинфекции.

Ова вклучува создавање средина отпорна на инфекции преку подобрена вентилација, филтрирање или стерилизација на воздухот во затворените простории, разумно повторно обезбедување на тестови и соодветен период на изолација што всушност ќе го намали преносот, рече тој.

Во меѓувреме, во Велика Британија, владиниот Комитет за јавни сметки ги повика здравствените службеници да направат повеќе за да стигнат до луѓето кои сè уште се невакцинирани и затоа се изложени на поголем ризик да бидат хоспитализирани или да умрат од Ковид-19.

The post Нова подваријанта на Омикрон од Индија веќе предизвикува хаос во Европа appeared first on Република.

]]>

Виролозите изразија загриженост за појавата на уште еден вид на варијантата Омикрон, кој брзо се шири во Индија и веќе пристигна во Велика Британија. Предупредувањето дојде откако пратениците повикаа на двојно повеќе напори за да се убедат речиси 3 милиони возрасни луѓе во Англија кои сè уште не примиле ниту една доза од вакцината „Ковид-19“ да ја прифатат вакцината. Варијантата BA.2.75 – наречена Кентаур – првпат беше откриена во Индија на почетокот на мај. Случаите овде нагло се зголемија оттогаш – и очигледно побрзо од оние на високо преносливата варијанта BA.5, која е присутна и во Индија и брзо ја заменува претходната доминантна варијанта BA.2 во многу земји, пишува Гардијан. BA.2.75 е исто така откриен во околу 10 земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Австралија, Германија и Канада. Европскиот центар за превенција и контрола на болести го означи како „варијанта под надзор“ на 7 јули, што значи дека има некои индикации дека може да се пренесува или да е поврзана со посериозни болести, но доказите се слаби или сè уште не се откриени. Светската здравствена организација (СЗО) исто така внимателно ја следи новата варијанта, иако нејзиниот главен научник, д-р Сумија Сваминатан, рече дека сè уште нема доволно примероци за да се процени нејзината сериозност. Покрај неговиот очигледен брз раст и широкото географско ширење, виролозите беа вознемирени од големиот број дополнителни мутации што ги содржеше BA.2.75 во споредба со BA.2, од кои најверојатно еволуирал.
Ова може да значи дека има можност да развие предност во однос на веќе успешната варијанта на вирусот“, рече д-р Стивен Грифин, виролог од Универзитетот во Лидс.
„Не се толку многу точните мутации, туку бројот или комбинациите“, рече д-р Том Пикок, истражувач од Кралскиот колеџ во Лондон, кој прв го идентификуваше Омикрон како потенцијална закана уште во ноември 2021 година.
Тешко е да се предвиди ефектот на толку многу мутации што се појавуваат заедно – тоа му дава на вирусот малку квалитет на „дива карта“ каде збирот на делови може да биде полош од деловите поединечно, истакнува тој.
Тој забележува дека тоа е дефинитивен потенцијален кандидат за она што доаѓа по БА.5.
Ако тоа не успее, веројатно ќе ни се случи следно, односно „варијанта на варијанта. Дури и ако не се појави во други земји, нејзиниот раст во Индија сугерира дека најверојатно ќе биде проблем таму, во најмала рака, рече Пикок. Очигледно е дека расте доста во Индија, но Индија нема многу случаи на BA.5 и сè уште е нејасно колку е добар“, рече тој.
Грифин го истакна ова како уште еден пример за импресивната способност на вирусот да ги толерира промените во неговиот протеин на шилци – делот што го користи за инфицирање на клетките и на кој се базираат повеќето вакцини против коронавирус.
Во ова време минатата година, многумина беа убедени дека Делта го претставува врвот на вирусната еволуција, но појавата на Омикрон и масовното зголемување на варијабилноста и затајувањето на антителата е знак дека како популација не можеме да следиме план сличен на грип да задржиме чекор со вирална еволуција, рече Грифин.
Покрај вакцините, долгорочните планови треба да вклучуваат варијанта-агностичка заштита за спречување на инфекции и реинфекции.
Ова вклучува создавање средина отпорна на инфекции преку подобрена вентилација, филтрирање или стерилизација на воздухот во затворените простории, разумно повторно обезбедување на тестови и соодветен период на изолација што всушност ќе го намали преносот, рече тој.
Во меѓувреме, во Велика Британија, владиниот Комитет за јавни сметки ги повика здравствените службеници да направат повеќе за да стигнат до луѓето кои сè уште се невакцинирани и затоа се изложени на поголем ризик да бидат хоспитализирани или да умрат од Ковид-19.

The post Нова подваријанта на Омикрон од Индија веќе предизвикува хаос во Европа appeared first on Република.

]]>
Новите подтипови омикрон БА.4 и БА.5 сѐ поприсутни во Србија и во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/novite-podtipovi-omikron-ba-4-i-ba-5-s-poprisutni-vo-srbija-i-vo-albanija/ Sat, 09 Jul 2022 14:07:20 +0000 https://republika.mk/?p=526274

Новите подтипови на омикрон БА.4 и БА.5 веќе се шират во соседството, а се зголемува и бројот на новозаразени со ковид-19. Слично како во Македонија, здравствените власти во Србија, Албанија и на Косово апелираат дека бројот на новозаразени е поголем од оние кои реално се тестираат и бидуваат регистрирани. Па така, во Србија реалната бројка е 4.000 лица дневно. Во Албанија околу 700 официјални случаи, а 1.000 во последното деноноќие. На Косово официјалната бројка од 397 лица е поголема од бројките во Македонија кои се движеа околу 300 во последните денови.

