олаф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/olaf/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 09:53:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png олаф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/olaf/ 32 32 ОЛАФ започна истрага за увоз на „ребрендирана“ руска нафта во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/olaf-zapochna-istraga-za-uvoz-na-rebrendirana-ruska-nafta-vo-eu/ Tue, 05 Nov 2024 09:53:01 +0000 https://republika.mk/?p=834280

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) започна истрага во врска со наводите дека некои земји под друг бренд во ЕУ препродаваат руска нафта, чиј увоз во ЕУ е опфатен со режимот на санкции против Русија.

Случајот се третира како обид за заобиколување на санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија поради руската инвазија врз Украина. Забраната за увоз на руска нафта во Унијата беше воведена со пакетот санкции усвоен во февруари 2023 година.

Истрагата следи откако некои медиуми објавија дека милиони барели руска нафта најверојатно се пласираат на пазарот во ЕУ откако претходно биле „ребрендирани“ во други земји, меѓу кои и Турција и Бугарија.

Според наводите на „Политико“ на овој начин во изминатите 12 месеци во ЕУ била извезена руска нафта преку Турција, од што Русија заработила околу три милијарди евра. Овој трансфер на руска нафта под променет бренд на потекло, се вршел преку три турски пристаништа.

Дополнително, според истите тврдења, минатата година Русија заработила околу милијарда евра од пласман на своја нафта во ЕУ преку Бугарија.

„Политико“ наведува дека ова ги покажува креативните начини на кои Русија прави обиди за заобиколување на санкциите на ЕУ и ја штити својата трговија со фосилни горива, од која Москва обезбедува речиси половина од своите приходи.

Истрагата доаѓа во време на заладени односи меѓу Брисел и Анкара поради турската соработка со Русија и покрај обидите на Турција за делумно усогласување со американските санкции кон Москва.

The post ОЛАФ започна истрага за увоз на „ребрендирана“ руска нафта во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) започна истрага во врска со наводите дека некои земји под друг бренд во ЕУ препродаваат руска нафта, чиј увоз во ЕУ е опфатен со режимот на санкции против Русија. Случајот се третира како обид за заобиколување на санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија поради руската инвазија врз Украина. Забраната за увоз на руска нафта во Унијата беше воведена со пакетот санкции усвоен во февруари 2023 година. Истрагата следи откако некои медиуми објавија дека милиони барели руска нафта најверојатно се пласираат на пазарот во ЕУ откако претходно биле „ребрендирани“ во други земји, меѓу кои и Турција и Бугарија. Според наводите на „Политико“ на овој начин во изминатите 12 месеци во ЕУ била извезена руска нафта преку Турција, од што Русија заработила околу три милијарди евра. Овој трансфер на руска нафта под променет бренд на потекло, се вршел преку три турски пристаништа. Дополнително, според истите тврдења, минатата година Русија заработила околу милијарда евра од пласман на своја нафта во ЕУ преку Бугарија. „Политико“ наведува дека ова ги покажува креативните начини на кои Русија прави обиди за заобиколување на санкциите на ЕУ и ја штити својата трговија со фосилни горива, од која Москва обезбедува речиси половина од своите приходи. Истрагата доаѓа во време на заладени односи меѓу Брисел и Анкара поради турската соработка со Русија и покрај обидите на Турција за делумно усогласување со американските санкции кон Москва.

The post ОЛАФ започна истрага за увоз на „ребрендирана“ руска нафта во ЕУ appeared first on Република.

]]>
ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија, ќе блокира 112 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eu-otkri-izmama-so-ipard-fondovite-vo-albanija-ke-blokira-112-milioni-evra/ Sat, 22 Jun 2024 08:08:21 +0000 https://republika.mk/?p=789679

Средства во износ од 33 милиони евра обезбедени од Европската унија како помош за албанското земјоделство биле злоупотребени.

Бројката ја откри Канцеларијата за борба против измами на Европската унија, ОЛАФ, која исто така препорача блокирање на следниот пакет од 112 милиони евра додека не се преземат мерки за гарантирање на заштитата на финансиските интереси на ЕУ, објави Ора њуз.

Според истиот извор, во годишниот извештај, ОЛАФ ги открива и трите главни прекршувања направени со ИПАРД фондовите, што доведе до тоа Европската унија во јули да ја прекине оваа поддршка.

