океан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/okean/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 12:02:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png океан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/okean/ 32 32 Мислев дека ќе умреме, бевме без храна и опкружeни со ајкули: Ова е Србинот кој 10 дена плуташе во гумен чамец https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mislev-deka-ke-umreme-bevme-bez-hrana-i-opkruzheni-so-ajkuli-ova-e-srbinot-koj-10-dena-plutashe-vo-gumen-chamets/ Wed, 14 Aug 2024 12:02:12 +0000 https://republika.mk/?p=806492

Никола (30) од Србија, кој од неодамна живее во Шпанија, за Телеграф раскажа каква драма доживеал на отворено море. Тој раскажал дека со другарите отишол на риболов и дека на бродот им останало гориво и дека 10 дена пловеле на отворено море.

Никола и неговите двајца пријатели испловиле од Канарските острови и во еден момент останале без гориво. Србинот вели дека биле опкружени со ајкули.

Никогаш не сум видел толку многу ајкули одблизу, мислев дека нема да преживееме, рекол Никола, пишува Телеграф.

Никола тврди дека седум дена не пиеле вода.

Да останевме на бродот уште неколку часа, сигурно ќе бевме мртви, вели Србинот, пишува Телеграф.

Никола и неговите пријатели биле спасени од бродот Син Ан Нинг, кој пловел под кинеско знаме. Бродот патувал за Доминиканска Република, поради што Никола и неговите пријатели завршиле таму. Бродот пристигнал во пристаништето Хаина во понеделникот.

Медиумите јавуваат дека шпанската амбасада го организирала враќањето на пријателите на Никола, но дека тој морал да остане во кампот во Хаина, каде Генералната дирекција за миграција испраќа странци со нерегуларен статус. Никола вели дека за околу два дена ќе го добие пасошот за да може повторно да патува и да се види со семејството.

Во меѓувреме, доминиканските власти се обидуваат да стапат во контакт со српската амбасада во Куба за да го забрзаат процесот, пишува Телеграф.

The post Мислев дека ќе умреме, бевме без храна и опкружeни со ајкули: Ова е Србинот кој 10 дена плуташе во гумен чамец appeared first on Република.

]]>

Никола (30) од Србија, кој од неодамна живее во Шпанија, за Телеграф раскажа каква драма доживеал на отворено море. Тој раскажал дека со другарите отишол на риболов и дека на бродот им останало гориво и дека 10 дена пловеле на отворено море. Никола и неговите двајца пријатели испловиле од Канарските острови и во еден момент останале без гориво. Србинот вели дека биле опкружени со ајкули. Никогаш не сум видел толку многу ајкули одблизу, мислев дека нема да преживееме, рекол Никола, пишува Телеграф. Никола тврди дека седум дена не пиеле вода. Да останевме на бродот уште неколку часа, сигурно ќе бевме мртви, вели Србинот, пишува Телеграф. Никола и неговите пријатели биле спасени од бродот Син Ан Нинг, кој пловел под кинеско знаме. Бродот патувал за Доминиканска Република, поради што Никола и неговите пријатели завршиле таму. Бродот пристигнал во пристаништето Хаина во понеделникот. Медиумите јавуваат дека шпанската амбасада го организирала враќањето на пријателите на Никола, но дека тој морал да остане во кампот во Хаина, каде Генералната дирекција за миграција испраќа странци со нерегуларен статус. Никола вели дека за околу два дена ќе го добие пасошот за да може повторно да патува и да се види со семејството. Во меѓувреме, доминиканските власти се обидуваат да стапат во контакт со српската амбасада во Куба за да го забрзаат процесот, пишува Телеграф.

The post Мислев дека ќе умреме, бевме без храна и опкружeни со ајкули: Ова е Србинот кој 10 дена плуташе во гумен чамец appeared first on Република.

]]>
Патник на крузер спушти камера во океанот: Погледнете што се појави од морничавата темнина https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/patnik-na-kruzer-spushti-kamera-vo-okeanot-poglednete-shto-se-pojavi-od-mornichavata-temnina/ Sun, 21 Apr 2024 11:41:24 +0000 https://republika.mk/?p=768826

На социјалните мрежи се појави видео кое покира многумина. Патник на брод за крстарење спуштил камера во морето и снимил се што се случува околу бродот, а луѓето не можат да го видат.

Грчки фотограф, кој редовно поставува содржини на „Јутјуб“, објави видео снимено од неговата ГоПро камера што ја фрлил во морето, а на ноќната снимка се гледа како неколку ајкули излегуваат од морничавата темнина.

