олена џачка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/olena-dzachka/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Feb 2022 13:48:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png олена џачка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/olena-dzachka/ 32 32 Албанија нема нацрт-резолуција за Украина, но планира да има активна улога заедно со САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanija-nema-nacrt-rezolucija-za-ukraina-no-planira-da-ima-aktivna-uloga-zaedno-so-sad/ Wed, 09 Feb 2022 13:48:21 +0000 https://republika.mk/?p=456263

Албанската министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, по владина седница, одговарајќи на новинарско прашање, порача дека владата сè уште нема нацрт-резолуција за конфликтот во Украина.

Џачка додаде дека Албанија соработува со САД и дека нејзината земја ќе игра многу активна и кредибилна улога во овој процес.

Немаме подготвено нацрт-резолуција поврзана со конфликтот во Украина, но ние сме во фаза кога со САД се договоривме за блиска соработка и заедничко изготвување продлабочувајќи го стратешкиот однос. Ние сме конструктивна и кредибилна земја и ќе играме многу активна улога во Советот за безбедност на Обединетите нации во текот на нашиот двегодишен мандат, како непостојана членка - изјави министерката.

На последната пленарна седница на албанскиот Парламент, минатиот четврток, поранешниот претседател, експремиер и актуелен пратеник, демократот Сали Бериша, од собраниската говорница побара парламентот под итно да усвои Резолуција и да изрази целосна солидарност со Украина.

Исто така, Бериша побара Албанија да ја снабдува Украина „најмалку со куршуми и друга муниција“, обвинувајќи ги премиерот Еди Рама и лидерот на опозицската Демократска партија, Љуљзим Баша за тоа што молчеле по ова прашање, што, според него, било во служба на Србија.

The post Албанија нема нацрт-резолуција за Украина, но планира да има активна улога заедно со САД appeared first on Република.

]]>

Албанската министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, по владина седница, одговарајќи на новинарско прашање, порача дека владата сè уште нема нацрт-резолуција за конфликтот во Украина. Џачка додаде дека Албанија соработува со САД и дека нејзината земја ќе игра многу активна и кредибилна улога во овој процес.
Немаме подготвено нацрт-резолуција поврзана со конфликтот во Украина, но ние сме во фаза кога со САД се договоривме за блиска соработка и заедничко изготвување продлабочувајќи го стратешкиот однос. Ние сме конструктивна и кредибилна земја и ќе играме многу активна улога во Советот за безбедност на Обединетите нации во текот на нашиот двегодишен мандат, како непостојана членка - изјави министерката.
На последната пленарна седница на албанскиот Парламент, минатиот четврток, поранешниот претседател, експремиер и актуелен пратеник, демократот Сали Бериша, од собраниската говорница побара парламентот под итно да усвои Резолуција и да изрази целосна солидарност со Украина. Исто така, Бериша побара Албанија да ја снабдува Украина „најмалку со куршуми и друга муниција“, обвинувајќи ги премиерот Еди Рама и лидерот на опозицската Демократска партија, Љуљзим Баша за тоа што молчеле по ова прашање, што, според него, било во служба на Србија.

The post Албанија нема нацрт-резолуција за Украина, но планира да има активна улога заедно со САД appeared first on Република.

]]>