оливер спасовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oliver-spasovski/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 10:21:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оливер спасовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oliver-spasovski/ 32 32 На овие светски криминалци МВР на чело со Спасовски им даде македонски пасоши https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-ovie-svetski-kriminaltsi-mvr-na-chelo-so-spasovski-im-dade-makedonski-pasoshi/ Fri, 01 Nov 2024 11:16:15 +0000 https://republika.mk/?p=833045

Македонија за време на владеењето на СДСМ и ДУИ беше омилена земја од која криминалците и нарко клановите сакаат да имаат пасош.

Секако, тие не го сакаа нашиот пасош бидејќи со него можат лесно да патуваат туку до него лесно доаѓаа. На некому дури и им пристигнувале на домашна адреса како божиќен подарок.

Судска завршница за овој скандал имаше, но обвинети беа обични службеници од МВР кои никако не би можеле да дадат пасоши на вакви ликови без да добијат наредба од „горе“. Тие од „горе“ се спасија.Барем засега.

Вчера премиерот Мицкоски од собраниската говорница беше јасен дека ќе побара одговорнот од сегашниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски ако тој не побара одговорност од поранешниот Оливер Спасовски.

„Република“ направи пресек кој се за време на СДСМ доби македонски пасош. Важно е да се напомене дека не станува збор за фалсификувани патни исправи туку легални, издадени на шалтерите на МВР како за сите граѓани.

Тука е украинскиот бизнисмен Олександар Онишченко. Овој репрезентативец на Македонија во коњички спорт има тесни врски со Русија најпрво доби позитвни оценки од неколку инститции дека нема пречки да стане македонски државјанин.

Шкаљарците Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во 2019 година беа убиени во ресторан во Атина.

Игор Дедовиќ бил Горан Тасевски, а Стаматовиќ Емил Филипов.

Лани во септември беше убиен и Јовица Вукотиќ водачот на Шкаљарскиот клан. Тој беше ликвидиран на автопат во близина на Истанбул од непознато лице кое го следело на мотоцикл.

Вукотиќ имаше македонски пасош на име Георги Андонов и со него беше уапсен во Истанбул во 2018 година и екстрадиран во Србија каде што одлежа 15 месеци затвор.Како четири години подоцна пак се нашол во Турција не се знае и чии пасош користел.

Турската полиција е уште трага по припадникот на Кавачкиот клан, Жељко Бојаниќ (56) од Котор. Бојаниќ е најблизок соработник на Дарко Шариќ, најголемиот наркобос на Балканот.

Бојаниќ е посебен случај бидејќи има не еден туку два македонски пасоши. Еден на име Спиро Аговски и втор со име на украден идентитет на Јордан Белчев.

Најпознат е турскиот нарко бос Седат Пекер кој самиот призна дека во полициската станица во Драчево дошол да се фотографира,

Тој самиот објави дека се се сретнал со Заев во неговиот дом и оти македонската лична карта ја добил откако се сликал во полициската станица во Драчево. Тој го доби името Џадин Адемовски.

Македонец по заслуга на Заев и Спасовски стана и водачот на италијанската мафија НдрангетаВалид Иса Хмаис кој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската нарко мафија на 09.01.2019 година во Скопје во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Вурмо Таќо роден 1965-тата година.

The post На овие светски криминалци МВР на чело со Спасовски им даде македонски пасоши appeared first on Република.

]]>

Македонија за време на владеењето на СДСМ и ДУИ беше омилена земја од која криминалците и нарко клановите сакаат да имаат пасош. Секако, тие не го сакаа нашиот пасош бидејќи со него можат лесно да патуваат туку до него лесно доаѓаа. На некому дури и им пристигнувале на домашна адреса како божиќен подарок. Судска завршница за овој скандал имаше, но обвинети беа обични службеници од МВР кои никако не би можеле да дадат пасоши на вакви ликови без да добијат наредба од „горе“. Тие од „горе“ се спасија.Барем засега. Вчера премиерот Мицкоски од собраниската говорница беше јасен дека ќе побара одговорнот од сегашниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски ако тој не побара одговорност од поранешниот Оливер Спасовски. „Република“ направи пресек кој се за време на СДСМ доби македонски пасош. Важно е да се напомене дека не станува збор за фалсификувани патни исправи туку легални, издадени на шалтерите на МВР како за сите граѓани. Тука е украинскиот бизнисмен Олександар Онишченко. Овој репрезентативец на Македонија во коњички спорт има тесни врски со Русија најпрво доби позитвни оценки од неколку инститции дека нема пречки да стане македонски државјанин. Шкаљарците Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во 2019 година беа убиени во ресторан во Атина. Игор Дедовиќ бил Горан Тасевски, а Стаматовиќ Емил Филипов. Лани во септември беше убиен и Јовица Вукотиќ водачот на Шкаљарскиот клан. Тој беше ликвидиран на автопат во близина на Истанбул од непознато лице кое го следело на мотоцикл. Вукотиќ имаше македонски пасош на име Георги Андонов и со него беше уапсен во Истанбул во 2018 година и екстрадиран во Србија каде што одлежа 15 месеци затвор.Како четири години подоцна пак се нашол во Турција не се знае и чии пасош користел. Турската полиција е уште трага по припадникот на Кавачкиот клан, Жељко Бојаниќ (56) од Котор. Бојаниќ е најблизок соработник на Дарко Шариќ, најголемиот наркобос на Балканот. Бојаниќ е посебен случај бидејќи има не еден туку два македонски пасоши. Еден на име Спиро Аговски и втор со име на украден идентитет на Јордан Белчев. Најпознат е турскиот нарко бос Седат Пекер кој самиот призна дека во полициската станица во Драчево дошол да се фотографира, Тој самиот објави дека се се сретнал со Заев во неговиот дом и оти македонската лична карта ја добил откако се сликал во полициската станица во Драчево. Тој го доби името Џадин Адемовски. Македонец по заслуга на Заев и Спасовски стана и водачот на италијанската мафија НдрангетаВалид Иса Хмаис кој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската нарко мафија на 09.01.2019 година во Скопје во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Вурмо Таќо роден 1965-тата година.  

The post На овие светски криминалци МВР на чело со Спасовски им даде македонски пасоши appeared first on Република.

]]>
Тошковски праша зошто не се барало оставка од Спасовски: Бројот на убиства е намален, а од мене побаравте 300 пати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-prasha-zoshto-ne-se-baralo-ostavka-od-spasovski-brojot-na-ubistva-e-namalen-a-od-mene-pobaravte-300-pati/ Thu, 31 Oct 2024 18:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=832895

СДСМ се неконструктивна опозиција затоа што се обидува да ги излаже граѓаnите, бидејќи статистиките покажуваат пад во криминалитетот во однос на убиствата и на разбојништвата за 2024 година во споредба со 2023 година кога министер за внатрешни работи беше Оливер Спасовски, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на пратеничко прашање за безбедносната состојба во државата поставено од пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ.

Ваша работа е да барате оставка, доколку сметате дека некој не работи како што треба. Но, во 2023 година на територија на Македонија има 23 убиства, досега во 2024 година 16 убиства. Во 2024 година две нерасчистени, 2023 година пак две нерасчистени. Ниту еднаш во 2023 година за овие 23 убиства кои се случени, ниту еднаш, не излеговте да побарате оставка од почитуваниот Спасовски. Тука е лицемерието што јавно им го покажувате на македонските граѓани. На територија на град Скопје во текот на 2023 година имало околу 300 разбојништва, во 2024 година околу 150 досега или околу 35 отсто помалку од истиот период лани. Факт е дека бројките се намалени и дека за 320 разбојништва ниту еднаш не побаравте оставка од мојот претходник на позицијата, а од мене побаравте 300 пати – се обрати Тошковски до опозицијата.

Во врска со убиствата во Чаир и во Лептокарија, Тошковски рече дека сторителите се во притвор и дека МВР ја завршило својата работа.

Пратеникот Спасовски критикуваше дека откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, сериозно е нарушена безбедносна состојба во земјата.

Само во октомври, за неполн месец, имаше 5 инциденти со пукање, а над 25 вооружени инциденти се случија во изминатите 4 месеци. Пред три дена имаше пукање од автоматско оружје во Чаир, пред една недела, исто така имаше пукање на скопската обиколница, потоа пред две недели, имаше пукање во Чаир, каде што директно беше и помилуваниот наркобос, Барон, кој беше вмешан во тој инцидент. Сето ова е во октомври. Исто така, на почеток на октомври се пукаше во Чаир каде беше повредено 19-годишно момче, а се пукаше и во Арачиново, Батинци, Сингелиќ, на пластичарската улица. Имаше пукање и во Тетово, се случи и убиство кај Мавровка – рече Спасовски.