Корисниците на социјалните мрежи во коментарите пишуваат дека сцената е страшна, но и интересна, се додека ја гледаат од удобноста на својот дом.

https://www.youtube.com/watch?v=YWuPp1v-sI8

The post Патник на крузер спушти камера во океанот: Погледнете што се појави од морничавата темнина appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појави видео кое покира многумина. Патник на брод за крстарење спуштил камера во морето и снимил се што се случува околу бродот, а луѓето не можат да го видат. Грчки фотограф, кој редовно поставува содржини на „Јутјуб“, објави видео снимено од неговата ГоПро камера што ја фрлил во морето, а на ноќната снимка се гледа како неколку ајкули излегуваат од морничавата темнина. Корисниците на социјалните мрежи во коментарите пишуваат дека сцената е страшна, но и интересна, се додека ја гледаат од удобноста на својот дом. https://www.youtube.com/watch?v=YWuPp1v-sI8

The post Патник на крузер спушти камера во океанот: Погледнете што се појави од морничавата темнина appeared first on Република.

]]>
Научниците откриваат: Нов океан ќе потопи многу земји https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/nauchnitsite-otkrivaat-nov-okean-ke-potopi-mnogu-zemji/ Sat, 30 Sep 2023 13:40:15 +0000 https://republika.mk/?p=686618

Научниците открија дека формирањето на нов океан е во тек и ќе ја раздели Африка на два дела.

Истражувачите известуваат дека два дела од африканското копно почнале да се одвојуваат, отворајќи го патот за цел нов океан да помине низ пукнатината. Земјите како Замбија и Уганда еден ден би можеле да имаат свои крајбрежја доколку копнената маса продолжи да се одвојува.

Според угледното списание „Geophysical Research Letters“, геолозите успеале да потврдат дека се создава нов океан додека африканскиот континент се дели на половина.

Научниците успеаја да го пронајдат точното место каде континент со површина од повеќе од 30 милиони квадратни километри првпат се отвори длабоко под земја.

Пукнатината се наоѓа на границите на три тектонски плочи кои веќе некое време постепено се оддалечуваат една од друга. Геолозите посочија дека овој комплексен тектонски процес ќе отвори место за целосно ново водно тело милиони години од сега.

Научниците открија дека расцепот, познат како Источноафрикански Ров, моментално е долг околу 55 километри, откако првпат се појави во 2005 година во пустините на Етиопија.

„Ова е единственото место на Земјата каде што можете да проучите како континенталниот расед станува океански“, рече Кристофер Мур од Универзитетот во Лидс.

https://www.youtube.com/watch?v=WH9BMjJVXVY

Со помош на сателитски радарска технологија, Мур ја следел вулканската активност на источноафриканскиот регион, што најчесто се поврзува со постепеното распаѓање на континентот. Пукнатината се наоѓа на границите на африканските, арапските и сомалиските тектонски плочи, а во последните 30 милиони години арапската плоча полека се оддалечува од африканскиот континент.

Истиот вид на тектонско поместување беше забележан и порано бидејќи на тој начин се формираа Црвеното Море и Аденскиот Залив помеѓу две поврзани копнени маси.

Сомалиската плоча исто така се оддалечува од африканската плоча - продлабочувајќи го својот пат низ долината Голема Рифт. Со помош на ГПС инструменти, истражувачите успеале прецизно да ги измерат движењата на земјата.

„Со помош на ГПС технологијата, можеме да ја измериме брзината на движење до неколку милиметри годишно. Како што добиваме се повеќе и повеќе податоци за мерењето, можеме подобро да разбереме што се случува. Аденскиот Залив и Црвеното Море ќе го поплават Афар регионот и долината Голема Рифт и ќе стане нов океан, а тој дел од Источна Африка ќе стане свој посебен мал континент“, рече морскиот геофизичар и професор на Универзитетот во Калифорнија, Кен Мекдоналд.

Трите тектонски плочи се оддалечуваат една од друга со различни стапки, но Мекдоналд вели дека арапската се одвојува од африканската со брзина од 2,5 сантиметри годишно. Африканската и сомалиската плоча се одвојуваат со побавна брзина од околу пет милиметри секоја година.

 

The post Научниците откриваат: Нов океан ќе потопи многу земји appeared first on Република.

