Оливера Николова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/olivera-nikolova/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 13:04:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Оливера Николова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/olivera-nikolova/ 32 32 Вечна слава на Оливера Николова- величенствена жена писател! https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vechna-slava-na-olivera-nikolova-velichenstvena-zhena-pisatel/ Fri, 08 Nov 2024 13:04:24 +0000 https://republika.mk/?p=835547

Оливера Николова е една од ретките колеги и пријатели кои кога ми било најтешко, во првиот момент кога слушнала нешто што било дискриминирачки напад кон мене ми се јави како да ми е мајка, како прв пријател, загрижена, со најубави зборови кои никогаш нема да ги заборавам. Таа имаше навистина душа и свест, која беше хиперсензибилна на човечките страдања и неправди, а од друга страна воопшто не беше заблудена по ежедневните прагматични и други признанија и титули, за што говори нејзиното одбивање на понудата да биде член на МАНУ во релативно нејзини касни години. Тогаш покажа дека тоа и е ирелевантно и остана на ставот да напише што е можно повеќе и што е можно подобри книжевни дела, рече академик Катица Ќулавкова на денешната комеморативна седница посветена на писателката Оливера Николова, при што сподели личен настан, кој како што рече воспоставил длабока нишка меѓу нив две.

Оливера се вгради во своите романи и раскази од првиот до последниот.

Оливера остана надвор на мостот меѓу два света со очи широко отворени кон длабочините на човечката душа, ум, тело, заедница, време и простор. Оливера беше и остана да биде гатачка на загадочното писмо и јазик на човечкото суштество. Читач на љубовта и омразата, на доброто и на злото, испреплетени во неразмрсливи јазли.

60 години живот, целосно посветен на уметноста на јазикот и книжевноста. Исконска посветеност, ненаметлива, достоинствена и самосвесна. Од раскажувач и драматург на детските сништа и мечти, Оливера стана раскажувач и романсиер кој ги промислува авантурите со женствени, феминистички предзнак на жената од жената од нашиве македонски, балкански и европски простори, во минатото и денес, рече академик Ќулавкова.

Мудроста и сензитивноста на раскажувачкиот свет на Оливера Николова допрва ќе биде откриван. Голема пофалба за една величенствена жена писател.

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Живко Гроздановски најави едно кусо видео кое присутните може да го проследат, на кое Оливера Николова разговара со дечиња во градинка за детството, пишувањето, раскажувањето.

Оливера Николова се родила во 1934 година во Скопје, но поради професијата на татко и семејството често се селело. На двегодишна возраст од Скопје се преселила во Струга, детството и го одбележала Втората светска војна, но исто така и капењето во Дрим. Подоцна преселбата од Струга во Титов Велес за Оливера значела преселба од детството во младоста. И таму се било во знакот на другарството и книгите. Потоа доаѓаат студиите и понудата за работа во Радио Скопје на возраст од 19 години, а три години подоцна доаѓа и бракот со Цане Андреевски, колегата од редакцијата. Во меѓувреме и се почесто доаѓа пишувањето. Фасцинира нејзиното благородно сфаќање на чинот на пишувањето. Оливера го има дарот да се слее со духот на светот во совремието, да проникне во неговата срж и токму од таа слеаност произлегува и специфичната ангажираност во нејзините дела. Ангажираност во најубава, најненаметлива смисла на зборот, рече Гроздановски заклучувајќи дека Оливера ќе ни недостасува, но се надева не премногу, оти со секое наше ново читање и истражување на нејзиното дело ние ќе бидеме со неа.

Оливера Николова ни остави огромно дело кое го освојува светот и сведочи за нас како култура. „Зоки Поки“ веќе ги освои Јапонија, Скандинавија и поголем дел од Европа, но интересно ќе биде да се следи патот по кој нејините романи ќе бидат откривани и преведувани за да бидат силни амбасадори на нашето битисување и фактор на опстојување како култура.

Оливера Николова (1936-2024) беше писателка чија појава и творештво оставаат неизбришливи траги не само во нашето културно и општествено милје, туку и низ светот, и за чија личност и дело може да се зборува само со восхит и со извонредна благодарност.

Работела како драматург на радио и телевизија. Таа била член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.

Попознати нејзини дела за деца се „Зоки Поки“, „Земја во која не се стигнува“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1966), „Пријателите Бон и Бона“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1975), „Мојот звук“ (Награда „Младо поколење“,1978), „Девојките на Марко“, „Љубоболки“, „Шифри на каменот“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“, и други.

За специјални постигнувања во современиот израз на литературата за млади, во 1983 година ја добила Змаевата награда, а во 2024 година од Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, е одликувана со Орден за заслуги во културата.

Нејзини дела за возрасни се: Книгите раскази „Ден за летување и Лева комора“; комедијата „Сребреното јаболко“; книгата со драмски текстови под наслов „Сребреното јаболкo“. Романите: „Тесна врата“ (Награда „Стале Попов“,1983), „Домашни задачи“, „Тромбот“, (Награда „Стале Попов“ 1998, којашто ја вратила), „Адамовото ребро“ (Награда ‘Рациново признание’,2000), „Вежби за Ибн Пајко“, „Куклите на Росица“ (награда „Роман на годината“ на Утрински весник, за 2004 год.), „Белиот чад“, „Куќичка“ (2012, номинирана за наградата „Балканика“ 2011), „Кадифената покривка – новелети за жени убијки“ (награда „Стале Попов“ за 2015 г.), „Пешаци по црни полиња“ и „Песот со тажен поглед“ (награда „Роман на годината“ за 2019 год.).

The post Вечна слава на Оливера Николова- величенствена жена писател! appeared first on Република.

]]>

Оливера Николова е една од ретките колеги и пријатели кои кога ми било најтешко, во првиот момент кога слушнала нешто што било дискриминирачки напад кон мене ми се јави како да ми е мајка, како прв пријател, загрижена, со најубави зборови кои никогаш нема да ги заборавам. Таа имаше навистина душа и свест, која беше хиперсензибилна на човечките страдања и неправди, а од друга страна воопшто не беше заблудена по ежедневните прагматични и други признанија и титули, за што говори нејзиното одбивање на понудата да биде член на МАНУ во релативно нејзини касни години. Тогаш покажа дека тоа и е ирелевантно и остана на ставот да напише што е можно повеќе и што е можно подобри книжевни дела, рече академик Катица Ќулавкова на денешната комеморативна седница посветена на писателката Оливера Николова, при што сподели личен настан, кој како што рече воспоставил длабока нишка меѓу нив две. Оливера се вгради во своите романи и раскази од првиот до последниот.
Оливера остана надвор на мостот меѓу два света со очи широко отворени кон длабочините на човечката душа, ум, тело, заедница, време и простор. Оливера беше и остана да биде гатачка на загадочното писмо и јазик на човечкото суштество. Читач на љубовта и омразата, на доброто и на злото, испреплетени во неразмрсливи јазли. 60 години живот, целосно посветен на уметноста на јазикот и книжевноста. Исконска посветеност, ненаметлива, достоинствена и самосвесна. Од раскажувач и драматург на детските сништа и мечти, Оливера стана раскажувач и романсиер кој ги промислува авантурите со женствени, феминистички предзнак на жената од жената од нашиве македонски, балкански и европски простори, во минатото и денес, рече академик Ќулавкова.
Мудроста и сензитивноста на раскажувачкиот свет на Оливера Николова допрва ќе биде откриван. Голема пофалба за една величенствена жена писател. Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Живко Гроздановски најави едно кусо видео кое присутните може да го проследат, на кое Оливера Николова разговара со дечиња во градинка за детството, пишувањето, раскажувањето.
Оливера Николова се родила во 1934 година во Скопје, но поради професијата на татко и семејството често се селело. На двегодишна возраст од Скопје се преселила во Струга, детството и го одбележала Втората светска војна, но исто така и капењето во Дрим. Подоцна преселбата од Струга во Титов Велес за Оливера значела преселба од детството во младоста. И таму се било во знакот на другарството и книгите. Потоа доаѓаат студиите и понудата за работа во Радио Скопје на возраст од 19 години, а три години подоцна доаѓа и бракот со Цане Андреевски, колегата од редакцијата. Во меѓувреме и се почесто доаѓа пишувањето. Фасцинира нејзиното благородно сфаќање на чинот на пишувањето. Оливера го има дарот да се слее со духот на светот во совремието, да проникне во неговата срж и токму од таа слеаност произлегува и специфичната ангажираност во нејзините дела. Ангажираност во најубава, најненаметлива смисла на зборот, рече Гроздановски заклучувајќи дека Оливера ќе ни недостасува, но се надева не премногу, оти со секое наше ново читање и истражување на нејзиното дело ние ќе бидеме со неа.
Оливера Николова ни остави огромно дело кое го освојува светот и сведочи за нас како култура. „Зоки Поки“ веќе ги освои Јапонија, Скандинавија и поголем дел од Европа, но интересно ќе биде да се следи патот по кој нејините романи ќе бидат откривани и преведувани за да бидат силни амбасадори на нашето битисување и фактор на опстојување како култура. Оливера Николова (1936-2024) беше писателка чија појава и творештво оставаат неизбришливи траги не само во нашето културно и општествено милје, туку и низ светот, и за чија личност и дело може да се зборува само со восхит и со извонредна благодарност. Работела како драматург на радио и телевизија. Таа била член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. Попознати нејзини дела за деца се „Зоки Поки“, „Земја во која не се стигнува“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1966), „Пријателите Бон и Бона“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1975), „Мојот звук“ (Награда „Младо поколење“,1978), „Девојките на Марко“, „Љубоболки“, „Шифри на каменот“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“, и други. За специјални постигнувања во современиот израз на литературата за млади, во 1983 година ја добила Змаевата награда, а во 2024 година од Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, е одликувана со Орден за заслуги во културата. Нејзини дела за возрасни се: Книгите раскази „Ден за летување и Лева комора“; комедијата „Сребреното јаболко“; книгата со драмски текстови под наслов „Сребреното јаболкo“. Романите: „Тесна врата“ (Награда „Стале Попов“,1983), „Домашни задачи“, „Тромбот“, (Награда „Стале Попов“ 1998, којашто ја вратила), „Адамовото ребро“ (Награда ‘Рациново признание’,2000), „Вежби за Ибн Пајко“, „Куклите на Росица“ (награда „Роман на годината“ на Утрински весник, за 2004 год.), „Белиот чад“, „Куќичка“ (2012, номинирана за наградата „Балканика“ 2011), „Кадифената покривка – новелети за жени убијки“ (награда „Стале Попов“ за 2015 г.), „Пешаци по црни полиња“ и „Песот со тажен поглед“ (награда „Роман на годината“ за 2019 год.).