- Од апликантите се барало да платат значителен дел од нивниот грант на локална консултантска компанија, се доделувале договори без конкуренција или преку наместен конкурс (со поднесување лажни понуди), како и надуени цени и прекршување на договорните правила, се вели во извештајот на ОЛАФ.

Според соопштението на ОЛАФ, по серија истражни чекори, вклучително и дигитални форензички претреси на документи поврзани со корисниците на ИПАРД 2, АРДА и други економски оператори, ОЛАФ открил многу сериозни неправилности за време на фазата на доделување грантови и спроведувањето на многу проекти.

Канцеларијата за борба против измами на Европската унија исто така информира дека копија од наодите е испратена до албанските власти поради „можни криминални активности“ откриени во текот на истрагата.

Покрај блокирањето на фондот од 112 милиони евра за ИПАРД 3, ОЛАФ и препорача на Европската комисија да ги прогласи повиците еден и два од програмата ИПАРД 2 за неважечки. Вкупните средства од овие повици достигнуваат 33 милиони евра.

The post ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија, ќе блокира 112 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Средства во износ од 33 милиони евра обезбедени од Европската унија како помош за албанското земјоделство биле злоупотребени.
Бројката ја откри Канцеларијата за борба против измами на Европската унија, ОЛАФ, која исто така препорача блокирање на следниот пакет од 112 милиони евра додека не се преземат мерки за гарантирање на заштитата на финансиските интереси на ЕУ, објави Ора њуз.
Според истиот извор, во годишниот извештај, ОЛАФ ги открива и трите главни прекршувања направени со ИПАРД фондовите, што доведе до тоа Европската унија во јули да ја прекине оваа поддршка. - Од апликантите се барало да платат значителен дел од нивниот грант на локална консултантска компанија, се доделувале договори без конкуренција или преку наместен конкурс (со поднесување лажни понуди), како и надуени цени и прекршување на договорните правила, се вели во извештајот на ОЛАФ. Според соопштението на ОЛАФ, по серија истражни чекори, вклучително и дигитални форензички претреси на документи поврзани со корисниците на ИПАРД 2, АРДА и други економски оператори, ОЛАФ открил многу сериозни неправилности за време на фазата на доделување грантови и спроведувањето на многу проекти. Канцеларијата за борба против измами на Европската унија исто така информира дека копија од наодите е испратена до албанските власти поради „можни криминални активности“ откриени во текот на истрагата. Покрај блокирањето на фондот од 112 милиони евра за ИПАРД 3, ОЛАФ и препорача на Европската комисија да ги прогласи повиците еден и два од програмата ИПАРД 2 за неважечки. Вкупните средства од овие повици достигнуваат 33 милиони евра.

The post ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија, ќе блокира 112 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Грковска: Ги охрабрувам истрагите на ОЛАФ, оттаму ни укажаа дека се задоволни од соработката со нас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-gi-ohrabruvam-istragite-na-olaf-ottamu-ni-ukazhaa-deka-se-zadovolni-od-sorabotkata-so-nas/ Thu, 27 Jul 2023 16:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=665988

Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, во Собранието на седницата посветена на пратенички прашања, рече дека на средбата во Брисел со претставниците на Европската служба против измами - ОЛАФ било укажано дека тие се задоволни од соработката со институциите во земјава, а таа нагласила дека ги охрабрува нивните истраги.

Таа одговори на пратеничко прашање во врска со извештајот на ОЛАФ во однос на злоупотребите на европските фондови.

Од страна на претставниците на ОЛАФ, тогаш ни беше соопштено дека се задоволни од соработката со нашите институции, а од моја страна беше кажано дека ги охрабрувам да продолжат со истрагите, токму заради тоа што секој од нас без разлика на која и да е функција има обврска да биде одговорен за начинот на којшто се трошат парите на граѓаните, без разлика дали станува збор за парите од Буџетот или станува збор за донаторска помош или помош од страната на меѓународните, нашите меѓународни партнери, нагласи Грковска.

