Со воведување на двете новите дестинации Истанбул – Охрид и Базел Милхаус – Охрид, практично започнуваме нова ера во развојот на авиосообраќајот токму преку охридскиот аеродром. Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот бидејќи стратегијата ни даде резултати. Го донесовме „Туркиш ерлајнс“ кој ќе лета 4 пати неделно од главниот аеродром во Истанбул кон Охрид и тој е еден од најголемите аеродроми со најмногу поврзувања, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николски во интервју за ТВМ.
Тој потенцираше дека ова е успешен јавен повик бидејќи на овој начин ќе се понуди Охрид како главен туристички центар во регионот, каде се отвора можности за развој на туризмот.
Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот бидејќи сега се поврзуваме со главниот аеродром во Истанбул кој е еден од најголемите аеродорми со најмногу конектинг летови. Потоа го имаме Охрид до Базел Милхус, аеродром на тромеѓето меѓу Швајцарија, Франција и Германија кој па отвора многу можности за нашата дијаспора и голем број туристи од тие земји, истакна министерот Николоски.
Тој во интервјуто потенцираше дека е сменет моделот на субвенционирање по патник во доаѓање бидејќи се очекува дека овој модел ќе донесе дополнителни 200 илјади туристи годишно.
Најави дека овој месец ќе се распише нов јавен повик каде се очекува да се воспостават нови авиолинии од Охрид, а за следната година да се започне со реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродорм.
The post Николоски: Започнуваме да го развиваме охридскиот аеродром appeared first on Република.
]]>Со воведување на двете новите дестинации Истанбул – Охрид и Базел Милхаус – Охрид, практично започнуваме нова ера во развојот на авиосообраќајот токму преку охридскиот аеродром. Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот бидејќи стратегијата ни даде резултати. Го донесовме „Туркиш ерлајнс“ кој ќе лета 4 пати неделно од главниот аеродром во Истанбул кон Охрид и тој е еден од најголемите аеродроми со најмногу поврзувања, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николски во интервју за ТВМ.
Тој потенцираше дека ова е успешен јавен повик бидејќи на овој начин ќе се понуди Охрид како главен туристички центар во регионот, каде се отвора можности за развој на туризмот.
Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот бидејќи сега се поврзуваме со главниот аеродром во Истанбул кој е еден од најголемите аеродорми со најмногу конектинг летови. Потоа го имаме Охрид до Базел Милхус, аеродром на тромеѓето меѓу Швајцарија, Франција и Германија кој па отвора многу можности за нашата дијаспора и голем број туристи од тие земји, истакна министерот Николоски.
Тој во интервјуто потенцираше дека е сменет моделот на субвенционирање по патник во доаѓање бидејќи се очекува дека овој модел ќе донесе дополнителни 200 илјади туристи годишно.
Најави дека овој месец ќе се распише нов јавен повик каде се очекува да се воспостават нови авиолинии од Охрид, а за следната година да се започне со реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродорм.
The post Николоски: Започнуваме да го развиваме охридскиот аеродром appeared first on Република.
]]>Бројот на патници услужени на двата меѓународни аеродроми во земјава достигна 432.678 во првите два месеци од годината, што е за 39,5 насто повеќе во споредба со истиот период од минатата година, соопшти „Aeroports de Paris“ (АДП).
Според последното соопштение од „АДП“, само во февруари, бројот на патници достигнал 189.434, што е за 30,8 отсто повеќе од февруари 2023 година.
Остварениот сообраќај на аеродромите во Охрид и Скопје за првите два месеци годинава достигна 3.521 летови, што е за 34,5 проценти повеќе споредбено со истиот период лани. Само во февруари на двата аеродрома се реализирани 1.590 летови или 30,1 проценти повеќе отколку во февруари минатата година.
Инаку, компанијата „АДП“ поседува 46 проценти од акциите на компанијата „ТАВ аеродроми“, турскиот концерн што стопанисува со аеродромите во Скопје и Охрид.
