Омер Калеши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/omer-kaleshi/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Jun 2022 07:53:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Омер Калеши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/omer-kaleshi/ 32 32 Омаж за Омер Калеши во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/omaz-za-omer-kaleshi-vo-chifte-amam-2/ Thu, 16 Jun 2022 07:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=515806

Во чест на сликарот Омер Калеши претпладнево во Чифте амам ќе се организира омаж во организација на Националната галерија и во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје и членови од семејството на Калеши.

Изложбата ќе содржи околу 30 дела на Калеши во техника масло на платно и истата ќе биде отворена до крајот на месец јуни.

На отворањето на изложбата за личноста и творештвото на Омер Калеши поздравен говор ќе одржи директорката на Национална галерија, Дита Старова Ќерими.

Омер Калеши е роден во Македонија, емигриран во Турција, каде што завршил Ликовна академија, од 1965 година со постојано место на живеење во Париз.

Тој низ своето творештво обединува три балкански земји, кои всушност се и негови татковини: Македонија, Албанија и Турција. Во неговата богата биографија имал повеќе самостојни изложби во Истанбул, Белград, Скопје, Битола, Хаг, Приштина, Париз, Флавињи, Анкара, Кан. Неговото творештво посебно го ценеле Жак Лакариер, Јордан Плевнеш, академик Луан Старова, Исмаил Кадаре и други.

Во 2018 година е избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите и истата година е добитник на државната награда „Мајка Тереза“. Дел од неговото културно наследство се галериите со неговото име во УМТ, Универзитетот Илирија во Приштина, Националната галерија на Македонија, галериите во Турција во Бурса и во Тирана.

 

The post Омаж за Омер Калеши во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

Во чест на сликарот Омер Калеши претпладнево во Чифте амам ќе се организира омаж во организација на Националната галерија и во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје и членови од семејството на Калеши. Изложбата ќе содржи околу 30 дела на Калеши во техника масло на платно и истата ќе биде отворена до крајот на месец јуни. На отворањето на изложбата за личноста и творештвото на Омер Калеши поздравен говор ќе одржи директорката на Национална галерија, Дита Старова Ќерими. Омер Калеши е роден во Македонија, емигриран во Турција, каде што завршил Ликовна академија, од 1965 година со постојано место на живеење во Париз. Тој низ своето творештво обединува три балкански земји, кои всушност се и негови татковини: Македонија, Албанија и Турција. Во неговата богата биографија имал повеќе самостојни изложби во Истанбул, Белград, Скопје, Битола, Хаг, Приштина, Париз, Флавињи, Анкара, Кан. Неговото творештво посебно го ценеле Жак Лакариер, Јордан Плевнеш, академик Луан Старова, Исмаил Кадаре и други. Во 2018 година е избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите и истата година е добитник на државната награда „Мајка Тереза“. Дел од неговото културно наследство се галериите со неговото име во УМТ, Универзитетот Илирија во Приштина, Националната галерија на Македонија, галериите во Турција во Бурса и во Тирана.  

The post Омаж за Омер Калеши во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
Омаж за Омер Калеши во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/omaz-za-omer-kaleshi-vo-chifte-amam/ Fri, 10 Jun 2022 08:19:25 +0000 https://republika.mk/?p=513442

Националната галерија организира омаж за почитуваниот и ценет сликар Омер Калеши, кој почина во април годинава, по подолго боледување. Изложбата во негова чест, ќе биде отворена во Чифте амам, на 16 јуни , во 12 часот. Изложбата се организира во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје и членови од семејството на Омер Калеши.

На отворањето на изложбата за личноста и творештвото на Омер Калеши ќе одржи поздравен говор директорката на Национална галерија д-р Дита Старова Ќерими.

Омер Калеши е роден во Македонија, емигриран во Турција, каде што завршил Ликовна академија, од 1965 година со постојано место на живеење во Париз, беше исклучително позитивен пример за духовен свет врзан за вредностите на Балканот, човек кој ја бранеше и со посебна инспирација и љубов ја доловуваше убавината на балканската цивилизација и сите културолошки испреплетувања наспроти наметнатата психологија на подвојување и разединување.

Големиот маестро Калеши се одликуваше со космополитски дух. Во неговиот творечки опус до крајот на животот останува доследен на своите корени, при што главниот фокус е насочен кон човечкиот лик, нагласувајќи ја главата, како симбол на неговиот дух. Тој низ своето творештво обединува три балкански земји, кои всушност се и негови татковини: Македонија, Албанија и Турција.

