Оливер Дерковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oliver-derkovski/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Feb 2023 08:13:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Оливер Дерковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oliver-derkovski/ 32 32 Денеска во Кривичен нови рочишта за Зеќири, Бонева, Дерковски и за автобуската несреќа кај Ласкарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/deneska-vo-krivichen-novi-rochishta-za-zekiri-boneva-derkovski-i-za-avtobuskata-nesreka-kaj-laskartsi/ Tue, 07 Feb 2023 08:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=605764

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат нови рочишта на кои ќе се судат случаите каде обвинети се експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, ексгенералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири, експретседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски. Ќе се одржи и рочиште за случајот „Ласкарци“ каде обвинети се сопственикот и раководни лиц од „Дурмо турс“. На сите рочишта треба да се изведуваат докази, а на дел и да се испитуваат сведоци односно вештаци.

Во случајот „Друмарина“ за кој обвинение се поднесе пред три години, поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, се сомничи за измама со фискални сметки од патарина, која го чинела Собранието околу 100.000 евра.

Мухамед Зеќири, пак, се гони за злоупотреба на службената положба, бидејќи според обвинителката Катерина Коларевиќ, од април 2021 до март 2022 спротивно на Законот и без спроведена постапка за јавна набавка склучил два договори за консултантски услуги за Пошта и Железници Транспорт тешки скоро 1,5 милиони евра.

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски и уште тројца вработени во ДИК одговараат за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување односно набавката на софтвер за резултати од изборите од економскиот оператор ДУНА. Според обвинението, обвинетите И.Ќ., А.А. и А.Ш. вработени во ДИК, како членови на Комисијата за јавни набавки, во периодот од февруари до септември 2020 година неизвршувајќи ги своите службени должности при спроведување на постапката за јавна набавка на софтверот за изборите, не го почитувале минималниот законски рок за поднесување понуди, не утврдиле дека економскиот оператор ДУНА ДОО Скопје не ги исполнува условите за учество во постапката и притоа не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди, туку понудата ја оцениле како прифатлива и доделиле максимален број на бодови. Потоа, врз основа на извештајот од спроведена постапка, првообвинетиот Оливер Дерковски, како претседател на ДИК, без да изврши контрола на постапката за евалуација на понудите, донел одлука за избор на најповолен понудувач.

Во случајот „Ласкарци“ Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против шест лица кои ги осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 38 патници беа тешко повредени. Обвинение е поднесено против газдата на Дурмо – турс и одговорното лице во фирмата – бидејќи според обвинителот, иако знаеле дека автобусот е неисправен не презеле ништо да ги поправат дефектите на системот за сопирање на автобусот. Исто така тие давале и насоки на возачите на автобусите да монтираат опрема со која ќе се манипулира вистинската брзина со која се движи автобусот.

The post Денеска во Кривичен нови рочишта за Зеќири, Бонева, Дерковски и за автобуската несреќа кај Ласкарци appeared first on Република.

]]>

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат нови рочишта на кои ќе се судат случаите каде обвинети се експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, ексгенералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири, експретседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски. Ќе се одржи и рочиште за случајот „Ласкарци“ каде обвинети се сопственикот и раководни лиц од „Дурмо турс“. На сите рочишта треба да се изведуваат докази, а на дел и да се испитуваат сведоци односно вештаци. Во случајот „Друмарина“ за кој обвинение се поднесе пред три години, поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, се сомничи за измама со фискални сметки од патарина, која го чинела Собранието околу 100.000 евра. Мухамед Зеќири, пак, се гони за злоупотреба на службената положба, бидејќи според обвинителката Катерина Коларевиќ, од април 2021 до март 2022 спротивно на Законот и без спроведена постапка за јавна набавка склучил два договори за консултантски услуги за Пошта и Железници Транспорт тешки скоро 1,5 милиони евра. Поранешниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски и уште тројца вработени во ДИК одговараат за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување односно набавката на софтвер за резултати од изборите од економскиот оператор ДУНА. Според обвинението, обвинетите И.Ќ., А.А. и А.Ш. вработени во ДИК, како членови на Комисијата за јавни набавки, во периодот од февруари до септември 2020 година неизвршувајќи ги своите службени должности при спроведување на постапката за јавна набавка на софтверот за изборите, не го почитувале минималниот законски рок за поднесување понуди, не утврдиле дека економскиот оператор ДУНА ДОО Скопје не ги исполнува условите за учество во постапката и притоа не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди, туку понудата ја оцениле како прифатлива и доделиле максимален број на бодови. Потоа, врз основа на извештајот од спроведена постапка, првообвинетиот Оливер Дерковски, како претседател на ДИК, без да изврши контрола на постапката за евалуација на понудите, донел одлука за избор на најповолен понудувач. Во случајот „Ласкарци“ Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против шест лица кои ги осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 38 патници беа тешко повредени. Обвинение е поднесено против газдата на Дурмо – турс и одговорното лице во фирмата – бидејќи според обвинителот, иако знаеле дека автобусот е неисправен не презеле ништо да ги поправат дефектите на системот за сопирање на автобусот. Исто така тие давале и насоки на возачите на автобусите да монтираат опрема со која ќе се манипулира вистинската брзина со која се движи автобусот.

