Продадени се рекордни 12 милиони билети за Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 година, надминувајќи го рекордот на Игрите претходно поставен од Олимпијадата и Параолимпијадата во Лондон 2012 година, објавија денеска организаторите.
Продадени се околу 9,5 милиони билети за Олимписките игри и 2,5 милиони за Параолимписките игри кои завршуваат денеска.
Организаторите од Лондон во 2012 година поставија рекорд на Параолимписките игри со продадени 2,7 милиони билети, но само 8,2 милиони беа продадени за Олимписките игри.
The post Рекорден број продадени влезници за Олимписките и параолимписките игри 2024 appeared first on Република.
]]>The post Рекорден број продадени влезници за Олимписките и параолимписките игри 2024 appeared first on Република.
]]>Кина и Соединетите Американски Држави со по 40 златни медали се најуспешните нации на Олимписките игри во Париз кои вечерва свечено ќе бидат затворени.
Најмногу медали во 16. натпреварувачки денови освоија американските спортисти, вкупно 126, а со одличја се закитија натпреварувачи од 91 држава.
Македонија не освои медал на Игрите во Париз на кои настапи со шест олимпијци во пливање, таеквондо, борење, атлетика, стрелаштво и џудо.
Топ 5 најуспешни нации на Игрите во Париз:
Земја Злато сребро бронза вкупно
САД 40 44 42 126
Кина 40 27 24 91
Јапонија 20 12 13 45
Австралија 18 19 16 53
Франција 16 26 22 64.
The post САД и Кина најуспешни нации на ОИ во Париз appeared first on Република.
]]>The post САД и Кина најуспешни нации на ОИ во Париз appeared first on Република.
]]>Атлетичарката Сифан Хасан денеска го освои златниот медал во женскиот маратон на Олимписките игри во Париз.
Етиопјанката, која настапува под знамето на Холандија, до златото дојде со време на нов олимписки рекорд од 2:22.55 часа.
Ова е трет медал за Хасан на Игрите во Париз, откако претходно освои бронза на 5.000 и 10.000 метри, а шести олимписки медал во кариерата.
Сребрениот медал на женскиот маратон го освои Етиопјанката Тигст Асефа со време 2:22.58 часа, а бронзата Хелен Обири од Кенија (2:23.10).
The post Откако освои бронзи на пет и 10 илјади метри: Сифан Хасан победи на женскиот маратон appeared first on Република.
]]>The post Откако освои бронзи на пет и 10 илјади метри: Сифан Хасан победи на женскиот маратон appeared first on Република.
]]>Шпанската машка ракометна репрезентација го освои бронзениот медал на Олимписките игри откако претпладнево во натпреварот за третото место ја совлада Словенија со 23:22 (12:12).
Алеис Гомез со пет голови од пет обиди и Агустин Касадо со четири голови беа најефикасни кај Шпанија, додека Јуре Доленец постигна шест голови, сите шест од седум метри за Словенија.
Шпанија на тој начин го повтори резултатот од пред три години во Токио, кога исто така ја освои бронзата. Ова е петти олимписки медал за двократните светски и европски шампиони и сите пет се бронзени.
Словенија, пак, ќе мора да го чека првиот олимписки медал во ракомет.
Од 13 часот и 30 минути во финалето ќе играат Германија и Данска.
The post Петта олимписка бронза за шпанските ракометари, Словенија извиси за медал appeared first on Република.
]]>The post Петта олимписка бронза за шпанските ракометари, Словенија извиси за медал appeared first on Република.
]]>Пред завршниот ден на Олимписките игри во Париз на табелата со освоени медали водат кинеските олимпијци со едно златно одличје повеќе од САД.
На 16. ден на Игрите ќе се одржат натпреварувања во девет спортови и во сите ќе бидат поделени медали.
Натпреварувачкиот дел стартуваше утрово со женскиот маратон, а ќе кулминира со женското кошаркарско финале.
Церемонијата на свеченото затворање на Игрите ќе стартува во 21 часот.
Кина 39-27-24 (90)
САД 38-42-42 (122)
Австралија 18-18-14 (50)
Јапонија 18-12-13 (43)
Франција 16-24-22 (62)
The post Кина со најмногу златни медали пред завршниот ден на Олимпијадата appeared first on Република.
]]>The post Кина со најмногу златни медали пред завршниот ден на Олимпијадата appeared first on Република.
]]>Албанскиот борач во слободен стил Чермен Валиев освои бронзен медал на Олимписките игри во Париз.
Борецот со руско потекло така на Албанија и го донесе првиот медал на најголемиот планетарен спортски настан.
