Оливера Ќорвезироска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/olivera-kjorveziroska/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Jan 2023 13:26:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Оливера Ќорвезироска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/olivera-kjorveziroska/ 32 32 Претставата „Скопјани“ работена според расказите на Оливера Ќорвезироска вечерва во „Јавна соба“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-skopjani-rabotena-spored-raskazite-na-olivera-korveziroska-vecherva-vo-javna-soba/ Tue, 31 Jan 2023 13:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=603001

Четврта изведба на театарската претстава „Скопјани“ ќе се одржи вечер, во 20 часот, во „Јавна соба“. Претставата е колективно авторство и драматизација на раскази од збирката „Улиците што ги нема“ на Оливера Ќорвезироска, во режија на Милош Б. Андоновски. Улогите ги играат: Филип Христовски, Нина Елзесер, Виктор Велевски, Јанка Лефкова, Христијан Поп-Симонов, Ангела Стојановска.
Драматургијата и драматизацијата на расказите се на Ивана Нелковска и на Милош Андоновски. Драматургијата на личните приказни е на Ева Камчевска.
Костимографка е Ирина Тошева, асистентка на костимографија Ива Ивановска
сценограф Мартин Манев, асистентка на сценографија Симона Димковска.
Проектот финансиски е поддржан од Министерството за култура на РСМ и Град Скопје.

Претставата „Скопјани“ е резултат на истражувачки и експериментален процес во кој актерската екипа, разработувајќи ги расказите на Ќорвезироска, споделува и лични приказни, доживувања и искуства од градот Скопје; ги преиспитува и ги бара одликите на денешните скопјани и духот на денешно Скопје. Оваа претстава не зборува за „старо Скопје“, за ослободувањето на Скопје, за земјотресот и Кензо Танге, туку за градот денес. Го согледува односот на локалците и дојденците, нивните перцепции за градот, нивните недоразбирања и соживот – вели Милош Андоновски, режисер на претставата.

Талкајќи низ улиците, преку мостовите и покрај плоштадите пристигнуваме во секојдневието на луѓето што го сочинуваат градот. Шест актери преку своите животи се нурнуваат во приказните за други лица што се жители на истиот град.

Водејќи се низ наративната мапа на „Улиците што ги нема“ од Оливера Ќорвезироска создадовме приказна за нас, за тоа што е сега, за тоа што останало изгубено, за нешто што постојано се трансформира и за тоа што ни е заедничко – вели Ивана Нелковска, која ја направи драматизацијата на расказите.

The post Претставата „Скопјани“ работена според расказите на Оливера Ќорвезироска вечерва во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>

Четврта изведба на театарската претстава „Скопјани“ ќе се одржи вечер, во 20 часот, во „Јавна соба“. Претставата е колективно авторство и драматизација на раскази од збирката „Улиците што ги нема“ на Оливера Ќорвезироска, во режија на Милош Б. Андоновски. Улогите ги играат: Филип Христовски, Нина Елзесер, Виктор Велевски, Јанка Лефкова, Христијан Поп-Симонов, Ангела Стојановска. Драматургијата и драматизацијата на расказите се на Ивана Нелковска и на Милош Андоновски. Драматургијата на личните приказни е на Ева Камчевска. Костимографка е Ирина Тошева, асистентка на костимографија Ива Ивановска сценограф Мартин Манев, асистентка на сценографија Симона Димковска. Проектот финансиски е поддржан од Министерството за култура на РСМ и Град Скопје.
Претставата „Скопјани“ е резултат на истражувачки и експериментален процес во кој актерската екипа, разработувајќи ги расказите на Ќорвезироска, споделува и лични приказни, доживувања и искуства од градот Скопје; ги преиспитува и ги бара одликите на денешните скопјани и духот на денешно Скопје. Оваа претстава не зборува за „старо Скопје“, за ослободувањето на Скопје, за земјотресот и Кензо Танге, туку за градот денес. Го согледува односот на локалците и дојденците, нивните перцепции за градот, нивните недоразбирања и соживот – вели Милош Андоновски, режисер на претставата.
Талкајќи низ улиците, преку мостовите и покрај плоштадите пристигнуваме во секојдневието на луѓето што го сочинуваат градот. Шест актери преку своите животи се нурнуваат во приказните за други лица што се жители на истиот град.
Водејќи се низ наративната мапа на „Улиците што ги нема“ од Оливера Ќорвезироска создадовме приказна за нас, за тоа што е сега, за тоа што останало изгубено, за нешто што постојано се трансформира и за тоа што ни е заедничко – вели Ивана Нелковска, која ја направи драматизацијата на расказите.

