Оливер Вархеи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oliver-varhei/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Oct 2023 12:12:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Оливер Вархеи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oliver-varhei/ 32 32 Дванаесет европратеници бараат оставка или разрашување на Вархеи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dvanaeset-evropratenitsi-baraat-ostavka-ili-razrashuvane-na-varhei/ Tue, 17 Oct 2023 12:12:57 +0000 https://republika.mk/?p=692131

Група од 12 европратеници од групите на Зелените, Социјалистите и демократите и Левица преку отворено писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, бараат оставка од еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеи.

Во писмото се повикува Вархеи да поднесе „оставка“ или „да биде разрешен“ поради прекорачување на неговиот мандат, со тоа што најави замрзнување на помошта за Палестинците без консултации со владите на ЕУ.

Се наведува дека еврокомесарот Вархеи нема овластување за ова прашање еднострано да одлучува, ниту пак официјално да го објави на своите налози на социјалните мрежи и дека одлуката не е донесена во соодветниот процес.

Се потсетува дека не е првпат Вархеи да ја „преминува границата“ и да оди против интер-институционалните правила.

Во писмото се наведува и дека многу од европратениците уште во февруари побараа негова оставка, откако на пленарната седница на Европскиот парламент тој им кажал дека се „идиоти“.

Не ги одобруваме навредите што Вархеи ги упатува кон институциите на ЕУ и нивното демократско функционирање. Затоа бараме комесарот да поднесе оставка или да биде разрешен, се инсистира во писмото.

Отвореното писмо до Урсула фон дер Лајен во текот на денешниот ден ќе биде предадено до Фон дер Лајен, за бриселски портал потврдија од кабинетот на францускиот европратеник Мунир Сатури, кој е еден од потписниците.

The post Дванаесет европратеници бараат оставка или разрашување на Вархеи appeared first on Република.

]]>

Група од 12 европратеници од групите на Зелените, Социјалистите и демократите и Левица преку отворено писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, бараат оставка од еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеи. Во писмото се повикува Вархеи да поднесе „оставка“ или „да биде разрешен“ поради прекорачување на неговиот мандат, со тоа што најави замрзнување на помошта за Палестинците без консултации со владите на ЕУ. Се наведува дека еврокомесарот Вархеи нема овластување за ова прашање еднострано да одлучува, ниту пак официјално да го објави на своите налози на социјалните мрежи и дека одлуката не е донесена во соодветниот процес. Се потсетува дека не е првпат Вархеи да ја „преминува границата“ и да оди против интер-институционалните правила. Во писмото се наведува и дека многу од европратениците уште во февруари побараа негова оставка, откако на пленарната седница на Европскиот парламент тој им кажал дека се „идиоти“. Не ги одобруваме навредите што Вархеи ги упатува кон институциите на ЕУ и нивното демократско функционирање. Затоа бараме комесарот да поднесе оставка или да биде разрешен, се инсистира во писмото. Отвореното писмо до Урсула фон дер Лајен во текот на денешниот ден ќе биде предадено до Фон дер Лајен, за бриселски портал потврдија од кабинетот на францускиот европратеник Мунир Сатури, кој е еден од потписниците.

The post Дванаесет европратеници бараат оставка или разрашување на Вархеи appeared first on Република.

]]>
Турскиот шеф на дипломатијата: ЕУ да ја покаже потребната волја за унапредување на меѓусебните односи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/turskiot-shef-na-diplomatijata-eu-da-ja-pokazhe-potrebnata-volja-za-unapreduvane-na-megusebnite-odnosi/ Wed, 06 Sep 2023 20:16:05 +0000 https://republika.mk/?p=679463

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, порача дека односите меѓу Турција и Европската Унија не треба да бидат заложници на интересите на одредени земји.

ЕУ не може да биде глобален актер без Турција, истакна Фидан на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји во Анкара.

Фидан порача дека Турција очекува ЕУ да ја покаже потребната волја и да дејствува похрабро за унапредување на меѓусебните односи.

Нема промена во перспективата за членство на Турција во ЕУ. Тоа е многу силна политичка волја, додаде тој.

Вархеји, кој е во дводневна посета на Анкара за да разговара за билатералните односи и соработка, изјави дека верува оти односите меѓу ЕУ и Турција може да се подобрат по воспоставувањето на новата влада во Анкара.

Потенцирајќи дека односите со Турција отсекогаш биле од клучно значење, Вархеји рече дека ЕУ била заедно со турскиот народ и земја кога станува збор за мигрантската криза и санирањето на последиците од разорните земјотреси и оти заедно реагирале на настаните во овој стратешки важен регион и соседство.

Како што рече почитуваниот министер Фидан, Република Турција е наш пријател, изјави Вархеји.

The post Турскиот шеф на дипломатијата: ЕУ да ја покаже потребната волја за унапредување на меѓусебните односи appeared first on Република.

