оливер спаосвски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oliver-spaosvski/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 10:09:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оливер спаосвски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oliver-spaosvski/ 32 32 Сака ли некој со сила да го стави или спаси Палчо од затвор? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/saka-li-nekoj-so-sila-da-go-stavi-ili-spasi-palcho-od-zatvor/ Thu, 21 Nov 2024 09:51:42 +0000 https://republika.mk/?p=840246

Случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој ја потресе Македонија не оди кон скора завршница. Јавноста веќе го осуди Палевски како сторител на двете убиства. Но, едно е јавност а друго се доказите кои засега ги нема или се многу тенки.

Досега ниту еден од сведоците не понуди доказ за тоа дека Палевски ги убил Вања и Панче, иако е сосема сигурно дека тој ја предводел групата во која се и останатите обвинети. Но, дали ја убил на така свиреп начин како што раскажа полицискиот инспектор ќе покаже понатамошниот тек на судењето.

На почетокот на процесот обвинителката рече дека поседуваат несоборливи докази дека Палевски е сторителот и дека од таткото на Вања дознал дека кобниот ден таа сама ќе оди на училиште, Но, засега таков доказ, пишан или пак телефонски разговор меѓу нив не е презентиран пред судот.Згора на тоа Палчо и Александар велат дека не се познаваат.

И најважното, досега не е пронајден пиштолот од кој Палевски наводно пукал во Вања и Панче.

Пропусти во истрагата има многу. Да почнеме со ред. Се сеќавате на онаа филмска прес конференција во МВР кога беше објавено дека Палевски е уапсен и кога тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во улога на инспектор одговараше на прашања.

На прашањето дали се земени парафински ракавици на осомничените тој избегна одговор и неуверливо рече дека е направено се што било потребно.

Со други зборови ги ослободија од одговорност за пукање без да обезбедат докази.

Полицијата, но и Обвинителството засега нема одговори и кој е конкретниот мотив да се убие Панче Жежовски.Не држи вода дека го убиле само да му ја земат колата со која подоцна е грабната Вања.

[caption id="attachment_729763" align="alignnone" width="514"] foto Srgan Nogo[/caption]

Треба да си навистина наивен да поверуваш дека без никаков страв ќе возиш автомобил кој згора на тоа е пријавен дека го нема неколку денови низ Скопје кога градот беше преполн со полиција поради самитот на ОБСЕ.

[caption id="attachment_818062" align="alignnone" width="640"] Влатко Кешишов[/caption]

Целосен пресврт во овој случај може да донесе вчерашната писмена изјава на Влатко Кешишов, еден од обвинетите. Тој си ја поби првичната изјава дека Палчо ги убил Панче и Вања. Кешишев сега вели дека Велибор Манев а не Палевски е сторителот на двете убиства.

По сево останува прашањето дали јавноста по кој знае кој пат е публика на добро режирана театарска претстава? Сака ли некој со сила да го стави или извади Палчо од затвор?

The post Сака ли некој со сила да го стави или спаси Палчо од затвор? appeared first on Република.

]]>

Случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој ја потресе Македонија не оди кон скора завршница. Јавноста веќе го осуди Палевски како сторител на двете убиства. Но, едно е јавност а друго се доказите кои засега ги нема или се многу тенки. Досега ниту еден од сведоците не понуди доказ за тоа дека Палевски ги убил Вања и Панче, иако е сосема сигурно дека тој ја предводел групата во која се и останатите обвинети. Но, дали ја убил на така свиреп начин како што раскажа полицискиот инспектор ќе покаже понатамошниот тек на судењето. На почетокот на процесот обвинителката рече дека поседуваат несоборливи докази дека Палевски е сторителот и дека од таткото на Вања дознал дека кобниот ден таа сама ќе оди на училиште, Но, засега таков доказ, пишан или пак телефонски разговор меѓу нив не е презентиран пред судот.Згора на тоа Палчо и Александар велат дека не се познаваат. И најважното, досега не е пронајден пиштолот од кој Палевски наводно пукал во Вања и Панче. Пропусти во истрагата има многу. Да почнеме со ред. Се сеќавате на онаа филмска прес конференција во МВР кога беше објавено дека Палевски е уапсен и кога тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во улога на инспектор одговараше на прашања. На прашањето дали се земени парафински ракавици на осомничените тој избегна одговор и неуверливо рече дека е направено се што било потребно. Со други зборови ги ослободија од одговорност за пукање без да обезбедат докази. Полицијата, но и Обвинителството засега нема одговори и кој е конкретниот мотив да се убие Панче Жежовски.Не држи вода дека го убиле само да му ја земат колата со која подоцна е грабната Вања. [caption id="attachment_729763" align="alignnone" width="514"] foto Srgan Nogo[/caption] Треба да си навистина наивен да поверуваш дека без никаков страв ќе возиш автомобил кој згора на тоа е пријавен дека го нема неколку денови низ Скопје кога градот беше преполн со полиција поради самитот на ОБСЕ. [caption id="attachment_818062" align="alignnone" width="640"] Влатко Кешишов[/caption] Целосен пресврт во овој случај може да донесе вчерашната писмена изјава на Влатко Кешишов, еден од обвинетите. Тој си ја поби првичната изјава дека Палчо ги убил Панче и Вања. Кешишев сега вели дека Велибор Манев а не Палевски е сторителот на двете убиства. По сево останува прашањето дали јавноста по кој знае кој пат е публика на добро режирана театарска претстава? Сака ли некој со сила да го стави или извади Палчо од затвор?  