The post Денеска во Кривичен нови рочишта за Зеќири, Бонева, Дерковски и за автобуската несреќа кај Ласкарци appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава против експретседателот на ДИК Оливер Дерковски за набавката на софтверите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-protiv-ekspretsedatelot-na-dik-oliver-derkovski-za-nabavkata-na-softverite/ Wed, 06 Apr 2022 13:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=484160

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Државната изборна комисија Оливер Дерковски, претседателот на комисијата за јавни набавки и двајца членови на комисијата за јавни набавки, за период од 2019 година, за злоупотреба на службената положба и воластувања.

Според информациите, Дерковски во текот на 2019 година, во својство на претседател на Државната изборна комисија (во понатамошниот текст ДИК), искористувајќи ист траен однос и прилики, ја искористил службената положба и овластување при вршење на јавни набавки на начин што, спротивно на Начелото за конкуренција меѓу економските оператори, еднаков третман и недискриминација на економските оператори и транспарентност во процесот на доделување на договори за јавни набавки и спротивно на Законот за енергетика, без да објави јавен оглас и без да спроведе постапка за јавна набавка, извршил набавка за снабдување со електрична енергија, услуги за одржување на хигиена и писмоносни услуги во внатрешен сообраќај и склучил договори со три економски оператори, на кој начин им овозможил вкупна корист од 2.840.270,00 денари со ДДВ.

Првопријавениот, спротивно на член 99 точка 4 и став 4 од истиот член, во текот на месец Мај 2019 година склучил Анекс број 1 кон договорот број 05-886/10 од 08.04.2019 година, врз основа на кој набавил дополнителни количини на паравани за гласање, наменети за спроведување на вториот круг на гласањето за претседателски избори 2019 и предвремените избори за градоначалници на општина Охрид, Ново Село и Дебар, со вкупна вредност од 771.600,00 денари без ДДВ, без да спроведе постапка за јавна набавка и без предходно да утврди дали има реална потреба и пишано барање од страна на Општинските изборни комисии за набавка на нови паравани за гласање и на тој начин му овозможил на економскиот оператор да се стекне со имотна корист во вкупен износ од 771.600,00 денари.

Првопријавениот во својство на претседател на Државната изборна комисија, заедно со второпријавениот, во својство на претседател на комисијата за јавна набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија во ДИК и лице или организациски облик за јавни набавки согласно член 80 од ЗЈН, третопријавениот, во својство на член на комисијата за јавна набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија во ДИК и четвртопријавениот, во својство на член на комисијата за јавна набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија во ДИК во текот на 2019 година, спротивно на член 99 став 5 и член 141 став 6 од Законот за јавни набавки(Службен весник на РСМ бр.24/19) свесно ги повредиле прописите за јавна набавка со причинување на битна повреда на Законот за јавни набавки, на начин што, првопријавениот донел и потпишал Одлука за јавна набавка и ја одобрил тендерската документација за набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија во Државната изборна комисија (ДИК) изготвена од страна на второпријавениот, третопријавениот и четвртапријавениот, во која одлука и тендерска документација бил предвиден критериум најниска цена, што довело до дискриминација на економските оператори, ограничување на пазарната конкуренција и на тој начин пријавените овозможиле во постпката за јавна набавка да се јави само еден економски оператор со кој е склучен и договор при тоа овозможувајќи му на економскиот оператор да се стекне со имотна корист во вредност од 5.007.920,00 денари со ДДВ.

