Охридско Езеро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohridsko-ezero/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 14:33:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Охридско Езеро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohridsko-ezero/ 32 32 Трипуновски: Охридското Езеро се става во функција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tripunovski-ohridskoto-ezero-se-stava-vo-funktsija/ Fri, 15 Nov 2024 14:28:53 +0000 https://republika.mk/?p=838199

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска во Охрид и Струга се сретна со риболовните здруженија и риболовците од овој кра, за да ги запознае со новата риболовна основа која што ја донесоа.

Новата риболовна основа предвидува седум риболовни зони за комерцијален излов на риба и една рекреативна зона на ниво на цело Охридско Езеро, појасни министерот Трипуновски.

Тој додаде дека ова е уште едно во низата на исполнети ветувања кои што ги има дадено во предизборниот период.

Министерот посочи дека целото езеро се става во функција, со што се заштитува и рибниот фонд.

The post Трипуновски: Охридското Езеро се става во функција appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска во Охрид и Струга се сретна со риболовните здруженија и риболовците од овој кра, за да ги запознае со новата риболовна основа која што ја донесоа.
Новата риболовна основа предвидува седум риболовни зони за комерцијален излов на риба и една рекреативна зона на ниво на цело Охридско Езеро, појасни министерот Трипуновски.
Тој додаде дека ова е уште едно во низата на исполнети ветувања кои што ги има дадено во предизборниот период. Министерот посочи дека целото езеро се става во функција, со што се заштитува и рибниот фонд.

The post Трипуновски: Охридското Езеро се става во функција appeared first on Република.

]]>
Германец ги посетил сите 44 земји во Европа: Охридското Езеро е фантастично, а во Скопје е како да шеташ низ музеј https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/germanets-gi-posetil-site-44-zemji-vo-evropa-ohridskoto-ezero-e-fantastichno-a-vo-skopje-e-kako-da-shetash-niz-muzej/ Sat, 21 Sep 2024 17:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=818567

Германецот Лука Фердменгес (22) е професионален жонглер кој сака да патува. Своите патувачки авантури ги споделува на социјалните мрежи каде што собра повеќе од 200.000 следбеници, а сега во интервју за „Дејли мејл“ ги истакна своите пет најдобри и најлоши земји за посета во Европа, пренесува „Слободен печат“.

„Убаво е црногорското крајбрежје, Охридското Езеро во Македонија е фантастично, кога шеташ низ Скопје е како да шеташ низ музеј… Словенија има одлични планини и е поевтина алтернатива за Швајцарија или Австрија“, вели жонглерот.

Лука ја вклучи Хрватска меѓу петте најдобри земји за посета во Европа.

– Многу е тешко да се изберат само пет, но мои фаворити се Португалија, Кипар, Шпанија, Австрија и Хрватска. Сите овие се познати дестинации, но мислам дека се познати со причина. Повеќе сакам топли места отколку ладни, па затоа претпочитам да бидам на југот на Европа. А медитеранските земји имаат, повторно според мене, најдобри временски услови. Ја сакам и медитеранската кујна, многу маслиново масло, свеж зеленчук – вели жонглерот.

Тој ги пофали и Албанија, Косово, Србија, а ги советува сите да го посетат Сараево… Бидејќи буџетот му е ограничен, тој истакнува дека овие земји имаат „пристапни“ цени.

Најлошите пет земји за посета според овој Германец.

– Сан Марино сигурно. Глетката е одлична, архитектурата импресивна… Но, нема што да правите таму. Можете да видите сè за неколку часа. Белгија ми е премногу сива и премногу студена во зима, Белорусија е премногу изолирана, Лихтенштајн е изолиран и скап… Одлично е да се посети ако можеш да си дозволиш. И петта би била Финска. Краткото возење со такси таму може да ве чини 30 евра! Земјите од Скандинавија се убави, но едноставно ми се прескапи. Ако сте со ограничен буџет, избегнувајте ги Финска, Исланд, Данска, Норвешка и Швајцарија – вели младиот Германец.

Тој вели дека Турција и Белорусија се најразлични од остатокот на Европа, додека најлошата клима за него е во Велика Британија.

Инаку, овој млад човек е во мисија да ги посети сите земји во светот и вели дека Европа му е омилен континент за патување.

The post Германец ги посетил сите 44 земји во Европа: Охридското Езеро е фантастично, а во Скопје е како да шеташ низ музеј appeared first on Република.

]]>

Германецот Лука Фердменгес (22) е професионален жонглер кој сака да патува. Своите патувачки авантури ги споделува на социјалните мрежи каде што собра повеќе од 200.000 следбеници, а сега во интервју за „Дејли мејл“ ги истакна своите пет најдобри и најлоши земји за посета во Европа, пренесува „Слободен печат“.
„Убаво е црногорското крајбрежје, Охридското Езеро во Македонија е фантастично, кога шеташ низ Скопје е како да шеташ низ музеј… Словенија има одлични планини и е поевтина алтернатива за Швајцарија или Австрија“, вели жонглерот.
Лука ја вклучи Хрватска меѓу петте најдобри земји за посета во Европа.
– Многу е тешко да се изберат само пет, но мои фаворити се Португалија, Кипар, Шпанија, Австрија и Хрватска. Сите овие се познати дестинации, но мислам дека се познати со причина. Повеќе сакам топли места отколку ладни, па затоа претпочитам да бидам на југот на Европа. А медитеранските земји имаат, повторно според мене, најдобри временски услови. Ја сакам и медитеранската кујна, многу маслиново масло, свеж зеленчук – вели жонглерот.
Тој ги пофали и Албанија, Косово, Србија, а ги советува сите да го посетат Сараево… Бидејќи буџетот му е ограничен, тој истакнува дека овие земји имаат „пристапни“ цени. Најлошите пет земји за посета според овој Германец.
– Сан Марино сигурно. Глетката е одлична, архитектурата импресивна… Но, нема што да правите таму. Можете да видите сè за неколку часа. Белгија ми е премногу сива и премногу студена во зима, Белорусија е премногу изолирана, Лихтенштајн е изолиран и скап… Одлично е да се посети ако можеш да си дозволиш. И петта би била Финска. Краткото возење со такси таму може да ве чини 30 евра! Земјите од Скандинавија се убави, но едноставно ми се прескапи. Ако сте со ограничен буџет, избегнувајте ги Финска, Исланд, Данска, Норвешка и Швајцарија – вели младиот Германец.
Тој вели дека Турција и Белорусија се најразлични од остатокот на Европа, додека најлошата клима за него е во Велика Британија. Инаку, овој млад човек е во мисија да ги посети сите земји во светот и вели дека Европа му е омилен континент за патување.

The post Германец ги посетил сите 44 земји во Европа: Охридското Езеро е фантастично, а во Скопје е како да шеташ низ музеј appeared first on Република.