The post Сака ли некој со сила да го стави или спаси Палчо од затвор? appeared first on Република.

]]>
Ќе одговара ли Спасовски за хаосот со личните документи? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-odgovara-li-spasovski-za-haosot-so-lichnite-dokumenti/ Thu, 15 Feb 2024 08:09:36 +0000 https://republika.mk/?p=744265

Хаосот со промената на личните и патните исправи е резултат на неодговорноста и неспособноста на власта на ДУИ и СДС. Наместо Европа на граѓаните им сервираа државен притвор поради тоа што не организираа процес на промена на исправите, ненавремено и неорганизирано го спроведуваа процесот, не набавиле доволно обрасци и уште десетици други поголеми или помали пропусти, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи.Слична пријава веќе поднесе и Максим Димитриевски од ЗНАМ.

СДС и ДУИ треба да понесат целосна одговорност за ова фијаско. Во исто време Оливер Спасовски треба кривично да одговара за кршењето на човековите права на државјаните пропишани и со Устав, но и за материјалната и нематеријалната штета која е предизвикана врз граѓаните.

Излезот од овој ќорсокак во кој не доведоа ДУИ и СДС е да се промени законот за патни исправи на истиот начин на кој се направи тоа со законот за безбедност во сообраќајот. Талат Џафери нека не се прави Ајнштајн за право и нека не им попува на правниците, затоа што тој не е правник, туку дезертер, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ќе одговара ли Спасовски за хаосот со личните документи? appeared first on Република.

]]>

Хаосот со промената на личните и патните исправи е резултат на неодговорноста и неспособноста на власта на ДУИ и СДС. Наместо Европа на граѓаните им сервираа државен притвор поради тоа што не организираа процес на промена на исправите, ненавремено и неорганизирано го спроведуваа процесот, не набавиле доволно обрасци и уште десетици други поголеми или помали пропусти, oбвини ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи.Слична пријава веќе поднесе и Максим Димитриевски од ЗНАМ.   СДС и ДУИ треба да понесат целосна одговорност за ова фијаско. Во исто време Оливер Спасовски треба кривично да одговара за кршењето на човековите права на државјаните пропишани и со Устав, но и за материјалната и нематеријалната штета која е предизвикана врз граѓаните.
Излезот од овој ќорсокак во кој не доведоа ДУИ и СДС е да се промени законот за патни исправи на истиот начин на кој се направи тоа со законот за безбедност во сообраќајот. Талат Џафери нека не се прави Ајнштајн за право и нека не им попува на правниците, затоа што тој не е правник, туку дезертер, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
 
The post Ќе одговара ли Спасовски за хаосот со личните документи? appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужба за Спасовски за обештетување на граѓаните поради трошоците за вадење лични документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-ke-podnese-tuzhba-za-spasovski-za-obeshtetuvane-na-graganite-poradi-troshotsite-za-vadene-lichni-dokumenti/ Tue, 13 Feb 2024 07:41:41 +0000 https://republika.mk/?p=743436

Владата на ДУИ и СДС, но пред се Оливер Спасовски се директно одговорни за хаосот кој се создаде со издавањето на личните и патните исправи. Тие го погазија достоинството на граѓаните и државата ја доведоа во состојба да не може да ги исполни основните човекови права и слободи на своите граѓани, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

