оливер ивановиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oliver-ivanovikj/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jun 2024 09:58:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оливер ивановиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oliver-ivanovikj/ 32 32 Вкупно 22 години затвор за четири лица вмешани во убиството на Оливер Ивановиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vkupno-22-godini-zatvor-za-chetiri-litsa-vmeshani-vo-ubistvoto-na-oliver-ivanovik/ Fri, 28 Jun 2024 10:10:49 +0000 https://republika.mk/?p=791517

Основниот суд во Приштина осуди на вкупно 22 години затвор четворица косовски Срби обвинети за вмешаност во убиството на политичарот Оливер Ивановиќ, што се случи во јануари 2018 година во Северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина.

Судот ги прогласи за виновни Марко Рошиќ, Недељко Спасојевиќ, Драгиша Марковиќ и Жарко Јовановиќ, а Силвана Арсовиќ и Раде Басара се ослободени.

Марко Рошиќ е осуден на десет години затвор и парична казна од 10.000 евра, Недељко Спасојевиќ на четири години и шест месеци затвор и 4.500 евра. Полицајците Драгиша Марковиќ и Жарко Јовановиќ се ослободени од обвинението за злоупотреба на службената положба, но осудени се на по четири години затвор за кривичното дело недозволено поседување, употреба и контрола на оружје, објави судијата Ваљон Куртај. Во казната ќе им биде вклучено и времето поминато во притвор и домашен притвор.

На изрекувањето на пресудата не присуствуваа обвинетите, туку само нивните бранители.

Судењето на обвинетите за помагање во убиството на Оливер Ивановиќ започна во јули 2021 година, две и пол години по убиството.

За овој случај во бегство се Жељко Бојиќ, Звонко Веселиновиќ, Милан Радоичиќ и уште двајца непознати обвинети.

Оливер Ивановиќ беше убиен со шест истрели во грбот утрото на 16 јануари 2018 година, пред седиштето на неговата граѓанска иницијатива „Слобода, демократија правда“ во Северна Митровица.

The post Вкупно 22 години затвор за четири лица вмешани во убиството на Оливер Ивановиќ appeared first on Република.

]]>

Основниот суд во Приштина осуди на вкупно 22 години затвор четворица косовски Срби обвинети за вмешаност во убиството на политичарот Оливер Ивановиќ, што се случи во јануари 2018 година во Северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина. Судот ги прогласи за виновни Марко Рошиќ, Недељко Спасојевиќ, Драгиша Марковиќ и Жарко Јовановиќ, а Силвана Арсовиќ и Раде Басара се ослободени. Марко Рошиќ е осуден на десет години затвор и парична казна од 10.000 евра, Недељко Спасојевиќ на четири години и шест месеци затвор и 4.500 евра. Полицајците Драгиша Марковиќ и Жарко Јовановиќ се ослободени од обвинението за злоупотреба на службената положба, но осудени се на по четири години затвор за кривичното дело недозволено поседување, употреба и контрола на оружје, објави судијата Ваљон Куртај. Во казната ќе им биде вклучено и времето поминато во притвор и домашен притвор. На изрекувањето на пресудата не присуствуваа обвинетите, туку само нивните бранители. Судењето на обвинетите за помагање во убиството на Оливер Ивановиќ започна во јули 2021 година, две и пол години по убиството. За овој случај во бегство се Жељко Бојиќ, Звонко Веселиновиќ, Милан Радоичиќ и уште двајца непознати обвинети. Оливер Ивановиќ беше убиен со шест истрели во грбот утрото на 16 јануари 2018 година, пред седиштето на неговата граѓанска иницијатива „Слобода, демократија правда“ во Северна Митровица.

The post Вкупно 22 години затвор за четири лица вмешани во убиството на Оливер Ивановиќ appeared first on Република.

]]>
Куќата на убиениот косовски Србин Оливер Ивановиќ е продадена на Албанец https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kukata-na-ubieniot-kosovski-srbin-oliver-ivanovik-e-prodadena-na-albanets/ Tue, 28 May 2024 09:12:21 +0000 https://republika.mk/?p=782301

Куќата во Косовска Митровица во која беше сместена канцеларијата на трагично загинатиот лидер на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, Оливер Ивановиќ, Косовската кредитна агенција ја продаде, од 1 јуни ќе биде ставена со катанец, а просториите од 200 метри квадратни ќе се всели е Албанец од јужниот дел на Косовска Митровица,  „Политика“.

Не е позната сумата за која е продадена куќата.

Потпретседателката на партијата ГИ СДП, Ксенија Божовиќ изјави дека по 26 години од партиските простории останале само голи ѕидови, а од 1 јуни практично исчезнува сето она што го направил покојниот Оливер Ивановиќ.