Таа истакна дека она што било укажано и од ОЛАФ, а и нејзина надеж е дека истрагите коишто се водат ќе имаат завршница и ќе биде јасен исходот. Додаде дека тие не се од таков вид за да можат да се одразат на ИПАРД помошта, која што веќе и е доделена на државава.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, во врска со истрагите на ОЛАФ истакна дека сите кои злоупотребиле народни или европски пари, треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со дел од партиската пратеничка група попладнево во 15:30 часот ќе оди на средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски во вила Водно и ќе б

Ние за тоа зборуваме шест години, дека оваа Влада на ДУИ поддржана од помалиот коалициски партнер СДСМ, силно е вплеткана во криминал и корупција. Добро е што на нашите партнери од Европа им станува се појасно и добро е и тие што ќе се занимаат со оваа истрага. А идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и органите кои таа ќе ги има под свое управување, ќе истражуваат заедно со оваа агенција, нагласи Мицкоски.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, вчера од Битола, одговарајќи на прашање на МИА рече дека доколку истрагите на Европската служба против измами резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство и во тој случај очекуваат јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ќе ги следат одблизу.

Амбасадорот Гир потврди дека ОЛАФ подготвила препораки за европските институции и македонските власти во однос на злоупотребата на европските фондови.

Вушност, процесот на преговори е обид да се донесе ЕУ во Македонија. Процесот ќе потрае, но секој чекор напред во процесот на преговори, поконкретно во спроведувањето на реформите, тр

Ова покажува колку сериозно ЕУ пристапува и го проверува начинот на кој парите од европските даночни обврзници се трошат во Македонија. Сакам да потенцирам дека ОЛАФ е многу сериозно тело, кое спроведува истраги за тоа како се трошат парите на ЕУ.  Ја потврдувам бројката, но не ги знам деталите во врска со самите истраги. Можам да потврдам дека има различни субјекти кои се дел од тие истраги. Ако истрагите на ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство, и во тој случај очекуваме јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ние ќе ги следиме одблиску, изјави амбасадорот Гир.

Европската служба против измами (ОЛАФ), одговорна за ревизија на фондовите за земјите членки на Европската Унија и за други држави кориснички во последните пет години отворила 36 истраги за земјите од Западен Балкан за злоупотреба или неправилности поврзани со европските фондови, од кои 18, како што пренесе Еуроњус Албанија, се однесуваат на злоупотреба на европските фондовите во земјава.

ОЛАФ подготвила седум препораки за европските институции и за македонските власти. Од службата нема дополнителни информации за конкретните истраги, но објавено е дека за европските фондови, кои се потрошени целосно или делумно на национално или на регионално ниво во 2022 година, во Македонија биле отворени четири истраги, а три се затворени со соодветни препораки.

The post Грковска: Ги охрабрувам истрагите на ОЛАФ, оттаму ни укажаа дека се задоволни од соработката со нас appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, во Собранието на седницата посветена на пратенички прашања, рече дека на средбата во Брисел со претставниците на Европската служба против измами - ОЛАФ било укажано дека тие се задоволни од соработката со институциите во земјава, а таа нагласила дека ги охрабрува нивните истраги. Таа одговори на пратеничко прашање во врска со извештајот на ОЛАФ во однос на злоупотребите на европските фондови.
Од страна на претставниците на ОЛАФ, тогаш ни беше соопштено дека се задоволни од соработката со нашите институции, а од моја страна беше кажано дека ги охрабрувам да продолжат со истрагите, токму заради тоа што секој од нас без разлика на која и да е функција има обврска да биде одговорен за начинот на којшто се трошат парите на граѓаните, без разлика дали станува збор за парите од Буџетот или станува збор за донаторска помош или помош од страната на меѓународните, нашите меѓународни партнери, нагласи Грковска.
Таа истакна дека она што било укажано и од ОЛАФ, а и нејзина надеж е дека истрагите коишто се водат ќе имаат завршница и ќе биде јасен исходот. Додаде дека тие не се од таков вид за да можат да се одразат на ИПАРД помошта, која што веќе и е доделена на државава. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, во врска со истрагите на ОЛАФ истакна дека сите кои злоупотребиле народни или европски пари, треба да бидат изведени пред лицето на правдата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со дел од партиската пратеничка група попладнево во 15:30 часот ќе оди на средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски во вила Водно и ќе б
Ние за тоа зборуваме шест години, дека оваа Влада на ДУИ поддржана од помалиот коалициски партнер СДСМ, силно е вплеткана во криминал и корупција. Добро е што на нашите партнери од Европа им станува се појасно и добро е и тие што ќе се занимаат со оваа истрага. А идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и органите кои таа ќе ги има под свое управување, ќе истражуваат заедно со оваа агенција, нагласи Мицкоски.
Евроамбасадорот Дејвид Гир, вчера од Битола, одговарајќи на прашање на МИА рече дека доколку истрагите на Европската служба против измами резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство и во тој случај очекуваат јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ќе ги следат одблизу. Амбасадорот Гир потврди дека ОЛАФ подготвила препораки за европските институции и македонските власти во однос на злоупотребата на европските фондови. Вушност, процесот на преговори е обид да се донесе ЕУ во Македонија. Процесот ќе потрае, но секој чекор напред во процесот на преговори, поконкретно во спроведувањето на реформите, тр
Ова покажува колку сериозно ЕУ пристапува и го проверува начинот на кој парите од европските даночни обврзници се трошат во Македонија. Сакам да потенцирам дека ОЛАФ е многу сериозно тело, кое спроведува истраги за тоа како се трошат парите на ЕУ.  Ја потврдувам бројката, но не ги знам деталите во врска со самите истраги. Можам да потврдам дека има различни субјекти кои се дел од тие истраги. Ако истрагите на ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство, и во тој случај очекуваме јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ние ќе ги следиме одблиску, изјави амбасадорот Гир.
Европската служба против измами (ОЛАФ), одговорна за ревизија на фондовите за земјите членки на Европската Унија и за други држави кориснички во последните пет години отворила 36 истраги за земјите од Западен Балкан за злоупотреба или неправилности поврзани со европските фондови, од кои 18, како што пренесе Еуроњус Албанија, се однесуваат на злоупотреба на европските фондовите во земјава. ОЛАФ подготвила седум препораки за европските институции и за македонските власти. Од службата нема дополнителни информации за конкретните истраги, но објавено е дека за европските фондови, кои се потрошени целосно или делумно на национално или на регионално ниво во 2022 година, во Македонија биле отворени четири истраги, а три се затворени со соодветни препораки.

