Оља Стојанова Џакова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/olja-stojanova-dzakova/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Oct 2022 08:34:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Оља Стојанова Џакова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/olja-stojanova-dzakova/ 32 32 Наградите доаѓаат и си одат, но секој пат почнуваме одново, на празен лист https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nagradite-doagjaat-i-si-odat-no-sekoj-pat-pochnuvame-odnovo-na-prazen-list/ Wed, 05 Oct 2022 08:34:28 +0000 https://republika.mk/?p=557471

Oља Стојанова Џакова е бугарска писателка, поетеса и драмска авторка. Родена е во 1977 година. Докторирала новинарство и масовна култура во Софија, Бугарија. Добитничка е на неколку награди на конкурси за поезија, проза и драма. Објавила девет книги – две збирки раскази, една нефикциска книга, четири книги поезија, роман и книга драми. За поетската книга „Улицата Среќа“ ги освоила двете национални награди за најдобра поетска книга на годината „Николај Канчев“ и „Иван Николов“. За драмските текстови на претставите „Покана за вечера“ (Театар „Софија“) и „Бојата на длабоките води“ (Национален театар „Иван Вазов“) ја добила националната награда „Аксер“ за најдобар драмски текст во 2014, односно во 2018 година. Нејзини раскази, песни и драми се преведени на: шпански, германски, англиски, италијански, македонски, португалски, полски, српски, чешки, словачки, турски, арапски, руски, грчки и виетнамски. Работи како новинар во Бугарското национално радио.

Во моментов таа е дел од авторите кои гостуваат на Фестивалот „Букстар“ и разговаравме за нејзиното творештво, преводите, наградите...

Пишувате, проза поезија, драмски текстови... Каде, во кој жанр најдобро се снаоѓате?

Започнав со поезија, но си мислев дека секоја идеја си доаѓа со своја облека. Понекогаш за една идеја е доволно само да помислам на неа и да знам дали станува збор за пиеса, драмски текст, проза... Некогаш, пак едноставно тоа е кус расказ или подолга форма. Чудно, но секоја идеја ми доаѓа облечена. Не ми се случило никогаш да се колебам. Во Бугарија чести се вели дека поетите стануваат драматурзи. Не сум сигурна зошто е тоа така, бидејќи односот кој мислите, мелодијата на јазикот за мене е многу важно како звучи дијалотог меѓу ликовите, да станува збор за еден жив јазик на кој се зборува. Едноставно кога имам некоја идеја си ја претставувам како расказ, како поезија...од почеток ми доаѓа точната форма на која ќе се изразам.

Имате добиено неколку национални награди за Вашето творештво. Колку Ви значат наградите? Дали ги сфаќате како потврда за сработеното или како обврска?

Наградите се еден определен факт. Кога ќе ги добиеш немаат којзнае какво значење. Според мене тие се еден вид начин да си го наместиш часовникот, да знаеш дали тоа што го работиш, на кое му се посветуваш е важно за некој друг. Тие се некаков знак дека тоа е вистинскиот правец и дека тоа што го работиш е важно и за другите. Инаку наградите доаѓаат и си заминуваат. Се редат статуетки на полиците и во домашните библиотеки, мислам дека поважно е што секој пат почнуваме одново. Секој пат почнуваме на празен лист. И тие треба да се потврда дека делата кои ги создаваме имаат смисла и за дугите.

Делата Ви се преведени на повеќе јазици. Сметате ли дека е важно да се преведуваат делата?

Сигурно е важно. Но, тоа што се случува понатаму со делото повеќе не е во мои раце. Делата кои досега ми се преведени, преведувачите сами се појавувале од никаде, сакале да ги преведат, ги превеле и што станува понатаму, не знам. Некако сметам дека тоа не е моја работа, не е моја задача. Важно е да се преведат делата, од аспект што во спротивно ќе бидеме читани само во сопствената литература, во сопственото опкружување, а така светот е многу помал.

Сте докторирале новинарство. Работите како новинар? Какво е Вашето искуство во таа професија? Какви се состојбите во новинарството во Бугарија?

