окта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/okta/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jan 2024 18:34:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png окта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/okta/ 32 32 Донација на ОКТА за топол дом на младинците од СОС Детско село https://arhiva3.republika.mk/zivot/donatsija-na-okta-za-topol-dom-na-mladintsite-od-sos-detsko-selo/ Thu, 11 Jan 2024 18:34:47 +0000 https://republika.mk/?p=732110

Со донацијата на 6.000 литри екстра лесно масло за греење, компанијата ОКТА по втор пат го обезбеди вкупното годишно количество гориво потребно за затоплување на една од куќите на СОС Детско село, во која живеат младинци без родителска грижа.

Ни претставува особено задоволство што втора година по ред имаме можност да помогнеме во обезбедувањето топол дом за младите згрижени во СОС Детско село. Со оваа донација ќе биде задоволена вкупната годишна потрошувачка на гориво за греење на младинската куќа лоцирана во Радишани. На овој начин ОКТА продолжува со реализација на својата заложба да биде одговорен член на заедницата, обезбедувајќи подобри услови за живот за најранливите категории граѓани, изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност во ОКТА АД - Скопје.

Во младинските куќи на СОС Детско село се згрижени младинци на возраст над 14-годишна возраст, каде оваа хуманитарна организација им обезбедува 24-часовна поддршка, грижа и помош, со цел младите да се подготват и оспособат за целосно независен и самостоен живот, како и нивна понатамошна ефективна интеграција во општеството.

Благодарни сме што низ повеќегодишната соработка на неколку проекти, ОКТА прерасна во вистински долгорочен партнер на СОС Детско село. Таквите партнерства се особено значајни и драгоцени за нас, затоа што на организацијата ѝ овозможуваат полесно и долгорочно да ги планира своите активности, за децата да можат безгрижно да им се посветат на своите дневни обврски во образованието, но и да се подготват за вклучување во заедницата како самостојни личности, истакна Силвија Брајовиќ, раководител на фондот за собирање средства од СОС Детско село Македонија.

На донаторскиот настан кој што се случи денес во младинската куќа во Радишани учествуваа и кошаркарите Војдан Стојановски и Дамјан Робев од националната кошаркарска репрезентација кои се дружеа со младинците згрижени во СОС Детско село и разговараа за тоа како се станува успешен спортист. Младинците добија потпишани кошаркарски топки и дресови, а беа поканети да присуствуваат на претстојните репрезентативни натпревари кои ќе се одиграат во Скопје. ОКТА е главен спонзор на националната кошаркарска репрезентација во претквалификациите за Олимписките игри 2024 и во квалификациите за Евробаскет 2025.

The post Донација на ОКТА за топол дом на младинците од СОС Детско село appeared first on Република.

]]>

„Пуцко Петрол“ на Исмаил Јахоски од ДУИ сега поседува 11,05% од „ОКТА“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/putsko-petrol-na-ismail-jahoski-od-dui-sega-poseduva-11-05-od-okta/ Wed, 15 Nov 2023 13:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=701859

Нафтената компанија „Пуцко Петрол“ деновиве ја зголеми сопственоста во рафинеријата „ОКТА АД Скопје“ со стекнување на дополнителни 1.565 акции. Според официјалното соопштение од ОКТА АД Скопје, „Пуцко Петрол ДООЕЛ Скопје“ ги известила за зголемувањето и сега поседува вкупно 93.530 акции. Ова претставува приближно 11,05% од вкупниот број на акции.

Зголемувањето на сопственоста се усогласува со член 38 од Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје.

„Пуцко Петрол“ е компанија на Исмаил Јахоски, пратеник на владејачката партија ДУИ, кој претходно 24 години ја извршуваше функцијата градоначалник на Општина Пласница.

Станува збор за компанија позната по многубројните државни и општински тендери. Пример, таа е една првите три компании за 2022 година, со успешно склучени 413 договори за јавни набавки во државните институции во вредност од околу 50 милиони евра.

