охридска архиепископија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohridska-arhiepiskopija/ За подобро да се разбереме Sun, 05 May 2024 10:28:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png охридска архиепископија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohridska-arhiepiskopija/ 32 32 Г.Г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-da-gi-zatsvrstime-edinstvoto-i-slogata-da-gi-nadmineme-raznoglasijata-i-megusebnite-podelbi/ Sun, 05 May 2024 07:17:45 +0000 https://republika.mk/?p=774374

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, Архиепископ охридски и македонски, заедно со Светиот архијерејски Синод, по повод Велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, до монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија:

„Денес сето создание се весели и се радува,

зашто – Христос воскресна[1].

Возљубени празникољупци,

Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење! Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата.

Господ Исус Христос, со Своето воскресение од мртвите, ни го осмисли нашиот живот, и не само овој – земниот, туку и небесниот, односно ни го дари вечниот живот во Неговото Царство. Токму преку Христовото воскресение се одгатнаа сите загатки со коишто, уште од паѓањето во грев, се соочуваше немоќното и безутешно човештво, а коишто завршуваа со суровоста на смртта. Ете, токму преку тоа Чудо над чудата, ние, луѓето, од смртни станавме бесмртни[2] и ни беше овозможено трајно да се ослободиме од прангите на смртта и да се упатиме кон Оној Kojшто и самиот е Живот[3] – кон Христа Животодавецот.

Возљубени сорадосници во Христа воскреснатиот,

Радоста, којашто извира од тајната на Христовото воскресение и којашто, еве, сите ние, како христијани, ја сведочиме повеќе од две илјади лета, е неизмерна. Но, оваа неискажлива и преславна радост[4] не треба да биде минливо чувство, коешто ќе нѐ обземе само во овие празнични дни, туку, напротив, треба да ни постане начин на живеење и на постоење.

Впрочем, и самото христијанство е вера на радоста! Ако не постои радост, тогаш не постои ни вистинско христијанство; ако немаме радост во нас и помеѓу нас, тогаш не сме ни вистински христијани, ни вистински учесници во Христовото воскресение, ниту, пак, вистински следбеници на Христа.

Според тоа, доколку сакаме да бидеме доследни подражатели на Христа и да врвиме по Неговите стапки, тогаш ќе мора да си ги земеме врз себе нашите животни крстови и, минувајќи низ сопствените голготи, истите да ги поднесеме докрај, и тоа со радост. Само на тој начин, во нашите души – и покрај сите животни премрежја, искушенија и предизвици – ќе ја почувствуваме бескрајната радост од Неговото воскресение и ќе заживееме со несфатливата и непреодна радост на вечниот живот.

Возљубени чеда во Господа,

Тајната на Христовото воскресение најмногу се открива во дарот на простувањето. Та, можно ли е вистински да го празнуваме Велигден – Празникот над празниците – ако не простуваме и ако не бараме да ни простат!? Можно ли е да водиме христијански живот и да се нарекуваме христијани ако во нашите срца се вгнездени злопамтивоста и одмаздољубивоста или, пак, ако во нашите души се всадени гневот и лутината!? Тоа е – невозможно! Да се живее вистински христијански живот – живот според Евангелието – значи да се постане обновен човек во Христа[5] и да се чекори по патот на богољубието и човекољубието – по патот којшто води кон Царството небесно.

Затоа, што е можно поскоро, да се угледаме кон сите оние коишто низ вековите Го возљубија Бога, а го возљубија и својот ближен, да се угледаме на нивниот богоугоден живот, во којшто особено се истакнува подвигот на човекољубието и на простувањето, па – со силата на Христовото воскресение – и сите ние, коишто се именуваме со Неговото име, да го возљубиме својот ближен и секому сѐ да простиме[6] за, на тој начин, да станеме наследници на вечниот живот.

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

Доколку се обѕрнеме во нашето историско раздобје, ќе воочиме огромни подеми и падови, како на црковен, така и на национален план. Впрочем, македонскиот народ, со Божја помош и поткрепа, успевал и сѐ уште успева достоинствено да ги извојува сите битки и да им одолее на сите непријателски настроенија, исполнети со лукави намери и со зли цели; и, притоа, со крената глава да продолжи по патот кон Бога – кон Изворот на добрините и на правдата.

Та, кој ќе се осмели да нѐ оспори како македонски народ и како македонска држава!? Со кое право некои сѐ уште се обидуваат да ни ги одрекуваат историјата и традицијата, јазикот и верата, кога сета македонска почва е напоена со просветителските дејанија на македонските црковно-просветни дејци, со истрајноста на сите наши родобранители, со крвта на недобројните наши маченици и со благоверието на мноштвото исповедници и поборници за зачувување на Православието на ова свето македонско тло!? Но, како што не потклекнаа нашите прадедовци, така и ние – како нивни потомци и како доследни пазители на аманетот доверен од нив – да не дозволиме отстапки пред оние коишто постојано посегнуваат по нашето најсвето; пред оние коишто гледаат да го зграбат она коешто со векови макотрпно е градено и коешто е сочувано до денешни дни. Наша должност и обврска треба да ни биде да им се спротивставуваме на сите оние коишто на секаков начин се трудат да ни го одземат она за коешто се дадени многу жртви и коишто се желни да ни ги приграбат: и историјата, и земјата, и културата, и јазикот и сѐ што е наше – македонско.

Затоа, што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ, и молитвено да притекнеме кон Бога и кон закрилникот на нашата најсвета автокефална Охридска и Македонска Црква – кон светиот Климент Охридски, та, по примерот на нашите предци, да се избориме со сите неприлики со коишто катадневно се соочуваме. Но, сето ова ќе го постигнеме само ако си ги зацврстиме единството, слогата и сплотеноста, односно само ако трајно ги надминеме внатрешните разногласија и меѓусебните поделби и несогласувања.

Возљубени родољупци,

Ова лето Господово достојно ќе одбележиме и повеќе годишнини, коишто се изнедрени од пазувите на нашето богато и славно минато. Меѓу нив, најпрво ќе си припомниме за Беласичката битка, од 1014-тата, којашто, всушност, е неделиво поврзана со градењето и со запазувањето на нашата долговековна историска посебност, а ќе се присетиме и на бележитите одлуки од Првото заседание на АСНОМ, одржано во манастирот „Свети Прохор Пчињски“, во 1944година. Исто така, ќе ги прославиме и 860-годишното постоење на велелепниот манастир „Свети великомаченик Пантелејмон“ во Нерези, Скопско, како и 100-годишнината од замонашувањето на возобновителот на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква – блаженоупокоениот Архиепископ Доситеј.

Еве, токму овие незаборавни настани нека ни бидат силен поттик за обнова на нашата црковно-национална самосвест, а истовремено нека ни бидат и постојани потсетници за она за коешто се бореле многу наши поколенија, а за коешто останува и ние да продолжиме да ги чуваме – нашата Татковина Македонија и нашата Македонска Црква.