Во неговата богата биографија имал повеќе самостојни изложби во Истанбул, Белград, Скопје, Битола, Хаг, Приштина, Париз, Флавињи, Анкара, Кан.

Неговото творештво посебно го ценеле Жак Лакариер, Јордан Плевнеш, академик Луан Старова, Исмаил Кадаре и др.

Во 2018 година е избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите и истата година е добитник на државната награда „Мајка Тереза“.

Дел од неговото културно наследство се галериите со неговото име во УМТ, Универзитетот Илирија во Приштина, Националната галерија на Македонија, Галериите во Турција во Бурса и во Тирана.

Центарот за култура „Кочо Рацин“ од Кичево, планира да отвори галерија- музеј со дела од Омер Калеши.

На изложбата ќе бидат прикажани 30- тина негови дела во техника масло на платно. Истата ќе може да се погледне до крајот на месецот.

 

The post Омаж за Омер Калеши во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

Националната галерија организира омаж за почитуваниот и ценет сликар Омер Калеши, кој почина во април годинава, по подолго боледување. Изложбата во негова чест, ќе биде отворена во Чифте амам, на 16 јуни , во 12 часот. Изложбата се организира во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје и членови од семејството на Омер Калеши. На отворањето на изложбата за личноста и творештвото на Омер Калеши ќе одржи поздравен говор директорката на Национална галерија д-р Дита Старова Ќерими. Омер Калеши е роден во Македонија, емигриран во Турција, каде што завршил Ликовна академија, од 1965 година со постојано место на живеење во Париз, беше исклучително позитивен пример за духовен свет врзан за вредностите на Балканот, човек кој ја бранеше и со посебна инспирација и љубов ја доловуваше убавината на балканската цивилизација и сите културолошки испреплетувања наспроти наметнатата психологија на подвојување и разединување. Големиот маестро Калеши се одликуваше со космополитски дух. Во неговиот творечки опус до крајот на животот останува доследен на своите корени, при што главниот фокус е насочен кон човечкиот лик, нагласувајќи ја главата, како симбол на неговиот дух. Тој низ своето творештво обединува три балкански земји, кои всушност се и негови татковини: Македонија, Албанија и Турција. Во неговата богата биографија имал повеќе самостојни изложби во Истанбул, Белград, Скопје, Битола, Хаг, Приштина, Париз, Флавињи, Анкара, Кан. Неговото творештво посебно го ценеле Жак Лакариер, Јордан Плевнеш, академик Луан Старова, Исмаил Кадаре и др. Во 2018 година е избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите и истата година е добитник на државната награда „Мајка Тереза“. Дел од неговото културно наследство се галериите со неговото име во УМТ, Универзитетот Илирија во Приштина, Националната галерија на Македонија, Галериите во Турција во Бурса и во Тирана. Центарот за култура „Кочо Рацин“ од Кичево, планира да отвори галерија- музеј со дела од Омер Калеши. На изложбата ќе бидат прикажани 30- тина негови дела во техника масло на платно. Истата ќе може да се погледне до крајот на месецот.  

The post Омаж за Омер Калеши во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
Омер Калеши Македонија, Албанија и Турција ги сметаше за негова татковина, а Франција ја сметаше за негова уметничка татковина https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/omer-kaleshi-makedonija-albanija-i-turcija-gi-smetashe-za-negova-tatkovina-a-francija-ja-smetashe-za-negova-umetnichka-tatkovina/ Mon, 18 Apr 2022 07:23:57 +0000 https://republika.mk/?p=489783

По подолго боледување во Истанбул почина уметникот Омер Калеши, на 90-годишна возраст. Тој беше исклучително позитивен пример за духовен свет врзан за вредностите на Балканот, човек кој што ги бранеше достоинствата на убавината на балканската цивилизација и сите културолошки соединувања наспроти наметнатите разединувања, пишува Националната галерија, која во својата постојана поставка во Даут пашиниот амам поседува две негови дела.

Во 2017 година во салонот за изложби при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) беше отворена изложба на делата на овој голем автор од Македонија со светска кариера, Омер Калеши, кои останаа во трајна сопственост во Македонија.