Тој го праша премиерот Христијсн Мицкоски, дали по сите овие вооружени инциденти, ќе побара одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дали Тошковски ќе поднесе оставка или Мицкоски ќе поднесе предлог за разрешување на министерот.

Мицкоски како претседател на Владата излезе со став дека се подготвува сериозно нарушување на безбедносната состојба во земјата, некаде на есен, од страна на одредени групации и поединци за кои досега не добивме никаква конкретна информација. Доколку тоа е во истрага нема да се соопшти, но доволно е да се соопшти дека е отворена постапка против тие, затоа што не треба да чекаме да ни се случи дестабилизација на безбедносната состојба, па дури тогаш да реагираме – рече Спасовски.

The post Тошковски праша зошто не се барало оставка од Спасовски: Бројот на убиства е намален, а од мене побаравте 300 пати appeared first on Република.

]]>

СДСМ се неконструктивна опозиција затоа што се обидува да ги излаже граѓаnите, бидејќи статистиките покажуваат пад во криминалитетот во однос на убиствата и на разбојништвата за 2024 година во споредба со 2023 година кога министер за внатрешни работи беше Оливер Спасовски, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на пратеничко прашање за безбедносната состојба во државата поставено од пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ.
Ваша работа е да барате оставка, доколку сметате дека некој не работи како што треба. Но, во 2023 година на територија на Македонија има 23 убиства, досега во 2024 година 16 убиства. Во 2024 година две нерасчистени, 2023 година пак две нерасчистени. Ниту еднаш во 2023 година за овие 23 убиства кои се случени, ниту еднаш, не излеговте да побарате оставка од почитуваниот Спасовски. Тука е лицемерието што јавно им го покажувате на македонските граѓани. На територија на град Скопје во текот на 2023 година имало околу 300 разбојништва, во 2024 година околу 150 досега или околу 35 отсто помалку од истиот период лани. Факт е дека бројките се намалени и дека за 320 разбојништва ниту еднаш не побаравте оставка од мојот претходник на позицијата, а од мене побаравте 300 пати – се обрати Тошковски до опозицијата.
Во врска со убиствата во Чаир и во Лептокарија, Тошковски рече дека сторителите се во притвор и дека МВР ја завршило својата работа. Пратеникот Спасовски критикуваше дека откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, сериозно е нарушена безбедносна состојба во земјата.
Само во октомври, за неполн месец, имаше 5 инциденти со пукање, а над 25 вооружени инциденти се случија во изминатите 4 месеци. Пред три дена имаше пукање од автоматско оружје во Чаир, пред една недела, исто така имаше пукање на скопската обиколница, потоа пред две недели, имаше пукање во Чаир, каде што директно беше и помилуваниот наркобос, Барон, кој беше вмешан во тој инцидент. Сето ова е во октомври. Исто така, на почеток на октомври се пукаше во Чаир каде беше повредено 19-годишно момче, а се пукаше и во Арачиново, Батинци, Сингелиќ, на пластичарската улица. Имаше пукање и во Тетово, се случи и убиство кај Мавровка – рече Спасовски.
Тој го праша премиерот Христијсн Мицкоски, дали по сите овие вооружени инциденти, ќе побара одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дали Тошковски ќе поднесе оставка или Мицкоски ќе поднесе предлог за разрешување на министерот.
Мицкоски како претседател на Владата излезе со став дека се подготвува сериозно нарушување на безбедносната состојба во земјата, некаде на есен, од страна на одредени групации и поединци за кои досега не добивме никаква конкретна информација. Доколку тоа е во истрага нема да се соопшти, но доволно е да се соопшти дека е отворена постапка против тие, затоа што не треба да чекаме да ни се случи дестабилизација на безбедносната состојба, па дури тогаш да реагираме – рече Спасовски.

The post Тошковски праша зошто не се барало оставка од Спасовски: Бројот на убиства е намален, а од мене побаравте 300 пати appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Очекуваме проекти кои што се добри и ќе ги поддржиме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-ochekuvame-proekti-koi-shto-se-dobri-i-ke-gi-poddrzhime/ Tue, 08 Oct 2024 18:40:50 +0000 https://republika.mk/?p=824322

Не знам каде премиерот ја гледа суетата кај опозицијата, рече во вечерашната „Само вистина“ Оливер Спасовски.

Мислам дека е добро тоа што се одржа ветувањето кон пензионерите за пензиите, иако не како што беше најавено наеднаш туку во два турнуси. Добро е што не се прекинаа ад-хок сите проекти кои што беа започнати во иминатиот период во смисла на странските инвестиии и капителните проекти. Не знам каде премиерот ја гледа суетата кај опозицијата. Очекуваме проекти кои што се добри и ќе ги поддржиме. Постојат теми од национален интерес за кои што мора да бидеме обединети. Со поддржување на законот за зголемување на пензиите покажавме поддршка и очекуваме да видиме мерки и конкретни чекори каде ќе покажеме дека сакаме да се обединиме, рече Оливер Спасовски.

The post Спасовски: Очекуваме проекти кои што се добри и ќе ги поддржиме appeared first on Република.

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Оливер Спасовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/reaktsija-od-vmro-dpmne-na-stavovite-na-oliver-spasovski/ Sun, 29 Sep 2024 12:39:56 +0000 https://republika.mk/?p=820740

„Да не се грижи Спасовски и СДС, ДУИ не им го земаме, заедно од опозиција ќе гледаат како Македонија оди напред“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешното интервју на пратеникот од СДСМ и поранешен министер Оливер Спасовски, кој рече дека очекувал ДУИ да стане дел од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-ochekuvam-dui-da-stane-del-od-vladata/

СДС не знаат веќе што да направат, затоа што рејтингот им се топи како коцка мраз на +40°С. Сега се послаби од што беа на последните избори. Допрва следува ситнење во СДС заради нивните лоши политики изминативе 7 години, и никакво растурање на пердуви нема да им помогне да го спречат тоа. Пасокизацијата во СДС е процес кој тргна и нема назад. Спасовски наместо да се сокрие некаде и да се срами затоа што беше министер во МВР со најголем број на убиства за кои сторителите уште ен се фатени, тој излегува и дава изјави и интервјуа. Дали до толку СДС го потценува народот? И знаат ли дека се повеќе губат со тоа?, стои во реакцијата.

The post Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Оливер Спасовски appeared first on Република.

]]>

„Да не се грижи Спасовски и СДС, ДУИ не им го земаме, заедно од опозиција ќе гледаат како Македонија оди напред“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешното интервју на пратеникот од СДСМ и поранешен министер Оливер Спасовски, кој рече дека очекувал ДУИ да стане дел од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-ochekuvam-dui-da-stane-del-od-vladata/
СДС не знаат веќе што да направат, затоа што рејтингот им се топи како коцка мраз на +40°С. Сега се послаби од што беа на последните избори. Допрва следува ситнење во СДС заради нивните лоши политики изминативе 7 години, и никакво растурање на пердуви нема да им помогне да го спречат тоа. Пасокизацијата во СДС е процес кој тргна и нема назад. Спасовски наместо да се сокрие некаде и да се срами затоа што беше министер во МВР со најголем број на убиства за кои сторителите уште ен се фатени, тој излегува и дава изјави и интервјуа. Дали до толку СДС го потценува народот? И знаат ли дека се повеќе губат со тоа?, стои во реакцијата.

The post Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Оливер Спасовски appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Очекувам ДУИ да стане дел од Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-ochekuvam-dui-da-stane-del-od-vladata/ Sun, 29 Sep 2024 12:19:59 +0000 https://republika.mk/?p=820836

Нема да ме изненади и за очекување ми е дека во наредниот период ДУИ би била сигурно дел од Владата, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа (РСЕ), оценувајќи оти опозициската партија „неретко ѝ помага на ВМРО-ДПМНЕ“.

Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е поставена на едни многу добри односи и мене нема да ме изненади и за очекување ми е дека во наредниот период ДУИ би била сигурно дел од Владата, изјави Спасовски во интервјуто за РСЕ.

Овој став го темели на поддршката што ДУИ ја даде за усвојување на неколку закони предложени од ВМРО-ДПМНЕ, за чие носење беше потребно двотретинско мнозинство, кое се обезбеди со гласовите на интегративците.

Премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по завршување на изборите и формирањето на Владата велеа дека ДУИ е минато во македонската политика и за ништо не се прашува и одлучува. Еден дел од македонските граѓани дадоа поддршка за ВМРО-ДПМНЕ токму поради ваквиот пристап кон ДУИ, дека тоа е партија која е целосно дефакторизирана. А ние во суштина имаме формирање влада, дури и пред да се формира. Веднаш имавме прва успешна средба и соработка или преговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои се одвиваа во законодавниот дом, а се однесуваа за поддршка на Законот за организација на органите на државната управа, додава пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ.

Спасовски го споменува и гласањето на измените на Законот за локална самоуправа, за кои, исто така, беше потребен двотретински број гласови во Собранието. За измените гласаа дел од пратениците од „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ.

The post Спасовски: Очекувам ДУИ да стане дел од Владата appeared first on Република.

Спасовски: Сите треба да работиме меѓуетничките односи во државата да ги чуваме како најсвето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-site-treba-da-rabotime-meguetnichkite-odnosi-vo-drzhavata-da-gi-chuvame-kako-najsveto/ Fri, 13 Sep 2024 19:32:29 +0000 https://republika.mk/?p=816212

Пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски во денешното гостување за вестите на Алсат, прашан зошто токму сега пратениците на СДСМ го поднесоа предлог Законот за обештетување на бранителите рече дека поради тоа што сега може да се обезбеди поширока поддршка помеѓу пратениците, особено што ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ декларативно се изјасниле дека го поддржуваат.

„ВМРО-ДПМНЕ како партија која ја презема власта се изјасни дека дава апсолутна поддршка за носење на законот, тука е и ЗНАМ која е дел од владината коалиција. Ако таа декларативно изразена волја биде реална може да се донесе законот и да ги реши сите овие прашања низ политички дијалог. Ние го дадовме Законот по скратена постапка, Собранието се изјасни и сега е на дневен ред.“, рече Спасовски во интервју за Алсат М Телевизија.

Прашан за настаните околу црквата во Галате, Спасовски рече дека Таравари треба да седне со Мицкоски да поразговара и да се вразумат.

Спасовски покажа фотографии на кои се гледа дека активисти на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на Таравари се дел од настаните.

-Ова е фотографија на инвеститорот, еден од поблиските соработници на господинот Таравари. Овде ќе видите уште едно момче кое е дел од раководството на локалниот клуб на ВМРО-ДПМНЕ, еден од учесниците на тие случувања кај црквата. Овде има уште една слика со раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се луѓето кои беа во Галате. Ова го кажувам само за да бидат разбиени тие лаги кои се пуштаат во јавноста дека некој друг нешто пушта. Така да господинот Таравари треба да си седне со коалициониот партнер, да поразговараат на оваа тема и да се вразумат,  рече Спасовски.

Пратеникот на СДСМ осуди секаков акт што носи до подгревање на етнички тензии, особено кога се работи за верски објект, повика на дијалог и институционално решение.

-Сите ние треба да работиме меѓуетничките односи во државата да ги чуваме како најсвето. Оваа држава во која сите треба подеднакво да се чувствуваат, рече Спасовски.

Од една страна демек се напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ и „дефакторизираната ДУИ“ а од друга страна секој втор ден некој висок претставник од ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во седиштето на ДУИ во Мала Речица, тоа не носи резулатат, рече пратеникот на СДСМ.

Во однос на Балансерот Спасовски рече дека тоа не е прашање за СДСМ туку за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

-Тие излегоа и рекоа ние го укинуваме балансерот. Па после им требаше поддршка за Законот за реорганизација, седнаа со „дефакторизираната ДУИ“ па рекоа ќе формираме комисија во Собрание, па ДУИ предложи и таа коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го изгласаа. За да чуеме сега од министерот за администрација дека балансерот не се укинува. Тоа зависи од ветувањата односно лагите кои беа кажани пред изборите, рече Спасовски

The post Спасовски: Сите треба да работиме меѓуетничките односи во државата да ги чуваме како најсвето appeared first on Република.

]]>

Пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски во денешното гостување за вестите на Алсат, прашан зошто токму сега пратениците на СДСМ го поднесоа предлог Законот за обештетување на бранителите рече дека поради тоа што сега може да се обезбеди поширока поддршка помеѓу пратениците, особено што ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ декларативно се изјасниле дека го поддржуваат.
„ВМРО-ДПМНЕ како партија која ја презема власта се изјасни дека дава апсолутна поддршка за носење на законот, тука е и ЗНАМ која е дел од владината коалиција. Ако таа декларативно изразена волја биде реална може да се донесе законот и да ги реши сите овие прашања низ политички дијалог. Ние го дадовме Законот по скратена постапка, Собранието се изјасни и сега е на дневен ред.“, рече Спасовски во интервју за Алсат М Телевизија.
Прашан за настаните околу црквата во Галате, Спасовски рече дека Таравари треба да седне со Мицкоски да поразговара и да се вразумат. Спасовски покажа фотографии на кои се гледа дека активисти на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на Таравари се дел од настаните.
-Ова е фотографија на инвеститорот, еден од поблиските соработници на господинот Таравари. Овде ќе видите уште едно момче кое е дел од раководството на локалниот клуб на ВМРО-ДПМНЕ, еден од учесниците на тие случувања кај црквата. Овде има уште една слика со раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се луѓето кои беа во Галате. Ова го кажувам само за да бидат разбиени тие лаги кои се пуштаат во јавноста дека некој друг нешто пушта. Така да господинот Таравари треба да си седне со коалициониот партнер, да поразговараат на оваа тема и да се вразумат,  рече Спасовски.
Пратеникот на СДСМ осуди секаков акт што носи до подгревање на етнички тензии, особено кога се работи за верски објект, повика на дијалог и институционално решение. -Сите ние треба да работиме меѓуетничките односи во државата да ги чуваме како најсвето. Оваа држава во која сите треба подеднакво да се чувствуваат, рече Спасовски. Од една страна демек се напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ и „дефакторизираната ДУИ“ а од друга страна секој втор ден некој висок претставник од ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во седиштето на ДУИ во Мала Речица, тоа не носи резулатат, рече пратеникот на СДСМ. Во однос на Балансерот Спасовски рече дека тоа не е прашање за СДСМ туку за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
-Тие излегоа и рекоа ние го укинуваме балансерот. Па после им требаше поддршка за Законот за реорганизација, седнаа со „дефакторизираната ДУИ“ па рекоа ќе формираме комисија во Собрание, па ДУИ предложи и таа коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го изгласаа. За да чуеме сега од министерот за администрација дека балансерот не се укинува. Тоа зависи од ветувањата односно лагите кои беа кажани пред изборите, рече Спасовски

The post Спасовски: Сите треба да работиме меѓуетничките односи во државата да ги чуваме како најсвето appeared first on Република.

]]>
Спасовски е единица мерка за криминал, наместо лекции, треба од срам да се сокрие од јавноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-e-edinitsa-merka-za-kriminal-namesto-lektsii-treba-od-sram-da-se-sokrie-od-javnosta/ Sun, 11 Aug 2024 09:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=805398

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека е интересен, и воедно трагичен е феноменот поранешни министри на најкриминалната влада во историјата, таа на СДС и ДУИ, да излегуваат во јавност и солат памет во стилот на аналитичари за тоа како требале да постапуваат институциите.

Од партијата додаваат дека последен во примерите на маскирани аналитичари е Оливер Спасовски кој молчеше со години за слични инциденти со косовската претседателка, а сега кажува како требало да постапи МВР.

Во реалноста, и доколку се зборува без ракавици, Оливер Спасовски е единица мерка за криминал. Човекот даваше пасоши на белосветски криминалци како да се бонбони од слаткара. Потоа главниот град го стави на тацна на криминалното подземје, било тоа да се нарлото бандите од Грчец или од Ченто и Арачиново. Потоа полицајци од страната на криминалци во Александар Палас се пукаа со други полицајци.

Неговите началници наместо припадници на МВР беа бизнис елита која гради станови и згради. Истиот Спасовски ја убедуваше јавноста дека полицаец се удрил во пајак возило само затоа што визолото беше на моќник од ДУИ. Истиот Спасовски беше мајверен слуга на другата единица мерка за криминал Артан Груби.

