Охридфест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohridfest/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Jul 2023 08:59:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Охридфест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohridfest/ 32 32 Срѓан Марјановиќ: „Охрид-фест“ ми е голема слабост https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/srgan-marjanovik-ohrid-fest-mi-e-golema-slabost/ Wed, 19 Jul 2023 08:59:26 +0000 https://republika.mk/?p=663009

Ниту Срѓан Марјановиќ може без „Охрид- фест“, ниту пак фестивалот без него, особено кога одбележува три децении траење.

Популарниот екс- ју кантавтор Срѓан Марјановиќ, познат по специфичниот стил („Иди“, „Бебо не плачи“, „Ми смо један другом говорили ви“, „Имаш код мене велики плус“, „Кад једном пукнем ја“) е вљубен нашата земја, поради музиката, пријателите, енергијата...

Имам многу пријатели во Македонија, вели Срѓан.

Го служев воениот рок во онаа прекрасна Југославија, во Битола. Сопругата по потекло беше од Охрид... Многу работи ме врзуваат за вашата земја, и се радувам секогаш кога ќе го го повторам дружењето. Се разбира дека ја сакам македонската кујна, вкусив скоро се...А „Охрид-фест“, тој ми е голема слабост...“

 

Досега овој , слободно може да се нарече- наш музичар, на фестивалот настапувал со песните „Добри мој“, „Пешчани сат“- дует со Маја Оџаклиевска, „Роденден“ а на јубилејното 30-то издание ќе настапи со актерот Бане Видаковиќ во темата именувана според истоимениот роман „А могао сам бити геј“. Песната настана како реакција на Еуросонг: ја враќа насмевката на лице, духовита е, и се лепи на прво слушање. Да потсетиме: Интернационалната вечер на „Охрид фест“, кога настапуваат Срѓан и Бане е на 2 септември, на сцената на Долни Сарај. Се гледаме!

The post Срѓан Марјановиќ: „Охрид-фест“ ми е голема слабост appeared first on Република.

]]>

Ниту Срѓан Марјановиќ може без „Охрид- фест“, ниту пак фестивалот без него, особено кога одбележува три децении траење. Популарниот екс- ју кантавтор Срѓан Марјановиќ, познат по специфичниот стил („Иди“, „Бебо не плачи“, „Ми смо један другом говорили ви“, „Имаш код мене велики плус“, „Кад једном пукнем ја“) е вљубен нашата земја, поради музиката, пријателите, енергијата...
Имам многу пријатели во Македонија, вели Срѓан. Го служев воениот рок во онаа прекрасна Југославија, во Битола. Сопругата по потекло беше од Охрид... Многу работи ме врзуваат за вашата земја, и се радувам секогаш кога ќе го го повторам дружењето. Се разбира дека ја сакам македонската кујна, вкусив скоро се...А „Охрид-фест“, тој ми е голема слабост...“  
Досега овој , слободно може да се нарече- наш музичар, на фестивалот настапувал со песните „Добри мој“, „Пешчани сат“- дует со Маја Оџаклиевска, „Роденден“ а на јубилејното 30-то издание ќе настапи со актерот Бане Видаковиќ во темата именувана според истоимениот роман „А могао сам бити геј“. Песната настана како реакција на Еуросонг: ја враќа насмевката на лице, духовита е, и се лепи на прво слушање. Да потсетиме: Интернационалната вечер на „Охрид фест“, кога настапуваат Срѓан и Бане е на 2 септември, на сцената на Долни Сарај. Се гледаме!

The post Срѓан Марјановиќ: „Охрид-фест“ ми е голема слабост appeared first on Република.

