Охридски пливачки маратон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohridski-plivachki-maraton/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 20:22:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Охридски пливачки маратон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohridski-plivachki-maraton/ 32 32 Деветнаесет учесници на 37-от Охридски пливачки маратон закажан за в сабота 31 август https://arhiva3.republika.mk/zivot/devetnaeset-uchesnitsi-na-37-ot-ohridski-plivachki-maraton-zakazhan-za-v-sabota-31-avgust/ Tue, 27 Aug 2024 20:22:03 +0000 https://republika.mk/?p=810724

Деветнаесет маратонци од девет држави го најавија учеството на годинешниот 37-ми Охридскиот пливачки маратон што в сабота ќе се плива во водите на Охридското Езеро.

Единаесет пливачи во машка и осум во женска конкуренција ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид.

Боите на Македонија оваа година ќе ги бранат четворица маратонци и тоа Леонид Мишевски, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски, како и Росана Гошева.

Наградниот фонд на маратонот изнесува дванаесет илјади евра, од кои две илјади за најдобрите во двете конкуренции на две контролни бови, односно спринтови.

Охридскиот пливачки маратон и оваа година е дел од Фестивалот на вода, а се одржува во организација на Општина Охрид со поддршка на Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор е Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ од Охрид Покрај Охридскиот пливачки маратон, оваа година во водите на Охридското Езеро утре и задутре ќе се одржи и Балканското првенство на отворени води во јуниорска конкуренција на кое учество ќе земат околу двеста млади пливачи од регионот.

The post Деветнаесет учесници на 37-от Охридски пливачки маратон закажан за в сабота 31 август appeared first on Република.

]]>

Деветнаесет маратонци од девет држави го најавија учеството на годинешниот 37-ми Охридскиот пливачки маратон што в сабота ќе се плива во водите на Охридското Езеро. Единаесет пливачи во машка и осум во женска конкуренција ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. Боите на Македонија оваа година ќе ги бранат четворица маратонци и тоа Леонид Мишевски, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски, како и Росана Гошева. Наградниот фонд на маратонот изнесува дванаесет илјади евра, од кои две илјади за најдобрите во двете конкуренции на две контролни бови, односно спринтови. Охридскиот пливачки маратон и оваа година е дел од Фестивалот на вода, а се одржува во организација на Општина Охрид со поддршка на Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор е Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ од Охрид Покрај Охридскиот пливачки маратон, оваа година во водите на Охридското Езеро утре и задутре ќе се одржи и Балканското првенство на отворени води во јуниорска конкуренција на кое учество ќе земат околу двеста млади пливачи од регионот.

The post Деветнаесет учесници на 37-от Охридски пливачки маратон закажан за в сабота 31 август appeared first on Република.

]]>
Почна 36. Охридски пливачки маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pochna-36-ohridski-plivachki-maraton/ Sat, 26 Aug 2023 09:28:01 +0000 https://republika.mk/?p=675961

Сите 15 пријавени пливачи денеска во 10 часот влегоа во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум, на стартот на 36-тиот меѓународен Охридски пливачки маратон.

Шестте пливачки и деветмината маратонци ќе треба да ги испливаат 25-те километри колку што е долга патеката „Климе Савин“, од Свети Наум до целта кај Градското пристаниште во Охрид.

Оваа година покрај нашите шест пливачи - Евгениј Поп Ацев, Александар Илиевски, Леонид Мишевски, Кристијан Стојановски, Ивана Неделковска и Јована Неделковска учествуваат и двајца пливачи од Аргентина – Ерика Јенсен и Матијас Дијаз, тројца од Италија – Елена Лионело, Марко Инглима и Алесио Окипинти, двајца од Турција – Туна Ердоган и Догкан Улач, како и Марсен Шоутен од Холандија и Каролин Жуис од Франција.

Моменталните временски услови се идеални за добра трка, водата на езерото е мирна со температура од 24 степени. Во такви услови на пливачите за да стигнат до целта ќе им бидат потребни околу четири до четири и пол часа, така што на целта ќе може да се очекуваат некаде по 15 часот.

Наградниот фонд за маратонот изнесува 12 илјади евра.

Во програмата на Охридскиот пливачки маратон е и младинската работилница на Програмата за развој на Обединетите нации и СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ што започнува во 14 часот на Кеј Македонија.

Охридскиот пливачки маратон оваа година е дел од Фестивалот на вода, а се одржува во организација на Општина Охрид со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор е Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“.

The post Почна 36. Охридски пливачки маратон appeared first on Република.