Друг пат наместо Спасовски да зборува за криминал нека се сокрие затоа што отсуството на срам е подеднакво дрско како и криминалот кој го раѓаше и штитеше таа гарнитура СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Спасовски е единица мерка за криминал, наместо лекции, треба од срам да се сокрие од јавноста appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека е интересен, и воедно трагичен е феноменот поранешни министри на најкриминалната влада во историјата, таа на СДС и ДУИ, да излегуваат во јавност и солат памет во стилот на аналитичари за тоа како требале да постапуваат институциите. Од партијата додаваат дека последен во примерите на маскирани аналитичари е Оливер Спасовски кој молчеше со години за слични инциденти со косовската претседателка, а сега кажува како требало да постапи МВР.
Во реалноста, и доколку се зборува без ракавици, Оливер Спасовски е единица мерка за криминал. Човекот даваше пасоши на белосветски криминалци како да се бонбони од слаткара. Потоа главниот град го стави на тацна на криминалното подземје, било тоа да се нарлото бандите од Грчец или од Ченто и Арачиново. Потоа полицајци од страната на криминалци во Александар Палас се пукаа со други полицајци.   Неговите началници наместо припадници на МВР беа бизнис елита која гради станови и згради. Истиот Спасовски ја убедуваше јавноста дека полицаец се удрил во пајак возило само затоа што визолото беше на моќник од ДУИ. Истиот Спасовски беше мајверен слуга на другата единица мерка за криминал Артан Груби.   Друг пат наместо Спасовски да зборува за криминал нека се сокрие затоа што отсуството на срам е подеднакво дрско како и криминалот кој го раѓаше и штитеше таа гарнитура СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Спасовски е единица мерка за криминал, наместо лекции, треба од срам да се сокрие од јавноста appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Дестабилизацијата е осуетена – Спасовски: Ова е замајување на јавноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-destabilizatsijata-e-osuetena-spasovski-ova-e-zamajuvane-na-javnosta/ Sat, 10 Aug 2024 17:05:33 +0000 https://republika.mk/?p=805268

Планот за дестабилизација на државата е осуетен, велат од ВМРО-ДПМНЕ, чиј претседател Христијан Мицкоски неодамна кажа дека ДУИ наесен планира да ја дестабилизира земјата. Од владејачката партија, тежиштето од ДУИ сега го преместија кон СДСМ.

„СДС не може да остане нем посматрач, мора да кажат дали и тие чекаа на ДУИ за да ја дестабилизира државата? Па сега и едните и другите откако претседателот Мицкоски им го осуети планот се прегрупираат и се вадат дека само ќе протестираат. И СДС и ДУИ имаат само една цел, нивните корумпирани функционери да не одговараат за криминалот и грабежот на државата.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник на СДСМ, Оливер Спасовски претходно ги оцени тврдењата на Мицкоски како „замајување на јавноста“. Во телевизиско интервју тој истакна дека во случај ваквите информации да биле точни тогаш веднаш би требало да реагира Јавното обвинителство, а претседателката на државата да свика седница на Советот за безбедност. Според Спасовски, многу е несериозно премиер на држава да изнесува информации за дестабилизација, а државните органи да не преземаат ништо.

„Треба веднаш да се реагира и да тие коишто тоа го подготвуваат бидат приведени и таа група да сноси одговорност. Е сега, бидејќи тоа не се случува – ова е чисто замајување на јавноста. Ќе фрлите информација во јавноста, демек ќе се случува нешто крупно во државата, за да ги прикриете сите овие работи коишто катастрофално се спроведуваат од почетокот на формирањето на оваа Влада.“, рече Спасовски.

И СДСМ, но и владиниот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“, веќе го повикаа премиерот Мицкоски да ги сподели информациите во Јавното обвинителство.

Од „Вреди“ повторија дека не знаат со какви информации располага Мицкоски, но истакнаа дека ДУИ е немоќна да направи дестабилизација и се обидува да направи паника. На прашањето што подразбирал премиерот Мицкоски кога кажал „дестабилизација“, од Вреди одговорија:

„Изразот дестабилизација е израз кој не извира, во оваа околност, не извира од владината коалиција, не извира од другите политички партии, туку е израз кој потекнува од самото ДУИ.“, вели Фари Хисени.

Функционери на ДУИ претходно ги квалификуваа изјавите на Мицкоски како политички блеф, но нагласија дека ќе ги користат сите демократски методи за да ја спречат, како што велат, мајоризацијата и понижувањето на гласот на Албанецот.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дестабилизацијата е осуетена – Спасовски: Ова е замајување на јавноста appeared first on Република.

]]>

Планот за дестабилизација на државата е осуетен, велат од ВМРО-ДПМНЕ, чиј претседател Христијан Мицкоски неодамна кажа дека ДУИ наесен планира да ја дестабилизира земјата. Од владејачката партија, тежиштето од ДУИ сега го преместија кон СДСМ.
„СДС не може да остане нем посматрач, мора да кажат дали и тие чекаа на ДУИ за да ја дестабилизира државата? Па сега и едните и другите откако претседателот Мицкоски им го осуети планот се прегрупираат и се вадат дека само ќе протестираат. И СДС и ДУИ имаат само една цел, нивните корумпирани функционери да не одговараат за криминалот и грабежот на државата.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник на СДСМ, Оливер Спасовски претходно ги оцени тврдењата на Мицкоски како „замајување на јавноста“. Во телевизиско интервју тој истакна дека во случај ваквите информации да биле точни тогаш веднаш би требало да реагира Јавното обвинителство, а претседателката на државата да свика седница на Советот за безбедност. Според Спасовски, многу е несериозно премиер на држава да изнесува информации за дестабилизација, а државните органи да не преземаат ништо.
„Треба веднаш да се реагира и да тие коишто тоа го подготвуваат бидат приведени и таа група да сноси одговорност. Е сега, бидејќи тоа не се случува – ова е чисто замајување на јавноста. Ќе фрлите информација во јавноста, демек ќе се случува нешто крупно во државата, за да ги прикриете сите овие работи коишто катастрофално се спроведуваат од почетокот на формирањето на оваа Влада.“, рече Спасовски.
И СДСМ, но и владиниот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“, веќе го повикаа премиерот Мицкоски да ги сподели информациите во Јавното обвинителство. Од „Вреди“ повторија дека не знаат со какви информации располага Мицкоски, но истакнаа дека ДУИ е немоќна да направи дестабилизација и се обидува да направи паника. На прашањето што подразбирал премиерот Мицкоски кога кажал „дестабилизација“, од Вреди одговорија:
„Изразот дестабилизација е израз кој не извира, во оваа околност, не извира од владината коалиција, не извира од другите политички партии, туку е израз кој потекнува од самото ДУИ.“, вели Фари Хисени.
Функционери на ДУИ претходно ги квалификуваа изјавите на Мицкоски како политички блеф, но нагласија дека ќе ги користат сите демократски методи за да ја спречат, како што велат, мајоризацијата и понижувањето на гласот на Албанецот.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дестабилизацијата е осуетена – Спасовски: Ова е замајување на јавноста appeared first on Република.

]]>
Коцевски: Ако полицаецот е незадоволен, не може да сметаме на безбедна држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotsevski-ako-politsaetsot-e-nezadovolen-ne-mozhe-da-smetame-na-bezbedna-drzhava/ Thu, 27 Jun 2024 08:41:24 +0000 https://republika.mk/?p=791183

Вчерашната кривична пријава не е прва што Синдикатот ја има поднесено до ОЈО, а се однесува на повреда на правата од работен однос и на злоупотреба на службената положба. Имено, на работик за полесно кршење на работна дисциплина донесена е мерка отказ што не е според законот. Мене ми е посебно жал што претседателката на комисијата за жалби 90 отсто од поплаките ги решава против подносителите. Апелирам да почне да владее правото, да се покрене кривичен предлог и овие работи што се случуваат во МВР да престанат. Поранешниот министер против кого е поднесена кривичната пријава немаше никаква реакција, како што никогаш и немало. Ние реагиравме и кога потпиша две прерасределувања вон работното место кога користел боледување поради Ковид-19, вели Орце Коцевски од Синдикатот на полицијата во СТУДИО 10 на ТВ 24.

https://republika.mk/vesti/makedonija/se-mnozhat-nova-krivichna-prijava-protiv-oliver-spasovski/

Платите во полицијата не се добри и тоа може да се види от тоа што на последниот конкурс за вработување се пријавија само 1000 луѓе за 660 места. Основната плата на полицаец е 16.300 денари. Ако знаеме дека минималната плата е 22.500 денара излегува дека основната плата на полицаец е 100 евра пониска од минималната. Полицајците имаат и додатоци на плата и со нив изнесува околу 23-24 илјади денари. Просечната плата во Македонија е 41 илјада денари и срамота е да зборуваме за помала плата. Новиот министер Тошковски е првиот кој проговори за ниските плати во полицијата и тешката состојба, вели Коцевски.

Коцевски вели дека доаѓаат подобри денови за полицијата.

Ако полицаецот е незадоволен, не може да сметаме на безбедна држава, вели Коцевски.

