Охридска школа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohridska-shkola/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Aug 2022 12:07:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Охридска школа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohridska-shkola/ 32 32 Aкадемикот кој го прими Георгиев во МАНУ го побива со факти за Плисковско-преславската и Охридската школа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/akademikot-koj-go-primi-georgiev-vo-manu-go-pobiva-so-fakti-za-pliskovsko-preslavskata-i-ohridskata-shkola/ Tue, 16 Aug 2022 10:23:14 +0000 https://republika.mk/?p=540872

Копретседавачот на заедничката македонско-бугарска историска комисија, академик Драги Ѓоргиев, со објавувањето на содржината на протоколите за заедничко чествување и менување на учебниците ја уби македонската наука! И тоа не подалечната, туку оваа најновата, анализира „Пресинг ТВ“.

По ова, од титулата академик треба да се откаже или да им се одземе или (на) самиот Драги Ѓоргив или (на) Ѓорги Поп-Атанасов! А, благодарние на историчарот на Зоран Заев и на Димитар Ковачевски, од своите научни дипломи и звања ќе мораат да ги искинат и да се откажат и со тоа да се повлечат од функциите, што ги извршуваат, уште најмалку тројца експерти или „експерти“. И тоа проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, проф. д-р Анета Дучевска, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и проф. д-р Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик.

Зашто, академик Ѓорги Поп-Атанасов е автор на текстот ОХРИДСКАТА КНИЖЕВНА ШКОЛА НАСПРОТИ ПЛИСКОВСКО-ПРЕСЛАВСКАТА (ОДЛИКИ И РАЗЛИКИ)“, што во 2020 година е објавен во колективната монографија „Македонскиот јазик-континуитет во простор и време“ во издание на МАНУ. Додека Јованова-Грујовска, Анета Дучевска и Спасов се членови на издавачкиот совет.

Самиот наслов, а и содржината во текстот во должина од осум страници на академик Поп-Атанасов се во директна спротивност со тоа на што се согласија Ѓоргиев и останатите членови на македонскиот дел од комисијата за менување на учебниците во поглед на значењето и поврзаноста на Преславската и Охридската книжевна школа, што повеќе од очигледно сега се спакувани во чисто бугарски историски целофан.

„...Двете средновековни книжевни школи – Плисковско-преславската и Охридската, се одликуваат со свои специфични карактеристики и вообласта на јазикот. Во Охридската книжевна школа, на пример, покрајприврзаноста кон првобитното словенско писмо – глаголицата, долговреме се чувале и архаичните јазични особености на првобитните словенски текстови од Моравија (Илиевски2001: 274). Овие јазични особености, фактички, се наследени од јазикот на македонските Словениод Солунско, којшто легнал во основата на првиот словенски книжевенјазик, поради што им биле блиски не само на Светите Климент и Наум,кои потекнувале од овие краишта, туку и на населението во западниот дел на Македонија, каде што се одвивала дејноста на Охридската книжевна школа.
Од друга страна, јазикот нa Кирилометодиевите преводи не бил
својствен за дијалектната средина на Плисковско-преславскиот регион, поради што се почнало со негово ревидирање и приближување кон дијалектниот ареал на Североисточна Бугарија. Многу архаични лексемиод првобитните преводи биле заменети со дијалектни зборови карактеристични за овој регион, старобугаризми (протобугаризми) и сл. Меѓупроменетата лексика имало грцизми, заемки од староеврејскиот јазик,
моравизми, но и редица лексеми карактеристични за македонското ја
зично подрачје. Така, со текот на времето, се оформиле групи лексичкисиноними, коишто биле карактеристични за едната или за другата книжевна школа и коишто, обично, се означуваат со термините „охриди
зми“, односно „преславизми...“, пишува меѓу другото академик Поп-Атанасов.

За потсетување, имињата на Јованова-Грујовска, Дучевска и Спасов беа дел и од резилот поврзан со унилатералната изјава за македонскиот јазик, што неодамна ја објави Министерството за надворешни работи како преземена обврска од францускиот предлог за укинување на бугарското вето за почеток на преговорите на Македонија за членство во Европската унија.

Историчарот на Заев и на Таче, Драги Ѓоргиев, никогаш во јавноста не демантираше дека предлогот за избор на академик го напишал самиот тој и на него само се потпишале двајца потребни академици, од кои едниот беше токму Поп-Атанасов.