Таа додава дека не верувала дека куќата ќе биде продадена, со оглед на тоа што, како што рече, Ивановиќ поминал речиси третина од животот во таа куќа, пред неа бил убиен, а пред влезот има мермерна плоча со слика на Оливер Ивановиќ, датумот кога е убиен и на која пишува „Никогаш нема да го напуштам Косово и Метохија“.

Оливер Ивановиќ е убиен на 16 јануари 2018 година, рочиштата за неговото убиство се одржуваат во Приштина од декември 2019 година, а според Ксенија Божовиќ, следното судење е закажано за јуни, бидејќи претходно било одложено.

The post Куќата на убиениот косовски Србин Оливер Ивановиќ е продадена на Албанец appeared first on Република.

]]>

Куќата во Косовска Митровица во која беше сместена канцеларијата на трагично загинатиот лидер на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, Оливер Ивановиќ, Косовската кредитна агенција ја продаде, од 1 јуни ќе биде ставена со катанец, а просториите од 200 метри квадратни ќе се всели е Албанец од јужниот дел на Косовска Митровица,  „Политика“. Не е позната сумата за која е продадена куќата. Потпретседателката на партијата ГИ СДП, Ксенија Божовиќ изјави дека по 26 години од партиските простории останале само голи ѕидови, а од 1 јуни практично исчезнува сето она што го направил покојниот Оливер Ивановиќ. Таа додава дека не верувала дека куќата ќе биде продадена, со оглед на тоа што, како што рече, Ивановиќ поминал речиси третина од животот во таа куќа, пред неа бил убиен, а пред влезот има мермерна плоча со слика на Оливер Ивановиќ, датумот кога е убиен и на која пишува „Никогаш нема да го напуштам Косово и Метохија“. Оливер Ивановиќ е убиен на 16 јануари 2018 година, рочиштата за неговото убиство се одржуваат во Приштина од декември 2019 година, а според Ксенија Божовиќ, следното судење е закажано за јуни, бидејќи претходно било одложено.

The post Куќата на убиениот косовски Србин Оливер Ивановиќ е продадена на Албанец appeared first on Република.

]]>
Германците го штителе: По пет години српската полиција тврди дека знаат кој го уби лидерот на косовските Срби Оливер Ивановиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-pet-godini-srpskata-politsija-tvrdi-deka-znaat-koj-go-ubi-liderot-na-kosovskite-srbi-oliver-ivanovik/ Wed, 21 Jun 2023 15:51:01 +0000 https://republika.mk/?p=653780

Српскиот министер за полиција Братислав Гашиќ денеска во Парламентот изјави дека убиецот на Оливер Ивановиќ е познат и дека тој е под германска заштита.

- Знаеме точно кој е убиецот и побаравме од германските власти, под чија заштита е тој човек, да ни дадат информации. Имаме слики од аеродромот во Тирана кога слетал, кога влегол во Приштина, во станот, изјави Гашиќ во српското Собрание, наведувајќи дека тоа е резултат на заедничката работа на Обвинителството за организиран криминал, МВР и БИА.

Министерот за внатрешни работи додаде дека тоа што убиецот е недостапен за српските власти не значи дека во блиска иднина нема да може да биде кривично гонет во Србија.

Лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ беше убиен на 16 јануари 2018 година во Косовска Митровица. Тој беше погоден со пет куршуми во градите и им подлегна на повредите во болница

The post Германците го штителе: По пет години српската полиција тврди дека знаат кој го уби лидерот на косовските Срби Оливер Ивановиќ appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за полиција Братислав Гашиќ денеска во Парламентот изјави дека убиецот на Оливер Ивановиќ е познат и дека тој е под германска заштита. - Знаеме точно кој е убиецот и побаравме од германските власти, под чија заштита е тој човек, да ни дадат информации. Имаме слики од аеродромот во Тирана кога слетал, кога влегол во Приштина, во станот, изјави Гашиќ во српското Собрание, наведувајќи дека тоа е резултат на заедничката работа на Обвинителството за организиран криминал, МВР и БИА. Министерот за внатрешни работи додаде дека тоа што убиецот е недостапен за српските власти не значи дека во блиска иднина нема да може да биде кривично гонет во Србија. Лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ беше убиен на 16 јануари 2018 година во Косовска Митровица. Тој беше погоден со пет куршуми во градите и им подлегна на повредите во болница

The post Германците го штителе: По пет години српската полиција тврди дека знаат кој го уби лидерот на косовските Срби Оливер Ивановиќ appeared first on Република.

