Oливер Вархеји Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oliver-varheji/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 11:20:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Oливер Вархеји Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oliver-varheji/ 32 32 Вархеји в понеделник пред Европскиот парламент ќе ги презентира извештаите за проширувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/varheji-v-ponedelnik-pred-evropskiot-parlament-ke-gi-prezentira-izveshtaite-za-proshiruvaneto/ Wed, 13 Nov 2024 11:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=837150

Европскиот комесар за проширување и соседство Оливер Вархеји в понеделник, на 18 ноември ќе ги презентира извештаите на Европската комисија за проширувањето на Европската унија пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент.

На средбата ќе се разговара за извештаите за земјите кандидати за членство во ЕУ и Ќе бидат разгледани извештаите за земјите од Западен Балкан, како и за Грузија, Молдавија, Турција и Украина.

The post Вархеји в понеделник пред Европскиот парламент ќе ги презентира извештаите за проширувањето appeared first on Република.

]]>

Европскиот комесар за проширување и соседство Оливер Вархеји в понеделник, на 18 ноември ќе ги презентира извештаите на Европската комисија за проширувањето на Европската унија пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент. На средбата ќе се разговара за извештаите за земјите кандидати за членство во ЕУ и Ќе бидат разгледани извештаите за земјите од Западен Балкан, како и за Грузија, Молдавија, Турција и Украина.

The post Вархеји в понеделник пред Европскиот парламент ќе ги презентира извештаите за проширувањето appeared first on Република.

]]>
Средба на Вархеји со унгарскиот министер за европски прашања https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sredba-na-varheji-so-ungarskiot-minister-za-evropski-prashana/ Thu, 05 Sep 2024 05:10:31 +0000 https://republika.mk/?p=813262

роширувањето на Европската унија е стратешка инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста, изјави вчера европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.

Вархеји на социјалната мрежа Х информира дека со унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока разговарал за следните чекори на унгарското претседавање со Советот на ЕУ, со цел политиката на проширување да биде кредибилна, предвидлива и динамична.

- Проширувањето на ЕУ е стратешка инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста. Имав добра дискусија со министерот Јанош Бока за следните чекори на унгарското претседателство со ЕУ за одржување на кредибилна, предвидлива и динамична политика на проширување, порача Вархеји

The post Средба на Вархеји со унгарскиот министер за европски прашања appeared first on Република.

]]>

роширувањето на Европската унија е стратешка инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста, изјави вчера европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји. Вархеји на социјалната мрежа Х информира дека со унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока разговарал за следните чекори на унгарското претседавање со Советот на ЕУ, со цел политиката на проширување да биде кредибилна, предвидлива и динамична.
- Проширувањето на ЕУ е стратешка инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста. Имав добра дискусија со министерот Јанош Бока за следните чекори на унгарското претседателство со ЕУ за одржување на кредибилна, предвидлива и динамична политика на проширување, порача Вархеји

The post Средба на Вархеји со унгарскиот министер за европски прашања appeared first on Република.

]]>
ЕУ: Неодамнешните измени на Изборниот законик беа воведени доцна и не ги одразуваа препораките на ОДИХР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eu-neodamneshnite-izmeni-na-izborniot-zakonik-bea-vovedeni-dotsna-i-ne-gi-odrazuvaa-preporakite-na-odihr/ Fri, 10 May 2024 15:10:44 +0000 https://republika.mk/?p=776862

Според прелиминарните наоди и заклучоци на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), претседателските и парламентарни избори кои се случија на 8 мај поминаа во мирна и демократска атмосфера, се вели во заедничката изјава на Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Борел и Вархеји, во заедничката изјава, велат изборите биле конкурентни со почитување на основните слободи, но посочуваат дека изборниот процес и понатаму останува недоволно регулиран.

ЕУ ѝ честита на претседателката Силјановска-Давкова за изборот и со нетрпение очекува да работи со новиот претседател, првата жена шеф на државата во Македонија. Ги охрабруваме релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада. Двете институции треба да работат заедно за да го унапредат патот на Македонија кон ЕУ, вклучително и со спроведување клучни реформи особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани, се наведува во соопштението на Европската служба за надворешни работи.

Посочуваат дека Македонија направи одлучувачки чекори во процесот на пристапување во ЕУ и сега ќе биде важно да се имплементираат преостанатите обврски неопходни за отворање на првиот кластер во процесот на пристапување.

ЕУ и Македонија споделуваат силно партнерство. Земјата целосно се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и очекуваме нашата соработка да продолжи и понатаму да се развива, се наведува во соопштението.

Европската унија забележува дека заедничката меѓународна набљудувачка мисија на изборите од ОДИХР и ОБСЕ, Европскиот парламент и Парламентарното собрание на Советот на Европа, двојните избори ги окарактеризира како конкурентни, со почитување на основните слободи.

Иако законската изборна рамка ја постави основата за демократски избори, некои одредби не беа во согласност со меѓународните стандарди, во однос на еднаков пристап до медиумите, одговорност за државното финансирање и пристап до правна заштита. Неодамнешните измени на Изборниот законик беа воведени доцна и не ги одразуваа препораките на ОДИХР, велат од Европската служба за надворешни работи.

Откако Меѓународната мисија за набљудување на изборите ќе ги издаде своите конечни препораки за идните избори, Европската унија очекува сите политички актери, релевантни институции и засегнати страни да ја покажат својата посветеност за зајакнување на демократијата преку заедничка работа за да ги спроведат тие препораки брзо и многу пред следните избори

The post ЕУ: Неодамнешните измени на Изборниот законик беа воведени доцна и не ги одразуваа препораките на ОДИХР appeared first on Република.

]]>

Според прелиминарните наоди и заклучоци на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), претседателските и парламентарни избори кои се случија на 8 мај поминаа во мирна и демократска атмосфера, се вели во заедничката изјава на Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји. Борел и Вархеји, во заедничката изјава, велат изборите биле конкурентни со почитување на основните слободи, но посочуваат дека изборниот процес и понатаму останува недоволно регулиран.
ЕУ ѝ честита на претседателката Силјановска-Давкова за изборот и со нетрпение очекува да работи со новиот претседател, првата жена шеф на државата во Македонија. Ги охрабруваме релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада. Двете институции треба да работат заедно за да го унапредат патот на Македонија кон ЕУ, вклучително и со спроведување клучни реформи особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани, се наведува во соопштението на Европската служба за надворешни работи.
Посочуваат дека Македонија направи одлучувачки чекори во процесот на пристапување во ЕУ и сега ќе биде важно да се имплементираат преостанатите обврски неопходни за отворање на првиот кластер во процесот на пристапување.
ЕУ и Македонија споделуваат силно партнерство. Земјата целосно се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и очекуваме нашата соработка да продолжи и понатаму да се развива, се наведува во соопштението.
Европската унија забележува дека заедничката меѓународна набљудувачка мисија на изборите од ОДИХР и ОБСЕ, Европскиот парламент и Парламентарното собрание на Советот на Европа, двојните избори ги окарактеризира како конкурентни, со почитување на основните слободи.
Иако законската изборна рамка ја постави основата за демократски избори, некои одредби не беа во согласност со меѓународните стандарди, во однос на еднаков пристап до медиумите, одговорност за државното финансирање и пристап до правна заштита. Неодамнешните измени на Изборниот законик беа воведени доцна и не ги одразуваа препораките на ОДИХР, велат од Европската служба за надворешни работи.
Откако Меѓународната мисија за набљудување на изборите ќе ги издаде своите конечни препораки за идните избори, Европската унија очекува сите политички актери, релевантни институции и засегнати страни да ја покажат својата посветеност за зајакнување на демократијата преку заедничка работа за да ги спроведат тие препораки брзо и многу пред следните избори

The post ЕУ: Неодамнешните измени на Изборниот законик беа воведени доцна и не ги одразуваа препораките на ОДИХР appeared first on Република.

]]>
Радев не сака да го пратат на кафе додека ЕУ одлучува за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/radev-ne-saka-da-go-pratat-na-kafe-dodeka-eu-odluchuva-za-makedonija/ Mon, 08 Apr 2024 19:30:37 +0000 https://republika.mk/?p=763941

Бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархији му кажал дека Бугарија е категорино против идејата Европската Унија даго промени принципот на едногласност на членките во одлучувањето. Радев истакнал дека реториката во Македонија за време на изборната кампања не оди во насока на дијалог меѓу двете земји.

Радев изрази очекување дека по завршувањето на изборната кампања и изборите во Македонија  политичката ситуација ќе овозможи „целосно спроведување на европската одлука од јули 2022 година, што е неизбежен елемент на патот кон Скопје кон ЕУ.

„Изјавите на водечките политички личности во Реублика Северна Македонјиа, дадени за време на кампањата од провокативен карактер, не помагаат да се зајакне дијалогот меѓу нашите две земји“, рече шефот на бугарската држава.