Нека незаодната светлина од празникот на Христовото воскресение – Велигден, ни биде нераскинлива нишка којашто ќе нѐ поврзе сите Македонци – и овде, во Татковината, и насекаде каде што нашинците се иселени по светот – во единството на троедната љубов: во богољубието, братољубието и родољубието, та едногласно да воскликнеме пред сиот свет: Христос воскресе!“

The post Г.Г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, Архиепископ охридски и македонски, заедно со Светиот архијерејски Синод, по повод Велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, до монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија: „Денес сето создание се весели и се радува, зашто – Христос воскресна[1]. Возљубени празникољупци, Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење! Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата. Господ Исус Христос, со Своето воскресение од мртвите, ни го осмисли нашиот живот, и не само овој – земниот, туку и небесниот, односно ни го дари вечниот живот во Неговото Царство. Токму преку Христовото воскресение се одгатнаа сите загатки со коишто, уште од паѓањето во грев, се соочуваше немоќното и безутешно човештво, а коишто завршуваа со суровоста на смртта. Ете, токму преку тоа Чудо над чудата, ние, луѓето, од смртни станавме бесмртни[2] и ни беше овозможено трајно да се ослободиме од прангите на смртта и да се упатиме кон Оној Kojшто и самиот е Живот[3] – кон Христа Животодавецот. Возљубени сорадосници во Христа воскреснатиот, Радоста, којашто извира од тајната на Христовото воскресение и којашто, еве, сите ние, како христијани, ја сведочиме повеќе од две илјади лета, е неизмерна. Но, оваа неискажлива и преславна радост[4] не треба да биде минливо чувство, коешто ќе нѐ обземе само во овие празнични дни, туку, напротив, треба да ни постане начин на живеење и на постоење. Впрочем, и самото христијанство е вера на радоста! Ако не постои радост, тогаш не постои ни вистинско христијанство; ако немаме радост во нас и помеѓу нас, тогаш не сме ни вистински христијани, ни вистински учесници во Христовото воскресение, ниту, пак, вистински следбеници на Христа. Според тоа, доколку сакаме да бидеме доследни подражатели на Христа и да врвиме по Неговите стапки, тогаш ќе мора да си ги земеме врз себе нашите животни крстови и, минувајќи низ сопствените голготи, истите да ги поднесеме докрај, и тоа со радост. Само на тој начин, во нашите души – и покрај сите животни премрежја, искушенија и предизвици – ќе ја почувствуваме бескрајната радост од Неговото воскресение и ќе заживееме со несфатливата и непреодна радост на вечниот живот. Возљубени чеда во Господа, Тајната на Христовото воскресение најмногу се открива во дарот на простувањето. Та, можно ли е вистински да го празнуваме Велигден – Празникот над празниците – ако не простуваме и ако не бараме да ни простат!? Можно ли е да водиме христијански живот и да се нарекуваме христијани ако во нашите срца се вгнездени злопамтивоста и одмаздољубивоста или, пак, ако во нашите души се всадени гневот и лутината!? Тоа е – невозможно! Да се живее вистински христијански живот – живот според Евангелието – значи да се постане обновен човек во Христа[5] и да се чекори по патот на богољубието и човекољубието – по патот којшто води кон Царството небесно. Затоа, што е можно поскоро, да се угледаме кон сите оние коишто низ вековите Го возљубија Бога, а го возљубија и својот ближен, да се угледаме на нивниот богоугоден живот, во којшто особено се истакнува подвигот на човекољубието и на простувањето, па – со силата на Христовото воскресение – и сите ние, коишто се именуваме со Неговото име, да го возљубиме својот ближен и секому сѐ да простиме[6] за, на тој начин, да станеме наследници на вечниот живот. Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква, Доколку се обѕрнеме во нашето историско раздобје, ќе воочиме огромни подеми и падови, како на црковен, така и на национален план. Впрочем, македонскиот народ, со Божја помош и поткрепа, успевал и сѐ уште успева достоинствено да ги извојува сите битки и да им одолее на сите непријателски настроенија, исполнети со лукави намери и со зли цели; и, притоа, со крената глава да продолжи по патот кон Бога – кон Изворот на добрините и на правдата. Та, кој ќе се осмели да нѐ оспори како македонски народ и како македонска држава!? Со кое право некои сѐ уште се обидуваат да ни ги одрекуваат историјата и традицијата, јазикот и верата, кога сета македонска почва е напоена со просветителските дејанија на македонските црковно-просветни дејци, со истрајноста на сите наши родобранители, со крвта на недобројните наши маченици и со благоверието на мноштвото исповедници и поборници за зачувување на Православието на ова свето македонско тло!? Но, како што не потклекнаа нашите прадедовци, така и ние – како нивни потомци и како доследни пазители на аманетот доверен од нив – да не дозволиме отстапки пред оние коишто постојано посегнуваат по нашето најсвето; пред оние коишто гледаат да го зграбат она коешто со векови макотрпно е градено и коешто е сочувано до денешни дни. Наша должност и обврска треба да ни биде да им се спротивставуваме на сите оние коишто на секаков начин се трудат да ни го одземат она за коешто се дадени многу жртви и коишто се желни да ни ги приграбат: и историјата, и земјата, и културата, и јазикот и сѐ што е наше – македонско. Затоа, што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ, и молитвено да притекнеме кон Бога и кон закрилникот на нашата најсвета автокефална Охридска и Македонска Црква – кон светиот Климент Охридски, та, по примерот на нашите предци, да се избориме со сите неприлики со коишто катадневно се соочуваме. Но, сето ова ќе го постигнеме само ако си ги зацврстиме единството, слогата и сплотеноста, односно само ако трајно ги надминеме внатрешните разногласија и меѓусебните поделби и несогласувања. Возљубени родољупци, Ова лето Господово достојно ќе одбележиме и повеќе годишнини, коишто се изнедрени од пазувите на нашето богато и славно минато. Меѓу нив, најпрво ќе си припомниме за Беласичката битка, од 1014-тата, којашто, всушност, е неделиво поврзана со градењето и со запазувањето на нашата долговековна историска посебност, а ќе се присетиме и на бележитите одлуки од Првото заседание на АСНОМ, одржано во манастирот „Свети Прохор Пчињски“, во 1944година. Исто така, ќе ги прославиме и 860-годишното постоење на велелепниот манастир „Свети великомаченик Пантелејмон“ во Нерези, Скопско, како и 100-годишнината од замонашувањето на возобновителот на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква – блаженоупокоениот Архиепископ Доситеј. Еве, токму овие незаборавни настани нека ни бидат силен поттик за обнова на нашата црковно-национална самосвест, а истовремено нека ни бидат и постојани потсетници за она за коешто се бореле многу наши поколенија, а за коешто останува и ние да продолжиме да ги чуваме – нашата Татковина Македонија и нашата Македонска Црква. Нека незаодната светлина од празникот на Христовото воскресение – Велигден, ни биде нераскинлива нишка којашто ќе нѐ поврзе сите Македонци – и овде, во Татковината, и насекаде каде што нашинците се иселени по светот – во единството на троедната љубов: во богољубието, братољубието и родољубието, та едногласно да воскликнеме пред сиот свет: Христос воскресе!“

The post Г.Г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби appeared first on Република.

]]>
Проф.Велев: Разговорите за Охридската архиепископија ќе предизвикаат канонско црковни последици за МПЦ-ОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-velev-razgovorite-za-ohridskata-arhiepiskopija-kje-predizvikaat-kanonsko-crkovni-posledici-za-mpc-oa/ Mon, 05 Dec 2022 07:56:22 +0000 https://republika.mk/?p=581861

За потребата да се прекине со преговарањето за историјата на Охридската архиепископија во Комисијата укажува и проф. д-р Илија Велев, медиевист и византолог. Притоа, проф. Велев за „Пресинг ТВ“ укажува на два момента.

Неговата реакција доаѓа откако Охридската архиепископија стана тема за разговор во историската комисија меѓу Македонија и Бугарија, што беше жестоко нападнато како од познавачите на состојбите така и од граѓаните бидејќи се чепка во нешто што е дел од македонскиот идентитет.

 -Прво, покренувањето политички мотивиран диктат во мултидисциплинарната македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања за евентуалната „заедничка македонско-бугарска црковна историја“ на Охридската архиепископија во македонските учебници директно поттикнуваат отворање контраверзи, кои осмислено би требало да го проблематизираат духовното и црковното наслеследство на МПЦ од историскиот контекст на Охридската архиепископија.