]]>
Ужалена вдовица: Сопругата на убиениот српски политичар се заигра со фотошопот https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/uzhalena-vdovitsa-soprugata-na-ubieniot-srpski-politichar-se-zaigra-so-fotoshopot/ Fri, 17 Mar 2023 12:27:43 +0000 https://republika.mk/?p=620714

Милена Поповиќ, државен секретар во Министерството за туризам и млади и вдовица на убиениот политичар Оливер Ивановиќ, е многу активна на социјалните мрежи и речиси секојдневно објавува фотографии.

Своите следбеници ги навикна на провокативни изданија, деколте, тантела и кратки здолништа, шорцеви... Најчесто го покажува своето бујно деколте.

Се разви жестока полемика околу тоа дали направила козметички зафати, или само се грижи за својот изглед. Што мислите вие?

The post Ужалена вдовица: Сопругата на убиениот српски политичар се заигра со фотошопот appeared first on Република.

]]>

Милена Поповиќ, државен секретар во Министерството за туризам и млади и вдовица на убиениот политичар Оливер Ивановиќ, е многу активна на социјалните мрежи и речиси секојдневно објавува фотографии. Своите следбеници ги навикна на провокативни изданија, деколте, тантела и кратки здолништа, шорцеви... Најчесто го покажува своето бујно деколте. Се разви жестока полемика околу тоа дали направила козметички зафати, или само се грижи за својот изглед. Што мислите вие?

The post Ужалена вдовица: Сопругата на убиениот српски политичар се заигра со фотошопот appeared first on Република.

]]>
Семејството на убиениот лидер на косовските Срби го продало земјиштето на припадник на УЧК за еден милион евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/semejstvoto-na-ubeniot-lider-na-kosovskite-srbi-go-prodalo-zemjishteto-na-pripadnik-na-uchk-za-eden-milion-evra/ Sun, 22 Jan 2023 11:57:07 +0000 https://republika.mk/?p=599573

Мехмет Иберхисај од Дечани, со кого семејството на убиениот лидер на косовските Срби Оливер Ивановиќ склучило договор за продажба на земјиште на Косово, е поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово, дознава  „Српски Телеграф“.

Иберхисај веќе дал 100.000 евра како аванс, а вкупната цена на земјиштето е еден милион евра

Иберхисај е вработен во косовската полиција и на својот Фејсбук профил редовно ја велича оваа терористичка организација и загинатите „за слобода“, а меѓу омилените групи што ги следи е и онаа која се залага за создавање на „Голема Албанија. “.

The post Семејството на убиениот лидер на косовските Срби го продало земјиштето на припадник на УЧК за еден милион евра appeared first on Република.

]]>

Мехмет Иберхисај од Дечани, со кого семејството на убиениот лидер на косовските Срби Оливер Ивановиќ склучило договор за продажба на земјиште на Косово, е поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово, дознава  „Српски Телеграф“. Иберхисај веќе дал 100.000 евра како аванс, а вкупната цена на земјиштето е еден милион евра Иберхисај е вработен во косовската полиција и на својот Фејсбук профил редовно ја велича оваа терористичка организација и загинатите „за слобода“, а меѓу омилените групи што ги следи е и онаа која се залага за создавање на „Голема Албанија. “.

The post Семејството на убиениот лидер на косовските Срби го продало земјиштето на припадник на УЧК за еден милион евра appeared first on Република.

]]>
Уапсен уште еден осомничен во случајот на убиството на Оливер Ивановиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapsen-ushte-eden-osomnichen-vo-sluchajot-na-ubistvoto-na-oliver-ivanovikj/ Thu, 20 Oct 2022 09:23:49 +0000 https://republika.mk/?p=563453

Полицијата го уапсила Србинот М.М., осомничен дека е член на организирана криминална група поврзана со убиството на Оливер Ивановиќ, соопшти Специјалното обвинителство во Приштина.

Апсењето се случи синоќа, по наредба на Специјалното обвинителство.

„Специјалното обвинителство соопштува дека обвинетиот М.М., осомничен како член на организирана криминална група, активно учествувал во извршување на кривично дело учество или организирање на организирана криминална група, поврзано со кривично дело тешко убиство на сега починатиот Оливер Ивановиќ“, соопшти Обвинителството, а пренесе РТС.

Осомничениот М.М. е на списокот со останатите обвинети Н.С., М.Р., Р.Б. и С.А., на кои им се суди во Основниот суд во Приштина.

Од почетокот на 2019 година, М.М е недостапен за органите на прогонот, иако во сила беше налог за апсење.