]]>

Сите 15 пријавени пливачи денеска во 10 часот влегоа во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум, на стартот на 36-тиот меѓународен Охридски пливачки маратон. Шестте пливачки и деветмината маратонци ќе треба да ги испливаат 25-те километри колку што е долга патеката „Климе Савин“, од Свети Наум до целта кај Градското пристаниште во Охрид. Оваа година покрај нашите шест пливачи - Евгениј Поп Ацев, Александар Илиевски, Леонид Мишевски, Кристијан Стојановски, Ивана Неделковска и Јована Неделковска учествуваат и двајца пливачи од Аргентина – Ерика Јенсен и Матијас Дијаз, тројца од Италија – Елена Лионело, Марко Инглима и Алесио Окипинти, двајца од Турција – Туна Ердоган и Догкан Улач, како и Марсен Шоутен од Холандија и Каролин Жуис од Франција. Моменталните временски услови се идеални за добра трка, водата на езерото е мирна со температура од 24 степени. Во такви услови на пливачите за да стигнат до целта ќе им бидат потребни околу четири до четири и пол часа, така што на целта ќе може да се очекуваат некаде по 15 часот. Наградниот фонд за маратонот изнесува 12 илјади евра. Во програмата на Охридскиот пливачки маратон е и младинската работилница на Програмата за развој на Обединетите нации и СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ што започнува во 14 часот на Кеј Македонија. Охридскиот пливачки маратон оваа година е дел од Фестивалот на вода, а се одржува во организација на Општина Охрид со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор е Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“.

The post Почна 36. Охридски пливачки маратон appeared first on Република.

]]>
Утре ќе се плива Охридскиот маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/utre-ke-se-pliva-ohridskiot-maraton/ Fri, 25 Aug 2023 12:44:05 +0000 https://republika.mk/?p=675756

Шест натпреварувачки во женска и девет во машка конкуренција утре ќе го пливаат 36-тиот Охридски пливачки маратон од Свети Наум до Охрид, што се одржува во организација на Општина Охрид и Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на синоќешното претставување на маратонците посочи дека Охридскиот пливачки маратон е вистинска гордост за локалната заедница и државата, бидејќи го промовира Охрид како одлична локација за спортски настани и привлекува пливачи од целиот свет.

„Од една страна, маратонската трка на Охридското Езеро го насочува вниманието кон спортот и физичката активност, а од друга страна го поддржува туризмот и свеста за природното богатство и непроценливото културно наследство“, истакна Пецаков.

Организаторите на најпознатата меѓународна спортска манифестација во земјата традиционално ја доделија спортската награда „Климе Савин“ за 2023 што годинава му припадна на пливачката легенда Томи Стефановски, а признанија беа доделени до „Костал“, „ЈК Травел“ и на спортскиот коментатор во пензија, Атанас Костовски.

Охридскиот пливачки маратон ќе се плива утре на патеката „Климе Савин“ долга 25 километри. Стартот е кај Свети Наум, а целта на Градскиот кеј. Наградниот фонд изнесува 12 илјади евра

The post Утре ќе се плива Охридскиот маратон appeared first on Република.

]]>

Шест натпреварувачки во женска и девет во машка конкуренција утре ќе го пливаат 36-тиот Охридски пливачки маратон од Свети Наум до Охрид, што се одржува во организација на Општина Охрид и Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на синоќешното претставување на маратонците посочи дека Охридскиот пливачки маратон е вистинска гордост за локалната заедница и државата, бидејќи го промовира Охрид како одлична локација за спортски настани и привлекува пливачи од целиот свет. „Од една страна, маратонската трка на Охридското Езеро го насочува вниманието кон спортот и физичката активност, а од друга страна го поддржува туризмот и свеста за природното богатство и непроценливото културно наследство“, истакна Пецаков. Организаторите на најпознатата меѓународна спортска манифестација во земјата традиционално ја доделија спортската награда „Климе Савин“ за 2023 што годинава му припадна на пливачката легенда Томи Стефановски, а признанија беа доделени до „Костал“, „ЈК Травел“ и на спортскиот коментатор во пензија, Атанас Костовски. Охридскиот пливачки маратон ќе се плива утре на патеката „Климе Савин“ долга 25 километри. Стартот е кај Свети Наум, а целта на Градскиот кеј. Наградниот фонд изнесува 12 илјади евра

The post Утре ќе се плива Охридскиот маратон appeared first on Република.

]]>
Шест пливачки и девет пливачи пријавени за утрешниот 36. Охридски пливачки маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shest-plivachki-i-devet-plivachi-prijaveni-za-utreshniot-36-ohridski-plivachki-maraton/ Fri, 25 Aug 2023 09:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=675666

Шест натпреварувачки во женска и девет во машка конкуренција утре ќе го пливаат 36-тиот Охридски пливачки маратон од Свети Наум до Охрид, што се одржува во организација на Општина Охрид и Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на синоќешното претставување на маратонците посочи дека Охридскиот пливачки маратон е вистинска гордост за локалната заедница и државата, бидејќи го промовира Охрид како одлична локација за спортски настани и привлекува пливачи од целиот свет.

Од една страна, маратонската трка на Охридското Езеро го насочува вниманието кон спортот и физичката активност, а од друга страна го поддржува туризмот и свеста за природното богатство и непроценливото културно наследство, истакна Пецаков.

Организаторите на најпознатата меѓународна спортска манифестација во земјата традиционално ја доделија спортската награда „Климе Савин“ за 2023 што годинава му припадна на пливачката легенда Томи Стефановски, а признанија беа доделени до „Костал“, „ЈК Травел“ и на спортскиот коментатор во пензија, Атанас Костовски.

Охридскиот пливачки маратон ќе се плива утре на патеката „Климе Савин“ долга 25 километри. Стартот е кај Свети Наум, а целта на Градскиот кеј. Наградниот фонд изнесува 12 илјади евра.

 

The post Шест пливачки и девет пливачи пријавени за утрешниот 36. Охридски пливачки маратон appeared first on Република.