]]>
Од „Фронт 21/42“ ја поздравуваат одлуката за повлекување на Предлог законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-front-21-42-ja-pozdravuvaat-odlukata-za-povlekuvane-na-predlog-zakonite-za-ohridsko-ezero-i-studenchishko-blato/ Thu, 05 Sep 2024 17:11:41 +0000 https://republika.mk/?p=813622

Одлуката на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање да бидат повлечени од процедура Предлог-законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата наиде на поддршка на еколошките здруженија.

Од организацијата „Фронт 21/42“ што отворени се спротивставуваше на донесувањето на законите го поздравуваат тавкиот потег изразувајќи уверување дека ресорното МЖСПП во најскоро време ќе отпочне широки консултации со сите засегнати страни за доследно да се вградат препораките на Бернската конвенција и да се обезбеди ефективна заштита каква што заслужуваат овие две исклучително значајни меѓународно заштитени подрачја.

„Фронт 21/42“ претходно достави Претставка до релевантните собраниски комисии со укажување на неусогласеноста на Предлог законите со Уставот и барање за стопирање на процесот за нивно усвојување.

Активистите на движењето изразуваат надеж дека повлекувањето на Предлог -законите означува почеток на блиска соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор која ќе резултира со вистинска заштита на нашето најголемо природно богатство, но и унапредување на владеењето на прaвото во нашата земја.

The post Од „Фронт 21/42“ ја поздравуваат одлуката за повлекување на Предлог законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато appeared first on Република.

]]>

Одлуката на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање да бидат повлечени од процедура Предлог-законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата наиде на поддршка на еколошките здруженија. Од организацијата „Фронт 21/42“ што отворени се спротивставуваше на донесувањето на законите го поздравуваат тавкиот потег изразувајќи уверување дека ресорното МЖСПП во најскоро време ќе отпочне широки консултации со сите засегнати страни за доследно да се вградат препораките на Бернската конвенција и да се обезбеди ефективна заштита каква што заслужуваат овие две исклучително значајни меѓународно заштитени подрачја. „Фронт 21/42“ претходно достави Претставка до релевантните собраниски комисии со укажување на неусогласеноста на Предлог законите со Уставот и барање за стопирање на процесот за нивно усвојување. Активистите на движењето изразуваат надеж дека повлекувањето на Предлог -законите означува почеток на блиска соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор која ќе резултира со вистинска заштита на нашето најголемо природно богатство, но и унапредување на владеењето на прaвото во нашата земја.  

The post Од „Фронт 21/42“ ја поздравуваат одлуката за повлекување на Предлог законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато appeared first on Република.

]]>
Собранието го усвои законот за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sobranieto-go-usvoi-zakonot-za-proglasuvane-na-kanon-matka-za-spomenik-na-prirodata/ Wed, 14 Aug 2024 06:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=806318

Собранието вчера ги усвои Законите за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата и за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата.

Кањонот Матка во околината на главниот град е една од најубавите и најпосетуваните туристички атракции во Македонија.

Владата уште лани во февруари донесе одлука за прогласување на Кањонот Матка за заштитено подрачје во трета категорија – споменик на природата.

The post Собранието го усвои законот за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата appeared first on Република.

]]>

Собранието вчера ги усвои Законите за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата и за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата. Кањонот Матка во околината на главниот град е една од најубавите и најпосетуваните туристички атракции во Македонија. Владата уште лани во февруари донесе одлука за прогласување на Кањонот Матка за заштитено подрачје во трета категорија – споменик на природата.

The post Собранието го усвои законот за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата appeared first on Република.

]]>
По повод 15-годишнината од препливувањето на „Ла Манш“, маратонецот Томи Стефановски со подвиг на Охридското Езеро утре ќе организира хуманитарен настан https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/po-povod-15-godishninata-od-preplivuvaneto-na-la-mansh-maratonetsot-tomi-stefanovski-so-podvig-na-ohridskoto-ezero-utre-ke-organizira-humanitaren-nastan/ Tue, 13 Aug 2024 07:57:31 +0000 https://republika.mk/?p=806029

Македонскиот пливач Томи Стефановски утре ќе плива маратон на Охридското Езеро, со цел подигнување на свеста и за креирање подобри услови за лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и физичкото образование.

Станува збор за хуманитарен настан насловен „Пливање за инклузија“, со што воедно ќе го одбележи и јубилејот 15 години од неговото препливување на каналот Ла Манш.

Трасата за овој хуманитарен потфат е во должина од 15 километри. Стефановски ќе стартува во 10:30 часот од пред хотелот „Десарет“, ќе плива до црквата „Свети Јован Канео“ се до градското пристаниште во Охрид.

Стефановски упати повик до сите хумани луѓе да се вклучат во акцијата и донираат.

Заедно со Вас и вашата поддршка на многу деца и лица ќе им дадеме можност да ги достигнат личните потенцијали, да уживаат во благодетите од спортот, да имаат поисполнет живот и најважно од се, да се чуствуваат прифатени и сакани, вели Стефановски.

Инаку, Стефановски на 14 август 2009 година преплива каналот Ла Манш, по повод 50-годишниот јубилеј од првото препливување на каналот од страна на Нико Нестор (1958 година) и 40- годишнината од препливување на Атина Бојаџи во 1969 година. На Стефановски за препливување на Ла Манш му беа потребни 7:42 часа, што е 13 резултат на вечната листа во 149 годишната историја на препливување на каналот.

Утрешниот хуманитарен настан Стефановски го организира заедно со невладината организација „ИТК Македонија“ од Скопје и Охридскиот пливачки маратон.

The post По повод 15-годишнината од препливувањето на „Ла Манш“, маратонецот Томи Стефановски со подвиг на Охридското Езеро утре ќе организира хуманитарен настан appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пливач Томи Стефановски утре ќе плива маратон на Охридското Езеро, со цел подигнување на свеста и за креирање подобри услови за лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и физичкото образование. Станува збор за хуманитарен настан насловен „Пливање за инклузија“, со што воедно ќе го одбележи и јубилејот 15 години од неговото препливување на каналот Ла Манш. Трасата за овој хуманитарен потфат е во должина од 15 километри. Стефановски ќе стартува во 10:30 часот од пред хотелот „Десарет“, ќе плива до црквата „Свети Јован Канео“ се до градското пристаниште во Охрид. Стефановски упати повик до сите хумани луѓе да се вклучат во акцијата и донираат.
Заедно со Вас и вашата поддршка на многу деца и лица ќе им дадеме можност да ги достигнат личните потенцијали, да уживаат во благодетите од спортот, да имаат поисполнет живот и најважно од се, да се чуствуваат прифатени и сакани, вели Стефановски.
Инаку, Стефановски на 14 август 2009 година преплива каналот Ла Манш, по повод 50-годишниот јубилеј од првото препливување на каналот од страна на Нико Нестор (1958 година) и 40- годишнината од препливување на Атина Бојаџи во 1969 година. На Стефановски за препливување на Ла Манш му беа потребни 7:42 часа, што е 13 резултат на вечната листа во 149 годишната историја на препливување на каналот. Утрешниот хуманитарен настан Стефановски го организира заедно со невладината организација „ИТК Македонија“ од Скопје и Охридскиот пливачки маратон.  