The post Зголемен бројот на патници и летови од аеродромите во Скопје и Охрид во првите два месеци од 2024 година appeared first on Република.
]]>The post Зголемен бројот на патници и летови од аеродромите во Скопје и Охрид во првите два месеци од 2024 година appeared first on Република.
]]>На охридскиот аеродром “Свети Апостол Павле” денеска пристигна првата група со 180 туристи oд Амстердам.
Холанѓаните се традиционални гости на брегот на Охридско езеро кои уживаат во природата и богатото културно историско наследство. Директорот на АППТ Љупчо Јаневски истакна дека најавите за оваа сезона се оптимистички, уште во првиот квартал од годинава има зголемување на бројот на туристи од Холандија за 22% во однос на 2019 година, која се смета за најдобрата во туризмот.
“Покрај холaндските гости ќе имаме чартер летови од ТУИ Велика Британија, потоа уште неколку тур оператори од Холандија, Полска, Турција, Израел, традиционалните пазари и предвидено е според стратешкото планирање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот да имаме помеѓу 15 до 20% раст на дестинацијата, што според мене е одржливо”- потенцира директорот на АППТ Јаневски.
“Се истакнуваат неколку дестинации, тоа се турските туристи, португалските, српските, босанските, холандските, романските туристи кои што имаат подобри позитивни резултати во 2023 година за разлика од 2019 година”- додаде Љупчо Јаневски.
ТУИ годинава ќе има четири чартер летови неделно од Холандија и два од Велика Британија.
“Се надеваме ова лето да се вратиме на бројките од 2019 година која беше најдобрата референтна туристичка година, и се надеваме дека ќе донесеме многу среќни и задоволни гости“- изјави Аријан Керс генерален директор на ТУИ Холандија.
Според најновата статистика имаме околу 10 600 патника, а очекуваме околу 18 000, со овој растат можно е да имаме и повеќе“- изјави Васко Коциров од туристичката агенција партнер на тур операторот ТУИ.
Бројот на летови од Охрид се зголемува, а се воведуваат и нови линии. Охрид ова лето очекува плодна сезона. Според прогнозите на АППТ од туризмот годинава се очекува 3,2 до 3,3 милиони ноќевања и над 5 милјарди долари директен прилив во домашната економија.
The post АППТ: На охридскиот аеродром пристигна првата група со 180 туристи oд Амстердам appeared first on Република.
]]>The post АППТ: На охридскиот аеродром пристигна првата група со 180 туристи oд Амстердам appeared first on Република.
]]>Нови летови и нови авиолинии од домашните аеродроми се најавуваат во текот на летната сезона. Летниот ред на летови почна да се применува од полноќ. Од ТАВ Македонија за МИА велат дека очекуваат успешна летна сезона и оваа да биде година на целосно постпандемиско закрепнување.
„Lufthansa“ од 23 април ќе почне да лета на релација Франкфурт-Скопје-Франкфурт, со десет летови неделно. Нова дестинација, Сплит, ќе биде воведена од страна на „Croatia Airlines“ од скопскиот аеродром. Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври 2023 година, два пати неделно. Уште еден новитет доаѓа од охридскиот аеродром и од авиокомпанијата Air Serbia, која ќе ја обнови линијата Белград-Охрид од јуни 2023 година. Македонскиот туристички и културен центар Охрид ќе се поврзува авионски со Белград четири пати неделно, изјавија за МИА од ТАВ Македонија.
Како и во изминатите летни сезони, и оваа, ќе има сезонски летови од скопскиот аеродром до летните дестинации како Анталија, Измир, Бодрум, Хургада и Тунис (Монастир/Енфида). Овие сезонски летови најчесто почнуваат кон крајот на мај се до октомври.
