олексеј резников Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oleksej-reznikov/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Sep 2023 07:42:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png олексеј резников Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oleksej-reznikov/ 32 32 Зеленски среде војна го смени министерот за одбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-srede-vojna-go-smeni-ministerot-za-odbrana/ Mon, 04 Sep 2023 06:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=678490

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека одлучил да го разреши министерот за одбрана Олексеј Резников и да побара од парламентот да го замени оваа недела со Рустем Умеров, шеф на најважниот украински приватизациски фонд. Најавата за разрешување што Зеленски во своето ноќно видео обраќање до нацијата може да го потресе украинскиот одбранбен естаблишмент, најсериозно од почетокот на руската инвазија, јавија запдни медиуми.

Резников, кој беше назначен за министер за одбрана во ноември 2021 година, помогна да се обезбедат милијарди долари западна воена помош за воени цели, но неговото министерство беше оптоварено со обвинувања за корупција.

Одлучив да го разрешам министерот за одбрана на Украина. Олексеј Резников помина низ повеќе од 550 дена војна“. Верувам дека на министерството му требаат нови пристапи и други формати на интеракција со армијата и општеството во целина“.

Промената на министерот за одбрана мора да биде одобрена од Парламентот, но одлуката најверојатно ќе ја поддржат мнозинството претставници на Врховната Рада. Зеленски рече дека очекува парламентот да го одобри назначувањето на Умеров.  Умеров, 41-годишен поранешен адвокат , го води Фондот за државна сопственост на Украина од септември 2022 година и одигра чувствителна улога во воените преговори како што е Црноморскиот договор за жито

The post Зеленски среде војна го смени министерот за одбрана appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека одлучил да го разреши министерот за одбрана Олексеј Резников и да побара од парламентот да го замени оваа недела со Рустем Умеров, шеф на најважниот украински приватизациски фонд. Најавата за разрешување што Зеленски во своето ноќно видео обраќање до нацијата може да го потресе украинскиот одбранбен естаблишмент, најсериозно од почетокот на руската инвазија, јавија запдни медиуми. Резников, кој беше назначен за министер за одбрана во ноември 2021 година, помогна да се обезбедат милијарди долари западна воена помош за воени цели, но неговото министерство беше оптоварено со обвинувања за корупција.
Одлучив да го разрешам министерот за одбрана на Украина. Олексеј Резников помина низ повеќе од 550 дена војна“. Верувам дека на министерството му требаат нови пристапи и други формати на интеракција со армијата и општеството во целина“.
Промената на министерот за одбрана мора да биде одобрена од Парламентот, но одлуката најверојатно ќе ја поддржат мнозинството претставници на Врховната Рада. Зеленски рече дека очекува парламентот да го одобри назначувањето на Умеров.  Умеров, 41-годишен поранешен адвокат , го води Фондот за државна сопственост на Украина од септември 2022 година и одигра чувствителна улога во воените преговори како што е Црноморскиот договор за жито

The post Зеленски среде војна го смени министерот за одбрана appeared first on Република.

]]>
Украина го смени министерот за одбрана, Олексиј Резников оди во Министерството за стратешки индустрии https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-go-smeni-ministerot-za-odbrana-oleksij-reznikov-odi-vo-ministerstvoto-za-strateshki-industrii/ Sun, 05 Feb 2023 21:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=605141

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников, врз кого се вршеше притисок поради корупцискиот скандал во неговиот ресор, ќе биде преместен на друга должност во владата , изјави во неделата шефот на пратеничката група на партијата Слуга на народот на претседателот Володомир Зеленски.

Давид Арахамиа изјави дека министерството за одбран ќе го води Кирило Буданот, шеф на воено-разузнавачката агенција ГРУ. Н

Арахамиа не кажал кога одлуката ќе биде формализирана, а Резников немал коментар.

Војната ги диктира промените во кадровската политика. Времињата и околностите бараат јакнење и прегрупирање. Тоа сега се случува и ќе се случува и во иднина… Непријателот се подготвува за офанзива. Се подготвуваме да се браниме и да го вратиме она што е наше“, напиша Арахамиа на апликацијата Telegram.

Арахамиа додаде дека Резников ќе раководи со министерството за стратешки индустрии на Украина, кое во моментов го води Павел Рјабикин.

Олексиј Резников, во рамките на владата, се префрла на функцијата министер за стратешки индустрии за зајакнување на воено-индустриската соработка“, напиша Арахамиа на својот канал Telegram. „Генерал-мајор Кирил Буданов ќе раководи со Министерството за одбрана, што е апсолутно логично за воено време“, додаде Арахамиа.