И второ, не треба да се запостави и фактот дека хегемонистичките притисоци од страна на бугарскиот дел на Комисијата да и се надополни уште и бугарски историски контекст на Охридската архиепископија во македонските учебници и во црковноисторискиот наратив, би требало да „предизвика“ и евентуални канонски компликации во актуелните процеси за приклучувањето на МПЦ-ОА во единството на сеправославната екумена.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ljubcho-georgievski-gi-mesha-prstite-vo-rabotata-na-istoriskata-komisija/

The post Проф.Велев: Разговорите за Охридската архиепископија ќе предизвикаат канонско црковни последици за МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

За потребата да се прекине со преговарањето за историјата на Охридската архиепископија во Комисијата укажува и проф. д-р Илија Велев, медиевист и византолог. Притоа, проф. Велев за „Пресинг ТВ“ укажува на два момента. Неговата реакција доаѓа откако Охридската архиепископија стана тема за разговор во историската комисија меѓу Македонија и Бугарија, што беше жестоко нападнато како од познавачите на состојбите така и од граѓаните бидејќи се чепка во нешто што е дел од македонскиот идентитет.
 -Прво, покренувањето политички мотивиран диктат во мултидисциплинарната македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања за евентуалната „заедничка македонско-бугарска црковна историја“ на Охридската архиепископија во македонските учебници директно поттикнуваат отворање контраверзи, кои осмислено би требало да го проблематизираат духовното и црковното наслеследство на МПЦ од историскиот контекст на Охридската архиепископија.

И второ, не треба да се запостави и фактот дека хегемонистичките притисоци од страна на бугарскиот дел на Комисијата да и се надополни уште и бугарски историски контекст на Охридската архиепископија во македонските учебници и во црковноисторискиот наратив, би требало да „предизвика“ и евентуални канонски компликации во актуелните процеси за приклучувањето на МПЦ-ОА во единството на сеправославната екумена.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ljubcho-georgievski-gi-mesha-prstite-vo-rabotata-na-istoriskata-komisija/

The post Проф.Велев: Разговорите за Охридската архиепископија ќе предизвикаат канонско црковни последици за МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>
ДС: Да се преговара за тоа дали Охридската архепископија е македонска или бугарска е рамно на велепредавство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ds-da-se-pregovara-za-toa-dali-ohridskata-arhepiskopija-e-makedonska-ili-bugarska-e-ramno-na-velepredavstvo/ Mon, 28 Nov 2022 11:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=579094

Демократскиот сојуз смета дека Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, не е надлежна да разговара и преговара за историските аспекти на Охридската архепископија, по што треба усогласен текст да се вгради во учебниците за основно образование.

Охридската архепископија е поврзана со вековното опстојување и посебноста на македонскиот народ, поради што да се преговара за тоа дали оваа Архепископија е македонска или бугарска е рамно на велепредавство. Евентуалниот договор ќе биде дел од Протоколот, тоа значи и дел од Преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори со ЕУ. ДС бара записникот од преговорите јавно да се објави и доколку за ова прашање е разговарано, Комисија (од Македонскиот дел),да биде разрешена и изберат во истата историчари ,резистентни на политичко влијание, велат од партијата на Павле Трајанов.

The post ДС: Да се преговара за тоа дали Охридската архепископија е македонска или бугарска е рамно на велепредавство appeared first on Република.

Не го утврдуваме статусот на МПЦ-ОА, туку нејзиното претставување во историјата, велат од Комисијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-go-utvrduvame-statusot-na-mpc-oa-tuku-nejzinoto-pretstavuvanje-vo-istorijata-velat-od-komisijata/ Mon, 28 Nov 2022 08:01:28 +0000 https://republika.mk/?p=578908

Членовите на македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна и експертска комисија за историски и образовни прашања преку соопштение до медиумите реагираат на, како што се наведува, некоректното информирање на јавноста за темите кои се предмет на дискусија во работата на Комисијата.

И покрај јасно искажаните погледи и ставови на ко-претседателот од македонска страна дадени пред новинарите на 25 ноември по завршувањето на 22. средба, во одредени медиуми во изминатите три дена се пласираат информации и се емитуваат прилози со кои се шират невистини дека Комисијата го решава црковното прашање на МПЦ-ОА, дека дискутира за теолошки и црковни прашања, догми и канони, или, пак, одредува чија е ОА. Притоа, во правењето на овие прилози воопшто не е побарано мислење од членовите на Комисијата, а членови на Синодот на МПЦ-ОА, експертската јавност, политички партии и претставници на државни институции, се доведени во ситуација да даваат свое мислење и да легитимираат измислена и непостоечка тема само врз основа на неточни информации и паушални заклучоци, се наведува во реакцијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/crkvata-so-jasna-poraka-istoriskata-komisija-da-gi-trgne-racete-od-ohridskata-arhiepiskopija/

Се поосчува дека предмет на работата на Комисијата се прашањата за претставувањето на историјата на Охридската архиепископија во учебниците по историја за основно образование во двете држави, нејзината улога и значење за христијанството и словенската писменост и книжевност, а не црковно-теолошки прашања или утврдување на статусот на МПЦ-ОА или, пак, нејзино дефинирање во национална смисла.

Ова не е првпат работата на Комисијата и нејзините решенија да бидат предмет на манипулација, на паушални и неаргументирани заклучоци со цел потоа истите да бидат злоупотребени. Повторно сведочиме како свесно се создаваат непостоечки проблеми и измислени закани по македонскиот идентитет со што јавноста се доведува во заблуда и се манипулира со нејзините чувства, особено со чувствата на македонскиот народ. Повторувањето на овие дезинформации во однос на работата на Комисијата ќе ги сметаме за свесно инструментализирање на нејзината работа со цел остварување на политички цели. Затоа, повикуваме на одговорност во информирањето на јавноста за работата на Комисијата не само од страна на медиумите, туку и од сите општествено-политички актери во македонското општество, стои во реакцијата од македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Бугарија и Македонија

The post Не го утврдуваме статусот на МПЦ-ОА, туку нејзиното претставување во историјата, велат од Комисијата appeared first on Република.

]]>

Членовите на македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна и експертска комисија за историски и образовни прашања преку соопштение до медиумите реагираат на, како што се наведува, некоректното информирање на јавноста за темите кои се предмет на дискусија во работата на Комисијата.
И покрај јасно искажаните погледи и ставови на ко-претседателот од македонска страна дадени пред новинарите на 25 ноември по завршувањето на 22. средба, во одредени медиуми во изминатите три дена се пласираат информации и се емитуваат прилози со кои се шират невистини дека Комисијата го решава црковното прашање на МПЦ-ОА, дека дискутира за теолошки и црковни прашања, догми и канони, или, пак, одредува чија е ОА. Притоа, во правењето на овие прилози воопшто не е побарано мислење од членовите на Комисијата, а членови на Синодот на МПЦ-ОА, експертската јавност, политички партии и претставници на државни институции, се доведени во ситуација да даваат свое мислење и да легитимираат измислена и непостоечка тема само врз основа на неточни информации и паушални заклучоци, се наведува во реакцијата.
https://republika.mk/vesti/makedonija/crkvata-so-jasna-poraka-istoriskata-komisija-da-gi-trgne-racete-od-ohridskata-arhiepiskopija/ Се поосчува дека предмет на работата на Комисијата се прашањата за претставувањето на историјата на Охридската архиепископија во учебниците по историја за основно образование во двете држави, нејзината улога и значење за христијанството и словенската писменост и книжевност, а не црковно-теолошки прашања или утврдување на статусот на МПЦ-ОА или, пак, нејзино дефинирање во национална смисла.
Ова не е првпат работата на Комисијата и нејзините решенија да бидат предмет на манипулација, на паушални и неаргументирани заклучоци со цел потоа истите да бидат злоупотребени. Повторно сведочиме како свесно се создаваат непостоечки проблеми и измислени закани по македонскиот идентитет со што јавноста се доведува во заблуда и се манипулира со нејзините чувства, особено со чувствата на македонскиот народ. Повторувањето на овие дезинформации во однос на работата на Комисијата ќе ги сметаме за свесно инструментализирање на нејзината работа со цел остварување на политички цели. Затоа, повикуваме на одговорност во информирањето на јавноста за работата на Комисијата не само од страна на медиумите, туку и од сите општествено-политички актери во македонското општество, стои во реакцијата од македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Бугарија и Македонија

The post Не го утврдуваме статусот на МПЦ-ОА, туку нејзиното претставување во историјата, велат од Комисијата appeared first on Република.

