Охридско езеро ѓубре Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohridsko-ezero-gjubre/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Dec 2022 18:45:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Охридско езеро ѓубре Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohridsko-ezero-gjubre/ 32 32 Акција за чистење на Охридското Езеро на седум локации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/akcija-za-chistenje-na-ohridskoto-ezero-na-sedum-lokacii/ Fri, 02 Dec 2022 18:45:30 +0000 https://republika.mk/?p=581077

Над 100 волонтери Пиварци, претставници од општините Охрид, Струга и Дебрца, Црвен крст Охрид и нуркачките клубови „Амфора” и „Акватек”, денеска го чистеа дното и крајбрежјето на Охридското Езеро на седум локации. Во рамки на акцијата, организирана од Пивара Скопје, а поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Пакомак, бил собран отпад со површина од над 100.000 метри квадратни.

Брендот Скопско, како што информира организаторот, секогаш го поддржува она што е суштински значајно и автентично за нашата заедница.

Како еден од најстарите македонски брендови чувствуваме дека нашa одговорност е да се вклучиме и да придонесеме кон заедницата, со особен фокус на заштита на животната средина и активно да делуваме за зачувување на нашите природни и културни богатства, како што е Охридското Езеро. Оваа акција е само вовед во долгорочната платформа за заштита на животната средина која Скопско наскоро ќе и ја претстави на јавноста, изјави Марта Завкова, од Пивара Скопје.

Општина Охрид ја поддржа акцијата, а градоначалникот Кирил Пецаков ветил дека и во иднина ќе се вклучуваат во ваквите еколошки акции и ќе дадат поддршка на сите проекти кои се поврзани со заштита на природното богатство.

Она што сме го добиле како најскапоцен подарок од природата, а светот го вреднува како светско наследство, обврзани сме да го заштитиме и да го сочуваме за идните генерации, рече Пецаков.

Градоначалникот на Струга, Рамис Мерко ги повика стружани заеднички да ја чуваат околината и да обезбедат чиста и здрава животна средина.

Задоволство ми е што денеска сум дел од ваква еколошка акција и соработка. Нашиот град се препознава по убавата природа, чистиот воздух и животната средина, но ова не значи дека ние и понатаму не треба да вложуваме и да се залагаме за подобра иднина, истакнал Мерко.

Дебрца, според градоначалникот Зоран Ногачески, иако рурална општина, преставува значајна алка со подеднаква одговорност во заштитата на Охридското Езеро.

Најголемиот слив на Охридското Езеро, реката Сатеска, започнува и завршува во Дебрца и затоа не случајно е дел од природното и културно наследство во регионот заштитено од УНЕСКО, вели Ногачески.

Подводно, како што стои во информацијата, езерото се чистело кај Заливот на коските, Градиште и вливот на реката Сатеска.

The post Акција за чистење на Охридското Езеро на седум локации appeared first on Република.

]]>

Над 100 волонтери Пиварци, претставници од општините Охрид, Струга и Дебрца, Црвен крст Охрид и нуркачките клубови „Амфора” и „Акватек”, денеска го чистеа дното и крајбрежјето на Охридското Езеро на седум локации. Во рамки на акцијата, организирана од Пивара Скопје, а поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Пакомак, бил собран отпад со површина од над 100.000 метри квадратни. Брендот Скопско, како што информира организаторот, секогаш го поддржува она што е суштински значајно и автентично за нашата заедница.
Како еден од најстарите македонски брендови чувствуваме дека нашa одговорност е да се вклучиме и да придонесеме кон заедницата, со особен фокус на заштита на животната средина и активно да делуваме за зачувување на нашите природни и културни богатства, како што е Охридското Езеро. Оваа акција е само вовед во долгорочната платформа за заштита на животната средина која Скопско наскоро ќе и ја претстави на јавноста, изјави Марта Завкова, од Пивара Скопје.
Општина Охрид ја поддржа акцијата, а градоначалникот Кирил Пецаков ветил дека и во иднина ќе се вклучуваат во ваквите еколошки акции и ќе дадат поддршка на сите проекти кои се поврзани со заштита на природното богатство.
Она што сме го добиле како најскапоцен подарок од природата, а светот го вреднува како светско наследство, обврзани сме да го заштитиме и да го сочуваме за идните генерации, рече Пецаков.
Градоначалникот на Струга, Рамис Мерко ги повика стружани заеднички да ја чуваат околината и да обезбедат чиста и здрава животна средина.
Задоволство ми е што денеска сум дел од ваква еколошка акција и соработка. Нашиот град се препознава по убавата природа, чистиот воздух и животната средина, но ова не значи дека ние и понатаму не треба да вложуваме и да се залагаме за подобра иднина, истакнал Мерко.
Дебрца, според градоначалникот Зоран Ногачески, иако рурална општина, преставува значајна алка со подеднаква одговорност во заштитата на Охридското Езеро.
Најголемиот слив на Охридското Езеро, реката Сатеска, започнува и завршува во Дебрца и затоа не случајно е дел од природното и културно наследство во регионот заштитено од УНЕСКО, вели Ногачески.
Подводно, како што стои во информацијата, езерото се чистело кај Заливот на коските, Градиште и вливот на реката Сатеска.