The post Коцевски: Ако полицаецот е незадоволен, не може да сметаме на безбедна држава appeared first on Република.

Се множат: Нова кривична пријава против Оливер Спасовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-mnozhat-nova-krivichna-prijava-protiv-oliver-spasovski/ Wed, 26 Jun 2024 09:40:37 +0000 https://republika.mk/?p=790925

Синдикатот на полиција во Македонија до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицата О.С., во момент на сторување на кривичното дело министер за внатрешни работи, и Д.Ч. во моментов актуелна претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, заради основано сомнение за сторени две кривични дела – „повреда на право од работен однос“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

По претходно спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на работник во МВР за полесна повреда на кршење на работна дисциплина првопријавениот во својство на министер изготвил решение што во ниту еден случај не смеел да го изготви, а после тоа изготвил и решение со кое на работникот В.Р. и врачил отказ, изјави Орце Коцевски, претседател на Синдикатот на полиција во Македонија, на денешната прес-конференција пред ОЈО Скопје.

Второпријавената, пак, како што кажа, во својство на претседателка на Комисијата, решавајќи по приговор изготвила решение со кое приговорот по незаконското решение го одбила како неосновано.

Бараме ОЈО Скопје да ја земе во предвид оваа и сите наши претходни пријави, сериозно да ги разгледаат и веќе конечно да поведат постапка против наведените лица, односно да дадат обвинителен предлог и да почне да се спроведува правдата во Македонија, рече Коцевски.

Нагласи дека како синдикат во јавноста веќе две-три години зборуваат дека во последните неколку години во времето на владеење на поранешниот министер за внатрешни работи незаконски се издадени преку 25 илјади решенија.

Станува збор за преку 25 илјади решенија за распоредување од чие изготвување според официјалната пресметката е сторена штета на буџетот на МВР од преку 25 милиони евра. Се надевам дека ОЈО ќе има сериозна работа пред себе, сериозен предизвик и дека сета оваа работа вклучително и денешнава ќе излезе пред јавноста за многу брзо време, посочи Коцевски.

Од почетокот на годината синдикатот има поднесено повеќе кривични пријави против поранешниот министер, кој функцијата ја извршуваше долги години.

The post Се множат: Нова кривична пријава против Оливер Спасовски appeared first on Република.

Спасовски незадоволен од предлогот за влада на Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-nezadovolen-od-predlogot-za-vlada-na-mitskoski/ Tue, 18 Jun 2024 18:42:01 +0000 https://republika.mk/?p=788874

Од она што денеска беше соопштено во јавноста при поднесувањето на предлогот за работа и состав на новата влада јасно е дека не постои јасен план во делот на економијата, нема јасни правци за стратешките интереси, а кадровскиот потенцијал што се нуди не одговара на очекувањата на граѓаните, рече денеска во изјава за медиумите координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.

„Од поднесениот предлог за состав на новата влада може да се констатира дека се продолжува во насока на големи ветувања и напразно кревање на очекувањата на граѓаните. Во суштина, важи народната: каде што имаат големи ветувања, одете со мала торба“, рече Спасовски.

Не постои јасен план во делот на економијата, додаде тој.

„Не постои јасен план во делот на економијата. Како и на кој начин ќе се заштити минималната плата? Како ќе расте просечната плата во државата? Нема детален план како ќе растат пензиите и кој ќе биде системот на гарантирање на растот на пензиите. Како ќе се стопираат зголемувањата на цените, што ќе се прави во делот на здравството како еден од клучните сегменти“, посочи Спасовски.

За жал, немаме ниту јасни правци за исполнување на нашите стратешки интерери, членството во ЕУ, освен декларативните, потенцира Спасовски.

Кадровскиот потецнијал што се нуди не може да одговори на очекувањата на граѓаните ниту, пак, на ветувањата што беа дадени во предизборниот период, додаде тој.

„Ова ќе биде влада која е составена, од една страна, со кадри што креираа политики во еден период на вледеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ до 2017 година, кои не може да понудат ништо ново или подобро од она што било во тој период. Од друга страна, кадри што не биле на позиции и за кои не можеме да кажеме како ќе постапуваат. Има предложени кадри за кои самата ВМРО-ДПМНЕ имаше многу негативни ставови и мислења како опозиција. Се сеќавате на изјавите за кандидатот за министер за здравство, така што сето тоа уште еднаш потврдува дека нема реалност во ветувањата. Детаљно ќе ја анализираме програма и на седницата за избор на влада ќе дебатираме со факти и аргументи“, рече пратеникот Оливер Спасовски денеска во изјава за медиумите во македонското Собрание.

The post Спасовски незадоволен од предлогот за влада на Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Од она што денеска беше соопштено во јавноста при поднесувањето на предлогот за работа и состав на новата влада јасно е дека не постои јасен план во делот на економијата, нема јасни правци за стратешките интереси, а кадровскиот потенцијал што се нуди не одговара на очекувањата на граѓаните, рече денеска во изјава за медиумите координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.
„Од поднесениот предлог за состав на новата влада може да се констатира дека се продолжува во насока на големи ветувања и напразно кревање на очекувањата на граѓаните. Во суштина, важи народната: каде што имаат големи ветувања, одете со мала торба“, рече Спасовски.
Не постои јасен план во делот на економијата, додаде тој.
„Не постои јасен план во делот на економијата. Како и на кој начин ќе се заштити минималната плата? Како ќе расте просечната плата во државата? Нема детален план како ќе растат пензиите и кој ќе биде системот на гарантирање на растот на пензиите. Како ќе се стопираат зголемувањата на цените, што ќе се прави во делот на здравството како еден од клучните сегменти“, посочи Спасовски.
За жал, немаме ниту јасни правци за исполнување на нашите стратешки интерери, членството во ЕУ, освен декларативните, потенцира Спасовски. Кадровскиот потецнијал што се нуди не може да одговори на очекувањата на граѓаните ниту, пак, на ветувањата што беа дадени во предизборниот период, додаде тој.
„Ова ќе биде влада која е составена, од една страна, со кадри што креираа политики во еден период на вледеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ до 2017 година, кои не може да понудат ништо ново или подобро од она што било во тој период. Од друга страна, кадри што не биле на позиции и за кои не можеме да кажеме како ќе постапуваат. Има предложени кадри за кои самата ВМРО-ДПМНЕ имаше многу негативни ставови и мислења како опозиција. Се сеќавате на изјавите за кандидатот за министер за здравство, така што сето тоа уште еднаш потврдува дека нема реалност во ветувањата. Детаљно ќе ја анализираме програма и на седницата за избор на влада ќе дебатираме со факти и аргументи“, рече пратеникот Оливер Спасовски денеска во изјава за медиумите во македонското Собрание.

The post Спасовски незадоволен од предлогот за влада на Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Со какво лице Спасовски излага пред јавноста, направи невиден хаос со пасошите, триста сомнителни тендери и набавки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskovski-so-kakvo-litse-spasovski-izlaga-pred-javnosta-napravi-neviden-haos-so-pasoshite-trista-somnitelni-tenderi-i-nabavki/ Tue, 11 Jun 2024 14:27:05 +0000 https://republika.mk/?p=786609

Со какво лице Спасовски излага пред јавноста, јавно прашува аналитичарот Ивор Мицковски.

Му избега Груевски, направи невиден хаос со пасошите и личните документи, триста сомнителни тендери и набавки, изгуби локални избори катастрофално, изгуби парламентарни уште покатастрофално.

Лично самиот е одговорен за подемот на третата опција, успехот на Максим и уништувањето на СДСМ.

И овој човек ќе води парламентарна група денес и ќе објаснува и критикува на телевизија како требало.

Најстрашно од се е што убија надеж, упропастија златна шанса за реформи и промени, за креирање правна држава.

Не знам кој слободоумен човек би сакал да биде претставуван од вакви шупелки од политичари, коментира Мицковски.

The post Мицковски: Со какво лице Спасовски излага пред јавноста, направи невиден хаос со пасошите, триста сомнителни тендери и набавки appeared first on Република.

]]>

Со какво лице Спасовски излага пред јавноста, јавно прашува аналитичарот Ивор Мицковски.
Му избега Груевски, направи невиден хаос со пасошите и личните документи, триста сомнителни тендери и набавки, изгуби локални избори катастрофално, изгуби парламентарни уште покатастрофално.   Лично самиот е одговорен за подемот на третата опција, успехот на Максим и уништувањето на СДСМ.   И овој човек ќе води парламентарна група денес и ќе објаснува и критикува на телевизија како требало.   Најстрашно од се е што убија надеж, упропастија златна шанса за реформи и промени, за креирање правна држава.   Не знам кој слободоумен човек би сакал да биде претставуван од вакви шупелки од политичари, коментира Мицковски.