]]>
Она што црквата го избори во православниот свет, СДСМ и ДУИ сакаат да го избришат преговарајќи за Охридската архиепископија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ona-shto-crkvata-go-izbori-vo-pravoslavniot-svet-sdsm-i-dui-sakaat-da-go-izbrishat-pregovarajkji-za-ohridskata-arhiepiskopija/ Sun, 27 Nov 2022 20:02:26 +0000 https://republika.mk/?p=578843

ВМРО-ДПМНЕ бара избори поради националното понижување кое што се случува секој ден, вели Николоски, осврнувајќи на последниот случај од пред неколку дена на мешовитата Комисија во однос на Македонската православна црква, сега веќе доби Автокефален статус, односно тоа што е постигнато во црковната борба политичарите на СДСМ и ДУИ сакаат да го избришат

„Нема ден да нема национално понижување. Имавте за Македонската православна црква. Значи видете во каков парадокс е сега Македонија, конечно Македонската Православна Црква успеа да добие признание или Автокефалност од најбитните цркви во православието. И од Вселенската патријаршија и од неколку помесни цркви, приклучувајќи ја и руската, и српската кои што долги години, особено српската правеше проблеми. Во такви услови кога православниот свет почнува да ја признава МПЦ како автокефална црква, историчари седнуваат на маса и велат, а не Охридската Архиепископија не е македонска Архиепископија. Имајќи предвид дека Охридската Архиепископија е дел од името на МПЦ, има јасен континуитет. Ако нешто има добра документација, тоа се средновековните цркви, затоа што тоа биле главни институции во средниот век и многу јасно се знае движењето на Охридската Архиепископија, која што е засебна црква и ако сакате од неа, на еден неканонски начин се одделува Трновската Патријаршија од која што веќе потоа се раѓа и Бугарската Православна Црква. Така што, она што го доби црквата во црковна битка, сега политичарите, пред се тука мислам на СДСМ и ДУИ, сакаат да го избришат“, истакна Николоски.

The post Она што црквата го избори во православниот свет, СДСМ и ДУИ сакаат да го избришат преговарајќи за Охридската архиепископија appeared first on Република.

Ja продаде ли Ѓоргиев и Охридската архиепископија како „бугарска“? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ja-prodade-li-gjorgiev-i-ohridskata-arhiepiskopija-kako-bugarska/ Tue, 16 Aug 2022 12:06:45 +0000 https://republika.mk/?p=540939

Јас не можам на мојата Влада да и предложам да прифати дека ние сме коминтерновска творба.

Ова, парафразирано, само пред нецели две години, во екот на недоразбирањата меѓу Македонија и Бугарија, ќе го изјави, сега веќе академик Драги Ѓоргиев, инаку копретседавач на задничката македонско-бугарска комисија за историјата и за прашања на учебниците.

Но, сега, по обелоденувањето на содржината на протоколите за заеднично македонско-бугарско чествување на пет историски личности-светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум и Цар Самоил-стана очигледно дека може. Може дури и повеќе од тоа. На пример, да ја ничкоса целата децениска македонска научна мисла, па и да има сериозни проблеми со вистината и нејзината интерпретација,анализира „Пресинг ТВ“.

Во својот последен настап на ТВ Сител, Ѓоргиев ќе забележи дека средновековните империи и држави се сосема различни државни творби, идентитети и контексти од современите држави и нации. Оттука и настојувањата на членовите на комисијата да избегнат настаните пред 150 и пред 1.000 години да се гледаат во денешната етничка призма и желбата да ги истакнат универзалните вредности на луѓето од тоа време преку кои може да се поврзат двата народи и не само тие.

-Идентитетите во средниот век и сегашните национални идентитети апсолутно не треба да се поврзат. Лојалностите во средниот век се кон царот и кон црквата и нема лојалност кон нацијата и народот. За овој период важно е да се почитуваат универзалните вредности и да се инсистира во чествувањето на лицата од тоа време да се вклучат не само Македонија и Бугарија, туку и други народи. Затоа препораките кои се усвоени за заедничко чествување и за учебниците во Македонија и Бугарија воопшто не ги допираат идентитетските прашања, изјави Ѓоргиев.

Притоа уште додаде дека во текстовите за заедничко чествување немало никакво спомнување на етнички групи и на идентитети на лица или на заедници, со што го постигнале она за што се залагале – идентитетските прашања да не бидат тема на разговор на Комисијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/akademikot-koj-go-primi-georgiev-vo-manu-go-pobiva-so-fakti-za-pliskovsko-preslavskata-i-ohridskata-shkola/

Мора да се признае дека вакво поигрување и навредување на интелигенцијата на јавноста одамна немало, а иронијата е што доаѓа од страна на еден „таканарчен“ академик Драги Ѓоргиев, кој треба да му бид благодарен на академикот Ѓорги Поп-Атанасов, кој со целиот свој потврден научен авторитет застана зад неговото прогласувње за „академик“. Зашто, ако не треба да се поврзуваат идентитетите од средниот век и сегашните национални идентитети, тогаш зошто воопшто Македонија и Македонците ги имаат идентитетските проблеми со Грција и Бугарија? Зошто, бугарската страна инсистираше цело време за прифаќање на идентитетската придавка „бугарско/а/и“ царство, цар, школа…?

Ако во средниот век, според Ѓоргиев, лојалноста е кон царот и кон црквата, а не кон нацијата и народот, што со други зборови ни порача? Зарем и Охридската архиепископија била бугарска и оти и таа е веќе „продадена“, иако никогаш таква не била?

Па, подобро е тоа отворено да го каже. Зашто, зошто тогаш е согласноста и целата борба на МПЦ за менување на името и прифаќање само на Охридска архиепископија? Па, токму Охридската архиепископија треба да биде една од основите! Или за Ѓоргиев и тоа нема никакво значење?!

The post Ja продаде ли Ѓоргиев и Охридската архиепископија како „бугарска“? appeared first on Република.

]]>

Јас не можам на мојата Влада да и предложам да прифати дека ние сме коминтерновска творба. Ова, парафразирано, само пред нецели две години, во екот на недоразбирањата меѓу Македонија и Бугарија, ќе го изјави, сега веќе академик Драги Ѓоргиев, инаку копретседавач на задничката македонско-бугарска комисија за историјата и за прашања на учебниците.
Но, сега, по обелоденувањето на содржината на протоколите за заеднично македонско-бугарско чествување на пет историски личности-светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум и Цар Самоил-стана очигледно дека може. Може дури и повеќе од тоа. На пример, да ја ничкоса целата децениска македонска научна мисла, па и да има сериозни проблеми со вистината и нејзината интерпретација,анализира „Пресинг ТВ“.
Во својот последен настап на ТВ Сител, Ѓоргиев ќе забележи дека средновековните империи и држави се сосема различни државни творби, идентитети и контексти од современите држави и нации. Оттука и настојувањата на членовите на комисијата да избегнат настаните пред 150 и пред 1.000 години да се гледаат во денешната етничка призма и желбата да ги истакнат универзалните вредности на луѓето од тоа време преку кои може да се поврзат двата народи и не само тие.
-Идентитетите во средниот век и сегашните национални идентитети апсолутно не треба да се поврзат. Лојалностите во средниот век се кон царот и кон црквата и нема лојалност кон нацијата и народот. За овој период важно е да се почитуваат универзалните вредности и да се инсистира во чествувањето на лицата од тоа време да се вклучат не само Македонија и Бугарија, туку и други народи. Затоа препораките кои се усвоени за заедничко чествување и за учебниците во Македонија и Бугарија воопшто не ги допираат идентитетските прашања, изјави Ѓоргиев.
Притоа уште додаде дека во текстовите за заедничко чествување немало никакво спомнување на етнички групи и на идентитети на лица или на заедници, со што го постигнале она за што се залагале – идентитетските прашања да не бидат тема на разговор на Комисијата. https://republika.mk/vesti/makedonija/akademikot-koj-go-primi-georgiev-vo-manu-go-pobiva-so-fakti-za-pliskovsko-preslavskata-i-ohridskata-shkola/ Мора да се признае дека вакво поигрување и навредување на интелигенцијата на јавноста одамна немало, а иронијата е што доаѓа од страна на еден „таканарчен“ академик Драги Ѓоргиев, кој треба да му бид благодарен на академикот Ѓорги Поп-Атанасов, кој со целиот свој потврден научен авторитет застана зад неговото прогласувње за „академик“. Зашто, ако не треба да се поврзуваат идентитетите од средниот век и сегашните национални идентитети, тогаш зошто воопшто Македонија и Македонците ги имаат идентитетските проблеми со Грција и Бугарија? Зошто, бугарската страна инсистираше цело време за прифаќање на идентитетската придавка „бугарско/а/и“ царство, цар, школа…? Ако во средниот век, според Ѓоргиев, лојалноста е кон царот и кон црквата, а не кон нацијата и народот, што со други зборови ни порача? Зарем и Охридската архиепископија била бугарска и оти и таа е веќе „продадена“, иако никогаш таква не била? Па, подобро е тоа отворено да го каже. Зашто, зошто тогаш е согласноста и целата борба на МПЦ за менување на името и прифаќање само на Охридска архиепископија? Па, токму Охридската архиепископија треба да биде една од основите! Или за Ѓоргиев и тоа нема никакво значење?!