Румен Радев додаде дека добрососедството е главен аспект во процесот на проширување и ја истакна подготвеноста на Бугарија, без оглед на негативните пораки од Скопје, да ги обнови напорите за конструктивна билатерална соработка.

The post Радев не сака да го пратат на кафе додека ЕУ одлучува за Македонија appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархији му кажал дека Бугарија е категорино против идејата Европската Унија даго промени принципот на едногласност на членките во одлучувањето. Радев истакнал дека реториката во Македонија за време на изборната кампања не оди во насока на дијалог меѓу двете земји.   Радев изрази очекување дека по завршувањето на изборната кампања и изборите во Македонија  политичката ситуација ќе овозможи „целосно спроведување на европската одлука од јули 2022 година, што е неизбежен елемент на патот кон Скопје кон ЕУ.
„Изјавите на водечките политички личности во Реублика Северна Македонјиа, дадени за време на кампањата од провокативен карактер, не помагаат да се зајакне дијалогот меѓу нашите две земји“, рече шефот на бугарската држава.
Румен Радев додаде дека добрососедството е главен аспект во процесот на проширување и ја истакна подготвеноста на Бугарија, без оглед на негативните пораки од Скопје, да ги обнови напорите за конструктивна билатерална соработка.

The post Радев не сака да го пратат на кафе додека ЕУ одлучува за Македонија appeared first on Република.

]]>
Го разбира ли некој? Вархеји вели дека „перспективите за членство во Европската Унијата имаат силен трансформациски ефект“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/go-razbira-li-nekoj-varheji-veli-deka-perspektivite-za-chlenstvo-vo-evropskata-unijata-imaat-silen-transformatsiski-efekt/ Wed, 20 Mar 2024 13:40:13 +0000 https://republika.mk/?p=756719

Претставници на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент денеска ќе одржат нова рунда преговори во рамки на „тријалогот“ за Предлог-регулативата за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, на која ќе присуствува и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји во својство на претставник на Европската комисија.

Станува збор за законски текст што го регулира функционирањето на инструментот за финансиска поддршка на Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, чија цел е поттикнување на демократскиот, економскиот и социјалниот напредок на земјите од регионот аспиранти за членство во ЕУ, промоција на поголема регионална соработка и стабилност и постепеното приближување на овие држави кон структурите на Унијата.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, основна премиса на идејата на Еврокомисијата при предлагањето на Планот беше целосната убеденост во европската перспектива на земјите од Западниот Балкан - Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора и потребата од зајакнување на блиските културни, историски и географски врски и меѓусебната соработка во голем број важни области.

Во регулативата предложена од ЕК се наведува дека таа се носи имајќи ги предвид заедничкиот интерес на Унијата и нејзините партнери од Западен Балкан за унапредување на напорите за реформирање на политичките, правните и економските системи на земјите од регионот, со цел нивно идно членство во Унијата.

- Перспективите за членство во Европската Унијата имаат силен трансформациски ефект, што вклучува позитивни демократски, политички, економски и социјални промени, се додава во текстот.

За забрзување на долгата процедура за усвојување на законските предлози, директивите или регулативите во Европската Унија, институциите на ЕУ го воведоа методот наречен „тријалог“ меѓу Европс

Во документот се посочува дека во моментов БДП-то по глава на жител во земјите од регионот според стандардите на куповна моќ, се уште е на многу ниско ниво помеѓу 30 и 50 отсто од просекот на ЕУ и не се зголемува доволно брзо, па затоа со цел да се намали таа разлика Европската комисија го предложи Планот за раст на Западниот Балкан. Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, пак, е замислен како нов финансиски инструмент.

Во текстот натаму се додава дека целта на Механизмот е да се зголеми финансиската поддршка на земјите од регионот за спроведување на неопходните реформи за поттикнување на економскиот раст, регионалната интеграција и заедничкиот регионален пазар.

- За да се постигнат овие цели, посебен акцент, особено кога станува збор за инвестициите, треба да се стави на секторите кои веројатно ќе бидат клучни мултипликатори на социјалниот и економскиот развој: поврзувањето, вклучувајќи го транспорт, енергијата, зелената и дигиталната транзиција, образованието и развојот на вештини, се наведува во документот.

Механизмот, исто така, треба да ги поддржува и инвестициите и реформите кои го трасираат патот на земјите од регионот кон дигитална трансформација на економиите и општествата во согласност со амбициите за остварување на дигиталните цели на ЕУ до 2030 година и за гарантирање на безбедноста, флексибилноста и заштитата на интегритетот на дигиталната инфраструктура во регион, како и за поттикнување на зелената транзиција преку зголемена заштитата на животната средина, ублажување на климатските промени, зајакнување на отпорноста и забрзување на трансформацијата кон економии со ниски емисии на јаглерод.

Во документот се потенцира дека Механизмот не треба да претставува замена на сегашната билатерална и регионална поддршка за земјите од регионот, туку дополнителна помош за нивна подготовка за членство во Унијата.

Поцврст став од Брисел, што очигледно недостасуваше минатата недела во врска со контроверзниот документ во којшто се предлага промена на граници на Западен Балкан, ќе ги смиреше страстите во

- Во рамките на Механизмот треба да се обезбеди поддршка за остварување на општите и специфичните цели врз основа на утврдени критериуми и со јасни услови за исплата. Општите цели на Механизмот треба да бидат забрзување на регионалната економска интеграција, постепена интеграција со единствениот пазар на Унијата, социо-економска конвергенција на економиите на Западниот Балкан и усогласување со законите, правилата, стандардите, политиките и практиките на Унијата за постигнување на целта за членство во Унијата. Механизмот треба да придонесе и за забрзување на реформите поврзани со основните принципи на процесот на проширување, вклучувајќи го владеењето на правото, јавните набавки и контролата на државната помош, управувањето со јавните финансии и борбата против корупцијата. Овие цели треба да се постигнат на таков начин што ќе се надополнуваат една со друга, се додава во Предлог-регулативата.

Во документот се наведува и дека максималната сума на финансиската поддршка во рамки на Механизмот треба да биде шест милијарди евра за периодот од 2024 до 2027 година, од кои две милијарди евра во форма на грантови и четири милијарди евра позајмици, при што најмалку половина од вкупниот износ треба да се распредели преку Инвестициската рамка за Западниот Балкан (ВБИФ), вклучувајќи го и целиот износ на грантовите.

- Со оглед на амбициозните општи цели на овој Механизам со краток период на имплементација, Регулативата треба да стапи во сила наредниот ден по нејзиното објавување во Службениот весник на Европската унија, се наведува во документот.

Во предлог-измените на Регулативата усогласени од страна на Европскиот парламент се предвидува зголемување на сумите предвидени за неповратната финансиска поддршка и поголема флексибилност во однос на условите на позајмиците.

Европскиот парламент на денешната пленарна сесија во Стразбур нагласи дека мора да се дадат гаранции за заштита на граѓаните, а потоа ја даде својата согласност за договорот за излез на Обеди

Според мислењето на ЕП, исто така, е потребен голем степен на флексибилност во однос на исплатата на овие средства условена со реализација на однапред утврдените реформски агенди, имајќи ги предвид „неодамнешните кризи кои продолжуваат да ги погодуваат земјите од Западниот Балкан“.

Европратениците бараат меѓу условите за исплата на средствата да бидат и подобрување на социјалните и работните услови, обезбедување одржлив развој и борбата против нерамноправноста, особено меѓу мажите и жените, како и инвестициите да бидат насочени кон поддршка на регионот во транзиција кон зелена, климатски неутрална, флексибилна, дигитална и инклузивна економија.

Дополнително ЕП инсистира приоритет да биде ставен на целите поврзани со основните вредности на ЕУ, како владеењето на правото и демократијата, заштитата на човековите права и основните слободи, промоцијата на независен судски систем, зајакнувањето на борбата против измамите, корупцијата, организираниот криминал, перењето пари и даночното затајување, почитувањето на меѓународното право, слободата на медиумите и академската слобода, како и создавање на амбиент за развој на граѓанското општество, поттикнување на социјалниот дијалог, промовирање на еднаквост меѓу мажите и жените, недискриминација и толеранција и зајакнување на почитувањето на правата на лицата кои припаѓаат на малцинските заедници.

Според оценката на ЕП, овој инструмент треба да им овозможи на економиите од Западниот Балкан да се приближат до ЕУ усогласувајќи се со европските стандарди, како и да ги засили културните, образовните, академските, истражувачките и креативни партнерства на регионот со оние на Унијата, бидејќи покрај зајакнувањето на економиите, постои значителен потенцијал и за развој на поблиски односи и поголемо меѓусебно разбирање.

The post Го разбира ли некој? Вархеји вели дека „перспективите за членство во Европската Унијата имаат силен трансформациски ефект“ appeared first on Република.