Секако, очекуваме и повеќе патници од сезонските линии на Охридскиот аеродром од традиционалните дестинации/земји од/до кои се лета во текот на летната сезона, како што се Холандија (Амстердам и Мастрихт) и Полска (Варшава и Катовице). Со ова, ТАВ Македонија очекува успешна летна сезона и очекува оваа година да биде година на целосно постпандемиско закрепнување, велат од ТАВ Македонија.
Според актуелниот ред на летање за скопскиот аеродром, 20 авиокомпании сообраќаат до вкупно 44 дестинации, додека од охридскиот аеродром сообраќаат шест авиокомпании до девет дестинации. Сепак, како што потенцира аеродромскиот оператор, редот на летови секогаш може да претрпи промени, односно како што ги добиваат информациите од авиокомпаниите. Ова е причината поради која ТАВ Македонија секогаш ги советува патниците да ги следат веб-страниците на скопскиот и охридскиот аеродром за ажурирање во реално време и секако, да проверат кај авиокомпанијата со која патуваат.
Нови авиолинии во државава се очекуваат со повикот за доделување субвенции. На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз ер”. Тековниот повик за субвенции следуваше по поништувањето на претходниот што го објави Министерството за транспорт и врски, на кој аплицираа авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“, но Комисијата за евалуација констатираше дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација.
Со тековниот повик за субвенции се доделува финансиска поддршка за нови авиолинии за периодот 2023 - 2025 година. Износот за субвенциите за годинава изнесува 1,1 милион евра.
The post Нови летови од и до македонските аеродроми appeared first on Република.
]]>„Lufthansa“ од 23 април ќе почне да лета на релација Франкфурт-Скопје-Франкфурт, со десет летови неделно. Нова дестинација, Сплит, ќе биде воведена од страна на „Croatia Airlines“ од скопскиот аеродром. Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври 2023 година, два пати неделно. Уште еден новитет доаѓа од охридскиот аеродром и од авиокомпанијата Air Serbia, која ќе ја обнови линијата Белград-Охрид од јуни 2023 година. Македонскиот туристички и културен центар Охрид ќе се поврзува авионски со Белград четири пати неделно, изјавија за МИА од ТАВ Македонија.Како и во изминатите летни сезони, и оваа, ќе има сезонски летови од скопскиот аеродром до летните дестинации како Анталија, Измир, Бодрум, Хургада и Тунис (Монастир/Енфида). Овие сезонски летови најчесто почнуваат кон крајот на мај се до октомври.
Секако, очекуваме и повеќе патници од сезонските линии на Охридскиот аеродром од традиционалните дестинации/земји од/до кои се лета во текот на летната сезона, како што се Холандија (Амстердам и Мастрихт) и Полска (Варшава и Катовице). Со ова, ТАВ Македонија очекува успешна летна сезона и очекува оваа година да биде година на целосно постпандемиско закрепнување, велат од ТАВ Македонија.Според актуелниот ред на летање за скопскиот аеродром, 20 авиокомпании сообраќаат до вкупно 44 дестинации, додека од охридскиот аеродром сообраќаат шест авиокомпании до девет дестинации. Сепак, како што потенцира аеродромскиот оператор, редот на летови секогаш може да претрпи промени, односно како што ги добиваат информациите од авиокомпаниите. Ова е причината поради која ТАВ Македонија секогаш ги советува патниците да ги следат веб-страниците на скопскиот и охридскиот аеродром за ажурирање во реално време и секако, да проверат кај авиокомпанијата со која патуваат. Нови авиолинии во државава се очекуваат со повикот за доделување субвенции. На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз ер”. Тековниот повик за субвенции следуваше по поништувањето на претходниот што го објави Министерството за транспорт и врски, на кој аплицираа авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“, но Комисијата за евалуација констатираше дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација. Со тековниот повик за субвенции се доделува финансиска поддршка за нови авиолинии за периодот 2023 - 2025 година. Износот за субвенциите за годинава изнесува 1,1 милион евра.
The post Нови летови од и до македонските аеродроми appeared first on Република.
]]>