Во дуелот за третото место Валијев беше подобар од Унгарецот Виктор Расадин со резултат 6:2. Тоа беше борба во категоријата до 74 килограми.
The post Албанија го освои првиот олимписки медал во историјата appeared first on Република.
]]>The post Албанија го освои првиот олимписки медал во историјата appeared first on Република.
]]>Ракометарките на Норвешка доминираа во финалето на женскиот олимписки ракометен турнир со триумф 29-21 (15-13) за трето злато на ЛОИ, и истовремено станаа најтрофејна женска репрезентација која има освоено вкупно осум медали досега.
Тренерот Торир Хергеирсон исто така стана најтрофејниот тренер во ракометот со 16. освоен медал .
Најефикасни во шампионскиот состав беа Хени Рајстад со осум голови, Кари Дале додаде шест, а се приклучи и Стине Офтедал со уште пет гола, додека кај Франција прво име беше Орлане Канор со пет погодоци.
The post Норвешка ја прегази Франција за трето олимписко злато appeared first on Република.
]]>The post Норвешка ја прегази Франција за трето олимписко злато appeared first on Република.
]]>Атлетичарот од Етипоија, Тамират Тола, го освои златниот медал во машкиот маратон на Олимписките игри во Париз, додека македонскиот маратонец Дарио Ивановски ја заврши трката на 69. место.
Тола го освои златниот олимписки медал со време на нов олимписки рекорд од 2:06:26 часа, минувајќи прв низ целта пред Башир Абди од Белгија, кој заостана 21 секунда и Кениецот Бенсон Кипруто, кој имаше заостанување од 34 секунди.
Ивановски, кој е првиот македонски маратонец во олимписката историја, ја мина целта со време од 2:28:15, заостанувајќи 21:49 минути зад Тола.
Ивановски беше последниот македонски претставник кој настапи на Олимписките игри во Париз. Пред него својот олимписки настап го завршија Милјана Рељиќ во теаквондо, борачот Владимир Егоров, џудистот Еди Шерифовски, стрелачката Анастасија Мојсовска и пливачот Никола Ѓуретановиќ.
The post Етиопјанецот Тола со рекорд до олимпиското злато во маратон, Дарио Ивановски на 69. место appeared first on Република.
]]>The post Етиопјанецот Тола со рекорд до олимпиското злато во маратон, Дарио Ивановски на 69. место appeared first on Република.
]]>Данска и Германија ќе играат во финалето на ракометниот олимписки турнир.
Данците во драматично полуфинале ја победија Словенија со 31-30, додека Германците ја совладаа Шпанија со 25-24.
Данска водеше од првата до последната минута, во некои моменти и со шест разлика, но Словенија полека ја намалуваше негативата и минута до крајот дојде со само гол негатива (30-31). Во следниот напад, Данците изнудија седмерец кој Микаел Хансен не го реализираше, а Словенија доби 15 секунди да избори продолжение. Алекс Влах беше сопрен со прекршок, Словенците бараа седмерец, но судиите досудија само девет метри дд кои Борут Мачковшек не успеа да постигне гол со истекот на времето.
Данска до победата ја предводеше Магнус Ландин Јакобсен со шест и Лукас Јоргенсен и Микел Хансен со по пет гола, а во словенечките редови најефикасни беа Алекса Влах и Дин Бомбач со по седум гола.
Данска досега само еднаш има освоено олимписко злато, во 2016 година во Рио де Жанеиро, додека во Токио беше втора.
The post Данска и Германија во машкото ракометно олимпиското финале appeared first on Република.
]]>The post Данска и Германија во машкото ракометно олимпиското финале appeared first on Република.
]]>Ватерполистите на Хрватска се пласираа во финалето на Олимписките игри, откако во полуфиналето ги совладаа Унгарците 9-8.
Клучна четвртина на натпреварот беше втората, во која Хрватска успеа да се одлепи на два гола разлика и до крајот искусно да го сочува тоа водство.
Првиот квартал заврши со 3-3, третиот со 2-2, додека во последниот Унгарија беше поуспешна со 1-0. Финалето на Олимписките игри во ватерполо е закажано за в недела во 14:00 часот.
The post Хрватите ја совладаа Унгарија и закажаа финале на ОИ со Србија appeared first on Република.
]]>The post Хрватите ја совладаа Унгарија и закажаа финале на ОИ со Србија appeared first on Република.
]]>Македонскиот борач Владимир Егоров експресно го заврши настапот на Олимписките Игри во Париз, по поразот од Индиецот Амар Шерават.