Важно е новинарите да бидат независни, но имаме многу проблеми. Од пред една година почнав и да предавам на Факултетот за новинарство на Софискиот универзитет и затоа знам дека е многу важно и за младите да говориме за таа независност за да знаат дека новинарството не е едноставно да напишеш текст за најнови вести, сцена, старлети, музички ѕвезди трачеви, туку и политика. Треба да има и смисол и кауза и нешто повеќе во текстовите. Една година сум главен редактор на програмата за култура на националното радио и тоа е едноствената програма во Бугарија која е посветена само за култура и образование. Имаме многу проблеми, треба да се зголеми слушаноста, има и некаква кауза во тоа што го работам на радиото, односно да се работи посветено во насока на култура и образование. Бидејќи секаде, во другите медиуми (тоа беше и темата на мојот докторат) гледаме како културата се превртува во нешто друго, ја ставаат во рубрики забава, шоу...нешто сосема друго. За културата треба да се говори навистина на високо ниво, на добар јазик и тоа е многу важно бидејќи многу брзо се губи значењето. Науката треба да продолжи да биде наука, науката не е забава. Гледаме во каков свет живееме, луѓето веруваат дека авионите намерно не прскаат со отрови, други не веруваат во вакцините против Ковид-19... Многу е важно да нема разминување меѓу тоа што е вистина и она што не е. Во Бугарија голем дел од весниците згаснаа, а пред тоа тие процеси се наѕираа долго време. Јас работев во дневен весник, пред да заминам во радио и знам дека страниците за култура беа шоу, забава, беше нешто сосема друго од култура. И на крајот, првите страници од весникот кои требаше да се жртвуваат, кои беа сметани за нешто излишно, беа страниците за култура. А тоа се одразува понатаму на културните настани, на Фестивалите, на творештвото, на авторите, на јавноста и стануваме се помал затворен круг.

Имате ли некое хоби? Која е Оља кога не твори? Што ве смирува? Во што уживате? Сакате ли да слушате музика?

Имам три деца, а сопругот е спасител на планини. Последната книга всушност е документаристика која претставува водич за убавите места во Бугарија кои треба да се посетат, а пред неколку години објавивме книга и за дивите места во Бугарија. Уживаме кога патуваме цело семејство, особено на места кои се различни од тие што ги знеме, како Рилски манастир, врвот Мусала, Велико Траново...Понекогаш не сме свесни колку разнолик свет постои, а ние не го познаваме. Сакам документаристика, планинарење, скијање...Инаку сакам да слушам рок, а во времето на пандемијата имаше слободен пристан до програмата на Метрополитен операта и 24 часа беа сите опери достапни и не ми беше досадно постојано ги следев.

Извлековме ли како човештво некакви поуки од пандемијата?

Се надевам дека станавме пред се подобри. Не знам дали станавме, но мислам дека почнавме да го почитуваме човечкото присуство, да им се радуваме на луѓето. Имам многу пријатели кои мошне тешко ја поминаа пандемијата, јас имам големо семејство и некако не ми беше голем проблем. Обожувам да патувам, тоа ми беше скратено, но мислам дека треба да сме свесни каков свет имаме и да го цениме тоа што го имаме. И се разбира, најмногу луѓето да ги почитуваме, бидејќи луѓето го прават светот.

The post Наградите доаѓаат и си одат, но секој пат почнуваме одново, на празен лист appeared first on Република.