The post По повод 15-годишнината од препливувањето на „Ла Манш“, маратонецот Томи Стефановски со подвиг на Охридското Езеро утре ќе организира хуманитарен настан appeared first on Република.

]]>
Се запали глисер во Охридското Езеро https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-zapali-gliser-vo-ohridskoto-ezero/ Sat, 27 Jul 2024 18:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=800869

Од засега непознати причини глисер во кој имало повеќе лица се запалил во водите на Охридското Езеро во близина на Градиште, на околу стотина метри од брегот. Како што јави Охридњуз, инцидентот се случил попладнево помеѓу 17:30 и 18:30 часот. ж

Случајот го потврдл портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Тој истакнал дека на местото на настанот веднаш се упатила екипа на Езерската полиција и пожарникари, но во меѓувреме пожарот бил изгаснат со помош на друг пловен објект, така што немало потреба од дополнителна интервенција.

The post Се запали глисер во Охридското Езеро appeared first on Република.

]]>

Од засега непознати причини глисер во кој имало повеќе лица се запалил во водите на Охридското Езеро во близина на Градиште, на околу стотина метри од брегот. Како што јави Охридњуз, инцидентот се случил попладнево помеѓу 17:30 и 18:30 часот. ж Случајот го потврдл портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Тој истакнал дека на местото на настанот веднаш се упатила екипа на Езерската полиција и пожарникари, но во меѓувреме пожарот бил изгаснат со помош на друг пловен објект, така што немало потреба од дополнителна интервенција.

The post Се запали глисер во Охридското Езеро appeared first on Република.

]]>
УНЕСКО одлуката за Охридско Езеро ја одложи за следната година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/unesko-odlukata-za-ohridsko-ezero-ja-odlozhi-za-slednata-godina/ Fri, 26 Jul 2024 11:48:32 +0000 https://republika.mk/?p=800504

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на состанокот во Њу Делхи, Индија, ги усовил одлуките за албанските центри за светско наследство, Бутринти, Берат и Ѓирокастро, но ја одложил одлуката за албанско-македонското прекугранично подрачје на Охридското Езеро за следната година, објавија албанските медиуми.

Во одлуката за Бутринти, УНЕСКО бара од албанските власти до први февруари 2025 година да достават карта на имотните граници за Бутринти, кои пред две години беа променети од албанската влада, без знаење и одобрение на УНЕСКО а од паркот Бутринти беа отпишани 800 хектари.

Во одлуката, УНЕСКО се изразува жалење што сè уште се чека разјаснувањето на границите на имотот и неговата тампон зона и бара од Албанија да достави, како прашање од приоритет, јасна и прецизна карта на која ќе биде прикажана границата на имотот од светското наследство и границата на тампон зоната која ќе биде разгледана од Центарот за светско наследство.

Во однос на одлуките на УНЕСКО Министерството за економија, култура и иновации во соопштение наведува дека „без никаква резерва ги поддржа одлуките на Центарот за светско наследство кои Комитетот на УНЕСКО ги официјализираше со едногласен став, а кои сметаме дека се многу објективни, целосно исправни и крајно професионални“.

Опозицијата последно обвини дека се во тек големи градежни проекти во поранешната тампон зона на Националниот парк Бутринт, поткрепувајќи го тоа со фотографии. Истото се однесува и за крајбрежјето на Охридско Езеро.

The post УНЕСКО одлуката за Охридско Езеро ја одложи за следната година appeared first on Република.

]]>

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на состанокот во Њу Делхи, Индија, ги усовил одлуките за албанските центри за светско наследство, Бутринти, Берат и Ѓирокастро, но ја одложил одлуката за албанско-македонското прекугранично подрачје на Охридското Езеро за следната година, објавија албанските медиуми. Во одлуката за Бутринти, УНЕСКО бара од албанските власти до први февруари 2025 година да достават карта на имотните граници за Бутринти, кои пред две години беа променети од албанската влада, без знаење и одобрение на УНЕСКО а од паркот Бутринти беа отпишани 800 хектари. Во одлуката, УНЕСКО се изразува жалење што сè уште се чека разјаснувањето на границите на имотот и неговата тампон зона и бара од Албанија да достави, како прашање од приоритет, јасна и прецизна карта на која ќе биде прикажана границата на имотот од светското наследство и границата на тампон зоната која ќе биде разгледана од Центарот за светско наследство. Во однос на одлуките на УНЕСКО Министерството за економија, култура и иновации во соопштение наведува дека „без никаква резерва ги поддржа одлуките на Центарот за светско наследство кои Комитетот на УНЕСКО ги официјализираше со едногласен став, а кои сметаме дека се многу објективни, целосно исправни и крајно професионални“. Опозицијата последно обвини дека се во тек големи градежни проекти во поранешната тампон зона на Националниот парк Бутринт, поткрепувајќи го тоа со фотографии. Истото се однесува и за крајбрежјето на Охридско Езеро.

The post УНЕСКО одлуката за Охридско Езеро ја одложи за следната година appeared first on Република.

]]>
Водата на Охридско Езеро 26 степени, а на Преспанско 27,5 https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vodata-na-ohridsko-ezero-26-stepeni-a-na-prespansko-27-5/ Tue, 09 Jul 2024 14:17:43 +0000 https://republika.mk/?p=795011

Температурата на Дојранското Езеро изнесува 29,5 степени целзиусови, а на Охридското 26, информира УХМР.

Водата, пак, на Преспанското Езеро, според мерењата, е 27,5 степени.

УХМР за наредните денови најавува сончево и многу топло време, со температура над 40 степени.

The post Водата на Охридско Езеро 26 степени, а на Преспанско 27,5 appeared first on Република.

]]>

Температурата на Дојранското Езеро изнесува 29,5 степени целзиусови, а на Охридското 26, информира УХМР. Водата, пак, на Преспанското Езеро, според мерењата, е 27,5 степени. УХМР за наредните денови најавува сончево и многу топло време, со температура над 40 степени.  

The post Водата на Охридско Езеро 26 степени, а на Преспанско 27,5 appeared first on Република.