The post „Пуцко Петрол“ на Исмаил Јахоски од ДУИ сега поседува 11,05% од „ОКТА“ appeared first on Република.

]]>

Нафтената компанија „Пуцко Петрол“ деновиве ја зголеми сопственоста во рафинеријата „ОКТА АД Скопје“ со стекнување на дополнителни 1.565 акции. Според официјалното соопштение од ОКТА АД Скопје, „Пуцко Петрол ДООЕЛ Скопје“ ги известила за зголемувањето и сега поседува вкупно 93.530 акции. Ова претставува приближно 11,05% од вкупниот број на акции. Зголемувањето на сопственоста се усогласува со член 38 од Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје. „Пуцко Петрол“ е компанија на Исмаил Јахоски, пратеник на владејачката партија ДУИ, кој претходно 24 години ја извршуваше функцијата градоначалник на Општина Пласница. Станува збор за компанија позната по многубројните државни и општински тендери. Пример, таа е една првите три компании за 2022 година, со успешно склучени 413 договори за јавни набавки во државните институции во вредност од околу 50 милиони евра.

The post „Пуцко Петрол“ на Исмаил Јахоски од ДУИ сега поседува 11,05% од „ОКТА“ appeared first on Република.

]]>
Политичарот кој го потпиша договорот со „Хеленик петролеум“, заради кој плаќаме пенали е коалиционен партнер на Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-politicharot-koj-go-potpisha-dogovorot-so-helenik-petroleum-zaradi-koj-plakjame-penali-e-koalicionen-partner-na-kovachevski/ Fri, 23 Dec 2022 19:12:39 +0000 https://republika.mk/?p=589323

Поразите се слават како победи и тоа е карактеристика на оваа влада кога бројни државни победи се слават како победи, на пример промена на име секаде во светот е понижување, а во Македонија владата го слави како победа, или договорот со Бугарија во кој се негира македонскиот јазик или идентитет секаде во светот би бил пораз, во Македонија се слави како победа, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Николоски смета дека владата наместо да ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за тоа што треба да плати над 25 милиони евра на „Хеленик петролеум“ за оштета, одговорност да бара во нивниот коалициски партнер Љупчо Георгиевски кој го потпишал тој штетен договор.

Тој кој што го склучи и потпиша овој договор сега е коалиционен партнер и со негов пратеник помеѓу другото и вицепремиерот Битиќи е избран затоа што се во коалиција со Љупчо Георгиевски, затоа што е коалиционен партнер на СДСМ долги години. И мислам дека таму треба да се насочат прашањата зошто потпишувал такви договори. Она што исто така е спорно е што јавноста долги години е убедувана дека со Грција има идеални односи откако СДСМ е на власт. Но, не гледам дека тие идеални односи се користат за „Хеленик петролеум“ да се откажат од овие барања и треба да знае јавноста дека тоа е доминанта државна фирма, не се работи за приватна фирма, туку напротив „Хеленик петролеум“ оди на суд и ја тужи државата, изјави тој.

Николоски потенцираше дека од информациите кои кружат во јавноста ова не е единствен судски процес во кој државата ќе треба да плаќа оштета, посочувајќи дека има и други судски процеси поврзани со рудниците за кои владата на СДСМ не дозволи да се отворат, укажувајќи дека намерно се водат процесите на овој начин се со цел да се испумпуваат парите на граѓаните за да на крај бидат поделени помеѓу сопствениците на концесиите и владини претставници.

Понатаму, уште една работа која циркулира низ јавноста и низ добро упатени кругови е во однос на овие арбитражи. Имено сакам и една провокација да направам покрај овој судски процес кој што го има Македонија има уште неколку други судски процеси поврзани со рудниците кои требаше да се отворат, а владата не дозволи да се отворат. Таму се работи за многу поголеми суми од ова што го зборуваме сега за оштета за „Хеленик петролеум“, и она што кружи во јавноста е дека намерно се пристапува кон судски процеси и намерно на овој начин се водат процесите се со цел таа оштета која што треба да ја плаќаат сите граѓани на Македонија да биде поделена помеѓу различни структури на сопственици на тие концесии и на владини претставници, рече Николоски.