]]>

Претставници на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент денеска ќе одржат нова рунда преговори во рамки на „тријалогот“ за Предлог-регулативата за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, на која ќе присуствува и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји во својство на претставник на Европската комисија. Станува збор за законски текст што го регулира функционирањето на инструментот за финансиска поддршка на Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, чија цел е поттикнување на демократскиот, економскиот и социјалниот напредок на земјите од регионот аспиранти за членство во ЕУ, промоција на поголема регионална соработка и стабилност и постепеното приближување на овие држави кон структурите на Унијата. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, основна премиса на идејата на Еврокомисијата при предлагањето на Планот беше целосната убеденост во европската перспектива на земјите од Западниот Балкан - Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора и потребата од зајакнување на блиските културни, историски и географски врски и меѓусебната соработка во голем број важни области. Во регулативата предложена од ЕК се наведува дека таа се носи имајќи ги предвид заедничкиот интерес на Унијата и нејзините партнери од Западен Балкан за унапредување на напорите за реформирање на политичките, правните и економските системи на земјите од регионот, со цел нивно идно членство во Унијата. - Перспективите за членство во Европската Унијата имаат силен трансформациски ефект, што вклучува позитивни демократски, политички, економски и социјални промени, се додава во текстот. За забрзување на долгата процедура за усвојување на законските предлози, директивите или регулативите во Европската Унија, институциите на ЕУ го воведоа методот наречен „тријалог“ меѓу Европс Во документот се посочува дека во моментов БДП-то по глава на жител во земјите од регионот според стандардите на куповна моќ, се уште е на многу ниско ниво помеѓу 30 и 50 отсто од просекот на ЕУ и не се зголемува доволно брзо, па затоа со цел да се намали таа разлика Европската комисија го предложи Планот за раст на Западниот Балкан. Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, пак, е замислен како нов финансиски инструмент. Во текстот натаму се додава дека целта на Механизмот е да се зголеми финансиската поддршка на земјите од регионот за спроведување на неопходните реформи за поттикнување на економскиот раст, регионалната интеграција и заедничкиот регионален пазар.
- За да се постигнат овие цели, посебен акцент, особено кога станува збор за инвестициите, треба да се стави на секторите кои веројатно ќе бидат клучни мултипликатори на социјалниот и економскиот развој: поврзувањето, вклучувајќи го транспорт, енергијата, зелената и дигиталната транзиција, образованието и развојот на вештини, се наведува во документот.
Механизмот, исто така, треба да ги поддржува и инвестициите и реформите кои го трасираат патот на земјите од регионот кон дигитална трансформација на економиите и општествата во согласност со амбициите за остварување на дигиталните цели на ЕУ до 2030 година и за гарантирање на безбедноста, флексибилноста и заштитата на интегритетот на дигиталната инфраструктура во регион, како и за поттикнување на зелената транзиција преку зголемена заштитата на животната средина, ублажување на климатските промени, зајакнување на отпорноста и забрзување на трансформацијата кон економии со ниски емисии на јаглерод. Во документот се потенцира дека Механизмот не треба да претставува замена на сегашната билатерална и регионална поддршка за земјите од регионот, туку дополнителна помош за нивна подготовка за членство во Унијата. Поцврст став од Брисел, што очигледно недостасуваше минатата недела во врска со контроверзниот документ во којшто се предлага промена на граници на Западен Балкан, ќе ги смиреше страстите во
- Во рамките на Механизмот треба да се обезбеди поддршка за остварување на општите и специфичните цели врз основа на утврдени критериуми и со јасни услови за исплата. Општите цели на Механизмот треба да бидат забрзување на регионалната економска интеграција, постепена интеграција со единствениот пазар на Унијата, социо-економска конвергенција на економиите на Западниот Балкан и усогласување со законите, правилата, стандардите, политиките и практиките на Унијата за постигнување на целта за членство во Унијата. Механизмот треба да придонесе и за забрзување на реформите поврзани со основните принципи на процесот на проширување, вклучувајќи го владеењето на правото, јавните набавки и контролата на државната помош, управувањето со јавните финансии и борбата против корупцијата. Овие цели треба да се постигнат на таков начин што ќе се надополнуваат една со друга, се додава во Предлог-регулативата.
Во документот се наведува и дека максималната сума на финансиската поддршка во рамки на Механизмот треба да биде шест милијарди евра за периодот од 2024 до 2027 година, од кои две милијарди евра во форма на грантови и четири милијарди евра позајмици, при што најмалку половина од вкупниот износ треба да се распредели преку Инвестициската рамка за Западниот Балкан (ВБИФ), вклучувајќи го и целиот износ на грантовите. - Со оглед на амбициозните општи цели на овој Механизам со краток период на имплементација, Регулативата треба да стапи во сила наредниот ден по нејзиното објавување во Службениот весник на Европската унија, се наведува во документот. Во предлог-измените на Регулативата усогласени од страна на Европскиот парламент се предвидува зголемување на сумите предвидени за неповратната финансиска поддршка и поголема флексибилност во однос на условите на позајмиците. Европскиот парламент на денешната пленарна сесија во Стразбур нагласи дека мора да се дадат гаранции за заштита на граѓаните, а потоа ја даде својата согласност за договорот за излез на Обеди Според мислењето на ЕП, исто така, е потребен голем степен на флексибилност во однос на исплатата на овие средства условена со реализација на однапред утврдените реформски агенди, имајќи ги предвид „неодамнешните кризи кои продолжуваат да ги погодуваат земјите од Западниот Балкан“. Европратениците бараат меѓу условите за исплата на средствата да бидат и подобрување на социјалните и работните услови, обезбедување одржлив развој и борбата против нерамноправноста, особено меѓу мажите и жените, како и инвестициите да бидат насочени кон поддршка на регионот во транзиција кон зелена, климатски неутрална, флексибилна, дигитална и инклузивна економија. Дополнително ЕП инсистира приоритет да биде ставен на целите поврзани со основните вредности на ЕУ, како владеењето на правото и демократијата, заштитата на човековите права и основните слободи, промоцијата на независен судски систем, зајакнувањето на борбата против измамите, корупцијата, организираниот криминал, перењето пари и даночното затајување, почитувањето на меѓународното право, слободата на медиумите и академската слобода, како и создавање на амбиент за развој на граѓанското општество, поттикнување на социјалниот дијалог, промовирање на еднаквост меѓу мажите и жените, недискриминација и толеранција и зајакнување на почитувањето на правата на лицата кои припаѓаат на малцинските заедници. Според оценката на ЕП, овој инструмент треба да им овозможи на економиите од Западниот Балкан да се приближат до ЕУ усогласувајќи се со европските стандарди, како и да ги засили културните, образовните, академските, истражувачките и креативни партнерства на регионот со оние на Унијата, бидејќи покрај зајакнувањето на економиите, постои значителен потенцијал и за развој на поблиски односи и поголемо меѓусебно разбирање.

The post Го разбира ли некој? Вархеји вели дека „перспективите за членство во Европската Унијата имаат силен трансформациски ефект“ appeared first on Република.

]]>
Вархеjи: Србија треба да отвори нов кластер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/varheji-srbija-treba-da-otvori-nov-klaster/ Tue, 19 Mar 2024 18:22:39 +0000 https://republika.mk/?p=756401

Европскиот комесар за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји, изјави дека, кога станува збор за проширувањето на ЕУ и Србија, на терен има напредок и да тоа мора да се признае, како и дека Србија треба да го отвори следниот кластер, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој на прес-конференцијата по седницата на Комисијата за надворешни работи, на која се разговараше за проширувањето, изјави дека само преку вакви чекори може да се задржи нивото на мотивација да се тргне напред.

Значи, ако има напредок, тоа мора да се препознае. Затоа остануваме на нашиот предлог за отворање на следниот кластер. Само преку овие чекори можеме да го одржиме нивото на мотивација за да продолжиме напред. Затоа треба да одиме напред и со Србија, рече Вархеји.

Зборувајќи за барањето на Приштина за членство во ЕУ, Вархеји рече дека последните настани во Косово не му олеснуваат на Советот да ја процени апликацијата.

Ние го изразивме тоа многу, многу пати. Секогаш кога Советот ѝ доверува на Комисијата да даде свое мислење за апликацијата, ние сме подготвени да го сториме тоа. Но, исто така, многу јасно гледаме дека наместо деескалација, гледаме дека се појавуваат нови елементи на ескалација, рече Вархеји.

The post Вархеjи: Србија треба да отвори нов кластер appeared first on Република.

]]>

Европскиот комесар за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји, изјави дека, кога станува збор за проширувањето на ЕУ и Србија, на терен има напредок и да тоа мора да се признае, како и дека Србија треба да го отвори следниот кластер, јави дописникот на МИА од Белград. Тој на прес-конференцијата по седницата на Комисијата за надворешни работи, на која се разговараше за проширувањето, изјави дека само преку вакви чекори може да се задржи нивото на мотивација да се тргне напред.
Значи, ако има напредок, тоа мора да се препознае. Затоа остануваме на нашиот предлог за отворање на следниот кластер. Само преку овие чекори можеме да го одржиме нивото на мотивација за да продолжиме напред. Затоа треба да одиме напред и со Србија, рече Вархеји.
Зборувајќи за барањето на Приштина за членство во ЕУ, Вархеји рече дека последните настани во Косово не му олеснуваат на Советот да ја процени апликацијата.
Ние го изразивме тоа многу, многу пати. Секогаш кога Советот ѝ доверува на Комисијата да даде свое мислење за апликацијата, ние сме подготвени да го сториме тоа. Но, исто така, многу јасно гледаме дека наместо деескалација, гледаме дека се појавуваат нови елементи на ескалација, рече Вархеји.