]]>
Езерската полиција спасила двајца малолетници кои со кајак се превртеле во Охридскито Езеро https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ezerskata-politsija-spasila-dvajtsa-maloletnitsi-koi-so-kajak-se-prevrtele-vo-ohridskito-ezero/ Mon, 08 Jul 2024 15:08:47 +0000 https://republika.mk/?p=794643

Две малолетни лица се спасени од водите на Охридското Езеро со интервенција на службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“.

Интервенцијата на полицијата следувала утрово, откако претходно во 9:30 часот било пријавено дека во водите на езерото кај плажата „Бафало бич“, се превртел кајак, сопственост на Кајак-клуб од Охрид во кој имало две малолетни лица.

По добиената пријава, полициските службеници од Езерската полиција со чамец се упатиле кон посоченото место и во водите на езерото, на околу 100 метри од брегот, биле забележани двете малолетни лица кои на себе имале појаси за спасување.

Тие со полициски чамец биле префрлени во полициската станица, каде им е укажана прва помош.

The post Езерската полиција спасила двајца малолетници кои со кајак се превртеле во Охридскито Езеро appeared first on Република.

]]>

Две малолетни лица се спасени од водите на Охридското Езеро со интервенција на службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Интервенцијата на полицијата следувала утрово, откако претходно во 9:30 часот било пријавено дека во водите на езерото кај плажата „Бафало бич“, се превртел кајак, сопственост на Кајак-клуб од Охрид во кој имало две малолетни лица. По добиената пријава, полициските службеници од Езерската полиција со чамец се упатиле кон посоченото место и во водите на езерото, на околу 100 метри од брегот, биле забележани двете малолетни лица кои на себе имале појаси за спасување. Тие со полициски чамец биле префрлени во полициската станица, каде им е укажана прва помош.  

The post Езерската полиција спасила двајца малолетници кои со кајак се превртеле во Охридскито Езеро appeared first on Република.

]]>
Спасен англиски турист, кој од карпа паднал во Охридско Езеро https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spasen-angliski-turist-koj-od-karpa-padnal-vo-ohridsko-ezero/ Thu, 27 Jun 2024 15:22:57 +0000 https://republika.mk/?p=791337

Спасено е лицето, кое попладнево паднало од карпа во водите на Охридското Езеро, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Лицето се здобило со  телесни повреди, а по преземените мерки констатирано е дека се работи за С.М.А.(45) од Англија.

Случајот, како што информира МВР, бил пријавен во СВР Охрид денеска во 12: 35 часот. На посоченото место веднаш биле упатени полициски службеници од Полициската станица Охрид и од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.

- Лекар од итна медицинска помош кај него констатирал телесни повреди, по што со пловен објект на Полициската станица за граничен надзор е транспортиран до Езерската полиција. Оттука, повредениот со медицинско возило е пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, се вели во соопштението од МВР.

Претходно Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека случајот бил пријавен на бројот за итни повици 112. Поради непристапнапноста на теренот, медицинската екипа не можела да интервенира и во акцијата се вклучиле пожарникарите од ТППЕ Охрид, полицајците од СВР Охрид и Планинарска спасителна служба „Патагонија“ од Охрид.

The post Спасен англиски турист, кој од карпа паднал во Охридско Езеро appeared first on Република.

]]>

Спасено е лицето, кое попладнево паднало од карпа во водите на Охридското Езеро, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Лицето се здобило со  телесни повреди, а по преземените мерки констатирано е дека се работи за С.М.А.(45) од Англија. Случајот, како што информира МВР, бил пријавен во СВР Охрид денеска во 12: 35 часот. На посоченото место веднаш биле упатени полициски службеници од Полициската станица Охрид и од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.
- Лекар од итна медицинска помош кај него констатирал телесни повреди, по што со пловен објект на Полициската станица за граничен надзор е транспортиран до Езерската полиција. Оттука, повредениот со медицинско возило е пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, се вели во соопштението од МВР.
Претходно Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека случајот бил пријавен на бројот за итни повици 112. Поради непристапнапноста на теренот, медицинската екипа не можела да интервенира и во акцијата се вклучиле пожарникарите од ТППЕ Охрид, полицајците од СВР Охрид и Планинарска спасителна служба „Патагонија“ од Охрид.

The post Спасен англиски турист, кој од карпа паднал во Охридско Езеро appeared first on Република.

]]>
Во Охридското Езеро пронајдено тело на маж https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-ohridsko-ezero-pronajdeno-telo-na-mazh/ Sat, 08 Jun 2024 12:45:02 +0000 https://republika.mk/?p=785725

На 07.06.2024 година во 20.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското езеро во близина на месноста „Баден“ во близина на охридското село Љубаништа, удавен пронајден е Л.М.(54) од Неготино.

По наредба на јавен обвинител увид на местото на настанот, извршија полициски екипи а смрт, без видливи траги на насилство, констатира лекар од Итната медицинска помош.

Телото е предадено на обдукција во Судска медицина во Битола.

The post Во Охридското Езеро пронајдено тело на маж appeared first on Република.

]]>

На 07.06.2024 година во 20.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското езеро во близина на месноста „Баден“ во близина на охридското село Љубаништа, удавен пронајден е Л.М.(54) од Неготино. По наредба на јавен обвинител увид на местото на настанот, извршија полициски екипи а смрт, без видливи траги на насилство, констатира лекар од Итната медицинска помош. Телото е предадено на обдукција во Судска медицина во Битола.

The post Во Охридското Езеро пронајдено тело на маж appeared first on Република.

]]>
Со кајче се спасува онесвестен турист кој удрил во камен во Охридско Езеро https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-kajche-se-spasuva-onesvesten-turist-koj-udril-vo-kamen-vo-ohridsko-ezero/ Fri, 07 Jun 2024 11:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=785495

Преку Единствен повикувачки број за итни повици 112 во околу 12.00 часот е добиена дојава за повредено лице кое удрило во камен во Охридското Езеро и истото со кајче се пренесува до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи.

За итниот случај, од ЦУК веднаш е известена Итна медицинска помош и од нивна страна во моментот се презема лицето, по што истото ќе биде пренесено во болница во Охрид. Инаку, повреденото лице е странски државјанин од Холандија.

Како удрил и како се повредил ќе се дознае по истрагата, поточно, како што велат од ЦУК, кога ке биде комиуникативно лицето.

РЦУК - Охрид, известува дека повреденото лице од Холандија кое удри во камен во Охридско Езеро е превземено од Итна медицинска помош е надвор од животна опасност и истото е пренесено во Општа болница во Охрид на одделот за хирургија.

The post Со кајче се спасува онесвестен турист кој удрил во камен во Охридско Езеро appeared first on Република.