The post Политичарот кој го потпиша договорот со „Хеленик петролеум“, заради кој плаќаме пенали е коалиционен партнер на Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Поразите се слават како победи и тоа е карактеристика на оваа влада кога бројни државни победи се слават како победи, на пример промена на име секаде во светот е понижување, а во Македонија владата го слави како победа, или договорот со Бугарија во кој се негира македонскиот јазик или идентитет секаде во светот би бил пораз, во Македонија се слави како победа, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Николоски смета дека владата наместо да ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за тоа што треба да плати над 25 милиони евра на „Хеленик петролеум“ за оштета, одговорност да бара во нивниот коалициски партнер Љупчо Георгиевски кој го потпишал тој штетен договор.
Тој кој што го склучи и потпиша овој договор сега е коалиционен партнер и со негов пратеник помеѓу другото и вицепремиерот Битиќи е избран затоа што се во коалиција со Љупчо Георгиевски, затоа што е коалиционен партнер на СДСМ долги години. И мислам дека таму треба да се насочат прашањата зошто потпишувал такви договори. Она што исто така е спорно е што јавноста долги години е убедувана дека со Грција има идеални односи откако СДСМ е на власт. Но, не гледам дека тие идеални односи се користат за „Хеленик петролеум“ да се откажат од овие барања и треба да знае јавноста дека тоа е доминанта државна фирма, не се работи за приватна фирма, туку напротив „Хеленик петролеум“ оди на суд и ја тужи државата, изјави тој.
Николоски потенцираше дека од информациите кои кружат во јавноста ова не е единствен судски процес во кој државата ќе треба да плаќа оштета, посочувајќи дека има и други судски процеси поврзани со рудниците за кои владата на СДСМ не дозволи да се отворат, укажувајќи дека намерно се водат процесите на овој начин се со цел да се испумпуваат парите на граѓаните за да на крај бидат поделени помеѓу сопствениците на концесиите и владини претставници.
Понатаму, уште една работа која циркулира низ јавноста и низ добро упатени кругови е во однос на овие арбитражи. Имено сакам и една провокација да направам покрај овој судски процес кој што го има Македонија има уште неколку други судски процеси поврзани со рудниците кои требаше да се отворат, а владата не дозволи да се отворат. Таму се работи за многу поголеми суми од ова што го зборуваме сега за оштета за „Хеленик петролеум“, и она што кружи во јавноста е дека намерно се пристапува кон судски процеси и намерно на овој начин се водат процесите се со цел таа оштета која што треба да ја плаќаат сите граѓани на Македонија да биде поделена помеѓу различни структури на сопственици на тие концесии и на владини претставници, рече Николоски.

The post Политичарот кој го потпиша договорот со „Хеленик петролеум“, заради кој плаќаме пенали е коалиционен партнер на Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Кабинет на Битиќи: Арбитражната пресуда со спорот ЕЛ.Пет Балканики и Македонија е во полза на нашата држава, ЕЛ.ПЕТ нема право да бара пенали за периодот додека ОКТА не работела https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kabinet-na-bitikji-arbitraznata-presuda-so-sporot-el-pet-balkaniki-i-makedonija-e-vo-polza-na-nashata-drzava-el-pet-nema-pravo-da-bara-penali-za-periodot-dodeka-okta-ne-rabotela/ Thu, 22 Dec 2022 16:02:41 +0000 https://republika.mk/?p=588946

Донесена е арбитражна пресуда во спорот меѓу ЕЛ.ПЕТ Балканики и Република Македонија, кој произлегува од Договорот за продажба на акции на Рафинеријата ОКТА од 1999 година.

ЕЛ.ПЕТ побаруваше главен долг од 31,590.000,00 УСД по основ на непотрошен мазут на ОКТА од гарантираната годишна количина од 500.000 тони за годините 2008, 2009, 2010 и 2011 година. Исто така, побаруваше 5% годишна затезна камата сметано од 22.12.2015 година, што во апсолутен износ изнесува околу 11.056.000,00 УСД до 22.12.2022 година, како и адвокатски трошоци и трошоци на арбитражната постапка во износ од 1.439.920,00 ЕВРА.

