Охридски Завод и музеј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohridski-zavod-i-muzej/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Feb 2022 10:09:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Охридски Завод и музеј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohridski-zavod-i-muzej/ 32 32 Завод и музеј-Охрид доби повеќе од 12 милиони денари за реализација на активностите предвидени со годишната програма https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zavod-i-muzej-ohrid-dobi-povekje-od-12-milioni-denari-za-realizacija-na-aktivnostite-predvideni-so-godishnata-programa/ Mon, 21 Feb 2022 10:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=461371

Националната установа „Завод и Музеј – Охрид“ оваа година од Министерството за култура доби значителни средства за реализација на активностите предвидени со годишната програма.

Вкупно за реализација на програмата за 2022 година на Националната установа се издвоени повеќе од 12 милиони денари или четири милиони денари повеќе отколку лани.

Од нив за проекти за заштита на недвижното културно наследство се предвидени 10,5 милиони денари, 1,3 милиони за музејската дејност додека останатите средства се со намена за галериска и меѓународна дејност.

Охридскиот Завод и Музеј остварува и сопствени приходи од влезници продадени на посетителите на музеите и локалитетите. Тие средства се далеку од износот потребен за реализација на проектите, така што најчесто се наменети за подобрување на условите за работа.

Најголем дел од буџетските средства се трошат за конзерваторско-реставраторски активности на недвижно и на движно културно наследство, изработка на проекти за конзервација, археолошки истражувања, тековно одржување на локалитетите, музеите и предметите во збирките, доопремување на конзерваторските лаборатории и на музејските поставки, откуп на етнолошки предмети, изложби на современа уметност, како и организација на меѓународна школа.

The post Завод и музеј-Охрид доби повеќе од 12 милиони денари за реализација на активностите предвидени со годишната програма appeared first on Република.

]]>

Националната установа „Завод и Музеј – Охрид“ оваа година од Министерството за култура доби значителни средства за реализација на активностите предвидени со годишната програма. Вкупно за реализација на програмата за 2022 година на Националната установа се издвоени повеќе од 12 милиони денари или четири милиони денари повеќе отколку лани. Од нив за проекти за заштита на недвижното културно наследство се предвидени 10,5 милиони денари, 1,3 милиони за музејската дејност додека останатите средства се со намена за галериска и меѓународна дејност. Охридскиот Завод и Музеј остварува и сопствени приходи од влезници продадени на посетителите на музеите и локалитетите. Тие средства се далеку од износот потребен за реализација на проектите, така што најчесто се наменети за подобрување на условите за работа. Најголем дел од буџетските средства се трошат за конзерваторско-реставраторски активности на недвижно и на движно културно наследство, изработка на проекти за конзервација, археолошки истражувања, тековно одржување на локалитетите, музеите и предметите во збирките, доопремување на конзерваторските лаборатории и на музејските поставки, откуп на етнолошки предмети, изложби на современа уметност, како и организација на меѓународна школа.

The post Завод и музеј-Охрид доби повеќе од 12 милиони денари за реализација на активностите предвидени со годишната програма appeared first on Република.

]]>