Поради несовесно работење во службата и злоупотреба на својата должност Оливер Спасовски дозволил да се издаваат патни исправи иако бил свесен дека тие ќе станат неважечки пред истекот на нивниот рок на важност. Ако на ова се додадат и официјалните изјави на владата на СДС дека патните и личните изјави на граѓаните ќе важат до истекот на нивната важност, тогаш доаѓаме до тоа дека СДС системски ги лажела и манипулирала граѓаните, за да ги доведе до оваа омаловажувачка позиција да бидат во „државен притвор“ заради нивната неспособност и неодговорност. Патем, Спасовски и власта на СДС не обезбедиле ниту соодветни услови, обрасци и услови за навремено печатење на доволен број документи, со што го ставиле  народот во позиција да не може да извади документи и со тоа му предизвикуваат материјална и нематеријална штета.

Згора на се, граѓаните се изложени на непотребни финансиски трошоци да вадат нови патни исправи при веќе постоечки и важечки. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе пријава за Оливер Спасовски за несовесната работа и тужба со цел обештетување на граѓаните за финансиските импликации предизвикани од оваа власт на ДУИ и СДС.

Оваа власт на СДС и ДУИ е најлошото што и се случило на Македонија. Никогаш не било полошо и затоа мораме да ги поразиме.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kurtizani-sdsm-i-srpskata-opozitsija-imaat-ist-prijatel/

The post ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужба за Спасовски за обештетување на граѓаните поради трошоците за вадење лични документи appeared first on Република.

]]>

Владата на ДУИ и СДС, но пред се Оливер Спасовски се директно одговорни за хаосот кој се создаде со издавањето на личните и патните исправи. Тие го погазија достоинството на граѓаните и државата ја доведоа во состојба да не може да ги исполни основните човекови права и слободи на своите граѓани, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.
Поради несовесно работење во службата и злоупотреба на својата должност Оливер Спасовски дозволил да се издаваат патни исправи иако бил свесен дека тие ќе станат неважечки пред истекот на нивниот рок на важност. Ако на ова се додадат и официјалните изјави на владата на СДС дека патните и личните изјави на граѓаните ќе важат до истекот на нивната важност, тогаш доаѓаме до тоа дека СДС системски ги лажела и манипулирала граѓаните, за да ги доведе до оваа омаловажувачка позиција да бидат во „државен притвор“ заради нивната неспособност и неодговорност. Патем, Спасовски и власта на СДС не обезбедиле ниту соодветни услови, обрасци и услови за навремено печатење на доволен број документи, со што го ставиле  народот во позиција да не може да извади документи и со тоа му предизвикуваат материјална и нематеријална штета.
Згора на се, граѓаните се изложени на непотребни финансиски трошоци да вадат нови патни исправи при веќе постоечки и важечки. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе пријава за Оливер Спасовски за несовесната работа и тужба со цел обештетување на граѓаните за финансиските импликации предизвикани од оваа власт на ДУИ и СДС. Оваа власт на СДС и ДУИ е најлошото што и се случило на Македонија. Никогаш не било полошо и затоа мораме да ги поразиме. https://republika.mk/vesti/makedonija/kurtizani-sdsm-i-srpskata-opozitsija-imaat-ist-prijatel/

The post ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужба за Спасовски за обештетување на граѓаните поради трошоците за вадење лични документи appeared first on Република.

]]>
Кога лажеше Спасовски, кога велеше дека возилото на Панче не било пријавено или кога вели дека претпоставувале оти тој заминал со него? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koga-lazheshe-spasovski-koga-veleshe-deka-voziloto-na-panche-ne-bilo-prijaveno-ili-koga-veli-deka-pretpostavuvale-oti-toj-zaminal-so-nego/ Fri, 15 Dec 2023 13:50:26 +0000 https://republika.mk/?p=723349

Спасовски во обид да се спаси, дополнително се негира и се понижува пред цела јавност.Откако пред 10 дена тврдеше дека не го барале возилото на велешанецот Панче на системот „Безбеден град“ затоа што не знаеле дека е исчезнато и возилото, вчера вечер призна дека знаеле и за возилото но за кое внимавајте, немало пријава дека било украдено, туку дека не било ТУКА (!?), односно се претпоставува дека исчезнатиот, а подоцна и убиениот Панче – заминал со него, објаснува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-nemashe-prijava-za-ukradeno-vozilo-tuku-ischeznato-e-litseto-a-voziloto-ne-bilo-tuka/

Прво, излажа дека не знаеле за возилото и Второ, откако призна дека возилото не било ТУКА, туку дека заминало со исчезнатиот, зошто не е барано со централна објава?Кога лажеше Спасовски?, прашува пратеникот.