Вкупното побарување на ЕЛ.ПЕТ Балканики по основ на главен долг и камата изнесува 42.646.000,00 УСД.

Арбитражниот суд досуди 21.478.797,00 УСД за главниот долг од побаруваните 31.590.000,00 УСД, како и затезна камата по ЕУРИБОР стапката која е негативна во претходниот период, наместо побаруваните 11.056.000,00 УСД. Со тоа вкупно досудениот износ по основ на главното побарување до денес е околу 21.478.797,00 УСД, што претставува околу 51% од побаруваниот износ со тужбата (42.646.000,00 УСД).

На ЕЛ.ПЕТ му се досудени и 787.334 ЕВРА за адвокатски и арбитражни трошоци од побаруваните 1.439.920,00 ЕВРА.

Со Пресудата е утврдено дека вкупната количина на потрошен мазут на ОКТА во период 2008-2011 година изнесува 1.204.489 тони, така што на ЕЛ.ПЕТ му следат пенали од 27 УСД по тон за 795.511 тони мазут.

Со Пресудата е утврдено дека ЕЛПЕТ нема право да бара пенали за периодот додека ОКТА не работела од 2012 до 2019 година, односно дека ова се последните пенали кои државата ги плаќа по основ на Договорот од 1999 година.

Застапник на Република Македонија беше адвокатската куќа Дехерт од Париз.

Спорот траеше од 5 декември 2018 година.

Адвокатскиот тим на Дехерт од Париз ангажиран од Владата на Република Македонија во претстојниот период ќе ја анализира Арбитражната пресуда, по што ќе биде донесена одлука за следните правни чекори кои ќе бидат преземени.

The post Кабинет на Битиќи: Арбитражната пресуда со спорот ЕЛ.Пет Балканики и Македонија е во полза на нашата држава, ЕЛ.ПЕТ нема право да бара пенали за периодот додека ОКТА не работела appeared first on Република.

]]>

Донесена е арбитражна пресуда во спорот меѓу ЕЛ.ПЕТ Балканики и Република Македонија, кој произлегува од Договорот за продажба на акции на Рафинеријата ОКТА од 1999 година. ЕЛ.ПЕТ побаруваше главен долг од 31,590.000,00 УСД по основ на непотрошен мазут на ОКТА од гарантираната годишна количина од 500.000 тони за годините 2008, 2009, 2010 и 2011 година. Исто така, побаруваше 5% годишна затезна камата сметано од 22.12.2015 година, што во апсолутен износ изнесува околу 11.056.000,00 УСД до 22.12.2022 година, како и адвокатски трошоци и трошоци на арбитражната постапка во износ од 1.439.920,00 ЕВРА. Вкупното побарување на ЕЛ.ПЕТ Балканики по основ на главен долг и камата изнесува 42.646.000,00 УСД. Арбитражниот суд досуди 21.478.797,00 УСД за главниот долг од побаруваните 31.590.000,00 УСД, како и затезна камата по ЕУРИБОР стапката која е негативна во претходниот период, наместо побаруваните 11.056.000,00 УСД. Со тоа вкупно досудениот износ по основ на главното побарување до денес е околу 21.478.797,00 УСД, што претставува околу 51% од побаруваниот износ со тужбата (42.646.000,00 УСД). На ЕЛ.ПЕТ му се досудени и 787.334 ЕВРА за адвокатски и арбитражни трошоци од побаруваните 1.439.920,00 ЕВРА. Со Пресудата е утврдено дека вкупната количина на потрошен мазут на ОКТА во период 2008-2011 година изнесува 1.204.489 тони, така што на ЕЛ.ПЕТ му следат пенали од 27 УСД по тон за 795.511 тони мазут. Со Пресудата е утврдено дека ЕЛПЕТ нема право да бара пенали за периодот додека ОКТА не работела од 2012 до 2019 година, односно дека ова се последните пенали кои државата ги плаќа по основ на Договорот од 1999 година. Застапник на Република Македонија беше адвокатската куќа Дехерт од Париз. Спорот траеше од 5 декември 2018 година. Адвокатскиот тим на Дехерт од Париз ангажиран од Владата на Република Македонија во претстојниот период ќе ја анализира Арбитражната пресуда, по што ќе биде донесена одлука за следните правни чекори кои ќе бидат преземени.