]]>

Научниците открија дека формирањето на нов океан е во тек и ќе ја раздели Африка на два дела. Истражувачите известуваат дека два дела од африканското копно почнале да се одвојуваат, отворајќи го патот за цел нов океан да помине низ пукнатината. Земјите како Замбија и Уганда еден ден би можеле да имаат свои крајбрежја доколку копнената маса продолжи да се одвојува. Според угледното списание „Geophysical Research Letters“, геолозите успеале да потврдат дека се создава нов океан додека африканскиот континент се дели на половина. Научниците успеаја да го пронајдат точното место каде континент со површина од повеќе од 30 милиони квадратни километри првпат се отвори длабоко под земја. Пукнатината се наоѓа на границите на три тектонски плочи кои веќе некое време постепено се оддалечуваат една од друга. Геолозите посочија дека овој комплексен тектонски процес ќе отвори место за целосно ново водно тело милиони години од сега. Научниците открија дека расцепот, познат како Источноафрикански Ров, моментално е долг околу 55 километри, откако првпат се појави во 2005 година во пустините на Етиопија.
„Ова е единственото место на Земјата каде што можете да проучите како континенталниот расед станува океански“, рече Кристофер Мур од Универзитетот во Лидс.
https://www.youtube.com/watch?v=WH9BMjJVXVY Со помош на сателитски радарска технологија, Мур ја следел вулканската активност на источноафриканскиот регион, што најчесто се поврзува со постепеното распаѓање на континентот. Пукнатината се наоѓа на границите на африканските, арапските и сомалиските тектонски плочи, а во последните 30 милиони години арапската плоча полека се оддалечува од африканскиот континент. Истиот вид на тектонско поместување беше забележан и порано бидејќи на тој начин се формираа Црвеното Море и Аденскиот Залив помеѓу две поврзани копнени маси. Сомалиската плоча исто така се оддалечува од африканската плоча - продлабочувајќи го својот пат низ долината Голема Рифт. Со помош на ГПС инструменти, истражувачите успеале прецизно да ги измерат движењата на земјата.
„Со помош на ГПС технологијата, можеме да ја измериме брзината на движење до неколку милиметри годишно. Како што добиваме се повеќе и повеќе податоци за мерењето, можеме подобро да разбереме што се случува. Аденскиот Залив и Црвеното Море ќе го поплават Афар регионот и долината Голема Рифт и ќе стане нов океан, а тој дел од Источна Африка ќе стане свој посебен мал континент“, рече морскиот геофизичар и професор на Универзитетот во Калифорнија, Кен Мекдоналд.
Трите тектонски плочи се оддалечуваат една од друга со различни стапки, но Мекдоналд вели дека арапската се одвојува од африканската со брзина од 2,5 сантиметри годишно. Африканската и сомалиската плоча се одвојуваат со побавна брзина од околу пет милиметри секоја година.  

The post Научниците откриваат: Нов океан ќе потопи многу земји appeared first on Република.

]]>
Температурата на океаните неделава урива рекорди https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/temperaturata-na-okeanite-nedelava-uriva-rekordi/ Wed, 09 Aug 2023 18:25:38 +0000 https://republika.mk/?p=670520

Температурата на површината на океанот во петокот се искачи на 20,96 степени Целзиусови, покажуваат податоците на климатската опсерваторија на Европската унија.

Последниот рекорд од 20,95 степени е забележан во март 2016 година, изјави портпаролката на агенцијата на ЕУ за климатски промени Коперник.

Меѓу тестираните примероци нема ниту еден од поларните региони.

Океаните апсорбираат 90 отсто од вишокот топлина создадена од човековата активност од почетокот на индустриската ера, предупредуваат научниците.

Таа топлина продолжува да се акумулира додека стакленички гасови, главно од согорувањето на нафта, гас и јаглен, се собираат во атмосферата на Земјата.

Просечната температура на океаните од април ги урива сезонските рекорди ширум светот.

„Топлинскиот бран на океанот е непосредна закана за некои морски животни“, рече Пирс Форстер од Меѓународниот центар за клима на Универзитетот во Лидс.

„Веќе сме сведоци на директен резултат од избелувањето на коралите во Флорида и очекувам да се појават повеќе последици“, додаде тој.

Се предвидува дека затоплувањето на океаните ќе има други влијанија врз подводниот живот, вклучувајќи ја миграцијата на одредени видови и ширењето на инвазивните видови. Ова може да ги загрози рибните резерви, а со тоа и безбедноста на храната во делови од светот.