The post Вархеjи: Србија треба да отвори нов кластер appeared first on Република.

]]>
Вархеји: ЕК е загрижена поради одлуката на Косово да го укине динарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/varheji-ek-e-zagrizhena-poradi-odlukata-na-kosovo-da-go-ukine-dinarot/ Fri, 02 Feb 2024 19:46:48 +0000 https://republika.mk/?p=739875

Европската комисија жали што Централната банка на Косово одлучи да го укине динарот како платежно средство без претходна консултација и е особено загрижена за влијанието на таа одлука врз училиштата и болниците, изјави денеска европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји.

Вархеји на „Х“ напиша дека Европската комисија жали за таа одлука, имајќи го предвид нејзиното влијание врз секојдневниот живот на косовските Срби и другите заедници низ Косово.

Комисијата е особено загрижена за влијанието врз училиштата и болниците со оглед на очигледното отсуство на алтернативи во овој момент. Комисијата го повикува Косово да се погрижи овој транзициски период да биде доволно долг за да се најде решение преку преговори во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ, наведе Вархеји.

The post Вархеји: ЕК е загрижена поради одлуката на Косово да го укине динарот appeared first on Република.

]]>

Европската комисија жали што Централната банка на Косово одлучи да го укине динарот како платежно средство без претходна консултација и е особено загрижена за влијанието на таа одлука врз училиштата и болниците, изјави денеска европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји. Вархеји на „Х“ напиша дека Европската комисија жали за таа одлука, имајќи го предвид нејзиното влијание врз секојдневниот живот на косовските Срби и другите заедници низ Косово.
Комисијата е особено загрижена за влијанието врз училиштата и болниците со оглед на очигледното отсуство на алтернативи во овој момент. Комисијата го повикува Косово да се погрижи овој транзициски период да биде доволно долг за да се најде решение преку преговори во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ, наведе Вархеји.

The post Вархеји: ЕК е загрижена поради одлуката на Косово да го укине динарот appeared first on Република.

]]>
Вархеји: Албанија бележи напредок во реформите поврзани со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/varheji-albanija-belezhi-napredok-vo-reformite-povrzani-so-eu/ Mon, 13 Nov 2023 21:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=701234

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји, на социјалната мрежа „Х“ порача дека Албанија како „земја која преговара за членство продолжува да напредува во реформите поврзани со ЕУ“.

Вархеји додава дека се сретнал со албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани на маргините на министерскиот состанок ЕУ-Западен Балкан „за да разговараат за следните чекори“.

Албанија, како земја која преговара, продолжи да напредува во реформите поврзани со ЕУ. Се сретнав со министерот Игли Хасани на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи ЕУ-Западен Балкан за да разговараме за следните чекори. Нашата цел е да ги отвориме преговорите за членство на првиот кластер до крајот на оваа година, наведува Вархеји.

The post Вархеји: Албанија бележи напредок во реформите поврзани со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји, на социјалната мрежа „Х“ порача дека Албанија како „земја која преговара за членство продолжува да напредува во реформите поврзани со ЕУ“. Вархеји додава дека се сретнал со албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани на маргините на министерскиот состанок ЕУ-Западен Балкан „за да разговараат за следните чекори“.
Албанија, како земја која преговара, продолжи да напредува во реформите поврзани со ЕУ. Се сретнав со министерот Игли Хасани на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи ЕУ-Западен Балкан за да разговараме за следните чекори. Нашата цел е да ги отвориме преговорите за членство на првиот кластер до крајот на оваа година, наведува Вархеји.

The post Вархеји: Албанија бележи напредок во реформите поврзани со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Вархеји e загрижен за измените на Кривичниот законик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/varheji-e-zagrizhen-za-izmenite-na-krivichniot-zakonik/ Wed, 08 Nov 2023 16:58:13 +0000 https://republika.mk/?p=699615

Властите на Македонија продолжија да демонстрираат и јавно да ја декларираат својата посветеност за напредок на европскиот пат и сега кога започна процесот на пристапни преговори, земјата треба да го забрза темпото на реформи поврзани со зачленувањето во ЕУ, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во обраќањето пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

- Парламентот и Владата се залагаат да почнат и приоритетно да се спроведат релевантните уставни измени. Се надеваме дека сите страни ќе го поддржат тоа за земјата да оди напред, изјави Вархеји, додавајќи дека спроведувањето на уставните измени е суверена одлука и определба на земјата, која дополнително би ги зајакнала основните права.

Според него, загриженост предизвикаа некои измени во Кривичниот законик, кои се однесуваат на голем број случаи на корупција на високо ниво.

- Зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и справувањето со корупцијата, вклучително и преку солидни истраги, гонење и конечни пресуди за случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење, додаде Вархеји.

Во однос на скрининг процесот еврокомесарот посочи дека тој напредува непречено и дека властите на земјава покажале високо ниво на посветеност во неговата реализација.

Тој во обраќањето потсети дека Европската комисија препорача отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија, како и со Босна и Херцеговина, откако земјата ќе го постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство.

- И понатаму, препорачуваме да и се даде кандидатски статус на Грузија како признание дека земјата презеде одредени чекори, додаде Вархеји.

Тој се осврна и на Планот за раст на Западен Балкан, чија цел, како што рече е да се поттикнат економиите на земјите во регионот во следните години со цел да се намали социо-економскиот јаз меѓу нив и членките на Унијата до крајот на оваа деценија.

- Сакаме постепено да го интегрираме Западен Балкан во единствениот пазар на ЕУ, дури и пред полноправното членство во ЕУ, изјави Вархеји, додавајќи дека Планот за раст ќе им помогне на партнерите на ЕУ од Западен Балкан да ги забрзаат основните реформи, вклучително и оние поврзани со владеењето на правото и демократијата, како и во привлекувањето приватни инвестиции, промовирање на одржлив економски раст и намалување на загадувањето.

Според него, долгорочната цел е да му се помогне на регионот да го постигне својот целосен потенцијал во однос на капацитетот за економски и социјален развој во споредба со земјите членки на ЕУ до 2030 година.

- Накратко, Планот за раст ќе создаде соодветни услови за нашите регионални партнери да станат членки на Унијата, заклучи Вархеји

The post Вархеји e загрижен за измените на Кривичниот законик appeared first on Република.

]]>

Властите на Македонија продолжија да демонстрираат и јавно да ја декларираат својата посветеност за напредок на европскиот пат и сега кога започна процесот на пристапни преговори, земјата треба да го забрза темпото на реформи поврзани со зачленувањето во ЕУ, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во обраќањето пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.
- Парламентот и Владата се залагаат да почнат и приоритетно да се спроведат релевантните уставни измени. Се надеваме дека сите страни ќе го поддржат тоа за земјата да оди напред, изјави Вархеји, додавајќи дека спроведувањето на уставните измени е суверена одлука и определба на земјата, која дополнително би ги зајакнала основните права.
Според него, загриженост предизвикаа некои измени во Кривичниот законик, кои се однесуваат на голем број случаи на корупција на високо ниво.
- Зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и справувањето со корупцијата, вклучително и преку солидни истраги, гонење и конечни пресуди за случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење, додаде Вархеји.
Во однос на скрининг процесот еврокомесарот посочи дека тој напредува непречено и дека властите на земјава покажале високо ниво на посветеност во неговата реализација. Тој во обраќањето потсети дека Европската комисија препорача отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија, како и со Босна и Херцеговина, откако земјата ќе го постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство.
- И понатаму, препорачуваме да и се даде кандидатски статус на Грузија како признание дека земјата презеде одредени чекори, додаде Вархеји.
Тој се осврна и на Планот за раст на Западен Балкан, чија цел, како што рече е да се поттикнат економиите на земјите во регионот во следните години со цел да се намали социо-економскиот јаз меѓу нив и членките на Унијата до крајот на оваа деценија.
- Сакаме постепено да го интегрираме Западен Балкан во единствениот пазар на ЕУ, дури и пред полноправното членство во ЕУ, изјави Вархеји, додавајќи дека Планот за раст ќе им помогне на партнерите на ЕУ од Западен Балкан да ги забрзаат основните реформи, вклучително и оние поврзани со владеењето на правото и демократијата, како и во привлекувањето приватни инвестиции, промовирање на одржлив економски раст и намалување на загадувањето.
Според него, долгорочната цел е да му се помогне на регионот да го постигне својот целосен потенцијал во однос на капацитетот за економски и социјален развој во споредба со земјите членки на ЕУ до 2030 година. - Накратко, Планот за раст ќе создаде соодветни услови за нашите регионални партнери да станат членки на Унијата, заклучи Вархеји

The post Вархеји e загрижен за измените на Кривичниот законик appeared first on Република.