]]>

Преку Единствен повикувачки број за итни повици 112 во околу 12.00 часот е добиена дојава за повредено лице кое удрило во камен во Охридското Езеро и истото со кајче се пренесува до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи. За итниот случај, од ЦУК веднаш е известена Итна медицинска помош и од нивна страна во моментот се презема лицето, по што истото ќе биде пренесено во болница во Охрид. Инаку, повреденото лице е странски државјанин од Холандија. Како удрил и како се повредил ќе се дознае по истрагата, поточно, како што велат од ЦУК, кога ке биде комиуникативно лицето. РЦУК - Охрид, известува дека повреденото лице од Холандија кое удри во камен во Охридско Езеро е превземено од Итна медицинска помош е надвор од животна опасност и истото е пренесено во Општа болница во Охрид на одделот за хирургија.

The post Со кајче се спасува онесвестен турист кој удрил во камен во Охридско Езеро appeared first on Република.

]]>
Голема еко-акција за чистење на Охридското Езеро https://arhiva3.republika.mk/zivot/golema-eko-aktsija-za-chistene-na-ohridskoto-ezero/ Sat, 01 Jun 2024 07:54:35 +0000 https://republika.mk/?p=783737

Голема еко-акција за чистење на Охридското Езеро, ќе се одржи денеска на плажата Дебрца (стар пат Охрид-Струга, во близина на реката Сатеска), со почеток од 10 часот. За заинтересираните е обезбеден превоз од Скопје до Охрид и назад. Во текот на целата акција, сите учесници ќе имаат на располагање освежување и оброци. Организаторот обезбедува и потребна опрема за чистење, како што се ракавици, вреќи за отпад и други материјали.

Нашето непроценливо природно богатство заслужува целосна заштита и грижа. Оваа акција претставува одлична можност за сите граѓани, семејства и пријатели да се здружат во заедничката мисија за почиста животна средина. Охридското Езеро, со својата извонредна природна убавина и значење, е симбол на нашата гордост и културно наследство. Заедно, можеме да придонесеме за неговото зачувување и да оставиме траен белег на нашите напори за одржлива иднина, истакнуваат од „Скопско“.

Иницијативата на организаторот е дел од долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“.

The post Голема еко-акција за чистење на Охридското Езеро appeared first on Република.

Охридско-струшките хотелиери очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците е повеќе од половина https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ohridsko-strushkite-hotelieri-ochekuvaat-odlichna-turistichka-sezona-ispolnetosta-za-praznitsite-e-poveke-od-polovina/ Wed, 01 May 2024 08:13:55 +0000 https://republika.mk/?p=772927

Сместувачките капацитети на охридско-струшката ривиера за 1 Мај и Велигден се исполнети повеќе од половина, што не ги исполни очекувањата на хотелиерите, но тие очекуваат подобра туристичка сезона во однос на претходните години.

Првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери - ХОТАМ, Крсте Блажески, забележува дека најголем дел од домашните гости, празниците ќе ги поминат надвор од државата, а гостите од соседството и пошироко ги исполниле хотелските легла за околу 60 отсто.

Немаме голема исполнетост од домашни гости. Тие отидоа надвор од државата, но тука се странските туристи иако не на очекуваното ниво. Не можеме да се пофалиме со исполнетост од 80 - 90 проценти. Бројката е значително помала од очекуваното, хотелите се исполнети околу 60 отсто, вели Блажески за МИА.

Тој очекува зголемување на бројот на туристи во текот на мај, што според него, навестува богата туристичка сезона.

Бројките на сместување се зголемуваат после Велигден и очекуваме побогата туристичка сезона од лани. Од почетокот на годината до сега имаме многу повеќе ноќевања од минатата година. Очекуваме мај да биде еден од подобрите месеци, може да го споредиме со летите месеци во исполнетост, посочува Блажески.

Тој нагласува дека за летните месеци веќе работат на исполнетост од 90 отсто со организирани тури, а останатите легла се очекува дека ќе ги исполнат индивидуалните гости.

Знаеме дека околу 2 август, една недела пред и една недела потоа, тешко е да се најде место. Ако некој планира во тој период да доаѓа во Охрид или Струга уште од сега треба да си резервира, напоменува Блажески.

Тој заклучува дека туристичкиот сектор, пред се хотелиерството, заздраве од корона кризата, кога беше драстично погоден.

Го надминавме сето тоа и сме во една фаза во која треба да се работи на поголема стратегија и се враќаме на старите барања од 2017, 2018 и 2019 година, за зголемување на број на ноќевања, олеснувања на даночни обврски, намалување на ддв-то во однос на растот на секторот туризам кој носи полесни пари во државниот буџет, вели Блажески.

И годинава на охридско-струшкото карајбрежје најбројни се очекува да бидат холандските туристи, а нема да изостанат ниту гостите од Полска, Турција, како и од соседството.

Сепак, како најголем проблем го хотелиерите го посочуваат патот од Скопје до Охрид, што е и причина српските туристи да го избегнуваат брегот на Охридското Езеро и годишните одмори ги поминуваат во соседна Грција.

The post Охридско-струшките хотелиери очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците е повеќе од половина appeared first on Република.

]]>

Сместувачките капацитети на охридско-струшката ривиера за 1 Мај и Велигден се исполнети повеќе од половина, што не ги исполни очекувањата на хотелиерите, но тие очекуваат подобра туристичка сезона во однос на претходните години. Првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери - ХОТАМ, Крсте Блажески, забележува дека најголем дел од домашните гости, празниците ќе ги поминат надвор од државата, а гостите од соседството и пошироко ги исполниле хотелските легла за околу 60 отсто.
Немаме голема исполнетост од домашни гости. Тие отидоа надвор од државата, но тука се странските туристи иако не на очекуваното ниво. Не можеме да се пофалиме со исполнетост од 80 - 90 проценти. Бројката е значително помала од очекуваното, хотелите се исполнети околу 60 отсто, вели Блажески за МИА.
Тој очекува зголемување на бројот на туристи во текот на мај, што според него, навестува богата туристичка сезона.
Бројките на сместување се зголемуваат после Велигден и очекуваме побогата туристичка сезона од лани. Од почетокот на годината до сега имаме многу повеќе ноќевања од минатата година. Очекуваме мај да биде еден од подобрите месеци, може да го споредиме со летите месеци во исполнетост, посочува Блажески.
Тој нагласува дека за летните месеци веќе работат на исполнетост од 90 отсто со организирани тури, а останатите легла се очекува дека ќе ги исполнат индивидуалните гости.
Знаеме дека околу 2 август, една недела пред и една недела потоа, тешко е да се најде место. Ако некој планира во тој период да доаѓа во Охрид или Струга уште од сега треба да си резервира, напоменува Блажески.
Тој заклучува дека туристичкиот сектор, пред се хотелиерството, заздраве од корона кризата, кога беше драстично погоден.
Го надминавме сето тоа и сме во една фаза во која треба да се работи на поголема стратегија и се враќаме на старите барања од 2017, 2018 и 2019 година, за зголемување на број на ноќевања, олеснувања на даночни обврски, намалување на ддв-то во однос на растот на секторот туризам кој носи полесни пари во државниот буџет, вели Блажески.
И годинава на охридско-струшкото карајбрежје најбројни се очекува да бидат холандските туристи, а нема да изостанат ниту гостите од Полска, Турција, како и од соседството. Сепак, како најголем проблем го хотелиерите го посочуваат патот од Скопје до Охрид, што е и причина српските туристи да го избегнуваат брегот на Охридското Езеро и годишните одмори ги поминуваат во соседна Грција.