The post Кога лажеше Спасовски, кога велеше дека возилото на Панче не било пријавено или кога вели дека претпоставувале оти тој заминал со него? appeared first on Република.

]]>

Спасовски во обид да се спаси, дополнително се негира и се понижува пред цела јавност.Откако пред 10 дена тврдеше дека не го барале возилото на велешанецот Панче на системот „Безбеден град“ затоа што не знаеле дека е исчезнато и возилото, вчера вечер призна дека знаеле и за возилото но за кое внимавајте, немало пријава дека било украдено, туку дека не било ТУКА (!?), односно се претпоставува дека исчезнатиот, а подоцна и убиениот Панче – заминал со него, објаснува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-nemashe-prijava-za-ukradeno-vozilo-tuku-ischeznato-e-litseto-a-voziloto-ne-bilo-tuka/
Прво, излажа дека не знаеле за возилото и Второ, откако призна дека возилото не било ТУКА, туку дека заминало со исчезнатиот, зошто не е барано со централна објава?Кога лажеше Спасовски?, прашува пратеникот.

The post Кога лажеше Спасовски, кога велеше дека возилото на Панче не било пријавено или кога вели дека претпоставувале оти тој заминал со него? appeared first on Република.

]]>
Mизрахи прашува: Зошто МВР на Спасовски шест години молчело за злоупотребите на Клиниката за онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-prashuva-zoshto-mvr-na-spasovski-shest-godini-molchelo-za-zloupotrebite-na-klinikata-za-onkologija/ Thu, 12 Oct 2023 17:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=690640

Анкетната е таа која ќе го каже последниот збор, а за работата на истата има интерес. Има интерес да се најде разрешница. Како прв човек на Комисијата нема да дозволам истата да стане парасуд или параобвинителство, ние бараме политичка одговорност, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи која е и претседател на Анкетната комисија за случајот Онкологија на вечерашното гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Мизрахи информираше дека се знае точната бројка на лица кои ќе бидат испрашувани од Комисијата или 44 се на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, 27 лица се на предлог на СДСМ и еден на предлог на Левица. Таа укажа дека следен е Венко Филипче и оти доколку има можности во ист ден ќе биде и актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити. „Треба да се знае дека има добар одзив и дека некои предлози се поклопуваат, ама ќе направиме распоред за наредната недела. Секако еден од повиканите ќе биде и поранешниот директор Васев“, кажа Мизрахи. Како што и познато на јавноста, рече Мизрахи, досега беа министерот за здравство Беким Сали и за внатрешни работи Оливер Спасовски за кој рече дека е симптоматично зошто МВР молчело шест години.

„Мојот впечаток е дека Сали даде придонес и кажа зошто беше таква разрешницата со директорот Васев, но потоа беше и Сали разрешен што дава една сенка. Почнал да разрешува неправилности, па и тој бил разрешен. Спасовски пак спомена дека МВР имало интервенција во работата на Клиниката за онкологија, но Спасовски е шест години министер за внатрешни работи. За мене затаила функцијата на МВР, што правеше до септември 2023 година МВР. Зошто немало ништо од МВР, доколку постоел сомнеж МВР требало да ги стопира неправилностите во работата“, рече Мизрахи. Според неа работата не е да ги оцрниме белите мантили бидејќи како што рече во здравството има и луѓе кои работат посветено. „Заклучоците од Анкетната комисија ќе се достават до Собранието и кога ќе се усвојат треба да бидат и коректив за понатамошното работење како на оваа Клиника, така и воопшто“, вели Мизрахи.Мизрахи посочи дека роковите прават притисок да се заврши работата, но и се добри затоа што не треба да се разводнува работата. Претседателката на Анкетната комисија за случајот Онкологија, Мизрахи потенцираше дека во целата оваа работа важна улога имаат и други институции, не само клиниките или клиниката во случајов и министерството за здравство. „Фондот за здравство исто е многу важен дел генерално во здравството, како и во овој случај, тука е и Агенцијата за лекови, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државната ревизија, која на пример во овој случај ни даде многу информации од типот дека се суспендирани сите контролни механизми“, кажа Мизрахи.

The post Mизрахи прашува: Зошто МВР на Спасовски шест години молчело за злоупотребите на Клиниката за онкологија appeared first on Република.