]]>

Шест натпреварувачки во женска и девет во машка конкуренција утре ќе го пливаат 36-тиот Охридски пливачки маратон од Свети Наум до Охрид, што се одржува во организација на Општина Охрид и Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на синоќешното претставување на маратонците посочи дека Охридскиот пливачки маратон е вистинска гордост за локалната заедница и државата, бидејќи го промовира Охрид како одлична локација за спортски настани и привлекува пливачи од целиот свет.
Од една страна, маратонската трка на Охридското Езеро го насочува вниманието кон спортот и физичката активност, а од друга страна го поддржува туризмот и свеста за природното богатство и непроценливото културно наследство, истакна Пецаков.
Организаторите на најпознатата меѓународна спортска манифестација во земјата традиционално ја доделија спортската награда „Климе Савин“ за 2023 што годинава му припадна на пливачката легенда Томи Стефановски, а признанија беа доделени до „Костал“, „ЈК Травел“ и на спортскиот коментатор во пензија, Атанас Костовски. Охридскиот пливачки маратон ќе се плива утре на патеката „Климе Савин“ долга 25 километри. Стартот е кај Свети Наум, а целта на Градскиот кеј. Наградниот фонд изнесува 12 илјади евра.  

The post Шест пливачки и девет пливачи пријавени за утрешниот 36. Охридски пливачки маратон appeared first on Република.

]]>
Претседателот Пендаровски го следи Охридскиот пливачки маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pretsedatelot-pendarovski-go-sledi-ohridskiot-plivachki-maraton/ Sat, 10 Sep 2022 09:43:51 +0000 https://republika.mk/?p=549374

Претседателот Стево Пендаровски објави дека во живо го следи Охридскиот пливачки маратон, за кој претходно неговиот кабинет алармираше дека нема средства за да се одржи и дека пливачката федерација има блокирана сметка за овој традиционален настан.
„Мирно езеро, среќа и успешна трка на годинешните учесници на 35. Охридски пливачки маратон.

Задоволство ми е што дел од трката проследив во придружба на ученици, добитници на награди на меѓународни натпревари, кои денеска ни се во посета во рамки на „Отворен Кабинет за талентирани ученици“. Се гледаме на целта, објави Пендаровски.

Годинава во машка категорија се натпреваруваат Арне Фурлан Штулар од Република Словенија, Франческо Гетини од Италијанската Република, Матијас Дијас Хернандес од Аргентинската Република, Сидрит Деску и Арион Будима од Република Косово, како и домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев. Единствената учесничка во женска категорија, годинава, е аргентинката Рита Ванеса Гарсија.

 

The post Претседателот Пендаровски го следи Охридскиот пливачки маратон appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски објави дека во живо го следи Охридскиот пливачки маратон, за кој претходно неговиот кабинет алармираше дека нема средства за да се одржи и дека пливачката федерација има блокирана сметка за овој традиционален настан. „Мирно езеро, среќа и успешна трка на годинешните учесници на 35. Охридски пливачки маратон.
Задоволство ми е што дел од трката проследив во придружба на ученици, добитници на награди на меѓународни натпревари, кои денеска ни се во посета во рамки на „Отворен Кабинет за талентирани ученици“. Се гледаме на целта, објави Пендаровски.
Годинава во машка категорија се натпреваруваат Арне Фурлан Штулар од Република Словенија, Франческо Гетини од Италијанската Република, Матијас Дијас Хернандес од Аргентинската Република, Сидрит Деску и Арион Будима од Република Косово, како и домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев. Единствената учесничка во женска категорија, годинава, е аргентинката Рита Ванеса Гарсија.  

The post Претседателот Пендаровски го следи Охридскиот пливачки маратон appeared first on Република.

]]>
Општината го замени претседателот Пендаровски: Денеска се плива Охридскиот маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sedum-mashki-i-edna-devojka-kje-uchestuvaat-na-deneshniot-ohridski-plivachki-maraton-vo-ohrid/ Sat, 10 Sep 2022 06:50:21 +0000 https://republika.mk/?p=549318

Осуммина пливачи, седум во машка конкуренција и една девојка ќе пливаат денеска на патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охридското пристаниште на традиционалниот Охридски пливачки маратон.

Во категоријата мажи ќе се натрепваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, Арне Фурлан Штулар од Словенија, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единтвената девојка на годишаното маратонско издание ќе биде аргентинката Рита Ванеса Гарсија.

Маратонците беа промовирани пред јавноста во четвртокот, а вчера организаторот ги запозна со деталите околу 25 километарската патека. Стартот беше најавен за во 10 часот, но поради временските услови и најавата од ветер околу 11-12 часот, организаторот најави можна измена, односно маратонот да почне половина час порано. Првите натпреварувачи на целта се очекуваат после 15 часот.

Покровител на маратонот е Општина Охрид, Националната пливачка федерација и Агенцијата на млади и спорт, а технички организатор е клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“.

 

The post Општината го замени претседателот Пендаровски: Денеска се плива Охридскиот маратон appeared first on Република.