Тој обединува три балкански земји Македонија Албанија и Турција и трите ги смета за негова татковина, а Франција ја смета за негова уметничка татковина.  Неговата главна порака и како човек и како личност и пораката содржана во неговите дела е дека треба да се раскине со предрасудите и разликувањето на луѓето според религија,според етничка и национална припадност. На Балканот му е потребен дух на космополитизам. Треба заедно да живееме во слога и да се почитуваме, да бидеме меѓу себе толерантни и да се разбираме, рече на отворањето на изложбата Таки Фити.

Омер Калеши е роден на 1 јануари 1932 година во 1932 година во селото Србица, Кичевско. Татко му бил Албанец, а мајка му Македонка од исламска вероисповед. Матурирал отсек електроника при средното техничко училиште во Скопје во 1950 година, а шест години подоцна емигрирал во Турција. Таму влегува во светот на уметноста, поточно во 1959 година кога почнува со студии на Ликовната академија во Истанбул. За време на студиите, во 1962 година пет месеци патува низ Турција заедно со Ергин Колбек и Октај Аниланмерт. Извесни импресии од ова патување го инспирираат при креацијата на неговите платна (на пример: чобаните). Три години подоцна ги завршува студиите на Ликовната академија во Истанбул во класата на професорот Бедри Рахми. Се преселува во Париз каде живее и работи.

Неодамна починатиот академик Луан Старова напиша и книга разговори со него „Разговори со Омер Калеши, Скопје – Истанбул – Париз“.

Старамајка ми беше Македонка и од мајка ми ја се македонски су учел. Татко ми беше Албанец. Ја су со пасапорт турски, 35 години живеам во Франција… Не знам што су, само мене ме интересира човекот и уметноста. Така се осеќа“ – изјави Калеши во 2004 година.

The post Омер Калеши Македонија, Албанија и Турција ги сметаше за негова татковина, а Франција ја сметаше за негова уметничка татковина appeared first on Република.

]]>

По подолго боледување во Истанбул почина уметникот Омер Калеши, на 90-годишна возраст. Тој беше исклучително позитивен пример за духовен свет врзан за вредностите на Балканот, човек кој што ги бранеше достоинствата на убавината на балканската цивилизација и сите културолошки соединувања наспроти наметнатите разединувања, пишува Националната галерија, која во својата постојана поставка во Даут пашиниот амам поседува две негови дела. Во 2017 година во салонот за изложби при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) беше отворена изложба на делата на овој голем автор од Македонија со светска кариера, Омер Калеши, кои останаа во трајна сопственост во Македонија.
Тој обединува три балкански земји Македонија Албанија и Турција и трите ги смета за негова татковина, а Франција ја смета за негова уметничка татковина.  Неговата главна порака и како човек и како личност и пораката содржана во неговите дела е дека треба да се раскине со предрасудите и разликувањето на луѓето според религија,според етничка и национална припадност. На Балканот му е потребен дух на космополитизам. Треба заедно да живееме во слога и да се почитуваме, да бидеме меѓу себе толерантни и да се разбираме, рече на отворањето на изложбата Таки Фити.
Омер Калеши е роден на 1 јануари 1932 година во 1932 година во селото Србица, Кичевско. Татко му бил Албанец, а мајка му Македонка од исламска вероисповед. Матурирал отсек електроника при средното техничко училиште во Скопје во 1950 година, а шест години подоцна емигрирал во Турција. Таму влегува во светот на уметноста, поточно во 1959 година кога почнува со студии на Ликовната академија во Истанбул. За време на студиите, во 1962 година пет месеци патува низ Турција заедно со Ергин Колбек и Октај Аниланмерт. Извесни импресии од ова патување го инспирираат при креацијата на неговите платна (на пример: чобаните). Три години подоцна ги завршува студиите на Ликовната академија во Истанбул во класата на професорот Бедри Рахми. Се преселува во Париз каде живее и работи. Неодамна починатиот академик Луан Старова напиша и книга разговори со него „Разговори со Омер Калеши, Скопје – Истанбул – Париз“.
Старамајка ми беше Македонка и од мајка ми ја се македонски су учел. Татко ми беше Албанец. Ја су со пасапорт турски, 35 години живеам во Франција… Не знам што су, само мене ме интересира човекот и уметноста. Така се осеќа“ – изјави Калеши во 2004 година.

The post Омер Калеши Македонија, Албанија и Турција ги сметаше за негова татковина, а Франција ја сметаше за негова уметничка татковина appeared first on Република.

]]>