]]>

Oља Стојанова Џакова е бугарска писателка, поетеса и драмска авторка. Родена е во 1977 година. Докторирала новинарство и масовна култура во Софија, Бугарија. Добитничка е на неколку награди на конкурси за поезија, проза и драма. Објавила девет книги – две збирки раскази, една нефикциска книга, четири книги поезија, роман и книга драми. За поетската книга „Улицата Среќа“ ги освоила двете национални награди за најдобра поетска книга на годината „Николај Канчев“ и „Иван Николов“. За драмските текстови на претставите „Покана за вечера“ (Театар „Софија“) и „Бојата на длабоките води“ (Национален театар „Иван Вазов“) ја добила националната награда „Аксер“ за најдобар драмски текст во 2014, односно во 2018 година. Нејзини раскази, песни и драми се преведени на: шпански, германски, англиски, италијански, македонски, португалски, полски, српски, чешки, словачки, турски, арапски, руски, грчки и виетнамски. Работи како новинар во Бугарското национално радио. Во моментов таа е дел од авторите кои гостуваат на Фестивалот „Букстар“ и разговаравме за нејзиното творештво, преводите, наградите... Пишувате, проза поезија, драмски текстови... Каде, во кој жанр најдобро се снаоѓате?
Започнав со поезија, но си мислев дека секоја идеја си доаѓа со своја облека. Понекогаш за една идеја е доволно само да помислам на неа и да знам дали станува збор за пиеса, драмски текст, проза... Некогаш, пак едноставно тоа е кус расказ или подолга форма. Чудно, но секоја идеја ми доаѓа облечена. Не ми се случило никогаш да се колебам. Во Бугарија чести се вели дека поетите стануваат драматурзи. Не сум сигурна зошто е тоа така, бидејќи односот кој мислите, мелодијата на јазикот за мене е многу важно како звучи дијалотог меѓу ликовите, да станува збор за еден жив јазик на кој се зборува. Едноставно кога имам некоја идеја си ја претставувам како расказ, како поезија...од почеток ми доаѓа точната форма на која ќе се изразам.
Имате добиено неколку национални награди за Вашето творештво. Колку Ви значат наградите? Дали ги сфаќате како потврда за сработеното или како обврска?
Наградите се еден определен факт. Кога ќе ги добиеш немаат којзнае какво значење. Според мене тие се еден вид начин да си го наместиш часовникот, да знаеш дали тоа што го работиш, на кое му се посветуваш е важно за некој друг. Тие се некаков знак дека тоа е вистинскиот правец и дека тоа што го работиш е важно и за другите. Инаку наградите доаѓаат и си заминуваат. Се редат статуетки на полиците и во домашните библиотеки, мислам дека поважно е што секој пат почнуваме одново. Секој пат почнуваме на празен лист. И тие треба да се потврда дека делата кои ги создаваме имаат смисла и за дугите.
Делата Ви се преведени на повеќе јазици. Сметате ли дека е важно да се преведуваат делата?
Сигурно е важно. Но, тоа што се случува понатаму со делото повеќе не е во мои раце. Делата кои досега ми се преведени, преведувачите сами се појавувале од никаде, сакале да ги преведат, ги превеле и што станува понатаму, не знам. Некако сметам дека тоа не е моја работа, не е моја задача. Важно е да се преведат делата, од аспект што во спротивно ќе бидеме читани само во сопствената литература, во сопственото опкружување, а така светот е многу помал.
Сте докторирале новинарство. Работите како новинар? Какво е Вашето искуство во таа професија? Какви се состојбите во новинарството во Бугарија?
Важно е новинарите да бидат независни, но имаме многу проблеми. Од пред една година почнав и да предавам на Факултетот за новинарство на Софискиот универзитет и затоа знам дека е многу важно и за младите да говориме за таа независност за да знаат дека новинарството не е едноставно да напишеш текст за најнови вести, сцена, старлети, музички ѕвезди трачеви, туку и политика. Треба да има и смисол и кауза и нешто повеќе во текстовите. Една година сум главен редактор на програмата за култура на националното радио и тоа е едноствената програма во Бугарија која е посветена само за култура и образование. Имаме многу проблеми, треба да се зголеми слушаноста, има и некаква кауза во тоа што го работам на радиото, односно да се работи посветено во насока на култура и образование. Бидејќи секаде, во другите медиуми (тоа беше и темата на мојот докторат) гледаме како културата се превртува во нешто друго, ја ставаат во рубрики забава, шоу...нешто сосема друго. За културата треба да се говори навистина на високо ниво, на добар јазик и тоа е многу важно бидејќи многу брзо се губи значењето. Науката треба да продолжи да биде наука, науката не е забава. Гледаме во каков свет живееме, луѓето веруваат дека авионите намерно не прскаат со отрови, други не веруваат во вакцините против Ковид-19... Многу е важно да нема разминување меѓу тоа што е вистина и она што не е. Во Бугарија голем дел од весниците згаснаа, а пред тоа тие процеси се наѕираа долго време. Јас работев во дневен весник, пред да заминам во радио и знам дека страниците за култура беа шоу, забава, беше нешто сосема друго од култура. И на крајот, првите страници од весникот кои требаше да се жртвуваат, кои беа сметани за нешто излишно, беа страниците за култура. А тоа се одразува понатаму на културните настани, на Фестивалите, на творештвото, на авторите, на јавноста и стануваме се помал затворен круг.
Имате ли некое хоби? Која е Оља кога не твори? Што ве смирува? Во што уживате? Сакате ли да слушате музика?
Имам три деца, а сопругот е спасител на планини. Последната книга всушност е документаристика која претставува водич за убавите места во Бугарија кои треба да се посетат, а пред неколку години објавивме книга и за дивите места во Бугарија. Уживаме кога патуваме цело семејство, особено на места кои се различни од тие што ги знеме, како Рилски манастир, врвот Мусала, Велико Траново...Понекогаш не сме свесни колку разнолик свет постои, а ние не го познаваме. Сакам документаристика, планинарење, скијање...Инаку сакам да слушам рок, а во времето на пандемијата имаше слободен пристан до програмата на Метрополитен операта и 24 часа беа сите опери достапни и не ми беше досадно постојано ги следев.
Извлековме ли како човештво некакви поуки од пандемијата?
Се надевам дека станавме пред се подобри. Не знам дали станавме, но мислам дека почнавме да го почитуваме човечкото присуство, да им се радуваме на луѓето. Имам многу пријатели кои мошне тешко ја поминаа пандемијата, јас имам големо семејство и некако не ми беше голем проблем. Обожувам да патувам, тоа ми беше скратено, но мислам дека треба да сме свесни каков свет имаме и да го цениме тоа што го имаме. И се разбира, најмногу луѓето да ги почитуваме, бидејќи луѓето го прават светот.
 
