Оливер Андреевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oliver-andreevski/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jul 2023 10:40:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Оливер Андреевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oliver-andreevski/ 32 32 Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се годинашните невеста и зет на 60. Галичка свадба https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/elisaveta-buloska-i-oliver-andreevski-se-godinashnite-nevesta-i-zet-na-60-galichka-svadba/ Tue, 11 Jul 2023 10:40:19 +0000 https://republika.mk/?p=660005

Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се годинашните невеста и зет на јубилејното, 60. издание на „Галичка свадба“ кое ќе се одржи од 14 до 16 јули во Галичник, под покровителство на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски и со поддршка од Министерството за култура.

„Шеесет години традиција, шеесет години радост за враќање дома во родниот крај, шеесет години Галичка свадба – историскиот мост меѓу нашето минато и сегашност. Мост меѓу живата традиција и современоста. Галичка свадба е повеќе од обичен настан. Таа е вистинско патување низ времето, магичен момент кога се спојуваат генерациите и се пренесуваат обичаите што ги чуваме со голема почит. Ова е време кога се слават љубовта, семејството и заедницата“, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод претстојното одржување на традиционалната манифестација „Галичка свадба“.

Според Костадиновска-Стојчевска, на Петровден, писокот на зурлите и екот на тапаните ќе нѐ потсетат дека нашите традиции се живи и заштитени, а народот обединет околу своите културни вредности и обичаи.

[caption id="attachment_660009" align="alignnone" width="1080"] фото: Министерство за култура[/caption]

Секоја песна, секој танц, секоја шара на традиционалната облека, секој обред пренесува пораки за нашата историја, верувања и обичаи. Тоа се приказни што не смее да се загубат и да се заборават. Сево ова им нуди можност на младите да се поврзат со своите корени, да ги споделат нашите обичаи со посетителите, потврдувајќи колку сме горди на нашата култура и културни вредности, рече министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска им пожела долг и спокоен живот на младенците, а граѓаните ги покани да дојдат во Галичник на, како што рече, прославата на љубовта, традицијата и културата.

[caption id="attachment_660012" align="alignnone" width="1080"] фото: Министерство за култура[/caption]

Инаку, традиционално, почетокот на годинашната „Галичка свадба“ ќе биде означен в сабота, 15 јули, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Потоа ќе бидат изведени познатите свадбарски ритуали – „пречек на тапаните“ и „свекрвино оро“ – а ќе биде одиграно и „Тешкото“ – оро кое го симболизира испраќањето и пречекот на печалбарите, што била честа појава во овие краеви. Утрото в недела, 16 јули, ќе го одбележат традиционалните свадбени обичаи, а венчавањето на младенците ќе се изврши во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Галичник.

The post Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се годинашните невеста и зет на 60. Галичка свадба appeared first on Република.

]]>

Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се годинашните невеста и зет на јубилејното, 60. издание на „Галичка свадба“ кое ќе се одржи од 14 до 16 јули во Галичник, под покровителство на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски и со поддршка од Министерството за култура.
„Шеесет години традиција, шеесет години радост за враќање дома во родниот крај, шеесет години Галичка свадба – историскиот мост меѓу нашето минато и сегашност. Мост меѓу живата традиција и современоста. Галичка свадба е повеќе од обичен настан. Таа е вистинско патување низ времето, магичен момент кога се спојуваат генерациите и се пренесуваат обичаите што ги чуваме со голема почит. Ова е време кога се слават љубовта, семејството и заедницата“, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод претстојното одржување на традиционалната манифестација „Галичка свадба“.
Според Костадиновска-Стојчевска, на Петровден, писокот на зурлите и екот на тапаните ќе нѐ потсетат дека нашите традиции се живи и заштитени, а народот обединет околу своите културни вредности и обичаи. [caption id="attachment_660009" align="alignnone" width="1080"] фото: Министерство за култура[/caption]
Секоја песна, секој танц, секоја шара на традиционалната облека, секој обред пренесува пораки за нашата историја, верувања и обичаи. Тоа се приказни што не смее да се загубат и да се заборават. Сево ова им нуди можност на младите да се поврзат со своите корени, да ги споделат нашите обичаи со посетителите, потврдувајќи колку сме горди на нашата култура и културни вредности, рече министерката за култура.
Костадиновска-Стојчевска им пожела долг и спокоен живот на младенците, а граѓаните ги покани да дојдат во Галичник на, како што рече, прославата на љубовта, традицијата и културата. [caption id="attachment_660012" align="alignnone" width="1080"] фото: Министерство за култура[/caption] Инаку, традиционално, почетокот на годинашната „Галичка свадба“ ќе биде означен в сабота, 15 јули, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Потоа ќе бидат изведени познатите свадбарски ритуали – „пречек на тапаните“ и „свекрвино оро“ – а ќе биде одиграно и „Тешкото“ – оро кое го симболизира испраќањето и пречекот на печалбарите, што била честа појава во овие краеви. Утрото в недела, 16 јули, ќе го одбележат традиционалните свадбени обичаи, а венчавањето на младенците ќе се изврши во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Галичник.  

The post Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се годинашните невеста и зет на 60. Галичка свадба appeared first on Република.

]]>
Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се избрани за годинашни невеста и зет на Галичката свадба https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/elisaveta-buloska-i-oliver-andreevski-se-izbrani-za-godinashni-nevesta-i-zet-na-galichkata-svadba/ Wed, 31 May 2023 09:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=646400

Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се избрани за годинашните невеста и зет на Галичката свадба, соопштија од Месна заедница Галичник.

По објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2023 година, советот на МЗГ го избра среќниот пар. Овогодишен зeт е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на Галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид. Парот ги исполнува сите потребни услови за учество во галичката свадба.

Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, вгодина на крштевка!, им посакуваат од Месна заедница Галичник.

The post Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се избрани за годинашни невеста и зет на Галичката свадба appeared first on Република.

]]>

Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се избрани за годинашните невеста и зет на Галичката свадба, соопштија од Месна заедница Галичник. По објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2023 година, советот на МЗГ го избра среќниот пар. Овогодишен зeт е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на Галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид. Парот ги исполнува сите потребни услови за учество во галичката свадба.