Во првото коло во категоријата до 57 килограми, Егоров загуби убедливо со 10:0.
Тоа е истата дисциплина во која пред две години стана европски првак на турнирот во Будимпешта.
The post Олимписките Игри завршија за Владимир Егоров appeared first on Република.
]]>The post Олимписките Игри завршија за Владимир Егоров appeared first on Република.
]]>Македонската таеквондистка, Милјана Рељиќ, загуби во четврт-финалната борба на Олимписките игри во Париз од Либанката Летисија Ајун со 2-0 во рунди.
Рељиќ имаше две неизвесни рудни. Првата ја загуби со 9:8, додека во втората беше 6:6, но бидејќи Либанката имаше удар во главата ја доби оваа борба.
Шансите за медал се уште не се загубени, бидејќи доколку Ајун победи во полуфиналето, нашата Рељиќ ќе има шанса преку репасажот да се бори за бронзениот медал.
https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/svetot-doprva-ke-slusha-za-nea-koja-e-milijana-relik-makedonskata-gordost-na-olimpijadata-vo-pariz/
Нашата натпреваурвачка приреди огромна сензација во првото коло на турнирот елиминирајќи ја двократната олимписка шампионка Џејд Џоунс од Велика Британија. Таа во категоријата до 57 килограми ја совлада третата фаворитка со 2-1 во рунди.
https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/britantsite-shokirani-po-pobedata-na-mila-dhejd-e-unishtena-skrsheni-sme-poradi-nea/
The post Милјана Рељиќ елиминирана во четврт-финалето на Олимписките игри appeared first on Република.
]]>The post Милјана Рељиќ елиминирана во четврт-финалето на Олимписките игри appeared first on Република.
]]>Македонската олимпијка Милијана Рељиќ нема сала за подготовки, ниту финансиска поддршка од државата, за настап на Летните олимписки игри во Париз 2024 година. Ова го потенцира нејзиниот тренер Александар Ефтимов, кој објасни дека Рељиќ се подготвува за Олимпијадата на разни терени.
„Веќе една недела сме без сала за подготовки. И покрај упатените повици до надлежните институции, Милијана се уште нема можност да ја користи салата за подготовки за овој значаен светски спортски настан. Во салата каде што тренираме веќе 15 години, имаме професионална таеквондо опрема во вредност од над 10.000 евра и е значајно за подготовките, немаме можност да вежбаме поради летниот распуст на училиштата. Надлежните во основното училиште „Наум Наумовски – Борче” од Маџари не дозволуваат да ја користиме салата”, вели Александар Ефтимов.
Поради ова, тие се принудени да бараат слободни термини во другите сали кои, според Ефтимов, се далеку под квалитетот за подготовка за олимписка норма.
„Поразително е да имаме олимписка надеж, која има шанси да донесе медал од Олимписки игри, а спортските сали да седат заклучени преку цело лето. Ние ќе се бориме, ќе дадеме се од себе да донесеме медал од Олимписките игри во Париз и покрај тоа што немаме сала за тренирање. Оваа година, се уште, немаме добиено ниту денар од ниту една државна институција, ниту поддршка од приватни компании. Затоа, најголем дел од натпреварите и семинарите ги покриваме од лични средства”, вели Ефтимов.
Милијана е актуелна европска клупска шампионка, на последните 9 Г1 турнири има освоено 7 медали а во јули месец се очекува да избие на 5-тата позиција на светската таеквондо ранкинг листа и со големи шанси да освои медал на Олимписките игри во Париз 2024.
Од друга страна, овој проблем со салите, што се провлекува повеќе години треба да се реши, бидејќи со секоја нова учебна година прават нервозни ситуации кај клубовите, кои долги години се закупци. Се губи многу време со секоја распределба.
Државата мора да најде решение за врвните спортисти.
The post Милијана Рељиќ на Олимпијада без сала за подготовки и без пари appeared first on Република.
]]>„Веќе една недела сме без сала за подготовки. И покрај упатените повици до надлежните институции, Милијана се уште нема можност да ја користи салата за подготовки за овој значаен светски спортски настан. Во салата каде што тренираме веќе 15 години, имаме професионална таеквондо опрема во вредност од над 10.000 евра и е значајно за подготовките, немаме можност да вежбаме поради летниот распуст на училиштата. Надлежните во основното училиште „Наум Наумовски – Борче” од Маџари не дозволуваат да ја користиме салата”, вели Александар Ефтимов.Поради ова, тие се принудени да бараат слободни термини во другите сали кои, според Ефтимов, се далеку под квалитетот за подготовка за олимписка норма.