]]>

Осуммина пливачи, седум во машка конкуренција и една девојка ќе пливаат денеска на патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охридското пристаниште на традиционалниот Охридски пливачки маратон. Во категоријата мажи ќе се натрепваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, Арне Фурлан Штулар од Словенија, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единтвената девојка на годишаното маратонско издание ќе биде аргентинката Рита Ванеса Гарсија. Маратонците беа промовирани пред јавноста во четвртокот, а вчера организаторот ги запозна со деталите околу 25 километарската патека. Стартот беше најавен за во 10 часот, но поради временските услови и најавата од ветер околу 11-12 часот, организаторот најави можна измена, односно маратонот да почне половина час порано. Првите натпреварувачи на целта се очекуваат после 15 часот. Покровител на маратонот е Општина Охрид, Националната пливачка федерација и Агенцијата на млади и спорт, а технички организатор е клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“.  

The post Општината го замени претседателот Пендаровски: Денеска се плива Охридскиот маратон appeared first on Република.

]]>
Дали поради амандманите од Левица се блокирани и средставата за Охридскиот пливачки маратон? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-poradi-amandmanite-od-levica-se-blokirani-i-sredstavata-za-ohridskiot-plivachki-maraton/ Thu, 25 Aug 2022 08:45:27 +0000 https://republika.mk/?p=543895

Овој е начинот на кој советничката на Левица Виолета Аврамоска бесрамно, дрско и потценувачки си тера мајтап со граѓаните на Општина Охрид и членовите на Советот, напиша на својот ФБ профил претседателот на советот на Општина Охрид, Сашо Донев.

Со поднесените 80 амандмани по предлог Програмата за располагање на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, советничката предлага зголемување на минималната почетна продажна цена за само 12 денари и секој нов амандман со покачување за само 1 денар.

 

Иако советничката знае дека цената ја утврдува Владата, таа свесно сака да ја блокира седницата на Совет со што ќе ја донесе во прашање Одлуката за обезбедување на финансиски средства за организација на Охридскиот пливачки маратон - наведува Донев во својата реакција.

The post Дали поради амандманите од Левица се блокирани и средставата за Охридскиот пливачки маратон? appeared first on Република.

]]>

Овој е начинот на кој советничката на Левица Виолета Аврамоска бесрамно, дрско и потценувачки си тера мајтап со граѓаните на Општина Охрид и членовите на Советот, напиша на својот ФБ профил претседателот на советот на Општина Охрид, Сашо Донев.
Со поднесените 80 амандмани по предлог Програмата за располагање на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, советничката предлага зголемување на минималната почетна продажна цена за само 12 денари и секој нов амандман со покачување за само 1 денар.   Иако советничката знае дека цената ја утврдува Владата, таа свесно сака да ја блокира седницата на Совет со што ќе ја донесе во прашање Одлуката за обезбедување на финансиски средства за организација на Охридскиот пливачки маратон - наведува Донев во својата реакција.

The post Дали поради амандманите од Левица се блокирани и средставата за Охридскиот пливачки маратон? appeared first on Република.

]]>
Почнаа да се делат задачите и обврските за Охридскиот пливачки маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pochnaa-da-se-delat-zadachite-i-obvrskite-za-ohridskiot-plivachki-maraton/ Tue, 23 Aug 2022 11:00:50 +0000 https://republika.mk/?p=543230

Распределба и прецизирање на обврските за реализација на годинашното издание на Охридскиот пливачки маратон денеска беа направени на координативен состанок со претставници на локалната самоуправа, охридските пливачки клубови и Пливачката федерација на Македонија.

На состанокот, што се одржа во Општина Охрид, присуствуваше и охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, а е договорено да се формира Организациски одбор за успешна реализација на Маратонот.

За координатор на активностите, општинската прес-служба соопшти дека е поставен Ристе Јанкоски. Градоначалникот Пецаков, меѓу другото ја истакна важноста за Охрид и охриѓани од одржувањето на маратонот, давајќи силна поддршка за успешно издание.

The post Почнаа да се делат задачите и обврските за Охридскиот пливачки маратон appeared first on Република.

]]>

Распределба и прецизирање на обврските за реализација на годинашното издание на Охридскиот пливачки маратон денеска беа направени на координативен состанок со претставници на локалната самоуправа, охридските пливачки клубови и Пливачката федерација на Македонија. На состанокот, што се одржа во Општина Охрид, присуствуваше и охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, а е договорено да се формира Организациски одбор за успешна реализација на Маратонот. За координатор на активностите, општинската прес-служба соопшти дека е поставен Ристе Јанкоски. Градоначалникот Пецаков, меѓу другото ја истакна важноста за Охрид и охриѓани од одржувањето на маратонот, давајќи силна поддршка за успешно издание.

The post Почнаа да се делат задачите и обврските за Охридскиот пливачки маратон appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Се надевам дека нема да чекаме со години да разбереме дали има криминал во Пливачката федерација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-se-nadevam-deka-nema-da-chekame-so-godini-da-razbereme-dali-ima-kriminal-vo-plivachkata-federacija/ Fri, 19 Aug 2022 13:40:28 +0000 https://republika.mk/?p=542080

Претседателот на државата Стево Пендаровски очекува одговорност и истрага во однос на случувањата во Пливачката федерација на Македонија и откажувањето на Охридскиот пливачки маратон за оваа година.

По она што бил информиран од новото раководство на Федерацијата, забележа дека се работи за сериозни обвинувања.