Соевите БА.4, БА.5 и омикрон се помалку смртоносни од другите типови на коронавирус, но растењето на бројките ја зголемува загриженоста од појава на нов летен или есенски бран.

Бројките во главната болница во Србија дуплирани

Директорката на главната ковид-болница во Србија, Батајница, д-р Татјана Аџиќ Вукиќевиќ, предупреди дека реалниот број на заболени е околу 4.000 лица дневно, како и дека се зголемува бројот на пациенти во болниците, јави дописникот на МИА од Белград. Во Батајница во изминатите десет дена бројот на заразени бил дуплиран.

Таа наведе дека во болницата сега има 60 пациенти со средно тешка клиничка слика, што е речиси половина од вкупно околу 140 хоспитализирани во цела Србија.

Д-р Аџиќ Вукиќевиќ изјави дека во моментов се актуелни новите подтипови на омикрон- БA.4 и БA.5 и дека според некои истражувања во светот тие ги зафаќаат и долните дишни органи, за разлика од „обичниот“ омикрон.

Во Србија вчера се регистрирани 1.599 нови случаи на коронавирус од 8.206 тестирани примероци, а пет лица починале.

Во Албанија циркулира варијантата БА.5

Во Албанија во постојан раст е бројот на новозаразени лица со ковид-19, каде од почетокот на месецов во просек дневно има по околу 700 новозаразени, а вчера тој број изнесуваше 1.001, што е 45,2 отсто од тестираните.

Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата, потврди дека во земјата циркулира варијантата БА5.

– Во земјата циркулира варијантата БА5, за која немаме јасни податоци за формите, ниту за процентот на смртност. Имаме и малку податоци за преносливоста на оваа варијанта. Граѓаните да се вакцинираат. Секое лице кое поминало еден месец од прележувањето на заразата треба да се вакцинира, со која било вакцина. За ова нема дискусија – изјави една од најпознатите епидемиолози во Албанија, Силва Бино.

Според Минстерството за здравство бројот на заразени со ковид-19 изнесува 5.644 лица, додека експертите предупредуваат дека нивниот број е најмалку двапати повисок.

По подолго време на Косово има смртни случаи од корона

Во Косово изминатите 24 часа се регистрирани три смртни случаи на лица заболени од ковид-19, откако последните три недели немаше ниедна жрта на пандемијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според официјалните податоци на Министерството за здравство на Косово, пред овие жртви на пандемијата, последниот случај беше регистриран на 18 јуни, а пред тоа цели шест недели немаше ниеден смртен случај на заболен од ковид-19.

Изминатите 24 часа се извршени 1.285 тестирања, од кои позитивни резултирале 397 лица, додека бројката на излекувани во истиот извештаен период изнесува 167. Активни носители на висрусот во Косово се 2.087 лица.

The post Новите подтипови омикрон БА.4 и БА.5 сѐ поприсутни во Србија и во Албанија appeared first on Република.

]]>

Новите подтипови на омикрон БА.4 и БА.5 веќе се шират во соседството, а се зголемува и бројот на новозаразени со ковид-19. Слично како во Македонија, здравствените власти во Србија, Албанија и на Косово апелираат дека бројот на новозаразени е поголем од оние кои реално се тестираат и бидуваат регистрирани. Па така, во Србија реалната бројка е 4.000 лица дневно. Во Албанија околу 700 официјални случаи, а 1.000 во последното деноноќие. На Косово официјалната бројка од 397 лица е поголема од бројките во Македонија кои се движеа околу 300 во последните денови. Соевите БА.4, БА.5 и омикрон се помалку смртоносни од другите типови на коронавирус, но растењето на бројките ја зголемува загриженоста од појава на нов летен или есенски бран. Бројките во главната болница во Србија дуплирани Директорката на главната ковид-болница во Србија, Батајница, д-р Татјана Аџиќ Вукиќевиќ, предупреди дека реалниот број на заболени е околу 4.000 лица дневно, како и дека се зголемува бројот на пациенти во болниците, јави дописникот на МИА од Белград. Во Батајница во изминатите десет дена бројот на заразени бил дуплиран. Таа наведе дека во болницата сега има 60 пациенти со средно тешка клиничка слика, што е речиси половина од вкупно околу 140 хоспитализирани во цела Србија. Д-р Аџиќ Вукиќевиќ изјави дека во моментов се актуелни новите подтипови на омикрон- БA.4 и БA.5 и дека според некои истражувања во светот тие ги зафаќаат и долните дишни органи, за разлика од „обичниот“ омикрон. Во Србија вчера се регистрирани 1.599 нови случаи на коронавирус од 8.206 тестирани примероци, а пет лица починале. Во Албанија циркулира варијантата БА.5 Во Албанија во постојан раст е бројот на новозаразени лица со ковид-19, каде од почетокот на месецов во просек дневно има по околу 700 новозаразени, а вчера тој број изнесуваше 1.001, што е 45,2 отсто од тестираните. Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата, потврди дека во земјата циркулира варијантата БА5. – Во земјата циркулира варијантата БА5, за која немаме јасни податоци за формите, ниту за процентот на смртност. Имаме и малку податоци за преносливоста на оваа варијанта. Граѓаните да се вакцинираат. Секое лице кое поминало еден месец од прележувањето на заразата треба да се вакцинира, со која било вакцина. За ова нема дискусија – изјави една од најпознатите епидемиолози во Албанија, Силва Бино. Според Минстерството за здравство бројот на заразени со ковид-19 изнесува 5.644 лица, додека експертите предупредуваат дека нивниот број е најмалку двапати повисок. По подолго време на Косово има смртни случаи од корона Во Косово изминатите 24 часа се регистрирани три смртни случаи на лица заболени од ковид-19, откако последните три недели немаше ниедна жрта на пандемијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Според официјалните податоци на Министерството за здравство на Косово, пред овие жртви на пандемијата, последниот случај беше регистриран на 18 јуни, а пред тоа цели шест недели немаше ниеден смртен случај на заболен од ковид-19. Изминатите 24 часа се извршени 1.285 тестирања, од кои позитивни резултирале 397 лица, додека бројката на излекувани во истиот извештаен период изнесува 167. Активни носители на висрусот во Косово се 2.087 лица.