The post Претставата „Скопјани“ работена според расказите на Оливера Ќорвезироска вечерва во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>
„На полпат: (критика или молк)“ – нова збирка со книжевни осврти на Оливера Ќорвезироска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-polpat-kritika-ili-molk-nova-zbirka-so-knizevni-osvrti-na-olivera-kjorveziroska/ Tue, 01 Nov 2022 10:30:25 +0000 https://republika.mk/?p=568223

Критички текстови кон 44 значајни изданија од современи македонски и регионални автори се собрани во новата збирка со книжевни осврти „На полпат: (критика или молк)“ од писателката Оливера Ќорвезироска. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи рецензии и колумни пишувани во периодот од 2016 година до денес. Книгата е поделена на три дела, со осврти кон актуелни домашни, балкански и интернационални изданија.

„Книжевната критика е неодминлив дел од творечкиот опус на Оливера Ќорвезироска. Нејзиното критичко око е вперено најчесто кон современата македонска продукција, но и кон регионалната и поретко – светската книжевност во од. Критичкиот механизам на Ќорвезироска функционира како преса со која се притиска, се цеди и се гмечи секој новопојавен текст што сè уште мириса на печатарско рулче. А, пак, за да функционира беспрекорно оваа комплексна машина, подмачкана е со сета ерудиција, наобразба и писателско искуство на авторката“, вели Бисера Бендевска, уредничката на изданието.

Во „На полпат: (критика или молк)“ можат да се прочитаат рецензиите на Ќорвезироска за победниците на престижната награда „Роман на годината“: „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски, „Песот со тажен поглед“ на Оливера Николова, „Некој бил тука“ од Николина Андова-Шопова, како и кон добитникот на наградата „Стале Попов“ - романот „Маџун“ од Влада Урошевиќ и „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков кој ја освои наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман.

Во книгата се застапени и критички осврти кон изданијата од повеќе значајни домашни автор од новата генерација: Румена Бужаровска, Калина Малеска, Елизабета Баковска, Лидија Димковска, Владимир Мартиновски, Петар Андоновски, Давор Стојановски, Владимир Лукаш, Сашо Кокаланов, Ивана Трајановска, Игор Стојановски, Ирена Јорданова, Ана Стојаноска, Драгица Најчевска, Игор Анѓелков, Јосип Коцев, Јовица Ивановски, како и од професорот Зоран Анчевски.

Во збирката се вклучени и погледите на писателката-критичар кон расказот „Последното оро на Кузета Кузмана“ од Петре М. Андреевски и расказот „Летна луња“ од Влада Урошевиќ. Во книгата има и колумни на повеќе значајни теми: за антологијата на нашите омилени песни од европски поетеси, зошто сите пишуваме кратка проза... па сѐ до „Како Тања Аждаја го победи Фејсбук“.
Во изданието се (ре)објавени и рецензиите за книги од дел од најпочитуваните регионални автори: Миљенко Јерговиќ, Дарко Цвјетиќ, Лана Басташиќ, Дамир Каракаш, Кристијан Новак, Огнен Спахиќ, Стефан Тиќми, Александра Јовановиќ и Владимир Зарев.

Во ова изместено време на многу писатели и малку читатели, реткост е да се најде некој што посветено чита и пишува книжевна критика. Уште поретко е да се најде писател што чита и што пишува книжевна критика. Од ова, уште поретко е да се најде добар писател што чита и што пишува книжевна критика. А, најретко од сè е да се најде добар писател што чита и што пишува добра книжевна критика, а токму тоа е она што се споило во оваа книга“, вели писателката Елизабета Баковска во својот осврт кон книгата.

Оливера Ќорвезироска (1965) е родена во Куманово. Основно и средно образование завршила во родниот град, а Филолошки факултет во Скопје, каде што живее и работи.
Автор е на следниве книги: „Трети кат“ и „Високите бели“ (поезија), „Кифличката Мирна“ и „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ (романи за деца); „Дедо Миле“ (сликовница), „Отвораат ли сништата работа“ и „Еден Текст и една жена“ (критика и есеистика), „Заклученото тело на Лу“ и „Аб’т“ (романи за возрасни), „Страдањата на младиот лектор“, „(С)плетени раскази“, „Две перници“, „(Со)шиени раскази“, „Новелички без шеќер“, „Улиците што ги нема“ и „Престапни години“ (раскази за возрасни).