Од новото раководствио на Пливачката федерација на Македонија пред некој ден бев информиран дека тие веќе после една спроведена ревизија на работењето на претходното раководство и организатори на маратонот имаат поднесено извештаи или кривични пријави до Антикорупциска и Основното јавно обвинителство. Очекувам, бидејќи станува збор за многу сериозни наводи од тоа што ми беше презентирано од новиот претседател на Федерацијата, дека тоа ќе биде земено веднаш во работа и нема да чекаме години и години да разбереме дали има таму навистина криминал, на што упатуваат ревизорските наоди и изјавите на новото раководство или нема ништо. Тој е така нарачен евентуално криминален дел на организацијата, изјави Пендаровски.

По отворањето на јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ одговарајќи на новинарски прашања забележа дека коментарите за откажувањето на Охридскиот маратон се предизвикани од политички мотиви.

Јас знам дека има луѓе во опозицијата кои некои работи не ги разбираат. Не е возможно да до толку не разбираат и не прават разлика меѓу покровител, организатор и спонзор. Ја сум и денес покровител на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, но немам никаов контакт со финансиската конструкција на семинарот. Имам уште неколку покровителста и тие ги преземав од моите претходници. Ние можеме неформално да помагаме барајќи од приватни фирми спонзорства, но од Кабинетот на Претседателот не било никогаш одделувано пари и средства за организација на било која манифестација на која претседателот е покровител, појасни Пендаровски.

Службите во неговиот кабинет, додаде, вчера проверувале десет години наназади ниту еден денар не бил исплатен од буџетот на Претседателот на државата за која било манифестација.

The post Пендаровски: Се надевам дека нема да чекаме со години да разбереме дали има криминал во Пливачката федерација appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата Стево Пендаровски очекува одговорност и истрага во однос на случувањата во Пливачката федерација на Македонија и откажувањето на Охридскиот пливачки маратон за оваа година. По она што бил информиран од новото раководство на Федерацијата, забележа дека се работи за сериозни обвинувања.
Од новото раководствио на Пливачката федерација на Македонија пред некој ден бев информиран дека тие веќе после една спроведена ревизија на работењето на претходното раководство и организатори на маратонот имаат поднесено извештаи или кривични пријави до Антикорупциска и Основното јавно обвинителство. Очекувам, бидејќи станува збор за многу сериозни наводи од тоа што ми беше презентирано од новиот претседател на Федерацијата, дека тоа ќе биде земено веднаш во работа и нема да чекаме години и години да разбереме дали има таму навистина криминал, на што упатуваат ревизорските наоди и изјавите на новото раководство или нема ништо. Тој е така нарачен евентуално криминален дел на организацијата, изјави Пендаровски.
По отворањето на јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ одговарајќи на новинарски прашања забележа дека коментарите за откажувањето на Охридскиот маратон се предизвикани од политички мотиви.
Јас знам дека има луѓе во опозицијата кои некои работи не ги разбираат. Не е возможно да до толку не разбираат и не прават разлика меѓу покровител, организатор и спонзор. Ја сум и денес покровител на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, но немам никаов контакт со финансиската конструкција на семинарот. Имам уште неколку покровителста и тие ги преземав од моите претходници. Ние можеме неформално да помагаме барајќи од приватни фирми спонзорства, но од Кабинетот на Претседателот не било никогаш одделувано пари и средства за организација на било која манифестација на која претседателот е покровител, појасни Пендаровски.
Службите во неговиот кабинет, додаде, вчера проверувале десет години наназади ниту еден денар не бил исплатен од буџетот на Претседателот на државата за која било манифестација.

The post Пендаровски: Се надевам дека нема да чекаме со години да разбереме дали има криминал во Пливачката федерација appeared first on Република.

]]>
Првиот човек на федерацијата лаже, Охридскиот маратон цела година го нема на листата на светски маратони на ФИНА https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/prviot-chovek-na-federacijata-laze-ohridskiot-maraton-cela-godina-go-nema-na-listata-na-svetski-maratoni-na-fina/ Thu, 18 Aug 2022 10:14:04 +0000 https://republika.mk/?p=541642

Претседателот на Пливачката федерација Горан Стојановски на вчерашната средба со шефот на државата Стево Пендаровски рече дека годинава нема да се одржи поради финансиски проблеми и блокирана сметка.

Но, дали е тоа е така. На сајтот на Светска пливачка федерација ФИНА во календарот на маратони кој подготвува на почетокот на секоја година Охридскиот маратон го нема.

За волја на вистината, од оваа година ФИНА одлучи дека нема повеќе да се одржува светска серија на 25-километарски маратони а секоја држава и федерација може да си организира своја спортска  манифестација без резултатска важност.

The post Првиот човек на федерацијата лаже, Охридскиот маратон цела година го нема на листата на светски маратони на ФИНА appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Пливачката федерација Горан Стојановски на вчерашната средба со шефот на државата Стево Пендаровски рече дека годинава нема да се одржи поради финансиски проблеми и блокирана сметка. Но, дали е тоа е така. На сајтот на Светска пливачка федерација ФИНА во календарот на маратони кој подготвува на почетокот на секоја година Охридскиот маратон го нема. За волја на вистината, од оваа година ФИНА одлучи дека нема повеќе да се одржува светска серија на 25-километарски маратони а секоја држава и федерација може да си организира своја спортска  манифестација без резултатска важност.

