Оливер Белопета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oliver-belopeta/ За подобро да се разбереме Thu, 30 May 2024 12:56:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Оливер Белопета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oliver-belopeta/ 32 32 23. издание на Офф-Фест од 6 до 9 јуни: Фестивалот на големи ѕвезди на светската музика со грижливо избрана програма https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/23-izdanie-na-off-fest-od-6-do-9-juni-festivalot-na-golemi-zvezdi-na-svetskata-muzika-so-grizhlivo-izbrana-programa/ Thu, 30 May 2024 12:55:04 +0000 https://republika.mk/?p=783211

Осум концертни настапи и два документарни филма се дел од дваесет и третото издание на традиционалниот ОФФ-Фест ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Национална опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотека на Македонија.

Оливер Белопета, директор на скопскиот џез фестивал, на денешната прес-конференција во кафе книжарница „Буква“ рече дека фестивалот има базичен концепт кој не се менува.

Фестивалот има еден базичен концепт кој не се менува, а тоа е да биде фестивал на големи ѕвезди на светската музика, рече тој.

Дополни дека ОФФ-Фест има традиција секоја година да претставува една македонска група.

Грижливо избираме од тоа што има во Македонија, пред сѐ тоа да биде нешто што сметаме дека во иднина може да го најде патот за Европа. Годинава тоа се Калата, рече Белопета.

На 6 јуни фестивалот ќе го отворат BOMBINO, еден од најзначајните претставници на прославениот „пустински блуз“, и јужноафриканските ѕвезди BCUC, познати по својот афро-психоделичен транс и импресивните настапи во живо.

Дел од фестивалот ќе биде и миксот од меланезиски, индиски, африкански влијанија и европски фолк со елементи на импровизирана музика на холандскиот секстет BOI AKIH, во комбинација со оригиналниот и моќен звук на француско-етиописката супер-група KUTU.
VICENTE AMIGO ќе го претстави своето фасцинантно творештво, коешто му донесе светска слава и придонесе неговото име да се стане референца за фламенко гитарата денес.

Последната вечер на ОФФ-Фест ќе ја одбележат фуриозниот полски гудачки квинтет VOŁOSI со својот оригинален микс во кој се вкрстуваат влијанијата на рок, џез, етно, амбиент и филмската музика, потоа домашните нео-фолк миленици во подем KALATA, како и познатиот српски world music колектив NAKED.

Во рамките на предфестивалската плус програма ќе бидат премиерно прикажани и документарните филмови „Cesaria Evora” и „Agadez, the Music and the Rebellion“

https://republika.mk/scena/muzika/silna-inspirativna-i-vozbudliva-programa-na-off-fest/

The post 23. издание на Офф-Фест од 6 до 9 јуни: Фестивалот на големи ѕвезди на светската музика со грижливо избрана програма appeared first on Република.

]]>

Осум концертни настапи и два документарни филма се дел од дваесет и третото издание на традиционалниот ОФФ-Фест ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Национална опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотека на Македонија. Оливер Белопета, директор на скопскиот џез фестивал, на денешната прес-конференција во кафе книжарница „Буква“ рече дека фестивалот има базичен концепт кој не се менува.
Фестивалот има еден базичен концепт кој не се менува, а тоа е да биде фестивал на големи ѕвезди на светската музика, рече тој.
Дополни дека ОФФ-Фест има традиција секоја година да претставува една македонска група.
Грижливо избираме од тоа што има во Македонија, пред сѐ тоа да биде нешто што сметаме дека во иднина може да го најде патот за Европа. Годинава тоа се Калата, рече Белопета.
На 6 јуни фестивалот ќе го отворат BOMBINO, еден од најзначајните претставници на прославениот „пустински блуз“, и јужноафриканските ѕвезди BCUC, познати по својот афро-психоделичен транс и импресивните настапи во живо. Дел од фестивалот ќе биде и миксот од меланезиски, индиски, африкански влијанија и европски фолк со елементи на импровизирана музика на холандскиот секстет BOI AKIH, во комбинација со оригиналниот и моќен звук на француско-етиописката супер-група KUTU. VICENTE AMIGO ќе го претстави своето фасцинантно творештво, коешто му донесе светска слава и придонесе неговото име да се стане референца за фламенко гитарата денес. Последната вечер на ОФФ-Фест ќе ја одбележат фуриозниот полски гудачки квинтет VOŁOSI со својот оригинален микс во кој се вкрстуваат влијанијата на рок, џез, етно, амбиент и филмската музика, потоа домашните нео-фолк миленици во подем KALATA, како и познатиот српски world music колектив NAKED. Во рамките на предфестивалската плус програма ќе бидат премиерно прикажани и документарните филмови „Cesaria Evora” и „Agadez, the Music and the Rebellion“ https://republika.mk/scena/muzika/silna-inspirativna-i-vozbudliva-programa-na-off-fest/