The post Грковска: Ги охрабрувам истрагите на ОЛАФ, оттаму ни укажаа дека се задоволни од соработката со нас appeared first on Република.

]]>
Гир: Ако истрагите на ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во ЈО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gir-ako-istragite-na-olaf-rezultiraat-so-somnezh-za-kriminalni-aktivnosti-tie-sluchai-ke-bidat-prosledeni-vo-jo/ Wed, 26 Jul 2023 11:58:11 +0000 https://republika.mk/?p=665531

Ако истрагите на Европската служба против измами - ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство и во тој случај очекуваме јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ние ќе ги следиме одблиску, изјави денеска во Битола Дејвид Гир, шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија, одговарајќи на новинарско прашање на МИА.

Амбасадорот Гир потврди дека Европската служба против измами (ОЛАФ) со седиште во Брисел подготвила препораки за европските институции и македонските власти во однос на злоупотребата на европските фондови.

Ова покажува колку сериозно ЕУ пристапува и го проверува начинот на кој парите од европските даночни обврзници се трошат во Македонија. Сакам да потенцирам дека ОЛАФ е многу сериозно тело, кое спроведува истраги за тоа како се трошат парите на ЕУ. Ја потврдувам бројката, но не ги знам деталите во врска со самите истраги. Можам да потврдам дека има различни субјекти кои се дел од тие истраги. Ако истрагите на ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство, и во тој случај очекуваме јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ние ќе ги следиме одблиску, изјави амбасадорот Гир.

За време на посетата на Битола, амбасадорот Гир предочи дека луѓето кои што ги злоупотребуваат парите на европските даночни обврзници тие всушност ги мамат и граѓаните на Македонија.

Европската служба против измами (ОЛАФ), одговорна за ревизија на фондовите за земјите членки на Европската Унија и за други држави кориснички во последните пет години отворила 36 истраги за земјите од Западен Балкан за злоупотреба или неправилности поврзани со европските фондови, од кои 18, како што пренесе Еуроњус Албанија, се однесуваат на злоупотреба на европските фондовите во земјава. ОЛАФ подготвила седум препораки за европските институции и за македонските власти. Од службата нема дополнителни информации за конкретните истраги, но објавено е дека за европските фондови, кои се потрошени целосно или делумно на национално или на регионално ниво во 2022 година, во Македонија биле отворени четири истраги, а три се затворени со соодветни препораки.

The post Гир: Ако истрагите на ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во ЈО appeared first on Република.