]]>
Maкедонија не ја спомена: Според Вархеји, за Албанија се случува членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonija-ne-ja-spomena-spored-varheji-za-albanija-se-sluchuva-chlenstvo-vo-eu/ Fri, 06 Oct 2023 10:37:27 +0000 https://republika.mk/?p=688541

Комесарот за проширување за ЕУ, Оливер Вархеји, кој денеска учествува на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, што се одржува во Тирана, изјави дека „членството на Албанија во ЕУ се случува“, додавајќи дека „од 1 јануари следната година ЕУ е подготвена да биде домаќин на новите држави од Западен Балкан“, јави Топ чанел.

-Во декември, кога го имавме првиот самит на ЕУ што се одржа во една од земјите кандидати на Западен Балкан, односно овде во Тирана, дојде премиерот Рама и разговаравме за оваа идеја и кажавме дека ние во Тирана сакаме да имаат новиот колеџ кампус на Европа. Не само луѓето кои работат во администрациите, туку пред сè, секој ден се повеќе разбираме колку е важна ЕУ за Централна и Источна Европа. Натолини, Колеџот на Европа стана симбол на експанзијата на Европа, која може да се прошири и што овозможува сите други делови на Европа да станат 1. Секакво повторување на оваа важна историја е поважно само по себе, така што кога премиерот не праша и реши да почне да разговара со мене, веднаш помислив да, всушност ова е дефинитивно фантастична идеја, сакам да бидам дел од ова и да го овозможам ова и затоа им благодарам многу на колегите во Европа, во Тирана итн, изјавил тој.

Втората работа, додал, што сакам да ја кажам е дека нема подобар и појасен знак дека Албанија станува земја членка на ЕУ од носењето на Колеџот на Европа во Тирана.

-Ако ја погледнеме историјата на Централна и Источна Европа, на пример Натолин е создаден во 1992 година, односно две години по падот на Берлинскиот ѕид, по падот на железната завеса, па ако направиме некои пресметки, главната порака и идеја е дека ова е јасен сигнал дека членството на Албанија во ЕУ се случува. Членството во ЕУ ќе се случи, доаѓа и на Западен Балкан, а во текот на денот ќе слушнете уште повеќе такви работи, посочил Вархеји.

The post Maкедонија не ја спомена: Според Вархеји, за Албанија се случува членство во ЕУ appeared first on Република.

Вархеји: Пакетот на ЕУ вклучува десет земји кандидати со европска перспектива https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/varheji-paketot-na-eu-vkluchuva-deset-zemji-kandidati-so-evropska-perspektiva/ Thu, 28 Sep 2023 15:54:01 +0000 https://republika.mk/?p=686113

Европската унија подготвува нов пакет за проширување кој ќе претставува нова алатка што ќе демонстрира дека таа е подготвена да прими нови земеји членки и да сооздаде услови за нивно членство, земјите кандидати ќе остане да да ги искористат тие можности, порача денеска европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеј на прес-конференција на неформалниот министерски состанок за општи работи што се одржува во шпанскиот град Мурсија.

Тој нагласи дека на состанокот се утврдени конкретни активности за забрзување на проширување, преку пакет кој ќе понуди нов начин на размислување за овој процес.

- Пакетот сега вклучува 10 замји кандидати со европска перспектива. Со тоа не само што сакаме да се придвижиме напред, туку и да обезбедиме забрзана интеграција. Тоа ќе биде надградување на план за раст на Западниот Балкан, што ќе се потпира на четири столба, истакна Вархеји.

Првиот столб, како што нагласи Вархеји, ќе се однесува на поттикнување на социо-економските реформи во земјите кандидати за членство, а вториот на создавање услови за нивно интегрирање во единствениот европски пазар уште пред зачленувањето во Унијата, од што полза ќе имаат и ЕУ и кандидатите за членство. Според него, третиот столб ќе се однесува на зајакнувањето на владеењето на правото и демократијата, а четвртиот ќе биде насочен кон надминување на социјалниот и економскиот јаз меѓу ЕУ и земјите кандидати преку финансиска поддршка од Унијата за забрзување на неопходните реформи.

- Европската комисија од самиот почеток на нејзиниот мандат постојано, кредибилно и силно го поддржува проширувањето и сега промената на нашето геополитичко опкружување ни покажа дека долгорочниот мир, стабилност и просперитет на ЕУ во голема мерка ќе завист од успешноста на проширувањето и премот на нови членки од нашето непосредно соседство, изјави Вархеј.

Тој потсети дека 2030 година како датум за идно проширување ја наведе претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и дека е важно до тогаш  ЕУ да се подготви за прием на нови членки, но и државите кандадати да бидат подготвени за зачленување до тој датум, при што главен критериум за приемот на нови членки ќе биде исполнувањето на критериумите за членство.

- Тоа значи дека земјите кандидати, нашите партнери, мора да ги исполнат добро познатите критериуми за членство од Копенхаген. Тоа се збир на критериуми што го гарантираат кредибилиетот на членство. Затоа денес не само што потврдивме, туку и започнавме дискусија како да ги поддржиме земјите кандидати да го забрзаат спроведувањето на реформите, додаде Вархеј.

Според него, проширувањето на ЕУ било главна тема на состанокот, при што е потврдено дека тоа е  меѓу трите приоритети на Унијата.

- Значењето на членство во ЕУ никогаш не било толку големо како што е сега. Видовме итна реакција од три земји по стартот на руската агресија на Украина, кои заклучија дека нивниот мир, стабилноста и просперитет ќе бидат гарантирани со членство во ЕУ, рече Вархеји.

Тој додаде дека од денешната дускусија околу подготвеноста на Унијата за проширувањето, Европската комисија заклучила дека за приемот на нови членки нема да биде потребна измена на Договорот за функционирање на ЕУ и дека процесите на внатрешни реформи и на проширување може да се одвиваат паралелно. - Убедени сме дака овие два процеси можат да се одвиваат паралелно и убедени сме дека и двата процеси можат да се спроведат на кус рок, заклучи Вархеји.

The post Вархеји: Пакетот на ЕУ вклучува десет земји кандидати со европска перспектива appeared first on Република.

]]>

Европската унија подготвува нов пакет за проширување кој ќе претставува нова алатка што ќе демонстрира дека таа е подготвена да прими нови земеји членки и да сооздаде услови за нивно членство, земјите кандидати ќе остане да да ги искористат тие можности, порача денеска европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеј на прес-конференција на неформалниот министерски состанок за општи работи што се одржува во шпанскиот град Мурсија. Тој нагласи дека на состанокот се утврдени конкретни активности за забрзување на проширување, преку пакет кој ќе понуди нов начин на размислување за овој процес.
- Пакетот сега вклучува 10 замји кандидати со европска перспектива. Со тоа не само што сакаме да се придвижиме напред, туку и да обезбедиме забрзана интеграција. Тоа ќе биде надградување на план за раст на Западниот Балкан, што ќе се потпира на четири столба, истакна Вархеји.
Првиот столб, како што нагласи Вархеји, ќе се однесува на поттикнување на социо-економските реформи во земјите кандидати за членство, а вториот на создавање услови за нивно интегрирање во единствениот европски пазар уште пред зачленувањето во Унијата, од што полза ќе имаат и ЕУ и кандидатите за членство. Според него, третиот столб ќе се однесува на зајакнувањето на владеењето на правото и демократијата, а четвртиот ќе биде насочен кон надминување на социјалниот и економскиот јаз меѓу ЕУ и земјите кандидати преку финансиска поддршка од Унијата за забрзување на неопходните реформи. - Европската комисија од самиот почеток на нејзиниот мандат постојано, кредибилно и силно го поддржува проширувањето и сега промената на нашето геополитичко опкружување ни покажа дека долгорочниот мир, стабилност и просперитет на ЕУ во голема мерка ќе завист од успешноста на проширувањето и премот на нови членки од нашето непосредно соседство, изјави Вархеј. Тој потсети дека 2030 година како датум за идно проширување ја наведе претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и дека е важно до тогаш  ЕУ да се подготви за прием на нови членки, но и државите кандадати да бидат подготвени за зачленување до тој датум, при што главен критериум за приемот на нови членки ќе биде исполнувањето на критериумите за членство. - Тоа значи дека земјите кандидати, нашите партнери, мора да ги исполнат добро познатите критериуми за членство од Копенхаген. Тоа се збир на критериуми што го гарантираат кредибилиетот на членство. Затоа денес не само што потврдивме, туку и започнавме дискусија како да ги поддржиме земјите кандидати да го забрзаат спроведувањето на реформите, додаде Вархеј. Според него, проширувањето на ЕУ било главна тема на состанокот, при што е потврдено дека тоа е  меѓу трите приоритети на Унијата.
- Значењето на членство во ЕУ никогаш не било толку големо како што е сега. Видовме итна реакција од три земји по стартот на руската агресија на Украина, кои заклучија дека нивниот мир, стабилноста и просперитет ќе бидат гарантирани со членство во ЕУ, рече Вархеји.
Тој додаде дека од денешната дускусија околу подготвеноста на Унијата за проширувањето, Европската комисија заклучила дека за приемот на нови членки нема да биде потребна измена на Договорот за функционирање на ЕУ и дека процесите на внатрешни реформи и на проширување може да се одвиваат паралелно. - Убедени сме дака овие два процеси можат да се одвиваат паралелно и убедени сме дека и двата процеси можат да се спроведат на кус рок, заклучи Вархеји.