The post Кабинет на Битиќи: Арбитражната пресуда со спорот ЕЛ.Пет Балканики и Македонија е во полза на нашата држава, ЕЛ.ПЕТ нема право да бара пенали за периодот додека ОКТА не работела appeared first on Република.

]]>
ВМРО НП за случајот „Окта“: Казната против  Македонија не е донесена затоа што е потпишан договорот туку затоа што еднострано е раскинат од страна на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-narodna-za-sluchajot-okta-kaznata-protiv-makedonija-ne-e-donesena-zatoa-shto-e-potpishan-dogovorot-tuku-zatoa-shto-ednostrano-e-raskinat-od-strana-na-drzavata/ Thu, 22 Dec 2022 14:18:26 +0000 https://republika.mk/?p=588901

ВМРО – Народна партија во врска со информацијата дека Македонија го има изгубено процесот со „Хеленик Петролеум“ на Арбитражниот суд во Париз, се огласи со соопштение со кое, како што вели, сака да појасни неколку работи.

„Казната против  Македонија не е донесена затоа што е потпишан договорот туку затоа што еднострано е раскинат од страна на Македонија. Имено на една година пред истекувањето на петгодишнипот монопол, Уставниот суд на Македонија се прогласи за надлежен дека може да раскинува меѓународни договори, иако низ сите други случаи на меѓународни договори во кои има стапено Македонија, се има прогласувано дека е ненадлежен.

На тој начин само заради нетрпеливоста да се почека уште една година од договорот која требаше да помине Македонија се доведе во крајно непријатна ситуација.

Во исто време сакаме да потсетиме дека од тогаш па до денес 90 отсто од мазутот во  Македонија, вклучително и оваа последна година на голема енергетска криза, го купуваме од Грција, а најмногу од „Хеленик петролеум“ наместо да го прозиведвуиваме во ОКТА“ – се вели во соопштението на ВМРО-НП.

The post ВМРО НП за случајот „Окта“: Казната против  Македонија не е донесена затоа што е потпишан договорот туку затоа што еднострано е раскинат од страна на државата appeared first on Република.

]]>

ВМРО – Народна партија во врска со информацијата дека Македонија го има изгубено процесот со „Хеленик Петролеум“ на Арбитражниот суд во Париз, се огласи со соопштение со кое, како што вели, сака да појасни неколку работи.
„Казната против  Македонија не е донесена затоа што е потпишан договорот туку затоа што еднострано е раскинат од страна на Македонија. Имено на една година пред истекувањето на петгодишнипот монопол, Уставниот суд на Македонија се прогласи за надлежен дека може да раскинува меѓународни договори, иако низ сите други случаи на меѓународни договори во кои има стапено Македонија, се има прогласувано дека е ненадлежен.
  На тој начин само заради нетрпеливоста да се почека уште една година од договорот која требаше да помине Македонија се доведе во крајно непријатна ситуација. Во исто време сакаме да потсетиме дека од тогаш па до денес 90 отсто од мазутот во  Македонија, вклучително и оваа последна година на голема енергетска криза, го купуваме од Грција, а најмногу од „Хеленик петролеум“ наместо да го прозиведвуиваме во ОКТА“ – се вели во соопштението на ВМРО-НП.

The post ВМРО НП за случајот „Окта“: Казната против  Македонија не е донесена затоа што е потпишан договорот туку затоа што еднострано е раскинат од страна на државата appeared first on Република.

]]>