The post Вечна слава на Оливера Николова- величенствена жена писател! appeared first on Република.

]]>
Комеморација за писателката Оливера Николова https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/komemoratsija-za-pisatelkata-olivera-nikolova/ Fri, 08 Nov 2024 08:31:37 +0000 https://republika.mk/?p=835364

Во главната сала на Друштвото на писателите на Македонија денеска во 12 часот ќе се одржи комеморација за писателката Оливера Николова (1936-2024).

Нејзината појава и творештво, како што велат од ДПМ, оставаат неизбришливи траги не само во нашето културно и општествено милје, туку и низ светот, и за чија личност и дело може да се зборува само со восхит и со извонредна благодарност.

Оливера Николова е родена во 1936 година, во Скопје. Учела во Струга и Велес, а завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како драматург на радио и телевизија. Таа била член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.

Попознати нејзини дела за деца се „Зоки Поки“, „Земја во која не се стигнува“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1966), „Пријателите Бон и Бона“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1975), „Мојот звук“ (Награда „Младо поколење“,1978), „Девојките на Марко“, „Љубоболки“, „Шифри на каменот“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“, и други.

За специјални постигнувања во современиот израз на литературата за млади, во 1983 година ја добила Змаевата награда, а во 2024 година од Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, е одликувана со Орден за заслуги во културата.

Нејзини дела за возрасни се: Книгите раскази „Ден за летување и Лева комора“; комедијата „Сребреното јаболко“; книгата со драмски текстови под наслов „Сребреното јаболкo“. Романите: „Тесна врата“ (Награда „Стале Попов“,1983), „Домашни задачи“, „Тромбот“, (Награда „Стале Попов“ 1998, којашто ја вратила), „Адамовото ребро“ (Награда 'Рациново признание',2000), „Вежби за Ибн Пајко“, „Куклите на Росица“ (награда „Роман на годината“ на Утрински весник, за 2004 год.), „Белиот чад“, „Куќичка“ (2012, номинирана за наградата „Балканика“ 2011), „Кадифената покривка - новелети за жени убијки“ (награда „Стале Попов“ за 2015 г.), „Пешаци по црни полиња“ и „Песот со тажен поглед“ (награда „Роман на годината“ за 2019 год.).

The post Комеморација за писателката Оливера Николова appeared first on Република.

В петок комеморација за писателката Оливера Николова во ДПМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/v-petok-komemoratsija-za-pisatelkata-olivera-nikolova-vo-dpm/ Thu, 07 Nov 2024 08:41:44 +0000 https://republika.mk/?p=834995

Утре, 8 ноември, во 12 часот во главната сала на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ќе се одржи комеморацијата за Оливера Николова, соопштија од ДПМ.

„Друштвото на писателите на Македонија Ве поканува Да присуствувате на комеморацијата за Оливера Николова (1936-2024), нашата писателка чија појава и творештво оставаат неизбришливи траги не само во нашето културно и општествено милје, туку и низ светот, и за чија личност и дело може да се зборува само со восхит и со извонредна благодарност.

Свеченото збогување ќе се одржи утре, 8 ноември (петок) во 12 часот во главната сала на Друштвото на писателите на Македонија, на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје“, извести Друштвото на писателите на Македонија.

The post В петок комеморација за писателката Оливера Николова во ДПМ appeared first on Република.

Сакам да верувам дека постои шанса да го засакате тоа што сум го создала и во моите искуства да пронајдете одговори и за себе https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sakam-da-veruvam-deka-postoi-shansa-da-go-zasakate-toa-shto-sum-go-sozdala-i-vo-moite-iskustva-da-pronajdete-odgovori-i-za-sebe/ Mon, 04 Nov 2024 14:21:05 +0000 https://republika.mk/?p=834066

Навистина сум возбудена вечерва особено од повишениот тон на пофалбите. Се прашувам дали тоа навистина го заслужувам, рече писателката Оливера Николова во март 2022 година кога издавачката куќа „Арс Ламина“ го реобјави нејзиното целокупно творештво за возрасни. Десетте тома со 12 реобјавени книги се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“. Тие се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели. 

Оливера Николова, најпозната како авторка на книгата за деца „Зоки Поки“ почина на 88-годишна возраст во Скопје.

Фоајето во Националната опера и балет беше претесно да ги прими сите кои сакаа присустуваат на промоцијата. Ви го пренесуваме говорот на Оливера Николова, објавен во „Република“.

Ние сме тука поради моите книги од кои некои сум ги пишувала речиси пред половина век. Ви благодарам, и благодарам, како што реков, на повишениот тон на пофалбите и искажувањата. Благодарност и за „Арс Ламина“ која ми овозможи да ги видам моите дела за возрасни заедно во вакво убаво издание. Гест, кој во суштина претставува можност за преоценка од една нова генерација на она што сум го создала. Му благодарам и на моето пишување за многу важни заеднички споделувања во мојот живот. Во пишувањето влегов не само млада, туку и несвесна за сопствената незрелост. „Зоки Поки“ е плод на таа невиност. Невиност за незнаење на стапиците на зборовите, а тоа што следуваше потоа, пишувано не само со интуиција и спонтано, туку и со подготовка и со одговорност на тоа што го пренесувам, да кажам тежок збор, ме очовечи. Го прошири и го збогати до невидени размери моето битие, извлекувајќи ги на виделине неговите скриени потенцијали. Пишувањето стана, можам да речам, мој ориентир во животот. И тоа е тежок збор. Го кажувам со голема одговорност. Ориентир. Тоа ми овозможи да ги запознавам луѓето одвнатре за да знам како да ги опишам, а притоа можеби и поважно, како да научам да живеам со нив во реалноста, како да ги прифатам, да ги оправдам и да ги засакам. Ука што во најраната младост секако ми недостасуваше потполно, а која се покажа дека ми е недоволна за личностите за кои пишував и кои морав длабоко да ги запознаам пред да пишувам за нив. Како за која нова книга се определував, како се ширеше и моето тематско интересирање, така се ширеше и опсегот на моите познавања од животот, неговата многусрдност, а потоа и моето однесување меѓу луѓето. Така пополека ја освојував сопствената зрелост, со тоа и сигурноста меѓу зборивите кои ги искажуваат нашите мисли. Се разбира, им благодарам и на моите долги години што ми дадоа шанса за поправање на грешките. Многу сакам овие зборови, како што гледате, да не се однесуваат за моите дела, туку за мене. И многу сакам да верувам дека постои шанса да го засакате тоа што сум го создала и во моите искуства да пронајдете одговори и за себе, кажа тогаш Николова во обраќањето.

Оливера Николова е раскажувачка, романсиерка и драмска писателка родена во Скопје во 1936 година. Се школувала во Струга и во Велес, а дипломирала на Филолошкиот факултет, група Југословенска книжевност, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работела како драматург-уредник во емисиите за деца и во драмските програми за возрасни на Радио и на ТВ Скопје. Пишува за деца и за возрасни. Има објавено десет романи и три збирки раскази за возрасни, 17 книги за деца и сликовници, меѓу кои: „Зоки Поки“, „Девојките на Марко“, „Мојот звук“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“ и други, како и многубројни театарски, телевизиски и радио-игри.