The post Вархеји: Пакетот на ЕУ вклучува десет земји кандидати со европска перспектива appeared first on Република.

]]>
Вархеји: Проширувањето се враќа меѓу трите главни приоритети на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/varheji-proshiruvaneto-se-vraka-megu-trite-glavni-prioriteti-na-eu/ Tue, 24 Jan 2023 16:23:32 +0000 https://republika.mk/?p=600581

Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји, порача дека процесот на проширување се враќа меѓу првите три приоритети на Европската Унија и нејзините лидери и дкеа сега е уште поважно да се забрза интеграцијата на земјите од Западен Балкан.

Со актуелната геополитичка и економска криза предизвикана од руската војна против Украина, проширувањето се врати меѓу првите три приоритети, не само на Унијата туку и на лидерите на ЕУ. Затоа е уште поважно да им дадеме на нашите соседи посилна поддршка од кога било, не само да ги задржиме на европскиот пат, туку и да ја забрзаме нивната интеграција во ЕУ“, порача Вархеји на конференцијата Италија и Западен Балкан „Раст и интеграција” што се одржува во Трст.

Вархеји рече дека ЕУ е посветена на европската перспектива на Западен Балкан, но и дека постапките на регионот мора да соодветствуваат на таквата определба.

Постигнати се многу успеси, но треба да се направи уште многу, а да не зборуваме дека имаме барем една земја која ќе се приклучи во блиска иднина“, изјави еврокомесарот.

Оценувајќи дека новата методологија врати покредибилен, динамичен, предвидлив и пополитички управуван процес, Вархеји потсети на почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Македонија и доделувањето кандидатски статус на Босна и Херцеговина.

Тоа е силно охрабрување за целиот регион и потврда дека Европа се врати и е подготвена да испорача, доколку и Западен Балкан е подготвен да испорача“, изјави Вархеји.

Како што истакна тој, политичката интеграција може да функционира само доколку има вистинска интеграција, односно економска и социјална интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Таа мора да биде важна колку и политичката“, рече Вархеји и како пример го наведе дека за претходните две години, од донесувањето на Економскиот и инвестицискиот план на Европската комисија за Западен Балкан, одобрени се 40 проекти со вкупна инвестициска вредност од 5,7 милијарди евра.

Вархеји изјави дека ЕУ се потпира врз земјите-членки да донесат инвестиции и знаење и да придонесат за поврзување на регионот кон вредносните врски на европската економија, кои се под зголемен притисок поради пандемијата и војната во Украина.

Мојот приоритет како комесар беше да создадам охрабрувачка средина, да го поддржам економскиот раст, да промовирам инвестиции и да ја зголемам привлечноста на Западен Балкан за трговците и инвеститорите, бидејќи само така можеме да ја промениме реалноста на терен и целосно да го интегрираме Западен Балкан во ЕУ“, изјави Вархеји.

The post Вархеји: Проширувањето се враќа меѓу трите главни приоритети на ЕУ appeared first on Република.

Босна ја стигна Македонија, и таа ќе добие кандидатски статус https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bosna-ja-stigna-makedonija-i-taa-kje-dobie-kandidatski-status/ Wed, 30 Nov 2022 07:24:44 +0000 https://republika.mk/?p=579836

Европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување, Оливер Вархеји, изјави дека доколку продолжи забрзаниот процес на формирање влада во БиХ на сите нивоа, Европскиот совет веќе може да  одобри статус кандидат за членство во Европската Унија на БиХ на 15 декември, по самитот ЕУ-Западен Балкан.

Во интервју за РТРС, Вархеји рече дека тој самит во Тирана е единствен бидејќи лидерите на ЕУ и Западен Балкан првпат се среќаваат надвор од Брисел, додавајќи дека БиХ има време и можност да добие кандидатски статус.

Еврокомесарот изрази надеж дека БиХ ќе ги зајакне своите институции за да може самостојно да носи одлуки и дека по истекот на сегашниот мандат повеќе нема да бидат потребни странски судии во Уставниот суд на БиХ. Вархеји посочува дека функционерите на Република Српска поддржуваат забрзан пат кон Европската унија.

Имав можност да се сретнам со новата претседавач со Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ и навистина сум охрабрен од пораките што ги слушнав од неа, односно подготвеноста за забрзан пат кон ЕУ“, изјави Вархеји.

Тој доде дека тој и претседателот на Република Српска Милорад Додик имаат заеднички интерес за што побрз напредок на европскиот пат и обезбедување мир, стабилност и развој.

The post Босна ја стигна Македонија, и таа ќе добие кандидатски статус appeared first on Република.

]]>

Европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување, Оливер Вархеји, изјави дека доколку продолжи забрзаниот процес на формирање влада во БиХ на сите нивоа, Европскиот совет веќе може да  одобри статус кандидат за членство во Европската Унија на БиХ на 15 декември, по самитот ЕУ-Западен Балкан. Во интервју за РТРС, Вархеји рече дека тој самит во Тирана е единствен бидејќи лидерите на ЕУ и Западен Балкан првпат се среќаваат надвор од Брисел, додавајќи дека БиХ има време и можност да добие кандидатски статус. Еврокомесарот изрази надеж дека БиХ ќе ги зајакне своите институции за да може самостојно да носи одлуки и дека по истекот на сегашниот мандат повеќе нема да бидат потребни странски судии во Уставниот суд на БиХ. Вархеји посочува дека функционерите на Република Српска поддржуваат забрзан пат кон Европската унија. Имав можност да се сретнам со новата претседавач со Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ и навистина сум охрабрен од пораките што ги слушнав од неа, односно подготвеноста за забрзан пат кон ЕУ“, изјави Вархеји. Тој доде дека тој и претседателот на Република Српска Милорад Додик имаат заеднички интерес за што побрз напредок на европскиот пат и обезбедување мир, стабилност и развој.

The post Босна ја стигна Македонија, и таа ќе добие кандидатски статус appeared first on Република.

]]>
Вархеји го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/varheji-go-pozdravi-dogovorot-megju-belgrad-i-prishtina/ Sun, 28 Aug 2022 12:17:12 +0000 https://republika.mk/?p=544931

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина за личните документи и изрази надеж дека тој означува нова ера на вистински напредок во дијалогот.

Вархеји на Твитер објави дека дијалогот мора да се заснова на меѓусебни договори и нивно спроведување.

„Го поздравувам договорот за слободно движење меѓу Косово и Србија и искрено се надевам дека ова означува нова ера на вистински напредок во дијалогот, заснован на меѓусебни договори и имплементација”, објави еврокомесарот за проширување.

The post Вархеји го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина за личните документи и изрази надеж дека тој означува нова ера на вистински напредок во дијалогот. Вархеји на Твитер објави дека дијалогот мора да се заснова на меѓусебни договори и нивно спроведување. „Го поздравувам договорот за слободно движење меѓу Косово и Србија и искрено се надевам дека ова означува нова ера на вистински напредок во дијалогот, заснован на меѓусебни договори и имплементација”, објави еврокомесарот за проширување.

The post Вархеји го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>
Вархеји: Прво Скопје треба да им отвори на Бугарите влез во Уставот на РМ, па потоа да продолжи да се движи кон влезот во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/varheji-prvo-skopje-treba-da-im-otvori-na-bugarite-vlez-vo-ustavot-na-rm-pa-potoa-da-prodolzi-da-se-dvizi-kon-brisel-i-vlezot-na-eu/ Tue, 26 Jul 2022 09:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=533293

Ова е момент за отрезнување за Македонија, но и за опозицијата. Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето кон насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета, оценува еврокомесдарот за проширување Оливер Вархеи во интервју за Еурактив.

Вархеи вели и дека „волјата за проширување се враќа, ние сме подготвени да се движиме брзо“.

Бриселскиот портал наведува дека откако Скопје го реши долгогодишниот спор со соседната членка на ЕУ, Бугарија, Албанија се очекува веднаш да ги започне пристапните преговори. Во однос на Македонија, посочува, таа прво ќе треба да го промени својот устав за да ги вклучи Бугарите, за што го нема потребниот консензус во парламентот.

Ова, се наведува во текстот, ја поттикна националистичката опозиција да организира протести во Скопје, за кои Вархеји вели дека ги преминуваат основните демократски црвени линии.

За Македонија ова треба да биде момент за отрезнување, но и за опозицијата. Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето на насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета. Постојат многу јасни граници за европскиот начин на водење политика, многу јасни граници за цивилизираната политика, а моја проценка е дека многу од тие црвени линии беа поминати од опозицијата - додаде еврокомесарот.