The post Новите подтипови омикрон БА.4 и БА.5 сѐ поприсутни во Србија и во Албанија appeared first on Република.

]]>
Ова е најлошиот Омикрон досега, тврди пулмолог од Србија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ova-e-najloshiot-omikron-dosega-tvrdi-pulmolog-od-srbija/ Tue, 05 Jul 2022 11:18:34 +0000 https://republika.mk/?p=524212

Пулмологот од Србија кој работи во Словенија, Срѓан Лукиќ, на својот Твитер профил објави предупредување, а се однесува на коронавирусот за кој вели дека е „најлошиот омикрон досега“.

Сојот омикрон BA.5 станува доминантен. Се чини дека е најлошиот омикрон досега, антигенски сосема различен од варијантата BA.1, за која вакцините допрва треба да пристигнат и не знаеме колку ќе бидат ефективни против BA.5. Вирусот мутира побрзо од производството на нови вакцини, напиша Лукиќ.

Лекарите и медицинските екперти повторно повикуваат на носење маски, а еден од советите за сузбивање на новиот седми бран е да се прими четвртата доза вакцина.

The post Ова е најлошиот Омикрон досега, тврди пулмолог од Србија appeared first on Република.

Нови подсоеви на омикрон се шират низ Европа и предизвикуваат нов бран на корона вирусот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/novi-podsoevi-na-omikron-se-shirat-niz-evropa-i-predizvikuvaat-nov-bran-na-korona-virusot/ Tue, 28 Jun 2022 08:24:14 +0000 https://republika.mk/?p=520591

Европа минува низ седмиот бран на Ковид-19, во голема мера објаснет со новите соеви на вируси кои имаат силен капацитет да ја избегнат заштитата создадена од вакцинацијата и претходните инфекции.

Новиот скок на заразените може да се објасни со олабавувањето на мерките за заштита, но и со падот на имунитетот на луѓето. Сега е познато дека заштитата што ја обезбедуваат вакцините и претходните инфекции слабее по неколку месеци.

Луѓето заразени со омикрон сојот во декември се помалку заштитени од заразените на почетокот на годината. Истото важи и за имунитетот што го постигнуваат вакцините, иако тој останува многу силен против тешките форми на болеста, а малку е послаб за помалку тешки форми - вели директорот на францускиот истражувачки центар ЦНРС, Семјуел Алисон.

Научниците, исто така велат дека новиот бран се објаснува и со развојот на новите омикронски подваријанти, БA.4 и БA.5.

Во Франција, според последниот извештај на Службата за јавно здравје, постепена замена на сојот БA.2 е забележана веќе неколку недели, со појава на сој БA.5 во 41 отсто од случаите и БA.4 во шест отсто од случаите во неделата од 13. до 19 јуни.

Новите потсоеви побрзо се шират поради двојните карактеристики што ги имаат, нивната поголема заразност и поради слабеењето на имунитетот, односно можноста за избегнување на имунолошкиот одговор.

Ова веќе беше случај со субкултурата омикрон БA.1, која може многу побрзо да зарази веќе вакцинирани лица или лица кои биле инфицирани со делта сојот.

Долго време се веруваше дека инфекцијата обезбедува заштита, барем за некое време. Сепак, се чини дека тоа не е случај со семејството омикрон, покажува студијата на Империјал колеџот објавена во средината на јуни во списанието „Сајанс“.

Утврдено е дека оние кои биле подложени на омикрон имаат заштита од почетниот вид на корона вирусот и неговите први видови, но слаба заштита од самиот омикрон.

Она што го откривме е дека слабо го стимулира имунитетот против себе, дури и во некои случаи. Ова, заедно со падот на имунитетот по вакцинацијата, може да го објасни масовното зголемување на новозаразените луѓе и големиот број повторни инфекции во кратки интервали - вели Розмари Бојтон, која е коавторка на студијата.

Француската научничка вели дека се соочуваме со многу заразни соеви кои некако минуваат под радарот за имунолошка одбрана. Таа додава дека поради овие многу заразни варијанти, неопходно е да се подигне нивото на заштита на најчувствителните луѓе.

За повеќето европски земји, апсолутен приоритет е постарите лица и лицата со имунолошки потешкотии да добијат втора засилена доза од вакцината - вели Бојтон.

Претседателот на Францускиот совет за стратегија за вакцини, Ален Фишер, изјави дека сегашното ниво на имунитет на населението е добро, но не и совршено. Затоа, тој вели дека треба да им се препорача уште една бустер доза на постари од 60 години и чувствителни лица.

The post Нови подсоеви на омикрон се шират низ Европа и предизвикуваат нов бран на корона вирусот appeared first on Република.