Застапена е во дваесетина антологии на современиот македонски расказ, објавени дома и во странство. Нејзините раскази се преведувани на англиски, француски, унгарски, албански, чешки, српски, бугарски, словенечки, полски, руски, германски и грчки јазик.

Повеќекратен добитник е на значајни награди за расказ во Македонија, а за „(С)плетени раскази“ во 2003 година ја има добиено наградата за најдобра проза на Друштвото на писателите на Македонија, „Стале Попов“. Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН-центар.

The post „На полпат: (критика или молк)“ – нова збирка со книжевни осврти на Оливера Ќорвезироска appeared first on Република.

]]>

Критички текстови кон 44 значајни изданија од современи македонски и регионални автори се собрани во новата збирка со книжевни осврти „На полпат: (критика или молк)“ од писателката Оливера Ќорвезироска. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи рецензии и колумни пишувани во периодот од 2016 година до денес. Книгата е поделена на три дела, со осврти кон актуелни домашни, балкански и интернационални изданија. „Книжевната критика е неодминлив дел од творечкиот опус на Оливера Ќорвезироска. Нејзиното критичко око е вперено најчесто кон современата македонска продукција, но и кон регионалната и поретко – светската книжевност во од. Критичкиот механизам на Ќорвезироска функционира како преса со која се притиска, се цеди и се гмечи секој новопојавен текст што сè уште мириса на печатарско рулче. А, пак, за да функционира беспрекорно оваа комплексна машина, подмачкана е со сета ерудиција, наобразба и писателско искуство на авторката“, вели Бисера Бендевска, уредничката на изданието. Во „На полпат: (критика или молк)“ можат да се прочитаат рецензиите на Ќорвезироска за победниците на престижната награда „Роман на годината“: „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски, „Песот со тажен поглед“ на Оливера Николова, „Некој бил тука“ од Николина Андова-Шопова, како и кон добитникот на наградата „Стале Попов“ - романот „Маџун“ од Влада Урошевиќ и „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков кој ја освои наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман. Во книгата се застапени и критички осврти кон изданијата од повеќе значајни домашни автор од новата генерација: Румена Бужаровска, Калина Малеска, Елизабета Баковска, Лидија Димковска, Владимир Мартиновски, Петар Андоновски, Давор Стојановски, Владимир Лукаш, Сашо Кокаланов, Ивана Трајановска, Игор Стојановски, Ирена Јорданова, Ана Стојаноска, Драгица Најчевска, Игор Анѓелков, Јосип Коцев, Јовица Ивановски, како и од професорот Зоран Анчевски. Во збирката се вклучени и погледите на писателката-критичар кон расказот „Последното оро на Кузета Кузмана“ од Петре М. Андреевски и расказот „Летна луња“ од Влада Урошевиќ. Во книгата има и колумни на повеќе значајни теми: за антологијата на нашите омилени песни од европски поетеси, зошто сите пишуваме кратка проза... па сѐ до „Како Тања Аждаја го победи Фејсбук“. Во изданието се (ре)објавени и рецензиите за книги од дел од најпочитуваните регионални автори: Миљенко Јерговиќ, Дарко Цвјетиќ, Лана Басташиќ, Дамир Каракаш, Кристијан Новак, Огнен Спахиќ, Стефан Тиќми, Александра Јовановиќ и Владимир Зарев.
Во ова изместено време на многу писатели и малку читатели, реткост е да се најде некој што посветено чита и пишува книжевна критика. Уште поретко е да се најде писател што чита и што пишува книжевна критика. Од ова, уште поретко е да се најде добар писател што чита и што пишува книжевна критика. А, најретко од сè е да се најде добар писател што чита и што пишува добра книжевна критика, а токму тоа е она што се споило во оваа книга“, вели писателката Елизабета Баковска во својот осврт кон книгата.
Оливера Ќорвезироска (1965) е родена во Куманово. Основно и средно образование завршила во родниот град, а Филолошки факултет во Скопје, каде што живее и работи. Автор е на следниве книги: „Трети кат“ и „Високите бели“ (поезија), „Кифличката Мирна“ и „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ (романи за деца); „Дедо Миле“ (сликовница), „Отвораат ли сништата работа“ и „Еден Текст и една жена“ (критика и есеистика), „Заклученото тело на Лу“ и „Аб’т“ (романи за возрасни), „Страдањата на младиот лектор“, „(С)плетени раскази“, „Две перници“, „(Со)шиени раскази“, „Новелички без шеќер“, „Улиците што ги нема“ и „Престапни години“ (раскази за возрасни). Застапена е во дваесетина антологии на современиот македонски расказ, објавени дома и во странство. Нејзините раскази се преведувани на англиски, француски, унгарски, албански, чешки, српски, бугарски, словенечки, полски, руски, германски и грчки јазик. Повеќекратен добитник е на значајни награди за расказ во Македонија, а за „(С)плетени раскази“ во 2003 година ја има добиено наградата за најдобра проза на Друштвото на писателите на Македонија, „Стале Попов“. Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН-центар.