The post Првиот човек на федерацијата лаже, Охридскиот маратон цела година го нема на листата на светски маратони на ФИНА appeared first on Република.

]]>
Охридскиот пливачки маратон преживеа војни и пандемии, но не и СДСМ и Пендаровски https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ohridskiot-plivachki-maraton-prezivea-vojni-i-pandemii-no-ne-i-sdsm-i-pendarovski/ Thu, 18 Aug 2022 08:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=541577

Еден од најпрепознатливите брендови на Охрид е Охридскиот пливачки маратон. Традиција која трае од 1962 година и кој за маратонците од целиот свет е важно како Олимпијада или Светско првенство згаснува.

Вчера претседателот на Пливачката федерација Горан Стојановски и претседателот на државата Стево Пендаровски насмеани објавија дека годинава маратонот нема да се одржи.

Причина е лошата финансиска состојба на Федерацијата и замрзната состојба. За волја на вистината во Пливачката федерација состојбата навистина е хаотична но тоа не е никаква пречка манифестацијата да се одржи.

Иронијата да биде поголема, покровител на маратонот е институцијата претседател на Македонија. Со тоа Пендаровски станува првиот претседател од „Cеверна“ кој нема да го додели пехарот на победникот.

А победници на маратонот се легенди на маратонското пливање како Атина Бојаџи, Нико Нестор, Теодора Раптис, Едит Ван Дајк, Петар Стојчев, Томи Стефановски, Евгениј Поп Ацев....

Сево може да остане историја на која ќе се секаваме. Охридскиот маратон од основањето во 1962 година беше возобновен во 1992 година кога околу беснееја војни. Не се одржа само во 2020 година кога имаше светска пандемија и годинава кога на власт се СДСМ и Стево Пендаровски.

The post Охридскиот пливачки маратон преживеа војни и пандемии, но не и СДСМ и Пендаровски appeared first on Република.

]]>

Еден од најпрепознатливите брендови на Охрид е Охридскиот пливачки маратон. Традиција која трае од 1962 година и кој за маратонците од целиот свет е важно како Олимпијада или Светско првенство згаснува. Вчера претседателот на Пливачката федерација Горан Стојановски и претседателот на државата Стево Пендаровски насмеани објавија дека годинава маратонот нема да се одржи. Причина е лошата финансиска состојба на Федерацијата и замрзната состојба. За волја на вистината во Пливачката федерација состојбата навистина е хаотична но тоа не е никаква пречка манифестацијата да се одржи. Иронијата да биде поголема, покровител на маратонот е институцијата претседател на Македонија. Со тоа Пендаровски станува првиот претседател од „Cеверна“ кој нема да го додели пехарот на победникот. А победници на маратонот се легенди на маратонското пливање како Атина Бојаџи, Нико Нестор, Теодора Раптис, Едит Ван Дајк, Петар Стојчев, Томи Стефановски, Евгениј Поп Ацев.... Сево може да остане историја на која ќе се секаваме. Охридскиот маратон од основањето во 1962 година беше возобновен во 1992 година кога околу беснееја војни. Не се одржа само во 2020 година кога имаше светска пандемија и годинава кога на власт се СДСМ и Стево Пендаровски.

The post Охридскиот пливачки маратон преживеа војни и пандемии, но не и СДСМ и Пендаровски appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Охридскиот пливачки маратон е меѓународен спортски бренд, ниедна власт не помислила за откажување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-ohridskiot-plivachki-maraton-e-megjunaroden-sportski-brend-niedna-vlast-ne-pomislila-za-otkazuvanje/ Thu, 18 Aug 2022 07:40:08 +0000 https://republika.mk/?p=541557

Охридскиот пливачки маратон е меѓународен спортски бренд на Македонија цели 6 децении. Се одржувал и во полесни и во потешки времиња затоа што ниеден претседател и власт не ни помислиле дека откажувањето е опција, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

Но, оваа година славниот Охридскиот маратон се удави во неспособноста на претседателот Пендаровски како покровител, владата и Агенцијата за млади и спорт. Зарем трудот и ентузијазмот вложуван од Дики и Атина Бојаџи, од Нико Нестор и Снеже Групчева, како и сите пливачки шампиони од Египет, Бугарија, Шпанија, Македонија и Холандија не беа доволен мотив за Пендаровски и за владата да се обидат да најдат домашни и меѓународни спонзори и решение во интерес на пливачите, во интерес меѓународниот спортски углед на Охрид и на Македонија?

Претседателот Пендаровски вчера само напишал “ме информираше – ве информирам”, како да е спортски новинар, а не институција со буџет, вработени, статус и државни надлежности. За ваквата неспособност и информирање преку социјални мрежи, малку е да се рече засрамота, пишува Милошоски во својата објава.

 

The post Милошоски: Охридскиот пливачки маратон е меѓународен спортски бренд, ниедна власт не помислила за откажување appeared first on Република.