]]>

Европа минува низ седмиот бран на Ковид-19, во голема мера објаснет со новите соеви на вируси кои имаат силен капацитет да ја избегнат заштитата создадена од вакцинацијата и претходните инфекции. Новиот скок на заразените може да се објасни со олабавувањето на мерките за заштита, но и со падот на имунитетот на луѓето. Сега е познато дека заштитата што ја обезбедуваат вакцините и претходните инфекции слабее по неколку месеци.
Луѓето заразени со омикрон сојот во декември се помалку заштитени од заразените на почетокот на годината. Истото важи и за имунитетот што го постигнуваат вакцините, иако тој останува многу силен против тешките форми на болеста, а малку е послаб за помалку тешки форми - вели директорот на францускиот истражувачки центар ЦНРС, Семјуел Алисон.
Научниците, исто така велат дека новиот бран се објаснува и со развојот на новите омикронски подваријанти, БA.4 и БA.5. Во Франција, според последниот извештај на Службата за јавно здравје, постепена замена на сојот БA.2 е забележана веќе неколку недели, со појава на сој БA.5 во 41 отсто од случаите и БA.4 во шест отсто од случаите во неделата од 13. до 19 јуни. Новите потсоеви побрзо се шират поради двојните карактеристики што ги имаат, нивната поголема заразност и поради слабеењето на имунитетот, односно можноста за избегнување на имунолошкиот одговор. Ова веќе беше случај со субкултурата омикрон БA.1, која може многу побрзо да зарази веќе вакцинирани лица или лица кои биле инфицирани со делта сојот. Долго време се веруваше дека инфекцијата обезбедува заштита, барем за некое време. Сепак, се чини дека тоа не е случај со семејството омикрон, покажува студијата на Империјал колеџот објавена во средината на јуни во списанието „Сајанс“. Утврдено е дека оние кои биле подложени на омикрон имаат заштита од почетниот вид на корона вирусот и неговите први видови, но слаба заштита од самиот омикрон.
Она што го откривме е дека слабо го стимулира имунитетот против себе, дури и во некои случаи. Ова, заедно со падот на имунитетот по вакцинацијата, може да го објасни масовното зголемување на новозаразените луѓе и големиот број повторни инфекции во кратки интервали - вели Розмари Бојтон, која е коавторка на студијата.
Француската научничка вели дека се соочуваме со многу заразни соеви кои некако минуваат под радарот за имунолошка одбрана. Таа додава дека поради овие многу заразни варијанти, неопходно е да се подигне нивото на заштита на најчувствителните луѓе.
За повеќето европски земји, апсолутен приоритет е постарите лица и лицата со имунолошки потешкотии да добијат втора засилена доза од вакцината - вели Бојтон.
Претседателот на Францускиот совет за стратегија за вакцини, Ален Фишер, изјави дека сегашното ниво на имунитет на населението е добро, но не и совршено. Затоа, тој вели дека треба да им се препорача уште една бустер доза на постари од 60 години и чувствителни лица.

The post Нови подсоеви на омикрон се шират низ Европа и предизвикуваат нов бран на корона вирусот appeared first on Република.

]]>
СЗО ја поддржа употребата на вакцина адаптирана на сојот Омикрон https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-ja-poddrza-upotrebata-na-vakcina-adaptirana-na-sojot-omikron/ Fri, 17 Jun 2022 16:43:05 +0000 https://republika.mk/?p=516450

Советничката група на Светска здравствена организација (СЗО) денеска ја поддржа употребата на вакцина адаптирана на сојот Омикрон како дополнителна доза.

Специјална вакцина против коронавирус, адаптирана за сојот Омикрон, може да се користи како засилувачка доза за зајакнување на имунитетот, соопшти денеска во Светската здравствена организација (СЗО).

Таквата вакцина, според достапните податоци, може да им користи на оние кои веќе се целосно вакцинирани против Ковид-19.

Производителите на вакцини како Модерна и Фајзер развиваат потенцијална дополнителна доза од новата генерација, која ќе го таргетира не само оригиналниот сој, туку и сојот Омикрон.

Модерна минатата недела соопшти дека новата верзија на нејзината вакцина покажала подобар имунолошки одговор против омикрон од оригиналната верзија. Европската медицинска агенција неделава почна со тестирање на вакцините на Модерна и на Фајзер адаптирани на сојот Омикрон.

Вакцините ќе можат да се употребуваат откако ќе биде одобрена нивната примена во итни случаи или кога ќе ја одобрат надлежните регулаторни тела.

The post СЗО ја поддржа употребата на вакцина адаптирана на сојот Омикрон appeared first on Република.

]]>

Советничката група на Светска здравствена организација (СЗО) денеска ја поддржа употребата на вакцина адаптирана на сојот Омикрон како дополнителна доза.
Специјална вакцина против коронавирус, адаптирана за сојот Омикрон, може да се користи како засилувачка доза за зајакнување на имунитетот, соопшти денеска во Светската здравствена организација (СЗО).
Таквата вакцина, според достапните податоци, може да им користи на оние кои веќе се целосно вакцинирани против Ковид-19. Производителите на вакцини како Модерна и Фајзер развиваат потенцијална дополнителна доза од новата генерација, која ќе го таргетира не само оригиналниот сој, туку и сојот Омикрон. Модерна минатата недела соопшти дека новата верзија на нејзината вакцина покажала подобар имунолошки одговор против омикрон од оригиналната верзија. Европската медицинска агенција неделава почна со тестирање на вакцините на Модерна и на Фајзер адаптирани на сојот Омикрон. Вакцините ќе можат да се употребуваат откако ќе биде одобрена нивната примена во итни случаи или кога ќе ја одобрат надлежните регулаторни тела.

The post СЗО ја поддржа употребата на вакцина адаптирана на сојот Омикрон appeared first on Република.