The post Температурата на океаните неделава урива рекорди appeared first on Република.

]]>

Температурата на површината на океанот во петокот се искачи на 20,96 степени Целзиусови, покажуваат податоците на климатската опсерваторија на Европската унија. Последниот рекорд од 20,95 степени е забележан во март 2016 година, изјави портпаролката на агенцијата на ЕУ за климатски промени Коперник. Меѓу тестираните примероци нема ниту еден од поларните региони. Океаните апсорбираат 90 отсто од вишокот топлина создадена од човековата активност од почетокот на индустриската ера, предупредуваат научниците. Таа топлина продолжува да се акумулира додека стакленички гасови, главно од согорувањето на нафта, гас и јаглен, се собираат во атмосферата на Земјата. Просечната температура на океаните од април ги урива сезонските рекорди ширум светот. „Топлинскиот бран на океанот е непосредна закана за некои морски животни“, рече Пирс Форстер од Меѓународниот центар за клима на Универзитетот во Лидс. „Веќе сме сведоци на директен резултат од избелувањето на коралите во Флорида и очекувам да се појават повеќе последици“, додаде тој. Се предвидува дека затоплувањето на океаните ќе има други влијанија врз подводниот живот, вклучувајќи ја миграцијата на одредени видови и ширењето на инвазивните видови. Ова може да ги загрози рибните резерви, а со тоа и безбедноста на храната во делови од светот.

The post Температурата на океаните неделава урива рекорди appeared first on Република.

]]>
Истражување: Количината на пластика во океаните е многу помала отколку што се претпоставуваше https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/istrazhuvane-kolichinata-na-plastika-vo-okeanite-e-mnogu-pomala-otkolku-shto-se-pretpostavuvashe/ Mon, 07 Aug 2023 13:46:48 +0000 https://republika.mk/?p=669673

Постои можност количината на пластика во океаните да е многу помала отколку што се претпоставуваше во изминатите две децении односно да изнесува околу 3,2 милиони тони, а не од 50 до 300 милиони тони, како што претходно се претпоставуваше.

Како што пренесува „Дач тајмс“ (Dutch Times), еден од заклучоците до кои дошле истражувачите од Универзитетот во Утрехт е дека многу повеќе пластика останува во реките, а многу помалку стигнува до океаните. Тие своите пресметки ги засновале на повеќе од 20.000 локации, каде што вршеле мерења.

Претходните процени за количината на пластика во океаните главно се засноваа на официјални податоци за количината на пластика произведена годишно, што е околу 400 милиони тони или вкупно 10 милијарди тони од 50-тите години од 20 век, од кои само шест отсто се рециклираат и повторно се користат.

The post Истражување: Количината на пластика во океаните е многу помала отколку што се претпоставуваше appeared first on Република.

]]>

Постои можност количината на пластика во океаните да е многу помала отколку што се претпоставуваше во изминатите две децении односно да изнесува околу 3,2 милиони тони, а не од 50 до 300 милиони тони, како што претходно се претпоставуваше. Како што пренесува „Дач тајмс“ (Dutch Times), еден од заклучоците до кои дошле истражувачите од Универзитетот во Утрехт е дека многу повеќе пластика останува во реките, а многу помалку стигнува до океаните. Тие своите пресметки ги засновале на повеќе од 20.000 локации, каде што вршеле мерења. Претходните процени за количината на пластика во океаните главно се засноваа на официјални податоци за количината на пластика произведена годишно, што е околу 400 милиони тони или вкупно 10 милијарди тони од 50-тите години од 20 век, од кои само шест отсто се рециклираат и повторно се користат.

The post Истражување: Количината на пластика во океаните е многу помала отколку што се претпоставуваше appeared first on Република.

]]>
Температурата на Атлантски Океан околу Флорида се искачи над 38 степени Целзиусови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/temperaturata-na-atlantski-okean-okolu-florida-se-iskachi-nad-38-stepeni-tselziusovi/ Wed, 26 Jul 2023 07:54:07 +0000 https://republika.mk/?p=665398

Температурата на површината на Атлантски Океан околу Флорида Кијс оваа недела се искачи на 38,44 Целзиусови степени или достигна ниво на „топла када“, бидејќи нормалните температури на водата во областа овој период од годината треба да бидат помеѓу 23 и 31 Целзиусови степени, објави Националната управа за океани и атмосфера (НОАА).

