На 2 и 3 септември не очекува фантастичен „Охрид фест 2022“. Ќе настапат: Кики Лесендриќ, Владо Калембер, Златко Пејаковиќ..., награди за промоцијата на музиката на Балканот за Гаро и Мирослав Илиќ, соопштија организаторите.
Подготовките за најновото, 29-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест“, една година пред јубилејот, се во полн ек.
На 2 септември, на сцената на Долни Сарај во Охрид, во Фолк вечер ќе настапи домашната фолк елита, свое шоу ќе има популарниот пејач од Србија - Мирослав Илиќ („Божанствена жено“, „Није живот једна жена“, „Још те нешто чини изузетном“, „Поломиќу чаше од кристала“...) а во втората фестивалска ноќ на 3 септемри ќе видиме многу атрактивни музички имиња од Балканот.
Бастионот на убавата македонска песна „Охрид фест“, годинава ќе понуди одлична фолк и интернационална вечер, каде на 2 и 3 септември ќе настапат докажани музички имиња и, бидејќи ги охрабруваме новите музички сили, даваме можност дебитантите да ја започнат музичката кариера токму од Охрид - вели првиот човек на „Охрид фест“, Григор Копров.
Традиционално, водителите на фестивалот се Каролина Петковска - во Фолк вечерта и Маријана Станојковска и Васил Зафирчев во Интернационалната вечер, кога ќе настапат многу интересни имиња.
Од Србија доаѓаат Кики Лесендриќ и Срѓан Марјановиќ, од Хрватска- Владо Калембер, Златко Пејаковиќ, Теди Грубица и Јурица Паѓен („Аеродром“ „Азра“, „Парни ваљак“), од Босна го имаме Ален Исламовиќ, словенските музичари се Божидар Волф, Инес Ербус& Давид Амаро, од Бугарија ќе го видиме дуото „Expose“, од Албанија - Рина Рамадани и гостинот од Грција е Толис Дамјанос.
Советот на фестивалот најавува уште многу изненадувања.
Наградите за промоцијата на музиката на Балканот се доделуваат на Мирослав Илиќ, кој ќе има свој мини концерт во фолк вечер и нашиот Гарабет Тавитјан, кој ќе го видиме во Интернационалната вечер.
Од најубавата сцена на Балканот- Долни Сарај, фестивалот директно ќе го пренесува националниот сервис, МРТВ а преносот ќе го емитуваат над 10 телевизии од Балканот.Се гледаме во Охрид!, велат оттаму.
The post „Охрид фест 2022“: Награди за Мирослав Илиќ и Гаро за промоција на музиката на Балканот, а доаѓаат Кики Лесендриќ, Владо Калембер, Златко Пејаковиќ… appeared first on Република.
]]>Бастионот на убавата македонска песна „Охрид фест“, годинава ќе понуди одлична фолк и интернационална вечер, каде на 2 и 3 септември ќе настапат докажани музички имиња и, бидејќи ги охрабруваме новите музички сили, даваме можност дебитантите да ја започнат музичката кариера токму од Охрид - вели првиот човек на „Охрид фест“, Григор Копров.Традиционално, водителите на фестивалот се Каролина Петковска - во Фолк вечерта и Маријана Станојковска и Васил Зафирчев во Интернационалната вечер, кога ќе настапат многу интересни имиња. Од Србија доаѓаат Кики Лесендриќ и Срѓан Марјановиќ, од Хрватска- Владо Калембер, Златко Пејаковиќ, Теди Грубица и Јурица Паѓен („Аеродром“ „Азра“, „Парни ваљак“), од Босна го имаме Ален Исламовиќ, словенските музичари се Божидар Волф, Инес Ербус& Давид Амаро, од Бугарија ќе го видиме дуото „Expose“, од Албанија - Рина Рамадани и гостинот од Грција е Толис Дамјанос. Советот на фестивалот најавува уште многу изненадувања.
Наградите за промоцијата на музиката на Балканот се доделуваат на Мирослав Илиќ, кој ќе има свој мини концерт во фолк вечер и нашиот Гарабет Тавитјан, кој ќе го видиме во Интернационалната вечер. Од најубавата сцена на Балканот- Долни Сарај, фестивалот директно ќе го пренесува националниот сервис, МРТВ а преносот ќе го емитуваат над 10 телевизии од Балканот. Се гледаме во Охрид!, велат оттаму.
The post „Охрид фест 2022“: Награди за Мирослав Илиќ и Гаро за промоција на музиката на Балканот, а доаѓаат Кики Лесендриќ, Владо Калембер, Златко Пејаковиќ… appeared first on Република.
]]>Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ по 29-ти пат распишува конкурс за нови композиции, што ќе го имаат премиерното издание на 2 и 3 септември, преку Фолк и Интернационалната вечер, на најубавата сцена на Балканот, Долни Сарај во Охрид.
Фолк- вечер ќе се случува на 2 септември и освен новосоздадени фолк песни од нашата земја, со свои нови композиции ќе можат да учествуваат и странски автори - од регионот и пошироко. Интернационалната вечер е закажана за 3 септември 2022 година.
И годинава фестивалот дава голема подршка на дебитантите, охрабрувајќи ги да настапат на 29-то издание на „Охрид фест- Охридски трубадури“, и во Фолк и во Интернационалната вечер. Демо-снимките од нивните композиции треба да бидат со пратечки инструменти, пијано и гитара. Условите за учество на „Охрид фест – Охридски трубадури 2022“ се: * Да се испрати демо-снимка и текст на македонски јазик; * Наслов на композицијата; * Назнака – за која фестивалска вечер е наменета песната (Фолк, Интернационална); * Композициите да не се изведувани; * Податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот), и контакт информации; На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите за учеството а рокот за поднесување на пријавите е 20 мај 2022 година. Своите композиции авторите треба да ги испратат на следните адреси: ohridfest.info@gmail.com, ohridfest.produkcija@gmail.com и grigorkoprov@yahoo.com
The post 29. издание на фестивалот „Охрид фест-Охридски трубадури“ со нови композиции на 2 и 3 септември appeared first on Република.
]]>The post 29. издание на фестивалот „Охрид фест-Охридски трубадури“ со нови композиции на 2 и 3 септември appeared first on Република.
]]>