„Поразително е да имаме олимписка надеж, која има шанси да донесе медал од Олимписки игри, а спортските сали да седат заклучени преку цело лето. Ние ќе се бориме, ќе дадеме се од себе да донесеме медал од Олимписките игри во Париз и покрај тоа што немаме сала за тренирање. Оваа година, се уште, немаме добиено ниту денар од ниту една државна институција, ниту поддршка од приватни компании. Затоа, најголем дел од натпреварите и семинарите ги покриваме од лични средства”, вели Ефтимов.Милијана е актуелна европска клупска шампионка, на последните 9 Г1 турнири има освоено 7 медали а во јули месец се очекува да избие на 5-тата позиција на светската таеквондо ранкинг листа и со големи шанси да освои медал на Олимписките игри во Париз 2024. Од друга страна, овој проблем со салите, што се провлекува повеќе години треба да се реши, бидејќи со секоја нова учебна година прават нервозни ситуации кај клубовите, кои долги години се закупци. Се губи многу време со секоја распределба. Државата мора да најде решение за врвните спортисти.
The post Милијана Рељиќ на Олимпијада без сала за подготовки и без пари appeared first on Република.
]]>Летиција Ајуд од Либан е ривалката на Милјана Рељиќ во четвртфиналето таеквондо до 57 килограми на Олимписките игри во Париз.
Македонката попладнево забележа голема победа над двократната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија и се пласира помеѓу осумте најдобри.
Терминот за борбата на македонската репрезентативка со таеквондистката од Либан е 15:45 часот.
Во случај на победа, Релиќ ќе биде блиску до медал.
The post Во 15:45 Мила Рељиќ против Либанката Ајуд за пласман во полуфинале appeared first on Република.
]]>The post Во 15:45 Мила Рељиќ против Либанката Ајуд за пласман во полуфинале appeared first on Република.
]]>Македонската таеквондистка Мила Рељиќ ja совлада поранешната двократна олимписка шампионка, Џејд Џонс од Велика Британија, со што се пласира во четврт-финалето на Олимписките игри во Париз.
Рељиќ, покажа одлична техника и смиреност во рингот и во текот на целата борба против фаворизирата Британка имаше целосна контрола на случувањата во рингот. Тоа и овозможи да ја добие првата рунда со 7:6 во поени. Во втората Џонс настапи поагресивно, па со 5:4 успеа да го изедначи резултатот и да ја одведе борбата во решавачката трета рунда.
Во тензична атмосфера, оваа рунда заврши со по еден освоен поен на двете таеквондистки, но Мила, поради поголемиот квалитет на прецизни удари во текот на борбата заслужено го доби триумфот.
Во четврт-финалето, Рељиќ ќе се бори против Либанката Летиција Аун.
Хајлајтс од првата борба на Рељиќ. pic.twitter.com/V7k4ItQe4N
— Руи (@riste_g) August 8, 2024
The post Македонската таеквондистка Мила Рељиќ ја совлада двократната олимписка шампионка appeared first on Република.
]]>Хајлајтс од првата борба на Рељиќ. pic.twitter.com/V7k4ItQe4N
— Руи (@riste_g) August 8, 2024
The post Македонската таеквондистка Мила Рељиќ ја совлада двократната олимписка шампионка appeared first on Република.
]]>Најкомичната ситуација на овие Олимписки игри во Париз беше режирана од Ентони Амирати (21), кој не влезе во финалето во скок со стап бидејќи ја сруши летвичката со гениталиите. Видеото од таа комична ситуација набрзина стана хит на социјалните мрежи, и сега тој доби можност да заработи дополнително.
Имено, еден сајт за возрасни му нуди 250.000 долари за да го покаже „вториот стап“ пред сите. Според американскиот ТМЗ, еден сајт за возрасни сака да ја искористи ситуацијата за деловни цели.
Му нудиме 250.000 долари за 60-минутно шоу, преку веб-камера, каде што треба да покаже со што располага, и другиот стап нема да му треба – изјави претставникот на сајтот за возрасни.
Амирати има можност за „лесна“ заработка, но тука се прашува и Француската атлетска федерација. Како и да е, понудата за него е ставена на маса.
Anthony Ammirati failed the bar and the commentators are clearly having a hard time acknowledging what happened 😂 HELP I'M DYING pic.twitter.com/5hOHttVA5g
— Gladys Wotching (@Glodyswotcher) August 3, 2024
The post Со пенисот ја турна летвичката, па доби понуда од интернет страница за возрасни appeared first on Република.