The post Ja продаде ли Ѓоргиев и Охридската архиепископија како „бугарска“? appeared first on Република.

]]>
Соопштение на СПЦ по одлуката за одобрување на канонско единство со Охридската архиепископија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/soopshtenie-na-spc-po-odlukata-za-odobruvanje-na-kanonsko-edinstvo-so-ohridskata-arhiepiskopija/ Mon, 16 May 2022 11:50:32 +0000 https://republika.mk/?p=502889

СПЦ  излезе со официјално соопштение за одобрувањето на канонското единство со МПЦ-ОА.

Ви го пренесуваме во целост.

„Откако го доби актот на Светиот архиерејски синод на „Македонската православна црква - Охридска архиепископија“ со кој го прифаќа општопризнатиот канонски статус што му беше доделен во 1959 година од Светиот архиерејски синод на Српската православна црква, изразувајќи надеж дека Српската православна црква ќе го реши канонскиот статус, по што треба да следи сеправославна согласност и прифаќање на тој статус, Светиот архиерејски синод на СПЦ одлучи:

- Со благодарност кон Господа и со радост, Собранието го поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус, а тоа е статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година;

- бидејќи со тоа се отстранети причините за прекинот на литургиското и канонското причестување, предизвикано со едностраното прогласување на автокефалноста во 1967 година, се воспоставува целосна литургиска и канонска заедница;

- со воспоставување единство на канонски основи и под услови на важење на канонскиот поредок на целата територија на СПЦ, дијалогот за идниот и евентуалниот конечен статус на епархиите во Македонија не само што е можен туку и наменски, легитимен и реален. ;

- во дијалогот за нивниот иден и евентуален конечен канонски статус, СПЦ ќе се води само и исклучиво од еклисиолошко-канонски и црковно-пасторални принципи, критериуми и норми, не грижејќи се за „реалполитички“, „геополитички“, „црковнополитички“ „и други слични дадени или еднострани иницијативи и кои не се предмет на ничие влијание или притисок;

Собранието нема намера да ја условува новата сестринска црква со рестриктивни клаузули во однос на опсегот на нејзината јурисдикција во матичната земја и во дијаспората по решавањето на нејзиниот статус, со негова препорака да се реши прашањето за нејзиното официјално име во директен братски дијалог со Хеленските и другите помесни православни цркви“, се вели во соопштението од СПЦ.

The post Соопштение на СПЦ по одлуката за одобрување на канонско единство со Охридската архиепископија appeared first on Република.

]]>

СПЦ  излезе со официјално соопштение за одобрувањето на канонското единство со МПЦ-ОА. Ви го пренесуваме во целост. „Откако го доби актот на Светиот архиерејски синод на „Македонската православна црква - Охридска архиепископија“ со кој го прифаќа општопризнатиот канонски статус што му беше доделен во 1959 година од Светиот архиерејски синод на Српската православна црква, изразувајќи надеж дека Српската православна црква ќе го реши канонскиот статус, по што треба да следи сеправославна согласност и прифаќање на тој статус, Светиот архиерејски синод на СПЦ одлучи: - Со благодарност кон Господа и со радост, Собранието го поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус, а тоа е статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година; - бидејќи со тоа се отстранети причините за прекинот на литургиското и канонското причестување, предизвикано со едностраното прогласување на автокефалноста во 1967 година, се воспоставува целосна литургиска и канонска заедница;
- со воспоставување единство на канонски основи и под услови на важење на канонскиот поредок на целата територија на СПЦ, дијалогот за идниот и евентуалниот конечен статус на епархиите во Македонија не само што е можен туку и наменски, легитимен и реален. ; - во дијалогот за нивниот иден и евентуален конечен канонски статус, СПЦ ќе се води само и исклучиво од еклисиолошко-канонски и црковно-пасторални принципи, критериуми и норми, не грижејќи се за „реалполитички“, „геополитички“, „црковнополитички“ „и други слични дадени или еднострани иницијативи и кои не се предмет на ничие влијание или притисок;
Собранието нема намера да ја условува новата сестринска црква со рестриктивни клаузули во однос на опсегот на нејзината јурисдикција во матичната земја и во дијаспората по решавањето на нејзиниот статус, со негова препорака да се реши прашањето за нејзиното официјално име во директен братски дијалог со Хеленските и другите помесни православни цркви“, се вели во соопштението од СПЦ.

The post Соопштение на СПЦ по одлуката за одобрување на канонско единство со Охридската архиепископија appeared first on Република.

]]>
СПЦ донесе одлука за канонско единство со Охридската архиепископија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/spc-donese-odluka-za-kanonsko-edinstvo-so-ohridskata-arhiepiskopija/ Mon, 16 May 2022 10:57:47 +0000 https://republika.mk/?p=502861

Соборот на СПЦ денеска го одобри канонското единство на СПЦ  Македонска православна црква, односно „Охридска архиепископија“, пренесуваат српските медиуми.

На овој начин делумное решен спорот, кој датира од 1967 година, кога  Македонска православна црква ја возобнови својата автокефалност и  се одвои од СПЦ.

Пред ваквата одлука на Собранието, беа обновени разговорите меѓу српскиот патријарх Порфирио и претставниците на МПЦ, предводени од владиката Стефан, кои се водеа на преговарачка маса во Ниш и во најголема тајност.

Ова практично значи дека СПЦ ја потврди одлуката на Вселенската патријаршија од пред една недела но и дека и даде автокефалност на МПЦ-ОА.

https://republika.mk/vesti/makedonija/potvrdeno-kje-ima-zaednichka-bogosluzba-na-g-g-stefan-i-vartolomej/

The post СПЦ донесе одлука за канонско единство со Охридската архиепископија appeared first on Република.

]]>

Соборот на СПЦ денеска го одобри канонското единство на СПЦ  Македонска православна црква, односно „Охридска архиепископија“, пренесуваат српските медиуми. На овој начин делумное решен спорот, кој датира од 1967 година, кога  Македонска православна црква ја возобнови својата автокефалност и  се одвои од СПЦ. Пред ваквата одлука на Собранието, беа обновени разговорите меѓу српскиот патријарх Порфирио и претставниците на МПЦ, предводени од владиката Стефан, кои се водеа на преговарачка маса во Ниш и во најголема тајност. Ова практично значи дека СПЦ ја потврди одлуката на Вселенската патријаршија од пред една недела но и дека и даде автокефалност на МПЦ-ОА. https://republika.mk/vesti/makedonija/potvrdeno-kje-ima-zaednichka-bogosluzba-na-g-g-stefan-i-vartolomej/

The post СПЦ донесе одлука за канонско единство со Охридската архиепископија appeared first on Република.