Во исто време, тој посочи дека „Албанија покажа вистинска солидарност со Македонија и зрелост во разбирањето дека земји-членки сакаат двете држави да одат напред“, но додава дека Тирана сега може да продолжи и сама.

Целиот процес на проширување се заснова на заслуги, вели Вархеји, а сега трката е во тек, кој и да испорача прв, треба да има право да се приклучи прв.

Она што е важно е дека ако тие испорачуваат брзо, ние сме подготвени да се движиме брзо, (…) и бидејќи сега сме одговорни, конечно, брзината ќе биде многу, многу поразлична - рече Вархеји, додавајќи дека Комисијата ја започна процедурата за скрининг веднаш откако земјите-членки дадоа зелено светло минатата недела.

Во интервјуто Вархеји оценува дека војната на Русија против Украина ја отрезни дебатата околу процесот на проширување на ЕУ и ја покажа потребата за забрзување на процедурите, суштински запрени од претходната Комисија. Кандидатскиот статус на Украина и Молдавија како сигнал за солидарност како одговор на руската агресија и зеленото светло за почетокот на долго одложуваните пристапни преговори со Македонија и Албанија, според него, е „можеби единственото позитивно влијание на војната во Украина бидејќи ја отрезни дискусијата околу проширувањето, како и капацитетот за апсорпција на ЕУ“.

Ние Европејците, сега не само што сфаќаме, туку сме подготвени да го исполниме тоа, дека Европа нема да ужива безбедност, стабилност и просперитет без Западен Балкан да биде целосно интегриран - вели еврокомесарот за проширување.

Во последниве години, потсетува Еурактив, имаше „мал апетит“ за проширување во рамките на ЕУ, а некои земји-членки повикаа на реформи во Унијата пред да примат нови членки.

Не заборавајте, ја презедовме функцијата од претходната Европска комисија која рече „нема проширување“ и штетата беше направена таму, рече Вархеи, додавајќи дека кон втората половина од нејзиниот мандат, Комисијата на Јункер „сфати дека тоа е стратешка грешка“.

Она што го очекувам, и она што ќе биде огромна одговорност за Европската комисија, е дека сега постои јасна политичка волја, која не беше секогаш очигледна - вели Вархеји.

Запрашан за предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за европска политичка заедница, која ќе ги зајакне врските на блокот со земјите кои не се членки на ЕУ во неговото блиско соседство, Вархеи рече само дека тоа „може да додаде уште еден слој“.

The post Вархеји: Прво Скопје треба да им отвори на Бугарите влез во Уставот на РМ, па потоа да продолжи да се движи кон влезот во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Ова е момент за отрезнување за Македонија, но и за опозицијата. Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето кон насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета, оценува еврокомесдарот за проширување Оливер Вархеи во интервју за Еурактив. Вархеи вели и дека „волјата за проширување се враќа, ние сме подготвени да се движиме брзо“. Бриселскиот портал наведува дека откако Скопје го реши долгогодишниот спор со соседната членка на ЕУ, Бугарија, Албанија се очекува веднаш да ги започне пристапните преговори. Во однос на Македонија, посочува, таа прво ќе треба да го промени својот устав за да ги вклучи Бугарите, за што го нема потребниот консензус во парламентот. Ова, се наведува во текстот, ја поттикна националистичката опозиција да организира протести во Скопје, за кои Вархеји вели дека ги преминуваат основните демократски црвени линии.
За Македонија ова треба да биде момент за отрезнување, но и за опозицијата. Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето на насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета. Постојат многу јасни граници за европскиот начин на водење политика, многу јасни граници за цивилизираната политика, а моја проценка е дека многу од тие црвени линии беа поминати од опозицијата - додаде еврокомесарот.
Во исто време, тој посочи дека „Албанија покажа вистинска солидарност со Македонија и зрелост во разбирањето дека земји-членки сакаат двете држави да одат напред“, но додава дека Тирана сега може да продолжи и сама. Целиот процес на проширување се заснова на заслуги, вели Вархеји, а сега трката е во тек, кој и да испорача прв, треба да има право да се приклучи прв.
Она што е важно е дека ако тие испорачуваат брзо, ние сме подготвени да се движиме брзо, (…) и бидејќи сега сме одговорни, конечно, брзината ќе биде многу, многу поразлична - рече Вархеји, додавајќи дека Комисијата ја започна процедурата за скрининг веднаш откако земјите-членки дадоа зелено светло минатата недела.
Во интервјуто Вархеји оценува дека војната на Русија против Украина ја отрезни дебатата околу процесот на проширување на ЕУ и ја покажа потребата за забрзување на процедурите, суштински запрени од претходната Комисија. Кандидатскиот статус на Украина и Молдавија како сигнал за солидарност како одговор на руската агресија и зеленото светло за почетокот на долго одложуваните пристапни преговори со Македонија и Албанија, според него, е „можеби единственото позитивно влијание на војната во Украина бидејќи ја отрезни дискусијата околу проширувањето, како и капацитетот за апсорпција на ЕУ“.
Ние Европејците, сега не само што сфаќаме, туку сме подготвени да го исполниме тоа, дека Европа нема да ужива безбедност, стабилност и просперитет без Западен Балкан да биде целосно интегриран - вели еврокомесарот за проширување.
Во последниве години, потсетува Еурактив, имаше „мал апетит“ за проширување во рамките на ЕУ, а некои земји-членки повикаа на реформи во Унијата пред да примат нови членки. Не заборавајте, ја презедовме функцијата од претходната Европска комисија која рече „нема проширување“ и штетата беше направена таму, рече Вархеи, додавајќи дека кон втората половина од нејзиниот мандат, Комисијата на Јункер „сфати дека тоа е стратешка грешка“.
Она што го очекувам, и она што ќе биде огромна одговорност за Европската комисија, е дека сега постои јасна политичка волја, која не беше секогаш очигледна - вели Вархеји.
Запрашан за предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за европска политичка заедница, која ќе ги зајакне врските на блокот со земјите кои не се членки на ЕУ во неговото блиско соседство, Вархеи рече само дека тоа „може да додаде уште еден слој“.

The post Вархеји: Прво Скопје треба да им отвори на Бугарите влез во Уставот на РМ, па потоа да продолжи да се движи кон влезот во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Вархеји: Ве сакаме во ЕУ и тука не постојат сомнежи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/varheji-ve-sakame-vo-eu-i-tuka-ne-postojat-somnezi/ Tue, 19 Jul 2022 10:25:04 +0000 https://republika.mk/?p=531001

Денеска е важен момент не само за Македонија, туку е важен момент и за Европската Унија. Оваа политичка меѓувладина конференција е крај на еден долг процес и почеток на нова фаза од пристапните преговори. Може да продолжите да сметате на нашата поддршка, а ние ќе продолжиме да градиме заедничка, просперитетна и безбедна иднина заедно, изјави денеска во Брисел еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски.

Македонија, посочи Вархеји, во изминатите 17 години од добивањето на кандидатскиот статус и 13 години од првата препорака за отворање на пристапните преговори покажа дека е партнер од доверба.

–  Уверен сум дека со одлучноста и решителноста на Македонија ќе можеме да работиме брзо, напорно и ефективно во текот на преговорите. Нашата порака денеска за граѓаните од Македонија е многу јасна. Ве сакаме во ЕУ и тука не постојат сомнежи. Денеска праќаме и моќна порака кон целиот регион, па и надвор од него, изјави Вархеји.

Вархеји, посочи дека ќе направат се да се забрза процесот на преговори и веќе денеска попладне ќе започне скринингот на законодавството на ЕУ, што, како што нагласи е првиот чекор во пристапните преговори.

–  Сакаме да продолжите да комуницирате со сите засегнати страни, со граѓанското општество и сите во Македонија, затоа што ни се потребни во овој процес. Потребни ни се сите во Македонија да работат за земјата и да работат за тоа Македонија да стане земја членка, изјави Вархеји.

Интеграцијата на Македонија, посочи Липавски, беше болна и бараше многу, но како што посочи, решителноста, одлучноста и вистинскиот дух се тие што преовладаа.

–          Денеска постигнавме една цел во односите меѓу Македонија и ЕУ, и покажавме едногласна поддршка на ЕУ за европската перспектива за Западен Балкан. Иднината на Западен Балкан лежи во ЕУ и навистина ми е драго што овој историски момент се случува во текот на чешкото претседателство со европскиот Совет, изјави Липавски.

Липавски, исто така, го поздрави целосното усогласување на Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и ја охрабри да продолжи и натаму да се усогласува.

–          Ја поздравуваме решеноста на Македонија да ги спроведува реформите, како и да напредува до самиот крај. Ние ќе ја поддржиме Македонија да стане полноправна членка и да ги исполни условите од пристапниот процес, изјави Липавски.

Со одржувањето на првата меѓувладина конференција за пристапување на Македонија кон ЕУ се одбележува отворањето на пристапните преговори на ЕИ и Македонија.