]]>

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, порача дека односите меѓу Турција и Европската Унија не треба да бидат заложници на интересите на одредени земји.
ЕУ не може да биде глобален актер без Турција, истакна Фидан на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји во Анкара.
Фидан порача дека Турција очекува ЕУ да ја покаже потребната волја и да дејствува похрабро за унапредување на меѓусебните односи.
Нема промена во перспективата за членство на Турција во ЕУ. Тоа е многу силна политичка волја, додаде тој.
Вархеји, кој е во дводневна посета на Анкара за да разговара за билатералните односи и соработка, изјави дека верува оти односите меѓу ЕУ и Турција може да се подобрат по воспоставувањето на новата влада во Анкара. Потенцирајќи дека односите со Турција отсекогаш биле од клучно значење, Вархеји рече дека ЕУ била заедно со турскиот народ и земја кога станува збор за мигрантската криза и санирањето на последиците од разорните земјотреси и оти заедно реагирале на настаните во овој стратешки важен регион и соседство.
Како што рече почитуваниот министер Фидан, Република Турција е наш пријател, изјави Вархеји.

The post Турскиот шеф на дипломатијата: ЕУ да ја покаже потребната волја за унапредување на меѓусебните односи appeared first on Република.

]]>
Вархеи: Македонија мора да успее во јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/varhei-makedonija-mora-da-uspee-vo-juni/ Wed, 08 Jun 2022 18:22:44 +0000 https://republika.mk/?p=512848

Работиме на тоа Македонија да успее во јуни и мораме да успееме. Тука сме за да ја завршиме работата, тука сме за да успееме. Македонија мора да успее и сите ние мора да работиме на тоа, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.

Во вечерашното гостување на ТВ Сител, Вархеи најави дека веднаш по Самитот на Отворен Балкан во Охрид, заминува за Софија. Тој потенцира и дека сите сакаат резултат кој е прифатлив за двете земји.

Не сум по обложувањето, туку сум по работењето. Се додека постои најмала шанса, ќе продолжам да работам. Од тука заминувам веднаш во Софија и ќе продолжам да работам за решение во јуни, рече еврокомесарот на прашањето какви се шансите на Македонија со оглед дека останаа уште две недели до Самитот на ЕУ.

Тој е дециден дека ќе продолжи да ја посетува Софија се додека не се најде решение.

Не ја посетував Софија зашто имав решение, па затоа и ќе продолжам да ја посетувам, се додека не најдеме решение. Пораките кои ги добив таму не беа ништо ново, да бидам искрен. Се вртиме околу истите теми, но се трудиме да најдеме различни опции како да ги одблокираме работите. Во оваа фаза е прерано да се каже, но се надевам дека со уште работа ќе стигнеме до целта - подвлече Вархеи.

На прашањето што ако земјава ја пропушти оваа шанса да ги почне преговорите и дали ќе добие место во некоја нова политичка организација како што најави Макрон, Вархеи повтори дека Македонија мора да успее.

Ако почнам сега да зборувам што ќе се случи ако не успееме, ќе станам најлош адвокат на мојата сопствена работа. Нема да го направам тоа. Тука сме за да ја завршиме работата, тука сме за да успееме. Македонија мора да успее и сите ние мора да работиме на тоа. Овој политички чадор, како што јас го нарекувам, е дополнителен елемент и имавме доста јасно објаснување од оние што го предложија тоа. Станува збор за комплементарен елемент кој ќе креира многу повеќе дијалог во регионот на едно повисоко политичко ниво. Ова ќе го доближи регионот кон Европа, но секако ќе треба да продолжиме со процесот на проширување и затоа може да донесе опипливи бенефиции за регионот - истакна еврокомесарот.

Во врска со вчерашната потврда на Макрон дека постои можност за нов договор меѓу Македонија и Бугарија, Вархеи рече дека работи многу блиску со француското претседателство, но во оваа фаза би било прерано да се каже.

Нема да оставиме непревртен ниту еден камен за да го завршиме ова. Француското претседателство е исклучително посветено. Макрон е лично ангажиран во сето ова. Мислам дека сите сакаат резултат, резултат кој е прифатлив за двете земји и со кој би можеле да продолжиме понатаму и конечно да ја одржиме првата меѓувладина конференција и да продолжиме со пристапниот процес на Македонија - рече Вархеи.

Прашан дали може Македонија и Албанија да бидат одвоени на европскиот пат и што ако тоа се случи, еврокомесарот повтори дека се работи на тоа  Македонија да успее во јуни.

Мораме да успееме - порача уште еднаш Вархеи.

The post Вархеи: Македонија мора да успее во јуни appeared first on Република.