]]>

Охридскиот пливачки маратон е меѓународен спортски бренд на Македонија цели 6 децении. Се одржувал и во полесни и во потешки времиња затоа што ниеден претседател и власт не ни помислиле дека откажувањето е опција, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски. Но, оваа година славниот Охридскиот маратон се удави во неспособноста на претседателот Пендаровски како покровител, владата и Агенцијата за млади и спорт. Зарем трудот и ентузијазмот вложуван од Дики и Атина Бојаџи, од Нико Нестор и Снеже Групчева, како и сите пливачки шампиони од Египет, Бугарија, Шпанија, Македонија и Холандија не беа доволен мотив за Пендаровски и за владата да се обидат да најдат домашни и меѓународни спонзори и решение во интерес на пливачите, во интерес меѓународниот спортски углед на Охрид и на Македонија? Претседателот Пендаровски вчера само напишал “ме информираше – ве информирам”, како да е спортски новинар, а не институција со буџет, вработени, статус и државни надлежности. За ваквата неспособност и информирање преку социјални мрежи, малку е да се рече засрамота, пишува Милошоски во својата објава.  

The post Милошоски: Охридскиот пливачки маратон е меѓународен спортски бренд, ниедна власт не помислила за откажување appeared first on Република.

]]>
Македонија нема претседател на држава!, реагира Ковачки по веста дека нема пари за Охридски маратон https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-nema-pretsedatel-na-drzava-reagira-kovachki-po-vesta-deka-nema-pari-za-ohridski-maraton/ Wed, 17 Aug 2022 21:33:35 +0000 https://republika.mk/?p=541527

Добро бе бандо предавничка, а бе до толку ли сте забегани да го уништите и Oхридскиот пливачки маратон?, реагира пратеникот Драган Ковачкипо веста дека годинава нема да не се одржи Охридскиот пливачки маратон зошто Националната пливачка федерација немала пари.

Стево, претседателе, што и да си, покровител си на маратонот, нели ти е срам да го уништуваш тоа што некој ти го оставил, а ти си требало само да го продолжиш? Значи никој не бара од тебе да измислуваш нешто ново, туку само да го продолжиш децениското наследство. Нели ти е срам да излезеш во јавност после ваков кикс? Па, јубилеј од 60 години требало да се прослави оваа година, ама тоа тебе и на твоите не ви е важно. Знаеш да одмараш во вилата во Охрид, ама пари за маратонот нема!

Како може да има пари за прослава на ДУИ која ништо не значи и на која се исвиркува македонскиот јазик, а да нема пари за охридскиот пливачки маратон?

Стево, свесен ли си колку си грешен? Македонија немала послаб претседател на држава! Македонија нема претседател на држава, стои во објавата на Ковачки.

The post Македонија нема претседател на држава!, реагира Ковачки по веста дека нема пари за Охридски маратон appeared first on Република.

]]>

Добро бе бандо предавничка, а бе до толку ли сте забегани да го уништите и Oхридскиот пливачки маратон?, реагира пратеникот Драган Ковачкипо веста дека годинава нема да не се одржи Охридскиот пливачки маратон зошто Националната пливачка федерација немала пари.
Стево, претседателе, што и да си, покровител си на маратонот, нели ти е срам да го уништуваш тоа што некој ти го оставил, а ти си требало само да го продолжиш? Значи никој не бара од тебе да измислуваш нешто ново, туку само да го продолжиш децениското наследство. Нели ти е срам да излезеш во јавност после ваков кикс? Па, јубилеј од 60 години требало да се прослави оваа година, ама тоа тебе и на твоите не ви е важно. Знаеш да одмараш во вилата во Охрид, ама пари за маратонот нема! Како може да има пари за прослава на ДУИ која ништо не значи и на која се исвиркува македонскиот јазик, а да нема пари за охридскиот пливачки маратон? Стево, свесен ли си колку си грешен? Македонија немала послаб претседател на држава! Македонија нема претседател на држава, стои во објавата на Ковачки.

The post Македонија нема претседател на држава!, реагира Ковачки по веста дека нема пари за Охридски маратон appeared first on Република.

]]>
Владо Јовановски: Господине Пендаровски, има идеи колку сакаш, ама не знам дали не ги слушаш оти си пред иселување https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/vlado-jovanovski-gospodine-pendarovski-ima-idei-kolku-sakash-ama-ne-znam-dali-ne-gi-slushash-oti-si-pred-iseluvanje/ Wed, 17 Aug 2022 20:46:50 +0000 https://republika.mk/?p=541515

Ако нема пари за одржување на Охридскиот пливачки маратон, тогаш под итно дислоцирање на истиот во Преспа. Поевтино е, нема да има прекин на традицијата, а и еве го кај е Преспанско Езеро, преку Галичица е. Плус, дури не мора да биде пливачки маратонот. Може да биде трчачки. Пр. „Преспански тркачки маратон во вода до колена"!, саркастично коментира актерот Владо Јовановски, на веста дека годинава поради замрзната сметка нема да се одржи традиционалниот светски спортски настан во Охрид.

