олександар сирски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oleksandar-sirski/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 11:27:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png олександар сирски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oleksandar-sirski/ 32 32 Сирски: Украина се соочува со зголемени тешкотии во борбата против руската инвазија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sirski-ukraina-se-soochuva-so-zgolemeni-teshkotii-vo-borbata-protiv-ruskata-invazija/ Sun, 10 Nov 2024 10:58:05 +0000 https://republika.mk/?p=836054

Началникот на Генералштабот на украинската армија, генерал Олександар Сирски, изјави дека „Украина се соочува со зголемени тешкотии во борбата против руската инвазија“ додека руските сили напредуваат на фронтот и војниците од Северна Кореја се подготвуваат да се приклучат на воената операција на Кремљ.

„Ситуацијата е сè уште предизвикувачка и покажува знаци на ескалација. Непријателот, користејќи ја својата информативна предност, продолжува со офанзивните дејства и ги фокусира своите напори на правците на Покровск и Курахов“, му порача вчера Сирски преку Фејсбук на командантот на американската воена команда во Европа, генерал Кристофер Каволи, пренесоа британските медиуми.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето синоќешно редовно обраќање до јавноста рече дека командантот на украинската армија е фокусиран на одбраната околу градот Курахово, кој е една од целите на руските напади, и Покровск, логистичкиот центар на северот на земјата.

Тој ги осуди нападите врз цивилни цели и ги повика европските земји да обезбедат повеќе противвоздушни системи за украинската армија.

The post Сирски: Украина се соочува со зголемени тешкотии во борбата против руската инвазија appeared first on Република.

]]>

Началникот на Генералштабот на украинската армија, генерал Олександар Сирски, изјави дека „Украина се соочува со зголемени тешкотии во борбата против руската инвазија“ додека руските сили напредуваат на фронтот и војниците од Северна Кореја се подготвуваат да се приклучат на воената операција на Кремљ. „Ситуацијата е сè уште предизвикувачка и покажува знаци на ескалација. Непријателот, користејќи ја својата информативна предност, продолжува со офанзивните дејства и ги фокусира своите напори на правците на Покровск и Курахов“, му порача вчера Сирски преку Фејсбук на командантот на американската воена команда во Европа, генерал Кристофер Каволи, пренесоа британските медиуми. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето синоќешно редовно обраќање до јавноста рече дека командантот на украинската армија е фокусиран на одбраната околу градот Курахово, кој е една од целите на руските напади, и Покровск, логистичкиот центар на северот на земјата. Тој ги осуди нападите врз цивилни цели и ги повика европските земји да обезбедат повеќе противвоздушни системи за украинската армија.

The post Сирски: Украина се соочува со зголемени тешкотии во борбата против руската инвазија appeared first on Република.

]]>
Командантот на украинските копнени сили: Ситуацијата на боиштето ескалира https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/komandantot-na-ukrainskite-kopneni-sili-situatsijata-na-boishteto-eskalira/ Mon, 16 Oct 2023 19:10:06 +0000 https://republika.mk/?p=691813

Командантот на украинските копнени сили, Олександер Сирски, изјави дека ситуацијата на североисточниот дел на фронтот „значително ескалирала“.

Тој истакна дека руските сили се надеваат дека ќе ја пробијат одбраната во правец Купјанск-Лиман.

Сирски смета дека руската армија всушност сака „одмазда“ со враќање на териториите кои некогаш биле под нејзина контрола.

На почетокот на август Русија почна напад врз Купјанск и околината, поместувајќи ја линијата на фронтот за околу три километри, принудувајќи ги локалните власти да почнат со евакуација.

Украинците минатата недела известија за жесток руски напад врз Авдијевка, град северно од Доњецк.

https://republika.mk/vesti/svet/ukrainski-generalshtab-ruskata-ofanziva-vo-kluchniot-grad-vo-istochna-ukraina-go-gubi-intenzitetot/

The post Командантот на украинските копнени сили: Ситуацијата на боиштето ескалира appeared first on Република.

]]>

Командантот на украинските копнени сили, Олександер Сирски, изјави дека ситуацијата на североисточниот дел на фронтот „значително ескалирала“. Тој истакна дека руските сили се надеваат дека ќе ја пробијат одбраната во правец Купјанск-Лиман. Сирски смета дека руската армија всушност сака „одмазда“ со враќање на териториите кои некогаш биле под нејзина контрола. На почетокот на август Русија почна напад врз Купјанск и околината, поместувајќи ја линијата на фронтот за околу три километри, принудувајќи ги локалните власти да почнат со евакуација. Украинците минатата недела известија за жесток руски напад врз Авдијевка, град северно од Доњецк. https://republika.mk/vesti/svet/ukrainski-generalshtab-ruskata-ofanziva-vo-kluchniot-grad-vo-istochna-ukraina-go-gubi-intenzitetot/

The post Командантот на украинските копнени сили: Ситуацијата на боиштето ескалира appeared first on Република.

]]>