За својата работа има освоено многубројни награди, меѓу кои: Наградата на РТВ Скопје и Струшките вечери на поезијата во 1966, 1975 и во 1978 година, наградата „Младо поколење“ (1978), Змаевата награда за 1983 г. за посебни постигнувања во современиот израз на литературата за деца, наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија во 1983, 1998 и 2015, „Рациново признание“ за 2000 г. за „Адамовото ребро“, роман на годината на „Утрински весник“ за 2004 г. за „Куклите на Росица“, роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2019 г. за „Песот со тажен поглед“.

На промоцијата се обратија академик Катица Ќулавкова („Вежби за Ибн Пајко“), Јелена Лужина („Збогум Вано, Ванке…“), Никола Гелевски („Белиот чад“), Елизабета Баковска (поговор за „Куклите на Росица“), Гоце Смилевски („Пешаци по црни полиња“), Румена Бужаровска („Куќичка“), Владимир Мартиновски („Тромбот“), Калина Малеска („Адамовото ребро“), Владимир Јанковски („Лева комора“), а видеообраќање имаа: Кица Колбе (поговор кон „Тесна врата“) и Давор Стојановски („Песот со тажен поглед“).

Модератор на настанот беше уредничката на едицијата, Оливера Ќорвезироска, која го напиша и поговорот за „Кадифената покривка“.

The post Сакам да верувам дека постои шанса да го засакате тоа што сум го создала и во моите искуства да пронајдете одговори и за себе appeared first on Република.

Почина македонската писателка Оливера Николова https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochina-makedonskata-pisatelka-olivera-nikolova/ Mon, 04 Nov 2024 09:55:46 +0000 https://republika.mk/?p=833900

На 88-годишна возраст почина Оливера Николова, македонска писателка за возрасни и за деца, една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки.

Николова, која многумина ја нарекуваат „мајка на сите македонски писателки“, ја одбележа македонската книжевност во втората половина на 20 и почетокот на 21 век, затоа со право може да се смета за книжевен бард чии дела сe и ќе бидат сметани и во иднина за врв на македонската современа книжевност.

Дипломирала на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Целиот работен век го поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи како уредник и драматург. Таа e член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.

Оливера Николова е автор на неколку телевизиски игри: „Зоки Поки“ (тв-куклена серија); „Среќен пат, Зоки!“ (тв-куклена серија, со Глигор Поповски и Видое Подгорец); „Девојките на Марко“ (тв-серија во шест епизоди). Исто така, таа е автор и на неколку радио-игри: „Земја во која не се стигнува“, „Игра за мама“, „Од палец до сон“, „Како расте татковината“, „Големото зошто“ итн.

Вредностите на Оливера Николова во македонската книжевност за деца, од нејзината прва книга, континуирано, се мошне високо рангирани. Сите критичари кои се занимавале со нејзините книги за деца потенцирале дека со нејзиното творештво македонската книжевност за деца се збогатува со дотогаш неоткриени мотиви. Оливера Николова е писателка која сака секогаш да биде нова, која ја истражува и формата, но која пред сè, реагира на животот и на новините кои се случуваат во него менувајќи го сензибилитетот на современото дете.

И покрај богатиот книжевен опус, Оливера Николова е најпозната како автор на првиот градски лик во македонската книжевност – Зоки Поки. За своето творештво, Николова добила бројни награди. Така, за „Земја во која никогаш не се стигнува“ во 1966 година ја добила наградата на РТВ Скопје и СВП. Во 1975 година повторно ја добила истата награда, овојпат за делото „Пријателите Бон и Бона“. Во 1977 година по третпат ја добила таа награда, за делото „Мојот звук“, кое се закитило и со наградата „Младо покољење“ за 1978 година. Исто така, таа е добитник на „Змаевата награда“ за 1983 година за посебни постигнувања во современиот израз на литературата за деца.

Во октомври 2012 година, за романот „Куќичка“, таа била номинирана како македонски претставник за наградата „Балканика“. Во декември 2013 година, Оливера Николова го одбележала јубилејот 50 години од литературното творештво, исто колку и познатиот лик од нејзините раскази за деца, Зоки Поки. По тој повод, издавачката куќа „Детска радост“ објавила избор од творештвото на Николова во три тома, насловени како: „Ти чука ли срцето за мене?“, „Ми чука ли срцето за тебе?“ и „Ни чукаат ли срцата за нас?“. За своето книжевно дело, Николова ги освоила наградите „Стале Попов“, „Рациново признание“, два пати „Роман на годината“, „Рациновото признание“ и наградата „ПрозАРТ 2022“ на фестивалот „Про-за Балканот“ за авторски придонес за развојот на книжевноста на Балканот. Во февруари 2016 година, за романот „Кадифената покривка“ (издание на „Матица македонска), Николова ја добила наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2015 година. Истовремено, романот „Куќичка“ бил објавен на српски јазик, во издание на „Арка“ од Смедерево.

Македонскиот експретседател Стево Пендаровски годинава им додели Орден за заслуги на седуммина истакнати уметници, значајни личности, творци од литературата, театарот, филмот и музиката.

Меѓу нив беше и Оливера Николова, која оставави траен белег во македонската литература.

Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, во 2022 година го реобјави целокупното творештво за возрасни од Николова. Книгите, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели.

https://republika.mk/vesti/kultura/olivera-nikolova-sakam-da-veruvam-deka-postoi-shansa-da-go-zasakate-toa-shto-sum-go-sozdala-i-vo-moite-iskustva-da-pronajdete-odgovori-i-za-sebe/

The post Почина македонската писателка Оливера Николова appeared first on Република.

Промоцијата на романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsijata-na-romanot-adamovoto-rebro-od-olivera-nikolova-vo-sofija/ Wed, 20 Mar 2024 08:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=756546

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер, со почеток од 18:30 часот ќе се одржи промоцијата на романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова.

Книгата која излезе од печат оваа 2024 година, како издание на Издавачка куќа „Изида“, ќе биде претставена од уредничката Елеонора Тодорова и преведувачот Маријан Петров.

Промоцијата ќе започне со видео обраќање на 88-годишната авторка кон присутните во галеријата на Културниот центар во Софија.

Дури кога ја напишав книгата „Адамовото ребро“ сфатив дека всушност е моето длабоко барање на себе си. Барањето на себе си никогаш на минува без учество на другите, затоа сум длабоко благодарна на сите познати и непознати, современици и несовременици, сонародници и несонародници, напиша Николова кон бугарското издание на нејзината книга, стои во соопштението од КИЦ на РСМ во Софија.

The post Промоцијата на романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова во Софија appeared first on Република.

]]>

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер, со почеток од 18:30 часот ќе се одржи промоцијата на романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова. Книгата која излезе од печат оваа 2024 година, како издание на Издавачка куќа „Изида“, ќе биде претставена од уредничката Елеонора Тодорова и преведувачот Маријан Петров. Промоцијата ќе започне со видео обраќање на 88-годишната авторка кон присутните во галеријата на Културниот центар во Софија.
Дури кога ја напишав книгата „Адамовото ребро“ сфатив дека всушност е моето длабоко барање на себе си. Барањето на себе си никогаш на минува без учество на другите, затоа сум длабоко благодарна на сите познати и непознати, современици и несовременици, сонародници и несонародници, напиша Николова кон бугарското издание на нејзината книга, стои во соопштението од КИЦ на РСМ во Софија.
 
The post Промоцијата на романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова во Софија appeared first on Република.

]]>
Актерите Беговска, Чоревски, Лукаревски и Абази писателката Николова, музичарот Вртев и режисерот Унквски ќе бидат одликувани со Орден за заслуги https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/akterite-begovska-chorevski-lukarevski-i-abazi-pisatelkata-nikolova-muzicharot-vrtev-i-rezhiserot-unkvski-ke-bidat-odlikuvani-so-orden-za-zaslugi/ Mon, 29 Jan 2024 08:07:38 +0000 https://republika.mk/?p=737970

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија, ќе ги одликува Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Оливера Николова, Рефет Абази, Ристо Вртев и Слободан Унковски со Орден за заслуги за Република Македонија.

Како што најавуваат од кабинетот на Претседателот, свечената церемонија ќе се одржи во 19 часот во Филхармонијата.

The post Актерите Беговска, Чоревски, Лукаревски и Абази писателката Николова, музичарот Вртев и режисерот Унквски ќе бидат одликувани со Орден за заслуги appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија, ќе ги одликува Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Оливера Николова, Рефет Абази, Ристо Вртев и Слободан Унковски со Орден за заслуги за Република Македонија. Како што најавуваат од кабинетот на Претседателот, свечената церемонија ќе се одржи во 19 часот во Филхармонијата.

The post Актерите Беговска, Чоревски, Лукаревски и Абази писателката Николова, музичарот Вртев и режисерот Унквски ќе бидат одликувани со Орден за заслуги appeared first on Република.