]]>

Анкетната е таа која ќе го каже последниот збор, а за работата на истата има интерес. Има интерес да се најде разрешница. Како прв човек на Комисијата нема да дозволам истата да стане парасуд или параобвинителство, ние бараме политичка одговорност, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи која е и претседател на Анкетната комисија за случајот Онкологија на вечерашното гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа. Мизрахи информираше дека се знае точната бројка на лица кои ќе бидат испрашувани од Комисијата или 44 се на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, 27 лица се на предлог на СДСМ и еден на предлог на Левица. Таа укажа дека следен е Венко Филипче и оти доколку има можности во ист ден ќе биде и актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити. „Треба да се знае дека има добар одзив и дека некои предлози се поклопуваат, ама ќе направиме распоред за наредната недела. Секако еден од повиканите ќе биде и поранешниот директор Васев“, кажа Мизрахи. Како што и познато на јавноста, рече Мизрахи, досега беа министерот за здравство Беким Сали и за внатрешни работи Оливер Спасовски за кој рече дека е симптоматично зошто МВР молчело шест години.
„Мојот впечаток е дека Сали даде придонес и кажа зошто беше таква разрешницата со директорот Васев, но потоа беше и Сали разрешен што дава една сенка. Почнал да разрешува неправилности, па и тој бил разрешен. Спасовски пак спомена дека МВР имало интервенција во работата на Клиниката за онкологија, но Спасовски е шест години министер за внатрешни работи. За мене затаила функцијата на МВР, што правеше до септември 2023 година МВР. Зошто немало ништо од МВР, доколку постоел сомнеж МВР требало да ги стопира неправилностите во работата“, рече Мизрахи. Според неа работата не е да ги оцрниме белите мантили бидејќи како што рече во здравството има и луѓе кои работат посветено. „Заклучоците од Анкетната комисија ќе се достават до Собранието и кога ќе се усвојат треба да бидат и коректив за понатамошното работење како на оваа Клиника, така и воопшто“, вели Мизрахи.Мизрахи посочи дека роковите прават притисок да се заврши работата, но и се добри затоа што не треба да се разводнува работата. Претседателката на Анкетната комисија за случајот Онкологија, Мизрахи потенцираше дека во целата оваа работа важна улога имаат и други институции, не само клиниките или клиниката во случајов и министерството за здравство. „Фондот за здравство исто е многу важен дел генерално во здравството, како и во овој случај, тука е и Агенцијата за лекови, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државната ревизија, која на пример во овој случај ни даде многу информации од типот дека се суспендирани сите контролни механизми“, кажа Мизрахи.

The post Mизрахи прашува: Зошто МВР на Спасовски шест години молчело за злоупотребите на Клиниката за онкологија appeared first on Република.

]]>
Спасовски во Атина: Разгледана состојбата со бегалците од Украина и со илегалната миграција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-vo-atina-razgledana-sostojbata-so-begalcite-od-ukraina-i-so-ilegalnata-migracija/ Tue, 03 May 2022 16:57:34 +0000 https://republika.mk/?p=497037

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамки на работната посета на Министерската конференција што се одржува на 3 и 4 мај во Атина, оствари билатерална средба со министерот за заштита на граѓаните на Грција, Панајотис Теодорикакос, прва од ваков вид гостинска средба во Република на највисоко ниво, со што се отвора едно ново поглавје во областа на безбедноста, потенцираат од кабинетот на Спасовски.

На средбата двајцата министри искажале задоволство од начинот на кој се одвива соработката меѓу двете министерства и двете соседни земји во изминативе неколку години како на оперативно така и на политичко ниво, со уверување дека тој тренд на соработка ќе продолжи да се надградува и во иднина.

На средбата станало збор за теми кои се актуелни во моментов, како што е состојбата со бегалците кои пристигнуваат од Украина, како и за состојбите со илегалната миграција.

„Спасовски рече дека во овој период се откриени 24 случаи на криумчарење мигранти во кои е спречен обид да бидат прокриумчарени 217 мигранти. Бројот на откриените случаи, кривичните дела и мигрантите бележат тренд на зголемување, споредбено со истиот период претходната година“, е истакнато во информацијата од МВР.

Во делот на меѓународната и регионалната соработка на двете министерства, двајцата министри ја потенцирале важноста од истата, особено во заедничката борба против организираниот криминал и тероризмот и изразиле уверување дека и натаму остануваат посветени на заедничкото дејствување во рамки на регионални и меѓународни иницијативи. Двајцата министри се согласиле за продлабочување на соработката помеѓу директорите на полиции на оперативно ниво, во делот на размена на искуства при заеднички вежби и обуки за специјалните елитни единици од двете земји во борбата со организираниот криминал и трговијата со дрога.