]]>
Може ли да се заразиме двапати со омикрон варијантата? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/moze-li-da-se-zarazime-dvapati-so-omikron-varijantata/ Thu, 16 Jun 2022 12:46:16 +0000 https://republika.mk/?p=515987

Ако некогаш сме биле изложени на сојот омикрон на коронавирус, најважното прашање што секогаш се поставува е: дали постои страв од повторно заразување со истиот вид?

Омикронската варијанса не дава имунитет и постои можност за повторна инфекција со овој вид на вирусот.

Студијата на научниците од Империјалниот колеџ во Лондон покажа дека луѓето кои ја имале омикронската варијанта на вирусот немаат заштита од повторна инфекција со вирусот.

Истражувачите откриле дека иако луѓето имале одреден степен на антитела со првата форма на ковид и други подоцнежни варијанти на вирусот, тие не го откриле ова кога ги истражувале соевите на омикрон.

Овие наоди би можеле да објаснат зошто луѓето кои имале омикрон наскоро повторно ја „закачиле“ истата форма на вирусот.

Добрата вест е дека бројот на смртни случаи од ковид е намален, и покрај овие тврдења.

Професорот Дени Алтман од Одделот за имунологија и инфекции објасни дека омикронот е способен да „лета под радарот“ така што човечкиот имунолошки систем не може да го запомни.

Омикрон и неговите варијанти се одлични во пенетрациите, но лоши во поттикнувањето имунитет, па тогаш добиваме нови инфекции. Не само што може да ја пробие бариерата на вакцината, туку се чини дека остава многу малку траги на имунолошкиот систем.

Истражувањето покажа дека кај оние кои трипати биле вакцинирани без претходна инфекција, омикрон обезбедил зајакнување на имунитетот против претходните соеви на коронавирусот – изјави Алтман.

The post Може ли да се заразиме двапати со омикрон варијантата? appeared first on Република.

]]>

Ако некогаш сме биле изложени на сојот омикрон на коронавирус, најважното прашање што секогаш се поставува е: дали постои страв од повторно заразување со истиот вид? Омикронската варијанса не дава имунитет и постои можност за повторна инфекција со овој вид на вирусот. Студијата на научниците од Империјалниот колеџ во Лондон покажа дека луѓето кои ја имале омикронската варијанта на вирусот немаат заштита од повторна инфекција со вирусот. Истражувачите откриле дека иако луѓето имале одреден степен на антитела со првата форма на ковид и други подоцнежни варијанти на вирусот, тие не го откриле ова кога ги истражувале соевите на омикрон. Овие наоди би можеле да објаснат зошто луѓето кои имале омикрон наскоро повторно ја „закачиле“ истата форма на вирусот. Добрата вест е дека бројот на смртни случаи од ковид е намален, и покрај овие тврдења. Професорот Дени Алтман од Одделот за имунологија и инфекции објасни дека омикронот е способен да „лета под радарот“ така што човечкиот имунолошки систем не може да го запомни.
Омикрон и неговите варијанти се одлични во пенетрациите, но лоши во поттикнувањето имунитет, па тогаш добиваме нови инфекции. Не само што може да ја пробие бариерата на вакцината, туку се чини дека остава многу малку траги на имунолошкиот систем. Истражувањето покажа дека кај оние кои трипати биле вакцинирани без претходна инфекција, омикрон обезбедил зајакнување на имунитетот против претходните соеви на коронавирусот – изјави Алтман.

The post Може ли да се заразиме двапати со омикрон варијантата? appeared first on Република.

]]>
Предупредување на германски епидемиолог: Наесен нè очекуваат „убиствени“ варијанти на коронавирус https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/predupreduvanje-na-germanski-epidemiolog-naesen-ne-ochekuvaat-ubistveni-varijanti-na-koronavirus/ Mon, 18 Apr 2022 11:45:58 +0000 https://republika.mk/?p=489995

Германскиот министер за здравство и епидемиолог Карл Лаутербах е сигурен дека во септември не чека нова, опасна варијанта на коронавирусот. Германскиот министер за здравство и епидемиолог Карл Лаутербах откри дека очекува да добиеме многу заразна варијанта на омикрон, која е смртоносна. Како што рече, најверојатно ќе биде заразна како омикрон, и смртоносна како делта.

Ќе добиеме вакцина која штити од варијантата омикрон. Тоа го очекуваме во септември. Целта ни е да имаме доволно вакцини за секој граѓанин, без разлика која варијанта доаѓа, изјави епидемиологот за „Берлинер Цајтунг“.

Неодамна се појавија два нови соја на корона, а според германскиот министер, во моментов се
развиваат различни подваријанти на омикрон кои предизвикуваат загриженост.

Тоа значи дека сè помалку сме способни да се подготвиме за мутации. Сосема е можно да
добиеме многу заразна варијанта на омикрон, смртоносна како делта. Тоа би била апсолутно„убиствена“ опција, објаснува епидемиологот.

Ситуацијата повторно ќе се промени наесен. Тогаш ќе се зголеми бројот на случаи, тогаш веројатно ќе се појават нови мутации или нагло ќе се зголеми бројот на случаи со омикрон инфекции, изјави Карл.

Тој исто така смета дека ваквиот развој на настаните е последица на одбивањето на
задолжителната вакцинација.