]]>

Работиме на тоа Македонија да успее во јуни и мораме да успееме. Тука сме за да ја завршиме работата, тука сме за да успееме. Македонија мора да успее и сите ние мора да работиме на тоа, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи. Во вечерашното гостување на ТВ Сител, Вархеи најави дека веднаш по Самитот на Отворен Балкан во Охрид, заминува за Софија. Тој потенцира и дека сите сакаат резултат кој е прифатлив за двете земји. Не сум по обложувањето, туку сум по работењето. Се додека постои најмала шанса, ќе продолжам да работам. Од тука заминувам веднаш во Софија и ќе продолжам да работам за решение во јуни, рече еврокомесарот на прашањето какви се шансите на Македонија со оглед дека останаа уште две недели до Самитот на ЕУ. Тој е дециден дека ќе продолжи да ја посетува Софија се додека не се најде решение.
Не ја посетував Софија зашто имав решение, па затоа и ќе продолжам да ја посетувам, се додека не најдеме решение. Пораките кои ги добив таму не беа ништо ново, да бидам искрен. Се вртиме околу истите теми, но се трудиме да најдеме различни опции како да ги одблокираме работите. Во оваа фаза е прерано да се каже, но се надевам дека со уште работа ќе стигнеме до целта - подвлече Вархеи.
На прашањето што ако земјава ја пропушти оваа шанса да ги почне преговорите и дали ќе добие место во некоја нова политичка организација како што најави Макрон, Вархеи повтори дека Македонија мора да успее.
Ако почнам сега да зборувам што ќе се случи ако не успееме, ќе станам најлош адвокат на мојата сопствена работа. Нема да го направам тоа. Тука сме за да ја завршиме работата, тука сме за да успееме. Македонија мора да успее и сите ние мора да работиме на тоа. Овој политички чадор, како што јас го нарекувам, е дополнителен елемент и имавме доста јасно објаснување од оние што го предложија тоа. Станува збор за комплементарен елемент кој ќе креира многу повеќе дијалог во регионот на едно повисоко политичко ниво. Ова ќе го доближи регионот кон Европа, но секако ќе треба да продолжиме со процесот на проширување и затоа може да донесе опипливи бенефиции за регионот - истакна еврокомесарот.
Во врска со вчерашната потврда на Макрон дека постои можност за нов договор меѓу Македонија и Бугарија, Вархеи рече дека работи многу блиску со француското претседателство, но во оваа фаза би било прерано да се каже.
Нема да оставиме непревртен ниту еден камен за да го завршиме ова. Француското претседателство е исклучително посветено. Макрон е лично ангажиран во сето ова. Мислам дека сите сакаат резултат, резултат кој е прифатлив за двете земји и со кој би можеле да продолжиме понатаму и конечно да ја одржиме првата меѓувладина конференција и да продолжиме со пристапниот процес на Македонија - рече Вархеи.
Прашан дали може Македонија и Албанија да бидат одвоени на европскиот пат и што ако тоа се случи, еврокомесарот повтори дека се работи на тоа  Македонија да успее во јуни.
Мораме да успееме - порача уште еднаш Вархеи.

The post Вархеи: Македонија мора да успее во јуни appeared first on Република.

]]>
Oсмани се пофали пред Вархеји со „Скопје 2014“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-se-pofali-pred-varheji-so-skopje-2014/ Thu, 28 Apr 2022 18:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=494938

Комесарот за проширување Оливер Вархеји за време на престојот во Македонија имаше средби со речиси целиот државен врв. Но, највпечатлива беше средбата со шефот на дипломатијата Бујар Османи во зградата на Министерството за надворешни работи на кејот на Вардар.

Османи како добар домаќин го прошета низ целата зграда која е дел од проектот „Скопје 2014“ , потоа низ прозорецот му го покажуваше плоштадот, мостовите и Галијата.

За Вархеји поубаво да го види центарот на Скопје Османи го качи и на покривот на МНР од каде се пружа прекрасен поглед на сите споменици од проектот Скопје 2014 и кој беше направен кога ДУИ исто така беше дел од власта.

Во придружба на Османи беше и вицепремиерот Маричиќ кој на гостинот од ЕУ му ги објаснуваше статуите кои ја красат терасата на министерството.

https://www.youtube.com/watch?v=mJspOeSDfF0

The post Oсмани се пофали пред Вархеји со „Скопје 2014“ appeared first on Република.

]]>

Комесарот за проширување Оливер Вархеји за време на престојот во Македонија имаше средби со речиси целиот државен врв. Но, највпечатлива беше средбата со шефот на дипломатијата Бујар Османи во зградата на Министерството за надворешни работи на кејот на Вардар. Османи како добар домаќин го прошета низ целата зграда која е дел од проектот „Скопје 2014“ , потоа низ прозорецот му го покажуваше плоштадот, мостовите и Галијата. За Вархеји поубаво да го види центарот на Скопје Османи го качи и на покривот на МНР од каде се пружа прекрасен поглед на сите споменици од проектот Скопје 2014 и кој беше направен кога ДУИ исто така беше дел од власта. Во придружба на Османи беше и вицепремиерот Маричиќ кој на гостинот од ЕУ му ги објаснуваше статуите кои ја красат терасата на министерството. https://www.youtube.com/watch?v=mJspOeSDfF0

The post Oсмани се пофали пред Вархеји со „Скопје 2014“ appeared first on Република.

]]>