The post Наградите доаѓаат и си одат, но секој пат почнуваме одново, на празен лист appeared first on Република.

]]>
Бугарската писателка Оља Стојанова Џакова на книжевна резиденција во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bugarskata-pisatelka-olja-stojanova-dzakova-na-knizevna-rezidencija-vo-skopje/ Mon, 03 Oct 2022 14:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=556908

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на книжевна резиденција во Скопје во октомври престојува писателката од Бугарија, Оља Стојанова Џакова.

Во текот на својот резиденцијален престој, Оља Стојанова Џакова ќе настапи на книжевниот фестивал „Букстар“, каде што заедно со писателот и режисер Петер Денчев ќе биде дел од настанот „Нова бугарска книжевност“, а исто така ќе учествува и на читањето што во рамки на фестивалот ќе се одржи во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Во текот на октомври, Стојанова Џакова ќе има можност подобро да се запознае со македонската книжевна сцена, остварувајќи средби со писатели, преведувачи и уредници од Македонија.

Оља Стојанова Џакова (1977) е прозаистка, поетеса и драмска писателка. Дипломирала новинарство на Универзитетот во Софија, каде што и докторирала на тема од областа на новинарството и масовната култура. За поетската книга „Улицата Среќа“ ги добила наградите „Николај Канчев“ и „Иван Николов“ за најдобра збирка поезија. За драмите „Покана за вечера“ и „Бојата на длабоките води“ ја добила наградата „Аскер“ за најдобар драмски текст. Работи како новинар во Бугарското национално радио.

Резиденцијалниот престој на Оља Стојанова Џакова во Скопје е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

The post Бугарската писателка Оља Стојанова Џакова на книжевна резиденција во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на книжевна резиденција во Скопје во октомври престојува писателката од Бугарија, Оља Стојанова Џакова. Во текот на својот резиденцијален престој, Оља Стојанова Џакова ќе настапи на книжевниот фестивал „Букстар“, каде што заедно со писателот и режисер Петер Денчев ќе биде дел од настанот „Нова бугарска книжевност“, а исто така ќе учествува и на читањето што во рамки на фестивалот ќе се одржи во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Во текот на октомври, Стојанова Џакова ќе има можност подобро да се запознае со македонската книжевна сцена, остварувајќи средби со писатели, преведувачи и уредници од Македонија. Оља Стојанова Џакова (1977) е прозаистка, поетеса и драмска писателка. Дипломирала новинарство на Универзитетот во Софија, каде што и докторирала на тема од областа на новинарството и масовната култура. За поетската книга „Улицата Среќа“ ги добила наградите „Николај Канчев“ и „Иван Николов“ за најдобра збирка поезија. За драмите „Покана за вечера“ и „Бојата на длабоките води“ ја добила наградата „Аскер“ за најдобар драмски текст. Работи како новинар во Бугарското национално радио. Резиденцијалниот престој на Оља Стојанова Џакова во Скопје е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.