The post Акција за чистење на Охридското Езеро на седум локации appeared first on Република.

]]>
Огромна количина пластични шишиња, лименки, автомобилски гуми, градежен шут извадија нуркачите од Охридско езеро https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ogromna-kolichina-plastichni-shishinja-limenki-avtomobilski-gumi-gradezen-shut-izvadija-nurkachite-od-ohridsko-ezero/ Tue, 03 May 2022 10:41:14 +0000 https://republika.mk/?p=496729

Во организација на Нуркачкиот Центар АМФОРА од Охрид се реализира голема меѓународна еколошката акција за чистење на Охридското Езеро од цврст Отпад ,,ОХРИД ЕКО 2022,,

Акцијата се изведе на три локации: Градско Пристаниште, Авто камп Градиште и Музеј на вода.

На акцијата зедоа учество над шеесетина нуркачи од Република Македонија како и нуркачи од Република Хрватска, и Република Србија Ronjenje Triton , со свој допринос учествуваа и Културолошка иницијатива 5 до 12 - Охрид и Енхелеус Лихнид - Enheleus Lihnid.

Од дното на езерото се извади огромна количина на разновиден цврст отпад како што се пластични шишиња, лименки, автомобилски гуми, градежен шут ...

Загрижува тоа што иако се смалува цврстиот отпад во езерото како резултат на изведување на вакви акции со цел подигнување на јавната еколошка свест кај граѓаните сепак од долгогодишното секојдневно нуркање и пратење на состојбата на езерото најголемата девастација доаѓа преку реките кои се вливаат во езерото и носат огромни количини на отпад, би сакал да потенцирам дека со реализација на проектот ,,Нуркачка еко патрола,, пред неколку години дадовме предлог да се изградат мини брани со кој во голема количина ќе се намали цврстиот отпад во езерото, а со една и единствена цел вистинска заштита на Охридското Езеро.

Проектот "Охрид Еко 2022" финансиран од Општина Охрид, но посебно радува што голем допринос во реализација на истиот дадоа Јавните претпријатија од Охрид, хотелиери, државни институции, еколошки друштва како и приватни претпријатија.

The post Огромна количина пластични шишиња, лименки, автомобилски гуми, градежен шут извадија нуркачите од Охридско езеро appeared first on Република.

]]>

Во организација на Нуркачкиот Центар АМФОРА од Охрид се реализира голема меѓународна еколошката акција за чистење на Охридското Езеро од цврст Отпад ,,ОХРИД ЕКО 2022,,

Акцијата се изведе на три локации: Градско Пристаниште, Авто камп Градиште и Музеј на вода.

На акцијата зедоа учество над шеесетина нуркачи од Република Македонија како и нуркачи од Република Хрватска, и Република Србија Ronjenje Triton , со свој допринос учествуваа и Културолошка иницијатива 5 до 12 - Охрид и Енхелеус Лихнид - Enheleus Lihnid. Од дното на езерото се извади огромна количина на разновиден цврст отпад како што се пластични шишиња, лименки, автомобилски гуми, градежен шут ... Загрижува тоа што иако се смалува цврстиот отпад во езерото како резултат на изведување на вакви акции со цел подигнување на јавната еколошка свест кај граѓаните сепак од долгогодишното секојдневно нуркање и пратење на состојбата на езерото најголемата девастација доаѓа преку реките кои се вливаат во езерото и носат огромни количини на отпад, би сакал да потенцирам дека со реализација на проектот ,,Нуркачка еко патрола,, пред неколку години дадовме предлог да се изградат мини брани со кој во голема количина ќе се намали цврстиот отпад во езерото, а со една и единствена цел вистинска заштита на Охридското Езеро. Проектот "Охрид Еко 2022" финансиран од Општина Охрид, но посебно радува што голем допринос во реализација на истиот дадоа Јавните претпријатија од Охрид, хотелиери, државни институции, еколошки друштва како и приватни претпријатија.

The post Огромна количина пластични шишиња, лименки, автомобилски гуми, градежен шут извадија нуркачите од Охридско езеро appeared first on Република.

]]>