Оклахома Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oklahoma/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jan 2024 08:47:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Оклахома Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oklahoma/ 32 32 Голема експлозија на гасовод во американската сојузна држава Оклахома https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/golema-eksplozija-na-gasovod-vo-amerikanskata-sojuzna-drzhava-oklahoma/ Wed, 31 Jan 2024 08:47:51 +0000 https://republika.mk/?p=738841

Голема експлозија се случи на гасовод во американската сојузна држава Оклахома, јавуваат американските медиуми.

Експлозијата се случила синоќа, во 21:45 часот по локално време (4:45 часот утринава по средноевропско време) во округот Бивер, објави Еј-Би-Си Њуз (ABC) на својата веб-страница.

Според противпожарната служба, пламенот достигнува височина од 150 метри и е толку голем што може да се регистрира и од сателити.

Противпожарните екипи се на „безбедно растојание“ додека гасот не може да се исклучи, наведува Еј-Би-Си Њуз.

The post Голема експлозија на гасовод во американската сојузна држава Оклахома appeared first on Република.

]]>

Голема експлозија се случи на гасовод во американската сојузна држава Оклахома, јавуваат американските медиуми. Експлозијата се случила синоќа, во 21:45 часот по локално време (4:45 часот утринава по средноевропско време) во округот Бивер, објави Еј-Би-Си Њуз (ABC) на својата веб-страница. Според противпожарната служба, пламенот достигнува височина од 150 метри и е толку голем што може да се регистрира и од сателити. Противпожарните екипи се на „безбедно растојание“ додека гасот не може да се исклучи, наведува Еј-Би-Си Њуз.

The post Голема експлозија на гасовод во американската сојузна држава Оклахома appeared first on Република.

]]>
Уапсено лицето осомничено за убиството на четворица Кинези во Оклахома https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapseno-liceto-osomnicheno-za-ubistvoto-na-chetvorica-kinezi-vo-oklahoma/ Wed, 23 Nov 2022 08:29:21 +0000 https://republika.mk/?p=577211

Американската полиција уапси 45-годишно лице, осомничено за убиството на четворица кинески државјани што се случи во неделата на локална фарма за одгледување марихуана во сојузната држава Оклахома.

Според истрагата, 45-годишниот Ву Чен влегол во објект на имот во близина на градот Хенеси, во кој во моментот имало „неколку вработени“. Осомничениот се задржал во објектот подолго време пред да почнат егзекуциите“, соопшти Државното истражно биро во Оклахома.

Телата биле пронајдени откако полицијата добила дојава за вонредна заложничка ситуација во близина на градот Хенеси.

Меѓу жртвите има тројца мажи и една жена. Уште една повредена кинеска државјанка е префрлена со хеликоптер во болница.

Осомничениот вчера бил уапсен во областа Мајами Бич, откако било идентификувано неговото возило со автоматизиран читач на регистарски таблички.

Претставници на Државното истражно биро на Оклахома изјавуваат дека не е познато дали лицето е во роднински или пријателски врски со жртвите, но оти повеќе од сигурно е дека меѓусебно се познавале.

Медицинскиот канабис е легален во Оклахома, но не се појаснува дали инцидентот се случил на лиценцирана или нелегална фарма. Производството на медицинска мархуана во Оклахома нагло се зголеми по 2018 година кога гласачите во сојузната држава се изјаснија за легализација на нејзината употреба.

The post Уапсено лицето осомничено за убиството на четворица Кинези во Оклахома appeared first on Република.

]]>

Американската полиција уапси 45-годишно лице, осомничено за убиството на четворица кинески државјани што се случи во неделата на локална фарма за одгледување марихуана во сојузната држава Оклахома. Според истрагата, 45-годишниот Ву Чен влегол во објект на имот во близина на градот Хенеси, во кој во моментот имало „неколку вработени“. Осомничениот се задржал во објектот подолго време пред да почнат егзекуциите“, соопшти Државното истражно биро во Оклахома. Телата биле пронајдени откако полицијата добила дојава за вонредна заложничка ситуација во близина на градот Хенеси. Меѓу жртвите има тројца мажи и една жена. Уште една повредена кинеска државјанка е префрлена со хеликоптер во болница. Осомничениот вчера бил уапсен во областа Мајами Бич, откако било идентификувано неговото возило со автоматизиран читач на регистарски таблички. Претставници на Државното истражно биро на Оклахома изјавуваат дека не е познато дали лицето е во роднински или пријателски врски со жртвите, но оти повеќе од сигурно е дека меѓусебно се познавале. Медицинскиот канабис е легален во Оклахома, но не се појаснува дали инцидентот се случил на лиценцирана или нелегална фарма. Производството на медицинска мархуана во Оклахома нагло се зголеми по 2018 година кога гласачите во сојузната држава се изјаснија за легализација на нејзината употреба.

The post Уапсено лицето осомничено за убиството на четворица Кинези во Оклахома appeared first on Република.

]]>
Вооружен напад на фестивал: Едно лице загина, 7 повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vooruzen-napad-na-festival-edno-lice-zagina-7-povredeni/ Sun, 29 May 2022 18:04:01 +0000 https://republika.mk/?p=508401

Едно лице загина, а седум се повредени денеска при оружен напад на фестивал на отворено во источната американска држава Оклахома, соопштија локалните власти.

Во соопштението на Државното истражно биро на Оклахома се наведува дека меѓу луѓето врз кои е отворен оган во близина на Тафт има двајца малолетници.

Никој досега не е уапсен, објавија медиумите.

На настанот по повод Денот на сеќавањето присуствувале околу 1.500 луѓе.

Засега нема информации за здравствената состојба на повредените.

The post Вооружен напад на фестивал: Едно лице загина, 7 повредени appeared first on Република.

]]>

Едно лице загина, а седум се повредени денеска при оружен напад на фестивал на отворено во источната американска држава Оклахома, соопштија локалните власти. Во соопштението на Државното истражно биро на Оклахома се наведува дека меѓу луѓето врз кои е отворен оган во близина на Тафт има двајца малолетници. Никој досега не е уапсен, објавија медиумите. На настанот по повод Денот на сеќавањето присуствувале околу 1.500 луѓе. Засега нема информации за здравствената состојба на повредените.

The post Вооружен напад на фестивал: Едно лице загина, 7 повредени appeared first on Република.

]]>