]]>
Оливера Николова: Јас ù припаѓам на македонската литература, а мојот јазик на изразување е македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/olivera-nikolova-jas-u-pripagjam-na-makedonskata-literatura-a-mojot-jazik-na-izrazuvanje-e-makedonskiot-jazik/ Wed, 21 Sep 2022 09:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=552855

Денес, кога мојата земја и мојот јазик успешно го множат своето ехо, а ние се чувствуваме срчни и полетни, зошто да не кажеме дека еве, и ние вредно ја ткаеме мрежата на светот заедно со другите? Мрежата на светот како некоја земна галаксија во која сите соѕвездија светат подеднакво за секого. Дека се трудиме да веруваме оти е тоа така и дека мора да биде така. Нели веќе без страв го исправаме своето пред плимата на туѓото? Зошто да не го кажеме тоа? Дека ни било земано недозволено и дека и самите сме земале недозволено, дека сме давале и ни давале и дека сите подрачја вон уметничкото секогаш ни се чинеле банални и обични, а дека вистинската смисла на патетичното, вистинската смисла на драматичното, за нас не била да им ја дадеме нивната фотографска вредност, туку нивното највисоко духовно значење – рече Оливера Николова синоќа во своето видеообраќање по повод врачувањето на наградата „Прозарт“, што ѝ ја додели Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“.

Обраќајќи им се на писателите и велејќи дека сигурно ќе ја разберат за што зборува, Николова додаде дека „никогаш не ќе знаат со сигурност кои бедеми ги поставува она што го работат, сè додека не го пропуштат времето да истрча пред нив и да им мавта од иднината за повикување“. Затоа само ги поздрави, жалејќи што не е во состојба да го направи тоа во живо како што рече „со понизноста за која обично сите гласаме, а која, всушност, го издига во триумф знамето на посветеноста, мечтите и разумот“.

Секој од авторите-гости на фестивалот се претстави со извадоци од свои дела на јазикот на кој твори. Во Даут-пашиниот амам синоќа читаа писателите: Дамир Каракаш од Хрватска, Броња Жакељ од Словенија, Владислав Бајац од Србија, Елена Алексиева од Бугарија, сценаристот и режисер Рајко Грлиќ од Хрватска, нашиот писател Томислав Османли и поетот Пијан Славеј. Сите имаа можност да се дружат во изминатите три дена заедно со членовите на „Скопје fellowship“ програмата. Во сеќавање на Луан Старова, неговата ќерка Дита Старова-Ќерими прочита извадок од неговиот роман „Враќањето на козите“, којшто тој го прочита на неговото гостување на фестивалот во 2016 година.

Фестивалот го затвори неговиот основач, Дејан Трајкоски, кој напомена две работи кои сведочат како доказ зошто ваквите фестивали и манифестации треба да постојат и рече:

Првата работа му се случи вчера на Владислав Бајац кога се сретна со жена со која се сретнал пред 20 години којашто му кажа дека читањето на неговата „Книга за бамбусот“ и романот „Друидот од Синдидун" ù го смениле животот. Втората е писмото кое што на еден од нашите лауреати Георги Господинов му го пратила повозрасна жена од болница, а меѓу другото, во писмото пишувало „ве читав и почувствував дека уште ми се живее“.

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот, вечерва во 20 часот во Кинотеката во Скопје ќе биде прикажан филмот „Караула“ на режисерот Рајко Грлиќ, кој е гостин на „ПРО-ЗА Балкан“. Пред проекцијата ќе разговораат Петар Арсовски, Александар Прокопиев и Рајко Грлиќ.

Организатор на фестивалот е „Прозарт медиа“. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА.

The post Оливера Николова: Јас ù припаѓам на македонската литература, а мојот јазик на изразување е македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Денес, кога мојата земја и мојот јазик успешно го множат своето ехо, а ние се чувствуваме срчни и полетни, зошто да не кажеме дека еве, и ние вредно ја ткаеме мрежата на светот заедно со другите? Мрежата на светот како некоја земна галаксија во која сите соѕвездија светат подеднакво за секого. Дека се трудиме да веруваме оти е тоа така и дека мора да биде така. Нели веќе без страв го исправаме своето пред плимата на туѓото? Зошто да не го кажеме тоа? Дека ни било земано недозволено и дека и самите сме земале недозволено, дека сме давале и ни давале и дека сите подрачја вон уметничкото секогаш ни се чинеле банални и обични, а дека вистинската смисла на патетичното, вистинската смисла на драматичното, за нас не била да им ја дадеме нивната фотографска вредност, туку нивното највисоко духовно значење – рече Оливера Николова синоќа во своето видеообраќање по повод врачувањето на наградата „Прозарт“, што ѝ ја додели Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“. Обраќајќи им се на писателите и велејќи дека сигурно ќе ја разберат за што зборува, Николова додаде дека „никогаш не ќе знаат со сигурност кои бедеми ги поставува она што го работат, сè додека не го пропуштат времето да истрча пред нив и да им мавта од иднината за повикување“. Затоа само ги поздрави, жалејќи што не е во состојба да го направи тоа во живо како што рече „со понизноста за која обично сите гласаме, а која, всушност, го издига во триумф знамето на посветеноста, мечтите и разумот“. Секој од авторите-гости на фестивалот се претстави со извадоци од свои дела на јазикот на кој твори. Во Даут-пашиниот амам синоќа читаа писателите: Дамир Каракаш од Хрватска, Броња Жакељ од Словенија, Владислав Бајац од Србија, Елена Алексиева од Бугарија, сценаристот и режисер Рајко Грлиќ од Хрватска, нашиот писател Томислав Османли и поетот Пијан Славеј. Сите имаа можност да се дружат во изминатите три дена заедно со членовите на „Скопје fellowship“ програмата. Во сеќавање на Луан Старова, неговата ќерка Дита Старова-Ќерими прочита извадок од неговиот роман „Враќањето на козите“, којшто тој го прочита на неговото гостување на фестивалот во 2016 година. Фестивалот го затвори неговиот основач, Дејан Трајкоски, кој напомена две работи кои сведочат како доказ зошто ваквите фестивали и манифестации треба да постојат и рече:
Првата работа му се случи вчера на Владислав Бајац кога се сретна со жена со која се сретнал пред 20 години којашто му кажа дека читањето на неговата „Книга за бамбусот“ и романот „Друидот од Синдидун" ù го смениле животот. Втората е писмото кое што на еден од нашите лауреати Георги Господинов му го пратила повозрасна жена од болница, а меѓу другото, во писмото пишувало „ве читав и почувствував дека уште ми се живее“.
Во рамките на дополнителната програма на фестивалот, вечерва во 20 часот во Кинотеката во Скопје ќе биде прикажан филмот „Караула“ на режисерот Рајко Грлиќ, кој е гостин на „ПРО-ЗА Балкан“. Пред проекцијата ќе разговораат Петар Арсовски, Александар Прокопиев и Рајко Грлиќ. Организатор на фестивалот е „Прозарт медиа“. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА.

The post Оливера Николова: Јас ù припаѓам на македонската литература, а мојот јазик на изразување е македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>
Оливера Николова добитничка на наградата „Прозарт“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/olivera-nikolova-dobitnichka-na-nagradata-prozart/ Tue, 30 Aug 2022 07:18:54 +0000 https://republika.mk/?p=545468

Македонската писателки Оливера Николова е добитничка на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, што ја доделува Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“. Јубилејното 10. издание на фестивалот годинава ќе се одржи од 18 до 21 септември.

Одлуката за доделување на наградата на Николова беше донесена едногласно од страна на Одборот за доделување на наградата „Прозарт“, на чело со претседателот Ермис Лафазановски.

Оливера Николова е македонска писателка која ја одбележа македонската книжевност во втората половина на 20 и почетокот на 21 век, затоа со право можеме да ја сметаме за книжевен бард чии дела сe и ќе бидат сметани и во иднина за врв на македонската класична книжевност. Почнувајќи од нејзините изданија во рамките на македонската книжевност за деца, па сè до нејзиниот последен роман, на читателите не само во Македонија туку и на Балканот, им ја понуди единствената привилегија преку нејзините дела да прочитаат работи кои се напишани сега и тука, а чие ехо ќе одѕвонува далеку во иднината, стои во одлуката на Одборот.

Николова, за која не ретко се споменува дека е мајка на сите македонски писателки, во писмото по повод добивањето на наградата вели:

'ПРО-ЗА Балкан' за мене отсекогаш претставувала кота од која ми се овозможуваше радоста да ги поздравам колегите писатели, оние присутните, но и неприсутните, кои ги познавам и не ги познавам, кои ги читам и не ги читам, но чии автентични творечки вибрации бездруго ја изгубиле супстанцата на само она што е исклучително. Неспорно, присуството на читателите, пак, создава повеќе убавина одошто некогаш сме имале во моментот, повеќе емпатија за секого, но и помалку занес за чудата на животот и сировата стварност, наведува Николова.

Во својата порака таа вели дека ѝ припаѓа на македонската литература, а нејзиниот јазик на изразување е македонскиот јазик и додава: Писател… Писатели… Знаеме ли што се очекува од нас? Го прифаќаме овој товар со занес, а што се бара од нас? Што треба да работиме? Дали да се слушаме само себеси? Дали да ги слушаме првенствено другите? А, најважното: дали би го прифатиле и тоа што ни се наметнува“, се наведува во писмото по повод добивањето на наградата.