]]>

Ако истрагите на Европската служба против измами - ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство и во тој случај очекуваме јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ние ќе ги следиме одблиску, изјави денеска во Битола Дејвид Гир, шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија, одговарајќи на новинарско прашање на МИА. Амбасадорот Гир потврди дека Европската служба против измами (ОЛАФ) со седиште во Брисел подготвила препораки за европските институции и македонските власти во однос на злоупотребата на европските фондови.
Ова покажува колку сериозно ЕУ пристапува и го проверува начинот на кој парите од европските даночни обврзници се трошат во Македонија. Сакам да потенцирам дека ОЛАФ е многу сериозно тело, кое спроведува истраги за тоа како се трошат парите на ЕУ. Ја потврдувам бројката, но не ги знам деталите во врска со самите истраги. Можам да потврдам дека има различни субјекти кои се дел од тие истраги. Ако истрагите на ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство, и во тој случај очекуваме јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ние ќе ги следиме одблиску, изјави амбасадорот Гир.
За време на посетата на Битола, амбасадорот Гир предочи дека луѓето кои што ги злоупотребуваат парите на европските даночни обврзници тие всушност ги мамат и граѓаните на Македонија. Европската служба против измами (ОЛАФ), одговорна за ревизија на фондовите за земјите членки на Европската Унија и за други држави кориснички во последните пет години отворила 36 истраги за земјите од Западен Балкан за злоупотреба или неправилности поврзани со европските фондови, од кои 18, како што пренесе Еуроњус Албанија, се однесуваат на злоупотреба на европските фондовите во земјава. ОЛАФ подготвила седум препораки за европските институции и за македонските власти. Од службата нема дополнителни информации за конкретните истраги, но објавено е дека за европските фондови, кои се потрошени целосно или делумно на национално или на регионално ниво во 2022 година, во Македонија биле отворени четири истраги, а три се затворени со соодветни препораки.

The post Гир: Ако истрагите на ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во ЈО appeared first on Република.

]]>
Грковска – Итала: Добрата соработка со ОЛАФ е исклучително важна за спречување на корупцијата во користењето европски фондови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-itala-dobrata-sorabotka-so-olaf-e-iskluchitelno-vazhna-za-sprechuvane-na-koruptsijata-vo-koristeneto-evropski-fondovi/ Tue, 27 Jun 2023 17:50:43 +0000 https://republika.mk/?p=655803

Иницијативите и процесите кои ги спроведува Кабинетот за политики за добро владеење во насока на јакнење на интегритетот, транспарентноста и отчетноста во институциите беа презенитрани во Брисел од страна на заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на средбата со генералниот директор на ОЛАФ - Европската канцеларија за борба против измами, Виле Итала, и членови на неговиот тим.

Како што пренесуваат од Владата, Грковска на средбата нагласила дека ги цени средствата на даночните обврзници на Европската Унија кои се вложуваат во нашата земја и дека тие мора да се користат соодветно на намената.

Во таа насока, таа посочи дека треба треба да се обрне внимание и да се избегне преклопување на проектите финансирани од ЕУ, но и од други донатори, пренесуваат од Владата.

Домаќините од ОЛАФ, истакнале дека имаат многу добра соработка со надлежните институции од Македонија, особено со Одделението за координација на борба против измама на ЕУ средствата (АФКОС) во рамките на Министерство за финансии, како нивна контакт точка за соработка.

Информирајќи за тековните и претстојните активности на ова поле, тие изразија подготвеност за понатамошна размена на искуства и експертиза и нагласија дека е значајно да се одржи добрата соработка со OLAF низ целиот преговарачки процес, се дополнува во Владиното соопштение.

The post Грковска – Итала: Добрата соработка со ОЛАФ е исклучително важна за спречување на корупцијата во користењето европски фондови appeared first on Република.

]]>

Иницијативите и процесите кои ги спроведува Кабинетот за политики за добро владеење во насока на јакнење на интегритетот, транспарентноста и отчетноста во институциите беа презенитрани во Брисел од страна на заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на средбата со генералниот директор на ОЛАФ - Европската канцеларија за борба против измами, Виле Итала, и членови на неговиот тим. Како што пренесуваат од Владата, Грковска на средбата нагласила дека ги цени средствата на даночните обврзници на Европската Унија кои се вложуваат во нашата земја и дека тие мора да се користат соодветно на намената.