The post Мицковски: Со какво лице Спасовски излага пред јавноста, направи невиден хаос со пасошите, триста сомнителни тендери и набавки appeared first on Република.

]]>
Уште една кривична против Оливер Спасовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-edna-krivichna-protiv-oliver-spasovski/ Wed, 05 Jun 2024 10:38:04 +0000 https://republika.mk/?p=784917

Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) објави дека поднеле кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Синдикат на Полиција во Македонија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето О.С поранешен Министер за внатрешни работи поради постоење на основано сомнение дека пријавениот во својство на службено лице – поранешен Министер во МВР со пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службената положба и овластувања кои ги имал ги сторил кривичните дела “Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ и „Несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик“.

Во конкретниот случај постои основано сомнение дека пријавениот О.С со злоупотреба на службената положба и овластување, со непочитување на здравствените прописи кои важеле во тоа време како и преземање на мерки и службени дејствија за време на спреченост на работа односно додека бил на боледување и непочитувајќи ги прописите за заштита од прописите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за заштита од вирусот „Ковид 19“ своерачно и незаконски потпишал две решенија за распоредување а со тоа ги сторил кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Несовесно работење во службата“ предвидени во член 353 и 353-в од Кривичниот законик“.

Синдикатот упати и прашање:

Каков човек треба да бидеш, додека си на боледување, да бидеш болен од Ковид 19, да бидеш во изолација и единствено да те интересира тоа да нанесеш штета на работниците на кои со години од твоето владеење „се колнеше“ дека се „ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА“. СРАМ И АРАМ ДА ТИ Е СПАСОВСКИ!“.

The post Уште една кривична против Оливер Спасовски appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) објави дека поднеле кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Синдикат на Полиција во Македонија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето О.С поранешен Министер за внатрешни работи поради постоење на основано сомнение дека пријавениот во својство на службено лице – поранешен Министер во МВР со пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службената положба и овластувања кои ги имал ги сторил кривичните дела “Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ и „Несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик“.   Во конкретниот случај постои основано сомнение дека пријавениот О.С со злоупотреба на службената положба и овластување, со непочитување на здравствените прописи кои важеле во тоа време како и преземање на мерки и службени дејствија за време на спреченост на работа односно додека бил на боледување и непочитувајќи ги прописите за заштита од прописите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за заштита од вирусот „Ковид 19“ своерачно и незаконски потпишал две решенија за распоредување а со тоа ги сторил кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Несовесно работење во службата“ предвидени во член 353 и 353-в од Кривичниот законик“.
Синдикатот упати и прашање:
Каков човек треба да бидеш, додека си на боледување, да бидеш болен од Ковид 19, да бидеш во изолација и единствено да те интересира тоа да нанесеш штета на работниците на кои со години од твоето владеење „се колнеше“ дека се „ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА“. СРАМ И АРАМ ДА ТИ Е СПАСОВСКИ!“.

The post Уште една кривична против Оливер Спасовски appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Законски е определено кои комисии припаѓаат на опозициските партии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-zakonski-e-opredeleno-koi-komisii-pripagaat-na-opozitsiskite-partii/ Mon, 03 Jun 2024 13:01:25 +0000 https://republika.mk/?p=784417

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во изјава за медиумите во Собранието за законските измени за реорганизација на министерствата, истакна дека на невидено поддршка или неподдршка не може да биде дадена.

-Во однос на тоа дали ќе даддме поддршка по однос на законите за како што тие ја нарекуваат реформа на администрацијата, треба тие закони прво официјално да дојдат во Собрание. На невидено поддршка или неподдршка, не може да биде дадена. Треба да ги видиме законите. Што е тоа што пишува во нив, кој е официјалниот текст и на основа на тоа ќе донесемне заклучок, одлука, и на ниво на партија и на пратеничка група дали ќе бидат поддржани овие закони, рече Спасовски.

На новинарско прашање кои комисии очекува да им припашаат на нив, тој нагласи дека законски е определено кои комисии припаѓаат на опозициските партии.

-За тоа постои формула, пропорционалност според големината на пратеничките групи. Второ, има законски определени кои комисии припаѓаат на опозицијата. Така да, во рамките на тоа што припаѓа и на тоа што ќе го разговараме со политичките партии кои што се застапени во Парлмаентот, тогаш ќе договориме колку комисии и кои би биле тие од редот на опозициските партии, изјави Спасовски.

Околу тоа кога очекува да заврши овој процес, тој рече дека динамиката за ова зависи од претседателот на Собранието.

-Динамиката за тоа кога ќе биде затворен целиот тој процес, сепак зависи од претседателот на Собранието. За нас е важно да помине процесот низ консултаици во кој што ќе добиеме максимална усогласеност помеѓу политичките субјекти, се со цел Собранието да континуира на еден нормален начин. Така што, јас очекувам дека тој процес ќе се одвива квалитетно, а не да гледаме кога тој би завршил, истакна Спасовски

The post Спасовски: Законски е определено кои комисии припаѓаат на опозициските партии appeared first on Република.

]]>

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во изјава за медиумите во Собранието за законските измени за реорганизација на министерствата, истакна дека на невидено поддршка или неподдршка не може да биде дадена. -Во однос на тоа дали ќе даддме поддршка по однос на законите за како што тие ја нарекуваат реформа на администрацијата, треба тие закони прво официјално да дојдат во Собрание. На невидено поддршка или неподдршка, не може да биде дадена. Треба да ги видиме законите. Што е тоа што пишува во нив, кој е официјалниот текст и на основа на тоа ќе донесемне заклучок, одлука, и на ниво на партија и на пратеничка група дали ќе бидат поддржани овие закони, рече Спасовски. На новинарско прашање кои комисии очекува да им припашаат на нив, тој нагласи дека законски е определено кои комисии припаѓаат на опозициските партии.
-За тоа постои формула, пропорционалност според големината на пратеничките групи. Второ, има законски определени кои комисии припаѓаат на опозицијата. Така да, во рамките на тоа што припаѓа и на тоа што ќе го разговараме со политичките партии кои што се застапени во Парлмаентот, тогаш ќе договориме колку комисии и кои би биле тие од редот на опозициските партии, изјави Спасовски.
Околу тоа кога очекува да заврши овој процес, тој рече дека динамиката за ова зависи од претседателот на Собранието.
-Динамиката за тоа кога ќе биде затворен целиот тој процес, сепак зависи од претседателот на Собранието. За нас е важно да помине процесот низ консултаици во кој што ќе добиеме максимална усогласеност помеѓу политичките субјекти, се со цел Собранието да континуира на еден нормален начин. Така што, јас очекувам дека тој процес ќе се одвива квалитетно, а не да гледаме кога тој би завршил, истакна Спасовски

The post Спасовски: Законски е определено кои комисии припаѓаат на опозициските партии appeared first on Република.

]]>
Спасовски: ДУИ има вина за лошиот изборен резултат на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-dui-ima-vina-za-loshiot-izboren-rezultat-na-sdsm/ Fri, 24 May 2024 09:00:10 +0000 https://republika.mk/?p=781338

Екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека за лошиот изборен резултат свое влијание има и однесувањето на коалицискиот партнер ДУИ.

„Има повеќе причини за таквиот резултат, но ако треба неколку да одвоиме, тие се самата поставеност на партијата да ги направи најтешките работи за државата да може да чекориме напред, а тоа е Договорот со Бугарија, која беше цело време зборуван од јавноста. Однесувањето на ДУИ визави СДСМ, визави состојбите во државата. Настаните кои ни се случуваа во текот на сите овие години, кадровскиот потенцијал итн, сметам дека има големо влијание“, изјави Спасовски.

Спасовски кажа дека во јавноста се создала перцепција дека „СДСМ му дала се на ДУИ од она што е побарано“, но соработката била сосема поинаква.

„Имаше ситуации кога со коалицискиот партнер не се согласувавме со некои работи, и имаше дебати и расправии. Мојот став е дека секогаш во владата и во другите институции мора да има конструктивна дебата и само така да се решаваат проблеми“, смета Спасовски.

Спасовски се пофали дека минатата влада направила многу во борбата против криминалот и корупцијата. Ја „нападна“ опозицијата за решавањето на проблемите со пасошите, и кажа дека ќе поддржи одлука да им бидат вратени пари на граѓаните за менувањето на пасоши. Исто така за претседателката кажа дека е лицемерна, со оглед дека не кажува „Северна“, но го потпиша указот со уставното име.