Така и ќе се подигне јавната свест за исчезнувањето на Преспанското Езеро, а и на индиректен начин (преку туризам), ќе им се помогне на ресенчани, кои се утепани од градот и од откупната цена на јаболкото.
Ако нема пари и за тоа, тогаш Дојран му е мајката, уф ѓољо.
Да ги видам сите светски пливачи, кој колку ќе издржи да се баина уф ѓољо(не мора да плива), само да клече до гуша и да се баина?
На најдобриот ќе му се даде честа лично да го исчисти каналот „Ѓавато - Дојран", канал кој до пред половина година го полнеше езерото со чиста и проточна вода.
Господине Пендаровски (покровителу на Охридскиот маратон), има идеи колку сакаш, ама не знам дали не ги слушаш, затоа што си пред иселување од Македонија, само што си спречен од функцијата што ја обавуваш. "Председател на Р. Македонија"!
Боже колку моќна позиција е таа! Колку убавини и добрини може да се сторат за Македонија од тоа место.
А Ти "Брат", шу праиш?
Како Ти минува времево во овој меѓупериод, пред иселување, освен што правиш "журки", за државни и национални празници, по дома?, му порача Јовановски.

The post Владо Јовановски: Господине Пендаровски, има идеи колку сакаш, ама не знам дали не ги слушаш оти си пред иселување appeared first on Република.

]]>

Ако нема пари за одржување на Охридскиот пливачки маратон, тогаш под итно дислоцирање на истиот во Преспа. Поевтино е, нема да има прекин на традицијата, а и еве го кај е Преспанско Езеро, преку Галичица е. Плус, дури не мора да биде пливачки маратонот. Може да биде трчачки. Пр. „Преспански тркачки маратон во вода до колена"!, саркастично коментира актерот Владо Јовановски, на веста дека годинава поради замрзната сметка нема да се одржи традиционалниот светски спортски настан во Охрид.
Така и ќе се подигне јавната свест за исчезнувањето на Преспанското Езеро, а и на индиректен начин (преку туризам), ќе им се помогне на ресенчани, кои се утепани од градот и од откупната цена на јаболкото. Ако нема пари и за тоа, тогаш Дојран му е мајката, уф ѓољо. Да ги видам сите светски пливачи, кој колку ќе издржи да се баина уф ѓољо(не мора да плива), само да клече до гуша и да се баина? На најдобриот ќе му се даде честа лично да го исчисти каналот „Ѓавато - Дојран", канал кој до пред половина година го полнеше езерото со чиста и проточна вода. Господине Пендаровски (покровителу на Охридскиот маратон), има идеи колку сакаш, ама не знам дали не ги слушаш, затоа што си пред иселување од Македонија, само што си спречен од функцијата што ја обавуваш. "Председател на Р. Македонија"! Боже колку моќна позиција е таа! Колку убавини и добрини може да се сторат за Македонија од тоа место. А Ти "Брат", шу праиш? Како Ти минува времево во овој меѓупериод, пред иселување, освен што правиш "журки", за државни и национални празници, по дома?, му порача Јовановски.

The post Владо Јовановски: Господине Пендаровски, има идеи колку сакаш, ама не знам дали не ги слушаш оти си пред иселување appeared first on Република.

]]>
Срамна е одлуката за неодржување на маратонот, вели градоначалникот на Охрид https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sramna-e-odlukata-za-neodrzuvanje-na-maratonot-veli-gradonachalnikot-na-ohrid/ Wed, 17 Aug 2022 17:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=541489

Изразувам огромно жалење поради информацијата дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон, кој е под покровителство на Претседателот на Македонија, вели градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков кој додаде дека Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација, затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки.

https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/godinava-nema-ohridski-maraton-se-nemalo-pari-za-ovaa-tradicija/

Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон.
Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање.
Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер.
Апелирам да престане уништувањето на националните симболи и манифестации по кои е препознатлива Македонија, вели Пецаков.

The post Срамна е одлуката за неодржување на маратонот, вели градоначалникот на Охрид appeared first on Република.

]]>

Изразувам огромно жалење поради информацијата дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон, кој е под покровителство на Претседателот на Македонија, вели градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков кој додаде дека Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација, затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/godinava-nema-ohridski-maraton-se-nemalo-pari-za-ovaa-tradicija/
Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон. Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање. Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер. Апелирам да престане уништувањето на националните симболи и манифестации по кои е препознатлива Македонија, вели Пецаков.

The post Срамна е одлуката за неодржување на маратонот, вели градоначалникот на Охрид appeared first on Република.

]]>
Годинава нема Охридски маратон, се немало пари за оваа традиција https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/godinava-nema-ohridski-maraton-se-nemalo-pari-za-ovaa-tradicija/ Wed, 17 Aug 2022 16:08:45 +0000 https://republika.mk/?p=541471

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими Горан Стојановски, претседател на Националната пливачка федерација.

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, на средбата се разговараше за реализираните активности на Националната пливачка федерација, за организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план, како и за идните планови на федерацијата.

Претседателот на Националната пливачка федерација информираше дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата и ги образложи причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското работење на претходното раководство, се наведува во соопштението.

The post Годинава нема Охридски маратон, се немало пари за оваа традиција appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими Горан Стојановски, претседател на Националната пливачка федерација. Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, на средбата се разговараше за реализираните активности на Националната пливачка федерација, за организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план, како и за идните планови на федерацијата.
Претседателот на Националната пливачка федерација информираше дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата и ги образложи причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското работење на претходното раководство, се наведува во соопштението.

The post Годинава нема Охридски маратон, се немало пари за оваа традиција appeared first on Република.

]]>