]]>
Грчки митрополит: Охридската Архиепископија станува призната црква https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchki-mitropolit-crkvata-vo-carigrad-priznava-ohridska-crkva-zatoa-shto-ohridskata-arhiepiskopija-se-imashe-proshireno-i-na-teritoriite-na-bugarija-srbija-i-grcija/ Mon, 16 May 2022 09:26:15 +0000 https://republika.mk/?p=502821

Вселенската Патријаршија како Мајка Црква, во 19 и 20 век, по создавањето и граничното одредување на националните држави на Балканот, со Патријаршиски и Синодални Томоси создаде автокефални Цркви (Грција, Србија, Романија, Бугарија, Албанија). Тие автокефални Цркви ја опфаќале областа на една конкретна национално-државна единица. Доколку се случело да се прошират државните граници, Мајката Црква на автокефалната Црква ѝ доделувала црковна јурисдикција врз новите области, кои се додавале на државните граници, како што се случи со Јонските Острови во 1866 година и со Тесалија во 1882 година кај нас.

Доколку се создаде и признае една нова држава во црковната јурисдикција на една автокефална Црква што Вселенската Патријаршија со Томос ја создала, признала и доделила -говорам за Македонија- тогаш територијата на новата држава се враќа во канонската јурисдикција на Вселенската Патријаршија. На Мајката Црква, Вселенската Патријаршија, ѝ се враќа духовната и канонската одговорност за уредување на црковните работи во новата независна држава. Тоа важи и во случај кога една држава која има Томос за автокефалија, од која било причина престане да постои. И во тој случај, географското владение на државата се враќа на Мајката Црква, која ги има доделено тие области и ја создала конкретната автокефалија за таа држава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/na-5-juni-prvo-zaednichko-sosluzenie-na-vartolomej-i-g-g-stefan/

Издавањето на Томос за создавање на национални автокефални Цркви претставува црковна работа и дело, но не се завршува еднострано. Се доделува со согласното мнение или содејство на највисоката политичка власт на секоја национална држава.

Се подразбира дека, како што политичката власт на Србија не е овластена самоволно да интервенира во државните работи на Македонија, од истата причина и Црквата на Србија нема канонски права, ниту црковна јурисдикција на територијата на таа меѓународно признаена нова држава, која е „најмалото дете“ меѓу балканските држави.

„И настана идентитет и држава национална“ (27.01.2019) – напишав по Договорот од Преспа.

Следствено, во рамките на својата канонска грижа и одговорност, Вселенската Патријаршија ја прифати „во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под Архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј“ врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и Синодален Акт… Како име на оваа Црква го признава „Охридска“ (имајќи го на ум, како област на нејзината јурисдикција, владението во границите на државата Македонија)“, и тоа затоа што Охридската Архиепископија во епохата на империите се имаше проширено и на териториите на денешните владенија на Бугарија, Србија и Грција.

The post Грчки митрополит: Охридската Архиепископија станува призната црква appeared first on Република.

]]>

Вселенската Патријаршија како Мајка Црква, во 19 и 20 век, по создавањето и граничното одредување на националните држави на Балканот, со Патријаршиски и Синодални Томоси создаде автокефални Цркви (Грција, Србија, Романија, Бугарија, Албанија). Тие автокефални Цркви ја опфаќале областа на една конкретна национално-државна единица. Доколку се случело да се прошират државните граници, Мајката Црква на автокефалната Црква ѝ доделувала црковна јурисдикција врз новите области, кои се додавале на државните граници, како што се случи со Јонските Острови во 1866 година и со Тесалија во 1882 година кај нас. Доколку се создаде и признае една нова држава во црковната јурисдикција на една автокефална Црква што Вселенската Патријаршија со Томос ја создала, признала и доделила -говорам за Македонија- тогаш територијата на новата држава се враќа во канонската јурисдикција на Вселенската Патријаршија. На Мајката Црква, Вселенската Патријаршија, ѝ се враќа духовната и канонската одговорност за уредување на црковните работи во новата независна држава. Тоа важи и во случај кога една држава која има Томос за автокефалија, од која било причина престане да постои. И во тој случај, географското владение на државата се враќа на Мајката Црква, која ги има доделено тие области и ја создала конкретната автокефалија за таа држава. https://republika.mk/vesti/makedonija/na-5-juni-prvo-zaednichko-sosluzenie-na-vartolomej-i-g-g-stefan/ Издавањето на Томос за создавање на национални автокефални Цркви претставува црковна работа и дело, но не се завршува еднострано. Се доделува со согласното мнение или содејство на највисоката политичка власт на секоја национална држава. Се подразбира дека, како што политичката власт на Србија не е овластена самоволно да интервенира во државните работи на Македонија, од истата причина и Црквата на Србија нема канонски права, ниту црковна јурисдикција на територијата на таа меѓународно признаена нова држава, која е „најмалото дете“ меѓу балканските држави.
„И настана идентитет и држава национална“ (27.01.2019) – напишав по Договорот од Преспа.
Следствено, во рамките на својата канонска грижа и одговорност, Вселенската Патријаршија ја прифати „во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под Архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј“ врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и Синодален Акт… Како име на оваа Црква го признава „Охридска“ (имајќи го на ум, како област на нејзината јурисдикција, владението во границите на државата Македонија)“, и тоа затоа што Охридската Архиепископија во епохата на империите се имаше проширено и на териториите на денешните владенија на Бугарија, Србија и Грција.

The post Грчки митрополит: Охридската Архиепископија станува призната црква appeared first on Република.

]]>
Српски медиуми: СПЦ на утрешниот сабор ќе ја признае Охридската архиепископија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpski-mediumi-spc-na-utreshniot-sabor-kje-ja-priznae-ohridskata-arhiepiskopija/ Sat, 14 May 2022 17:57:48 +0000 https://republika.mk/?p=502328

Соборот на СПЦ  утре треба официјално да ја потврди одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавање на автономната Охридска архиепископија наместо досега непризнатата т. Македонската православна црква (МПЦ), дознава „Курир.рс“.

Така, конечно по 55 години од расколот, треба да падне помирувањето со црквата во  Македонија, неофицијално дознава Курир.

[caption id="attachment_9204" align="alignnone" width="560"] Свештеници од СПЦ (фото: илустрација)[/caption]

- Српската црква ќе го признае единството со сегашните расколници во  Македонија во рамките на Охридската архиепископија. СПЦ сакаше тоа да го направи тоа сама, но намерно беше спречена од вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој сакаше да покаже дека оваа одлука за канонско признавање на свештенството на поранешната расколничка црква во Македонија е донесена исклучиво благодарение на него. И точно е дека хиерархијата на СПЦ, на чело со патријархот Порфириј, била подготвена да договори црковна заедница со расколниците, за што директно и индиректно се зборувало во неколку наврати во претходниот период, па дури и на почетокот на мај, кога тие се сретнаа во Ниш патријархот Порфириј и архиепископот Стефан, придружувани од архиереите на двете цркви - дознава   изворот на „Курир“ од СПЦ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/jovan-vranishkovski-odi-vo-penzija-negovata-poa-kje-se-pretopi-vo-mpc-oa/

The post Српски медиуми: СПЦ на утрешниот сабор ќе ја признае Охридската архиепископија? appeared first on Република.