Околу тоа дали некој од СДСМ може да премине во актуелното мнозинство, Спасовски одговори:

„Убеден сум дека од СДСМ не постои пратеник кој ќе даде поддршка на актуелното мнозинство“, рече Спасовски.

https://youtu.be/LqH4Uhdiqa0

The post Спасовски: ДУИ има вина за лошиот изборен резултат на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека за лошиот изборен резултат свое влијание има и однесувањето на коалицискиот партнер ДУИ.
„Има повеќе причини за таквиот резултат, но ако треба неколку да одвоиме, тие се самата поставеност на партијата да ги направи најтешките работи за државата да може да чекориме напред, а тоа е Договорот со Бугарија, која беше цело време зборуван од јавноста. Однесувањето на ДУИ визави СДСМ, визави состојбите во државата. Настаните кои ни се случуваа во текот на сите овие години, кадровскиот потенцијал итн, сметам дека има големо влијание“, изјави Спасовски.
Спасовски кажа дека во јавноста се создала перцепција дека „СДСМ му дала се на ДУИ од она што е побарано“, но соработката била сосема поинаква.
„Имаше ситуации кога со коалицискиот партнер не се согласувавме со некои работи, и имаше дебати и расправии. Мојот став е дека секогаш во владата и во другите институции мора да има конструктивна дебата и само така да се решаваат проблеми“, смета Спасовски.
Спасовски се пофали дека минатата влада направила многу во борбата против криминалот и корупцијата. Ја „нападна“ опозицијата за решавањето на проблемите со пасошите, и кажа дека ќе поддржи одлука да им бидат вратени пари на граѓаните за менувањето на пасоши. Исто така за претседателката кажа дека е лицемерна, со оглед дека не кажува „Северна“, но го потпиша указот со уставното име. Околу тоа дали некој од СДСМ може да премине во актуелното мнозинство, Спасовски одговори:
„Убеден сум дека од СДСМ не постои пратеник кој ќе даде поддршка на актуелното мнозинство“, рече Спасовски.
https://youtu.be/LqH4Uhdiqa0

The post Спасовски: ДУИ има вина за лошиот изборен резултат на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Договорот со Бугарија е една од причините за поразот на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-dogovorot-so-bugarija-e-edna-od-prichinite-za-porazot-na-sdsm/ Thu, 23 May 2024 18:18:49 +0000 https://republika.mk/?p=781272

Поранешниот министер за внатрешни работи, а сега избран за пратеник од СДСМ Оливер Спасовски смета дека има повеќе причини за поразот на неговата партија на изборите. Меѓу нив, ги посочи Договорот со Бугарија, но и однесувањето на коалицискиот партнер ДУИ, наспроти состојбите во државата.

Има повеќе причини за таквиот резултат, но ако треба неколку да одвоиме, тие се самата поставеност на партијата да ги направи најтешките работи за државата да може да чекориме напред, а тоа е Договорот со Бугарија, која беше цело време зборуван од јавноста. Однесувањето на ДУИ визави СДСМ, визави состојбите во државата. Настаните кои ни се случуваа во текот на сите овие години, кадровскиот потенцијал итн, сметам дека има големо влијание - изјави Спасовски за Клик Плус на ТВ 21.

Спасовски вели дека имало прашања за кои се немало согласност со ДУИ, кои не се затвориле, за кои се конфронтирале, но смета дека во Владата и во секоја институција треба да има дебата.

Тоа што е добро да се прифаќа, тоа што не е да не се прифаќа. Во јавноста перцепцијата е дека се што ќе побара ДУИ, СДСМ го дава. Ќе видиме дали е со причина наметната таа перцепција или нема причина. За жал, политиката е првично перцепција. Без разлика што ќе видите во одлуките. Истата таа тема на која се зборуваше сето она што ќе се побара се добива, еве можност да видиме како ќе се формира новата влада, новата коалиција, да видиме како ќе бидат односите сега меѓу новите коалициски партии. Јас кога зборувам за одговорен пристап, зборувам за пристап кој е важен и полезен за државата, за иднината на државата и за граѓаните. Ако зборуваме за личен интерес, тогаш е многу лесно да излегувате со ставови - изјави Спасовски.

Поранешниот министер вели дека ниту еден пратеник од СДСМ нема да му даде поддршка на актуелното мнозинство на СДСМ.

The post Спасовски: Договорот со Бугарија е една од причините за поразот на СДСМ appeared first on Република.

Уште плаќаме за неговите грешки: Спасовски сега поддржува да им бидат вратени пари на граѓаните за менувањето на пасошите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-plakame-za-negovite-greshki-spasovski-sega-poddrzhuva-da-im-bidat-vrateni-pari-na-graganite-za-menuvaneto-na-pasoshite/ Thu, 23 May 2024 16:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=781262

Екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на прашањето дали ќе им бидат вратени пари на граѓаните за менувањето на пасоши со новото име, во „Клик Плус“ на ТВ21 одговори дека би поддржал таква одлука ако се донесе во новата влада.

Тој став на Народниот правобранител е одамна искажан, и ако се сеќаваме и опозицијата го делеше тој став, па еве мегдан сега. Ако се договорат, тогаш јас таа одлука да им бидат вратени пари на граѓаните за пасошите, ќе ја поддржам - кажа Спасовски.

The post Уште плаќаме за неговите грешки: Спасовски сега поддржува да им бидат вратени пари на граѓаните за менувањето на пасошите appeared first on Република.

Максим Димитриевски им даде гол на Ковачевски и Спасовски во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maksim-dimitrievski-im-dade-gol-na-kovachevski-i-spasovski-vo-kumanovo/ Thu, 09 May 2024 13:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=776398

Максим Димитриевски и неговата ЗНАМ ги победија Оливер Спасовски и владејачката партија во заминување, СДСМ. Во Куманово, местото од каде доаѓаат и Димитриевски и Спасовски, ЗНАМ освои 10.612 гласа, а СДСМ 7.144 гласа. Носител на листата која освои околу 3 500 гласа е Даниел Стојчевски, додека пак носител на листата на колаицијата За европска иднина беше токму Оливер Спасовски.

На ниво на цела втора изборна единица, СДСМ освои само 2.397 гласа повеќе од ЗНАМ. Од Куманово потекнува и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Но се чини популарноста и угледот на Максим Димитриевски се на повисоко ниво. Во вотората изборна единица партијата на Ковачевски освои 18.631 гласа, додека пак партијата на Димитриевски 16.234. Тие 2.397 гласа не им донесоа на СДСМ повеќе пратенички места. И едните и другите освоија по две фотелји во собраниската сала. СДСМ обезбеди место за Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи, а ЗНАМ за Даниел Стојчевски и Даниела Белимова.

https://republika.mk/vesti/makedonija/debakl-na-oliver-spasovski-osvoi-samo-2-pratenichki-mesta/

|

The post Максим Димитриевски им даде гол на Ковачевски и Спасовски во Куманово appeared first on Република.

]]>

Максим Димитриевски и неговата ЗНАМ ги победија Оливер Спасовски и владејачката партија во заминување, СДСМ. Во Куманово, местото од каде доаѓаат и Димитриевски и Спасовски, ЗНАМ освои 10.612 гласа, а СДСМ 7.144 гласа. Носител на листата која освои околу 3 500 гласа е Даниел Стојчевски, додека пак носител на листата на колаицијата За европска иднина беше токму Оливер Спасовски. На ниво на цела втора изборна единица, СДСМ освои само 2.397 гласа повеќе од ЗНАМ. Од Куманово потекнува и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Но се чини популарноста и угледот на Максим Димитриевски се на повисоко ниво. Во вотората изборна единица партијата на Ковачевски освои 18.631 гласа, додека пак партијата на Димитриевски 16.234. Тие 2.397 гласа не им донесоа на СДСМ повеќе пратенички места. И едните и другите освоија по две фотелји во собраниската сала. СДСМ обезбеди место за Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи, а ЗНАМ за Даниел Стојчевски и Даниела Белимова. https://republika.mk/vesti/makedonija/debakl-na-oliver-spasovski-osvoi-samo-2-pratenichki-mesta/ |

The post Максим Димитриевски им даде гол на Ковачевски и Спасовски во Куманово appeared first on Република.