Со ваквите првеземени дејствија пријавените, им овозможиле на економските оператори да се стекнат со имотна корист во вкупна вредност 8.619.790,00 денари

The post Кривична пријава против експретседателот на ДИК Оливер Дерковски за набавката на софтверите appeared first on Република.

]]>

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Државната изборна комисија Оливер Дерковски, претседателот на комисијата за јавни набавки и двајца членови на комисијата за јавни набавки, за период од 2019 година, за злоупотреба на службената положба и воластувања. Според информациите, Дерковски во текот на 2019 година, во својство на претседател на Државната изборна комисија (во понатамошниот текст ДИК), искористувајќи ист траен однос и прилики, ја искористил службената положба и овластување при вршење на јавни набавки на начин што, спротивно на Начелото за конкуренција меѓу економските оператори, еднаков третман и недискриминација на економските оператори и транспарентност во процесот на доделување на договори за јавни набавки и спротивно на Законот за енергетика, без да објави јавен оглас и без да спроведе постапка за јавна набавка, извршил набавка за снабдување со електрична енергија, услуги за одржување на хигиена и писмоносни услуги во внатрешен сообраќај и склучил договори со три економски оператори, на кој начин им овозможил вкупна корист од 2.840.270,00 денари со ДДВ. Првопријавениот, спротивно на член 99 точка 4 и став 4 од истиот член, во текот на месец Мај 2019 година склучил Анекс број 1 кон договорот број 05-886/10 од 08.04.2019 година, врз основа на кој набавил дополнителни количини на паравани за гласање, наменети за спроведување на вториот круг на гласањето за претседателски избори 2019 и предвремените избори за градоначалници на општина Охрид, Ново Село и Дебар, со вкупна вредност од 771.600,00 денари без ДДВ, без да спроведе постапка за јавна набавка и без предходно да утврди дали има реална потреба и пишано барање од страна на Општинските изборни комисии за набавка на нови паравани за гласање и на тој начин му овозможил на економскиот оператор да се стекне со имотна корист во вкупен износ од 771.600,00 денари. Првопријавениот во својство на претседател на Државната изборна комисија, заедно со второпријавениот, во својство на претседател на комисијата за јавна набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија во ДИК и лице или организациски облик за јавни набавки согласно член 80 од ЗЈН, третопријавениот, во својство на член на комисијата за јавна набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија во ДИК и четвртопријавениот, во својство на член на комисијата за јавна набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија во ДИК во текот на 2019 година, спротивно на член 99 став 5 и член 141 став 6 од Законот за јавни набавки(Службен весник на РСМ бр.24/19) свесно ги повредиле прописите за јавна набавка со причинување на битна повреда на Законот за јавни набавки, на начин што, првопријавениот донел и потпишал Одлука за јавна набавка и ја одобрил тендерската документација за набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија во Државната изборна комисија (ДИК) изготвена од страна на второпријавениот, третопријавениот и четвртапријавениот, во која одлука и тендерска документација бил предвиден критериум најниска цена, што довело до дискриминација на економските оператори, ограничување на пазарната конкуренција и на тој начин пријавените овозможиле во постпката за јавна набавка да се јави само еден економски оператор со кој е склучен и договор при тоа овозможувајќи му на економскиот оператор да се стекне со имотна корист во вредност од 5.007.920,00 денари со ДДВ. Со ваквите првеземени дејствија пријавените, им овозможиле на економските оператори да се стекнат со имотна корист во вкупна вредност 8.619.790,00 денари

The post Кривична пријава против експретседателот на ДИК Оливер Дерковски за набавката на софтверите appeared first on Република.

]]>