Зголемениот интензитет лоши временски услови и на копно и во океаните се симптоматични за глобалните климатски промени поттикнати од човекот.

Светската метеоролошка организација предупреди дека температурите на морето како оние во Јужна Флорида може да бидат смртоносни за морскиот живот и да ги загрозат океанските екосистеми, како и да влијаат на резервите на храна и егзистенцијата на луѓето.

Претходно, НОАА предупреди дека потоплата вода околу Флорида може да ги засили тропски бури и урагани, кои генерираат повеќе енергија над топлите води. Зголемените температури, исто така, сериозно ги оптоваруваат коралните гребени.

The post Температурата на Атлантски Океан околу Флорида се искачи над 38 степени Целзиусови appeared first on Република.

]]>

Температурата на површината на Атлантски Океан околу Флорида Кијс оваа недела се искачи на 38,44 Целзиусови степени или достигна ниво на „топла када“, бидејќи нормалните температури на водата во областа овој период од годината треба да бидат помеѓу 23 и 31 Целзиусови степени, објави Националната управа за океани и атмосфера (НОАА). Зголемениот интензитет лоши временски услови и на копно и во океаните се симптоматични за глобалните климатски промени поттикнати од човекот. Светската метеоролошка организација предупреди дека температурите на морето како оние во Јужна Флорида може да бидат смртоносни за морскиот живот и да ги загрозат океанските екосистеми, како и да влијаат на резервите на храна и егзистенцијата на луѓето. Претходно, НОАА предупреди дека потоплата вода околу Флорида може да ги засили тропски бури и урагани, кои генерираат повеќе енергија над топлите води. Зголемените температури, исто така, сериозно ги оптоваруваат коралните гребени.

The post Температурата на Атлантски Океан околу Флорида се искачи над 38 степени Целзиусови appeared first on Република.

]]>
Неверојатно откритие на научниците: Во длабочините на океанот е пронајдено мистериозно суштество кое е – бесмртно https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/neverojatno-otkritie-na-nauchnitsite-vo-dlabochinite-na-okeanot-e-pronajdeno-misteriozno-sushtestvo-koe-e-besmrtno/ Wed, 05 Jul 2023 07:50:01 +0000 https://republika.mk/?p=658080

Морињата се навистина полни со необични суштества, а едно штотуку е откриено и ги воодушеви научниците.

Имено, тоа е бесмртно и може на неодредено време да го избегнува стареењето, бидејќи се регенерира себеси. И тоа не дел по дел, туку цело тело, пишува Newsweek.

Суштеството се вика Hidractinia symbiolongicarpus и тоа е мал безрбетник кој живее на лушпи од ракови, според студијата објавена во списанието Cell Reports.

„Студиите како овие, кои ја истражуваат биологијата на необични организми, откриваат колку се универзални биолошките процеси и колку сè уште ни треба да ги разбереме нивните функции, односи и еволуција. Таквите откритија имаат голем потенцијал да дадат нови сознанија за човечката биологија“, рече Чарлс Ротими, коавтор на трудот.

Научниците одамна знаат дека овој безрбетник е посебен поради матичните клетки што ги користи за регенерација на ткивата. Тие се способни да се трансформираат во било кој тип на телесни клетки, а тоа ги прави способни да го стимулираат растот на нови делови од телото. Луѓето можат да ги користат овие клетки само во првата фаза од развојот, додека ова суштество може да го прави тоа во текот на својот живот.

Foto: Profimedia

Истражувачите откриле дека Hidractinia ги складира своите матични клетки во долната половина од своето тело, но кога и ја исекле устата, израснало сосема ново тело, што покажува дека животното можело да генерира нови матични клетки. За да истражат како се активираат овие матични клетки, авторите опишале во трудот како го скенирале геномот на Hidractinia за гени поврзани со стареењето.

Тие откриле дека од трите гени на Hydractinia поврзани со стареењето, еден е „вклучен“ во клетките во близина на местото на резот во устата. Кога овој ген бил избришан од геномот, суштетсвото не можело да се регенерира, што покажува дека му треба стареење за да регенерира нови матични клетки.

Се подразбира дека ситуацијата со ова суштество е сосема поинаква отколку со нашиот вид.

„Од животни како Hydractinia, можеме да научиме како стареењето може да биде корисно и да го прошириме нашето разбирање за стареењето и третманот“, рече Енди Баксеванис, коавтор на студијата.