Неуспехот на задолжителната вакцинација беше горко разочарување. По доброто лето,
големиот јаз во вакцинацијата може да значи тешка есен. Тогаш многу научници очекуваат нови бранови, нагласи германскиот министер

The post Предупредување на германски епидемиолог: Наесен нè очекуваат „убиствени“ варијанти на коронавирус appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за здравство и епидемиолог Карл Лаутербах е сигурен дека во септември не чека нова, опасна варијанта на коронавирусот. Германскиот министер за здравство и епидемиолог Карл Лаутербах откри дека очекува да добиеме многу заразна варијанта на омикрон, која е смртоносна. Како што рече, најверојатно ќе биде заразна како омикрон, и смртоносна како делта.
Ќе добиеме вакцина која штити од варијантата омикрон. Тоа го очекуваме во септември. Целта ни е да имаме доволно вакцини за секој граѓанин, без разлика која варијанта доаѓа, изјави епидемиологот за „Берлинер Цајтунг“.
Неодамна се појавија два нови соја на корона, а според германскиот министер, во моментов се развиваат различни подваријанти на омикрон кои предизвикуваат загриженост.
Тоа значи дека сè помалку сме способни да се подготвиме за мутации. Сосема е можно да добиеме многу заразна варијанта на омикрон, смртоносна како делта. Тоа би била апсолутно„убиствена“ опција, објаснува епидемиологот. Ситуацијата повторно ќе се промени наесен. Тогаш ќе се зголеми бројот на случаи, тогаш веројатно ќе се појават нови мутации или нагло ќе се зголеми бројот на случаи со омикрон инфекции, изјави Карл.
Тој исто така смета дека ваквиот развој на настаните е последица на одбивањето на задолжителната вакцинација.
Неуспехот на задолжителната вакцинација беше горко разочарување. По доброто лето, големиот јаз во вакцинацијата може да значи тешка есен. Тогаш многу научници очекуваат нови бранови, нагласи германскиот министер

The post Предупредување на германски епидемиолог: Наесен нè очекуваат „убиствени“ варијанти на коронавирус appeared first on Република.

]]>
СЗО работи на анализа на двете нови подваријанти на омикрон https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-raboti-na-analiza-na-dvete-novi-podvarijanti-na-omikron/ Wed, 13 Apr 2022 08:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=487712

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави дека следи неколку десетици случаи на зарази со двете нови подваријанти на восокопреносливиот омикрон сој на коронавирусот означени како BA.4 и BA.5, настојувајќи да процени дали се позаразни или поопасни од претходните.

Во соопштението се наведува дека СЗО ги ставил BA.4 и BA.5, сестрински варијанти од изворната варијанта на омикронот BA.1 на листата за следење. Веќе се следат BA.1 и BA.2, моментално глобално доминантни, како и BA.1.1 и BA.3 подваријантите.

СЗО објави дека почнал да ги следи поради „новите мутации коишто треба дополнително да бидат проучени за да се сфати нивното влијание врз имунолошкиот потенцијал на избегнување“.

Познато е дека вирусите постојано мутираа, но само некои мутации влијаат врз способноста за нивни ширење или избегнување на претходниот имунитет стекнат со природна инфекција или со вакцинирање или, пак, влијаеат на тежината на болеста којашто ја предизвикуваат.

Така, BA.2 во моментов сочинува речиси 94 отсто од сите секвенционирани случаи и е попренослив од своите сродниц, но досегашните докази упатуваат на тоа дека не постои поголема веројатност од развој на потешки форми на коронавирусната болес Covid-19.

Според податоците со коишто располага СЗО, во глобалната база на податоци GISAID досега се пријавени само неколку десетици случаи од подваријантите BA.4 и BA.5.

Британската агенција за здравствена безбедност мината седмица извести дека BA.4 е откриен во Јужноафриканската Република, Данска, Боцвана, Германија, Шкотска и во Англија, во периодот од 10-ти јануари до 30-ти март. Во понеделникот вечерта Bелгија го пријави првиот случај на зараза со подваријантата BA.4

Сите случаи на BA.5. се откриени во Јужноафриканската Република минатата седмица, но на почетокот од оваа седмциа министерството за здравство извести дека идентификувало четири случаи од подваријантите BA.4 и BA.5 меѓу пациентите на возраст од 30 до 50 години коишто биле целосно вакцинирани. Сите имале поблаги симптоми на болеста.

The post СЗО работи на анализа на двете нови подваријанти на омикрон appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави дека следи неколку десетици случаи на зарази со двете нови подваријанти на восокопреносливиот омикрон сој на коронавирусот означени како BA.4 и BA.5, настојувајќи да процени дали се позаразни или поопасни од претходните. Во соопштението се наведува дека СЗО ги ставил BA.4 и BA.5, сестрински варијанти од изворната варијанта на омикронот BA.1 на листата за следење. Веќе се следат BA.1 и BA.2, моментално глобално доминантни, како и BA.1.1 и BA.3 подваријантите. СЗО објави дека почнал да ги следи поради „новите мутации коишто треба дополнително да бидат проучени за да се сфати нивното влијание врз имунолошкиот потенцијал на избегнување“. Познато е дека вирусите постојано мутираа, но само некои мутации влијаат врз способноста за нивни ширење или избегнување на претходниот имунитет стекнат со природна инфекција или со вакцинирање или, пак, влијаеат на тежината на болеста којашто ја предизвикуваат. Така, BA.2 во моментов сочинува речиси 94 отсто од сите секвенционирани случаи и е попренослив од своите сродниц, но досегашните докази упатуваат на тоа дека не постои поголема веројатност од развој на потешки форми на коронавирусната болес Covid-19. Според податоците со коишто располага СЗО, во глобалната база на податоци GISAID досега се пријавени само неколку десетици случаи од подваријантите BA.4 и BA.5. Британската агенција за здравствена безбедност мината седмица извести дека BA.4 е откриен во Јужноафриканската Република, Данска, Боцвана, Германија, Шкотска и во Англија, во периодот од 10-ти јануари до 30-ти март. Во понеделникот вечерта Bелгија го пријави првиот случај на зараза со подваријантата BA.4 Сите случаи на BA.5. се откриени во Јужноафриканската Република минатата седмица, но на почетокот од оваа седмциа министерството за здравство извести дека идентификувало четири случаи од подваријантите BA.4 и BA.5 меѓу пациентите на возраст од 30 до 50 години коишто биле целосно вакцинирани. Сите имале поблаги симптоми на болеста.

