ојо тетово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ojo-tetovo/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 12:59:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ојо тетово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ojo-tetovo/ 32 32 ОЈО Тетово: Сторителот на убиството во Боговиње е идентификуван и лишен од слобода https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-tetovo-storitelot-na-ubistvoto-vo-bogovine-e-identifikuvan-i-lishen-od-sloboda/ Sun, 02 Jun 2024 12:18:13 +0000 https://republika.mk/?p=784156

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место во Боговиње, каде едно лице беше лишено од живот со огнено оружје. Сторителот е идентификуван и лишен од слобода, а кај него е пронајдено и оружјето со кое го извршил делото.

Според првичните информации, настанот се случил во угостителски објект во кој во тој момент имало и други лица. Осомничениот и жртвата имале вербална расправија, по што сторителот извадил огнено оружје и започнал да пука. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за прибирање и вештачење на траги од лице место. Ќе се вршат разговори со сведоци на настанот и со други лица.

 

The post ОЈО Тетово: Сторителот на убиството во Боговиње е идентификуван и лишен од слобода appeared first on Република.

]]>

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место во Боговиње, каде едно лице беше лишено од живот со огнено оружје. Сторителот е идентификуван и лишен од слобода, а кај него е пронајдено и оружјето со кое го извршил делото. Според првичните информации, настанот се случил во угостителски објект во кој во тој момент имало и други лица. Осомничениот и жртвата имале вербална расправија, по што сторителот извадил огнено оружје и започнал да пука. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за прибирање и вештачење на траги од лице место. Ќе се вршат разговори со сведоци на настанот и со други лица.  

The post ОЈО Тетово: Сторителот на убиството во Боговиње е идентификуван и лишен од слобода appeared first on Република.

]]>
Заеднички пат е причината за двојното убиство во Челопек, сторителот се обидел да убие уште четири лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zaednichki-pat-e-prichinata-za-dvojnoto-ubistvo-vo-chelopek-storitelot-se-obidel-da-ubie-ushte-chetiri-litsa/ Thu, 28 Dec 2023 16:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=727599

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 59-годишен жител на Челопек, кој вчера лиши од живот две лица, а се обидел да убие уште четири лица од истото семејство, информираат од Обвинителството.

Осомничениот се сретнал со оштетените кога излегле во дворот на куќата и започнал расправија за пат кој го користеле заеднички и за кој и претходно имале несогласувања.

-По расправијата, осомничениот извадил пиштол кој го поседувал без дозвола и започнал да пука кон оштетените. Едниот од нив возвратил со истрели од огнено оружје за кое имал дозвола, но осомничениот ги лишил од живот двајцата оштетени – татко и син.

Потоа продолжил да пука и кон останатите четири лица нивни роднини, нанесувајќи му огнострелни повреди на еден од нив. Кога на местото пристигнале припадници на СВР Тетово осомничениот давал отпор и не сакал да се предаде, но бил совладан и лишен од слобода, се вели во соопштението на ОЈО Тетово.

Истрагата за него е поведена за кривично дело – Убиство според член 123 став 3, а ќе одговара и за обид за убиство, како и за недозволено држење оружје. По предлог на јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомничениот.

The post Заеднички пат е причината за двојното убиство во Челопек, сторителот се обидел да убие уште четири лица appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 59-годишен жител на Челопек, кој вчера лиши од живот две лица, а се обидел да убие уште четири лица од истото семејство, информираат од Обвинителството. Осомничениот се сретнал со оштетените кога излегле во дворот на куќата и започнал расправија за пат кој го користеле заеднички и за кој и претходно имале несогласувања. -По расправијата, осомничениот извадил пиштол кој го поседувал без дозвола и започнал да пука кон оштетените. Едниот од нив возвратил со истрели од огнено оружје за кое имал дозвола, но осомничениот ги лишил од живот двајцата оштетени – татко и син. Потоа продолжил да пука и кон останатите четири лица нивни роднини, нанесувајќи му огнострелни повреди на еден од нив. Кога на местото пристигнале припадници на СВР Тетово осомничениот давал отпор и не сакал да се предаде, но бил совладан и лишен од слобода, се вели во соопштението на ОЈО Тетово. Истрагата за него е поведена за кривично дело – Убиство според член 123 став 3, а ќе одговара и за обид за убиство, како и за недозволено држење оружје. По предлог на јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомничениот.

The post Заеднички пат е причината за двојното убиство во Челопек, сторителот се обидел да убие уште четири лица appeared first on Република.

]]>