Понатаму прашува кој е вистинскиот повик на писателите и додава: „Во име на овие брзи и површни размисли, во име на нашето колебање за кое секој писател го остри перото, ја поздравувам нашата сложност во предвидувањата кои секогаш сме ги оспорувале, да го чуеме не само пискотот на разумот, туку и нашата несигурност со коja ја китиме кревкоста на упорното постоење. Она што го работиме никогаш не ќе знаеме со сигурност кои бедеми ги поставува, се’ додека не го пропуштиме времето да истрча пред нас и да ни мавта од иднината за повикување“, нагласува Николова.

Оливера Николова, која е раскажувачка, романсиерка и драмска писателка е родена во Скопје во 1936 година. Целиот работен век го минала во Македонската радио-телевизија како уредник и драматург. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. Покрај романите како „Вежби за Ибн Пајко“, „Куклите на Росица“, „Збогум, Вано, Ванке…“, „Песот со тажен поглед“, и збирки раскази за возрасни, има објавено и 17 книги за деца и сликовници, меѓу кои: „Девојките на Марко“, „Мојот звук“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“, и др. Нејзината култна книга за деца „Зоки Поки“ стана задолжителна лектира во училиштата, а според неа е снимена и детска телевизиска серија.

Организатор на фестивалот е „Прозарт медиа“. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА.

The post Оливера Николова добитничка на наградата „Прозарт“ appeared first on Република.

]]>

Македонската писателки Оливера Николова е добитничка на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, што ја доделува Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“. Јубилејното 10. издание на фестивалот годинава ќе се одржи од 18 до 21 септември. Одлуката за доделување на наградата на Николова беше донесена едногласно од страна на Одборот за доделување на наградата „Прозарт“, на чело со претседателот Ермис Лафазановски.
Оливера Николова е македонска писателка која ја одбележа македонската книжевност во втората половина на 20 и почетокот на 21 век, затоа со право можеме да ја сметаме за книжевен бард чии дела сe и ќе бидат сметани и во иднина за врв на македонската класична книжевност. Почнувајќи од нејзините изданија во рамките на македонската книжевност за деца, па сè до нејзиниот последен роман, на читателите не само во Македонија туку и на Балканот, им ја понуди единствената привилегија преку нејзините дела да прочитаат работи кои се напишани сега и тука, а чие ехо ќе одѕвонува далеку во иднината, стои во одлуката на Одборот.
Николова, за која не ретко се споменува дека е мајка на сите македонски писателки, во писмото по повод добивањето на наградата вели:
'ПРО-ЗА Балкан' за мене отсекогаш претставувала кота од која ми се овозможуваше радоста да ги поздравам колегите писатели, оние присутните, но и неприсутните, кои ги познавам и не ги познавам, кои ги читам и не ги читам, но чии автентични творечки вибрации бездруго ја изгубиле супстанцата на само она што е исклучително. Неспорно, присуството на читателите, пак, создава повеќе убавина одошто некогаш сме имале во моментот, повеќе емпатија за секого, но и помалку занес за чудата на животот и сировата стварност, наведува Николова.
Во својата порака таа вели дека ѝ припаѓа на македонската литература, а нејзиниот јазик на изразување е македонскиот јазик и додава: Писател… Писатели… Знаеме ли што се очекува од нас? Го прифаќаме овој товар со занес, а што се бара од нас? Што треба да работиме? Дали да се слушаме само себеси? Дали да ги слушаме првенствено другите? А, најважното: дали би го прифатиле и тоа што ни се наметнува“, се наведува во писмото по повод добивањето на наградата. Понатаму прашува кој е вистинскиот повик на писателите и додава: „Во име на овие брзи и површни размисли, во име на нашето колебање за кое секој писател го остри перото, ја поздравувам нашата сложност во предвидувањата кои секогаш сме ги оспорувале, да го чуеме не само пискотот на разумот, туку и нашата несигурност со коja ја китиме кревкоста на упорното постоење. Она што го работиме никогаш не ќе знаеме со сигурност кои бедеми ги поставува, се’ додека не го пропуштиме времето да истрча пред нас и да ни мавта од иднината за повикување“, нагласува Николова. Оливера Николова, која е раскажувачка, романсиерка и драмска писателка е родена во Скопје во 1936 година. Целиот работен век го минала во Македонската радио-телевизија како уредник и драматург. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. Покрај романите како „Вежби за Ибн Пајко“, „Куклите на Росица“, „Збогум, Вано, Ванке…“, „Песот со тажен поглед“, и збирки раскази за возрасни, има објавено и 17 книги за деца и сликовници, меѓу кои: „Девојките на Марко“, „Мојот звук“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“, и др. Нејзината култна книга за деца „Зоки Поки“ стана задолжителна лектира во училиштата, а според неа е снимена и детска телевизиска серија. Организатор на фестивалот е „Прозарт медиа“. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА.  

The post Оливера Николова добитничка на наградата „Прозарт“ appeared first on Република.

]]>
Оливера Николова: Сакам да верувам дека постои шанса да го засакате тоа што сум го создала и во моите искуства да пронајдете одговори и за себе https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/olivera-nikolova-sakam-da-veruvam-deka-postoi-shansa-da-go-zasakate-toa-shto-sum-go-sozdala-i-vo-moite-iskustva-da-pronajdete-odgovori-i-za-sebe/ Thu, 31 Mar 2022 09:07:59 +0000 https://republika.mk/?p=481252

Навистина сум возбудена вечерва особено од повишениот тон на пофалбите. Се прашувам дали тоа навистина го заслужувам, рече писателката Оливера Николова на синоќешната промоција на на десет тома со 12 реобјавени книги од творештвото за возрасни.

Ние сме тука поради моите книги од кои некои сум ги пишувала речиси пред половина век. Ви благодарам, и благодарам, како што реков, на повишениот тон на пофалбите и искажувањата. Благодарност и за „Арс Ламина“ која ми овозможи да ги видам моите дела за возрасни заедно во вакво убаво издание. Гест, кој во суштина претставува можност за преоценка од една нова генерација на она што сум го создала. Му благодарам и на моето пишување за многу важни заеднички споделувања во мојот живот. Во пишувањето влегов не само млада, туку и несвесна за сопствената незрелост. „Зоки Поки“ е плод на таа невиност. Невиност за незнаење на стапиците на зборовите, а тоа што следуваше потоа, пишувано не само со интуиција и спонтано, туку и со подготовка и со одговорност на тоа што го пренесувам, да кажам тежок збор, ме очовечи. Го прошири и го збогати до невидени размери моето битие, извлекувајќи ги на виделине неговите скриени потенцијали. Пишувањето стана, можам да речам, мој ориентир во животот. И тоа е тежок збор. Го кажувам со голема одговорност. Ориентир. Тоа ми овозможи да ги запознавам луѓето одвнатре за да знам како да ги опишам, а притоа можеби и поважно, како да научам да живеам со нив во реалноста, како да ги прифатам, да ги оправдам и да ги засакам. Ука што во најраната младост секако ми недостасуваше потполно, а која се покажа дека ми е недоволна за личностите за кои пишував и кои морав длабоко да ги запознаам пред да пишувам за нив. Како за која нова книга се определував, како се ширеше и моето тематско интересирање, така се ширеше и опсегот на моите познавања од животот, неговата многусрдност, а потоа и моето однесување меѓу луѓето. Така пополека ја освојував сопствената зрелост, со тоа и сигурноста меѓу зборивите кои ги искажуваат нашите мисли. Се разбира, им благодарам и на моите долги години што ми дадоа шанса за поправање на грешките. Многу сакам овие зборови, како што гледате, да не се однесуваат за моите дела, туку за мене. И многу сакам да верувам дека постои шанса да го засакате тоа што сум го создала и во моите искуства да пронајдете одговори и за себе, заврши Николова.

Оливера Николова е раскажувачка, романсиерка и драмска писателка родена во Скопје во 1936 година. Се школувала во Струга и во Велес, а дипломирала на Филолошкиот факултет, група Југословенска книжевност, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работела како драматург-уредник во емисиите за деца и во драмските програми за возрасни на Радио и на ТВ Скопје. Пишува за деца и за возрасни. Има објавено десет романи и три збирки раскази за возрасни, 17 книги за деца и сликовници, меѓу кои: „Зоки Поки“, „Девојките на Марко“, „Мојот звук“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“ и други, како и многубројни театарски, телевизиски и радио-игри.
За својата работа има освоено многубројни награди, меѓу кои: Наградата на РТВ Скопје и Струшките вечери на поезијата во 1966, 1975 и во 1978 година, наградата „Младо поколење“ (1978), Змаевата награда за 1983 г. за посебни постигнувања во современиот израз на литературата за деца, наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија во 1983, 1998 и 2015, „Рациново признание“ за 2000 г. за „Адамовото ребро“, роман на годината на „Утрински весник“ за 2004 г. за „Куклите на Росица“, роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2019 г. за „Песот со тажен поглед“.

Во присуство на писателката синоќа во фоајето на Националната опера и балет се одржа промоцијата на десет тома со 12 реобјавени книги од нејзиното творештво за возрасни, во издание на „Арс Ламина“, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“. Тие се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели. Тие се подарок за поколенијата!