]]>Anthony Ammirati failed the bar and the commentators are clearly having a hard time acknowledging what happened 😂 HELP I'M DYING pic.twitter.com/5hOHttVA5g
— Gladys Wotching (@Glodyswotcher) August 3, 2024
The post Со пенисот ја турна летвичката, па доби понуда од интернет страница за возрасни appeared first on Република.
]]>Легендарниот австралиски репрезентативец Пети Милс заминува во пензија. Натпреварот против Србија во четвртфиналето на Летените олимписки игри во Париз е последен во националниот дрес на овој кошаркар.
Легендата на австралиската кошарка се збогува со националниот дрес како лидер на својот тим против Србите со вкупно 26 постигнати поени, а и токму тој беше оној кој го одведе натпреварот во продолжение реализирајќи обид над Никола Јокиќ.
Милс дебитираше во дресот на Австралија во 2007 година, а низ годините одигра 64 официјални средби и настапи на 13 големи турнири од кои пет Олимписки игри и три Светски првенства.
The post Мечот со Србија му беше последен, легендарниот Милс заминува во репрезентативна пензија appeared first on Република.
]]>The post Мечот со Србија му беше последен, легендарниот Милс заминува во репрезентативна пензија appeared first on Република.
]]>Американскиот атлетичар Кол Хокер вечерва го освои златниот медал на 1.500 метри на Олимписките игри во Париз.
Хокер триумфираше со време на нов олимписки и национален рекорд од 3:27,65 минути.
Британецот Џош Кер го освои среброто со национален рекорд 3:27.79, а Американецот Џаред Нугусе ја освои бронзата со личен рекорд од 3:27.80 минути.
Бранителот на титулата Норвежанец Јакоб Ингербригтсен водеше во поголемиот дел од трката и наметна силно темпо, но противниците го стигнаа во последните 80 метри и го претекнаа пред целта, па тој заврши на четвртото место со време од 3:28,24 минути.
The post Хокер освои злато на 1.500 метри со олимписки рекорд appeared first on Република.
]]>The post Хокер освои злато на 1.500 метри со олимписки рекорд appeared first on Република.
]]>Француските кошаркари ја изненадија Канада совладувајќи ја вечерва во четвртфиналето на Олимписките игри со 82-73 (23-10, 22-19, 16-21, 21-23) и со тоа изборија полуфиналето против светскиот шампион. Германија.
Прв француски стрелец беше Гершон Јабуселе со 22 поени, а додаде и пет скокови. Исаја Кординие додаде 20 поени, Еван Фурние 15, додека Виктор Вембањама реализираше седум поени, 10 скокови и пет асистенции.
Кај Канаѓаните само двајца играчи постигнаа двоцифрен број на поени. Шеј Гилџесс-Александер постигна 27 поени со пет скокови и четири асистенции, додека Ри Џеј Барет постигна 16 поени.
Од 7-5 на почетокот на натпреварот Франција брзо се одлепи на 19-5 и продолжи да ја зголемува предноста до почетокот на вториот дел.
Во продолжението Канаѓаните заиграа подобро, но единствено што успеаја да направат е серија од 5-0 на стартот од последната четвртина за да стигнат до 55-61. После тоа Франција уште еднаш поведе двоцифрено и со тоа го реши дуелот.
Во полуфиналето Франција ќе игра против Германија која ја совлада Грција со 76-63 (11-21, 25-15, 23-16, 17-11).
The post Француските кошаркари ја совлада Канада за олимписко полуфинале appeared first on Република.
]]>The post Француските кошаркари ја совлада Канада за олимписко полуфинале appeared first on Република.
]]>Бранителките на олимпиското злато од Токио, одбојкарките на САД, се пласираа во полуфиналето на Игрите во Париз победувајќи ја вечерва Полска со 3-0 (25-22, 25-14, 25-20) во четвртфиналето.
Во полуфиналето в четврток Американките ќе играат против Бразилките кои претходно денеска убедливо ја совладаа Доминиканската Република со 3-0 (25-22, 25-13, 25-17).
Тоа ќе биде реприза на финалето од Токио 2021, во кое Американките победија со 3-0 за својата прва титула.
Во првото четвртфинале Турција ја победи Кина со 3-2 (23-25, 25-21, 26-24, 21-25, 15-12) и првпат во историјата избори олимписко полуфинале.
Противник на турските одбојкарки ќе биде победникот од дуелот меѓу Италија и Србија.
The post САД – Бразил, прва полуфинална двојка на олимпискиот турнир за одбојкарки appeared first on Република.
]]>The post САД – Бразил, прва полуфинална двојка на олимпискиот турнир за одбојкарки appeared first on Република.
]]>