The post СЗО работи на анализа на двете нови подваријанти на омикрон appeared first on Република.

]]>
ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/fda-segashnite-vakcini-ne-shtitat-najdobro-od-omikron/ Wed, 06 Apr 2022 16:08:58 +0000 https://republika.mk/?p=484192

Американската Управа за храна и лекови (ФДА) денеска соопшти дека моментално достапните вакцини против Ковид-19 не штитат најдобро од сојот омикрон на коронавирусот.

Во соопштението се додава дека без оглед на тоа, дополнителните дози помагаат во заштитата од потешки исходи, објавија американските медиуми.

Се наведува дека ваквиот заклучок следел на состанокот на надворешни експерти од ФДА, на кој се разговарало за временскиот период што е потребен да помине за примање дополнителна доза од вакцината и лицата кои ги исполнуваат условите за истата

The post ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон appeared first on Република.

]]>

Американската Управа за храна и лекови (ФДА) денеска соопшти дека моментално достапните вакцини против Ковид-19 не штитат најдобро од сојот омикрон на коронавирусот. Во соопштението се додава дека без оглед на тоа, дополнителните дози помагаат во заштитата од потешки исходи, објавија американските медиуми. Се наведува дека ваквиот заклучок следел на состанокот на надворешни експерти од ФДА, на кој се разговарало за временскиот период што е потребен да помине за примање дополнителна доза од вакцината и лицата кои ги исполнуваат условите за истата

The post ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон appeared first on Република.

]]>
Во Албанија потврдена позаразната подваријанта на Омикрон – БА2 https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-albanija-potvrdena-pozaraznata-podvarijanta-na-omikron-ba2/ Mon, 04 Apr 2022 16:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=483239

Во Албанија и официјално е потврдено присуството на подваријантата на Омикрон - БА2, откако во Институтот за јавно здравје пристигнал официјален допис од референтната лабораторија во Берлин, каде што биле испратени мостри за анализа.

Сега почна благ раст кога станува збор за нови случаи на заразени, како и на пациенти на кои им е неопходен болнички третман. Подваријантата на Омикрон има 30 отсто поголема преносливост отколку Омикрон - наведува Топ чанел.

Според истиот извор, сите здравствени структури се ангажирани за што поголем опфат со имунизација на населението.

Вакцинацијата е многу битна, може да не даде максимална заштита, но доколку дојде до зараза од кој било вид мутација болеста полесно се надминува - апелираат од Институтот.

Во официјалната статистика на Министерството за здравство се наведува дека од почетокот на пандемијата на Ковид-19, на почетокот на март 2020 година, до сега во земјата се направени 1.780.345 тестови, позитивни биле 273.870 лица, закрепнале 269.862, починале 3.492, додека активни се 516 лица.

Што се однесува до вакцинацијата, 49 отсто од популацијата примиле една, додека 45 отсто две дози вакцина. Можност за вакцинирање имаат сите над 12-годишна возраст.

The post Во Албанија потврдена позаразната подваријанта на Омикрон – БА2 appeared first on Република.

]]>

Во Албанија и официјално е потврдено присуството на подваријантата на Омикрон - БА2, откако во Институтот за јавно здравје пристигнал официјален допис од референтната лабораторија во Берлин, каде што биле испратени мостри за анализа.
Сега почна благ раст кога станува збор за нови случаи на заразени, како и на пациенти на кои им е неопходен болнички третман. Подваријантата на Омикрон има 30 отсто поголема преносливост отколку Омикрон - наведува Топ чанел.
Според истиот извор, сите здравствени структури се ангажирани за што поголем опфат со имунизација на населението.
Вакцинацијата е многу битна, може да не даде максимална заштита, но доколку дојде до зараза од кој било вид мутација болеста полесно се надминува - апелираат од Институтот.
Во официјалната статистика на Министерството за здравство се наведува дека од почетокот на пандемијата на Ковид-19, на почетокот на март 2020 година, до сега во земјата се направени 1.780.345 тестови, позитивни биле 273.870 лица, закрепнале 269.862, починале 3.492, додека активни се 516 лица. Што се однесува до вакцинацијата, 49 отсто од популацијата примиле една, додека 45 отсто две дози вакцина. Можност за вакцинирање имаат сите над 12-годишна возраст.

The post Во Албанија потврдена позаразната подваријанта на Омикрон – БА2 appeared first on Република.

]]>
Омикрон ни подготви „изненадување“ – болка и зуење во уво, убење на слух нови симптоми за корона https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/omikron-ni-podgotvi-iznenaduvanje-bolka-i-zuenje-vo-uvo-ubenje-na-sluh-novi-simptomi-za-korona/ Sat, 02 Apr 2022 17:48:21 +0000 https://republika.mk/?p=482422

Според последните податоци, бројот на пациенти во Велика Британија е значително зголемен, а се повеќе луѓе се жалат на истиот симптом. Имено, Британците кои ја користат апликацијата ZOE за симптоми на корона вирусот се почесто ја пријавуваат болката во увото како нов симптом, а многумина се жалат и на зуење во ушите по инфекцијата со омикрон.