The post Охридско-струшките хотелиери очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците е повеќе од половина appeared first on Република.

]]>
Во пожар на охридското крајбрежје изгореа трска и два пловни објекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-pozhar-na-ohridskoto-krajbrezhje-izgorea-trska-i-dva-plovni-objekti/ Mon, 08 Apr 2024 11:34:52 +0000 https://republika.mk/?p=763787

Пожар избувна синоќа околу 20 часот на стариот пат што ги поврзува Охрид и Струга.

Пожарот, како што информираа од МВР, настанал на крајбрежниот појас на Охридското езеро, при што биле опожарени површина со езерска трска и два пловни објекти.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи.

The post Во пожар на охридското крајбрежје изгореа трска и два пловни објекти appeared first on Република.

]]>

Пожар избувна синоќа околу 20 часот на стариот пат што ги поврзува Охрид и Струга. Пожарот, како што информираа од МВР, настанал на крајбрежниот појас на Охридското езеро, при што биле опожарени површина со езерска трска и два пловни објекти. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи.

The post Во пожар на охридското крајбрежје изгореа трска и два пловни објекти appeared first on Република.

]]>
Археолошки истражувања: Мирните води на Охридското Езеро го кријат најстариот езерски град во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/arheoloshki-istrazhuvana-mirnite-vodi-na-ohridskoto-ezero-go-krijat-najstariot-ezerski-grad-vo-evropa/ Tue, 26 Mar 2024 14:21:24 +0000 https://republika.mk/?p=758997

Мирните води на албанскиот дел од Охридското Езеро го кријат најстариот езерски град во Европа.

Археолошките истражувања биле во рамките на регионалниот проект EXPLO, а еден од најважните резултати на проектот е што населбите на крајбрежјето на езерото во регионот се многу постари отколку што очекувале.

Првите активности во рамките на проектот биле со партнери од нашата земја, а тесно соработуваат и со грчката страна од EXPLO. Од 2018 година почнале првите контакти со археолозите од Албанија и соработката сè уште трае. Во моментот фокусот е на Лин бидејќи се надеваат дека оваа локација ќе биде алката што недостасува помеѓу грчките и македонските локации на кои претходно работеле.

За да се дефинира целосниот опсег на наодите и истите целосно да се анализираат и разберат ќе бидат потребни години. Сепак, артефактите извадени од длабочините на езерото го датираат потеклото на градот помеѓу 6.000 и 5.800 година п.н.е.

Според нашите сознанија, локацијата Лин на Охридското Езеро е најстарата во Европа. Постаро е од претходно нотираните најстари локации во медитеранскиот и алпскиот регион за неколку стотици години. Замислете заедница која напредувала илјадници години пред подемот на древните цивилизации какви што ги знаеме, забележа Алберт Хафнер, археолог и истражувачки директор на Универзитетот во Берн.

Охридското Езеро, кое е дел од светското наследство на УНЕСКО, се протега на границите на Република Македонија и Албанија и долго време е предмет на фасцинација за научниците и историчарите. Градот, со неговите села, кои се претпоставува дека се состојат од потпорни куќи, сместени над водата или во области подложни на поплави, нуди редок поглед на раните човечки населби и вистинска архитектонска генијалност.

Локацијата би можела да претставува една од најраните вакви заедници во Европа, населена од 200 до 500 луѓе. Ова ја разбуди љубопитноста на археолозите кои продолжуваат со претпазливо испитување за да се избегнат оштетувања на деликатната локација. Нивните досегашни наоди сугерираат дека земјоделството и сточарството биле главните активности на селаните, при што биле откопани разни семиња, растенија и коски од диви и домашни животни.

Исто така, не се исклучува можноста, овој антички град да бил утврден, што укажува на сложена социјална структура и потребата за заштита од потенцијални закани. Сепак, бујната вегетација на дното на Охридското Езеро го забавува напредокот на истражувањето, чувајќи многу од тајните на градот надвор од дофат на археолозите. И покрај предизвиците, ентузијазмот кај археолошката заедница е сериозен. Оваа локација не е само клуч за разбирање на праисторијата на регионот, туку има значење за цела југозападна Европа.

Откривањето на овој потонат град во Охридското Езеро е повеќе од само археолошка пресвртница, тоа е прозорец во животите на нашите далечни предци. Целта на проектот EXPLO е како целина подобро да ги разбере интеракциите меѓу човекот и животната средина на раните аграрни општества. Како луѓето ја користеле земјата, зошто се населиле овде и како се справувале со кризи.

извор: wecb.fm фото: wecb.fm

The post Археолошки истражувања: Мирните води на Охридското Езеро го кријат најстариот езерски град во Европа appeared first on Република.