The post 23. издание на Офф-Фест од 6 до 9 јуни: Фестивалот на големи ѕвезди на светската музика со грижливо избрана програма appeared first on Република.

]]>
„Поради џезот“ – изложба на фотографии на Оливер Белопета https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poradi-dzezot-izlozba-na-fotografii-na-oliver-belopeta/ Sat, 10 Dec 2022 07:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=583917

Во галеријата на МКЦ вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии на Оливер Белопета насловена „Поради џезот / Because of Jazz“.

Оваа изложба, под кураторство на Жига Коритник, беше поставена во 2017 година, во галеријата на Цанкарјев дом во Љубљана. Станува збор за селекција од 30 дела од богатата ризница фотографии на Оливер Белопета, направени во периодот од 2009 до 2016 година, на различни локации и музички фестивали ширум светот.

Изложбата, дополнета и повторно курирана од Жига Коритник, а реализирана во соработка со Младинскиот културен центар и Скопскиот џез фестивал, ќе биде поставена во галеријата на МКЦ до 23 декември.

Освен неговата љубов за добрата музика и дизајн, јас особено се гордеам со Оливер како фотограф. Свесен сум за богатството на неговиот живот, што го почуствував уште од почетокот на нашата соработка. Дури уште тогаш му се понудив да му ја разгледам архивата и да му одберам фотографии за изложба. Сепак, помина многу време додека конечно ме покани да ја курирам неговата изложба на Љубљанскиот џез фестивал во 2017 година. Се изненадив кога ја добив неговата поширока селекција на фотографии, коишто покажуваа техничка и содржинска перфекција. Ги одбрав овие фотографии за убаво да се впијат во галерискиот простор, што се покажа како тешка задача, бидејќи ги имаше толку многу и толку интересни! Потоа го предложив насловот на изложбата. Мислам дека имаме среќа што можеме да погледнеме макар и само мал дел од фотографскиот живот на Оливер, вели фотографот Жига Коритник.

Според новинарот Ичо Видмар, само еден краток поглед кон фотографиите на Оливер Белопета од бројните светски подиуми ја открива токму таа сјајна разноликост и непредвидливост на музицирањето, на хетерогеноста на талентот што тој умее во целост да ја почитува и да ја промовира на неговите концерти

The post „Поради џезот“ – изложба на фотографии на Оливер Белопета appeared first on Република.

]]>

Во галеријата на МКЦ вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии на Оливер Белопета насловена „Поради џезот / Because of Jazz“. Оваа изложба, под кураторство на Жига Коритник, беше поставена во 2017 година, во галеријата на Цанкарјев дом во Љубљана. Станува збор за селекција од 30 дела од богатата ризница фотографии на Оливер Белопета, направени во периодот од 2009 до 2016 година, на различни локации и музички фестивали ширум светот. Изложбата, дополнета и повторно курирана од Жига Коритник, а реализирана во соработка со Младинскиот културен центар и Скопскиот џез фестивал, ќе биде поставена во галеријата на МКЦ до 23 декември.