]]>
Дебакл на Оливер Спасовски – освои само 2 пратенички места https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/debakl-na-oliver-spasovski-osvoi-samo-2-pratenichki-mesta/ Wed, 08 May 2024 20:35:42 +0000 https://republika.mk/?p=775926

Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи се единствените пратеници од СДСМ во втората изборна единица. Оливер Спасовски, како носител на листата во оваа ИЕ освои речиси четири пати помалку гласови од носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој и донесе на ВМРО-ДПМНЕ 9 пратенички места. Од ВМРО-ДПМНЕ влегуваат Владо Мисајловски, Жаклина Пешевска, Иван Стоилковиќ, Бобан Николовски, Бојан Стојаноски, Каролина Насковска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска.

Садула Дураку и донесе 4 мандати на ДУИ - Садула Дураки, Скендер Реџепи, Дијана Тоска, Ељми Азири, а Африм Гаши три мандати на ВРЕДИ Африм Гаши, Ријад Шаќири, Мерита Колчи-Коџаџику. Од Левица од оваа изборна единица во собрание влегува Амар Мециновиќ, а од ЗНАМ Даниел Стојчевски.

Ова се податоци од 81 отсто обработени гласови, така што оваа листа може да претрпи одредени измени.

The post Дебакл на Оливер Спасовски – освои само 2 пратенички места appeared first on Република.

]]>

Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи се единствените пратеници од СДСМ во втората изборна единица. Оливер Спасовски, како носител на листата во оваа ИЕ освои речиси четири пати помалку гласови од носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој и донесе на ВМРО-ДПМНЕ 9 пратенички места. Од ВМРО-ДПМНЕ влегуваат Владо Мисајловски, Жаклина Пешевска, Иван Стоилковиќ, Бобан Николовски, Бојан Стојаноски, Каролина Насковска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска. Садула Дураку и донесе 4 мандати на ДУИ - Садула Дураки, Скендер Реџепи, Дијана Тоска, Ељми Азири, а Африм Гаши три мандати на ВРЕДИ Африм Гаши, Ријад Шаќири, Мерита Колчи-Коџаџику. Од Левица од оваа изборна единица во собрание влегува Амар Мециновиќ, а од ЗНАМ Даниел Стојчевски. Ова се податоци од 81 отсто обработени гласови, така што оваа листа може да претрпи одредени измени.

The post Дебакл на Оливер Спасовски – освои само 2 пратенички места appeared first on Република.

]]>
Спасовски: СДСМ може и знае како од Република Cеверна Македонија да изгради европска држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-sdsm-mozhe-i-znae-kako-od-republika-ceverna-makedonija-da-izgradi-evropska-drzhava/ Mon, 06 May 2024 16:31:33 +0000 https://republika.mk/?p=774754

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2, предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, на социјалните мрежи ја сподели понудата на парламентарните изборите 2024 година.

СДСМ има конкретна, издржана и остварлива Програма за следниот мандат во којшто ќе ги завршиме преговорите со ЕУ, за до 2030 година да го осигураме полноправното членство. Минималната и просечната плата и пензиите досега ги донесовме на историски највисоко ниво. Ветивме просечна плата од 500 евра, а не само што го исполнивме тоа, туку успеавме да го надминеме ова ветување и просечната плата достигна 650 евра. За речиси три пати ја зголемивме минималната плата, којашто сега изнесува 22.500 денари. Минималната и просечната пензија се зголемени за 50 проценти. Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе биде 600 евра. Во наредниот мандат минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари. Ќе продолжиме со силната поддршка на домашните компании. Порано, домашните компании беа поддржани со 0 денари. Ние поддржавме над 919 компании со над 100 милиони евра, што значеше поттик на 500 милиони евра нови инвестиции во домашната економија. Во следниот мандат ќе има нови 180 милиони евра директна поддршка за домашните компании, плус 3,5 милијарди евра капитални инвестиции и плус 750 милиони евра поддршка за земјоделството. И ако во претходниот мандат ја намаливме невработеноста на 12,6%, во наредниот мандат најавуваме дека за првпат во историјата на Македонија, ќе постигнеме едноцифрена невработеност од 7 проценти. Младите дополнително ќе ги поддржиме да бидат достоинствено платени на пазарот на трудот. Во следниот мандат предвидовме по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, во првите 12 месеци. Ќе воведеме и данок на личен доход од 0% за бизнисите што исплатуваат минимална плата, за да им помогнеме на малите фирми, а со тоа ќе ги поддржиме и граѓаните со најниски примања. Го подготвуваме најголемиот и најамбициозен план во независна Македонија за модернизација на инфраструктурата во целата држава со инвестиции од над 2,7 милијарди евра. Предвидуваме изградба на 194 километри нови автопатишта и реконструкција на 950 километри патишта до 2028 година. Следуваат дополнителни перспективи и за македонското земјоделство. Проектиравме рекордно производство на храна во износ од една и пол милијарда евра, извозот на прехранбени производи да достигне 1,25 милиони евра, финансиска поддршка за земјоделците во висина од 1,35 милијарди евра. Младите сакаат и имаат право да растат, да се образуваат, да живеат родната земја, во држава со европски вредности и стандарди, со висок животен стандард, со модерно образование, со современо здравство, во чиста животна средина. Сите сакаме и можеме да живеемо во прогресивна држава и во солидарно општество, со еднакви права и одговорности за секој граѓанин. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија може и знае како од Република Cеверна Македонија да изгради таква европска држава, да ја поставиме меѓу развиениот европски свет, затоа што целта за европска Македонија ја темелиме на реална Програма за развој.

Сите заедно на 8ми мај заокружуваме број 1 – нема откажување од иднината!, напиша Спасовски на Фејсбук.

The post Спасовски: СДСМ може и знае како од Република Cеверна Македонија да изгради европска држава appeared first on Република.

]]>

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2, предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, на социјалните мрежи ја сподели понудата на парламентарните изборите 2024 година.
СДСМ има конкретна, издржана и остварлива Програма за следниот мандат во којшто ќе ги завршиме преговорите со ЕУ, за до 2030 година да го осигураме полноправното членство. Минималната и просечната плата и пензиите досега ги донесовме на историски највисоко ниво. Ветивме просечна плата од 500 евра, а не само што го исполнивме тоа, туку успеавме да го надминеме ова ветување и просечната плата достигна 650 евра. За речиси три пати ја зголемивме минималната плата, којашто сега изнесува 22.500 денари. Минималната и просечната пензија се зголемени за 50 проценти. Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе биде 600 евра. Во наредниот мандат минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари. Ќе продолжиме со силната поддршка на домашните компании. Порано, домашните компании беа поддржани со 0 денари. Ние поддржавме над 919 компании со над 100 милиони евра, што значеше поттик на 500 милиони евра нови инвестиции во домашната економија. Во следниот мандат ќе има нови 180 милиони евра директна поддршка за домашните компании, плус 3,5 милијарди евра капитални инвестиции и плус 750 милиони евра поддршка за земјоделството. И ако во претходниот мандат ја намаливме невработеноста на 12,6%, во наредниот мандат најавуваме дека за првпат во историјата на Македонија, ќе постигнеме едноцифрена невработеност од 7 проценти. Младите дополнително ќе ги поддржиме да бидат достоинствено платени на пазарот на трудот. Во следниот мандат предвидовме по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, во првите 12 месеци. Ќе воведеме и данок на личен доход од 0% за бизнисите што исплатуваат минимална плата, за да им помогнеме на малите фирми, а со тоа ќе ги поддржиме и граѓаните со најниски примања. Го подготвуваме најголемиот и најамбициозен план во независна Македонија за модернизација на инфраструктурата во целата држава со инвестиции од над 2,7 милијарди евра. Предвидуваме изградба на 194 километри нови автопатишта и реконструкција на 950 километри патишта до 2028 година. Следуваат дополнителни перспективи и за македонското земјоделство. Проектиравме рекордно производство на храна во износ од една и пол милијарда евра, извозот на прехранбени производи да достигне 1,25 милиони евра, финансиска поддршка за земјоделците во висина од 1,35 милијарди евра. Младите сакаат и имаат право да растат, да се образуваат, да живеат родната земја, во држава со европски вредности и стандарди, со висок животен стандард, со модерно образование, со современо здравство, во чиста животна средина. Сите сакаме и можеме да живеемо во прогресивна држава и во солидарно општество, со еднакви права и одговорности за секој граѓанин. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија може и знае како од Република Cеверна Македонија да изгради таква европска држава, да ја поставиме меѓу развиениот европски свет, затоа што целта за европска Македонија ја темелиме на реална Програма за развој. Сите заедно на 8ми мај заокружуваме број 1 – нема откажување од иднината!, напиша Спасовски на Фејсбук.

The post Спасовски: СДСМ може и знае како од Република Cеверна Македонија да изгради европска држава appeared first on Република.

]]>