]]>

Мирните води на албанскиот дел од Охридското Езеро го кријат најстариот езерски град во Европа. Археолошките истражувања биле во рамките на регионалниот проект EXPLO, а еден од најважните резултати на проектот е што населбите на крајбрежјето на езерото во регионот се многу постари отколку што очекувале. Првите активности во рамките на проектот биле со партнери од нашата земја, а тесно соработуваат и со грчката страна од EXPLO. Од 2018 година почнале првите контакти со археолозите од Албанија и соработката сè уште трае. Во моментот фокусот е на Лин бидејќи се надеваат дека оваа локација ќе биде алката што недостасува помеѓу грчките и македонските локации на кои претходно работеле. За да се дефинира целосниот опсег на наодите и истите целосно да се анализираат и разберат ќе бидат потребни години. Сепак, артефактите извадени од длабочините на езерото го датираат потеклото на градот помеѓу 6.000 и 5.800 година п.н.е.
Според нашите сознанија, локацијата Лин на Охридското Езеро е најстарата во Европа. Постаро е од претходно нотираните најстари локации во медитеранскиот и алпскиот регион за неколку стотици години. Замислете заедница која напредувала илјадници години пред подемот на древните цивилизации какви што ги знаеме, забележа Алберт Хафнер, археолог и истражувачки директор на Универзитетот во Берн.
Охридското Езеро, кое е дел од светското наследство на УНЕСКО, се протега на границите на Република Македонија и Албанија и долго време е предмет на фасцинација за научниците и историчарите. Градот, со неговите села, кои се претпоставува дека се состојат од потпорни куќи, сместени над водата или во области подложни на поплави, нуди редок поглед на раните човечки населби и вистинска архитектонска генијалност. Локацијата би можела да претставува една од најраните вакви заедници во Европа, населена од 200 до 500 луѓе. Ова ја разбуди љубопитноста на археолозите кои продолжуваат со претпазливо испитување за да се избегнат оштетувања на деликатната локација. Нивните досегашни наоди сугерираат дека земјоделството и сточарството биле главните активности на селаните, при што биле откопани разни семиња, растенија и коски од диви и домашни животни. Исто така, не се исклучува можноста, овој антички град да бил утврден, што укажува на сложена социјална структура и потребата за заштита од потенцијални закани. Сепак, бујната вегетација на дното на Охридското Езеро го забавува напредокот на истражувањето, чувајќи многу од тајните на градот надвор од дофат на археолозите. И покрај предизвиците, ентузијазмот кај археолошката заедница е сериозен. Оваа локација не е само клуч за разбирање на праисторијата на регионот, туку има значење за цела југозападна Европа. Откривањето на овој потонат град во Охридското Езеро е повеќе од само археолошка пресвртница, тоа е прозорец во животите на нашите далечни предци. Целта на проектот EXPLO е како целина подобро да ги разбере интеракциите меѓу човекот и животната средина на раните аграрни општества. Како луѓето ја користеле земјата, зошто се населиле овде и како се справувале со кризи. извор: wecb.fm фото: wecb.fm

The post Археолошки истражувања: Мирните води на Охридското Езеро го кријат најстариот езерски град во Европа appeared first on Република.

]]>
Автомобил излета во Охридското Езеро кај Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/avtomobil-izleta-vo-ohridskoto-ezero-kaj-struga/ Tue, 05 Mar 2024 12:52:26 +0000 https://republika.mk/?p=751491

Автомобил утрово излетал во водите на Охридското Езеро на влезот во Струга, повредени нема.

Случајот го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој информира дека случајот бил пријавен во 5 часот и 30 минути во ОВР Струга.

Патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Е.(43) од скопското село Орланци, кое се движело по улицата „Партизанска“ во Струга, излетало од патот и паднало во водите на Охридското Езеро. Повредени лица нема, изјави Димоски.

По извршениот увид возилото е извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

The post Автомобил излета во Охридското Езеро кај Струга appeared first on Република.

]]>

Автомобил утрово излетал во водите на Охридското Езеро на влезот во Струга, повредени нема. Случајот го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој информира дека случајот бил пријавен во 5 часот и 30 минути во ОВР Струга. Патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Е.(43) од скопското село Орланци, кое се движело по улицата „Партизанска“ во Струга, излетало од патот и паднало во водите на Охридското Езеро. Повредени лица нема, изјави Димоски. По извршениот увид возилото е извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

The post Автомобил излета во Охридското Езеро кај Струга appeared first on Република.

]]>
Охриѓани против трка со формули на вода на Охридско Езеро https://arhiva3.republika.mk/zivot/ohrigani-protiv-trka-so-formuli-na-voda-na-ohridsko-ezero/ Sat, 24 Feb 2024 13:44:30 +0000 https://republika.mk/?p=747811

Трката со формули на вода на Охридско Езеро закажана за јуни годинава во водите на Охридско Езеро кај Поградец во соседна Албанија предизвика жестоки реакции во јавноста. Сепак и експертите и поголем дел од жителите се согласни дека ваква трка не треба да се одржи.

Експертската јавност предупредува за штетните последици. Настанот „F1H2O“ е дел од светското првенство во трка со високо-туражни моторни чамци, за кои основано се проценува дека имаат негативно влијание врз животната средина, живиот свет и еко-системот, настани што вообичаено се одржуваат на отворени водени површини како мориња и океани, а не на затворени водни површини како што е Охридско Езеро.

Трката со формули на вода на Охридско Езеро е закана за екосистемот алармираат еколошките здруженија и институциите.

Повеќе од 50 здруженија на граѓани, еколошки асоцијации и институции од земјава и од соседна Република Албанија покренаа иницијатива за спречување на одржување на настанот. Посочија дека одржувањето на трка со брзи моторни чамци од серијата „Формула 1“ на Охридското Езеро, планирана за јули оваа година во албанскиот дел на езерото претставува значителен ризик за неговиот деликатен екосистем и културното значење.

Ги повикаа институциите за спроведување на законот во двете земји да дадат приоритет на зачувувањето на природата. Препорачаа да се преиспита локацијата на настанот и да се истражат алтернативите, со цел да се спречи понатамошно оштетување на екосистемот на Охридското Езеро и да се зачува неговата природна убавина за идните генерации.

Потенцира дека во трките би учествувале глисери со голем капацитет чии мотори предизвикуваат физички, хемиски и биолошки промени во животната средина, следствено врз тоа и на живот свет во Охридско Езеро.

Проценките направени од информациите достапни на интернет-страницата на организаторот на настанот, а наведени во иницијативата, покажуваат дека за време на одржување на истиот ќе бидат ослободени приближно 1.639.089 килограми CO2 емисии во воздухот и езерото.

Според покренувачите на иницијативата за спречување организација на таквниот настан, за време на самата трка во водата и во воздухот за само неколку дена ќе бидат ослободени штетни гасови еквивалентни на оние што ги испуштаат моторните возила како на брегот така и во водата во текот на цела календарска година.

Исто така ќе бидат потребни 4.300 метри квадратни паркинг-простор за да се сместат 43-те тимови или 129-172 камиони ангажирани за логистика на настанот. Самата стартна платформа ќе биде изградена во езерото на длабочина од 20 метри каде што се наоѓа литоралната зона, просторот каде се мрестат и живеат рибите од езерото, предупредуваат иницијаторите на акцијата за спречување организација такви еколошко-неприфатливи настани на езерото.

The post Охриѓани против трка со формули на вода на Охридско Езеро appeared first on Република.