Оценои дека е „апсолутно логично“ да се назначи Резников во министерството за стратешки индустрии, кое е одговорно за воено-индустриските претпријатија, со оглед на искуството на министерот за одбрана во заминување во преговорите за испорака на оружје за Украина. Тој ги водеше овие преговори со министрите за одбрана на земјите од контакт групата за воена поддршка на Киев, која првпат се состана во воената база Рамштајн во Германија. Резников треба да го „подигне“ министерството за стратешки индустрии, кое „треба да направи повеќе“, рече Арахамиа.

Шефот на пратеничката група на партијата Слуга на народот рече и дека ќе биде назначен актуелниот вршител на должноста шеф на разизнавачата Служба за безбедност на Украина (СБУ), нејзиниот шеф Василиј Маљук, а министерот за внатрешни работи – привремениот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

The post Украина го смени министерот за одбрана, Олексиј Резников оди во Министерството за стратешки индустрии appeared first on Република.

]]>

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников, врз кого се вршеше притисок поради корупцискиот скандал во неговиот ресор, ќе биде преместен на друга должност во владата , изјави во неделата шефот на пратеничката група на партијата Слуга на народот на претседателот Володомир Зеленски. Давид Арахамиа изјави дека министерството за одбран ќе го води Кирило Буданот, шеф на воено-разузнавачката агенција ГРУ. Н Арахамиа не кажал кога одлуката ќе биде формализирана, а Резников немал коментар.
Војната ги диктира промените во кадровската политика. Времињата и околностите бараат јакнење и прегрупирање. Тоа сега се случува и ќе се случува и во иднина… Непријателот се подготвува за офанзива. Се подготвуваме да се браниме и да го вратиме она што е наше“, напиша Арахамиа на апликацијата Telegram.
Арахамиа додаде дека Резников ќе раководи со министерството за стратешки индустрии на Украина, кое во моментов го води Павел Рјабикин.
Олексиј Резников, во рамките на владата, се префрла на функцијата министер за стратешки индустрии за зајакнување на воено-индустриската соработка“, напиша Арахамиа на својот канал Telegram. „Генерал-мајор Кирил Буданов ќе раководи со Министерството за одбрана, што е апсолутно логично за воено време“, додаде Арахамиа.
Оценои дека е „апсолутно логично“ да се назначи Резников во министерството за стратешки индустрии, кое е одговорно за воено-индустриските претпријатија, со оглед на искуството на министерот за одбрана во заминување во преговорите за испорака на оружје за Украина. Тој ги водеше овие преговори со министрите за одбрана на земјите од контакт групата за воена поддршка на Киев, која првпат се состана во воената база Рамштајн во Германија. Резников треба да го „подигне“ министерството за стратешки индустрии, кое „треба да направи повеќе“, рече Арахамиа. Шефот на пратеничката група на партијата Слуга на народот рече и дека ќе биде назначен актуелниот вршител на должноста шеф на разизнавачата Служба за безбедност на Украина (СБУ), нејзиниот шеф Василиј Маљук, а министерот за внатрешни работи – привремениот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

The post Украина го смени министерот за одбрана, Олексиј Резников оди во Министерството за стратешки индустрии appeared first on Република.

]]>
Резников: Русија планира голема офанзива на 24 февруари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/reznikov-rusija-planira-golema-ofanziva-na-24-fevruari/ Thu, 02 Feb 2023 08:33:21 +0000 https://republika.mk/?p=603649

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников најавува дека Русија подготвува нова голема офанзива во неговата земја и предупреди дека таа може да почне на 24 февруари.

Резников изјави дека Москва мобилизирала илјадници војници за да може „нешто да се обиде“ на одбележувањето на годишнината од почетокот на инвазијата во 2022 година.

Со таков напад би се одбележал и Денот на бранителот на татковината во Русија, 23 февруари, со кој се слави војската.

Радио Слободна Европа пренесува дека Резников смета дека Москва сега мобилизирала околу 500.000 војници за новата офанзива.

Рускиот претседател Владимир Путин во септември 2022 година најави општа мобилизација на околу 300.000 војници, што според него тогаш беше неопходно за да се обезбеди „територијалниот интегритет на земјата“.

Резников смета дека вистинскиот број на војници кои се регрутирани и распоредени во Украина може да биде многу поголем.