The post Вархеји: Ве сакаме во ЕУ и тука не постојат сомнежи appeared first on Република.

]]>

Денеска е важен момент не само за Македонија, туку е важен момент и за Европската Унија. Оваа политичка меѓувладина конференција е крај на еден долг процес и почеток на нова фаза од пристапните преговори. Може да продолжите да сметате на нашата поддршка, а ние ќе продолжиме да градиме заедничка, просперитетна и безбедна иднина заедно, изјави денеска во Брисел еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски. Македонија, посочи Вархеји, во изминатите 17 години од добивањето на кандидатскиот статус и 13 години од првата препорака за отворање на пристапните преговори покажа дека е партнер од доверба.
–  Уверен сум дека со одлучноста и решителноста на Македонија ќе можеме да работиме брзо, напорно и ефективно во текот на преговорите. Нашата порака денеска за граѓаните од Македонија е многу јасна. Ве сакаме во ЕУ и тука не постојат сомнежи. Денеска праќаме и моќна порака кон целиот регион, па и надвор од него, изјави Вархеји.
Вархеји, посочи дека ќе направат се да се забрза процесот на преговори и веќе денеска попладне ќе започне скринингот на законодавството на ЕУ, што, како што нагласи е првиот чекор во пристапните преговори. –  Сакаме да продолжите да комуницирате со сите засегнати страни, со граѓанското општество и сите во Македонија, затоа што ни се потребни во овој процес. Потребни ни се сите во Македонија да работат за земјата и да работат за тоа Македонија да стане земја членка, изјави Вархеји. Интеграцијата на Македонија, посочи Липавски, беше болна и бараше многу, но како што посочи, решителноста, одлучноста и вистинскиот дух се тие што преовладаа.
–          Денеска постигнавме една цел во односите меѓу Македонија и ЕУ, и покажавме едногласна поддршка на ЕУ за европската перспектива за Западен Балкан. Иднината на Западен Балкан лежи во ЕУ и навистина ми е драго што овој историски момент се случува во текот на чешкото претседателство со европскиот Совет, изјави Липавски.
Липавски, исто така, го поздрави целосното усогласување на Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и ја охрабри да продолжи и натаму да се усогласува. –          Ја поздравуваме решеноста на Македонија да ги спроведува реформите, како и да напредува до самиот крај. Ние ќе ја поддржиме Македонија да стане полноправна членка и да ги исполни условите од пристапниот процес, изјави Липавски. Со одржувањето на првата меѓувладина конференција за пристапување на Македонија кон ЕУ се одбележува отворањето на пристапните преговори на ЕИ и Македонија.

The post Вархеји: Ве сакаме во ЕУ и тука не постојат сомнежи appeared first on Република.

]]>
Вархеји утре во посета на Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/varheji-utre-vo-poseta-na-tirana/ Wed, 13 Jul 2022 16:48:45 +0000 https://republika.mk/?p=528207

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеи утре ќе ја посети Албанија, јави дописничката на МИА од Тирана.

Според албанските медиуми, тој заедно со премиерот Еди Рама ќе ја посети новоизградената обиколница кај приморскиот град Валона финансирана од ЕУ, што во употреба Рама ја пушти на седми месецов.

Европската унија ја поддржа изградбата на обиколницата преку грант од 20 милиони евра. Исто така, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) учествуваа со заеми од по 18 милиони евра за овој проект. 

The post Вархеји утре во посета на Тирана appeared first on Република.

Вархеји смета дека веќе нема пречки откако Бугарија го прифатила решението https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/varheji-smeta-deka-vekje-nema-prechki-otkako-bugarija-go-prifatila-reshenieto/ Mon, 27 Jun 2022 14:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=520350

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји изјави дека првата меѓувладина конференција на ЕУ со Македонија и Албанија може да се одржи во наредните денови, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Многу напори се направени за да се надмине спорот меѓу Бугарија и Македонија. Сега е време сите чинители да го направат последните чекор. Имам големи надежи дека меѓувладината конференција со Албанија и Македонија може да се одржи за неколку дена. Овие земји испорачаа сѐ е што е побарано од нив. Тие се подготвени, треба и ние да бидеме. Имаме решение на маса кое е одобрено од бугарскиот парламент. Сите пречки се надминати, ЕУ треба да напредува, изјави Вархеји.

Тој истакна дека ЕУ е решена да го внесе целиот регион во ЕУ и дека земјите од Западен Балкан ќе бидат интегрирани во сите механизми за ублажување на кризите, вклучително и за безбедност на храна и за набавка на гас

The post Вархеји смета дека веќе нема пречки откако Бугарија го прифатила решението appeared first on Република.

Маричиќ – Вархеjи: Времето до самитот да се искористи за решение со Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-varheji-vremeto-do-samitot-da-se-iskoristi-za-reshenie-so-bugarija/ Tue, 14 Jun 2022 18:42:31 +0000 https://republika.mk/?p=515209

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во рамки на официјалната посета на Брисел, денеска одржа средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи, на која било разговарано за дијалогот помеѓу Скопје и Софија, за европската перспектива на Западен Балкан, ситуацијата во Украина и последиците од неа.

-Од клучен интерес за сите е зачувувањето на стабилноста во регионот и ориентирањето кон уште поинтензивна соработка помеѓу земјите кандидатки и Унијата, рекол на средбата вицепремиерот Маричиќ, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Силна е поддршката и посветеноста на француското претседателство за постигнување договор и деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес, посочил вицепремиерот Маричиќ.

Воедно, на десет дена пред одржувањето на јунскиот самит и Конференцијата за Западен Балкан на француското претседателство, Маричиќ порачал дека е потребно максимално да се искористи времето за постигнување европско решение помеѓу Македонија и Бугарија, кое со лидерство од страна на ЕУ ќе стави европски печат на иднината на регионот, соопштија од СЕП.

The post Маричиќ – Вархеjи: Времето до самитот да се искористи за решение со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во рамки на официјалната посета на Брисел, денеска одржа средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи, на која било разговарано за дијалогот помеѓу Скопје и Софија, за европската перспектива на Западен Балкан, ситуацијата во Украина и последиците од неа. -Од клучен интерес за сите е зачувувањето на стабилноста во регионот и ориентирањето кон уште поинтензивна соработка помеѓу земјите кандидатки и Унијата, рекол на средбата вицепремиерот Маричиќ, соопшти Секретаријатот за европски прашања. Силна е поддршката и посветеноста на француското претседателство за постигнување договор и деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес, посочил вицепремиерот Маричиќ. Воедно, на десет дена пред одржувањето на јунскиот самит и Конференцијата за Западен Балкан на француското претседателство, Маричиќ порачал дека е потребно максимално да се искористи времето за постигнување европско решение помеѓу Македонија и Бугарија, кое со лидерство од страна на ЕУ ќе стави европски печат на иднината на регионот, соопштија од СЕП.

The post Маричиќ – Вархеjи: Времето до самитот да се искористи за решение со Бугарија appeared first on Република.

]]>
Што има ветено Ковачевски? Вархеји најавува дека Бугарија ќе се согласи Македонија да ги почне преговорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shto-ima-veteno-kovachevski-varheji-najavuva-deka-bugarija-kje-se-soglasi-makedonija-da-gi-pochne-pregovorite/ Fri, 20 May 2022 06:14:10 +0000 https://republika.mk/?p=504626

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји, по средбата во Бугарија со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, очекува Софија во рок од три недели да се согласи за почеток на преговорачкиот процес со Скопје.

Како што јави дописникот на МИА од Бугарија, еврокомесарот Вархеји на Твитер напиша дека наскоро ќе се врати во Софија за да се најде заеднички прифатливо решение за отворање на преговорите со Македонија.

– Интензивна средба со министерката Теодора Генчовска во Софија. Разговаравме за директните последици од војната во Украина за Западен Балкан и пошироко. Работиме на заемно прифатливо решение за да можеме да ги започнеме преговорите со РС Македонија и Албанија со одржување на меѓувладина конференција во јуни. Го ценам отворениот дијалог со бугарскиот претседател Румен Радев. Важноста да имаме стабилен и просперитетен Западен Балкан нема цена. Во овој контекст, значаен придонес би бил одржувањето на првата меѓувладина конференција со Македонија и Албанија. Треба да работиме на ова заедно. За три недели ќе се вратам во Софија за да најдеме заеднички основа и поддршка од Бугарија, за да го започнеме преговарачкиот процес со Република Македонија во јуни, пишува евокомесарот Оливер Вархеји

The post Што има ветено Ковачевски? Вархеји најавува дека Бугарија ќе се согласи Македонија да ги почне преговорите appeared first on Република.

]]>

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји, по средбата во Бугарија со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, очекува Софија во рок од три недели да се согласи за почеток на преговорачкиот процес со Скопје. Како што јави дописникот на МИА од Бугарија, еврокомесарот Вархеји на Твитер напиша дека наскоро ќе се врати во Софија за да се најде заеднички прифатливо решение за отворање на преговорите со Македонија.