]]>

Трката со формули на вода на Охридско Езеро закажана за јуни годинава во водите на Охридско Езеро кај Поградец во соседна Албанија предизвика жестоки реакции во јавноста. Сепак и експертите и поголем дел од жителите се согласни дека ваква трка не треба да се одржи. Експертската јавност предупредува за штетните последици. Настанот „F1H2O“ е дел од светското првенство во трка со високо-туражни моторни чамци, за кои основано се проценува дека имаат негативно влијание врз животната средина, живиот свет и еко-системот, настани што вообичаено се одржуваат на отворени водени површини како мориња и океани, а не на затворени водни површини како што е Охридско Езеро. Трката со формули на вода на Охридско Езеро е закана за екосистемот алармираат еколошките здруженија и институциите. Повеќе од 50 здруженија на граѓани, еколошки асоцијации и институции од земјава и од соседна Република Албанија покренаа иницијатива за спречување на одржување на настанот. Посочија дека одржувањето на трка со брзи моторни чамци од серијата „Формула 1“ на Охридското Езеро, планирана за јули оваа година во албанскиот дел на езерото претставува значителен ризик за неговиот деликатен екосистем и културното значење. Ги повикаа институциите за спроведување на законот во двете земји да дадат приоритет на зачувувањето на природата. Препорачаа да се преиспита локацијата на настанот и да се истражат алтернативите, со цел да се спречи понатамошно оштетување на екосистемот на Охридското Езеро и да се зачува неговата природна убавина за идните генерации. Потенцира дека во трките би учествувале глисери со голем капацитет чии мотори предизвикуваат физички, хемиски и биолошки промени во животната средина, следствено врз тоа и на живот свет во Охридско Езеро. Проценките направени од информациите достапни на интернет-страницата на организаторот на настанот, а наведени во иницијативата, покажуваат дека за време на одржување на истиот ќе бидат ослободени приближно 1.639.089 килограми CO2 емисии во воздухот и езерото. Според покренувачите на иницијативата за спречување организација на таквниот настан, за време на самата трка во водата и во воздухот за само неколку дена ќе бидат ослободени штетни гасови еквивалентни на оние што ги испуштаат моторните возила како на брегот така и во водата во текот на цела календарска година. Исто така ќе бидат потребни 4.300 метри квадратни паркинг-простор за да се сместат 43-те тимови или 129-172 камиони ангажирани за логистика на настанот. Самата стартна платформа ќе биде изградена во езерото на длабочина од 20 метри каде што се наоѓа литоралната зона, просторот каде се мрестат и живеат рибите од езерото, предупредуваат иницијаторите на акцијата за спречување организација такви еколошко-неприфатливи настани на езерото.

The post Охриѓани против трка со формули на вода на Охридско Езеро appeared first on Република.

]]>
Вонредна инспекциja во Струшко, некој си гради нелегално на државно земјиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vonredna-inspektsija-vo-strushko-nekoj-si-gradi-nelegalno-na-drzhavno-zemjishte/ Wed, 21 Feb 2024 13:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=746590

Градежни активности изведени од камен за оградување на парцели меѓу Охридското Езеро и патот село Радожда–Струга констатирале инспекторите при вчерашниот вонреден надзор.

По добиена пријава од граѓанската иницијатива Охрид СОС дека на охридското крајбрежје на потегот од Струга кон Радожда се изведуваат градежни активности, Државниот инспекторат за животна средина денеска соопшти дека на терен излегле виш инспектор за заштита на природата, државниот инспектор за животна средина од канцеларија Охрид и овластени инспектори од општина Струга за животна средина и градежништво, како и инспектори од ОВР Струга.

На едната локација имаше градежни активности за изградба на ѕид најверојатно од бетон за што имаше поставено шаловани оплати, кои не беа во езерото. На лице место немаше присутни лица, кои ги изведуваат градежните активности, исто така немаше градежна механизација, стои во информацијата на Државниот инспекторат за животна средина.

Постапката, како што наведуваат, треба да продолжи од Општина Струга, согласно законските овластувања.

Општина Струга е одговорна за одржување, чување, почитување и правилно користење на природното и културното наследство, како и за преземање мерки за правилно користење на светското природно наследство согласно Законот за управување со светското природно и културно наследство на охридскиот регион, појаснува Инспекторатот.

На истата локација на охридското крајбрежје на потегот кон селото Радожда, Државниот инспекторат за животна средина постапувал и претходно во текот на годинава при што била покрената кривична постапка со доставено барање до ОЈО Струга. Кривична пријава до ОЈО Струга била доставена и претходно за идентичната локација.

The post Вонредна инспекциja во Струшко, некој си гради нелегално на државно земјиште appeared first on Република.

]]>

Градежни активности изведени од камен за оградување на парцели меѓу Охридското Езеро и патот село Радожда–Струга констатирале инспекторите при вчерашниот вонреден надзор. По добиена пријава од граѓанската иницијатива Охрид СОС дека на охридското крајбрежје на потегот од Струга кон Радожда се изведуваат градежни активности, Државниот инспекторат за животна средина денеска соопшти дека на терен излегле виш инспектор за заштита на природата, државниот инспектор за животна средина од канцеларија Охрид и овластени инспектори од општина Струга за животна средина и градежништво, како и инспектори од ОВР Струга.
На едната локација имаше градежни активности за изградба на ѕид најверојатно од бетон за што имаше поставено шаловани оплати, кои не беа во езерото. На лице место немаше присутни лица, кои ги изведуваат градежните активности, исто така немаше градежна механизација, стои во информацијата на Државниот инспекторат за животна средина.
Постапката, како што наведуваат, треба да продолжи од Општина Струга, согласно законските овластувања.
Општина Струга е одговорна за одржување, чување, почитување и правилно користење на природното и културното наследство, како и за преземање мерки за правилно користење на светското природно наследство согласно Законот за управување со светското природно и културно наследство на охридскиот регион, појаснува Инспекторатот.
На истата локација на охридското крајбрежје на потегот кон селото Радожда, Државниот инспекторат за животна средина постапувал и претходно во текот на годинава при што била покрената кривична постапка со доставено барање до ОЈО Струга. Кривична пријава до ОЈО Струга била доставена и претходно за идентичната локација.

The post Вонредна инспекциja во Струшко, некој си гради нелегално на државно земјиште appeared first on Република.

]]>
Блесна новогодишната елка во водите на Охридското Езеро https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/blesna-novogodishnata-elka-vo-vodite-na-ohridskoto-ezero/ Mon, 25 Dec 2023 11:28:00 +0000 https://republika.mk/?p=726461

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид со поддршка на волонтерите на Општинската организација на Црвениот крст и оваа година ја накитија новогодишна елка.

Тие заеднички потоа елката ја поставија во водите на Охридското Езеро пред Музејот на вода кај Градиште.

Оваа година китењето и поставувањето на елката под вода е посветена на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.

Посетителите на Музејот на вода елката под вода ќе можат да ја видат до крајот на јануари.

The post Блесна новогодишната елка во водите на Охридското Езеро appeared first on Република.

]]>

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид со поддршка на волонтерите на Општинската организација на Црвениот крст и оваа година ја накитија новогодишна елка. Тие заеднички потоа елката ја поставија во водите на Охридското Езеро пред Музејот на вода кај Градиште. Оваа година китењето и поставувањето на елката под вода е посветена на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство. Посетителите на Музејот на вода елката под вода ќе можат да ја видат до крајот на јануари.

The post Блесна новогодишната елка во водите на Охридското Езеро appeared first on Република.

]]>