-Официјално објавија 300.000, но кога ќе ги видиме војниците на границите, според нашите проценки, тоа е многу повеќе, рече Резников.

И покрај тешките борби во источниот регион Донбас, војната во последните месеци е во ќорсокак, особено откако Украина ја поврати контролата врз јужниот град Херсон.

Со исклучок на руското заземање на градот Соледар, ниту една страна не направи голем територијален напредок.

The post Резников: Русија планира голема офанзива на 24 февруари appeared first on Република.

]]>

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников најавува дека Русија подготвува нова голема офанзива во неговата земја и предупреди дека таа може да почне на 24 февруари. Резников изјави дека Москва мобилизирала илјадници војници за да може „нешто да се обиде“ на одбележувањето на годишнината од почетокот на инвазијата во 2022 година. Со таков напад би се одбележал и Денот на бранителот на татковината во Русија, 23 февруари, со кој се слави војската. Радио Слободна Европа пренесува дека Резников смета дека Москва сега мобилизирала околу 500.000 војници за новата офанзива. Рускиот претседател Владимир Путин во септември 2022 година најави општа мобилизација на околу 300.000 војници, што според него тогаш беше неопходно за да се обезбеди „територијалниот интегритет на земјата“. Резников смета дека вистинскиот број на војници кои се регрутирани и распоредени во Украина може да биде многу поголем. -Официјално објавија 300.000, но кога ќе ги видиме војниците на границите, според нашите проценки, тоа е многу повеќе, рече Резников. И покрај тешките борби во источниот регион Донбас, војната во последните месеци е во ќорсокак, особено откако Украина ја поврати контролата врз јужниот град Херсон. Со исклучок на руското заземање на градот Соледар, ниту една страна не направи голем територијален напредок.

The post Резников: Русија планира голема офанзива на 24 февруари appeared first on Република.

]]>
Украина повторно ги повика руските војници да се предадат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-povtorno-gi-povika-ruskite-vojnici-da-se-predadat/ Fri, 07 Oct 2022 08:31:00 +0000 https://republika.mk/?p=558272

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ги повика руските војници да го положат оружјето, ветувајќи им „живот и безбедност“.

Сè уште можете да ја спасите Русија од трагедија и руската армија од понижување. Гарантираме веднаш живот, безбедност и правда за сите кои одбиваат да се борат - истакна Резников на руски јазик во видеото упатено до руските војници.

Тој додаде дека „ќе им се суди на тие што издале криминални наредби“.

The post Украина повторно ги повика руските војници да се предадат appeared first on Република.

Украинскиот министер за одбрана: Третата светска војна веќе е почната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskiot-minister-za-odbrana-tretata-svetska-vojna-vekje-e-pochnata/ Thu, 30 Jun 2022 07:52:12 +0000 https://republika.mk/?p=521411

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, за „Скај Њуз“ изјави дека доколку Русија ја заземе Украина, други европски земји ќе бидат следни на тој пат.

Резников изјави дека нема смисла „да се прават обиди да не се ескалираат тензиите со Русија, бидејќи војната е веќе тука“.

Тој вели дека Третата светска војна веќе е почната.

The post Украинскиот министер за одбрана: Третата светска војна веќе е почната appeared first on Република.

]]>

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, за „Скај Њуз“ изјави дека доколку Русија ја заземе Украина, други европски земји ќе бидат следни на тој пат. Резников изјави дека нема смисла „да се прават обиди да не се ескалираат тензиите со Русија, бидејќи војната е веќе тука“. Тој вели дека Третата светска војна веќе е почната.

The post Украинскиот министер за одбрана: Третата светска војна веќе е почната appeared first on Република.

]]>
Украинците самите си го потопиле главниот брод во флотата за да не падне во руски раце https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraincite-samite-si-go-potopile-glavniot-brod-vo-flotata-za-da-ne-padne-vo-ruski-race/ Fri, 04 Mar 2022 15:06:43 +0000 https://republika.mk/?p=467866

Министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников, на социјалните мрежи објави дека главниот брод на украинската морнарица, фрегатата „Хетман Сагајдачни“ е намерно потопен за да не падне во раце на руските сили.

Тешко може да се замисли потешка одлука за еден храбар војники целиот тим, но ние ќе изградиме нова флота, модерна и моќна. Сега главната цел е да повторно да станеме - напиша Резников.

The post Украинците самите си го потопиле главниот брод во флотата за да не падне во руски раце appeared first on Република.