]]>

Соборот на СПЦ  утре треба официјално да ја потврди одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавање на автономната Охридска архиепископија наместо досега непризнатата т. Македонската православна црква (МПЦ), дознава „Курир.рс“. Така, конечно по 55 години од расколот, треба да падне помирувањето со црквата во  Македонија, неофицијално дознава Курир. [caption id="attachment_9204" align="alignnone" width="560"] Свештеници од СПЦ (фото: илустрација)[/caption]
- Српската црква ќе го признае единството со сегашните расколници во  Македонија во рамките на Охридската архиепископија. СПЦ сакаше тоа да го направи тоа сама, но намерно беше спречена од вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој сакаше да покаже дека оваа одлука за канонско признавање на свештенството на поранешната расколничка црква во Македонија е донесена исклучиво благодарение на него. И точно е дека хиерархијата на СПЦ, на чело со патријархот Порфириј, била подготвена да договори црковна заедница со расколниците, за што директно и индиректно се зборувало во неколку наврати во претходниот период, па дури и на почетокот на мај, кога тие се сретнаа во Ниш патријархот Порфириј и архиепископот Стефан, придружувани од архиереите на двете цркви - дознава   изворот на „Курир“ од СПЦ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/jovan-vranishkovski-odi-vo-penzija-negovata-poa-kje-se-pretopi-vo-mpc-oa/  

The post Српски медиуми: СПЦ на утрешниот сабор ќе ја признае Охридската архиепископија? appeared first on Република.

]]>
Петифер: Одлуката од Истанбул е донесена за да се спречат бугарските амбиции во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petifer-odlukata-od-istanbul-e-donesena-za-da-se-sprechat-bugarskite-ambicii-vo-ohrid/ Wed, 11 May 2022 05:38:25 +0000 https://republika.mk/?p=500811

Во морето реакции по одлуката на Вселенската патријаршија за Македонската православна црква-Охридска архиепископија се издвојува видувањето на британскиот експерт за Балканот, Џејмс Петифер.

„Одлуката од Истанбул јасно е донесена под притисок на надворешните советници на патријархот, со цел да се спречат бугарските амбиции во Охрид“, коментира на Твитер професорот по балканска историја на колеџот „Сент крос“ (Светиот крст) во Оксфорд.

„На едно ниво ова е важен чекор, но со оглед на тоа колку православни (не само Руси) сметаат дека неговиот авторитет многу сериозно е компромитиран со неканонската одлука да ја признае автокефалноста на Украинската православна црква, тоа можеби нема да биде многу. Македонската црква гледа кон Москва, која стекна голем кредибилитет во Скопје со средување на заканата од Јован и Србија пред неколку години. Патријархот нема овластувања да ги прави овие работи, само полниот Црковен собор. Си игра со оган“, вели Петифер за одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

The post Петифер: Одлуката од Истанбул е донесена за да се спречат бугарските амбиции во Охрид appeared first on Република.

]]>

Во морето реакции по одлуката на Вселенската патријаршија за Македонската православна црква-Охридска архиепископија се издвојува видувањето на британскиот експерт за Балканот, Џејмс Петифер. „Одлуката од Истанбул јасно е донесена под притисок на надворешните советници на патријархот, со цел да се спречат бугарските амбиции во Охрид“, коментира на Твитер професорот по балканска историја на колеџот „Сент крос“ (Светиот крст) во Оксфорд.
„На едно ниво ова е важен чекор, но со оглед на тоа колку православни (не само Руси) сметаат дека неговиот авторитет многу сериозно е компромитиран со неканонската одлука да ја признае автокефалноста на Украинската православна црква, тоа можеби нема да биде многу. Македонската црква гледа кон Москва, која стекна голем кредибилитет во Скопје со средување на заканата од Јован и Србија пред неколку години. Патријархот нема овластувања да ги прави овие работи, само полниот Црковен собор. Си игра со оган“, вели Петифер за одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

The post Петифер: Одлуката од Истанбул е донесена за да се спречат бугарските амбиции во Охрид appeared first on Република.

]]>
Реакција на бугарската црква по признавањето на МПЦ-ОА за канонска: Ова е навлегување во нашата црковна историја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/reakcija-na-bugarskata-crkva-po-priznavanjeto-na-mpc-oa-za-kanonska-ova-e-navleguvanje-vo-nashata-crkovna-istorija/ Tue, 10 May 2022 19:04:33 +0000 https://republika.mk/?p=500712

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја призна Македонската православна црква, но не и нејзиното име, вака пишуваат бугарските медиуми.

Додаваат дека одлуката за признавање на МПЦ-ОА за канонска, е во спротивност со статутот на Бугарската православна црква, која како што велат тие е наследник на Охридската архиепископија.

Инаку по вчерашната одлука, по неопределено време, статусот на автокефалност може да се постигне по дијалог со другите православни цркви, вклучително и со бугарската.

„Во оваа ситуација бугарската црква би можела да се одважи официјално да им подари свето масло на Македонците и да има општа канонска богослужба на 24 мај или да ја чека реакцијата на СПЦ“, пишуваат медиумите во Бугарија.

Можеби тие се сметаат себеси за наследници на Охридската архиепископија, а не на Бугарската православна црква, како што беше историски случај. Ова е навлегување во нашата црковна историја“, вели митрополитот Ловчански Гавриил.

Во статутот на БПЦ стои дека таа е обединета и неделива и е правен наследник на Преславската патријаршија, Охридската архиепископија, Трновската патријаршија и Бугарската егзархија.

А катедралата на Охридската патријаршија е базиликата Света Софија во Охрид, изградена во 9 век од бугарскиот цар Борис-Михаил Крстител“, се вели во објавата на бугарската телевизија.

The post Реакција на бугарската црква по признавањето на МПЦ-ОА за канонска: Ова е навлегување во нашата црковна историја appeared first on Република.

]]>

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја призна Македонската православна црква, но не и нејзиното име, вака пишуваат бугарските медиуми. Додаваат дека одлуката за признавање на МПЦ-ОА за канонска, е во спротивност со статутот на Бугарската православна црква, која како што велат тие е наследник на Охридската архиепископија. Инаку по вчерашната одлука, по неопределено време, статусот на автокефалност може да се постигне по дијалог со другите православни цркви, вклучително и со бугарската.
„Во оваа ситуација бугарската црква би можела да се одважи официјално да им подари свето масло на Македонците и да има општа канонска богослужба на 24 мај или да ја чека реакцијата на СПЦ“, пишуваат медиумите во Бугарија.
Можеби тие се сметаат себеси за наследници на Охридската архиепископија, а не на Бугарската православна црква, како што беше историски случај. Ова е навлегување во нашата црковна историја“, вели митрополитот Ловчански Гавриил. Во статутот на БПЦ стои дека таа е обединета и неделива и е правен наследник на Преславската патријаршија, Охридската архиепископија, Трновската патријаршија и Бугарската егзархија. „
А катедралата на Охридската патријаршија е базиликата Света Софија во Охрид, изградена во 9 век од бугарскиот цар Борис-Михаил Крстител“, се вели во објавата на бугарската телевизија.

The post Реакција на бугарската црква по признавањето на МПЦ-ОА за канонска: Ова е навлегување во нашата црковна историја appeared first on Република.

]]>
РТВ Србија: Цариград ја призна „северномакедонската“ црква како „Охрид“ и како канонска, без името македонска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rtv-srbija-carigrad-ja-prizna-severnomakedonskata-crkva-kako-ohrid-i-kako-kanonska-bez-imeto-makedonska/ Tue, 10 May 2022 16:33:15 +0000 https://republika.mk/?p=500620

Вселенската патријаршија ја признава „северномакедонската“ црква како канонска, објави државната телевизија на Србија РТС.

Во продолжение целата информација со навредлив тон од РТС:

Цариградската патријаршија ја призна „северномакедонската“ црква за канонска, објавија медиумите во Скопје.

Како што се наведува во соопштението по седницата на Светиот синод на Цариградската патријаршија, Цариград го признава името на црквата како „Охрид“ со исклучок на името „македонска“, што значи дека има јурисдикција само на територија на Македонија.

Во соопштението се наведува дека Светиот синод, со кој претседава патријархот Вартоломеј, исцрпно разговарал за црковниот проблем во Скопје и ги решил негодувањата на помесните цркви, како и обновувањето на повикот од Македонија.

Синодот одлучи да ги прими „свештенството и народот на оваа Црква под архиепископот Стефано, кој го исцели раниот раскол и излеа „вино и масло“ за раното раѓање на нашите православни браќа“.

Во таа смисла се издадени одговорни патријаршиски и синодални акти“, соопштија од Васелската патријаршија, пренесуваат медиумите.

