Охридска библиотека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohridska-biblioteka/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Aug 2024 14:55:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Охридска библиотека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohridska-biblioteka/ 32 32 И вака се сака Татковината и мајчиниот јазик: Донирани книги за децата кои учат македонски во Војводина https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/i-vaka-se-saka-tatkovinata-i-majchiniot-jazik-donirani-knigi-za-detsata-koi-uchat-makedonski-vo-vojvodina/ Fri, 02 Aug 2024 15:19:46 +0000 https://republika.mk/?p=802839

Деновиве во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид беше Охридија Димитровска наставничка од Вршац – Војводина.  

Димитровска веќе пет години предава македонски јазик со елементи на национална култура на ученици во ОУ „Моша Пијаде“ во Гудулица и во ОУ „Јован Стерја – Поповиќ“ во Вршац. Всушност во образовниот систем на Република Србија македонскиот јазик е одобрен во наставата како изборен предмет.

Наставничката Охридија ни објасни дека минатата учебна година имала по два часа неделно во мешовитите македонски паралелки составени со ученици од прво до шесто одделение а заинтересираните деца македонскиот можат да го учат до крајот на осмо одделение.

Чувствувајќи ја потребата и неопходноста од нова литература за учениците во Вршац ние направивме избор од книги ( поезија и раскази) од македонски и странски автори кои на Охридија Димитровска и’ ги предаде колешката – библиотекар Бети Лазеска – Симоноска.

Се надеваме дека од септември посебно децата ќе бидат радосни што ќе можат да читаат нови наслови на македонски.

Охридија е родена во Охрид по татко е Македонка, но како што ни рече од мала со родителите е преселена во Војводина. И покрај тоа често доаѓа во родниот Охрид, особено на лето.

The post И вака се сака Татковината и мајчиниот јазик: Донирани книги за децата кои учат македонски во Војводина appeared first on Република.

]]>

Деновиве во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид беше Охридија Димитровска наставничка од Вршац – Војводина.   Димитровска веќе пет години предава македонски јазик со елементи на национална култура на ученици во ОУ „Моша Пијаде“ во Гудулица и во ОУ „Јован Стерја – Поповиќ“ во Вршац. Всушност во образовниот систем на Република Србија македонскиот јазик е одобрен во наставата како изборен предмет. Наставничката Охридија ни објасни дека минатата учебна година имала по два часа неделно во мешовитите македонски паралелки составени со ученици од прво до шесто одделение а заинтересираните деца македонскиот можат да го учат до крајот на осмо одделение. Чувствувајќи ја потребата и неопходноста од нова литература за учениците во Вршац ние направивме избор од книги ( поезија и раскази) од македонски и странски автори кои на Охридија Димитровска и’ ги предаде колешката – библиотекар Бети Лазеска – Симоноска. Се надеваме дека од септември посебно децата ќе бидат радосни што ќе можат да читаат нови наслови на македонски. Охридија е родена во Охрид по татко е Македонка, но како што ни рече од мала со родителите е преселена во Војводина. И покрај тоа често доаѓа во родниот Охрид, особено на лето.

The post И вака се сака Татковината и мајчиниот јазик: Донирани книги за децата кои учат македонски во Војводина appeared first on Република.

]]>
Месец на полската литература во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mesets-na-polskata-literatura-vo-bibliotekata-grigor-prlichev-vo-ohrid/ Tue, 14 May 2024 08:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=777845

Амбасадата на Република Полска информира, дека месец мај тече во знак на одбележувањето на полската книжевност во македонските библиотеки. Од таму во соопштението до јавноста велат:

Ги покануваме сите заинтересирани да позајмат книга од полски автор, која ќе ја најдат меѓу библиотекарската колекција.  Читателите ги очекуваат симболични сувенири.

По повод месецот на Полската литература објавуваме конкурс за читателите: Конкурс за возрасните читатели: Рецензија на прочитана книга од полски автор и Конкурс за деца (од 5 до 12 г.): цртеж на лик од прочитана книга од полски автор (техниката во која ќе биде изработен цртежот е по желба).

Рецензиите (потпишани со име и презиме) Ве молиме испратете ги на е-адресата:

skopje.amb.sekretariat@msz.gov.pl до 10 јуни 2024 г.

Цртежите потпишани со име, презиме и возраст Ве молиме предавајте ги во вашите библиотеки во термин до 10 јуни 2024 г.

Ве молиме да доставите потпишано одобрение за објавување на рецензиите и цртежите на социјалните медиуми, со име и презиме на авторите.

Жирито ќе ги оцени испратените рецензии и предадените цртежи, а по тројца автори од двете категории со највисоки оцени ќе бидат наградени со книги. За сите учесници следуваат мали сувенири.

Резултатите ќе бидат објавени на 14 јуни 2024 на страниците на Амбасадата и  библиотеките.

Ги охрабруваме сите да земат учество во конкурсите.

Да читаме полска литература!

Охридската библиотека „Григор Прличев“ се приклучува кон оваа акција и уште од понеделник сите наслови ќе им стојат на располагање на читателите, а на својата веб и Фејсбук страница библиотеката ќе ги објави сите 53 наслови за читателите да можат да одберат и секој работен ден на Фејсбук страницата на библиотеката ќе бидат споделувани по два наслови од полски автори.