Како резултат на тоа, апликацијата го додаде овој симптом во своето неделно рангирање на најчесто пријавени симптоми на коронавирус. Болката во увото била присутна кај оние кои биле инфицирани со омикрон и претходно, но се покажало дека е многу почеста отколку што се мислело.

Минатата година, студија на тим експерти од Универзитетот Стенфорд, предводена од д-р Константин Станковиќ, покажа дека омикронот може да предизвика проблеми со слухот.

Студијата објави симптоми вклучувајќи силна болка во увото, вкочанетост во увото, па дури и привремено губење на слухот, што исто така може да продолжи дури и откако ќе помине инфекцијата со коронавирус.

– Болката често се поврзува со зуењето тинитис. Изненадувачки, овие симптоми, иако поретки, може да се појават и кај пациенти кои биле вакцинирани – истакна д-р Станковиќ.

Таа ги советуваше сите кои имаат проблем со слухот или зуењето во ушите, како и вртоглавица, да се тестираат за ковид.

The post Омикрон ни подготви „изненадување“ – болка и зуење во уво, убење на слух нови симптоми за корона appeared first on Република.

]]>

Според последните податоци, бројот на пациенти во Велика Британија е значително зголемен, а се повеќе луѓе се жалат на истиот симптом. Имено, Британците кои ја користат апликацијата ZOE за симптоми на корона вирусот се почесто ја пријавуваат болката во увото како нов симптом, а многумина се жалат и на зуење во ушите по инфекцијата со омикрон. Како резултат на тоа, апликацијата го додаде овој симптом во своето неделно рангирање на најчесто пријавени симптоми на коронавирус. Болката во увото била присутна кај оние кои биле инфицирани со омикрон и претходно, но се покажало дека е многу почеста отколку што се мислело. Минатата година, студија на тим експерти од Универзитетот Стенфорд, предводена од д-р Константин Станковиќ, покажа дека омикронот може да предизвика проблеми со слухот. Студијата објави симптоми вклучувајќи силна болка во увото, вкочанетост во увото, па дури и привремено губење на слухот, што исто така може да продолжи дури и откако ќе помине инфекцијата со коронавирус.
– Болката често се поврзува со зуењето тинитис. Изненадувачки, овие симптоми, иако поретки, може да се појават и кај пациенти кои биле вакцинирани – истакна д-р Станковиќ.
Таа ги советуваше сите кои имаат проблем со слухот или зуењето во ушите, како и вртоглавица, да се тестираат за ковид.

The post Омикрон ни подготви „изненадување“ – болка и зуење во уво, убење на слух нови симптоми за корона appeared first on Република.

]]>
Се појави уште еден необичен симптом на сојот омикрон https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/se-pojavi-ushte-eden-neobichen-simptom-na-sojot-omikron/ Sat, 02 Apr 2022 14:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=482356

Според последните податоци, бројот на пациенти во Велика Британија е значително зголемен, а се повеќе луѓе се жалат на истото. Имено, Британците кои ја користат апликацијата ZOE за симптоми на коронавирусот се почесто ја пријавуваат болката во увото како нов симптом, а многумина се жалат и на тинитус.

Како резултат на тоа, апликацијата го додаде овој симптом во своето неделно рангирање на најчесто пријавени симптоми на коронавирус. Болката во увото била присутна кај оние кои биле инфицирани со омикрон и претходно, но се покажало дека е многу почеста отколку што се мислело.

Минатата година, студија на тим експерти од Универзитетот Стенфорд, предводена од д-р Константина Станковиќ, покажа дека омикронот може да предизвика проблеми со слухот. Студијата објави симптоми вклучувајќи силна болка во увото, вкочанетост во увото, па дури и привремено губење на слухот, што исто така може да продолжи дури и откако ќе помине инфекцијата со коронавирус.

– Болката често се поврзува со тинитус. Изненадувачки, овие симптоми, иако поретки, може да се појават и кај пациенти кои биле вакцинирани – истакна д-р Станковиќ.

Таа ги советуваше сите кои имаат проблем со слухот или зуењето во ушите, како и вртоглавица, да се тестираат.

The post Се појави уште еден необичен симптом на сојот омикрон appeared first on Република.

]]>

Според последните податоци, бројот на пациенти во Велика Британија е значително зголемен, а се повеќе луѓе се жалат на истото. Имено, Британците кои ја користат апликацијата ZOE за симптоми на коронавирусот се почесто ја пријавуваат болката во увото како нов симптом, а многумина се жалат и на тинитус. Како резултат на тоа, апликацијата го додаде овој симптом во своето неделно рангирање на најчесто пријавени симптоми на коронавирус. Болката во увото била присутна кај оние кои биле инфицирани со омикрон и претходно, но се покажало дека е многу почеста отколку што се мислело. Минатата година, студија на тим експерти од Универзитетот Стенфорд, предводена од д-р Константина Станковиќ, покажа дека омикронот може да предизвика проблеми со слухот. Студијата објави симптоми вклучувајќи силна болка во увото, вкочанетост во увото, па дури и привремено губење на слухот, што исто така може да продолжи дури и откако ќе помине инфекцијата со коронавирус. – Болката често се поврзува со тинитус. Изненадувачки, овие симптоми, иако поретки, може да се појават и кај пациенти кои биле вакцинирани – истакна д-р Станковиќ. Таа ги советуваше сите кои имаат проблем со слухот или зуењето во ушите, како и вртоглавица, да се тестираат.

The post Се појави уште еден необичен симптом на сојот омикрон appeared first on Република.

]]>