На промоцијата се обратија академик Катица Ќулавкова („Вежби за Ибн Пајко“), Јелена Лужина („Збогум Вано, Ванке...“), Никола Гелевски („Белиот чад“), Елизабета Баковска (поговор за „Куклите на Росица“), Гоце Смилевски („Пешаци по црни полиња“), Румена Бужаровска („Куќичка“), Владимир Мартиновски („Тромбот“), Калина Малеска („Адамовото ребро“), Владимир Јанковски („Лева комора“), а видеообраќање имаа: Кица Колбе (поговор кон „Тесна врата“) и Давор Стојановски („Песот со тажен поглед“).

Модератор на настанот беше уредничката на едицијата, Оливера Ќорвезироска, која го напиша и поговорот за „Кадифената покривка“.

„Куклите на Росица“ (поговор: Елизабета Баковска)

„Куклите на Росица“ е еден од ретките македонски национално-историографски романи напишани од жена. Наспроти Оливера Николова, за ваквите (речиси романтичарски) национално-историски теми има пишувано цела една плејада македонските класици, како Петре М. Андреевски, Коле Чашуле, Стале Попов, Ѓорѓи Абаџиев... „Куклите на Росица“ е комплексен приказ на бурни и често сè уште недоволно разјаснети (или постојано проблематизирани) случувања поврзани со создавањето на македонскиот национален идентитет.

„Тесна врата“ (поговор: Кица Колбе)

Оливера Николова во својот прв роман за возрасни „Тесна врата“ ја раскажува сложената приказна за загадочното исчезнување на Петра со многу акрибија, луцидност и писателска ревност, небаре самата морала да помине низ некоја „тесна врата“. Асоцијацијата е оправдана, затоа што и таа по дваесет години успешно творештво за деца, се осмелува да го освои „непознатото“ – царството на романот за возрасни.

„Куќичка“ (поговор: Румена Бужаровска)

Се чудам како досега никому не му текнало да направи филм од овој роман. Парадоксално, иако се вика „Куќичка“, тој постојано се движи. Тој е напнат од чувството на мистерија, тој е во постојана трансформација, тој е и интимно и политички возбудлив. Иако во него среќаваме прељуба, убиство, бегство и измама, тој е цврсто втемелен во принципите на вербата во човештвото и во солидарноста. И на крајот, ова е роман што е длабоко вљубен во зборовите со кои е напишан и во културата од која произлегува, па така самиот по себе претставува дом за нашиот јазик.

„Тромбот“ (поговор: Владимир Мартиновски)

Во замрсените игри на демонстрација на (над)моќ, во овој роман секој во секого гледа притаена закана, секој очекува (а неретко и добива) нож в грб од најблиските. Лоцирајќи го дејството во поранешната СФРЈ, Оливера Николова со „Тромбот“ истовремено создала слоевита и исклучително пластична слика за уривањето и изместувањето на системот на вредности, кој се дијагностицира токму преку врските меѓу спортот и човековата природа.

„Адамовото ребро“ (поговор: Калина Малеска)

Романот „Адамовото ребро“ се издвојува во македонската книжевност по својствата на протагонистката која не се плаши од своите избори во животот, неконвенционални за времето во кое живее. Се издвојува и по интересната техника на самопреиспитување преку тоа што ги соочува сличните ликови во сосема различни временско-просторни околности. Се издвојува и по специфичното метакнижевно истражување: овде, не само што реалноста на нараторката влијае во создавањето на нејзините ликови и нејзиниот роман туку и постапките на нејзините ликови повратно дејствуваат таа да размисли за своите животни избори, понекогаш да ги промени и да им даде смисла.

„Збогум Вано, Ванке...“ (поговор: Јелена Лужина)

Автентичните писатели како Оливера Николова секогаш читаат помеѓу редовите, умеат да ги декодираат навидум „невидливите“ причинско-последични релации и интуитивно ги препознаваат оние загадочни сигнали кои „бликнуваат“ од таканаречениот поттекст. Романот „Збогум, Вано, Ванке...“ е „составуван“ токму од тој и таков материјал. Формално невидлив. Како и секоја фикција.

„Пешаци по црни полиња“ (поговор: Гоце Смилевски)

Оливера Николова во „Пешаци по црни полиња“ преку индивидуалните судбини на главните ликови ги отсликува општествените состојби и процеси во времето во кое тие живеат, а тоа е времето кое ни е добро познато: нашето „вчера“ кое траеше повеќе од две децении – времето на транзицијата.

„Белиот чад“ (поговор: Никола Гелевски)

Сложената и разгранета наративна конструкција во „Белиот чад“, како во ноар филмот, создава свет во кој преовладува чувството на отуѓеност и фатеност во стапица од која нема излез. Дистанцирани од нормалниот свет, но истовремено и нурнати во неговите мрачни текови, ликовите се обележани со некој вид дефинитивна изолираност и отуѓеност, а нивната оддалеченост од стварноста станува безнадежна.
Оливера Николова е одлична портретистка, виртуозна создавачка на атмосфера и неуморна барачка на суптилни детали.

„Вежби за Ибн Пајко“ (поговор: Катица Ќулавкова)

Историјата и народното предание ѝ служат на Оливера Николова да создаде своја авторска приказна за некои човечки судбини карактеристични за балканските простори. Контактите меѓу историската стварност, народното предание и колективната меморија го прават светот на „Вежби за Ибн Пајко“ да биде живописен. Авторката нема цел во својот роман да прикаже една историска вистина, туку да покаже дека е кревка границата меѓу историската вистина и илузијата: и вистината може да стане илузија, и илузијата – вистина.

„Песот со тажен поглед“ (поговор: Давор Стојановски)

„Песот со тажен поглед“ не е исклучиво историски или воен роман, туку е повеќе роман за тоа како војната го втиснува мрачниот печат врз индивидуата, за последиците што војната ги остава врз телото и врз психата на оној што излегол од борбата, но и за ронката хуманост што, случајно или не, останува надвор од човекот и е сместена во очите на животното што најчесто го сметаме како наш најчест домашен миленик.

„Кадифената покривка“ (поговор: Оливера Ќорвезироска)

Задачата што Оливера Николова си ја поставила себеси во „Кадифената покривка“ е да ги оживее личните приказни на убијките, да ги открие и долови мотивите на злосторствата, да ги дешифрира и да ги „реши“ според одличната, проверена и препознатлива сопствена раскажувачка формула; да ги направи разбирливи, да ги донесе блиску пред нас, да ни ги послужи на подавалникот на можното, да ги вгнезди во едно обично секојдневие, во една обична стварност каква што е оваа околу нас.

„Лева комора“ (поговор: Владимир Јанковски)

„Лева комора“ е книга за опачината на појавите и нештата. За личните погледи, перцепции, доживувања и светови кои остануваат во заклучената соба на интимата. За тивката потреба да не се каже. Книга за деконструкцијата на надворешната реалност составена од согласувања и хармонии. За деструкцијата на лагите од кои многу често е изградено нашето секојдневие. Книга за женскиот крик. Често тивок и безгласен, а сепак крик.

The post Оливера Николова: Сакам да верувам дека постои шанса да го засакате тоа што сум го создала и во моите искуства да пронајдете одговори и за себе appeared first on Република.