Научниците досега открија способност за регенерација кај 35 видови животни. Некои животни се дури и целосно имуни на стареење, како што се хидрата и „бесмртната медуза“ Turritopsis dohrnii.

The post Неверојатно откритие на научниците: Во длабочините на океанот е пронајдено мистериозно суштество кое е – бесмртно appeared first on Република.

]]>

Морињата се навистина полни со необични суштества, а едно штотуку е откриено и ги воодушеви научниците. Имено, тоа е бесмртно и може на неодредено време да го избегнува стареењето, бидејќи се регенерира себеси. И тоа не дел по дел, туку цело тело, пишува Newsweek. Суштеството се вика Hidractinia symbiolongicarpus и тоа е мал безрбетник кој живее на лушпи од ракови, според студијата објавена во списанието Cell Reports.
„Студиите како овие, кои ја истражуваат биологијата на необични организми, откриваат колку се универзални биолошките процеси и колку сè уште ни треба да ги разбереме нивните функции, односи и еволуција. Таквите откритија имаат голем потенцијал да дадат нови сознанија за човечката биологија“, рече Чарлс Ротими, коавтор на трудот.
Научниците одамна знаат дека овој безрбетник е посебен поради матичните клетки што ги користи за регенерација на ткивата. Тие се способни да се трансформираат во било кој тип на телесни клетки, а тоа ги прави способни да го стимулираат растот на нови делови од телото. Луѓето можат да ги користат овие клетки само во првата фаза од развојот, додека ова суштество може да го прави тоа во текот на својот живот. Foto: Profimedia Истражувачите откриле дека Hidractinia ги складира своите матични клетки во долната половина од своето тело, но кога и ја исекле устата, израснало сосема ново тело, што покажува дека животното можело да генерира нови матични клетки. За да истражат како се активираат овие матични клетки, авторите опишале во трудот како го скенирале геномот на Hidractinia за гени поврзани со стареењето. Тие откриле дека од трите гени на Hydractinia поврзани со стареењето, еден е „вклучен“ во клетките во близина на местото на резот во устата. Кога овој ген бил избришан од геномот, суштетсвото не можело да се регенерира, што покажува дека му треба стареење за да регенерира нови матични клетки. Се подразбира дека ситуацијата со ова суштество е сосема поинаква отколку со нашиот вид.
„Од животни како Hydractinia, можеме да научиме како стареењето може да биде корисно и да го прошириме нашето разбирање за стареењето и третманот“, рече Енди Баксеванис, коавтор на студијата.
Научниците досега открија способност за регенерација кај 35 видови животни. Некои животни се дури и целосно имуни на стареење, како што се хидрата и „бесмртната медуза“ Turritopsis dohrnii.

The post Неверојатно откритие на научниците: Во длабочините на океанот е пронајдено мистериозно суштество кое е – бесмртно appeared first on Република.

]]>
Температурата на океаните на почетокот на април е највисока во историјата https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/temperaturata-na-okeanite-na-pochetokot-na-april-e-najvisoka-vo-istorijata/ Sat, 08 Apr 2023 09:34:30 +0000 https://republika.mk/?p=628603

Просечната температура на површината на светските океани на почетокот на април достигна 21,1 степен, што е највисока во историјата од почетокот на сателитското снимање.

Американската Национална агенција за океани и атмосфера (НОАА) објави податоци од кои произлегува дека е соборен претходниот рекорд од 2016 година, кога температурата на океаните во овој период од годината била 21 степен, пишува Гардијан.

– Сегашната траекторија на пораст на температурата на океаните ги урива сите претходни рекорди, а се чини дека бројките ќе бидат уште повисоки, изјави климатологот од Универзитетот во Нов Јужен Велс, професор Метју Ингланд.

The post Температурата на океаните на почетокот на април е највисока во историјата appeared first on Република.

]]>

Просечната температура на површината на светските океани на почетокот на април достигна 21,1 степен, што е највисока во историјата од почетокот на сателитското снимање. Американската Национална агенција за океани и атмосфера (НОАА) објави податоци од кои произлегува дека е соборен претходниот рекорд од 2016 година, кога температурата на океаните во овој период од годината била 21 степен, пишува Гардијан. – Сегашната траекторија на пораст на температурата на океаните ги урива сите претходни рекорди, а се чини дека бројките ќе бидат уште повисоки, изјави климатологот од Универзитетот во Нов Јужен Велс, професор Метју Ингланд.

The post Температурата на океаните на почетокот на април е највисока во историјата appeared first on Република.

]]>