олабавување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/olabavuvanje/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Mar 2022 07:09:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png олабавување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/olabavuvanje/ 32 32 Се чека Владата да одлучи за олабавување на мерките, активни се 2.041 ковид случаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-cheka-vladata-da-odluchi-za-olabavuvanje-na-merkite-aktivni-se-2-041-kovid-sluchai/ Mon, 28 Mar 2022 07:09:08 +0000 https://republika.mk/?p=479581

Во земјава има вкупно 2 041 активни случаи на КОВИД-19, а најголем дел од нив се во главниот град -1152. Инаку, активностите од караванот за промоција на вакцинацијата против КОВИД-19 денеска продолжуваат во Липково, а утре во Арачиново.

Со караванот, кој почна на 21 март, а ќе заврши на 3 април, надлежните испраќаат апел до граѓаните да се вакцинираат, посочувајќи дека тоа е единствениот излез од пандемијата.

Во однос на статистиката на новозаболени, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 188 случаи, од направени 2 245 тестови. Вчера починале тројца, а оздравеле 119 пациенти.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, од новите случаи во Скопје се 123, Битола 18, Кавадарци 10, Прилеп 6, Куманово 5, Штип и Делчево по 4, Гостивар, Охрид, Кочани и Гевгелија по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Дебар, Богданци и Македонски Брод по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.953.866 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.066. Бројот на оздравени пациенти е 293.819, а на починати е 9.206.

Во меѓувреме, се чека Владата да одлучи за олабавување на мерките. На редовната седница во вторник се очекува да биде донесена и одлука во однос на препораката за неносење маски за учениците. Дел пак од државите од регионот се одлучија за олабавување на ковид мерките. Во Софија од денеска ќе бидат отворени терминалите на аеродромот и за оние кои ги пречекуваат и испраќаат патниците.

Претходно, терминалите беа затворени за луѓе кои не се патници или вработени. Ограничувањата беа дел од антиепидемиските мерки и бараа оние кои ги испраќаат патниците да се разделат со нив на влезот на поаѓање, а оние кои пречекуваат да чекаат на ограничено место или надвор од терминалите, што создаваше непријатности.

Барањата за носење маска, растојание меѓу луѓето, како и почитување на сите антиепидемиски мерки опишани во наредбите на Министерството за здравство во Бугарија остануваат во сила до нивното укинување.

И во Грција се најавува олабавување на мерките. Во оваа држава се очекува во летниот период да се укинат сите рестриктивни мерки наметнати од пандемијата, а до Велигден, според најавите од министерот за здравство, се очекува да се олабават низа рестрикции.

 

The post Се чека Владата да одлучи за олабавување на мерките, активни се 2.041 ковид случаи appeared first on Република.

]]>

Во земјава има вкупно 2 041 активни случаи на КОВИД-19, а најголем дел од нив се во главниот град -1152. Инаку, активностите од караванот за промоција на вакцинацијата против КОВИД-19 денеска продолжуваат во Липково, а утре во Арачиново. Со караванот, кој почна на 21 март, а ќе заврши на 3 април, надлежните испраќаат апел до граѓаните да се вакцинираат, посочувајќи дека тоа е единствениот излез од пандемијата. Во однос на статистиката на новозаболени, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 188 случаи, од направени 2 245 тестови. Вчера починале тројца, а оздравеле 119 пациенти. Според податоците од Институтот за јавно здравје, од новите случаи во Скопје се 123, Битола 18, Кавадарци 10, Прилеп 6, Куманово 5, Штип и Делчево по 4, Гостивар, Охрид, Кочани и Гевгелија по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Дебар, Богданци и Македонски Брод по 1. Досега во земјата се направени вкупно 1.953.866 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.066. Бројот на оздравени пациенти е 293.819, а на починати е 9.206. Во меѓувреме, се чека Владата да одлучи за олабавување на мерките. На редовната седница во вторник се очекува да биде донесена и одлука во однос на препораката за неносење маски за учениците. Дел пак од државите од регионот се одлучија за олабавување на ковид мерките. Во Софија од денеска ќе бидат отворени терминалите на аеродромот и за оние кои ги пречекуваат и испраќаат патниците. Претходно, терминалите беа затворени за луѓе кои не се патници или вработени. Ограничувањата беа дел од антиепидемиските мерки и бараа оние кои ги испраќаат патниците да се разделат со нив на влезот на поаѓање, а оние кои пречекуваат да чекаат на ограничено место или надвор од терминалите, што создаваше непријатности. Барањата за носење маска, растојание меѓу луѓето, како и почитување на сите антиепидемиски мерки опишани во наредбите на Министерството за здравство во Бугарија остануваат во сила до нивното укинување. И во Грција се најавува олабавување на мерките. Во оваа држава се очекува во летниот период да се укинат сите рестриктивни мерки наметнати од пандемијата, а до Велигден, според најавите од министерот за здравство, се очекува да се олабават низа рестрикции.  