The post Месец на полската литература во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Република Полска информира, дека месец мај тече во знак на одбележувањето на полската книжевност во македонските библиотеки. Од таму во соопштението до јавноста велат:
Ги покануваме сите заинтересирани да позајмат книга од полски автор, која ќе ја најдат меѓу библиотекарската колекција.  Читателите ги очекуваат симболични сувенири. По повод месецот на Полската литература објавуваме конкурс за читателите: Конкурс за возрасните читатели: Рецензија на прочитана книга од полски автор и Конкурс за деца (од 5 до 12 г.): цртеж на лик од прочитана книга од полски автор (техниката во која ќе биде изработен цртежот е по желба). Рецензиите (потпишани со име и презиме) Ве молиме испратете ги на е-адресата: skopje.amb.sekretariat@msz.gov.pl до 10 јуни 2024 г. Цртежите потпишани со име, презиме и возраст Ве молиме предавајте ги во вашите библиотеки во термин до 10 јуни 2024 г. Ве молиме да доставите потпишано одобрение за објавување на рецензиите и цртежите на социјалните медиуми, со име и презиме на авторите. Жирито ќе ги оцени испратените рецензии и предадените цртежи, а по тројца автори од двете категории со највисоки оцени ќе бидат наградени со книги. За сите учесници следуваат мали сувенири. Резултатите ќе бидат објавени на 14 јуни 2024 на страниците на Амбасадата и  библиотеките. Ги охрабруваме сите да земат учество во конкурсите. Да читаме полска литература!  
Охридската библиотека „Григор Прличев“ се приклучува кон оваа акција и уште од понеделник сите наслови ќе им стојат на располагање на читателите, а на својата веб и Фејсбук страница библиотеката ќе ги објави сите 53 наслови за читателите да можат да одберат и секој работен ден на Фејсбук страницата на библиотеката ќе бидат споделувани по два наслови од полски автори.

The post Месец на полската литература во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
1 500 000,00 денари од Годишната програма на Министерството за култура за охридската Библиотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/1-500-000-00-denari-od-godishnata-programa-na-ministerstvoto-za-kultura-za-ohridskata-biblioteka/ Sun, 12 Feb 2023 15:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=608055

И во услови на криза – рекорден буџет за Библиотеката во поглед на прифатените проекти од Министерството за култура, велат оттаму.

По соопштувањето на резултатите од Годишниот конкурс за институциите од национален карактер од страна на Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, директорот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, Милчо Јованоски изрази задоволство од прифатените проекти и планираните средства кои за нивна реализација ќе ги одвои ресорното министерство за култура.

На конкурсот за 2023 година конкуриравме со 28 проекти претежно во областа на библиотечната дејност, набавката на нови книги но и во делот на издавачката програма, инвестициите и меѓународната соработка. Среќен сум што Комисиите составени од стручни лица во тие области прифатија дури 21 наш проект за кои ќе бидат издвоени на 1 500 000,00 денари. Тоа се средства кои се плус од финансиите кои Министерството ќе ги одвојува за нашата Установа за плати и материјални трошоци. Важно е да се нагласи дека и во време на економска криза и војната во Украина која се рефлектира индиректно и врз Буџетот во културата нашата Установа за годинава по Конкурсот добива најмногу средства за Проекти во последнава деценија ипол, вели директорот Јованоски.

Според него, освен за збогатување на книжниот фонд, за кој годинава ќе бидат издвоени 350 000,00 денари, Министерството, финансиски ќе помогне во делот на заштитата на оштетените стари раритетни книги по пат на конзервација и реставрација и создавање на услови за соодветен трезор во Библиотеката за нивно чување. Проектот тежи 300 000 денари и годинашните зафати ќе значат само почеток на овој долг процес.

Прв пат Библиотеката добива два проекти во делот на меѓународната соработка преку кои ќе биде претставено творештвото на големиот поет Григор Прличев.

Имено, Извршниот комитет на Меѓународната академија „Михаи Еминеску“ од Крајова во Романија кој меѓу своите основачи има двајца добитници на Нобелова награда, како единствена институција во Романија поканета од Кралската Шведска академија и Нобеловиот комитет да номинира кандидати за Нобеловата награда за литература, заедно со НУ Библиотека „Григор Прличев“ годинава ќе организираат едно издание од нивниот Светски поетски фестивал токму во Охрид. За оваа намена како поткрепа од министерството, библиотеката ќе добие 190 000,00 денари. Меѓу другото годинава ќе почне соработка помеѓу НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид и ЈУ Библиотека „Борисав Бора Станковиќ“ од Врање. Ќе следи потпишување на Меморандум за соработка, собирање искуства во областа на библиотекарството и запознавање на граѓаните со македонската и српската книжевност, вели Јованоски.

Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска образложувајќи ги резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес истакна дека оваа година, според исходот од конкурсите, културата останува во духот на разновидноста, традицијата и националниот идентитет. Буџетот за поддршка на проекти во културата за оваа година изнесува 12,5 милиони евра.

The post 1 500 000,00 денари од Годишната програма на Министерството за култура за охридската Библиотека appeared first on Република.

]]>

И во услови на криза – рекорден буџет за Библиотеката во поглед на прифатените проекти од Министерството за култура, велат оттаму. По соопштувањето на резултатите од Годишниот конкурс за институциите од национален карактер од страна на Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, директорот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, Милчо Јованоски изрази задоволство од прифатените проекти и планираните средства кои за нивна реализација ќе ги одвои ресорното министерство за култура.