омикрон ба.2 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/omikron-ba-2/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Feb 2022 07:50:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png омикрон ба.2 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/omikron-ba-2/ 32 32 СЗО: Подваријантата на Омикрон е откриена во 57 земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-podvarijantata-na-omikron-e-otkriena-vo-57-zemji/ Wed, 02 Feb 2022 07:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=452716

Подваријантата на омикрон која, според некои истражувања, би можела да биде позаразна од оригиналната варијанта на коронавирусот, е откриена во 57 земји, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Варијантата на коронавирус омикрон, која брзо се шири и мутира, стана доминантна варијанта во светот откако за првпат беше откриена во јужна Африка пред десет недели.

Светската здравствена организација во својот неделен епидемиолошки билтен објаснува дека оваа варијанта, која сочинува 93 отсто од сите примероци на коронавирус собрани во изминатиот месец, има неколку подваријанти: БА. 1, БА. 1.1, БА.2 и БА. 3.

Подваријантите БА. 1 и БА. 1.1, првите идентификувани верзии, сега сочинуваат повеќе од 96 проценти од секвенците на омикрон внесени во глобалната база на податоци GISAID.

Но, забележано е очигледно зголемување на бројот на случаи на подваријантата БА. 2, која носи повеќе различни мутации од оригиналната верзија, особено на шилестиот протеин на површината на вирусот неопходен за влез во човечките клетки.

Секвенците означени како БА. 2 до денеска се внесени во GISAID од 57 земји, посочува СЗО, додавајќи дека во некои земји оваа подваријанта сега опфаќа повеќе од половина од секвенците на омикрон.

СЗО соопшти дека досега малку се знае за разликите меѓу подваријантите и повика на истражување на карактеристиките на вирусот, особено неговата заразност, неговата способност да ги избегне протеините на имунолошкиот систем и неговата вирулентност.

The post СЗО: Подваријантата на Омикрон е откриена во 57 земји appeared first on Република.

]]>

Подваријантата на омикрон која, според некои истражувања, би можела да биде позаразна од оригиналната варијанта на коронавирусот, е откриена во 57 земји, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Варијантата на коронавирус омикрон, која брзо се шири и мутира, стана доминантна варијанта во светот откако за првпат беше откриена во јужна Африка пред десет недели. Светската здравствена организација во својот неделен епидемиолошки билтен објаснува дека оваа варијанта, која сочинува 93 отсто од сите примероци на коронавирус собрани во изминатиот месец, има неколку подваријанти: БА. 1, БА. 1.1, БА.2 и БА. 3. Подваријантите БА. 1 и БА. 1.1, првите идентификувани верзии, сега сочинуваат повеќе од 96 проценти од секвенците на омикрон внесени во глобалната база на податоци GISAID. Но, забележано е очигледно зголемување на бројот на случаи на подваријантата БА. 2, која носи повеќе различни мутации од оригиналната верзија, особено на шилестиот протеин на површината на вирусот неопходен за влез во човечките клетки.
Секвенците означени како БА. 2 до денеска се внесени во GISAID од 57 земји, посочува СЗО, додавајќи дека во некои земји оваа подваријанта сега опфаќа повеќе од половина од секвенците на омикрон.
СЗО соопшти дека досега малку се знае за разликите меѓу подваријантите и повика на истражување на карактеристиките на вирусот, особено неговата заразност, неговата способност да ги избегне протеините на имунолошкиот систем и неговата вирулентност.

The post СЗО: Подваријантата на Омикрон е откриена во 57 земји appeared first on Република.

]]>
Подваријантата БА.2 е позаразна од омикрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/podvarijantata-ba-2-e-pozarazna-od-omikron/ Mon, 31 Jan 2022 14:14:47 +0000 https://republika.mk/?p=452044

Откако во Хрватска е потврдено присуство на подвидот на омикрон, БА.2, епидемиологот Бернард Каиќ вели дека се уште не знае дали таа подваријанта е поопасна, но дека постојат индикации дека е малку позаразна, иако не смета дека има голема разлика меѓу омикронот и подваријантата на тој сој.

Тој додаде дека се чини оти оваа подваријанта на омикрон нема влијание врз ефикасноста на вакцината против коронавирус или врз заштитата добиена по прележувањето на болеста.

Добро е што се чини дека оние кои ја прележале стандардната варијанта омикрон ќе останат имуни на новата, изјави Каиќ за загрепската телевизија N1.

Според него, „ако оваа подваријанта е позаразна, тогаш не се исклучува можноста тоа да го продолжи времетраењето на петтиот бран на епидемијата, но не предолго“.

Претходно, денеска во Хрватска е потврдено присуство на подваријантата на омикрон – БА.2

The post Подваријантата БА.2 е позаразна од омикрон appeared first on Република.

]]>

Откако во Хрватска е потврдено присуство на подвидот на омикрон, БА.2, епидемиологот Бернард Каиќ вели дека се уште не знае дали таа подваријанта е поопасна, но дека постојат индикации дека е малку позаразна, иако не смета дека има голема разлика меѓу омикронот и подваријантата на тој сој. Тој додаде дека се чини оти оваа подваријанта на омикрон нема влијание врз ефикасноста на вакцината против коронавирус или врз заштитата добиена по прележувањето на болеста.
Добро е што се чини дека оние кои ја прележале стандардната варијанта омикрон ќе останат имуни на новата, изјави Каиќ за загрепската телевизија N1.
Според него, „ако оваа подваријанта е позаразна, тогаш не се исклучува можноста тоа да го продолжи времетраењето на петтиот бран на епидемијата, но не предолго“. Претходно, денеска во Хрватска е потврдено присуство на подваријантата на омикрон – БА.2

The post Подваријантата БА.2 е позаразна од омикрон appeared first on Република.

]]>