Олимпиакос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/olimpiakos/ За подобро да се разбереме Thu, 30 May 2024 07:24:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Олимпиакос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/olimpiakos/ 32 32 Атина не спиеше, се славеше титулата на Олимпиакос https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/atina-ne-spieshe-se-slaveshe-titulata-na-olimpiakos/ Thu, 30 May 2024 07:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=782992

Сонот стана реалност за грчкиот фудбалски тим Олимпијакос, но и за навивачите на „црвено-белите“, освојувајќи го првиот европски трофеј во историјата на клубот, откако синоќа со гол во продолжението ја совладаа Фиорентина во финалето на Конференциската лига, а триумфот во Пиреас се славеше до раните утрински часови, јави дописничката на МИА од Атина.

Илјадници навивачи на Олимпијакос, кои не обезбедија билети за натпреварот, финалето го следеа организирано, преку гигантски видео бимови поставени на три локации во атинското предградие Пиреас од каде што е и клубот и каде што кулминираше прославата.

Неколку часа по завршувањето на натпреварот, играчите, со отворен двокатен автобус, стигнаа во Пиреас, а навивачите им приредија импресивен пречек.

Автобусот беше подготвен уште пред почетокот на натпреварот, според фотографиите објавени на социјалните мрежи, а со последниот свиреж на судијата, започна славењето, плоштадот пред општинскиот театар во Пиреас „гореше“, особено по пристигнувањето на играчите, тренерот и останатите членови на тимот, но и сопственикот Вангелис Маринакис.

Традиционално, со „We are the champions“ на Квин беше кренат пехарот заедно со навивачите на „црвено-белите“.

Но, не само Пиреас туку и други грчки градови беа обоени во црвено, каде што се славеше европската титула.

Честитки, преку социјалните мрежи, упатија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, претседателката Катерина Сакеларопулу, министри од Владата, како и лидерите на партиите, додека пак претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, натпреварот го следеше од трибините на „АЕК арена“.

Вчерашното финале од УЕФА Конференциската лига што се одржа во атинската населба Неа Филаделфија, помина во најдобар ред, без никакви проблеми.

The post Атина не спиеше, се славеше титулата на Олимпиакос appeared first on Република.

]]>

Сонот стана реалност за грчкиот фудбалски тим Олимпијакос, но и за навивачите на „црвено-белите“, освојувајќи го првиот европски трофеј во историјата на клубот, откако синоќа со гол во продолжението ја совладаа Фиорентина во финалето на Конференциската лига, а триумфот во Пиреас се славеше до раните утрински часови, јави дописничката на МИА од Атина. Илјадници навивачи на Олимпијакос, кои не обезбедија билети за натпреварот, финалето го следеа организирано, преку гигантски видео бимови поставени на три локации во атинското предградие Пиреас од каде што е и клубот и каде што кулминираше прославата. Неколку часа по завршувањето на натпреварот, играчите, со отворен двокатен автобус, стигнаа во Пиреас, а навивачите им приредија импресивен пречек. Автобусот беше подготвен уште пред почетокот на натпреварот, според фотографиите објавени на социјалните мрежи, а со последниот свиреж на судијата, започна славењето, плоштадот пред општинскиот театар во Пиреас „гореше“, особено по пристигнувањето на играчите, тренерот и останатите членови на тимот, но и сопственикот Вангелис Маринакис. Традиционално, со „We are the champions“ на Квин беше кренат пехарот заедно со навивачите на „црвено-белите“. Но, не само Пиреас туку и други грчки градови беа обоени во црвено, каде што се славеше европската титула. Честитки, преку социјалните мрежи, упатија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, претседателката Катерина Сакеларопулу, министри од Владата, како и лидерите на партиите, додека пак претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, натпреварот го следеше од трибините на „АЕК арена“. Вчерашното финале од УЕФА Конференциската лига што се одржа во атинската населба Неа Филаделфија, помина во најдобар ред, без никакви проблеми.

The post Атина не спиеше, се славеше титулата на Олимпиакос appeared first on Република.

]]>
Олимпиакос ја освои Конференциската лига: Фиорентина загуби две европски финалиња за две години https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/olimpiakos-ja-osvoi-konferentsiskata-liga-fiorentina-zagubi-dve-evropski-finalina-za-dve-godini/ Thu, 30 May 2024 06:36:03 +0000 https://republika.mk/?p=782971

Фудбалерите на Олимпијакос ја освоија титулата во третото по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на конференции, откако вечерва во Атина ја совладаа Фиорентина со 1-0 по продолженија.

Големиот триумф на Олимпијакос во финалето одиграно на стадионот на градскиот ривал АЕК го донесе Ајуб Ел Каби во 116 минута.

Ова е прв европски трофеј во клупската историја на Олимпијакос.

Фиорентина, пак, загуби на пет од своите шест европски финалиња, вклучувајќи го и ланското финале во Лигата на конференции од Вест Хем со 2-1.

The post Олимпиакос ја освои Конференциската лига: Фиорентина загуби две европски финалиња за две години appeared first on Република.

]]>

Фудбалерите на Олимпијакос ја освоија титулата во третото по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на конференции, откако вечерва во Атина ја совладаа Фиорентина со 1-0 по продолженија. Големиот триумф на Олимпијакос во финалето одиграно на стадионот на градскиот ривал АЕК го донесе Ајуб Ел Каби во 116 минута. Ова е прв европски трофеј во клупската историја на Олимпијакос. Фиорентина, пак, загуби на пет од своите шест европски финалиња, вклучувајќи го и ланското финале во Лигата на конференции од Вест Хем со 2-1.

The post Олимпиакос ја освои Конференциската лига: Фиорентина загуби две европски финалиња за две години appeared first on Република.

]]>