]]>
Александар Јосифовски и Белма Хусеинефендиќ како дует премиерно на „Охрид фест“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/aleksandar-josifovski-i-belma-huseinefendikj-kako-duet-premierno-na-ohrid-fest/ Thu, 11 Aug 2022 08:51:28 +0000 https://republika.mk/?p=538972

Тие двајцата се финалистите на Гранд: Александар Јосифовски го освои второто место а Белма Хусеинефендиќ беше пласирана меѓу првите десет во мегапопуларното музичко шоу Ѕвездите на Гранд. Патем, пласманот и не е важен туку можноста нивните таленти, енергии и музиката што ја имаат во вените, да се спојат во дует а истиот да има премиера на 29-тото издание на „Охрид фест“, на Интернационалната вечер на 3 септември.
Песната што тие ќе ја изведат се вика „Глупаво е да си сам“ а ја потпишуваат Горан Шарац-музика, Огнен Неделковски- текст и Александар Валенчиќ- аранжман.

Со Белма се знаеме од предминатата сезона - вели Александар - и некако веднаш се споивме со тие наши енергии. Одтогаш сакаме да направивме нешто заедно, секоја средба кулминираше со муабет за дует, кој еве ќе се случи на „Охрид-фест“. Штом Горан Шарац ми ја пушти песната, си реков- тоа е тоа! Му благодарам што му текна на нас, што еве музички ја спојуваме Македонија и Босна и со здружени сили очекуваме добар фидбек од публиката.
Инаку, кога и се јавив на Белма со веста дека ќе правиме дует, таа веднаш се согласи а дури отпосле ја слушна песната. И така тргна: снимањето беше на две страни- таа во Босна, јас - тука, бевме воодушевени кога ја слушнавме и, да: едвај чекаме да настапиме.“

Спотот ќе се снима во септември и како што не информира Александар, ќе биде и убав и откачен, и ќе ја има нивната енергија. „Глупаво е да си сам“ ќе се снима и за Гранд продукција, во српска верзија, но најважно од се е што премиерата на песната, за која одсега многу се зборува е на „Охрид фест“.
Им посакуваме многу среќа, сето останато го имаат!

The post Александар Јосифовски и Белма Хусеинефендиќ како дует премиерно на „Охрид фест“ appeared first on Република.

]]>

Тие двајцата се финалистите на Гранд: Александар Јосифовски го освои второто место а Белма Хусеинефендиќ беше пласирана меѓу првите десет во мегапопуларното музичко шоу Ѕвездите на Гранд. Патем, пласманот и не е важен туку можноста нивните таленти, енергии и музиката што ја имаат во вените, да се спојат во дует а истиот да има премиера на 29-тото издание на „Охрид фест“, на Интернационалната вечер на 3 септември. Песната што тие ќе ја изведат се вика „Глупаво е да си сам“ а ја потпишуваат Горан Шарац-музика, Огнен Неделковски- текст и Александар Валенчиќ- аранжман.
Со Белма се знаеме од предминатата сезона - вели Александар - и некако веднаш се споивме со тие наши енергии. Одтогаш сакаме да направивме нешто заедно, секоја средба кулминираше со муабет за дует, кој еве ќе се случи на „Охрид-фест“. Штом Горан Шарац ми ја пушти песната, си реков- тоа е тоа! Му благодарам што му текна на нас, што еве музички ја спојуваме Македонија и Босна и со здружени сили очекуваме добар фидбек од публиката. Инаку, кога и се јавив на Белма со веста дека ќе правиме дует, таа веднаш се согласи а дури отпосле ја слушна песната. И така тргна: снимањето беше на две страни- таа во Босна, јас - тука, бевме воодушевени кога ја слушнавме и, да: едвај чекаме да настапиме.“
Спотот ќе се снима во септември и како што не информира Александар, ќе биде и убав и откачен, и ќе ја има нивната енергија. „Глупаво е да си сам“ ќе се снима и за Гранд продукција, во српска верзија, но најважно од се е што премиерата на песната, за која одсега многу се зборува е на „Охрид фест“. Им посакуваме многу среќа, сето останато го имаат!

The post Александар Јосифовски и Белма Хусеинефендиќ како дует премиерно на „Охрид фест“ appeared first on Република.

]]>