The post Се чека Владата да одлучи за олабавување на мерките, активни се 2.041 ковид случаи appeared first on Република.

]]>
Ново олабавување на мерките во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/novo-olabavuvanje-na-merkite-vo-grcija/ Wed, 23 Mar 2022 16:03:59 +0000 https://republika.mk/?p=477260

Стадионите да функционираат со целосна исполнетост, а учениците и вакцинираните просветни работници да прават само еден селф тест седмично, се препораките на надлежната комисија на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, препораки кои грчката Влада ги прифатила, јави дописничката на МИА од Атина.

Новите одлуки се во рамките на постепеното олабавување на мерките во земјата

Експертската комисија на Министерството за здравство на денешната седница едногласно препорача намалување на бројот на тестови кои седмично ги прават учениците и вакцинираните наставници, како и зголемување на капацитетот на стадионите на 100 отсто. Учениците и вакцинираните наставници ќе прават еден селф тест неделно. Препораката на Комисијата е прифатена од Владата, а деталите ќе бидат разјаснети во министерската одлука, соопштија од Министерството за здравство на Грција.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, претпладнево, како што објави МИА, соопштувајќи дека од 15 април привремено ќе се укине административната месечна казна од 100 евра за невакцинираните граѓани кои се над 60-годишна возраст рече дека на денешниот состанок на комисијата „ќе биде презентиран целокупниот план на Владата за деескалација на мерките и времето на олабавување на мерките што се однесуваат на тестовите, влезот во затворените простори и потребата да има сертификат”.

Врз основа на одлуките на Комисијата ќе се донесат и одлуките на Владата, истакна Плеврис.

 

The post Ново олабавување на мерките во Грција appeared first on Република.

]]>

Стадионите да функционираат со целосна исполнетост, а учениците и вакцинираните просветни работници да прават само еден селф тест седмично, се препораките на надлежната комисија на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, препораки кои грчката Влада ги прифатила, јави дописничката на МИА од Атина. Новите одлуки се во рамките на постепеното олабавување на мерките во земјата
Експертската комисија на Министерството за здравство на денешната седница едногласно препорача намалување на бројот на тестови кои седмично ги прават учениците и вакцинираните наставници, како и зголемување на капацитетот на стадионите на 100 отсто. Учениците и вакцинираните наставници ќе прават еден селф тест неделно. Препораката на Комисијата е прифатена од Владата, а деталите ќе бидат разјаснети во министерската одлука, соопштија од Министерството за здравство на Грција.
Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, претпладнево, како што објави МИА, соопштувајќи дека од 15 април привремено ќе се укине административната месечна казна од 100 евра за невакцинираните граѓани кои се над 60-годишна возраст рече дека на денешниот состанок на комисијата „ќе биде презентиран целокупниот план на Владата за деескалација на мерките и времето на олабавување на мерките што се однесуваат на тестовите, влезот во затворените простори и потребата да има сертификат”.
Врз основа на одлуките на Комисијата ќе се донесат и одлуките на Владата, истакна Плеврис.
 

The post Ново олабавување на мерките во Грција appeared first on Република.

]]>