Во соопштението не се наведува каде е уапсен М.М.

The post Уапсен уште еден осомничен во случајот на убиството на Оливер Ивановиќ appeared first on Република.

]]>

Полицијата го уапсила Србинот М.М., осомничен дека е член на организирана криминална група поврзана со убиството на Оливер Ивановиќ, соопшти Специјалното обвинителство во Приштина. Апсењето се случи синоќа, по наредба на Специјалното обвинителство.
„Специјалното обвинителство соопштува дека обвинетиот М.М., осомничен како член на организирана криминална група, активно учествувал во извршување на кривично дело учество или организирање на организирана криминална група, поврзано со кривично дело тешко убиство на сега починатиот Оливер Ивановиќ“, соопшти Обвинителството, а пренесе РТС.
Осомничениот М.М. е на списокот со останатите обвинети Н.С., М.Р., Р.Б. и С.А., на кои им се суди во Основниот суд во Приштина. Од почетокот на 2019 година, М.М е недостапен за органите на прогонот, иако во сила беше налог за апсење. Во соопштението не се наведува каде е уапсен М.М.

The post Уапсен уште еден осомничен во случајот на убиството на Оливер Ивановиќ appeared first on Република.

]]>
Вдовицата на Оливер Ивановиќ веќе година дена живее со Игор Јуриќ, татко на убиената Тиjана https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vdovicata-na-oliver-ivanovikj-vekje-godina-dena-zivee-so-igor-jurikj-tatko-na-ubienata-tijana/ Mon, 20 Jun 2022 21:45:43 +0000 https://republika.mk/?p=517827

Taткото на убиеното девојче Тијана, Игор Јуриќ и вдовицата на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, Милена, живеат заедно повеќе од една година, пренесуваат српските медиуми, за врската која деновиве ја бранува регионалната јавност.

Јуриќ бил разведен кога стапил во врска со Милена, а иако ја криеле врската, често се појавувале заедно на јавни места.

Ќерката на Игор, Сашка и синот на Милена, Богдан од почеток се запознаени со нивната врска, а често сите заедно излегуваат на ручек и вечера како семејство, открива изворот.

Милена Ивановиќ синоќа објави заедничка фотографија со Игор Јуриќ со коментар „љубов“. Набрзо пристигнаа стотици позитивни коментари и многу помалку негативни, кои подоцна Милена ги избриша.

Милена Ивановиќ Поповиќ го загуби сопругот Оливер на 16 јануари 2018 година, кога тој беше убиен додека влегуваше во просториите на неговата партија во Северна Митровица. Со Оливер го има синот Богдан.

Игор Јуриќ е основач на Фондацијата „Тијана Јуриќ“, која го носи името на неговата почината ќерка. Тијана, која тогаш имаше петнаесет години, беше киднапирана ноќта меѓу 25 и 26 јули 2014 година во Бајмок, а потоа беше убиена од Драган Ѓуриќ, кој поради тоа беше осуден на 40 години затвор.

The post Вдовицата на Оливер Ивановиќ веќе година дена живее со Игор Јуриќ, татко на убиената Тиjана appeared first on Република.

]]>

Taткото на убиеното девојче Тијана, Игор Јуриќ и вдовицата на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, Милена, живеат заедно повеќе од една година, пренесуваат српските медиуми, за врската која деновиве ја бранува регионалната јавност. Јуриќ бил разведен кога стапил во врска со Милена, а иако ја криеле врската, често се појавувале заедно на јавни места.
Ќерката на Игор, Сашка и синот на Милена, Богдан од почеток се запознаени со нивната врска, а често сите заедно излегуваат на ручек и вечера како семејство, открива изворот.
Милена Ивановиќ синоќа објави заедничка фотографија со Игор Јуриќ со коментар „љубов“. Набрзо пристигнаа стотици позитивни коментари и многу помалку негативни, кои подоцна Милена ги избриша. Милена Ивановиќ Поповиќ го загуби сопругот Оливер на 16 јануари 2018 година, кога тој беше убиен додека влегуваше во просториите на неговата партија во Северна Митровица. Со Оливер го има синот Богдан. Игор Јуриќ е основач на Фондацијата „Тијана Јуриќ“, која го носи името на неговата почината ќерка. Тијана, која тогаш имаше петнаесет години, беше киднапирана ноќта меѓу 25 и 26 јули 2014 година во Бајмок, а потоа беше убиена од Драган Ѓуриќ, кој поради тоа беше осуден на 40 години затвор.

The post Вдовицата на Оливер Ивановиќ веќе година дена живее со Игор Јуриќ, татко на убиената Тиjана appeared first on Република.

]]>