]]>

Навистина сум возбудена вечерва особено од повишениот тон на пофалбите. Се прашувам дали тоа навистина го заслужувам, рече писателката Оливера Николова на синоќешната промоција на на десет тома со 12 реобјавени книги од творештвото за возрасни.
Ние сме тука поради моите книги од кои некои сум ги пишувала речиси пред половина век. Ви благодарам, и благодарам, како што реков, на повишениот тон на пофалбите и искажувањата. Благодарност и за „Арс Ламина“ која ми овозможи да ги видам моите дела за возрасни заедно во вакво убаво издание. Гест, кој во суштина претставува можност за преоценка од една нова генерација на она што сум го создала. Му благодарам и на моето пишување за многу важни заеднички споделувања во мојот живот. Во пишувањето влегов не само млада, туку и несвесна за сопствената незрелост. „Зоки Поки“ е плод на таа невиност. Невиност за незнаење на стапиците на зборовите, а тоа што следуваше потоа, пишувано не само со интуиција и спонтано, туку и со подготовка и со одговорност на тоа што го пренесувам, да кажам тежок збор, ме очовечи. Го прошири и го збогати до невидени размери моето битие, извлекувајќи ги на виделине неговите скриени потенцијали. Пишувањето стана, можам да речам, мој ориентир во животот. И тоа е тежок збор. Го кажувам со голема одговорност. Ориентир. Тоа ми овозможи да ги запознавам луѓето одвнатре за да знам како да ги опишам, а притоа можеби и поважно, како да научам да живеам со нив во реалноста, како да ги прифатам, да ги оправдам и да ги засакам. Ука што во најраната младост секако ми недостасуваше потполно, а која се покажа дека ми е недоволна за личностите за кои пишував и кои морав длабоко да ги запознаам пред да пишувам за нив. Како за која нова книга се определував, како се ширеше и моето тематско интересирање, така се ширеше и опсегот на моите познавања од животот, неговата многусрдност, а потоа и моето однесување меѓу луѓето. Така пополека ја освојував сопствената зрелост, со тоа и сигурноста меѓу зборивите кои ги искажуваат нашите мисли. Се разбира, им благодарам и на моите долги години што ми дадоа шанса за поправање на грешките. Многу сакам овие зборови, како што гледате, да не се однесуваат за моите дела, туку за мене. И многу сакам да верувам дека постои шанса да го засакате тоа што сум го создала и во моите искуства да пронајдете одговори и за себе, заврши Николова.
Оливера Николова е раскажувачка, романсиерка и драмска писателка родена во Скопје во 1936 година. Се школувала во Струга и во Велес, а дипломирала на Филолошкиот факултет, група Југословенска книжевност, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работела како драматург-уредник во емисиите за деца и во драмските програми за возрасни на Радио и на ТВ Скопје. Пишува за деца и за возрасни. Има објавено десет романи и три збирки раскази за возрасни, 17 книги за деца и сликовници, меѓу кои: „Зоки Поки“, „Девојките на Марко“, „Мојот звук“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“ и други, како и многубројни театарски, телевизиски и радио-игри. За својата работа има освоено многубројни награди, меѓу кои: Наградата на РТВ Скопје и Струшките вечери на поезијата во 1966, 1975 и во 1978 година, наградата „Младо поколење“ (1978), Змаевата награда за 1983 г. за посебни постигнувања во современиот израз на литературата за деца, наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија во 1983, 1998 и 2015, „Рациново признание“ за 2000 г. за „Адамовото ребро“, роман на годината на „Утрински весник“ за 2004 г. за „Куклите на Росица“, роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2019 г. за „Песот со тажен поглед“. Во присуство на писателката синоќа во фоајето на Националната опера и балет се одржа промоцијата на десет тома со 12 реобјавени книги од нејзиното творештво за возрасни, во издание на „Арс Ламина“, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“. Тие се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели. Тие се подарок за поколенијата! На промоцијата се обратија академик Катица Ќулавкова („Вежби за Ибн Пајко“), Јелена Лужина („Збогум Вано, Ванке...“), Никола Гелевски („Белиот чад“), Елизабета Баковска (поговор за „Куклите на Росица“), Гоце Смилевски („Пешаци по црни полиња“), Румена Бужаровска („Куќичка“), Владимир Мартиновски („Тромбот“), Калина Малеска („Адамовото ребро“), Владимир Јанковски („Лева комора“), а видеообраќање имаа: Кица Колбе (поговор кон „Тесна врата“) и Давор Стојановски („Песот со тажен поглед“). Модератор на настанот беше уредничката на едицијата, Оливера Ќорвезироска, која го напиша и поговорот за „Кадифената покривка“. „Куклите на Росица“ (поговор: Елизабета Баковска)
„Куклите на Росица“ е еден од ретките македонски национално-историографски романи напишани од жена. Наспроти Оливера Николова, за ваквите (речиси романтичарски) национално-историски теми има пишувано цела една плејада македонските класици, како Петре М. Андреевски, Коле Чашуле, Стале Попов, Ѓорѓи Абаџиев... „Куклите на Росица“ е комплексен приказ на бурни и често сè уште недоволно разјаснети (или постојано проблематизирани) случувања поврзани со создавањето на македонскиот национален идентитет.
„Тесна врата“ (поговор: Кица Колбе)
Оливера Николова во својот прв роман за возрасни „Тесна врата“ ја раскажува сложената приказна за загадочното исчезнување на Петра со многу акрибија, луцидност и писателска ревност, небаре самата морала да помине низ некоја „тесна врата“. Асоцијацијата е оправдана, затоа што и таа по дваесет години успешно творештво за деца, се осмелува да го освои „непознатото“ – царството на романот за возрасни.
„Куќичка“ (поговор: Румена Бужаровска)
Се чудам како досега никому не му текнало да направи филм од овој роман. Парадоксално, иако се вика „Куќичка“, тој постојано се движи. Тој е напнат од чувството на мистерија, тој е во постојана трансформација, тој е и интимно и политички возбудлив. Иако во него среќаваме прељуба, убиство, бегство и измама, тој е цврсто втемелен во принципите на вербата во човештвото и во солидарноста. И на крајот, ова е роман што е длабоко вљубен во зборовите со кои е напишан и во културата од која произлегува, па така самиот по себе претставува дом за нашиот јазик.
„Тромбот“ (поговор: Владимир Мартиновски)
Во замрсените игри на демонстрација на (над)моќ, во овој роман секој во секого гледа притаена закана, секој очекува (а неретко и добива) нож в грб од најблиските. Лоцирајќи го дејството во поранешната СФРЈ, Оливера Николова со „Тромбот“ истовремено создала слоевита и исклучително пластична слика за уривањето и изместувањето на системот на вредности, кој се дијагностицира токму преку врските меѓу спортот и човековата природа.
„Адамовото ребро“ (поговор: Калина Малеска)
Романот „Адамовото ребро“ се издвојува во македонската книжевност по својствата на протагонистката која не се плаши од своите избори во животот, неконвенционални за времето во кое живее. Се издвојува и по интересната техника на самопреиспитување преку тоа што ги соочува сличните ликови во сосема различни временско-просторни околности. Се издвојува и по специфичното метакнижевно истражување: овде, не само што реалноста на нараторката влијае во создавањето на нејзините ликови и нејзиниот роман туку и постапките на нејзините ликови повратно дејствуваат таа да размисли за своите животни избори, понекогаш да ги промени и да им даде смисла.
„Збогум Вано, Ванке...“ (поговор: Јелена Лужина)
Автентичните писатели како Оливера Николова секогаш читаат помеѓу редовите, умеат да ги декодираат навидум „невидливите“ причинско-последични релации и интуитивно ги препознаваат оние загадочни сигнали кои „бликнуваат“ од таканаречениот поттекст. Романот „Збогум, Вано, Ванке...“ е „составуван“ токму од тој и таков материјал. Формално невидлив. Како и секоја фикција.
„Пешаци по црни полиња“ (поговор: Гоце Смилевски)
Оливера Николова во „Пешаци по црни полиња“ преку индивидуалните судбини на главните ликови ги отсликува општествените состојби и процеси во времето во кое тие живеат, а тоа е времето кое ни е добро познато: нашето „вчера“ кое траеше повеќе од две децении – времето на транзицијата.
„Белиот чад“ (поговор: Никола Гелевски)
Сложената и разгранета наративна конструкција во „Белиот чад“, како во ноар филмот, создава свет во кој преовладува чувството на отуѓеност и фатеност во стапица од која нема излез. Дистанцирани од нормалниот свет, но истовремено и нурнати во неговите мрачни текови, ликовите се обележани со некој вид дефинитивна изолираност и отуѓеност, а нивната оддалеченост од стварноста станува безнадежна. Оливера Николова е одлична портретистка, виртуозна создавачка на атмосфера и неуморна барачка на суптилни детали.
„Вежби за Ибн Пајко“ (поговор: Катица Ќулавкова)
Историјата и народното предание ѝ служат на Оливера Николова да создаде своја авторска приказна за некои човечки судбини карактеристични за балканските простори. Контактите меѓу историската стварност, народното предание и колективната меморија го прават светот на „Вежби за Ибн Пајко“ да биде живописен. Авторката нема цел во својот роман да прикаже една историска вистина, туку да покаже дека е кревка границата меѓу историската вистина и илузијата: и вистината може да стане илузија, и илузијата – вистина.
„Песот со тажен поглед“ (поговор: Давор Стојановски)
„Песот со тажен поглед“ не е исклучиво историски или воен роман, туку е повеќе роман за тоа како војната го втиснува мрачниот печат врз индивидуата, за последиците што војната ги остава врз телото и врз психата на оној што излегол од борбата, но и за ронката хуманост што, случајно или не, останува надвор од човекот и е сместена во очите на животното што најчесто го сметаме како наш најчест домашен миленик.
„Кадифената покривка“ (поговор: Оливера Ќорвезироска)
Задачата што Оливера Николова си ја поставила себеси во „Кадифената покривка“ е да ги оживее личните приказни на убијките, да ги открие и долови мотивите на злосторствата, да ги дешифрира и да ги „реши“ според одличната, проверена и препознатлива сопствена раскажувачка формула; да ги направи разбирливи, да ги донесе блиску пред нас, да ни ги послужи на подавалникот на можното, да ги вгнезди во едно обично секојдневие, во една обична стварност каква што е оваа околу нас.
„Лева комора“ (поговор: Владимир Јанковски)
„Лева комора“ е книга за опачината на појавите и нештата. За личните погледи, перцепции, доживувања и светови кои остануваат во заклучената соба на интимата. За тивката потреба да не се каже. Книга за деконструкцијата на надворешната реалност составена од согласувања и хармонии. За деструкцијата на лагите од кои многу често е изградено нашето секојдневие. Книга за женскиот крик. Често тивок и безгласен, а сепак крик.