Српските православни цркви, по дефиниција, се оставени да ги регулираат административните односи со „северномакедонската“ црква.

„Одлуката не значи томос за автокефалност, следуваат дополнителни преговори“
„Северномакедонската“ црква преку соопштение тврди дека Цариградската патријаршија веќе една деценија спорела со Српската православна црква за меѓународна изолација, „откривајќи децениски раскол наметнат од античката Охридска архиепископија, Македонската православна архиепископија.

„Тоа значи дека Цариградската патријаршија го признава архиерејот на црквата на чело со архиепископот Стефан како канонски и валиден во сеправославниот свет и со тоа воспоставува канонска и литургиска заедница“, се вели во соопштението.

Одлуката не значи томос за автокефалност со која официјално се регулира меѓународното име и статус на црквата, туку е „израз на очигледна љубов и грижа на Цариградската патријаршија“ и најава дека свештениците можат да сослужуваат со другите православни цркви.

Според „северномакедонската“ црква, следувале дополнителни преговори за нејзиниот конечен статус.

The post РТВ Србија: Цариград ја призна „северномакедонската“ црква како „Охрид“ и како канонска, без името македонска appeared first on Република.

]]>

Вселенската патријаршија ја признава „северномакедонската“ црква како канонска, објави државната телевизија на Србија РТС. Во продолжение целата информација со навредлив тон од РТС:
Цариградската патријаршија ја призна „северномакедонската“ црква за канонска, објавија медиумите во Скопје. Како што се наведува во соопштението по седницата на Светиот синод на Цариградската патријаршија, Цариград го признава името на црквата како „Охрид“ со исклучок на името „македонска“, што значи дека има јурисдикција само на територија на Македонија. Во соопштението се наведува дека Светиот синод, со кој претседава патријархот Вартоломеј, исцрпно разговарал за црковниот проблем во Скопје и ги решил негодувањата на помесните цркви, како и обновувањето на повикот од Македонија. Синодот одлучи да ги прими „свештенството и народот на оваа Црква под архиепископот Стефано, кој го исцели раниот раскол и излеа „вино и масло“ за раното раѓање на нашите православни браќа“. Во таа смисла се издадени одговорни патријаршиски и синодални акти“, соопштија од Васелската патријаршија, пренесуваат медиумите. Српските православни цркви, по дефиниција, се оставени да ги регулираат административните односи со „северномакедонската“ црква. „Одлуката не значи томос за автокефалност, следуваат дополнителни преговори“ „Северномакедонската“ црква преку соопштение тврди дека Цариградската патријаршија веќе една деценија спорела со Српската православна црква за меѓународна изолација, „откривајќи децениски раскол наметнат од античката Охридска архиепископија, Македонската православна архиепископија. „Тоа значи дека Цариградската патријаршија го признава архиерејот на црквата на чело со архиепископот Стефан како канонски и валиден во сеправославниот свет и со тоа воспоставува канонска и литургиска заедница“, се вели во соопштението. Одлуката не значи томос за автокефалност со која официјално се регулира меѓународното име и статус на црквата, туку е „израз на очигледна љубов и грижа на Цариградската патријаршија“ и најава дека свештениците можат да сослужуваат со другите православни цркви. Според „северномакедонската“ црква, следувале дополнителни преговори за нејзиниот конечен статус.

The post РТВ Србија: Цариград ја призна „северномакедонската“ црква како „Охрид“ и како канонска, без името македонска appeared first on Република.

]]>
Митрополит Тимотеј: Охридска архиепископија не е понижувачко име, во себе содржи десетвековна историја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitropolit-timotej-ohridska-arhiepiskopija-ne-e-ponizuvachko-ime-vo-sebe-sodrzi-desetvekovna-istorija/ Tue, 10 May 2022 14:33:10 +0000 https://republika.mk/?p=500570

Ние се викаме Македонска православна црква, а го користиме древното име Охридска архиепископија и затоа велиме тие не признаа под еклисиолошко, односно црковно име. Ние ќе се викаме МПЦ-ОА. Охридска архиепископија не е понижувачко име со себе имате една историја од десет века, изјави денеска портпаролот на МПЦ-ОА, миторполитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски, Тимотеј.

Светиот архијерејски синод денеска претходно на вонредна седница изрази најсрдечна благодарност до вселенскиот патријарх Вартоломеј за синодалниот акт за канонско и евхаристиско единство на ерархијата на МПЦ-ОА со еклисиолошкото име, со кое се потврдува вековниот црковен континуитет и најави продолжување на разговорите со СПЦ до уредувањето на конечниот статус на македонската црква.

–Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА изрази најсрдечна благодарност до вселенскиот патријарх г.г.Вартоломеј за синодалниот акт за признавање на каноничноста на нашата црква. Тоа значи дека од сега сослужувањето со останатите православни цркви, свештенството ќе ги држи како МПЦ, истакна Тимотеј.

По седницата САС во соопштението истакна дека разговорите со СПЦ продолжуваат се додека не се дојде до конечно решение, односно автокефален статус на МПЦ-ОА.

Митрополитот Тимотеј изјави дека МПЦ-ОА всушност никогаш не ги прекратила разговорите со српската црква, но тие не секогаш се објавуваат во јавноста.

-Затоа велиме продолжувааат и во соопштението го потенцираме тоа дека разговорите со СПЦ продолжуваат се додека не најдеме конечно решение за тој автокефален статус. Засега останува во рамки на тесен круг на дипломатски преговори помеѓу двете цркви, вели Тимотеј.

Тој се осврна и на односите меѓу Руската православна црква и Вселенската патријаршија. Откако вчера Вселенската патријаршија ја призна за канонска и ја отстрани повеќедецинската шизма наложена врз Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, РПЦ излезе со став дека ги признава само канонските права на СПЦ во Македонија.

-Руската православна црква ги признава исклучителните канонски права на СПЦ во Македонија. Ставот на РПЦ, пред се ќе го земе предвид пристапот на тој проблем на Српската црква, на која и натаму и ги признаваме исклучителните канонски права во Македонија, изјави секретарот на Одделението за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук.

Владиката Тимотеј денеска рече дека Цариградската патријаршија и Московската патријаршија го имаат прекратено евхаристиското единство.

-Не сослужуваат односно цариградскиот се уште го спомнува рускиот патријарх, меѓутоа руската црква го прекина единството со сите оние што ја признаа православната црква на Украина, рече Тимотеј.

The post Митрополит Тимотеј: Охридска архиепископија не е понижувачко име, во себе содржи десетвековна историја appeared first on Република.

]]>

Ние се викаме Македонска православна црква, а го користиме древното име Охридска архиепископија и затоа велиме тие не признаа под еклисиолошко, односно црковно име. Ние ќе се викаме МПЦ-ОА. Охридска архиепископија не е понижувачко име со себе имате една историја од десет века, изјави денеска портпаролот на МПЦ-ОА, миторполитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски, Тимотеј.
Светиот архијерејски синод денеска претходно на вонредна седница изрази најсрдечна благодарност до вселенскиот патријарх Вартоломеј за синодалниот акт за канонско и евхаристиско единство на ерархијата на МПЦ-ОА со еклисиолошкото име, со кое се потврдува вековниот црковен континуитет и најави продолжување на разговорите со СПЦ до уредувањето на конечниот статус на македонската црква.
–Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА изрази најсрдечна благодарност до вселенскиот патријарх г.г.Вартоломеј за синодалниот акт за признавање на каноничноста на нашата црква. Тоа значи дека од сега сослужувањето со останатите православни цркви, свештенството ќе ги држи како МПЦ, истакна Тимотеј.
По седницата САС во соопштението истакна дека разговорите со СПЦ продолжуваат се додека не се дојде до конечно решение, односно автокефален статус на МПЦ-ОА. Митрополитот Тимотеј изјави дека МПЦ-ОА всушност никогаш не ги прекратила разговорите со српската црква, но тие не секогаш се објавуваат во јавноста.