The post Спасовски во Атина: Разгледана состојбата со бегалците од Украина и со илегалната миграција appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамки на работната посета на Министерската конференција што се одржува на 3 и 4 мај во Атина, оствари билатерална средба со министерот за заштита на граѓаните на Грција, Панајотис Теодорикакос, прва од ваков вид гостинска средба во Република на највисоко ниво, со што се отвора едно ново поглавје во областа на безбедноста, потенцираат од кабинетот на Спасовски.
На средбата двајцата министри искажале задоволство од начинот на кој се одвива соработката меѓу двете министерства и двете соседни земји во изминативе неколку години како на оперативно така и на политичко ниво, со уверување дека тој тренд на соработка ќе продолжи да се надградува и во иднина. На средбата станало збор за теми кои се актуелни во моментов, како што е состојбата со бегалците кои пристигнуваат од Украина, како и за состојбите со илегалната миграција.
„Спасовски рече дека во овој период се откриени 24 случаи на криумчарење мигранти во кои е спречен обид да бидат прокриумчарени 217 мигранти. Бројот на откриените случаи, кривичните дела и мигрантите бележат тренд на зголемување, споредбено со истиот период претходната година“, е истакнато во информацијата од МВР.
Во делот на меѓународната и регионалната соработка на двете министерства, двајцата министри ја потенцирале важноста од истата, особено во заедничката борба против организираниот криминал и тероризмот и изразиле уверување дека и натаму остануваат посветени на заедничкото дејствување во рамки на регионални и меѓународни иницијативи. Двајцата министри се согласиле за продлабочување на соработката помеѓу директорите на полиции на оперативно ниво, во делот на размена на искуства при заеднички вежби и обуки за специјалните елитни единици од двете земји во борбата со организираниот криминал и трговијата со дрога.

The post Спасовски во Атина: Разгледана состојбата со бегалците од Украина и со илегалната миграција appeared first on Република.

]]>
Спасовски и директорот на БЈБ на ручек со децата и семејствата на загинатите припадници на полицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-i-direktorot-na-bjb-na-ruchek-so-decata-i-semejstvata-na-zaginatite-pripadnici-na-policijata/ Sat, 12 Feb 2022 13:48:00 +0000 https://republika.mk/?p=457568

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавнa безбедност, Сашо Тасевски ги посетија децата и семејствата на загинатите припадници на полицијата во одморалиштето на МВР во Пониква, Кочани, каде што имаа заеднички ручек и дружење во рамки на неколкудневниот престој на децата во одморалиштето.

На средбата, министерот Спасовски изразил задоволство што повторно има можност да се сретне со децата и семејствата на загинатите припадници на МВР и да поразговараат за актуелни прашања од важност за нив.

Во соопштението на МВР се наведува дека Спасовски истакнал дека тој и раководството на МВР се нивни пријатели и поддржувачи и оти партнерството со здружението „Херои на Македонија 2001-2015“ и сите негови членови продолжува и во иднина.

Нема држава во чиишто темели не се вградени и животите на нејзините најдобри синови. Тоа со што нашите херои нѐ задолжија, се враќа само со дела, со хумани, професионални и благородни дела, со сѐ она добро, чисто и честито поради што тие воопшто и ги положија своите животи. Ова ме задолжува мене како министер, раководството на Министерството за внатрешни работи, но и сите останати институции да бидеме секогаш тука за вас, како нивни најблиски, и да направиме сѐ што е во наша надлежност, кога за тоа постои законска основа, да одговориме позитивно на вашите барања - изјавил Спасовски.

The post Спасовски и директорот на БЈБ на ручек со децата и семејствата на загинатите припадници на полицијата appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавнa безбедност, Сашо Тасевски ги посетија децата и семејствата на загинатите припадници на полицијата во одморалиштето на МВР во Пониква, Кочани, каде што имаа заеднички ручек и дружење во рамки на неколкудневниот престој на децата во одморалиштето. На средбата, министерот Спасовски изразил задоволство што повторно има можност да се сретне со децата и семејствата на загинатите припадници на МВР и да поразговараат за актуелни прашања од важност за нив. Во соопштението на МВР се наведува дека Спасовски истакнал дека тој и раководството на МВР се нивни пријатели и поддржувачи и оти партнерството со здружението „Херои на Македонија 2001-2015“ и сите негови членови продолжува и во иднина.