Откажувањето или одземањето на академските титули, како и кинењето на дипломите, откажувањто од звањата и оставките од функциите се само нормален етичко-морален след на работите. Зашто, во спротивно, ќе остане неизбежен целосно разголениот факт дека македонската наука се наоѓа во канџите на дневно-политичкото проституирање.

The post Aкадемикот кој го прими Георгиев во МАНУ го побива со факти за Плисковско-преславската и Охридската школа appeared first on Република.

]]>

Копретседавачот на заедничката македонско-бугарска историска комисија, академик Драги Ѓоргиев, со објавувањето на содржината на протоколите за заедничко чествување и менување на учебниците ја уби македонската наука! И тоа не подалечната, туку оваа најновата, анализира „Пресинг ТВ“.
По ова, од титулата академик треба да се откаже или да им се одземе или (на) самиот Драги Ѓоргив или (на) Ѓорги Поп-Атанасов! А, благодарние на историчарот на Зоран Заев и на Димитар Ковачевски, од своите научни дипломи и звања ќе мораат да ги искинат и да се откажат и со тоа да се повлечат од функциите, што ги извршуваат, уште најмалку тројца експерти или „експерти“. И тоа проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, проф. д-р Анета Дучевска, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и проф. д-р Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик.
Зашто, академик Ѓорги Поп-Атанасов е автор на текстот ОХРИДСКАТА КНИЖЕВНА ШКОЛА НАСПРОТИ ПЛИСКОВСКО-ПРЕСЛАВСКАТА (ОДЛИКИ И РАЗЛИКИ)“, што во 2020 година е објавен во колективната монографија „Македонскиот јазик-континуитет во простор и време“ во издание на МАНУ. Додека Јованова-Грујовска, Анета Дучевска и Спасов се членови на издавачкиот совет.
Самиот наслов, а и содржината во текстот во должина од осум страници на академик Поп-Атанасов се во директна спротивност со тоа на што се согласија Ѓоргиев и останатите членови на македонскиот дел од комисијата за менување на учебниците во поглед на значењето и поврзаноста на Преславската и Охридската книжевна школа, што повеќе од очигледно сега се спакувани во чисто бугарски историски целофан.
„...Двете средновековни книжевни школи – Плисковско-преславската и Охридската, се одликуваат со свои специфични карактеристики и вообласта на јазикот. Во Охридската книжевна школа, на пример, покрајприврзаноста кон првобитното словенско писмо – глаголицата, долговреме се чувале и архаичните јазични особености на првобитните словенски текстови од Моравија (Илиевски2001: 274). Овие јазични особености, фактички, се наследени од јазикот на македонските Словениод Солунско, којшто легнал во основата на првиот словенски книжевенјазик, поради што им биле блиски не само на Светите Климент и Наум,кои потекнувале од овие краишта, туку и на населението во западниот дел на Македонија, каде што се одвивала дејноста на Охридската книжевна школа.
Од друга страна, јазикот нa Кирилометодиевите преводи не бил
својствен за дијалектната средина на Плисковско-преславскиот регион, поради што се почнало со негово ревидирање и приближување кон дијалектниот ареал на Североисточна Бугарија. Многу архаични лексемиод првобитните преводи биле заменети со дијалектни зборови карактеристични за овој регион, старобугаризми (протобугаризми) и сл. Меѓупроменетата лексика имало грцизми, заемки од староеврејскиот јазик,
моравизми, но и редица лексеми карактеристични за македонското ја
зично подрачје. Така, со текот на времето, се оформиле групи лексичкисиноними, коишто биле карактеристични за едната или за другата книжевна школа и коишто, обично, се означуваат со термините „охриди
зми“, односно „преславизми...“, пишува меѓу другото академик Поп-Атанасов.
За потсетување, имињата на Јованова-Грујовска, Дучевска и Спасов беа дел и од резилот поврзан со унилатералната изјава за македонскиот јазик, што неодамна ја објави Министерството за надворешни работи како преземена обврска од францускиот предлог за укинување на бугарското вето за почеток на преговорите на Македонија за членство во Европската унија. Историчарот на Заев и на Таче, Драги Ѓоргиев, никогаш во јавноста не демантираше дека предлогот за избор на академик го напишал самиот тој и на него само се потпишале двајца потребни академици, од кои едниот беше токму Поп-Атанасов.