The post „На полпат: (критика или молк)“ – нова збирка со книжевни осврти на Оливера Ќорвезироска appeared first on Република.

]]>
Оливера Ќорвезировска: Таникава и Анчевски си ја римуваат тишината како заедничка татковина на нивните зборови https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/olivera-kjorvezirovska-tanikava-i-anchevski-si-ja-rimuvaat-tishinata-kako-zaednichka-tatkovina-na-nivnite-zborovi/ Sat, 27 Aug 2022 08:09:57 +0000 https://republika.mk/?p=544632

Годинава, на 61. издание на „Струшките вечери на поезијата“, во една длабока, симболична и суштинска смисла се римуваат и наградите. Златниот венец за 2022 се римува со наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга напишана на македонски јазик помеѓу два фестивала. Се римуваат и Шунтаро Таникава и Зоран Анчевски со своите допрени и испреплетени јазици (како поет и препејувач) и со своите блиски поетики (како поет и поет). Симболичното римување на годинашните награди и наградоносци е еден вид заокружување на универзалните творечки концепти, охрабрувачки синхроницитет и апотеоза на поезијата. Македонските поети во своите песни ги римуваа просторите со љубените, Струшките вечери годинава ги римуваат наградите, а Таникава и Анчевски си ја римуваат тишината како заедничка татковина на нивните зборови. Ова вечерва го истакна писателката и книжевната критичарка Оливера Ќорвезировска на Портретот посветен на Зоран Анчевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022 година за неговата книга „Збунети компаси“ што се доделува за најдобро поетско остварување меѓу два фестивала.

Анчевски го добива ова признание вторпат. Претходно тој ја доби истата награда за стихозбирката „Небесна пантомима“ во 2018 година.

Сѐ е толку префинето и обмислено во „Збунети компаси“, што „стрелките“ се секогаш таму каде што треба да бидат. Збунетоста е само игра на слободата со која тие покажуваат на двата севера: северот на потрагата и северот на пронаоѓањето. „Збунети компаси“ е отстојана збирка во најубавата смисла на зборот. Раскошна лексика, прибирање на загубените зборови и чување во песна. Нема поубав начин од тоа за еден јазик. За едно пеење. Цибрини, боринки, ѓерѓефи, ибришими, синори, кандилки, коткања, забели, басри, ноќви, шикли... и едночудо други лексички длабења во слоевиот поетски јазик, истакна Ќорвезировска.

Во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, беше претставен и Портрет на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Џерардо Мазучо, награда што „Струшките вечери на поезијата“ ја доделуваат за најдобра дебитантска поетска збирка од млад автор.

Стихозбирката „Дотука живеел човек“, веќе наградена во Италија со „Премио Камаиоре“ и „Премио Сан Доменикано“, донесува 64 лирски песни во кои младиот и сензибилен поет стои исправен пред тајната на животот, соочувајќи се со најразновидните искушенија, претставувајќи и преточувајќи во стихови фрагменти, делчиња или „фиокички живот“, чии клучеви останале затурени низ времето. Ова творештво, оценето како високо рефлексивно и филозофско, некои критичари, како Џована Розадини, на пример, го сместуваат во рамките на егзистенцијализмот, или попрецизно на пост-егзистенцијализмот, истакна Анастасија Ѓурчинова.

Маузочо, пак, истакна дека животот не би му имал смисла без литература.

Литературата за мене претставува кајче при бродолом. Па, сепак, ако тој пат за бегство е спас за бродоломникот на кого бродот му тоне под нозете, ако значи преживување и ако тој бродоломник му должи бескрајна благодарност, не треба да се мисли дека човек запловува во море со цел да заврши качен во некое кајче. Не, не можам да речам дека сум роден за литература, но можам со сигурност да тврдам дека литературата го направи возможен мојот живот, рече Мазучо.

Во рамките на програмата беше организирана и вечер на национална поезија посветена на хрватска женска поезија, како и претставување на книгата Антологија на поезија и музика.
Меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ беше отворена синоќа, со палење на фестивалскиот оган на терасата во хотел „Дрим“ и поетското читање „Меридијани“.
На „Струшките вечери на поезијата“ присуствуваат над 20 поети од странство и 30-ина од државата, а годинашното издание се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“.

Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде в недела, на 28 август на Мостот на поезијата, со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“,„Браќа Миладиновци“ и наградата „Мостови на Струга“ која „Струшките вечери на поезијата“ и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга.

The post Оливера Ќорвезировска: Таникава и Анчевски си ја римуваат тишината како заедничка татковина на нивните зборови appeared first on Република.

]]>

Годинава, на 61. издание на „Струшките вечери на поезијата“, во една длабока, симболична и суштинска смисла се римуваат и наградите. Златниот венец за 2022 се римува со наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга напишана на македонски јазик помеѓу два фестивала. Се римуваат и Шунтаро Таникава и Зоран Анчевски со своите допрени и испреплетени јазици (како поет и препејувач) и со своите блиски поетики (како поет и поет). Симболичното римување на годинашните награди и наградоносци е еден вид заокружување на универзалните творечки концепти, охрабрувачки синхроницитет и апотеоза на поезијата. Македонските поети во своите песни ги римуваа просторите со љубените, Струшките вечери годинава ги римуваат наградите, а Таникава и Анчевски си ја римуваат тишината како заедничка татковина на нивните зборови. Ова вечерва го истакна писателката и книжевната критичарка Оливера Ќорвезировска на Портретот посветен на Зоран Анчевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022 година за неговата книга „Збунети компаси“ што се доделува за најдобро поетско остварување меѓу два фестивала. Анчевски го добива ова признание вторпат. Претходно тој ја доби истата награда за стихозбирката „Небесна пантомима“ во 2018 година.
Сѐ е толку префинето и обмислено во „Збунети компаси“, што „стрелките“ се секогаш таму каде што треба да бидат. Збунетоста е само игра на слободата со која тие покажуваат на двата севера: северот на потрагата и северот на пронаоѓањето. „Збунети компаси“ е отстојана збирка во најубавата смисла на зборот. Раскошна лексика, прибирање на загубените зборови и чување во песна. Нема поубав начин од тоа за еден јазик. За едно пеење. Цибрини, боринки, ѓерѓефи, ибришими, синори, кандилки, коткања, забели, басри, ноќви, шикли... и едночудо други лексички длабења во слоевиот поетски јазик, истакна Ќорвезировска.
Во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, беше претставен и Портрет на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Џерардо Мазучо, награда што „Струшките вечери на поезијата“ ја доделуваат за најдобра дебитантска поетска збирка од млад автор.
Стихозбирката „Дотука живеел човек“, веќе наградена во Италија со „Премио Камаиоре“ и „Премио Сан Доменикано“, донесува 64 лирски песни во кои младиот и сензибилен поет стои исправен пред тајната на животот, соочувајќи се со најразновидните искушенија, претставувајќи и преточувајќи во стихови фрагменти, делчиња или „фиокички живот“, чии клучеви останале затурени низ времето. Ова творештво, оценето како високо рефлексивно и филозофско, некои критичари, како Џована Розадини, на пример, го сместуваат во рамките на егзистенцијализмот, или попрецизно на пост-егзистенцијализмот, истакна Анастасија Ѓурчинова.
Маузочо, пак, истакна дека животот не би му имал смисла без литература.
Литературата за мене претставува кајче при бродолом. Па, сепак, ако тој пат за бегство е спас за бродоломникот на кого бродот му тоне под нозете, ако значи преживување и ако тој бродоломник му должи бескрајна благодарност, не треба да се мисли дека човек запловува во море со цел да заврши качен во некое кајче. Не, не можам да речам дека сум роден за литература, но можам со сигурност да тврдам дека литературата го направи возможен мојот живот, рече Мазучо.
Во рамките на програмата беше организирана и вечер на национална поезија посветена на хрватска женска поезија, како и претставување на книгата Антологија на поезија и музика. Меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ беше отворена синоќа, со палење на фестивалскиот оган на терасата во хотел „Дрим“ и поетското читање „Меридијани“. На „Струшките вечери на поезијата“ присуствуваат над 20 поети од странство и 30-ина од државата, а годинашното издание се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“. Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде в недела, на 28 август на Мостот на поезијата, со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“,„Браќа Миладиновци“ и наградата „Мостови на Струга“ која „Струшките вечери на поезијата“ и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга.

The post Оливера Ќорвезировска: Таникава и Анчевски си ја римуваат тишината како заедничка татковина на нивните зборови appeared first on Република.

]]>