The post Оливера Николова: Сакам да верувам дека постои шанса да го засакате тоа што сум го создала и во моите искуства да пронајдете одговори и за себе appeared first on Република.

]]>
Промоција на десет тома од творештвото за возрасни на Оливера Николова https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-deset-toma-od-tvoreshtvoto-za-vozrasni-na-olivera-nikolova-2/ Wed, 30 Mar 2022 06:46:08 +0000 https://republika.mk/?p=480612

Во фоајето на Националната опера и балет на 30 март (среда), со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоцијата на десет тома со 12 книги за возрасни на познатата писателка Оливера Николова.

Издавачката куќа „Арс ламина“, го реобјавува целокупното творештво за возрасни од Николова. Книгите, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели.

Станува збор за насловите: „Куклите на Росица“ (со поговор од Елизабета Баковска), „Тесна врата“ (поговор Кица Колбе), „Куќичка“ (поговор Румена Бужаровска), „Тромбот“ (поговор Владимир Мартиновски), „Адамовото ребро“ (поговор Калина Малеска), „Збогум Вано, Ванке…“ (поговор Јелена Лужина), „Пешаци по црни полиња“ (поговор Гоце Смилевски), „Белиот чад“ (поговор Никола Гелевски), како и „Вежби за Ибн Пајко“ (поговор Катица Ќулавкова) во исто издание со „Песот со тажен поглед“ (поговор Давор Стојановски) и „Лева комора“ (поговор Владимир Јанковски) во исто издание со „Кадифената покривка“ (поговор Оливера Ќорвезироска).

The post Промоција на десет тома од творештвото за возрасни на Оливера Николова appeared first on Република.

]]>

Во фоајето на Националната опера и балет на 30 март (среда), со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоцијата на десет тома со 12 книги за возрасни на познатата писателка Оливера Николова. Издавачката куќа „Арс ламина“, го реобјавува целокупното творештво за возрасни од Николова. Книгите, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели. Станува збор за насловите: „Куклите на Росица“ (со поговор од Елизабета Баковска), „Тесна врата“ (поговор Кица Колбе), „Куќичка“ (поговор Румена Бужаровска), „Тромбот“ (поговор Владимир Мартиновски), „Адамовото ребро“ (поговор Калина Малеска), „Збогум Вано, Ванке…“ (поговор Јелена Лужина), „Пешаци по црни полиња“ (поговор Гоце Смилевски), „Белиот чад“ (поговор Никола Гелевски), како и „Вежби за Ибн Пајко“ (поговор Катица Ќулавкова) во исто издание со „Песот со тажен поглед“ (поговор Давор Стојановски) и „Лева комора“ (поговор Владимир Јанковски) во исто издание со „Кадифената покривка“ (поговор Оливера Ќорвезироска).  

The post Промоција на десет тома од творештвото за возрасни на Оливера Николова appeared first on Република.

]]>
Промоција на десет тома од творештвото за возрасни на Оливера Николова https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-deset-toma-od-tvoreshtvoto-za-vozrasni-na-olivera-nikolova/ Mon, 28 Mar 2022 08:21:51 +0000 https://republika.mk/?p=479633

Во фоајето на Националната опера и балет на 30 март (среда) во 19 часот ќе се одржи промоцијата на десет тома со 12 реобјавени книги за возрасни на познатата писателка Оливера Николова.

Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, го реобјавува целокупното творештво за возрасни од Николова.

Книгите, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели. Тие се подарок за поколенијата! Уредник на изданијата е Оливера Ќорвезироска, се вели во најавата за промоцијата.

На настанот ќе говорат авторите на новите поговори кон делата на Николова: Елизабета Баковска (поговор за „Куклите на Росица“), Румена Бужаровска („Куќичка“), Владимир Мартиновски („Тромбот“), Калина Малеска („Адамовото ребро“), Јелена Лужина („Збогум Вано, Ванке…“), Гоце Смилевски („Пешаци по црни полиња“), Никола Гелевски („Белиот чад“), Владимир Јанковски („Лева комора“) и Катица Ќулавкова („Вежби за Ибн Пајко“). Видеообраќање ќе имаат: Кица Колбе (поговор кон „Тесна врата“) и Давор Стојановски („Песот со тажен поглед“). Модератор на настанот ќе биде уредничката на изданијата, Оливера Ќорвезироска, која го напиша и поговорот за „Кадифената покривка“.

Реобјавените книги од Оливера Николова ќе бидат достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk, а ќе можат да се набават и на промотивниот настан во Националната опера и балет.

The post Промоција на десет тома од творештвото за возрасни на Оливера Николова appeared first on Република.

]]>

Во фоајето на Националната опера и балет на 30 март (среда) во 19 часот ќе се одржи промоцијата на десет тома со 12 реобјавени книги за возрасни на познатата писателка Оливера Николова. Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, го реобјавува целокупното творештво за возрасни од Николова.
Книгите, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели. Тие се подарок за поколенијата! Уредник на изданијата е Оливера Ќорвезироска, се вели во најавата за промоцијата.
На настанот ќе говорат авторите на новите поговори кон делата на Николова: Елизабета Баковска (поговор за „Куклите на Росица“), Румена Бужаровска („Куќичка“), Владимир Мартиновски („Тромбот“), Калина Малеска („Адамовото ребро“), Јелена Лужина („Збогум Вано, Ванке…“), Гоце Смилевски („Пешаци по црни полиња“), Никола Гелевски („Белиот чад“), Владимир Јанковски („Лева комора“) и Катица Ќулавкова („Вежби за Ибн Пајко“). Видеообраќање ќе имаат: Кица Колбе (поговор кон „Тесна врата“) и Давор Стојановски („Песот со тажен поглед“). Модератор на настанот ќе биде уредничката на изданијата, Оливера Ќорвезироска, која го напиша и поговорот за „Кадифената покривка“. Реобјавените книги од Оливера Николова ќе бидат достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk, а ќе можат да се набават и на промотивниот настан во Националната опера и балет.

The post Промоција на десет тома од творештвото за возрасни на Оливера Николова appeared first on Република.

]]>
Во чест на 86-от роденденот на Оливера Николова, „Арс Ламина“ ги реобјавува нејзините книги за возрасни https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-chest-na-86-ot-rodendenot-na-olivera-nikolova-ars-lamina-gi-reobjavuva-nejzinite-knigi-za-vozrasni/ Fri, 11 Mar 2022 20:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=471537

На денешен ден (11 март), во 1936 година во Скопје е родена една од најплодните, најнаградувани и најзначајни македонски писателки, Оливера Николова.

Во чест на нејзиниот 86-ти роденден, издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, наскоро ќе го реобјави целокупното творештво за возрасни од Николова.

Книгите, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели. Уредник на изданието е Оливера Ќорвезироска.

Станува збор за 12 наслови, спакувани во 10 тома: „Куклите на Росица“ (со поговор од Елизабета Баковска), „Тесна врата“ (поговор Кица Колбе), „Куќичка“ (поговор Румена Бужаровска), „Тромбот“ (поговор Владимир Мартиновски), „Адамовото ребро“ (поговор Калина Малеска), „Збогум Вано, Ванке...“ (поговор Јелена Лужина), „Пешаци по црни полиња“ (поговор Гоце Смилевски), „Белиот чад“ (поговор Никола Гелевски), како и „Вежби за Ибн Пајко“ (поговор Катица Ќулавкова) во исто издание со „Песот со тажен поглед“ (поговор Давор Стојановски) и „Лева комора“ (поговор Владимир Јанковски ) во исто издание со „Кадифената покривка“ (поговор Оливера Ќорвезироска).

Овие дела ќе бидат претставени пред јавноста на свечен промотивен настан.

The post Во чест на 86-от роденденот на Оливера Николова, „Арс Ламина“ ги реобјавува нејзините книги за возрасни appeared first on Република.

]]>

На денешен ден (11 март), во 1936 година во Скопје е родена една од најплодните, најнаградувани и најзначајни македонски писателки, Оливера Николова. Во чест на нејзиниот 86-ти роденден, издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, наскоро ќе го реобјави целокупното творештво за возрасни од Николова. Книгите, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели. Уредник на изданието е Оливера Ќорвезироска. Станува збор за 12 наслови, спакувани во 10 тома: „Куклите на Росица“ (со поговор од Елизабета Баковска), „Тесна врата“ (поговор Кица Колбе), „Куќичка“ (поговор Румена Бужаровска), „Тромбот“ (поговор Владимир Мартиновски), „Адамовото ребро“ (поговор Калина Малеска), „Збогум Вано, Ванке...“ (поговор Јелена Лужина), „Пешаци по црни полиња“ (поговор Гоце Смилевски), „Белиот чад“ (поговор Никола Гелевски), како и „Вежби за Ибн Пајко“ (поговор Катица Ќулавкова) во исто издание со „Песот со тажен поглед“ (поговор Давор Стојановски) и „Лева комора“ (поговор Владимир Јанковски ) во исто издание со „Кадифената покривка“ (поговор Оливера Ќорвезироска). Овие дела ќе бидат претставени пред јавноста на свечен промотивен настан.