олимпијада по природни науки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/olimpijada-po-prirodni-nauki/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Dec 2022 08:43:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png олимпијада по природни науки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/olimpijada-po-prirodni-nauki/ 32 32 Четири бронзени медали за македонските ученици на Јуниорската олимпијада по природни наука во Богота https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chetiri-bronzeni-medali-za-makedonskite-uchenici-na-juniorskata-olimpijada-po-prirodni-nauka-vo-bogota/ Mon, 12 Dec 2022 08:43:49 +0000 https://republika.mk/?p=584548

Тимот од Македонија освои четири бронзени медали на 19. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022), која се одржа од 2 до 12 декември 2022 година во Богота, Колумбија, информира Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ).

Освојувачи на медалите се Искра Нечаковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, Теона Ана Георгиевска и Михаил Шапчески од приватното средно училиште „Јахја Кемал“ од Скопје и Даниел Христов од средното училиште „Славчо Стојменски“ од Штип. На олимпијадата успешно се претставија и учениците Марко Серафимовски од „Јахја Кемал“ и Олег Трајковски од „Јосип Броз Тито“ од Битола.

Водачи на олимпискиот тим беа проф. д-р Боце Митревски од ДФРМ, проф, д-р Методија Најдоски од СХТМ и м-р Лозенка Иванова од МБД.

ДФРМ, кое во соработка со Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД) им го честитаат големиот успех на учениците и се заблагодарува на сите оние кои дадоа придонес во организацијата на општинските, регионалните и државните натпревари по физика, хемија и биологија, на двата селекциони натпревари преку кои беше избран тимот.

Покрај тоа, им благодариме на сите колеги од Институтите за физика, хемија и биологија кои одвоија значителен дел од своето слободно време и го посветија на подготовките кои се организираа од почетокот на септември до крајот на ноември во просториите на ПМФ Скопје. Ја користиме приликата да се заблагодариме на сите кои во континуитет ја подржуваат нашата работа, велат од ДФРМ.

The post Четири бронзени медали за македонските ученици на Јуниорската олимпијада по природни наука во Богота appeared first on Република.

]]>

Тимот од Македонија освои четири бронзени медали на 19. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022), која се одржа од 2 до 12 декември 2022 година во Богота, Колумбија, информира Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ). Освојувачи на медалите се Искра Нечаковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, Теона Ана Георгиевска и Михаил Шапчески од приватното средно училиште „Јахја Кемал“ од Скопје и Даниел Христов од средното училиште „Славчо Стојменски“ од Штип. На олимпијадата успешно се претставија и учениците Марко Серафимовски од „Јахја Кемал“ и Олег Трајковски од „Јосип Броз Тито“ од Битола. Водачи на олимпискиот тим беа проф. д-р Боце Митревски од ДФРМ, проф, д-р Методија Најдоски од СХТМ и м-р Лозенка Иванова од МБД. ДФРМ, кое во соработка со Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД) им го честитаат големиот успех на учениците и се заблагодарува на сите оние кои дадоа придонес во организацијата на општинските, регионалните и државните натпревари по физика, хемија и биологија, на двата селекциони натпревари преку кои беше избран тимот.
Покрај тоа, им благодариме на сите колеги од Институтите за физика, хемија и биологија кои одвоија значителен дел од своето слободно време и го посветија на подготовките кои се организираа од почетокот на септември до крајот на ноември во просториите на ПМФ Скопје. Ја користиме приликата да се заблагодариме на сите кои во континуитет ја подржуваат нашата работа, велат од ДФРМ.

The post Четири бронзени медали за македонските ученици на Јуниорската олимпијада по природни наука во Богота appeared first on Република.

]]>